Page 1

COVER STORY ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ИНФЛАЦИЈАТА „РАКА ЗА РАКА“ ИНТЕРВЈУА САШКО ДАЕВ

business magazine

директор на РЕХАУ Дооел Скопје

СО НАШИТЕ РЕШЕНИЈА СЕКОЈ ИЗГРАДЕН КВАДРАТЕН МЕТАР ДОБИВА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

БРОЈ 1113 l 8 октомври 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ВИКТОР СТОЈМАНОВСКИ

менаџер на суровини во Бимилк

СО ОБУКИ, ПОДДРШКА И ПОМОШ ЗА ФАРМЕРИТЕ, БИМИЛК КОН ДОЛГОРОЧНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЛЕКОТО

PANDORA PAPERS

СЕ ОТВОРИ „ПАНДОРИНАТА КУТИЈА“ ИЗЛЕГОА МИЛИОНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СКРИЕНИТЕ ПАРИ НА СВЕТСКИТЕ МОЌНИЦИ СТАРТАП

ДРЖАВАТА ПРЕКУ ТРИ СТОЛБА ЌЕ ГО ПОДДРЖУВА РАЗВОЈОТ НА СТАРТАПИТЕ

Е - ТРГОВИЈА

ВРЕДНОСТА НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОВИСОКА ЗА 61% ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ


3

КАПИТАЛ... 1113

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

4

12

Пост – ковид закрепнување

Pandora papers – најголемо протекување на детали за офшор сметки во историјата

COVER STORY

16

ПОЛИТИКА

СВЕТ

Економскиот раст и инфлацијата „рака за рака“

Самит ЕУ Западен Балкан

Се отвори „Пандорината кутија“ – излегоа милиони документи за скриените пари на светските моќници

Од Европа - ништо ново!

28

ТЕХНОЛОГИЈА

Тим од Македонци освои награда на натпревар на NASA

20

24

ИНТЕРВЈУ

Е - ТРГОВИЈА

Сашко Даев

директор на РЕХАУ Дооел Скопје Со нашите решенија секој изграден квадратен метар добива додадена вредност

COVER STORY Пост – ковид закрепнување..........................4 Економскиот раст и инфлацијата „рака за рака“ СВЕТ Pandora papers – најголемо протекување на детали за офшор сметки во историјата...........................................12 Се отвори „Пандорината кутија“ – излегоа милиони документи за скриените пари на светските моќници ПОЛИТИКА Самит ЕУ - Западен Балкан...........................16 ИНТЕРВЈУ Сашко Даев, директор на РЕХАУ Дооел Скопје........20 Со нашите решенија секој изграден квадратен метар добива додадена вредност

Анализа на АЕТМ врз основа на податоците на Народна банка

Вредноста на онлајн трансакциите во Македонија е повисока за 61% во првите шест месеци Е - ТРГОВИЈА Анализа на АЕТМ врз основа на податоците на Народна банка.................24 Вредноста на онлајн трансакциите во Македонија е повисока за 61% во првите шест месеци ТЕХНОЛОГИЈА Тим од Македонци освои награда на натпревар на NASA.............................................28 ИНТЕРВЈУ Виктор Стојмановски, менаџер на суровини во Бимилк...........................................32 Со обуки, поддршка и помош за фармерите, Бимилк кон долгорочно подобрување на квалитетот на млекото

32

ИНТЕРВЈУ

Виктор Стојмановски

менаџер на суровини во Бимилк Со обуки, поддршка и помош за фармерите, Бимилк кон долгорочно подобрување на квалитетот на млекото

СТАРТАП СЦЕНА Националниот стартап совет донесе предлог мерки.........................................................36 Поддршката на македонскиот стартап екосистем ќе се одвива преку три столба СВЕТ Пазари на капитал...............................................40 Се натрупаа премногу ризици за берзите да продолжат да растат LIFESTYLE „No time to die“ –Новиот Omega часовник ќе брои време на нови заеднички моменти!..........................................44 РЕПОРТАЖА Општина Конче – пример за мултиетнички соживот и модел на ефикасно управување.....................................46

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 07.10.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ОКТ. 2021


OKT. 2021

COVER STORY

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ЕКОНОМСКИОТ И ИНФЛАЦИЈА „РАКА ЗА РАКА


ПОСТ – КОВИД ЗАКРЕПНУВАЊЕ

5

ПОСТ – КОВИД ЗАКРЕПНУВАЊЕ

Т РАСТ АТА А“

OKT. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Економската активност годинава ќе биде околу 4,6% поголема отколку лани со што се очекува да дојде до изедначување со преткризните нивоа. Ова е најновата прогноза на Светската банка, која сега има пооптимистична проценка за разлика од пролетоска кога прогнозираше раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година. Во исто време заедно со зголемената економска активност, се зголемуваат и инфлаторните притисоци, главно заради глобалниот раст на цените на повеќе суровини. Веќе станува јасно дека инфлацијата во земјава годинава ќе биде повисока од проекциите и на Владата и на Народната банка. Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи. Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфалција од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Во првите осум месеци годинава инфлацијата е 2,7% просечно.


OKT. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Е

кономската активност годинава ќе биде околу 4,6% поголема отколку лани со што се очекува да дојде до изедначување со преткризните нивоа. Ова е најновата прогноза на Светската банка, која сега има пооптимистична проценка за разлика од пролетоска кога прогнозираше раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година. „Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2% во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје“, пишува во најновиот Извештај за економиите на Европа и Централна Азија објавен неделава. Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата. За економијата на Македонија се вели дека иако опаднала поради ударот од Ковид-19 во 2020 година, при што стапката на сиромаштија пораснала од 1 до 4%, владините

Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2% во првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје. мерки за борба со неа помогнале и економијата го обновила развојот во 2021 година. „Ова е помогнато од силната побарувачка однадвор и отворањето на приватната потрошувачка“, се вели во извештајот. Се додава дека се зголемиле извозот и увозот, со поголем увоз на штета на трговскиот баланс. Од Светска банка потенцираат дека е забележан раст на производството во сите сектори, со оглед на минатогодишната ниска стартна позиција. Најбрза обнова е забележана во трговијата, транспортот и туризмот, како и во индустриското производството и информатичко-комуникациските технологии. „Економскиот развој на земјата во 2021 година се очекува да скокне до 4,6%, до стапка на развој забележана пред ширењето на пандемијата. Почетниот показател е заснован на претпоставката дека стапката на вакцинација ќе продолжи, нема да има понатамошни карантини, довербата на потрошувачите и

инвеститорите останува висока, а надворешната побарувачка продолжува“, велат од Светска банка. Оваа меѓународна финансиска институција прогнозира развој и постепена стабилизација на нашата економија и во 2022 година со раст на БДП од 3,7%, додека сиромаштијата да продолжи да се намалува во 2021 и годината потоа. Се очекува и постепено намалување на фискалниот дефицит по најновите планови на Владата за зголемени капиталните инвестиции. На среднорочен план јавниот и државно гарантираниот долг е прогнозиран до 2023 година да се зголемува до 65% од БДП. „Со продолжителната обнова на економијата властите ќе треба да го засилат исполнувањето на даночните обврски, да го реструктуираат и приоретизираат трошењето, да ги решат долгорочните пречки во развојот и да го подобрат менаџирањето на јавните финансии. За да се интензивира развојот земјата треба да го насочи вниманието


7

ПОСТ – КОВИД ЗАКРЕПНУВАЊЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ЗОРАН ЗАЕВ

премиер Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7%. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10%. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од 3%. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7% инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука.

ФАТМИР БЕСИМИ

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

министер за финансии Тие позитивни движења се очекува да продолжат до крајот на годината. Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1%, но позитивните движења во вториот квартал и очекувањата во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годината да ја завршиме со раст на БДП повисок од проектираниот. Позитивни движења се регистрираат во повеќе сектори, како услужен сектор, земјоделство, итн.

гувернерка на Народната банка Олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2%, што речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4%). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво на почетокот на 2022 година.

WESTERN BALKANS SUMMIT 2021 Promoting Europe’s inclusiveness and solidarity October 14th 2021 | Double Tree by Hilton, Skopje

The Economist Events for Greece, Cyprus, Malta and south-east Europe

Zoran Zaev

Zdravko Krivokapić

Albin Kurti

Gabriel Escobar

Joan Hoey

Joschka Fischer

Jeroen Dijsselbloem

Baiba Braže

Prime minister North Macedonia

Fatmir Bytyqi

Deputy prime minister in charge of economic affairs, coordination of economic sectors and investments North Macedonia

Nikola Dimitrov

Deputy prime minister for European affairs North Macedonia

Regional director, Europe The Economist Intelligence Unit

Prime minister Montenegro

Former vice-chancellor, former minister of foreign affairs Germany

Prime minister Kosovo

Deputy assistant secretary Bureau of European and Eurasian Affairs, US Department of State

Former president, Eurogroup Chairman, Dutch Safety Board

Assistant secretary-general for public diplomacy NATO (video message)

> Register to watch and network <

https://westernbalkans.e-conferences.eu/auth/register Double Tree by Hilton, Skopje (physical presence as per covid-19 healthcare protocols.)

All speakers and participants attending in person should be fully vaccinated or have proof that they have tested positive with covid-19 during the last six (6) months.

The Economist Events for Greece, Cyprus, Malta and southeast Europe Gold sponsor:

OKT. 2021

Bronze sponsors:

@Economist_SEUR Academic partner:

The Economist SE Europe Events

Communication sponsor:

Broadcast partner:

The Economist SE Europe Events

Online communication sponsors:

Supporters:

D E S I G N & M A R K ET I N G S E R V I C E S

www.hazliseconomist.com (live streaming) | www.westernbalkans2021.economist.com


OKT. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

на изведба на структурни и институционални реформи“, се вели во извештајот на Светска банка. За министерот за финансии, Фатмир Бесими, ова се очекувани прогнози имајќи предвид дека вториот квартал годинава е регистриран значително висок раст на БДП од 13,1%. „Тие позитивни движења се очекува да продолжат до крајот на годината. Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1%, но позитивните движења во вториот квартал и очекувањата во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годината да ја завршиме со раст на БДП повисок од проектираниот. Позитивни движења се регистрираат во повеќе сектори, како услужен сектор, земјоделство, итн.”, вели Бесими. Посочува дека во првите седум месеци има раст на извозот од 34,6%, а раст од 75% е забележан и кај инвестициите за првите шест месеци во однос на лани. Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,9%, стапката на вработеност е во пораст и изнесува 47,3%, а од август е забележан и тренд на исклучително високи износи на капитални расходи и нивната реализација заклучно со 5 октомври е 45,13%. „Воедно, и реализацијата на Буџетот покажува одлична наплата на даночните приходи, кои заклучно со 30 септември имаат пораст од 20,7% во однос на периодот 1 јануари

Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи. Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфлација од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Затегање на монетарната политика, засега не се планира. – 30 септември 2020 година. Раст е забележан во овој период и кај придонесите за 6,2%. Ова покажува дека економијата заздравува, а со мерките што ги планираме како Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на растот на среден рок ќе достигнеме просечни стапки на раст над пет проценти”, нагласува Бесими. Македонската економија во голема мера зависи од движењата во еврозоната Од Народната банка која допрва треба да ги објави своите есенски прогнози, коментираат дека бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, остварил раст којшто речиси во целост се совпаѓа со нивните проекции, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор. „Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во

голема ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од ризиците поврзани со епидемиолошката состојба“, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска. Таа додава дека состојбите во македонската економија, како високо отворена економија, во голема мера зависат од движењата во еврозоната и во Германија, којашто е наш главен трговски партнер. Со оглед на проекциите на ЕЦБ за нивно натамошно закрепнување, се очекува дека тоа позитивно ќе влијае и врз нашата економија. Гувернерката се осврна и на состојбата на македонската економија годинава, при што посочи дека олабавената монетарна политика придонесува за закрепнување на економијата. Во првата половина од оваа година е остварен раст од 5,2%, што речиси


