Page 1

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ЈАНИС ВАРУФАКИС ПЕСИМИСТИЧЕН ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ПЛАНЕТАТА

КЛИМАТСКИОТ САМИТ ВО ГЛАЗГОВ Е СПЕКТАКУЛАРНО ФИЈАСКО

business magazine

БРОЈ 1115 l 12 ноември 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

СВЕТ ДРЖАВИТЕ ГИ БРАНАТ СВОИТЕ ГРАНИЦИ ОД НЕВИДЛИВИ ЕНТИТЕТИ И ТУЃИ ТЕХНОЛОГИИ ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРЕТИОТ КВАРТАЛ СО ПОДОБАР ОДЅИВ ВО ЕВРОПА И САД

INTERVIEW

КОСТАС БАКОЈАНИС градоначалник на Атина

ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ТРЕБА ДА Е ЕФИКАСНА, НЕ ДА ТРОШИ ВРЕМЕ НА БЕСКРАЈНИ ПОЛИТИЧКИ ДЕБАТИ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСАЈДЕР ИД

МЛАД ХРВАТСКИ СТАРТАПЏИЈА ГО ВООДУШЕВУВА СВЕТОТ

ТОП 3 ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

И ГИГАНТОТ WARNER BROS СЕ ЗАИНТЕРЕСИРА ЗА ИГРАЧКИТЕ НА АЛБЕРТ ГАЈШАК

COVER STORY

НЕКОЛКУ НИЈАНСИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА, СИТЕ ОКОЛУ 4%



3

КАПИТАЛ... 1115 4

10

COVER STORY

ТРГОВИЈА

Економија

Истражување на Инсајдер ИД

Неколку нијанси на економскиот раст годинава, сите околу 4%

Топ 3 ланци на маркети во Македонија за 2021 година

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

14

ИНТЕРВЈУ

Костас Бакојанис градоначалник на Атина

Локалната власт треба да е ефикасна, не да троши време на бескрајни политички дебати

18 СВЕТ

Технонационализам Државите ги бранат своите граници од невидливи ентитети и туѓи технологии

24

30

34 Пазари на капитал

И гигантот Warner Bros се заинтересира за играчките на Алберт Гајшак

Јанис Варуфакис песимистичен околу иднината на планетата

Климатскиот самит во Глазгов е спектакуларно фијаско

Резултатите од третиот квартал со подобар одѕив во Европа и САД

COVER STORY Економија.........................................................................4 Неколку нијанси на економскиот раст годинава, сите околу 4%

СВЕТ Технонационализам.............................................18 Државите ги бранат своите граници од невидливи ентитети и туѓи технологии

СВЕТ Пазари на капитал................................................34 Резултатите од третиот квартал со подобар одѕив во Европа и САД

ТРГОВИЈА Истражување на Инсајдер ИД..................10 Топ 3 ланци на маркети во Македонија за 2021 година

ПРЕТПРИЕМНИШТВО Млад хрватски стартапџија го воодушевува светот...........................................24 И гигантот Warner Bros се заинтересира за играчките на Алберт Гајшак

ЛИДЕРСТВО Совети од искусните професионалци.....38 Ова е еден од клучевите за успех за којшто никој не ве подучува

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Млад хрватски стартапџија го воодушевува светот

ИНТЕРВЈУ Костас Бакојанис, градоначалник на Атина...14 Локалната власт треба да е ефикасна, не да троши време на бескрајни политички дебати

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Јанис Варуфакис песимистичен околу иднината на планетата....................................30 Климатскиот самит во Глазгов е спектакуларно фијаско

СВЕТ

Роналд Реган поранешен претседател на САД............................41 Како што станува државниот апарат поголем, така слободите се намалуваат

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 10.11.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

НОЕ. 2021


НОЕ. 2021

COVER STORY НЕКОЛКУ НИЈАНСИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА, СИТЕ ОКОЛУ 4%

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115


5

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Деновиве неколку меѓународни и домашни финансиски институции ги ревидираа своите прогнози за движењето на економијата, имајќи ја предвид и енергетската криза како ризик и потенцијалното зголемување на цените поради тоа. Но сите проценки за растот во 2021 и 2022 година се разликуваат во нијанси и се движат околу 4%.


НОЕ. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Во новиот есенски извештај, Европската комисија оценува дека македонската економија прави добар напредок со зајакнувањето на домашната и странската побарувачка, а дека се очекува постепено зацврстување на нагорната линија во текот на 2022 и 2023 година.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Е

кономската активност годинава е за околу 4% поголема отколку лани, кога во услови на рестрикции поради Ковид, имавме рецесија од 4,5%. Со тоа, преткризното ниво на бруто домашниот производ (БДП) сепак ќе се достигне догодина, кога исто така се очекува слична стапка на раст од околу 4%. Деновиве неколку меѓународни и домашни финансиски институции ги ревидираа своите прогнози за движењето на економијата, имајќи ја предвид и енергетската криза како ризик и потенцијалното зголемување на цените поради тоа. Но сите проценки за растот во 2021 и 2022 година се разликуваат во нијанси и се движат околу 4%. Позитивни прогнози за раст на македонската економија предвидува Европската комисија (ЕК) по рецесијата предизвикана од пандемијата во 2020 година. Во редовниот извештај за земјите кандидатки за членство во Европската унија, Комисијата сепак наведува дека земјата, како и сите други, мора да биде претпазлива на надворешните шокови како оној од ковид пандемијата, поради што растот може да забави. Два пати годишно ЕК прави макроеконoмски прогнози за земјите кои претендираат членство во ЕУ, вклучително и за Северна Македонија. Во новиот есенски извештај, ЕК оценува дека македонската економија прави добар напредок со зајакнувањето на домашната и странската побарувачка, а дека се очекува постепено зацврстување на нагорната линија во текот на 2022 и 2023 година.

„Реалниот раст на бруто домашниот производ (БДП) е проектиран на просек од 3,9% во периодот од 2021 до 2023 година“, изјави Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на ЕУ во Скопје. Попрецизно за оваа година, рече Јанмаат, се очекува раст на БДП од 4%. Во следната 2022 година растот ќе биде 3,9% и во 2023 година раст од 3,7%. ЕК предвидува побавно заздравување во јавните финансии од очекуваното, но наведува и дека финансирањето на владините планови и спроведувањето на анти-кризните мерки, најверојатно ќе предизвикаат висок фискален дефицит. „Во минатите години се утврди дека Владата тешко успева да ги реализира капиталните инвестиции и проектите за таа намена, на пример инфраструктурните проекти затоа доста сме критички настроени во тој поглед“, вели Јанмаат. Инфлацијата постепено расте. Се зголемуваат цените на енергијата и прехранбените производи, но ЕК очекувања притисокот на цените да биде поумерен до 2023 година и тој да се намали. „Оваа година се очекува инфлација од 3,3 проценти, следната 2,1 и во 2023 година инфлација од 1,8 проценти“, рече Јанмаат. Исто така ЕК предвидува дека личната потрошувачка ќе го поттикне економскиот раст, но дека увозот ќе расте повеќе од извозот. Јанмаат вели дека тоа е одраз на домашната побарувачка за увозни стоки, а дека извозните претпријатија во економските зони исто така ќе зависат од увозот.

НБМ ја задржа истата прогноза од пролетта

Претходно, Народната банка ги објави своите есенски прогнози, но всушност

без промена во однос на пролетните. И тогаш и сега, НБМ очекува економскиот раст годинава да достигне 3,9%. На среден рок растот ќе биде умерен, што ќе услови нивото на БДП пред корона-кризата да се достигне во 2022 година. Во однос на инфлацијата, направена е нагорна корекција, па за годинава се очекуваа да изнесува 3,1%. „Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и се објавуваат во услови наметнати од пандемијата и глобална неизвесност. При вакви околности, Народната банка води олабавена монетарна политика, заради ублажување на ефектите од пандемијата врз домашната економија. Ризиците и натаму се поврзани со неизвесноста околу здравствената состојба, при понагласени нарушувања на синџирите на снабдување и променливост на пазарите на примарни производи“, истакнаа од Народната банка. Според НБМ, на среден рок растот ќе се одржи околу 4%. Се очекува дека растот ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции. „Закрепнувањето на странската побарувачка би влијаело стимулативно на извозната активност, но со оглед на високата увозна компонента на извозот и побрзото закрепнување на домашната побарувачка, се очекуваат и поголеми увозни притисоци. Најголемиот дел од тековните нагорни притисоци се должат на фактори на страната на понудата, поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, со пренесениот ефект од минатогодишното зголемување на цените од регулаторна природа, како


7

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

и од одредени фактори специфични за пандемиската криза, а во услови на олабавување на рестриктивните мерки. Следната година се очекува нормализација на овие фактори и забавување на инфлацијата, при што би се свела на 2,4%, а потоа постепено на околу 2% на среден рок“, пишува во соопштението на Народната банка. Според монетарните власти, дефицитот на тековната сметка и натаму би бил во умерени рамки, но на нешто повисоко ниво од минатата година (3,8% од БДП), а на среден рок би изнесувал околу 2% од БДП, слично на преткризното ниво. Појаснуваат дека проширувањето на дефицитот е одраз на повисокиот трговски дефицит при пораст на светските цени на храната и енергијата, привремен застој кај синџирите за снабдување, кој го забавува извозот, и на постепеното закрепнување на домашната побарувачка. Слични се и проценките на Владата, според која економскиот раст годинава ќе достигне 4,1%.