ПОСТ – КОВИД ЗАКРЕПНУВАЊЕ

9

OKT. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113


OKT. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка (5,4%). Согласно со последните макроекономски проекции, очекувањата се дека економската активност ќе се врати на преткризното ниво на почетокот на 2022 година. Во однос на монетарната политика во услови на пандемија, гувернерката посочи дека од особено значење за нејзиното олабавување е комфорното ниво на девизните резерви, а во тој контекст, и пристапот до девизна ликвидност овозможен за првпат преку репо-линијата одобрена од страна на Европската централна банка. Иако Народната банка немаше потреба од користење на средствата, сепак подготвеноста на Европската централна банка значително придонесе за одржување на стабилноста на домашната валута при променливи пазарни движења во текот на здравствената криза. Гувернерката Ангеловска Бежоска посочи дека мерките на Народната банка овозможија намалување на цените на кредитите и постојан кредитен раст во текот на пандемијата. Банкарскиот сектор досега добро се справува со ризиците од пандемијата, за што говори и растот на депозитите и солидниот кредитен раст. Исто така, добрите остварувања на банките и претпазливите регулаторни барања во изминатиот период овозможуваат соодветна капитализираност на банкарскиот систем и негова подготвеност за справување со предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците. Зголемена пост – ковид побарувачка и раст на цените Во исто време заедно со зголемената економска активност, се зголемуваат и инфлаторните притисоци, главно заради глобалниот раст на цените на повеќе суровини. Веќе станува јасно дека инфлацијата во земјава годинава ќе биде повисока од проекциите и на Владата и на Народната банка. Бизнис секторот и експертите алармираа дека до крајот на

годинава поради зголемената пост – пандемиска побарувачка, особено на енергија, очекувано е повисоките увезени цени да ги зголемат цените и на домашните производи. Народната банка веќе размислува да ја коригира нагоре проектираната стапка на инфлација од 2,2 проценти за годинава. Но, смирува дека состојбата со цените не е алармантна. Затегање на монетарната политика, засега не се планира. „Во првите осум месеци годинава инфлацијата е 2,7% во просек, значи е нешто над нашите очекувања. Истовремено гледаме дека на светските берзи има нагорна ревизија и на оцените за увозните цени. Значи цените на енергијата, цените на храната, има повисок раст годинава од тоа што ние го вградивме во текот на мајските проекции. Кога ќе ги земеме овие два фактора предвид извесно е дека одредена нагорна ревизија на проекцијата на инфлацијата објавена во мај, ќе направи и Народната банка“, оцени вицегувернерката Ана Митреска. И премиерот Зоран Заев коментираше дека инфлацијата се движи во рамките на проекцијата до 3% откако некои производители од прехранбената индустрија предупредуваа на можни поскапувања и до 50%. „Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7%. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10%. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од 3%. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7% инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука“, истакна Заев. Тој најави дека Владата ќе се обиде да ја надмине оваа енергетската криза која најмногу ја чувствуваат фирмите кои се сега набавуваат поскапа струја на слободниот пазар, со активирање на третиот блок на РЕК Битола и интервентна набавка на јаглен. На средба со претставниците од Стопанската комора се согласиле дека времето на евтината енергија полека привршува, и тоа е реалност која мора сите да ја прифатиме. „Стопанската комора да го сублимира мислењето на компаниите, а

Регулаторната комисија најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите. Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите“, се заклучоците по средбата на премиерот со стопанствениците. Премиерот Заев исто така посочи дека граѓаните не треба да стравуваат затоа што цената на струјата е утврдена од Владата, разликата кон ЕСМ ја покрива државата, а ДДВ е намалено на 5%, така што се преземани сите мерки за цената да остане стабилна за граѓаните и за домаќинствата. Тој најави и мерки за помош на компаниите за кои посочува дека се на отворен пазар, исто како и јавните претпријатија институциите. „Компаниите, јавните претпријатија, институции се на отворен пазар. Како е секаде во светот така е и кај нас, но секако и тука нема да останеме неми набљудувачи. Даден е налог за вклучување на трет блок на РЕК Битола, со цел да креираме политики на комплетно менаџирање и кон компаниите и јавните институции. Тоа значи употреба на 1,8 милион тони јаглен за дополнително производство на електрична енергија. Сите обновливи извори на енергија исто така ни се добредојдени“, рече Заев. Тој посочи дека целиот свет е засегнат со оваа тема, затоа што берзанските цени навистина одат многу високо. „Да напомнам дека нашиот модел е европски, со целосна либерализација. Постепено го либерализираме и пазарот за домаќинствата, но државата го покрива овој дел. Цената на берзата во последниот период се движи од 170 евра за мегават до 220 евра, а ние ја даваме цената за домаќинствата од 36 евра за мегават. Тоа е четири – пет пати пониска цена, со тоа што државата интервенираше на неколку начини и навремено, уште пред неколку месеци, затоа што беше евидентно дека со енергетските политики, со климатските промени, чекорите што ги преземаат и други земји, севкупното производство се зголемува во цена на чинење, побарувачката се повеќе се зголемува и тоа предизвикува ценовни шокови и последици“, рече Заев и додаде дека сериозно е зајакната ликвидноста и солвентноста на државата, што, како што вели, е доказ дека постепено излегуваме од кризата. nnn


ОКТ. 2021

12 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни оази како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови. Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како министри, судии, градоначалници и воени генерали од повеќе од 90 држави.

PANDORA PAPERS – НАЈГОЛЕМО ПРОТЕКУВАЊЕ НА ДЕТАЛИ ЗА ОФШОР

СЕ ОТВОРИ „ПАНДОРИНАТА

ИЗЛЕГОА МИЛИОНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАРИ НА СВЕТСКИТЕ МОЌНИ


Р СМЕТКИ ВО ИСТОРИЈАТА

А КУТИЈА“

СКРИЕНИТЕ ИЦИ

13

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора, пренесува порталот на Радио-телевизија Црна Гора.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Т

ајните зделки и скриените средства и имоти на некои од најбогатите и најмоќни луѓе на планетава се откриени во досега најголемото истекување на документи за офшор сметки во историјата, именувано како „Пандора документи“. Протечени се 11,9 милиони документи од компании ангажирани од богати клиенти со цел да се креираат офшор мрежи во даночни оази како Панама, Дубаи, Монако, Швајцарија и Кајманските Острови. Тие откриваат тајни офшор договори на 35 светски лидери, меѓу кои и поранешни претседатели, премиери и шефови на држави. Документите ги расветлуваат и тајните финансии на повеќе 300 други функционери, како министри, судии, градоначалници и воени генерали од повеќе од 90 држави, пишува Гардијан. Во протечените податоци се присутни и над 100 милијардери, како и славни личности, музички ѕвезди и бизнис лидери. Многу од нив користеле фиктивни компании за нивниот луксузен имот, како земјишта, јахти или пак анонимни банкарски сметки. На нив има дури и уметнички дела – од украдени антиквитети од Камбоџа до слики од

Пикасо и мурали од Бенкси. Документите биле доставени до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), кои ги споделиле протечените податоци со повеќе од 600 новинари од медиуми како Гардијан, Би-Би-Си, Ле Монд и Вашингтон Пост кои по 18 месечната анализа во следниот период ќе ги објавуваат сознанијата до кои дошле. Засега медиумите пренесоа за таен имот во светските престолнини од стотици милиони долари на првите луѓе на Јордан и Азербејџан, Кралот Абдула Втори и Илхам Алиев. Дополнително документите покажале дека премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, преку офшор компанија, има купено вила од 22 милиони долари на југот на Франција, како и дека претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата и неговото семејство имаат преку 30 милиони долари на офшор сметки. Во документите фигурираат и претседателот на Украина, Волoдимир Зеленски, како и блиски соработници на рускиот претседател, Владимир Путин.

Најголем истек на податоци за офшор сметки досега

Од регионот на Балканот и поранешна Југославија, во документите се споменуваат двајца политичари од Словенија, по еден од Црна Гора и Албанија, и четворица од Србија. Од звучните имиња, тоа се претседателот на


ОКТ. 2021

14 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Црна Гора Мило Ѓукановиќ и српскиот министер за финансии Синиша Мали. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во 2012 година потпишале тајни договори за управување со нивните средства, криејќи се зад комплицирана мрежа поврзана со компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, а синот на црногорскиот претседател ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора, пренесува порталот на Радиотелевизија Црна Гора. Во документите се наведува дека Ѓукановиќ формирале трустови со цел планирање на наследството и заштита на имотот, додека изворите на средства се приход од нивната кариера и профит од инвестиции. Ова се неотповикливи трустови, кои им овозможуваат на вистинските сопственици да го заштитат својот скриен имот, дури и кога тоа е предмет на судска постапка или побарувања на доверители. Документите од Пандора досието покажуваат мејлови, дописи, извештаи и сертификати за акции кои ги откриваат лавиринтите на корпорациските структури. Пандорините документи претставуваат најнов и најголем истек на податоци по серијата на големи протечувања на финансиски податоци кои го потресоа офшор светот досега, односно Панама документите од 2016 година и Парадајс документите од 2017 година. Истражувањето на ICIJ покажува дека моќни политичари, кои би можеле да му стават крај на криењето пари и избегнувањето на плаќање данок преку користење на даночните оази, всушност и самите профитираат од таквиот систем. На пример, поранешниот британски премиер Тони Блер кој јавно се залагаше против избегнувањето на плаќање данок. Пандорините документи откриваат дека Блер и неговата сопруга Чери се стекнале со зграда вредна 7,6 милиони евра така што купиле офшор фирма која тргува со недвижности и тоа од семејството на бахреинскиот

„ПАНДОРА“ КРИЕ И ДВЕ ОФШОР ФИРМИ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКИ СОПСТВЕНИЦИ

В

о аферата „Пандора документи“ има и две офшор компании поврзани со македонски сопственици. Ова може да се забележи на мапата што ја постави „Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство“, но на неа може да се види само бројот на компании фатени во мрежата на истражување поединечно по држави, но не и имињата на сопствениците и фирмите. Од истражувачката мрежа најавија дека документите со кои се откриваат податоците за офшор фирмите ќе се објавуваат постепено. Во податоците има над 27.000 компании од целиот свет. Од нашите соседи, 283 компании во документите се поврзани со сопственици во Грција, 174 во Бугарија, по 13 во Албанија и Црна Гора, 123 во Србија, 6 во Босна и Херцеговина, и 51 во Хрватска. Новинарката Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија за Канал 5 изјави дека оваа афера е „нуклеарна бомба“, споредено со „Панама документите“ од пред пет години, кој досега се сметаше за најголем скандал со офшор фирми. Нејзините очекувања се дека „Пандора“ повторно ќе ја отвори дебатата меѓу светските лидери за тоа како офшор политиките влијаат на нееднаквата распределба на богатството меѓу граѓаните „Што се однесува до Македонија, македонските податоци се’ уште не се обработени бидејќи не може некого само да објавите, треба и да докажете дека направил и нешто погрешно. Македонија не беше во приоритетните земји, затоа што во одредени држави како Русија, Холандија, Јордан и други имаше огромни податоци и ресурсите се распределуваат на начин на приоритети кои се македонските бизнисмени кои имаат офшор фирми и скриено богатство ќе чуеме за неколку месеци затоа што освен Пандора ќе излезат и други проекти.“, вели Сашка Цветковска – ИРЛ Македонија.

министер Зајед бин Рачид ал Зајани. Со купување на удел во фирмата, а не директно самата зграда, Блер и неговата сопруга избегнале данок на имот во вредност од околу 350.000 евра. Блер и Ал Зајани тврдат дека не знаеле оти другата страна биле вмешана во договорот. Чери Блер тврди дека нејзиниот маж не бил вклучен во трансакцијата и дека фирмата повеќе не постои, пишува Дојче Веле.

Нема да се види крајот на офшор економијата

Разни посредници, адвокатски канцеларии или агенции им нудат на клиентите за неколку стотина долари да

станат сопственици на нова компанија, регистрирана во некоја од земјитеданочни оази. Со тоа, вистинскиот сопственик останува скриен. Може да се формира и фонд кој им овозможува на сопствениците да управуваат со своите пари, но да не сносат никаква правна одговорност за тоа. Меѓу светските богаташи, тоа е популарен начин да се сокријат пари од доверители, даночни органи или понекогаш и од бивши сопружници. Поседувањето фирми во земји во кои практично не се плаќа данок не е само по себе илегално, но се соочува со критики затоа што овозможува затајување данок. Притоа, се водат дебати за тоа колку е


15

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Засега медиумите пренесоа за таен имот во светските престолнини од стотици милиони долари на првите луѓе на Јордан и Азербејџан, Кралот Абдула Втори и Илхам Алиев. Дополнително документите покажале дека премиерот на Чешка, Андреј Бабиш (на фотосот), преку офшор компанија, има купено вила од 22 милиони долари на југот на Франција, како и дека претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата и неговото семејство имаат преку 30 милиони долари на офшор сметки. морално да се избегнува плаќање данок во земја во која се заработуваат парите. Според некои проценки на експерти, дури десет отсто од светскиот БДП се чува во даночните оази. Пандора документите, исто така, откриваат некои од досега невидените последици од претходните истекувања на офшор документи, што поттикна скромни реформи во некои делови на светот, како

што се Британските девствени острови, каде што сега се води евиденција за вистинските сопственици на компании регистрирани таму. Сепак, сегашните истечени податоци покажуваат дека парите се префрлаат од едни во други офшор дестинации, бидејќи богатите клиенти и нивните советници се прилагодуваат на новата реалност. Некои клиенти на Мосак Фонсека,

сега веќе непостоечката адвокатска фирма којашто беше во средиштето на истекувањето на Панама документите од 2016 година, едноставно ги префрлиле своите компании на име на други провајдери на офшор услуги, како што е еден глобален труст и корпоративен администратор со голема канцеларија во Лондон, чиишто податоци се во новата група на протечени документи. Некои протечени фајлови укажуваат на тоа дека има поединци коишто сакаат да ги заобиколат новите регулативи за приватност. Еден швајцарски адвокат одбил да ги испрати по електронска пошта имињата на своите клиенти до давателот на услугата во Британски девствени острови, како што треба според новата регулатива . Наместо тоа, тој ги испратил по воздушна пошта, со строги упатства дека тие не смее да се обработуваат на кој било „електронски начин“. Џерард Рајл, директор на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, вели дека водечките политичари коишто ги организирале своите финансии во даночните оази имаа удел во статус кво состојбата и најверојатно ќе бидат пречка за реформа на офшор економијата. „Кога имате светски лидери, кога имате политичари, кога имате јавни функционери, што сите ја користат тајноста и сите го користат овој начин, тогаш мислам дека нема да го видиме крајот на сето ова“. nnn

Кредитно животно осигурување кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка

Осигурителната полиса овозможува: • измирување на кредитен долг • осигурување и од Ковид 19 • поддршка и грижа на Вашето семејство.


ОКТ. 2021

16 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

САМИТ ЕУ - ЗАПАДЕН БАЛКАН

ОД ЕВРОПА - НИ


ИШТО НОВО!

17

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113


ОКТ. 2021

18 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Европскиот самит посветен на земјите од Западен Балкан не само што не донесе ништо ново за проширувањето, туку го зацементира разочарувањето кај земјите од регионот, кои веќе и отворено се уморни од неспособноста на ЕУ да го постави овој процес врз принципи, а не врз самоволието на земји членки, за коишто самите европските принципи се непознаница. РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

ема изненадени што една цела европска политика (во случајов, таа за проширување) останува блокирана поради самоволието на една земја - членка, оти Самитот што се одржа неделава во Блед, Словенија сигурно не е прв на кои лидерите на другите држави (меѓу кои и на основачите на самата Унија) ја претставија својата разочараност од однесувањето на официјална Софија. Не е изненадување и што целата ситуација содржи една страшна иронија земјата блокатор, а во случајов и земјата домаќин на Самитот, одамна важат за прилично проблематични во однос на самото почитување на европските вредности (од аспект на владеењето на правото или слободата на медиумите, на пример), па навистина е феномен кога тие треба да мобилизираат енергија за поддршка на проширувањето или да одлучуваат за европската судбина на земјите - кандидати. Ова е фактичката состојба во самата ЕУ и еден од главните предизвици на членките за иднина, кои порано или подоцна ќе мора да се соочат со прашањето - од каде ли го црпат правото и кредибилитетот да зборуваат за вредности што брутално се кршат на европско тло од самите членки. Она што е ново е веројатно однесувањето на државите од Западен Балкан, кои ако претходно со големи надежи ги чекаа ваквите европски собири, сега немаат други очекувања освен да го кажат токму тоа - дека немаат очекувања: „Научивме на тешкиот пат да не очекуваме ништо, бидејќи видовме дека Европа не е во многу добар момент, си има внатрешни проблеми и проширувањето не се чека со ентузијазам“ кажа премиерот на Албанија, Еди Рама во интервју за “Топ Чанел“. И претседателот на Србија, Александар Вучиќ го дели мислењето дека во ЕУ има внатрешни превирања: Тој по Самитот изјави дека постои перспектива за проширувањето, но дека не сите земји имаат исти апетити за тој процес.

Премиерот Зоран Заев прв пат со јасна порака дека е разочаран од позициите на претседателот на Бугарија, Радев, но и дека чекорите што Бугарија ги презема и самата блокада се навреда за македонските граѓани.

ПРОШИРУВАЊЕТО НЕ Е ЕДИНСТВЕНА ТЕМА ЗА КОЈАШТО СЕ НЕМА КОНСЕНЗУС

Н

а нивната вечера во предвечерието на Самитот, шефовите на држави и влади разговараа за мноштво теми – односите со Кина и САД, Авганистан и се што е геополитички важно во моментов. Уште еднаш стана јасно колку земјите членки имаат оддалечени и различни проценки и ставови, и во однос на трансатлантските релации или заедничката одбрана. Претседателот Макрон сака до пролет да биде усвоена Декларација за поголема стратешка автономија на Европа. Но, на крајот тоа сигурно ќе се сведе на некакви помали чекори во делот на поголема заедничка база на податоци или медицинска технологија во ЕУ. И во дебатата околу покачените цени на гасот се покажа дека нема усогласеност меѓу 27-те земји. Германската канцеларка предупреди дека „нема едноставно решение“. Шпанскиот премиер Педро Санчез пак сака, Европската Комисија да направи заеднички откуп на гас и повика на европски одговор на кризата. Премиерот на Холандија пак го одбил предлогов и смета дека земјите можат сами подобро да се справат со ова. Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврдел дека цените на гасот се резултат на „Зелениот договор“ во ЕУ со кој само ќе се оптоваруваат буџетите на земјите. Наспроти ова, претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен ја бранела климатската политика со фактот дека растот на цената е глобален феномен. Во моментов дебатата е хаотична. Во следните недели Комисијата ќе го претстави генералниот план, а на почетокот од декември и конкретни предлози за конструктивни мерки како на пример, европско складиште за гас. Темата за следниот ЕУ самит е токму енергетиката, односно ќе се дискутира за справување со огромниот раст на цената на гасот, што предизвика скок и на цената на струјата за европските потрошувачи.


19

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Ангела Меркел, германска канцеларка и Емануел Макрон, претседател на Р. Франција За европските лидери има еден начин за решение на спорот со Бугарија: да се гледа напред кон иднината, а не кон минатото. Заев смета дека Бугарија не умее да ја прочита оваа порака. Заев разочаран и од Радев и од Бугарија

Македонија, како земја што е најдрастичен пример исто така е разочарана. „Имавме уште една силна потврда дека само една членка се противи на проширувањето во моментов, односно на нашата интеграција и на почеток на преговорите за наше членство. За жал и со огромно разочарување, мое лично, а верувам и на сите граѓани блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија“ истакна премиерот Зоран Заев. Тој вели дека е разочаран од претседателот на Бугарија, Румен Радев и од самата Бугарија. Пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и од германската канцеларка Ангела Меркел, за Заев се многу јасни: “За решенија треба поглед напред кон иднината, а не копање во минатото, но за жал не сум убеден дека претседателот Радев ја разбра оваа порака. Чекорите и пораките што Радев ги презема во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани. Македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда овие блокади“, изјави Заев. Радев пак отворено побара „Скопје да престане со македонизмот', но и Македонија да престанела со асимилација на бугарски граѓани: „Додека нашите сонародници минуваат низ суптилна асимилација и нивните основни права се потиснати, Бугарија нема да каже „да“ за почеток на преговори со ЕУ“ истакна Радев.

ЕУ бара од ЕУ да си го одржи зборот

Во меѓувреме, европските лидери остануваат на пораките кои варираат од

разочараност до поттик за изнаоѓање на решение преку поглед кон иднината наместо кон минатото. Во продолжение ви ги сумираме изјавите од некои клучни европски водачи, коишто преку анализа ги пренесе „Дојче Веле“. Летонскиот премиер Артурс Каринс изјави: „Или Европа ќе подаде рака, или тоа ќе го стори некој друг.“ Тој алудираше на обидите на Кина, Русија или Турција преку инвестиции и политички иницијативи да изградат упоришта на Западниот Балкан. Шесте земји имаат долг пат пред себе, рече Каринс, но процесот на пристапување мора да напредува. И Ангела Меркел, на која до формирањето на новата германска влада и остануваат уште еден или два самита на ЕУ, уште еднаш јасно стави до знаење: „Не им правиме ние услуга ним, туку наш основен интерес е Западниот Балкан да биде дел од ЕУ“. Сите се согласиле со ова и нужно е Европејците да ги одржат своите ветувања. Германската канцеларка претходно заедно со францускиот претседател имаше обид, преку билатерални разговори да се надминат одредени интерни пречки. Во разговорите со претставниците на Србија и Косово, Ангела Меркел и Емануел Макрон безуспешно ветуваа економска поддршка со цел двете земји да го надминат конфликтот. Канцеларката и претседателот дури и си преземаа обврска да преговараат со Бугарија за да го решат спорот со Северна Македонија околу јазикот и долгогодишната блокада на пристапните преговори. Но, претставниците од Софија само одмавнаа со рака – тие како дел од преодна влада не се во позиција да решаваат. Канцеларката истовремено смета дека е бесмислено да се говори за временска