Најоптимистична е Светска банка

Малку пооптимистични се прогнозите на Светска банка. Оваа меѓународна финансиска институција сега наместо 3,6% колку што прогнозираше пролетта, сега ја зголеми проценката за еден процентен поен, на 4,6%. Со тоа може да се надомести целата загуба од кризата предизвикана од пандемијата. „Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2%

ФРЕЈК ЈАНМААТ

раководител на Оддел за економија во Делегација на ЕУ Реалниот раст на бруто домашниот производ (БДП) е проектиран на просек од 3,9% во периодот од 2021 до 2023 година. ЕК предвидува побавно заздравување во јавните финансии од очекуваното, а финансирањето на владините планови и спроведувањето на антикризните мерки, најверојатно ќе предизвикаат висок фискален дефицит. Во минатите години се утврди дека Владата тешко успева да ги реализира капиталните инвестиции и проектите за таа намена, на пример инфраструктурните проекти затоа доста сме критички настроени во тој поглед.

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА гувернерка на НБМ

Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и се објавуваат во услови наметнати од пандемијата и глобална неизвесност. При вакви околности, Народната банка води олабавена монетарна политика, заради ублажување на ефектите од пандемијата врз домашната економија. Ризиците и натаму се поврзани со неизвесноста околу здравствената состојба, при понагласени нарушувања на синџирите на снабдување и променливост на пазарите на примарни производи.

СТАНБЕН КРЕДИТ

• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


НОЕ. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје“, пишува во најновиот Извештај за економиите на Европа и Централна Азија објавен неделава. Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата. За економијата на Македонија се вели дека иако опаднала поради ударот од Ковид-19 во 2020 година, при што стапката на сиромаштија пораснала од 1 до 4%, владините мерки за борба со неа помогнале и економијата го обновила развојот во 2021 година. „Ова е помогнато од силната побарувачка однадвор и отворањето на приватната потрошувачка“, се вели во извештајот. Се додава дека се зголемиле извозот и увозот, со поголем увоз на штета на трговскиот баланс. Од Светска банка потенцираат дека е забележан раст на производството во сите сектори, со оглед на минатогодишната ниска стартна позиција. Најбрза обнова е забележана во трговијата, транспортот и туризмот, како и во индустриското производството и информатичко-комуникациските технологии. „Економскиот развој на земјата во 2021 година се очекува да скокне до 4,6%, до стапка на развој забележана пред ширењето на пандемијата. Почетниот показател е заснован на претпоставката дека стапката на вакцинација ќе продолжи, нема да има понатамошни карантини, довербата на потрошувачите и инвеститорите останува висока, а надворешната побарувачка продолжува“, велат од Светска банка. Оваа меѓународна финансиска институција прогнозира развој и постепена стабилизација на нашата економија и во 2022 година со раст на БДП од 3,7%, додека сиромаштијата да продолжи да се намалува во 2021 и годината потоа. Се очекува и постепено намалување на фискалниот дефицит по најновите планови на Владата за зголемени капиталните инвестиции. На среднорочен план јавниот и државно гарантираниот долг е прогнозиран до 2023 година да се зголемува до 65% од БДП. „Со продолжителната обнова на економијата властите ќе треба да го засилат исполнувањето на даночните обврски, да го реструктурираат и приоретизираат трошењето, да ги решат долгорочните пречки во развојот и да го подобрат менаџирањето на јавните финансии. За да се интензивира развојот земјата треба да го насочи вниманието на изведба на структурни и институционални реформи“, се вели во извештајот на Светска банка.

Поголем оптимизам за догодина

Веќе следната година, Владата очекува економскиот раст да забрза и да достигне 4,6%. На оваа проекција е поставен и Буџетот за 2022 година. Буџетот за 2022 година ќе изнесува околу 4,4 милијарди евра, а истовремено планира да обезбеди приходи од нешто помалку од 3,9 милијарди евра. Тоа значи дека дефицитот е проектиран да изнесува околу 500 милиони евра,

Според Народната банка, на среден рок растот ќе се одржи околу 4%. Се очекува дека растот ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции.

Според Народната банка, на среден рок растот ќе се одржи околу 4%. Се очекува дека растот ќе произлегува од домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции. што е 4,3% од БДП – пари за кои државата ќе се задолжи. „Дефицитот единствено ќе се користи за поддршка на позначителниот дел од капиталните инвестиции кои изнесуваат 37,8 милијарди денари“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими кој додаде дека за капиталните инвестиции државата дополнително ќе даде средства од сопствени приходи. Капиталните инвестиции ќе бидат зголемени за 27% во однос на буџетот од годинава, а тоа е 14% од сите јавни расходи. Издвоени се 6 милијарди денари за

патна инфраструктура: за Коридорот 8, за патот Тетово-Гостивар, ТребеништеСтруга и други, рече Бесими. Планирани се пари за железничката пруга на Коридорите 10 и 8, за инвестиции за гасификација, регионални енергетски капацитети, проекти во здравството за борба против Ковид-19, набавка на вакцини и други лекови, за проекти во образованието, земјоделието, рурална инфраструктура, програма за зелен развој. Бесими наведе дека глобално се очекува да се вратат стапките на економски раст на ниво пред ковид пандемијата. nnn



НОЕ. 2021

10 ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСАЈДЕР ИД

ТОП 3 ЛАНЦИ НА МАРКЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

КАМ Маркет, Стокомак и Тинекс се трите ланци на маркети коишто македонските граѓани најмногу ги преферираат, покажува истражувањето на агенцијата Инсајдер ИД.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

А

генцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2021-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 5-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 2-ра година

Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Овогодишното истражување носи неколку интересни трендови, кои според податоците од претходните истражувања 2016 – 2020-та година и донекаде се очекувани. Влијание на потрошувачките навики имаше и COVID-19 кризата како и тековното зголемување на цените кај основните намирници што дополнително ќе го менува однесувањето и оптимизацијата на буџетот. Во очекување на започнување со работа на германски Лидл и проширувањето на нов ланец

на маркети во државата, се очекува поголема промена во малопродажбата за следната година. Една опсервација од истражувањето е дека се зголемил просечниот број на маркети во кои еден потрошувач пазари, од 2.5 во 2016-та на 2.7 маркети во 2020-та за годинава да го надмине просекот од 3 маркети. И во 2021-ва забележлив е голем подем на “тврдите дисконти” особено КАМ Маркет и Стокомак на првите две позиции. И двата ланци на маркети бележат пораст од 10% за само една година а со тоа ја зацврстуваат позицијата


11

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

и привлекуваат се поголем број на потрошувачи. Всушност, КАМ Маркет е 5-та година по ред на првата позиција како префериран ланец од страна на потрошувачите, и кој по 4 години намалување од 67.8% на 59.9% бележи раст од 11% за да оствари највисоко учество од 70.8%. КАМ Маркет бележи и висока лојалност кај потрошувачите од 41%, или од 10 потрошувачи во маркетот 4-ца се лојални. Проширување на малопродажната мрежа и зголемувањето на асортиманот, влијаат на привлекување на поголем

број на потрошувачите и во поголеми региони. Всушност со зголемување на асортиманот, освен што ќе се задржат постоечките потрошувачи, ќе се зголеми бројот на лојални потрошувачи бидејќи потенцијално ќе имаат поголем избор на производи и ќе се намали потребата за менување на маркет за купување на специфичен производ. Според податоците од 2017 до денес Стокомак го има најпрогресивниот раст од сите маркети кои што се анализирани и само во последната година има раст од приближно 9%

во однос на 2020-та. Од 24.5% се искачува на 49.3% или анализирано од 2017-та до денес, Стокомак има двојно повисоко учество, а со тоа и потрошувачи. Значителното зголемување на малопродажната мрежа пратено од ниска ценовна политика, придонесе да Стокомак бележи многу брза пенетрација на пазарот и привлекување на голем број потрошувачи за краток рок. Трето рангираниот Тинекс, за прв пат од почеток на истражувањето во 2017-та забележува раст на учеството. Од 27.0% во 2020-та


НОЕ. 2021

12 ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Самото тоа што не се надминува вредноста од 41.5% (просекот за националните ланци е 31.6% со осцилација од 15.1% до 41.5%) може да се заклучи дека и кај маркетот со најголем процент на лојални потрошувачи, поголем дел или 58.5% флуктуираат на повеќе локации за да го извршат купувањето на производите. Може да се заклучи дека во просек 70% од потрошувачите се непостојани и неприврзани за конкретен маркет. година уделот се зголемува на 30.9%, кој иако не е значително висок, укажува на позитивна промена кај потрошувачите на променетиот бизнис модел на ланецот. Во претходните години Тинекс се фокусира на промоција на деликатесни производи во постоечките маркети (категории на производи) но и отворање на специјализирани маркети само за деликатесни производи (Tinex Delicatessen). Преземената промена очигледно го стабилизира ланецот на маркети и потенцијално може да го “оддели” дополнително од конкуренцијата во иднина и да се насочи кон определени пазарни сегменти каде ја поседува разликата а со тоа и конкурентска предност. Лојалноста на потрошувачите како нова категорија годинава За разлика од претходните истражувања каде се прогласуваа само преферирани маркети, во овогодишното се мери и лојалноста

на потрошувачите по маркет. Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот пресметува како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 70% од потрошувачите, од нив 41.5% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални. На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 39.8% од потрошувачите. Бизнис концептот на единствениот хипермаркет во Македонија со исклучително високиот асортиман на производи, очекувано е да ги задржува

најголем дел од потрошувачите како “лојални” особено оние кои преферираат пазарење на една локација на повеќе производи во различни категории и голем избор на производи. Промените во концептот и во понудата, како и намалување на цените на конкретна листа на производи, може во иднина да ја зголеми лојалноста на потрошувачите, односно да ја зголеми ретенцијата. Жито Маркет е на третата позиција според лојалност на потрошувачи. Од особена важност е да се појасни дека ланецот ги има едно од најстабилните учества во сите истражувања од 2017 до 2021 со осцилација од максимални +/-2% (во 2020-та има 19.38% и во 2020-та 18.41%). Таквиот континуитет сугерира, дека потрошувачите се стабилни низ годините и придонесуваат за одржување на позицијата на маркетот како според вкупниот број на потрошувачите кои пазарат така и според лојалните.


13

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Напомена: прашањето е со повеќекратен избор, потрошувачите можат да изберат повеќе од 1 одговор со што вкупниот збир на одговорите надминува 100%.

„Тврдите“ дисконти стануваат „нормалниот“ маркет Самото тоа што не се надминува вредноста од 41.5% (просекот за националните ланци е 31.6% со осцилација од 15.1% до 41.5%) може да се заклучи дека и кај маркетот со најголем процент на лојални потрошувачи, поголем дел или 58.5% флуктуираат на повеќе локации за да го извршат купувањето на производите. Може да се заклучи дека во просек 70% од потрошувачите се непостојани и неприврзани за конкретен маркет. Секој дополнителен процент на лојални потрошувачи, за маркетите кои имаат повисоко ниво на лојалност е значајна конкурентска предност за која е потребна стратегија за да се одржи на истото ниво или да се зголеми. Од истражувањето спроведено од Инсајдер ИД за перцепцијата кај македонските потрошувачи за Лидл, 91% би го замениле преферираниот маркет за да пазари во германскиот

ланец. Податокот дополнително ја потврдува непостојаноста на потрошувачите, а и го потенцира значењето на високата лојалност која ја “уживаат” во случајот КАМ Маркет, Веро и Жито Маркет. Маркетите во иднина треба да се насочат кон креирање на стратегија за “претворање” на моменталните потрошувачи од флуктуирачки во лојални. Со дополнителното зголемување на учествата за тврдите дисконти, и многу доминантната позиција се наметнува прашањето до кога може да се очекува нивниот раст. Вкупниот збир само на Стокомак и КАМ Маркет надминува 120% што посочува дека сите потрошувачи пазарат минимум кај еден од нив а дел од нив и во двата паралелно. Тврдите дисконти се веќе “нормалниот маркет” во кој се пазари, додека останатите концепти се конкурираат да го привлечат потрошувачот преку различни

канали на промоција и понуда на поголем асортиман на производи. Сепак, тврдите дисконти може да се очекува да почнат да стагнираат и постепено (што е и случајот) да го прошируваат значајно асортиманот и да нудат повеќе производи или потрошувачко искуство кои претходно не биле својствени за ваквите концепти. Според агенцијата, со влезот на Лидл, просторот за проширување на тврдите дисконти ќе биде ограничено и преземањето на потрошувачите од едни кај други ќе биде уште попредизвикувачко. Промената на бизнис моделите пред се’ ќе треба да биде во задржување на моменталните клиенти многу повеќе отколку во привлекување на нови. На краток и среден рок (до 3 години) одржувањето на нивото на потрошувачи и висината на приходите ќе биде пресудно за одржување на компаниите на долг рок. nnn


НОЕ. 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115


INTERVIEW

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

КОСТАС БАКОЈАНИС градоначалник на Атина

ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ТРЕБА ДА Е ЕФИКАСНА, НЕ ДА ТРОШИ ВРЕМЕ НА БЕСКРАЈНИ ПОЛИТИЧКИ ДЕБАТИ Со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, разговаравме за градот, предизвиците и проблемите, ефектите од пандемијата, визијата за соработка, но и за улогата на локалната власт во една демократија. „Раскопани улици немаат идеологија, не знаат за лева или десна идеологија, дупките треба да бидат затворени. Ѓубрето не знае за идеологија, нема лево или десно ѓубре, тоа треба да си е собрано. Локалната власт е за вистинскиот реален живот, вистински решенија за реалните проблеми. Немаме ние ни време, ни енергија за бескрајни политички дебати. Ние мора да сме брзи и ефикасни.“ вели тој.

НОЕ. 2021


НОЕ. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XБевте X избран за градоначалник во 2019. Што можете да кажете за развојот на градот во овие години? Знаете, пандемијата дојде во сурово време за Атина. Само што се опоравувавме од големата економска криза, наоѓавме една нова самодоверба, оптимизам и динамизам. Но, ова се добрите вести – за време на пандемијата ние успеавме да ги тргнеме партизацијата, популизмот и старите политики настрана и да се фокусираме на факти, вистина и транспарентност. XКако X успеавте да го сторите тоа? Во голем дел благодарение на премиерот, кој успеа рано да воведе низа мерки, но и храбри одлуки и сега одиме напред. Економијата заздравува, Атина и Грција скокаат напред и веруваме дека годините што доаѓаат ќе бидеме многу витални, затоа што после долго време сме на вистинската страна на историјата.

Во пандемијата клучно ни беше да ги заштитиме најранливите XСпоменавте X дека добро се справивте со пандемијата. Што беше за вас најголем предизвик? Како град, број 1 беше да се обезбеди оние кои се ранливи, оние кои не ги фаќа „радарот“, оние кои се неправедно невидливи, да бидат згрижени и заштитени. Ќе ви дадам пример, при првиот лок-даун создадовме ново засолниште за бездомници. Таму згриживме 400 луѓе. Тоа е еден од најмодерните вакви засолништа во Европа. Истовремено, ре-создадовме центар наречен „Домашна помош плус“ каде секој Атињанин може само да се јави и некој од општината ќе дојде, ќе му тропне на врата и ќе му донесе храна, лекови или каква било помош што ја побарал. Урбаните места имаат тенденција да се прекриени со осаменост. Сакаме да се бориме против тоа. За нас, и ова е грчкиот начин, ова е нашата традиција, ова е кои сме – се работи за солидарност, да се биде еден до друг и да се помогне на другиот, особено во криза. XПравевте X ли некакви кампањи за граѓаните? Како ги комунициравте овие препораки? На повеќе нивоа. На централно ниво имаше кампањи за луѓето да седат дома, потоа едукативни кампањи за оваа нова закана, вирусот со којшто се соочуваме. Улогата на експертите беше клучна, исто така. Ова не смее да се гледа само од горе надолу, туку и обратно – од долу нагоре. Ангажиравме различни заедници кои зборуваат различни јазици и со нив комунициравме како да се заштитат. XКолку X граѓаните ги следеа препораките на властите? Во голема мерка. Не случајно, Атина беше најдобар пример за справувањето со КОВИД. Има социјален договор во оваа земја. Многу сум благодарен на Атињаните и многу сум горд на нив. Имаше моменти кога граѓаните беа веќе истоштени, имаше голем психички

притисок, но мислам дека историчарите во иднина ќе заклучат дека и Атина и Грција добро се справија. Имавме можност исто така за едно ново себепретставување на светот, не само во соседството, туку и на целиот свет. Многу сме горди на Акропол и античката слава, Атина има 330 сончеви денови во годината, плажите се на 20 минути од центарот, а во исто време, Атина е една модерна, динамична метропола, каде нудиме високопрофесионални услуги за нашите граѓани, посетители и инвеститори. XГи X споменавте сите убавини на градот. Колку туризмот беше погоден од кризата? 2020 беше многу тешка година, нема збор за тоа. 2021 пак изгледа многу добро. Блиску сме до резултатите од 2019. -Значи летово беше добро? Беше многу добро лето. Сега додека зборуваме, крај е на октомври, ако прошетате низ центарот на Атина ќе забележите стотици и илјадници туристи, тоа е одлично. Но, се е поврзано – фактот што Атина и Грција имаа професионален, сериозен и одговорен одговор на кризата, ја даде потребната сигурност за туристите за да дојдат во Атина и не само да уживаат, туку и да споделат друг квалитет на живот.