рамка за проширувањето. Свесна е дека за пристапувањето на Западен Балкан се говори веќе две децении, но повтори дека „се уште претстои долг пат“. Од друга страна, ниту земји како Црна Гора во која напредуваат реформите, не треба да бидат „заглавени” со фиксен датум. Другите едноставно би морало да продолжат со реформите, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупција за конечно да ги исполнат условите за прием. „Европа е наша судбина“ рече косовскиот премиер Албин Курти на почетокот од состанокот. Потоа ја критикуваше ЕУ дека не ги исполнува своите ветувања и ја повика да биде похрабра. Но, нема да има никаков историски исчекор сè додека неговата земја не ја признаат сите членки на ЕУ, меѓу кои е и Шпанија. Од сите кандидати Косово во моментов е најоддалечено од таканаречената „зрелост за членство“. Иако Холандија долго беше еден од најголемите противници на проширување на ЕУ, премиерот Марк Руте во Словенија се покажа невообичаено отворен. Тој изрази надеж дека преговорите со Северна Македонија наскоро може да започнат и го повика бугарскиот претседател да ја укинат блокадата. Но вели, пристапните преговори мора да бидат строги, чесни и засновани на поставените критериуми. Со ова Руте барем ја подотвори вратата за нивен почеток. Иако е загрижен за „владеењето на правото во неколку земји“ сепак вели дека проценката на состојбите е работа на Европската комисија. Познато е дека холандскиот премиер со ова мисли на Албанија и нејзината несоодветна борба против организираниот криминал. Имено, Холандија со години има проблем со ширењето на албанските нарко-групи во подземјето. Францускиот претседател исто така се помести од својот претходен скептицизам по прашањето на прием на земјите од Западниот Балкан. „Имавме многу добра дискусија“, рече Емануел Макрон, и покрај меѓусебните спорови на некои земји како Србија и Косово. Затоа е толку важно на овие земји да им се дадат краткорочни перспективи. „Гледаме дека историјата се повторува и дека постојат тензии.“ Макрон укажува на важноста на најавената финансиска поддршка од ЕУ. Комисијата планира во следните години да додели девет милијарди евра грантови и да обезбеди дополнителни 30 милијарди евра приватни инвестиции за подобрување на економската ситуација на Западниот Балкан. Производството во овој регион во моментов е само 1 процент од БДП на Европската Унија. Францускиот претседател исто така истакна дека ни самата ЕУ во моментов не е подготвена да прими нови членки, што според него е најголемата пречка. Мора да се реформира начинот на кој функционира ЕУ, а тоа и со сегашните 27 членки е веќе премногу тешка задача. На крајот сепак дојде до еден вид политичка прегратка со Западниот Балкан и уверување дека тие навистина му припаѓаат на семејството, само ако може побрзо и подобро да ги спроведат реформите. Останува да се види дали тоа заедно со финансиската инјекција од Брисел ќе биде доволно да се запре оддалечувањето од ЕУ, како она на Србија во насока кон Русија. nnn


INTERVIEW

ОКТ. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

САШКО ДАЕВ директор на РЕХАУ Дооел Скопје

СО НАШИТЕ РЕШЕНИЈА СЕКОЈ ИЗГРАДЕН КВАДРАТЕН МЕТАР ДОБИВА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ Интернационалната компанија РЕХАУ на македонскиот пазар е активно присутна веќе 22 години. Компанијата е водечки светски бренд за решенија кои се засновани на полимери, во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор, со повеќе од 21.000 вработени во целиот свет. Разговаравме со г-дин Даев околу тоа што значи квалитетот и иновативноста на решенијата на РЕХАУ, меѓу кои препознатливи за широката јавност се прозорските системи, за благосостојбата на живеењето и работата во резиденцијалните и деловни простории каде што се вградени.


21

СЕП. ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113 1112

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГX дин Даев, објаснете ни го значењето на РЕХАУ како инженерскиот напредок го подобрува секојдневниот живот и работа на луѓето – какви решенија нуди компанијата, кои се ваши соработници и клиенти? Во последниве децении, РЕХАУ прерасна во силен, меѓународен бренд во деловното опкружување. Инсталaтeрите, производители на прозорци, архитектите и градежните компании го познаат и веруваат во брендот РЕХАУ. РЕХАУ претставува техничка експертиза, висок квалитет и партнерство. Со нашиот нов слоган „Инженерски напредок. Подобрување на животот’’ ги поврзуваме двата света: Инженерски напредок, кој означува долгогодишно искуство на РЕХАУ во полимерни материјали, технологии и процеси. Подобрување на животот го претставува влијанието на производите на РЕХАУ врз животот на нашите крајни клиенти. Без разлика дали станува збор поздрав или поудобен живот, нашите производи директно или индиректно го подобруваат квалитетот на животот за секого. РЕХАУ е во бизнисот со прозорски решенија од 1974 година, и со својата иновативност, од деценија во деценија само го има доведувано до совршенство прозорскиот систем, а со постепеното поскапување на трошоците за греење, се повеќе до израз доаѓа значењето на квалитетниот прозорски систем со добра изолација, за еден стан, куќа или деловен објект. Кога станува збор за енергетски ефикасни прозорци, на сцена стапува U -вредноста на прозорците. U вредноста е коефициентот на топлотна спроводливост. Тој служи за оценка на топлинската изолација на еден прозорец и ја одредува количината на топлина која протекува низ една површина од 1 m² за еден час. Колку е пониска оваа вредност, толку е поголема топлинската изолација. Нашите прозорци имаат врвни вредности од 0,85 W/m²K. Тоа е извонреден напредок ако ви го кажам фактот дека конвенционалните прозорци со едноставно застаклување се со U-вредности од просечно 5,8 W/m²K. Прозорците на РЕХАУ поседуваат и индивидуално безбедносно засилување, кое го отежнува нивното насилно отворање. Повеќе од една третина обидите за насилно отворање се неуспешни, благодарение на безбедносната опрема, која ја имаат, а различните нивоа на звучна изолација овозможуваат, престој во сопствените четири ѕида, без да се слуша бучавата однадвор. Така се зголемува квалитетот на живеењето. Нашата главна цел е да градиме мрежа на производители коишто на најквалитетен можен начин ќе ги преточуваат нашите системи во готови прозорци и заслужено ќе го носат епитетот “РЕХАУ партнери“. Градежните компании во Македонија, кои строго се држат до своите принципи за создавање на квалитетни градби и станови со трајни вредности, се повеќегодишни купувачи на прозорци од

Исклучително сум горд на фактот што во Македонија во моментов се користи најголема количина на енергетски ефикасни градежни материјали на ниво на цел регион, дури во некои сегменти може да се споредиме со Австрија, се разбира мерено по број на жители, куповна моќ и сл. системите на РЕХАУ. Тие се етаблирани како изведувачи на квалитетни објекти и станови, на коишто најголем дел од становите им се веќе продадени во текот на нивната градба. XОбјаснете X ни малку повеќе за вашиот најпрепознатлив производ – прозорските системи: во што се состои нивната уникатност? Најсофистициран е прозорскиот профил ГЕНЕО, кој овозможува висока енергетска ефикасност. ГЕНЕО е направен од иновативен материјал Рау-фипро, засилен со стаклени влакна. Материјалот е претходно применуван само кај тркачките спортови и авионската индустрија. РЕХАУ е првиот производител во светот, кој започна да ги комбинира најдобрите својства на ПВЦ -то и стаклените влакна. Сега во профилот има уште поголем удел на стаклени влакна, и тоа за 50% повеќе. Тоа е прозорскиот профил Рауфипро-икс, со исклучително високи перформанси, којшто овозможува т.н. изолациска моќ со вредност од само 0,73 W/m²K а со вградување на тројно изолациско стакло, може да се постигне 0,60 W/m²K. Прозорскиот профил ГЕНЕО, со својата изолациска моќност 0,73 W/m²K, единствен на пазарот, во својата класа, е одлично препознаен од крајните корисници во Македонија, па така се вградени огромен број на ГЕНЕО прозорци во приватни и деловни објекти. Во 2021 година следејќи го трендот во светот, кога се повеќе се зголемува популарноста на лизгачките врати и прозорци со големи димензии, бидејќи се совршена можност за

создавање на импресивна и автентична архитектура, РЕХАУ воведува ново системско решение за лизгачки врати и лизгачки прозорци на пазарот. Лизгачкиот систем Синего Слајд е врвно решение за ситуации каде што е потребна максимална и рационална искористеност на внатрешниот простор, бидејќи од него се изработуваат лизгачки балконски врати но и лизгачки прозорци. Така делот од просторот околу прозорците останува слободен. XПознато X е дека РЕХАУ има и други производи во областа на градежните материјали. За што конкретно се работи? РЕХАУ има голема понуда на производи кои наоѓаат важна примена во градежништвото. Важен сегмент се производите од дивизијата објектна техника. Во овој дел РЕХАУ е понудувач на врвни решенија и системи за површинско греење и ладење. Тоа се системи, кои во земјава добиваат се’ поголема примена. Ако пред 20 – тина година имаше еден површински систем за греење, она што го викаме подно греење, денес овој систем е многу поразвиен и истиот наоѓа примена и во лето, кога треба просториите да се ладат. Со еден систем, се добива систем за греење во зима и за ладење во лето. Само една споредба: за да загреете една просторија со радијатор, треба влезна температура од 60-65 степени, а влезната температура на подното греење е 35 – 40 степени. Тука веќе имаме 50% помалку енергија за да се загрее и помали трошоци на крајот за корисниците, што е исклучително


ОКТ. 2021

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Производителите на прозорци, покрај тоа што од РЕХАУ ги добиваат прозорските профили за производство, тие од РЕХАУ добиваат и техничка експертиза, едукација, а при изградба на големи објекти и финансиска поддршка, каде што има прозорци во вредност од 500-600 илјади евра. РЕХАУ целосно стои зад своите партнери.

РЕХАУ – ПОВЕЌЕ ОД 7 ДЕЦЕНИИ ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКА СУПЕРИОРНОСТ

У

спехот на РЕХАУ се темели на иновации. РЕХАУ постојано работи на забрзување на технологијата и придвижување на дигиталната трансформација. Инвестициите во нови производи, процеси и бизнис модели се всушност инвестиции во иднината на компанијата. Пазарот е подложен на постојани промени. Барањата на нашите клиенти се менуваат. Потребни се производи, кои ќе бидат убедливи не само во однос на квалитетот, туку кои имаат и дополнителни функции. Следејќи го чекорот на времето, кое се наоѓа во засилена дигитализација, РЕХАУ создаде паметен прозорец кој проветрува додека е затворен на пример, паметен систем за заштита на прозорците од насилно отворање, паметно засенување на прозорците, паметен регулатор на температура во просториите, паметен контролер на вода, паметна чешма. РЕХАУ постојано се фокусира на нови полиња на работа, нови материјали, нови технологии и нови бизнис модели.

важно за нив. Системот обезбедува рамномерна распределба на топлината во целата просторија. Така, не се создаваат студени или премногу топли зони. Системот е управуван од софистицирана автоматика, која овозможува регулирање на собната температура онлајн преку интернет. Не помалку важен да се спомене е системот за водоводна инсталација во објектите од РЕХАУ, кој овозможува да се задржи квалитетот на водата за пиење, има исклучителна улога за хигиената на водата, како најважен елемент за животот. На овој начин, практично, се заокружува целината: добра термичка изолација на објектот со фасада со камена волна, во комбинација со доброизолирачки прозорец, заедно со површински системи за греење и ладење – добиваме објект каде што потребната енергија да се загрее или излади е сведена на минимум. XКако X домашниот пазар ги прифаќа овие енергетско – ефикасни решенија за објектите, на задоволително ниво ли е свесноста за потребата од вакви производи? Исклучително сум горд на фактот што во Македонија во моментов се користи најголема количина на енергетски ефикасни градежни материјали на ниво на цел регион, дури во некои сегменти може да се споредиме со Австрија, се разбира мерено по број на жители, куповна моќ и сл. Минатите години цената на прозорските системи беше пресудна, но денес пресудна е побарувачката е висококвалитетен производ. Градежните компании во Македонија, кои се држат на висок квалитет во нивната градба, во голема мера ги користат решенијата на РЕХАУ, особено прозорските решенија, но има случаи кога во објектите се вградува целата програма на РЕХАУ, како што е системот за водоводна инсталација, системот за површинско греење и ладење и секако заедно со останатите градежни квалитетни материјали становите добиваат голема додадена вредност. XПочнавте X во 2000 година со претставништвото во Скопје, а сега функционирате на три пазари. Како течеше развојот на РЕХАУ Дооел Скопје? Од 2000 година РЕХАУ Македонија ги опслужува пазарите во Македонија и Косово, а од 2004 и пазарот во Албанија. Во Косово имаме претставништво со четворица вработени, исто така и во Тирана имаме своја канцеларија со двајца вработени. Вкупно сме 25 вработени, а почнавме пред дваесетина години со мало претставништво во центарот на Скопје, и 4-5 вработени. На сите три пазари најпрво беа воведени прозорските системи, за денес РЕХАУ да има околу 25% пазарен удел во прозорските системи во Македонија, 22% во Косово, а во Албанија процентот е понизок, затоа што во оваа земја традиционално е популарен алуминиумот во прозорските системи, но има растечки тренд во изминативе неколку години.