Верувам во локална власт слободна од партиски притисоци и опструкции XПред X да станете градоначалник на Атина, веќе имавте искуство во локалната самоуправа. Како ја гледате улогата на локалната власт во едно општество? Верувам во силна локална власт и верувам во слободна локална власт. Слободна од партија или партизација и опструкции, слободна од политички интерес. Не заборавајте дека локалната власт има огромна привилегија – ние сме демократски најблиску до граѓанинот. Ние сме јадрото на демократијата и тоа треба да бидеме. Тоа е традицијата на Атина, демократијата била тука родена и ја сфаќаме многу сериозно. Имаше времиња во економската и финансиска криза кога Атина наликуваше на Вајмарската република и сепак излеговме од тие кризи. Ги изолиравме популистите и екстремистите, институциите се поцврсти од кога било и демократијата посилна од кога било. Ова не е случајност, ова беше можно затоа што Атина има демократска ДНК. XКако X ги комуницирате потребите на граѓаните со централната власт? Се гледате ли некогаш во улога на медијатор? Ах, не би рекол медијатор. Но, би рекол дека секој градоначалник во светот, е глас на својот граѓанин и мораме да го сфатиме тој глас многу сериозно. Треба отвореност, транспарентност, но и јасно согледување за тоа кои се потребите и аспирациите на градот. И ова треба да се потенцира не само на национално ниво, туку и на европско. XКако X ја цените соработката со другите општини? Ова за нас е многу важно. Соработуваме со сите општини во Грција

и имаме многу силни врски. Не е само важно за нас, туку е и многу практично - си споделуваме искуства и практики. Ова го правиме не само со грчките општини, туку и со градовите од светот. XИмате X ли вака добра соработка со градоначалници од други партии? О, апсолутно! Нема збор за тоа! Знаете раскопани улици немаат идеологија, не знаат за лева или десна идеологија, дупките треба да бидат затворени. Ѓубрето не знае за идеологија, нема лево или десно ѓубре, тоа треба да си е собрано. Локалната власт е за вистинскиот реален живот, вистински решенија за реалните проблеми. Немаме ние ни време, ни енергија за бескрајни политички дебати. Ние мора да сме брзи и ефикасни. XМоже X да ни кажете некои проекти што ги реализиравте? Ако прошетате низ Атина ќе видите град што се трансформира. Дали преку проектот за нашите „Урбани бели дробови“, каде инвестираме многу, поради климатските промени, или да бидеме прецизни – климатската криза, или низ проектите за ослободување и редизајнирање на јавниот простор, таков каков што ни треба на сите, а особено на младите, или низ дигиталните услуги, што сега во пандемија беа катализатор и ни помогнаа за да продолжиме напред, или пак низ мрежата за солидарност што ја шириме низ градот, или пак преку сериозната помош што ја даваме на нашата бизнис заедница што сакаме да излезе од оваа криза и да расте. Градот Атина е многу активен на многу нивоа, се бориме на многу фронтови. Нема напред без борба, тоа е така, ако сакаш нештата да успеат. XЗборувате X за предизвици и перспективи. Кои се најголемите проблеми на Атина? Каде ги лоцирате? Над се’, Атина има наследство на лошо урбано планирање, од пост воениот период, кога многу избрзани одлуки биле донесени и како резултат на тоа Атина не е организирана како што треба. Сега имаме можност да поправаме и лечиме. Не сум магионичар, треба трпение, но сум голем оптимист дека ова денес е моментот на Атина. Како што пред 10 години беше моментот на Лисабон или моментот на Барселона пред 30 години. Ова е моментот на Атина, ова е декадата на Атина. XОколу X односите со Северна Македонија, каде ги гледате можностите за соработка, можеби меѓуопштинска? Верувам дека има многу потенцијал и една позитивна агенда што можеме да ја изградиме, еден мост на разбирање и соработка. Мост на пријателство. Локалната власт може ефективно да ја изрази човековата емоција и човековата емоција кон луѓето и јас јасно чувствувам дека нашите луѓе сакаат да станат поблиски. nnn


17

КОСТАС БАКОЈАНИС ГРАДОНАЧАЛНИК НА АТИНА

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Бакојанис, како син на поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани и внук на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, е дел од една од најголемите политички династии во земјата, кои ги креирале најкрупните државни политики и во Грција и надвор. Вели дека е време за едно ново лице на политиката, стивнување на национализмот и екстремистите: Имаше времиња во економската и финансиска криза кога Атина наликуваше на Вајмарската република и сепак излеговме од тие кризи. Ги изолиравме популистите и екстремистите, институциите се поцврсти од кога било и демократијата посилна од кога било. Ова не е случајност, ова беше можно затоа што Атина има демократска ДНК.


НОЕ. 2021

18 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

ТЕХНОНАЦИОНАЛИЗАМ

ДРЖАВИТЕ ГИ БРАНАТ СВОИТЕ ГРАНИЦИ ОД НЕВИДЛИВИ ЕНТИТЕТИ И ТУЃИ ТЕХНОЛОГИИ


19

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Европската унија малку, малку, па војува со Apple, сега поради стандардизацијата на УСБ каблите, а постојано им ги покажува забите и на останатите технолошки џинови. Неодамна и малата Литванија ја обвини кинеската компанија Xiaomi за цензура и ги советуваше своите граѓани да ги фрлат мобилните телефони од овој бренд. Судирите, колку и да се софистицирани, нема туку така да престанат, затоа што влогот е преголем.


НОЕ. 2021

20 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Малата балтичка држава Литванија, инаку членка на ЕУ, ги предупреди своите граѓани да не купуваат мобилни телефони од кинеската компанија Xiaomi, а оние што ги имаат да ги фрлат, затоа што може да им бидат цензурирани пораките.

Н

ов инструмент на политичкиот притисок е технологијата, со која како со оружје во глобалниот пазарен натпревар се служат двете најголеми светски економски сили, САД и Кина, а ги следат и оние помалку влијателни и повеќе наклонети кон Америка. Додека овие две држави ги одмеруваат силите, многу индустрии се спрепнуваат во нередот што зад себе го оставаат, а што моментално се гледа преку недостигот на микрочипови, на пример. Демократскиот свет не и е наклонет на Кина поради проблеми со човековите права, поради што дури и министерството за одбрана на малата балтичка држава Литванија, инаку членка на ЕУ, ги предупреди своите граѓани да не купуваат мобилни телефони од кинеската компанија Xiaomi, а оние што ги имаат да ги фрлат, затоа што може да им бидат цензурирани пораките. Влијанието на новите технологии, особено на социјалните мрежи, наголемо се вплеткува и во политиката

во Америка, што се покажа на последните претседателски избори. Жесток двобој САД - Кина Двобојот е жесток и засега не му се гледа крајот. На пример, штом Америка покрена светска кампања за блокирање на усвојувањето на 5Г безжичната технологија произведена од кинескиот телекомуникациски гигант Huawei, којшто ја искористи државната поддршка и стана најголем светски производител на телекомуникациска опрема и работи во 170 земји, а има преку 180 илјади вработени, меѓу кои 10 илјади инженери, Кина возврати со наредба до јавните институции и државни агенции да престанат да користат компјутери и софтвер од странски производители, односно американски. Со цел да се спротивстави на доминантната пазарна позиција на Huawei во безжичната технологија, САД истражува начини за финансирање на Nokia и Ericsson, два големи конкуренти на Huawei. Во меѓувреме и Јапонија повлече два важни потези: му забрани на Huawei пристап до

националната телекомуникациска инфраструктура, а на својата крајбрежна стража и забрани користење на авиони од кинеско производство поради загриженост за националната безбедност. Иако го вметна Huawei во категоријата на високо ризични добавувачи на телекомуникациска опрема, Европската унија, склона кон компромиси, не го забрани неговото работење на својата територија, и покрај инсистирањата на САД, која ја смета оваа компанија за шпионска. Но, ЕУ има уште некои правила што не им се допаѓаат на американските технолошки компании, особено на Apple, а се работи за одлуката сите мобилни телефони и таблети, независно од производителот, да имаат единствен USB влез од типот C, што е предуслов за универзален полнач. Освен тоа, еден од проблемите е што американските технолошки компании не ја почитуваат регулативата за заштита на личните податоци, GDPR. Ни Велика Британија не е сосема исклучива кога се работи за Hua-


21

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Штом Америка покрена светска кампања за блокирање на усвојувањето на 5Г безжичната технологија произведена од кинескиот телекомуникациски гигант Huawei, којшто ја искористи државната поддршка и стана најголем светски производител на телекомуникациска опрема и работи во 170 земји, а има преку 180 илјади вработени, меѓу кои 10 илјади инженери, Кина возврати со наредба до јавните институции и државни агенции да престанат да користат компјутери и софтвер од странски производители, односно американски. wei, па британските телекоми може да имаат до 35% опрема што оваа фирма ја испорачува. Па така, на крилата на технологијата, а во служба на политиката е скован нов термин – технонационализам, којшто не застана на лингвистичка основа, туку еволуираше во сериозна опасност и ги замрси плановите и ја отежна стратегијата на глобализацијата, којашто со либерализација на пазарите системски го вовлече светот во своевидно ропство кон големите светски корпорации, меѓу коишто најмногу американски. Нова теорија Технонационализмот е нов начин на меркантилистичко размислување којшто ги поврзува технолошките иновации и способности директно со националната безбедност, економскиот просперитет и стабилноста на државите. Според оваа теорија државата мора да интервенира и да се чува од опортунистички или непријателски државни и недржавни актери. Технонационализмот настојува да постигне конкурентска предност за своите актери, локално и глобално, а таа предност да се искористи за геополитичка добивка. Изграден е на претпоставката дека светот влегол во нова фаза на системски натпревар помеѓу