23

САШКО ДАЕВ ДИРЕКТОР НА РЕХАУ ДООЕЛ СКОПЈЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Еден од најважните фактори во еден објект е греењето, а стремежот на сите станари нормално е, како тој трошок да биде поекономичен. За поголема економичност при потрошувачката на енергија, потребна е нејзина заштеда, односно спречување на непотребно губење на топлината низ прозорците. Прозорските системи на РЕХАУ, од коишто најсофистициран е прозорскиот профил ГЕНЕО, овозможуваат висока енергетска ефикасност. Високите изолациски вредности овозможуваат ниска потрошувачка на енергија и тоа до 76% помалку енергија, отколку кај старите прозорци.

XКако X влијаеше пандемијата врз работењето на вашата компанија? Минатата, 2020 година, започна многу добро. Првите два месеци беа одлични, градежништвото зеде замав, имаше побарувачка за системите на РЕХАУ. Веќе март и април месец особено, поради карантините и полициските часови што ги наметна пандемијата, градежните активности драстично паднаа, за потоа од месец мај повторно да се размрда пазарот. Во текот на летните месеци, со оглед на фактот што голем број граѓани не заминаа на одмори надвор од земјата, па ни внатре, решија да го искористат времето и парите, да ги реновираат своите домови, викендички и сл. Така, во втората половина од годината, ние успеавме 2020 ја завршивме според планот. Карактеристично е што на крајот на годината во билансите, предност од некаде 60% спрема 40% имаа нарачките

ОКТ. 2021

од индивидуалните домаќинства споредбено со градежните компании, додека годинава соодносот на е повторно 50% спрема 50%. XОбјаснете X ни ја вашата релација со партнерите - производители на прозори...која е предноста за двете страни од таа соработка? Покрај тоа нашите клиенти од РЕХАУ го добиваат материјалот, тие добиваат и техничка поддршка и едукација, а при изградба на големи објекти и финансиска поддршка, каде што има прозорци во вредност од 500-600 илјади евра. РЕХАУ целосно стои зад своите партнери. Преку 90% од нашите партнери компании кои произведуваат прозорци, се лиценцирани од РЕХАУ и постојано контролирани од наша страна за квалитетот на производството. Нашата цел е да имаме партнери, кои ќе растат заедно со нас. Многу од нив партнери, се навистина професионално

опремени и може да држат чекор со производители од Австрија, Германија... И не само што произведуваат за домашниот пазар, туку и извезуваат во земји од ЕУ. Некои постигнуваат капацитет и до 200 единки во смена, но обрнуваат внимание на квалитетот на производот, за да не може купувачот од странство да најде замерка. Нашите партнери, производители на прозори се дисперзирани низ цела Македонија, имаме партнери во речиси секој град од земјава. Некои се и повеќе од 15 години со нас, и во овие 22 години само двајца производители престанаа да работат со нас, нешто по нивна, нешто по наша одлука. Кога ќе видиме дека квалитетот паѓа, РЕХАУ ја прекинува соработката. Квалитетот ни е на прво место, сакаме здрав раст, а не само брз раст. nnn


ОКТ. 2021

24 Е - ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

АНАЛИЗА НА АЕТМ ВРЗ ОСНОВА НА ПОДАТОЦИТЕ НА НАРОДН

ВРЕДНОСТА НА ОНЛАЈН ТРАНС ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОВИСОКА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ


НА БАНКА

САКЦИИТЕ ЗА 61%

25

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Македонските граѓани потрошиле 123 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 73% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции и за 77,2% пораст во однос на минатата година.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

огласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2021 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен. Во првото полугодие од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 168,7 милиони евра што претставува пораст од 61% во однос на истиот период минатата година. Или ако споредиме со 2019та во шест месеци оваа година се реализирале трансакции вредни речиси колку во текот на цела 2019 година т.е. за само 4,2% помалку. При тоа во првиот квартал годинава остварени се 86,6 милиони евра, а во вториот квартал 82,1 милион евра. Физичките лица во првото полугодие од 2021 година остваруваат 92.7% од вкупните онлајн трансакции и притоа со побрз раст од 65,6% спрема растот на правните лица од 21,7% во однос на истиот период минатата година. Во првото полугодие од 2021 година направени се 6,45 милиони трансакции што преставува пораст од 50% во однос

на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена и таа изнесува 26,2 евра спрема 24,3 евра во истиот период минатата година. При тоа ако во првото полугодие минатата година просечната трансакција на правните лица била поголема (30,7 евра) во однос на физичките лица (23,8 евра) во 2021 година е скоро изедначена помеѓу правните и физичките лица.

Расте и бројот и вредноста на просечната онлајн трансакција

Македонците потрошиле 123 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 73% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции. Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да купуваат од домашните е – продавници. Имено, во текот на првите шест месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 123 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 77,2% во однос на истиот период претходната година. По квартали во првиот квартал е остварена вредност од 65,3 милиони евра додека во вториот 57,7 милиони евра. 96,7% од вредноста ја остваруваат физичките лица и забележуваат понатамошен побрз раст од правните лица. Расте и вредноста на просечната трансакција остварена од Македонците кон домашните е - трговци и изнесува


ОКТ. 2021

26 Е - ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Д-Р НИНА АНГЕЛОВСКА претседател на АЕТМ

Пандемијата значајно го поттикна растот на е - трговијата, па така забележавме троцифрен раст во вредноста на реализираните трансакции со домашни картички кон домашни е - трговци во текот на минатата година. Во услови на забрани за движење и грижа за заштита на сопственото здравје се повеќе граѓаните се свртеа кон алтернативата на традиционалното купување – односно онлајн. Сепак овие троцифрени стапки на раст беа од ниска основа, а едно од главните прашања кога станува збор понатамошниот развој на е - трговијата е дали овој раст ќе се задржи, со кое темпо ќе продолжи понатаму?

26,6 евра и тоа кај физичките лица 28, а кај правните 11 евра. “Пандемијата значајно го поттикна растот на е - трговијата, па така забележавме троцифрен раст во вредноста на реализираните трансакции со домашни картички кон домашни е - трговци во текот на минатата година. Во услови на забрани за движење и грижа за заштита на сопственото здравје се повеќе граѓаните се свртеа кон алтернативата на традиционалното купување – односно онлајн. Сепак овие троцифрени стапки на раст беа од ниска основа, а едно од главните прашања кога станува збор понатамошниот развој на е -трговијата е дали овој раст ќе се задржи, со кое темпо ќе продолжи понатаму? Во првото полугодие од оваа година забележуваме раст од 77% во вредноста на трансакциите со домашни картички кон домашните е - трговци, споредено до 2020 година – овој раст е охрабрувачки ако се има предвид дека во споредбената основа од минатата година имаме три ковид месеци, односно вториот квартал од 2020 кога беа на сила и строги рестриктивни мерки. Сепак како што речиси секогаш посочуваме, треба да се има предвид дека во овие статистки се земени сите реализирани трансакции онлајн, вклучително и оние за плаќање сметки. Се надевам дека трендот на ваквиот раст ќе продолжи и понатаму, како што и Асоцијацијата за е - трговија ги продолжува напорите, иницијативите и активностите со цел креирање поволна клима за забрзан раст на е - трговијата во земјава.” , вели претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Македонските потрошувачи оставиле 38 милиони евра кај странските трговци

Странците кон домашните е - трговци во првото полугодие од 2021 година направиле 7,6 милиони евра односно 75% од истиот период минатата година. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 36,2 евра. Македонците во странство направиле трансакции вредни 38 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 22,5% од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период минатата година остварен е раст од 24%. Физичките лица остваруваат 78,3% од вредноста и имаат поголем остварен раст од 26,2% спрема 15% на правните лица. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство расте со 19% а просечната трансакција изнесува 23,5 евра, и тоа 19,5 евра од физичките лица и 88 евра од правните лица. Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30.06.2021 година во Република Северна Македонија активни се 1.661 продажни места. Во вториот квартал на 2021 година се отворени 109 нови виртуелни продавници, а заедно со отворените 93 во првиот квартал бројот на онлајн продавници во првото полугодие од 2021 година е зголемен за 202 нови во однос на декември 2020 година. Споредбено со 30.06.2020 година кога бројот на активни е - продавници изнесувал 1.223, можеме да заклучиме дека за една година отворени се вкупно 438 нови е - продавници што претставува пораст од 36%. 


УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ЗАШТЕДИ САМОСТОЈНО, ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКО И МОБИЛНО БАНКАРСТВО!

СИТЕ ИМАМЕ РАЗЛИЧНИ ЦЕЛИ: НОВ СТАН, АВТОМОБИЛ, ПАТУВАЊЕ. Оствари ja твојата цел и штеди редовно со Флекси штедна сметка. Без минимален лимит за уплата Најповолна каматна стапка по видување 0.8% за МКД и 0,4% за ЕУР Контролирај ги заштедите преку е-банкарство

ОРОЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЗАШТЕДИ И УЖИВАЈТЕ ВО ПОВОЛНОСТИТЕ: Фиксна и загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување Исплата на камата месечно Можност за орочување на Вашата заштеда директно преку е-банкарство

Закажете состанок преку mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000

www.pcb.mk


ОКТ. 2021

28 ТЕХНОЛОГИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ТИМ ОД МАКЕДОНЦИ ОСВОИ НАГРАДА НА НАТПРЕВАР НА NASA


29

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Македонскиот тим „Team Devilish„ на светскиот хакатон на NASA кој секоја година се одржува под името NASA Space Apps Challenge, ја освоија наградата за Најдобра употреба на Best Use of an Open Source 3D Engine во Кливленд, и добија пофалби од судиите за нивната солуција.