моделот laissez faire (пуштете работите да одат по својот природен тек) односно концептот на слободно пазарно општество на Западот и кинескиот капитализам насочен кон државата. Разликата во идеолошките вредности помагаат во забрзаното усвојување на конкурентни технонационалистички политики. Демократиите и диктатурите настојуваат да имплементираат технолошки овозможени механизми коишто применуваат и зајакнуваат сосема различни стандарди во поглед на приватноста на податоците, надзорот, цензурата, транспарентноста, дигиталните пари и интелектуалната сопственост. Конкурентските идеологии на технонационализмот, затоа би можеле да го растурат меѓународниот систем на начини коишто не се видени од времето на студената војна помеѓу САД и Русија. Технологијата ќе стане политика Стручњаците имаат различни мислења за влијанието на технонационализмот: едни сметаат дека во технолошки воден свет протекционистички стојалишта за технолошките иновации не може да опстанат во пракса, а други тврдат дека нема да помине ниту деценија додека технологијата не стане исто што и политиката. „Феномените на глобализацијата

не се реверзибилни. Чувството на еднополарен или биполарен свет повеќе не постои. Сега е мултиполарен свет. Што се однесува на технологијата, вештачката интелигенција, 5Г и блокчеин ќе продолжат да растат со експоненцијална брзина“, вели Џајрар Наир, главен технолошки директор на компанијата Wipro. Мишел Затлин, ко-основачка на Cloudflare, компанија за кибернетска сигурност, порачува дека технологијата во следните десет години би можела да стане само политика, па повикува на дијалог помеѓу сопствениците на технологијата и политичарите со цел избегнување на технонационалистичката напнатост. Џијафенг Пан, претседател на Институтот за наука и развој при Кинеската академија на науки, вели дека Кина го осетила влијанието на растечкиот технонационализам во последниве две години откако е отежната размената на луѓе и увозот на високо вредни суровини. Според него, појавата на технонационализмот е резултат на нерамномерниот развој на глобализацијата и треба да се стави акцент на соработка со обострана корист, истовремено почитувајќи ги безбедносните прашања. „Мора да преземеме контрола над


НОЕ. 2021

22 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Поради недостигот на чипови светот конечно ги отвори очите и сфати дека тие имаат клучна улога во речиси сите сектори на индустријата и дека не е добро што производството на чипови е несразмерно концентрирано во Азија, особено на Тајван, затоа што ланците на снабдување од еден извор се ранливи. технологијата и да се служиме со неа заради задоволување на најдобриот интерес на луѓето и сите земји, а не со неа да затвораме врата“, вели Џијафенг. Но, изјавите и пораките не можат да ги решат проблемите настанати со недостигот на микрочипови, со чиешто производство доминира Кина. Поради недостигот на микрочипови само автомобилската индустрија загуби во последниве неколку месеци десетици милијарди долари. На пример, јапонска Honda ја намали продажбата на возила, Suzuki го стопираше производството во фабриката во Јапонија, Subaru и Toyota го намалија производството во фабриките во САД, а и најголемите американски производители Ford и General Motors ги стопираа производствата. Исто така и европските производители, како Volkswagen, Renault и другите, бележат страшни загуби поради недостигот на чипови, а погодени се и другите индустрии, затоа што чиповите се во сите електронски уреди.

Недостигот на чипови го вклучи алармот Поради недостигот на чипови светот конечно ги отвори очите и сфати дека тие имаат клучна улога во речиси сите сектори на индустријата и дека не е добро што производството на чипови е несразмерно концентрирано во Азија, особено на Тајван, затоа што ланците на снабдување од еден извор се ранливи. Како што се заострува геополитичкиот натпревар, САД и Кина имаат иста цел – да го локализираат производство на чипови. Се’ поконкурентната Кина ги принуди САД и нивните сојузници, пред се’ ЕУ, на забрзан развој на индустријата на чипови и стратешка технолошка независност. Сепак, Америка технонационализмот и го припишува на Кина, а прави сe’ за да остане светски технолошки лидер, меѓу другото, и оневозможувајќи им на најголемите кинески технолошки компании да работат на нејзиниот пазар, и барајќи го тоа и од своите сојузници. Светот е се’ повеќе поделен помеѓу соперничките технолошки сфери на информациската и

комуникациската технологија, во распон од хардвер и софтвер до банкарски и платни системи, темелните институции на животот на секој поединец. Технологијата е присутна во секој аспект на животот, а на држава која поседува врвна технологија и пружа голема економска, воена и геополитичка моќ. Кинеските конкуренти нема да и допуштат на Кина светско лидерство во технологијата, но за победа над така моќна држава треба големо вложување во иновации. Кина со државни пари финансира иновации и го поттикнува растот на технолошките компании, што е предност за неа, а западниот свет ги финансира со банкарски кредити и приватни инвестиции. Со оглед на глобалното значење на САД и Кина, во случај на заострување на напнатоста колатерални жртви ќе бидат помалите земји, а глобалното геополитичко окружување ќе биде фокусирано на битката на силите за технолошко лидерство во светот. nnn LIDER.MEDIA


ПРИФАТЛИВИ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО МЕРКИ ЗА

АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАНТ ДО 20%

СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ВЕНТИЛАЦИЈА

СОНЧЕВ КОЛЕКТОР ЗА ТОПЛА ВОДА

НАДВОРЕШНА ВРАТА

ПРОЗОРЦИ СО ДВОЈНО/ТРОЈНО ЗАСТАКЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОКРИВ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА НАДВОРЕШНИ ЅИДОВИ

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОД

ПЕЧКА ИЛИ КОТЕЛ НА БИОМАСА ИЛИ ГАС АКУМУЛАЦИОНЕН БОЈЛЕР ЗА ТОПЛА ВОДА

ТОПЛИНСКА ПУМПА

НАЈПОВОЛЕН ЗЕЛЕН КРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН ДОМ! 6% фиксна камата Без обезбедување Без сопствено учество

Консултации и информации

075 475 219 - 071 394 264

www.pcb.mk


НОЕ. 2021

24 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

МЛАД ХРВАТСКИ СТАРТАПЏИЈА ГО ВООДУШЕВУВА СВЕТОТ

И ГИГАНТОТ WARNER BROS СЕ ЗАИНТЕРЕСИРА ЗА ИГРАЧКИТЕ НА АЛБЕРТ ГАЈШАК Алберг Гајшак којшто сега има 23 години почнал да се занимава со креирање на т.н. STEM играчки уште како средношколец, за што ја создал и својата компанија CircuitMess, има амбиции да го освои светот со своите иновативни производи. Потврда за тоа дека е на добар пат е склучениот договор со гигантот од забавната индустрија Warner Bros, за лиценцирано користење на Бетмен и некои други популарни ликови во создавањето на играчките.


25

НОЕ. 2021

Фото: Рене Караман

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115


НОЕ. 2021

26 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Фото: Рене Караман

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

С

то илјади долари на сметка, паметна играчка што купецот мора да ја состави самиот и директор средношколец, ова беа фабричките поставки на CircuitMess, хрватскиот стартап којшто неодамна ја започна четвртата, веќе мега - успешна кампања за групно финансирање (crowdfunding) на Kickstarter, договори соработка со американскиот гигант во забавната индустрија Warner Brothers и за прв пат во својата историја очекува да ја заврши годината со милион евра приход. Тоа само значи дека тимот на основачот на CircuitMess, Алберт Гајшак, работел вредно како во кошница пчели во последните четири и пол години, пишува загрепски Lider. Секоја година тие развиваа по една STEM играчка, која се склопува според принципот „направи сам“, за чиешто производство собираа капитал преку групно финансирање. Севкупно, кампањите на Kickstarter, каде што се собираа преднарачки за конзолата за игри MAKERbuino (сега Nibble), мобилниот телефон MAKERphone (сега Ringo) и претплата на низа уреди во STEM боксот, собраа повеќе од 918 илјади долари, а со најновата кампања што ќе трае до почетокот на декември, веќе во првата недела, беа собрани речиси 200 илјади долари (од целните 15 илјади). Возбудата е на својот врв, CircuitMess и неговите дваесет и тројца вработени се на голема пресвртница.

Соработка со Warner Bros.