ОКТ. 2021

30 ТЕХНОЛОГИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

М

инатиот викенд, на 2-ри и 3-ти Октомври, се одржа најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој овој пат, поради КОВИД-19 Пандемијата, втора година по ред, беше целосно онлајн. Иако КОВИД-19 Пандемијата ги наруши сите нормални функции на општеството, можеби еден позитивен исход е тоа што луѓето можат лесно да се поврзуваат онлајн, насекаде низ светот. Можеби, еден таков пример би бил и токму овој хакатон каде што луѓе од Македонија се пласираа на глобално ниво во средина на натпросечно успешни и талентирани млади луѓе, каде за нивните вештини беа оценувани од судии и менторирани од луѓе што доаѓаа од најголемите вселенски агенции како NASA, JAXA, ESA…

48-часовен предизвик за програмери, научници, дизајнери... Самиот хакатон е во форма на 48-часовен предизвик за програмери, научници, дизајнери, раскажувачи, технолози, каде секој тим ги користи

NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина, и заради тоа овогодишната тема на хакатонот беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи сè повеќе и повеќе јавните информации на NASA за да предложи решение за проблем во вселената или на Земјата. Тимовите не знаат која ќе им биде конкретната задача, заради недостиг на податоци, се до објавувањето на почетокот на хакатонот и воедно се оценуваат и за умешноста да соработуваат во тимот и со менторите, нивната креативност и критичкото размислување. Тимот „Devilish“ учествуваше во предизвикот наречен „ARTFULLY ILLUMINATED ASTEROIDS“, во кој од тимовите се очекуваше преку било која форма на уметност да ја прикажат истражувачката мисија на вселенската сонда „Lucy“ на НАСА, со цел да се информира, инспирира, заинтересира и запознае пошироката јавност со истражувањето на астероидите. „Нашиот тим одлучи најнапред да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда „Lucy“ и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, изјави 22 годишниот, Ивица Бузлевски од Ресен, дел од тимот. „Потоа се одлучивме дека ќе изработиме

3D модели со помош на кои ќе изработиме 3D анимација во која ќе ги прикажеме најважните моменти од истражувачката мисија на „Lucy“, како и да изработиме тематска песна која би ја искористиле во финалното видео. Дизајнерите на нашиот тим работеа во три различни софтверски програми: „Blender“, „Maya“ и „Solidworks“, од кои причини се соочивме со големи проблеми на некомпатибилност на 3D моделите при составувањето на финалниот проект. „Меѓутоа, и покрај тоа успеавме да се справиме со ситуацијата и да го завршиме проектот на време. На судиите им се допадна фактот дека успешно сме се справиле со софтверските проблемите и сме изработиле интересен видео материјал“, изјави Бузлевски.

Тимска работа Музиката во видеото е тематски изработена за проектот, кој се вика „Lucy Ascending“. Ја изработи Драган Мојсовски од Скопје 30 годишен, магистер по право, кој освен за музиката бил задолжен за истражување, решавање на проблеми и општа поддршка на членовите на тимот.


31

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ИВИЦА БУЗЛЕВСКИ

ДРАГАН МОЈСОВСКИ

ВИКТОР ПАНОВСКИ

ЖАРКО ВАНЕСКИ

Нашиот тим одлучи најнапред да направи истражување за патеката по која ќе се движи вселенската сонда „Lucy“ и за тоа кои вселенски објекти ќе ги пресретне и истражува за време на својата мисија“, изјави 22 годишниот, Ивица Бузлевски од Ресен, дел од тимот.

Музиката во видеото е тематски изработена за проектот, кој се вика „Lucy Ascending“. Ја изработи Драган Мојсовски од Скопје 30 годишен, магистер по право, кој освен за музиката бил задолжен за истражување, решавање на проблеми и општа поддршка на членовите на тимот.

3D моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките, било задача на Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија, механика и наука.

Создавањето на ракетата Атлас v 401 и сателитот Луси беше задача на Жарко Ванески, студент по машинско инженерство од Скопје.

3D моделите на астероидите, текстурите за другите елементи и надминувањето на сите неочекувани софтверски проблеми во врска со алатките, било задача на Виктор Пановски од Скопје, ентузијаст за технологија, механика и наука.

Дополнително, темата на дизајн и одбележување на овогодишниот NASA Space Apps Challenge Cleveland беше да се одбележи 80 годишнина од постоењето на NASA Glenn истражувачкиот центар со кој што блиско соработуваат.“, вели Димоска.

Создавањето на ракетата Атлас v 401 и сателитот Луси беше задача на Жарко Ванески, студент по машинско инженерство од Скопје.

Мартина Димоска во организацијата настапи со тим на Македонци кои тесно соработуваа со Американскиот тим, и без кои овој настан немаше да биде возможен, и тоа: Рената Наумовска (финансиски советник), Давид Мука Димовски (дигитални комуникации), Боби Софронијоски (дата архитект), Андреј Јаневски (мултимедиа специјалист) и Ана Атанасовска (ментор лид).

Возбудени од успехот, членовите на тимот ги охрабруваат сите млади луѓе да се пријават на NASA Space Apps Challenge Cleveland бидејќи се отвораат нови можности во однос на патентирања на нивните идеи и финансирање на проектите. Сите кои сметаат дека би сакале да се обидат нека се обратат на следниот маил: spaceappscle@gmail.com Мартина Димоска, како Local Lead изјави дека оваа локација за неа е посебна особено затоа што го превзема водството славејќи неколку специјални пригоди. Имено, NASA Space Apps Challenge слави јубилеј, 10 годишнина заради тоа овогодинешната тема на хакатонот беше „Моќта на десетката“ (The Power of Ten) што ги претставува десетте вселенски агенции вклучени и импактот и посветеноста која се прави преку #SpaceApps Challenge кон проширување на ова семејство на иноватори и сонувачи се’ повеќе и повеќе, како би станале што поголем и разновиден колектив. „На сите нас е да изградиме подобра и посветла иднина.

Акцент на меѓународна соработка Целата ситуација со „онлајн“ функционирањето, како и разноликоста на водечкиот тим на Кливленд годинава придонесе во разноликоста на самиот настан. Од друга страна, учеството и застапеноста на жените на овој настан беше во значителен пораст, и имаше еднаквост на сите полиња, од организациско ниво, па се до ментори, судии и учесници. Кливленд брои максимална бројка на тимови што некогаш ја имал, но и во духот на Спејс Апс годинава, имаше огромен акцент на интернационална соработка и со учесници на тимови од секаде низ светот на оваа култна локација. Дванаесетте тима кои учествуваа се: nnn

1.

3D ASTEROIDS

(Artfully Illuminated Asteroids)

2. COMPILATION ERROR (Drones and Satellites for Urban Development) 3. CONSTELLATION ANIMATIONS (Artfully Illuminated Asteroids) 4. ISU ICONS (Space Quest: The Game) 5. LAUNCHPAD (Unlocking the Secrets of the Sun) 6. PLASTITRACKER (Leveraging AI/ML for plastic marine debris) 7. SPACE TRASH PANDAS (Mapping Space Trash in Real-Time) 8. SPACE WOLVES (Let It Go (Without A Bang)) 9. SPACE WOLVES (Virtual Planetary Exploration v2.0) 10. STARFLOCK (COVID-19: Calculate the Risk) 11. TEAM DEVILISH (Artfully Illuminated Asteroids) 12. TEPPER PEPPERS (Measuring the Value of Earth Observations)


СЕП. 2021

32 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ВИКТОР СТОЈМАНОВСКИ МЕНАЏЕР НА СУРОВИНИ ВО БИМИЛК

СО ОБУКИ, ПОДДРШКА И ПОМОШ ЗА ФАРМЕРИТЕ, БИМИЛК КОН ДОЛГОРОЧНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЛЕКОТО


33

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Во пресрет на 70-годишнината од своето постоење, Битолска млекара и денес претставува најголем производител на млеко и млечни производи и лидер на македонскиот пазар во овој сегмент. Со обемот на својата работа, пристапот, политиките што ги креира кон квалитетот на конечниот производ и партнерскиот однос со фармерите, претставува најголем фактор со влијание врз целокупната млечна индустрија во државата. Виктор Стојмановски, доктор по ветеринарна медицина и менаџер на суровина во Бимилк, ја објаснува улогата на Бимилк во однос на млекото и квалитетот, како и компаниските политики и методите со кои влијае врз пазарот.

XКако X една од најголемите компании за преработка на млеко, откупувате голем дел од суровото млеко во државата. Врз основа на ова, каков е квалитетот на млекото од македонските фарми? Битолска млекара е најголем производител на млеко и млечни производи која следната година ќе прослави 70 години од своето работење. Денес компанијата може да се пофали со годишен капацитет за преработка на над 40 милиони литри сурово млеко и производство на повеќе од 50 производи. Бимилк, покрај тоа што е лидер во производство, исто така сме лидер и во откуп на сурово млеко. Токму затоа, при откупот особено внимание се обрнува на квалитетот на суровото млеко. Секој литар откупено млеко мора да ги задоволува законските критериуми за квалитетна суровина. За да се дојде до тоа особено внимание се обрнува на изворот, фармата од каде доаѓа суровината. Секоја фарма, секој млекопроизводител претставува значаен дел од ланецот на производство на млеко. Квалитетот на откупеното млеко зависи од повеќе фактори, почнувајќи од начинот на молзење, дали е рачно, со молзалици, со систем за молзење, следно е опремата за молзење и нејзиното миење, дезинфекција и складирање (чување) и како последна фаза до преработката е запазување на ладниот ланец. Години наназад Бимилк е во постојан контакт со фармерите и со спроведените обуки и честите консултации, секоја година има напредок и на квалитетот и на количината млеко. Со постојаните посети, обуки и воопшто комуникација со нив работиме на долгорочно подобрување на квалитетот на млекото. XБитолска X млекара има воспоставено релации со фармерите веќе подолго време. Каква е оваа соработка и што е во основата на ова партнерство? Дали ги стимулирате и како влијаете врз вашите кооперанти? Зад секој успешен бизнис мора да постојат две страни кои даваат свој максимум за да успеат. Така и Бимилк не може да биде најголема без своите кооперанти кои се и наши најважни партнери. Соработката помеѓу Бимилк и фармерите е од самите почетоци. Со постојани посети, комуникација и стручни совети, соработката се одвива во континуитет. Партнерството меѓу нас и фармерите се базира на взаемната соработка која резултира со просперитет на двете страни – ние добиваме квалитетна суровина, а фармерите континуиран и постојан развој. Нашиот пристап се заснова врз постојана комуникација и соработка со фармерите, затоа што кооперантите се нашите најважни партнери и нивната економска стабилност за нас значи континуитет на добри производни резултати. Имаме долгорочна цел и стратегија


СЕП. 2021

34 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

за одржување и развивање на македонската база за производство на сурово кравјо млеко, па со тоа предвидени се и одредени видови помош и асистенција при набавка на сточна храна, земјоделска механизација за поголеми приноси при производство на храна како и фармерска опрема со која се добива како квантитет така и квалитет на суровото млеко. Исто така, треба да се истакне дека во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедување на евтина добиточна храна, посовремени услови за одгледување, подобрување на расовиот состав на добитокот, подобрување на микробиолошкиот квалитет на млекото и друго. Особено внимание се посветува на програмата за увоз на стелни јуници со кои ќе се подобри квалитетот на сточниот фонд. Ние, како компанија стоиме зад своите фармери како гаранција при увозот на јуниците. Грижата кон своите кооперанти во голема мера придонесува да се одржи постигнатиот стандард како и бренд со врвен квалитет. XИмате X стриктна политика за квалитет како на суровинската база, така и на крајниот производ. Врз основа на што се прави изборот за откуп на сурово млеко? По што се одредува квалитетот на суровото млеко и какви сè контроли се спроведуваат за на крајот да имаме и квалитетни млечни производи? Несомнено, квалитетот на млекото што влегува, како и производот кој излегува е најважен како за нас така и за крајните потрошувачи. Постојано се вложува во овој дел и континуирано се зголемуваат стандардите. Македонското млеко е дел од нашата традиција која треба да ја негуваме и што ни дава обврска да го унапредуваме создавањето, процесот и секако крајниот резултат. Квалитетот на суровото млеко е дефинирано со неколку фактори, меѓу кои се хемискиот состав, вкупен број соматски клетки, вкупен број бактерии, температура на чување и сензорниот квалитет. Целосниот квалитет на млекото што ние го испорачуваме до граѓаните започнува од суровинското млеко, чиј основен квалитет со нашата современа методологија и технологија го надградуваме и на тој начин влијаеме и за зголемување на стандардите на млечната индустрија воопшто на македонскиот пазар. Контролите кои се преземаат секој ден стануваат поригорозни за да може да се одговори на зголемените стандарди. Нашата контрола започнува уште на терен при преземање на количините млеко, а потоа продолжува во нашата лабораторија и надворешните акредитирани лаборатории. Имаме договори како со акредитирани лаборатории, така и со неколку високи установи кои ни асистираат во одржувањето на квалитетот почнувајќи од суровината па се до конечниот производ. XКолкава X улога игра квалитетот на суровото млеко во квалитетот на крајниот производ? Млекото и млечните производи се високо квалитетни производи кои се незаменливи во нашата исхрана, а