Екипата на Lider ги посетила дечките од CircuitMess во новите простории во Лучко, каде што се креира тркачки автомобил, за кој сигурно би воздивнувале и Мате Римац и

Илон Маск. Тоа е суперавтомобил на најпопуларниот човек-лилјак кој некогаш летал низ стрипови и филмови, а благодарение на глобалната лиценца на Warner Bros следната година, STEM играчката Бетмобил од Лучко ќе слета на многу адреси низ целиот свет. Планот е следен, вели Гајшак, додека седи со новинарите во кантината од каде што низ стаклото се фрла поглед на екипата која вредно работи: кога ќе се соберат преднарачките и се исплатат парите од Kickstarter, тие ќе го довршат и произведат Бетмобил, чиј прототип е веќе на работната маса. Дури после испораката следи вистинско освојување на пазарот. Освен преку сопствената онлајн продавница, од каде што им доаѓа најголемиот дел од приходите, ќе го пласираат и во други онлајн продавници со кои соработуваат, како и на полиците на физичките продавници. „Би сакале да влеземе во повеќе физички продавници со Бетмобил. Стекнавме одредено искуство со продажба на Nibble во Kaufland, но на глобалниот пазар бевме инкогнито бренд. Се надевам дека преку соработката со Warner Bros ќе ги убедиме поголемите трговци дека сме легитимен производ и дека со продажните резултати на Kickstarter, кои се веќе многу добри, ќе испратиме порака дека овој тип на производ е многу пожелен и вреди да се стави на нивните полици“, вели Гајшак, којшто би сакал Бетмобил да блесне во некој од американските трговски синџири како што се Target, Best Buy или Walmart, со оглед на тоа што САД и досега беа нивниот примарен пазар. Клучната цел на креативниот опус на Гајшак е да ги убеди децата да го засакаат STEM и преку склопување

на уреди „направи сам“ од неговата колекција, да сфатат колку е забавна областа. Бидејќи на пазарот на трудот веќе има недостиг од STEM кадар, а со понатамошната дигитализација ќе има и се поголем недостиг, сегментот на паметни играчки, во кој сè уште нема заситеност на пазарот, веќе сам по себе има силен продажен потенцијал. Ако Бетмобил проаѓа добро на пазарот, а се чини дека оди во таа насока, соработката со Warner Brothers би можела да продолжи и на други производи; идеи веќе има. На крајот на краиштата, најтешкиот чекор е направен. Неопходно беше без никакви комплекси да се фати за ракавот титанот на забавата и да се привлече неговото внимание, но со малку храброст и многу упорност секоја цел е остварлива. Тоа, на крајот на краиштата, го покажува целиот овој претприемачки потфат.

Типични почетнички грешки

Уште како единаесетгодишен, Алберт сфатил дека не мора да биде само потрошувач и дека може сам да прави уреди. И ги правел благодарение на бесплатните курсеви за електроника и роботика што ги посетувал во Заедницата за техничка култура во Карловац. Учествувал на многу натпревари и саеми рекламирајќи ги, а со тоа го привлекол менторот инвеститор Томислав Цар, кој што и самиот на многу млада возраст ја основал компанијата Infinum, една од најпознатите хрватски компании за развој на мобилни игри и апликации. Несигурен дали неговото хоби може да се претвори во сериозен бизнис, Гајшак започнал кампања со конзола за игри на Kickstarter и добил потврда на својата дилема во форма на сто илјади долари.


27

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Фото: Рене Караман

STEM (Science, Technology, Engineering, Mathematics) играчки се такви коишто децата ги составуваат сами, со што ги развиваат своите познавања од техничките науки, математиката и инженерството.

Веднаш ја основал CircuitMess за да може парите некаде да легнат. „Имав огнено крштевање, тоа беше многу стресно и многу поучно искуство. Ги направив сите типични грешки за почетници: вработив десет пријатели од училиште, никој ништо не сфаќаше сериозно, инвестирав многу пари на лош начин, случајно испраќав двојни пакети. Имаше еден куп детски болести. Знаев нешто за маркетингот, но немав поим за менаџмент и финансии. Да не ми помогнеше Томислав Цар, немаше да успеам. Ме претвори од дете што знае да склопува уреди и убаво да зборува за нив во некој што може успешно да води компанија“, искрено признава Гајшак,

Фото: Рене Караман

Секоја минута што им ја посветувате на децата е битна, ги обликува за иднината. Да немав ментори и професори што ми покажаа сè што е можно самостојно да се направи, веројатно не би тргнал по овој пат. Сега тоа сакам да го пренесам во домовите на сите луѓе на светот“, вели Гајшак.


НОЕ. 2021

28 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Фото: Рене Караман

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Кога ќе се соберат преднарачките и се исплатат парите од Kickstarter, тие ќе го довршат и произведат Бетмобил, чиј прототип е веќе на работната маса. Дури после испораката следи вистинско освојување на пазарот, вели Лајшак. Освен преку сопствената онлајн продавница, од каде што им доаѓа најголемиот дел од приходите, ќе го пласираат и во други онлајн продавници со кои соработуваат, како и на полиците на физичките продавници.

додавајќи дека Цар не само што го научил на оперативниот дел од бизнисот, туку и му помогнал да развие ментален склоп насочен кон бизнисот и луѓето.

Првата „вистинска“ рунда на собирање капитал

Иако Цар е неговиот единствен инвеститор досега, а во кампањите за групно финансирање во Хрватска се уште им нема рамен, од CircuitMess планираат да влезе во првото „сериозно“ прибирање капитал веднаш по испораката на Бетмобил. „Не сме го правеле тоа досега. Сакав прво да видам колку ќе биде скалабилен (потенцијал да порасне за кратко време со голема стапка, н..з) бизнисот. Основачите на стартапи често не размислуваат за тоа, туку само земаат

т.н. венче капитал од инвеститорите. Не сакав да го направам тоа на тој начин. Со овогодишните резултати и сето она што се случи, посигурен сум од кога и да е дека имаме добра приказна и дека нашиот пазарен сегмент е полн со потенцијал за скалирање“, објаснува 23-годишниот претприемач кој не ни помислува на т.н. exit (продавање на компанијата, односно својот удел на поголем играч, н.з.). Гајшак вели дека сака да прави навистина добри, атрактивни производи, кои решаваат вистински проблем и добро се продаваат. „Ако се фокусирам на тоа и го сторам тоа добро, се’ ќе дојде, и пари и инвеститори и потенцијални купувачи. Но, не планирам да го продадам бизнисот наскоро бидејќи знам дека сè уште можам да постигнам

многу резултати и би ми било досадно. Би морал да го отворам CircuitMess 2, каде повторно би го работел истото“, одлучен е Гајшак, на чие лице сè уште има траги на замор бидејќи со месеци работи во неколку временски зони. Сонот е за слабаците, се шегува младиот стартапџија чиј двигател е страста и емотивната приврзаност кон работата. Ако сакал брзи пари, вели, би работел за добра плата во некоја ИТ компанија, на туѓи производи. Вака, развива сопствени со коишто може да се гордее, а тоа му е поважно од парите. Секој производ е нов предизвик што тој со нетрпение го очекува, а во портфолиото на CircuitMess еден ден би можеле да се најдат авиони, дронови, па дури и платформа за содржини. nnn



НОЕ. 2021

30 KЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

ЈАНИС ВАРУФАКИС ПЕСИМИСТИЧЕН ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ПЛАНЕТАТА

КЛИМАТСКИОТ САМИТ ВО ГЛАЗГОВ Е СПЕКТАКУЛАРНО ФИЈАСКО


31

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Ретко кој е толку песимистичен околу текот на преговорите на климатскиот самит и иднината на планетата Земја како што е тоа поранешниот грчки министер за финансии, економист, публицист и актуелен член на грчкиот парламент, Јанис Варуфакис.


НОЕ. 2021

32 KЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

М

ногу критики беа упатени кон учесниците на климатскиот самит СОР26 што се одржува изминативе денови во Глазгов, Шкотска. Но, ретко кој е толку песимистичен околу текот на преговорите и иднината на планетата Земја како што е тоа поранешниот грчки министер за финансии, економист, публицист и актуелен член на грчкиот парламент, Јанис Варуфакис. Во колумна за британски Guardian, Варуфакис го напиша следново: „Неуспехот на СОР26 ја одразува пропаста на демократиите од обете страни на Атлантикот. Претседателот на САД Џо Бајден стигна во Глазгов

додека неговите луѓе во Вашингтон истовремено туркаа закон за инфраструктура во Конгресот, со којшто практично се оневозможува било какво сериозно вложување во обновливи извори на енергија. Во меѓувреме во Европската унија реториката е можеби обоена со светло зелена боја, но стварноста е темно кафеава; дури и Германија се радува на големите количини на руски природен гас во замена за зелено светло за гасоводот Северен ток 2. ЕУ би требало да создава паневропска унија за обновлива енергија, но за жал нашите челници не ни расправаат за оваа идеја“, смета Варуфакис. Тој издвои и три главни причини зошто COP26 e спектакуларен дебакл. Првата причина ја гледа во

неможноста за колективно делување на целата планета. „Големите компании, како и државите, се водат од молитвата на свети Августин: ‘Господине, те молам направи ме невин, но не се’ уште’. Сите повеќе сакаат планета на која никој не испушта јаглеродни гасови одошто планета која пропаѓа. Но, исто така, попрво ќе го одложат плаќањето на трошокот за транзиција. А ако остатокот од планетата не ја прави вистинската работа, зошто да се биде единствен кој тоа ќе го прави?“, смета Варуфакис. Неуспех на глобалната координација Како втора причина го издвојува неуспехот на глобалната


33

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Можеме да слушнеме како самитот во Глазгов пропадна, како не се постигнаа никакви договори, и дека се изговарале само флоскули. Другата страна, пак, говори дека се постигнати големи работи, и дека целиот свет е сложен како никогаш досега. Вистината е некаде на средина. Моментум сигурно постои, но кога 150 држави ќе се сложат околу нешто, тоа никогаш не излегува во целост онака како е замислено. Варуфакис смета дека неуспехот на СОР26 ја одразува пропаста на демократиите од обете страни на Атлантикот. координација. „Еден куп пари лежат мрзеливо во глобалниот финансиски систем, а нивните ултра-богати сопственици сакаат да ги вложат во активности со низок удел на јаглерод. Но приватното вложување во, да речеме, зелен водород ќе направи профит само ако во тоа вложуваат и многу други инвеститори. И така сите вложувачи седат наоколу и чекаат кој да биде прв. Во меѓувреме, корпорациите, заедниците и државите се придружуваат кон оваа игра на чекање, не сакајќи да ризикуваат да се посветат на зелениот водород додека тоа не го направат големите корпорации. Трагично, не постои глобален координатор што би располагал со

парите и технологиите“, елаборира Варуфакис. Како трета причина тој ја детектира природата на капитализмот. Грчкиот економист смета дека е потребно да се направат две работи. „Прво е потребно целосно гасење на рудниците за јаглен и нови нафтени и гасни платформи. Ако владите може да не’ затворат дома за да спасуваат животи среде пандемијата, може да ја затворат и индустријата на фосилни горива за да го спасат човештвото. Второ, потребен ни е глобален данок на јаглерод, за да ја зголемиме релативната цена на сето она што ослободува повеќе јаглерод и од што целиот приход би требало да биде вратен на посиромашните

припадници од нашиот вид“, заклучува Варуфакис. „Можеме да слушнеме како самитот пропадна, како не се постигнаа никакви договори, и дека се изговарале само флоскули. Другата страна, пак, говори дека се постигнати големи работи, и дека целиот свет е сложен како никогаш досега. Вистината е некаде на средина. Моментум сигурно постои, но кога 150 држави ќе се сложат околу нешто, тоа никогаш не излегува во целост онака како е замислено. Постои голема разлика помеѓу ветувањата коишто ги дадоа државите. Но, ни тие ветувања сами по себе не значат ништо“, го кажа своето мислење за климатскиот самит пратеникот во Европскиот парламент, Бас Еикоут. nnn


НОЕ. 2021

34 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРЕТИОТ КВАРТАЛ СО ПОДОБАР ОДЅИВ ВО ЕВРОПА И САД Резултатите од третиот квартал, кои полека привршуваат, даваат подобар одѕив и во Европа и во САД. Надминати очекувања и подобрени прогнози беа забележани во ИТ индустријата, додека значителен пад беше забележан кај материјалите, со што се очекува Кина да ја намали потрошувачката на суровини. Црвена нишка на резултатите се логистичките проблеми, кои се очекува да имаат силно влијание врз некои компании до средината на следната година.


35

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ ОСТАНУВААТ АТРАКТИВНИ Очекувањата за инфлација растат, а повисоката инфлација веројатно ќе трае најмалку цела 2022 година. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст.

Н

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

Н

(опремата на текстот е редакциска)

оември донесе нови рекорди. Пазарите на капитал на крилата на ликвидноста продолжуваат да растат. Состанокот на Федералните резерви на САД предвиде намалување на ликвидноста, па ФЕД ќе го намали тековното купување на обврзници од 120 милијарди долари месечно за 15 милијарди долари месечно па така во 2022 година ќе престане да купува. Веројатноста за пораст на каматните стапки се намали по оваа објава. На сличен начин комуницира и Европската централна банка, но предвидува дека сигурно нема да има зголемување на каматните стапки во 2022 година, додека откупите, а со тоа и промоцијата на ликвидноста засега остануваат недопрени.

асоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Очекувањата за инфлација растат, а повисоката инфлација веројатно ќе трае најмалку цела 2022 година. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Инфлацијата останува нивниот главен непријател. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централната банка, инвеститорите стануваат повнимателни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воведува со мешање на кинеските власти во економијата, самата структура и правила на пазарот. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради

обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори. За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.


НОЕ. 2021

36 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Иако администрацијата на Бајден изврши голем притисок за зголемување на екстракцијата на нафта, земјите од Персискиот залив останаа обединети и покажаа дека сакаат повисоки цени – се зборува за 100 долари за барел.

САД го одобри законот за инфраструктура со кој се обезбедуваат повеќе од 1.000 милијарди долари за нови инвестиции. Всушност, само добра половина од сумата се троши за инфраструктура, а останатото се помали проекти од различни области кои политичарите ги донесоа пред да се донесе официјално законот од Конгресот и Сенатот. Но, овие средства дадоа нов поттик на пазарот. Дури и малку подзаборавената пандемија добива на интензитет во последниве недели. Очигледно, вакцината слабее по само неколку месеци и бројот на заразени е во пораст практично насекаде во Западна Европа. Ова се совпаѓа со традиционалната сезона на настинки и грип, што има негативно влијание врз болничките капацитети. Како резултат на тоа, гледаме дека затворањето на јавниот живот се враќа на трпезите на политичарите, кои повторно ќе влијаат на економските текови со затворање на економијата. Доаѓа до израз

прашањето колкава ликвидност централните банки можат да повлечат во таков амбиент.

Енергијата продолжува со нагорниот тренд

Цената на енергијата и материјалите останува висока, што продолжува да ги поттикнува инфлациските очекувања. Реториката на централните банки се промени во насока на очекување повисока инфлација во текот на следната година, но во втората половина на 2022 година се очекува намалување на притисоците и намалување на инфлацијата. Бидејќи инфлацијата останува една од најнепредвидливите економски категории, шпекулациите за втората половина на 2022 година се бесмислени. Нафтата останува над 80 долари, бидејќи ОПЕК + не ја засили екстракцијата, што е многу интересно, а очигледно геостратешките позиции се малку променети по повлекувањето на САД од Авганистан. Иако администрацијата на Бајден изврши голем притисок за

зголемување на екстракцијата на нафта, земјите од Персискиот залив останаа обединети и покажаа дека сакаат повисоки цени – се зборува за 100 долари за барел. Дури и во Европа, цените на гасот и електричната енергија, по корекцијата во последните неколку недели, го продолжија својот бавен нагорен пат. Континуираните ограничени испораки на гас од Русија и предвиденото постудено време предизвикуваат значителна непријатност и кај потрошувачите и кај политичарите. Навестената желба на кинескиот претседател да го промени законодавството за да го направи новиот Мао, доживотен претседател, предизвика вознемиреност кај западните инвеститори. Пленарната партиска седница за време на викендот ќе послужи како нова насока за државата, но засега средбата се одвива зад затворени врати. Инвеститорите и следствено на тоа пазарот на капитал остануваат внимателни. Пазарите на капитал остро се


37

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Навестената желба на кинескиот претседател Си Џинпинг да го промени законодавството за да го направи новиот Мао, доживотен претседател, предизвика вознемиреност кај западните инвеститори.

На корпоративно ниво, вреди да се спомене Alphabet (Google), кој по добрите резултати стана нова компанија вредна повеќе од 2.000 милијарди. Друга технолошка компанија која брзо се приближува до границата од 1.000 милијарди долари е Nvidia чија цена се зголеми од 200 на 300 долари во последниот месец. Покрај технолошките акции, меѓу инвеститорите и понатаму се популарни акциите на Pfizer, кои предизвикаа пораст поголем од 10 отсто со најавата на новата таблета против ковид-19. променија по состанокот на ФЕД. Придобија и акциите и обврзниците. Потребните приноси на американските обврзници се значително намалени поради пониските очекувања за зголемување на каматните стапки, а американската 10-годишна обврзница моментално се движи околу 1,45%, додека германската обврзница околу -0,26%. Ова е значителна промена во последната недела. Благо зајакна и доларот и е на ниво од 1,15 долари за евро. На берзите, американските и европските акции се во првите редови, додека Азија заостанува.