особено во исхраната на младите чиј организам е сè уште во развој. За да се одржи нивната хранлива вредност и да може млекото да се преработи потребно е тоа да биде испорачано и употребено со истиот квалитет кој е добиен при молзење на здрави, добро чувани и правилно хранети животни. Без квалитетна суровина не може да се добие квалитетен конечен производ. Така и во млечната индустрија доколку немате квалитетна суровинска база, не може да се добие квалитетен млечен производ. Млеко со добар хемиски квалитет, добри микробиолошки параметри, чувано и транспортирано со запазен ладен ланец е гаранција за добивање на производи со врвен квалитет. XДали X и во кој степен фармерите млекопроизводители имаат удел во квалитетот на суровото млеко? Млеко добиено од здрави и правилно хранети животни е гаранција за понатамошен успех и напредување. За да се добие квалитетна суровина потребно е здраво стадо кое е чувано во објекти кои одговараат на сите стандарди за запазување на благосостојбата на животните. За добра профитабилност на една фарма најмногу придонесува добриот фармерски менаџмент. Со примена на добриот фармерски менаџмент секој фармер лесно го контролира своето стадо и произведува квалитетно млеко. Трендовите на модерно фармерско производство секојдневно се прошируваат и зголемуваат и доколку не ги следиме нема да може да се добие потребната суровина онака како што стандардите наложуваат. Работиме на развој на млекопроизводството преку воведување на современи техники и технологии, осовременување на фармите, едукација на фармерите, за да се обезбедат доволни количини на сурово млеко со квалитет кој ги задоволува највисоките светски стандарди. Поддршката што Бимилк им ја дава на своите кооперанти е во насока на стимулација на фармерите и во насока на градење и негување на долгорочните партнерски односи со нив, со цел да се обезбеди доволна количина квалитетно сурово млеко, што пак е и предуслов за квалитетни млечни производи. XКои X се светските трендови во производството на сурово млеко? Потребите за здрава и квалитетна храна секојдневно се зголемуваат. За да може да го прати трендот на раст и развиток секој фармер мора да ги применува светските стандарди. Иако се дефинирани како основи за развој на модерна фарма, сепак станува збор за опсежна листа од мерки што треба да се следат, како набавка на генетски квалитетно стадо кое има потенцијал за производство на квалитетно млеко, придржување до стандардна исхрана, во доволни количини. Исхраната е исклучително важна, затоа што во спротивно и квалитетот и квантитетот на млекото ќе варира во тек на една година. Еднакво се внимава и на начинот на чување на животните, така што потребен е објект каде се запазени сите услови за благосостојба на животните – стандардни лежишта, по можност да биде пуштен

систем на држење, добри амбиентални услови со обезбедена питка вода во секое време. Правилниот фармерски менаџмент е неспорно силен фактор. Примена на сето ова треба да придонесе за економска искористливост на животните – лактација од 305 дена, една година едно теле, зголемена литража на млеко во лактација. Секој фармер за да успее, мора да ги прати модерните трендови на фармерско производство и да учи од добрите практики на фармерите во светот. Како добар пример може да се земе развојот на фармерското чување на молзни крави во Кина, каде правејќи ги модерните трендови и со плански развој за краток период успеваат да добијат фарми со крави со висока лактација. Прво почнале со правилна генетска селекција на грлата и замена на старите со нови со висок генетски потенцијал. Потоа се преземени чекори во унапредување и примена на фармерскиот менаџмент со навремена набавка на доволни количина храна, правилен ремонт на стадото – замена на непродуктивните со нови млади јуници, избалансирана исхрана, примена на софистицирана опрема за следење на кравите, употреба на роботи за молзење и на крај употреба на квалитетна генетски тестирана сперма за вештачко осеменување на кравите. Многу битен фактор во развојот на фармите е превенирана заштита на кравите од појава на маститиси. Појавата на маститис – воспаление на млечната жлезда на кравите доведува до големи финансиски штети кај фармерите. Првин млекото од животните не смее да се употребува поради присуството на антибиотик – една финансиска загуба, ветеринарскиот третман со антибиотици – втора загуба и доколку не се преземе навремена терапија може да дојде до пресушување на кравата пред време, па дури и до нејзино угинување – што е најголема финансиска загуба. Модерните трендови предвидуваат правилна исхрана за време на лактацијата, особено во периодот пред и после засушување. Нашата пракса и советодавните услуги на фармерите се бонус за понатамошен развој и развиток на сточарството. XМакедонската X млечна индустрија подолго време се соочува со пад на сточниот фонд и количините на сурово млеко што се нудат, па каква е состојбата во моментов? Има ли некакви поместувања во позитивна насока? Развојот и перспективите на млекарството во Македонија треба да се градат интегрирано, а посебно значаен дел во реформите треба да се посвети на интензивирање на примарното производство, подобрувањето на квалитетот на суровото млеко. Според својата структура и ориентација краварските фарми, во најголем дел се традиционални и нископродуктивни со 2000 до 3000 литри млеко по крава во лактација. Најмногу преовладуваат фармите со големина до пет грла. Фармите кои поседуваат одреден потенцијал за производство на млеко се фармите со големина од 21-50 грла кои се специјализирани за


35

ВИKТОР СТОЈМАНОВСKИ МЕНАЏЕР НА СУРОВИНИ ВО БИМИЛК

млекопроизводство и се применува соодветна технологија на одгледување. Тоа се мали семејни фарми кои имаат најголем потенцијал за развивање и напредок. Во одржливоста на фармите големо влијание имаат и климатските услови и температурните разлики. Ова беше тешко и суво лето и приносите на храна не се на задоволително ниво. Сепак, во последните години има благо стабилизирање во овој дел кое се должи на развојните политики и можностите за просперитет на фармерите. Млечната индустрија е одржлива и нема пречки за тоа, но за подобар стопански напредок потребно е овој развој во чекор да го следат и фармерите млекопроизводители. XШто X и е потребно на млечната индустрија на среден и долг рок со цел да се спречи натамошниот пад на суровинската база, а потоа да се премине и на развојна компонента? Кои би биле вашите клучни барања до креаторите на политиките во оваа област? За да може да опстане млечната индустрија и да се спречи натамошниот пад на суровинската база потребни се системски промени во сите структури на производство почнувајќи од фармерите, млекопреработувачите па се до државните институции. Само со взаемна соработка помеѓу млекопреработувачите, фармерите и релевантните институции, како и со меѓусебна поддршка, размена на искуства и знаење, заеднички ќе оствариме позитивни резултати, раст и развој и одржливост, без оглед од која страна на процесот доаѓаме.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Зад секој успешен бизнис мора да постојат две страни кои даваат свој максимум за да успеат. Така и Бимилк не може да биде најголема без своите кооперанти кои се и наши најважни партнери. Соработката помеѓу Бимилк и фармерите е од самите почетоци. Со постојани посети, комуникација и стручни совети, соработката се одвива во континуитет. Потребно е воведување на современи техники и технологии, изградба на нови фарми, како и едукација на фармерите за да се обезбеди доволна количина квалитетно млеко кое ги задоволува највисоките светски стандарди. Потребно е навремено и адекватно субвенционирање на фармерите и контрола на субвенциите за да бидат правилно искористени и вложени за развој на фармата. Исто така, како една мерка е доделување обработлива земја за производство на доволни количини квалитетна сточна храна, за да не зависат од увезена храна. Развивање на свеста кај фармерите за задругарство со цел за поефикасно, но и поевтино производство. Фармерите се соочуваат со големи предизвици, од една страна раситнетоста кај производителите, односно големото мнозинство мали семејни фарми, со ниска продуктивност и големи трошоци и од друга страна секогаш присутната опасност и зависноста од временските

СЕП. 2021

прилики и надворешни фактори, како сушниот период и недостатокот на сточна храна од природен извор и неопходноста да се набавува скапо и со задолжување. Фармерите секогаш ќе имаат потреба од помош и поддршка на нивната функција и улогата во синџирот на одржливоста на млечната индустрија. Покрај помошта за фармерите кооперанти која доаѓа од нас потребно е и научните институции да бидат вклучени во советодавни услуги за развој на фармите. Потребно е континуирано инвестирање во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, особено во примарното производство на млеко. Ние продолжуваме со нашата поддршка за нашите партнери кооперанти, бидејќи од исклучителна важност е да вложуваме во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме да имаме квалитетни производи на полиците и да ги задоволиме нашите високи стандарди.

nnn


ОКТ. 2021

36 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

НАЦИОНАЛНИОТ СТАРТАП СОВЕТ ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ МЕРКИ

ПОДДРШКАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ ЌЕ СЕ ОДВИВА ПРЕКУ ТРИ СТОЛБА


37

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Владата, со сите засегнати министерства и институции ќе даде реална поддршка. Ќе преземеме чекори за предлогмерките од хартија да станат функционални со што полесно ќе се креираат политики и стратегии за развој на македонскиот стартап екосистем. Сите заедно ќе работиме на подобрување на регулативата за развој на иновациската дејност.

Ќе се формираат центри за развој на стартапи, ќе се подобрат условите за престој на дигитални номади, и ќе се создаде регистар на стартапи во Централниот регистар на државата. Предвидена е можност за регистрација на нов тип на друштво, поедноставено друштво со ограничена одговорност (ПДОО), олеснување на процесот на ликвидација за стартап компании, зголемување на флексибилноста на условите за работа, дерегулација на работењето надвор од седиштето на друштвото (работа од дома). Во делот на пристап до финансии, покрај финансирањето од ФИТР, дополнително е овозможена поддршка со поволни кредити и од комерцијалните банки, но и Амазон веб сервиси, а се предлагаат олеснувања за влез на надворешни инвеститори, даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите, како и даночни олеснувања и ослободувања за стартапи.

ФАТМИР БИТИЌИ

вицепремиер за економски прашања

Пристапот до финансии е еден од најважните елементи за развој на секој проект, во овој дел навистина преку инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој, направивме сериозни исчекори, над 56% од вкупната вредност на проектите се поддржува од средства од буџетот на ФИТР, а дополнително е овозможена поддршка со поволни кредити и од комерцијалните банки, но и Амазон веб сервиси.

П

редлог мерките за забрзан раст на македонскиот стартап екосистем кои се дефинирани за прв пат во државава од Националниот стартап совет, беа презентирани денеска на заедничка прес конференција, на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров. Премиерот Заев истакна дека во последните четири години, Владата покажа што значи да се биде партнер на македонскиот стартап екосистем. Премиерот подвлече дека во портфолиото на Фондот за иновации и технолошки развој, само во последните три години, поддржани се 605 проекти преку ко-финансирани грантови, со над 85 милиони евра вкупна инвестиција, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 36 проекти и вкупна инвестиција од приближно 1,5 милиони евра. „Од вкупните инвестиции заклучно со септември 2021 година, 56% односно околу 48 милиони евра се средства обезбедени од Фондот додека 37 милиони евра се сопствена инвестиција на компаниите што значи дека програмите на ФИТР поттикнаа значителен инвестициски циклус од страна на микро, малите и средните претпријатија. Охрабрува податокот дека 51% од портфолиото на Фондот се стартап компаниите, претежно основани од млади луѓе. Денес зборуваме за 326 поддржани стартап компании, во кои инвестиравме 18 милиони евра. Најголемиот дел од овие компании успешно работат не само

КОСТА ПЕТРОВ директор на ФИТР

Во моментов се финализираат и деталите околу првиот државен Инвестициски фонд, преку кој, во македонските стартапи ќе се инвестираат од 200.000 до 1.5 милион евра. Во тек е финална селекција на компаниите кои аплицираа на јавниот повик„Стартапувај 3“, преку кој ќе се поддржат македонските стартапи со 2 милиони евра а преку повикот за комерцијализација на иновации кој е во тек, обезбедени се 8 милиони евра за домашните стартапи. на домашниот пазар туку и рамо до рамо со светски познатите брендови на глобалниот пазар. Владата, со сите засегнати министерства и институции ќе даде реална поддршка. Ќе преземеме чекори за предлог-мерките од хартија да станат функционални со што полесно ќе се креираат политики и стратегии за развој на македонскиот стартап екосистем. Сите заедно ќе работиме на подобрување на регулативата за развој на иновациската дејност. Во свет којшто постојано се менува, заеднички ќе се бориме и за подобрување на условите за работа, затоа што ковид пандемијата ни покажа дека мораме да бидеме пофлексибилни, а работењето од дома за многу компании е новото нормално. Како Влада наша должност е да ги подобриме условите за пристап до финансии, за што се потребни даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите и стартапите“, посочи премиерот Зоран Заев.