Надминати очекувања кај ИТ индустријата

Резултатите од третиот квартал, кои полека привршуваат, даваат подобар одѕив и во Европа и во САД. Надминати очекувања и подобрени прогнози беа забележани во ИТ индустријата, додека значителен пад беше забележан кај материјалите, со што се очекува Кина да ја намали

потрошувачката на суровини. Црвена нишка на резултатите се логистичките проблеми, кои се очекува да имаат силно влијание врз некои компании до средината на следната година. Тоа е особено видливо кај основните производи за широка потрошувачка, во кои спаѓаат најголемите „домаќински“ компании, како на пр. Nestle, Henkel или P&G. Заедничко за сите нив е тоа што цените на суровините растат побрзо од крајните цени, што ги притиска нивните маржи. Со додавање на логистичките проблеми на сето тоа, очекуван е негативниот одговор на инвеститорите. На корпоративно ниво, вреди да се спомене Alphabet (Google), кој по добрите резултати стана нова компанија вредна повеќе од 2.000 милијарди. Друга технолошка компанија која брзо се приближува до границата од 1.000 милијарди долари е Nvidia чија цена се зголеми од 200 на 300 долари во последниот месец. Покрај технолошките акции, меѓу инвеститорите и понатаму се популарни акциите на Pfizer, кои

предизвикаа пораст поголем од 10 отсто со најавата на новата таблета против ковид-19. Од друга страна, акциите на другите производители на вакцини, како Moderna и Biontech, паднаа за 20 или повеќе проценти. Дали ова ќе биде подолг тренд или продолжува да биде само една голема флуктуација во индустријата која некогаш беше позната по големата стабилност, останува да се види, но факт е дека акциите на големите фармацевтски компании продолжуваат да бидат евтини. Усвојувањето на Законот за инфраструктура во САД побуди донекаде заспан интерес за акциите на индустриските компании, но нагорната патека овде е селективна и релативно ограничена поради високите вреднувања во споредба со минатото. Оттука, фокусот е ставен на енергијата и финансиите, каде што пониските вреднувања и против инфлациската игра остануваат главен двигател на интересот на инвеститорите. nnn


НОЕ. 2021

38 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

СОВЕТИ ОД ИСКУСНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

ОВА Е ЕДЕН ОД КЛУЧЕВИТЕ ЗА УСПЕХ ЗА КОЈШТО НИКОЈ НЕ ВЕ ПОДУЧУВА Томас Кулопулос е основач на Delphi Group, водечка светска компанија за консултантски услуги во областа на лидерството и технологијата повеќе од 20 години. Признат како еден од највлијателните менаџмент консултанти во областа, тој постојано се појавува на меѓународни настани, а автор е и на десетина книги, колумнист на престижни светски медиуми, говорник, визионер... За Inc.com Кулопулос открива која е таа „тајна состојка“ за постигнување успех во бизнисот и кариерата за којашто ретко кој ќе ви каже.

П

остојат безброј книги за тоа како да се успее во бизнисот и сите имаат по нешто да ве научат. Од тоа како да се биде ефикасен оператор до тоа како да се биде голем иноватор, сето ова е дел од суштинската хемија што го сочинува патувањето на секој претприемач. Меѓутоа, кога ќе се осврнам на мојот сопствен претприемачки пат, една работа се издвојува како основен клуч за успехот, која што сум ја

искусил и сум имал привилегија да ја набљудувам во искуствата на другите успешни претприемачи. Нема никаква врска со многуте конвенционални совети што ќе ги добиете за тоа како да ги ангажирате вистинските луѓе, како да соберете капитал, како ефикасно да управувате компанија, како да се усогласите со потребите на вашиот пазар или како да бидете поиновативни. Всушност, ќе одам дотаму што можам да кажам дека сите овие нешта се неопходни, но

просто недоволни ако сакате да градите успех на долг во која било деловна активност, во споредба со една работа што ќе ја споделам. Што е тоа? Па, да и дадам име е многу потешко отколку да опишам за што се работи затоа што не влегува прецизно во некаква категорија. Па, дозволете ми да ви дадам еден пример. Зад затворени врати Во средината на 90-тите години, имав тогаш пет години стара компанија што одлично се развиваше. За да


За секој случај.

39

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

НОЕ. 2021

triglav.mk


НОЕ. 2021

40 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

го искористам подобро бранот на мојот успех, решив да ја напишам мојата прва книга. Тоа беше пристоен прв обид за авторство, но далеку од бестселер. Како и да е, јас бев прилично горд на себеси. Во исто време отприлика, на пазарот се појави друга книга на слична тема. Авторите беа добро етаблирани консултанти со длабоки корени на Харвард и МИТ. Нивната книга „Реинженеринг на корпорацијата“ стана една од најпродаваните деловни книги на сите времиња. Е тоа сакав јас да бидам! Па така, со мисла дека нема што да загубам, еден ден му напишав убаво писмо на еден од авторите, Џим, и го испратив заедно со потпишан примерок од мојата книга. Неколку недели подоцна, од Џим го добив најпријатното писмо што можев да го замислам, каде што тој ми се заблагодари за книгата со забелешка дека ќе ја чита за време на неговите патувања. Бев прилично радосен што добив личен одговор, но поради некоја причина не вратив назад. Неколку години подоцна, низа на среќно поврзани настани доведе до моја средба со Џим околу можно партнерство со неговата компанија. По состанокот, добив повик од Џим и тој рече дека иако партнерството не би било можно во тој момент, тој е сигурен дека ќе имаме можност повторно да работиме заедно на некој начин. Можеби беше начинот на којшто тој ова ми го кажа, но за мене беше јасно дека одговорот е сепак нешто повеќе од само љубезен начин да се каже „не благодарам“. Поминаа уште неколку месеци, и статусот на мојата компанија како една од 500-та најбрзо растечки во САД донесе многу понуди за преземање. Ми требаше некој што ја разбира нашата работа за да се обратам за совет. Му се јавив на Џим. Без двоумење се согласи да се најдеме и да разговараме. Освен тоа што решив да продолжам да го развиваме бизнисот наместо да го продадам , Џим стана незаменлив советник и ментор во текот на следните неколку години. На крајот на краиштата, во она што можам да го опишам само како неверојатен сплет на среќни настани, тој помогна да се подготви продажбата на мојот бизнис на технолошки гигант со промет од две милијарди долари. Клучот Значи, еве го моето прашање до вас. Од тоа што го прочитавте досега, кој е тој “еден клуч“ на кој се осврнав во насловот на оваа колумна? Дали тоа беше пишувањето на книгата, нејзиното испраќање до

ТОМАС КУЛОПУЛОС

основач и директор на една од водечките менаџмент консултантски компании во светот, Delphi Group

Никој не вели дека не можете да ги избирате сами своите ментори, но сепак многу луѓе сметаат дека им е потребна дозвола за тоа. Ако нешто може да им нанесе штета на огромното мнозинство луѓе додека се обидуваат да изградат кариера или бизнис, тоа е нивната воздржаност да побараат и да се поврзат со луѓе кои можат да отворат врати. Џим, непродавањето на бизнисот од прва, имањето на одличен советник или пак конечната продажба на бизнисот? Всушност, не е ништо од горенаведените. Клучот беше врската со некој што беше расположен да ја отвори вратата за мене. Без директна корист за себе, Џим отвори врати за мене во повеќе области отколку што можам да набројам во моментов. Се сеќавам на времето се прашував зошто ли тој беше толку подготвен да помогне кога ова беше јасно (во мојот ум барем) целосно еднострана врска, каде што јас ја добивав целата вредност. Ако се осврнам на целокупната моја кариера, можам да истакнам десетици „Џимовци“, почнувајќи од мојот тренер по борење во средно училиште, до мојот прв шеф кој заврши всушност како мој прв венчр вложувач, до мојот прв клиент за консултации кој во основа го финансираше мојот прв бизнис, до луѓето со коишто сè уште се среќавам денес, и кои што секој на свој начин

беа во можност и сакаа да ми отворат врати што никогаш не би можел да ги отворам сам. Она што е клучно за да се разбере е дека овие луѓе не паднаа од небото, што се вели. Како што беше случај кога ја испратив мојата прва книга на Џим, мора самите да ги побарате. На крајот на краиштата, никој не вели дека не можете да ги избирате сами своите ментори, но сепак многу луѓе сметаат дека им е потребна дозвола за тоа. Ако нешто може да им нанесе штета на огромното мнозинство луѓе додека се обидуваат да изградат кариера или бизнис, тоа е нивната воздржаност да побараат и да се поврзат со луѓе кои можат да отворат врати. Она што научив е дека сите запознаваме вакви луѓе, но не сите ја негуваме врската со нив, ја третираме со почит каква што заслужува, цениме што ги имаме овие луѓе во животот и забораваме понекогаш да им кажеме колку сме благодарни за нивната помош. nnn


41

ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

РОНАЛД РЕГАН ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

КАКО ШТО СТАНУВА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ ПОГОЛЕМ, ТАКА СЛОБОДИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ

Р

НОЕ. 2021

Роналд Вилсон Реган (1911 – 2004) беше 40от американски претседател, што доби два мандати доверба од гласачите, од 1981 до 1989 година. Во својот професионален бекграунд има и холивудска кариера, синдикално лидерство,

а пред да се кандидира за претседател бил гувернер на Калифорнија. Познат беше по својата про – пазарна економска програма популарно наречена „Реганомика“, а преживеа и еден обид за атентат врз него.

Сум чул дека напорната работа не убила никого досега, но си велам пак, зошто да ризикувам?

Како што станува државниот апарат поголем, толку слободите се намалуваат.

Најдобар лидер не е оној што нужно прави најдобри нешта. Најдобар е оној што допринесува другите да прават најдобри нешта.

Имам забележано дека секој што е за абортус веќе е роден.

Најстрашната реченица во англискиот јазик е: Јас сум од владата и тука сум да помогнам

Нема граница на количеството добри дела што може да ги направите доколку не се грижите за тоа кој ќе ја земе заслугата.

Политиката не е лоша професија. Ако сте успешни, има многу придобивки. Ако пак, се посрамотите, секогаш може да напишете книга.