Ќе се овозможи формирање на ПДОО - поедноставено друштво со ограничена одговорност

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој воедно е и претседател на Националниот стартап совет, ги презентираше деталите за трите столба од документот кои се однесуваат на стимулирање на развојот на екосистемот, подобрување на условите за работа за стартапите и подобрување на условите за пристап до финансии. Вицепремиерот информираше дека предлог-мерките се групирани во три столба: стимулирање на развојот на стартап екосистемот,


ОКТ. 2021

38 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

подобрување на условите за работа и подобрување на условите за пристап до финансии. „Првиот столб – стимулирањето на развојот на стартап екосистемот е дефинитивно можно и имаме уште простор ова да се развива, иако направивме квантни скокови до сега. Заеднички утврдивме дека е потребно да се подобри регулативата за развој на иновациската дејност, да се креираат дополнителни, нови инструменти за поддршка на стартапите кои ќе бидат во тек со глобалните трендови, да се формираат Центри за развој на стартапи, да се подобрат условите за престој на дигитални номади, како и да се создаде регистар на стартапи во Централниот регистар на Република Северна Македонија. Во однос на пакетот на мерки опфатени во вториот столб, кои би требало да ги подобрат условите за работа планирани се следни активности: Овозможување на регистрација на нов тип на друштво, поедноставено друштво со ограничена одговорност (ПДОО), олеснување на процесот на ликвидација за стартап компании, зголемување на флексибилноста на условите за работа, дерегулација на работењето надвор од седиштето на друштвото (работа од дома). Пристапот до финансии е еден од најважните елементи за развој на секој проект, во овој дел навистина преку инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој, направивме сериозни исчекори, над 56% од вкупната вредност

Охрабрува податокот дека 51% од портфолиото на Фондот се стартап компаниите, претежно основани од млади луѓе. Денес зборуваме за 326 поддржани стартап компании, во кои инвестиравме 18 милиони евра. Најголемиот дел од овие компании успешно работат не само на домашниот пазар туку и рамо до рамо со светски познатите брендови на глобалниот пазар.“, велат од Националниот стартап совет на проектите се поддржува од средства од буџетот на ФИТР, а дополнително е овозможена поддршка со поволни кредити и од комерцијалните банки, но и Амазон веб сервиси, сепак согласни сме дека може и повеќе. Затоа во овој столб мерки предлагаме олеснувања за влез на надворешни инвеститори, даночни олеснувања и ослободувања за инвеститорите, даночни олеснувања и ослободувања за стартапи“, ги презентираше предлог мерките усвоени од Националниот стартап совет, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Државниот инвестициски фонд ќе вложува од 200.000 до 1,5 милиони евра во домашни стартапи

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров истакна дека нашата визија е едноставна – позиционирање на Република Северна Македонија како регионален стартап хаб. „Заедно со вицепремиерот Фатмир, со Бистра, Ѓорѓи, Анита, Стефан и Дејан,

со чинителите на стартап екосистемот, со странските донатори и стопанските комори, за првпат седнавме на иста маса, и се запрашавме – што се’ е потребно сите ние да направиме, за да им овозможиме на македонските стартапи побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари.“, изјави Петров, директор на ФИТР и додаде дека во моментов се финализираат и деталите околу првиот државен Инвестициски фонд, преку кој, во македонските стартапи ќе се инвестираат од 200.000 до 1.5 милион евра. Петров потсети и дека е во тек финална селекција на компаниите кои аплицираа на јавниот повик„Стартапувај 3“, преку кој ќе се поддржат македонските стартапи со 2 милиони евра а преку повикот за комерцијализација на иновации кој е во тек, обезбедени се 8 милиони евра за домашните стартапи и иновативни компании да ги комерцијализираат своите производи и услуги. nnn


ОКТ. 2021

40 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

СЕ НАТРУПАА ПРЕМНОГУ РИЗИЦИ ЗА БЕРЗИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА РАСТАТ Падот на системот на Фејсбук во понеделникот ја покажа кревкоста на ИТ системите и зависноста на економијата од дигиталните алатки. Падот на ФБ беше 5%, но ништо драматично во однос на растот во последните 12 месеци. Но, ИТ индустријата е убедливо најлошата индустрија во последната недела, со пад поголем од 5%. По неа следуваат потрошувачката и комуникациската индустрија со пад од 3,5%, но и во двете индустрии има силни играчи во областа на е-трговијата, дигитализацијата и ИТ воопшто.


41

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС (опремата на текстот е редакциска)

З

аврши септември и дојде октомври. Сепак и двата месеци се непопуларни кај инвеститорите, бидејќи тие носат нестабилност и корекција по завршувањето на летниот мир. Годинава не е ништо поразлична, но загриженоста на инвеститорите за купот нерамнотежи во глобалната економија овој пат е поголема. Централните банки остануваат главни играчи на пазарите со нивната многу лабава монетарна политика. Тие се грижат за ликвидноста и за продолжување на поплавата од пари и следствено на тоа во одржување на каматните стапки на ниско ниво. Иако забележавме мал скок на каматните стапки од последниот преглед, особено за долгорочните обврзници, каматните стапки низ призмата во последните 20 години остануваат екстремно ниски. Исто така, гледаме дека инфлацијата станува се повеќе „леплива“ на устите на централните банкари, што значи дека таа очигледно ќе остане повишена и во 2022 година. Проценката дека инфлацијата за развиените економии во следната година може да се движи помеѓу 3,5% и 5% годишно, се чини дека е ниска во поглед на неодамнешните предизвици.

Цените на енергијата рушат рекорди

Имено, цените на енергијата во Европа и Кина продолжуваат да растат. Тоа носи со себе зголемување на цените на индустриските производи, што во крајна линија се претвора во повисоки цени за крајните потрошувачи. Цените на енергијата во Европа достигнаа нови највисоки вредности по порастот минатата недела, а индексот на суровини на Блумберг, кој мери 23 од најчесто користените извори и суровини за енергија, во понеделникот го достигна највисокото ниво во историјата, надминувајќи го нивото од 2008 и 2011 година. Растот на гасот се движи преку Атлантикот, во САД. Светската економија е глобализирана до тој степен што осамените острови ги нема повеќе. Промените во Европа или Азија имаат последици врз САД и обратно. Оваа зима ќе биде голем предизвик и за потрошувачите и за индустријата. Земјите се справуваат со проблемот на различни начини, сите на некој начин ќе ги контролираат цените. Но, проблемот е што нема доволно стока, во овој случај гас и електрична енергија. Цените може да се замрзнат, но ако нема гас и струја, едноставно нема. Вметнувањето на сè поголем износ на пари во ограничена количина на стоки не може да доведе до поинаков резултат од инфлација на цените на стоките. Ние во Југославија, откривме дека ова не функционира, но историската меморија на западните земји не ја искористи оваа лекција за земјите зад железните завеси. Енергијата е исто така стратешка грешка во транзицијата кон зелено. Транзицијата треба да биде постепена, но бидејќи брзаме да ги исполниме климатските цели и следствено на тоа да затвориме се што

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ИНВЕСТИЦИИТЕ НАДВОР ОД ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР ОСТАНУВААТ АТРАКТИВНИ Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори.

Н

асоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста. Пандемијата останува непозната, геополитика или она што се случува во Кина го додава својот удел во промените на пазарот. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централните банки, инвеститорите стануваат повнимателни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воспостави со мешање на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се

рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори. Тешко е да се предвидат деловните активности. За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.


ОКТ. 2021

42 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

се базира на фосилни горива, сите заедно ќе ја платиме цената во наредниот период. Поради високите цени на енергијата, очекувањата на компаниите опаѓаат, што ја влошува довербата на бизнисмените и прогнозите за идниот економски раст.

Логистичките проблеми само долеваат масло на огнот

Дополнителни проблеми и понатаму предизвикува прекинот на логистичките синџири. Во Велика Британија сè уште има голем недостиг на возачи на камиони. Војската привремено ја пополни празнината и ја ублажи кризата, но стоката продолжува да стои на бродови, во пристаништа и магацини, со што се повеќе се загрозува божиќната и новогодишната сезона, која е најважна за офшор трговците. Ова не е само проблем во Обединетото Кралство. Тоа е глобален проблем. Ова е проблем на централните банки, кои создадоа толку многу пари од нула. Зошто некој да вози камион кога може да ископува биткоин, да игра онлајн игри или да е инфлуенсер и да заработи повеќе. Во транзицијата кон дигитално општество, очигледно заборавивме дека во животот сè уште најмногу ни требаат опипливи работи што некој ги прави, а потоа ги испорачува. Пазарите одговорија на предизвиците споменати во претходниот преглед со пад. Долго очекуваната корекција е тука. Едноставно, се натрупаа премногу ризици за пазарот да продолжи да расте. Евергранд и кинескиот сектор за недвижности продолжуваат да носат немир на глобалните пазари, бидејќи не е јасно како колапсот на Евергранд ќе влијае на другите играчи на пазарот, како и на глобално ниво. Некои локални играчи исто така не се во можност да ги отплатат своите обврски и недостатокот на комуникација од кинеските власти може да го влоши проблемот. Предизвиците во логистичките синџири и високите вреднувања, исто така, почнаа да вршат притисок врз најголемите технолошки компании, кои овој пат очигледно нема да го одржат пазарот на рекордни вредности. Падот на системот на Фејсбук во понеделникот ја покажа кревкоста на ИТ системите и зависноста на економијата од дигиталните алатки. Падот на ФБ беше 5%, но ништо драматично во однос на растот во последните 12 месеци. Но, ИТ индустријата е убедливо најлошата индустрија во последната недела, со пад поголем од 5%. По неа следуваат потрошувачката и комуникациската индустрија со пад од 3,5%, но и во двете индустрии има силни играчи во областа на е-трговијата, дигитализацијата и ИТ воопшто.

Инфлацијата станува еден од главните фактори на пазарот

Единствената индустрија со зелени бројки (раст од 3%) е енергијата, што се должи на зголемените цени на истата. Мали негативни приноси беа генерирани од финансиската индустрија, снабдување и недвижен имот, но заедничко за сите е тоа што се смета дека се натпросечно отпорни индустрии на инфлација. Така инфлацијата станува еден од главните фактори на пазарот и јасно е

Растот на гасот се движи преку Атлантикот, во САД. Светската економија е глобализирана до тој степен што осамените острови ги нема повеќе. Промените во Европа или Азија имаат последици врз САД и обратно. Оваа зима ќе биде голем предизвик и за потрошувачите и за индустријата. Земјите се справуваат со проблемот на различни начини, сите на некој начин ќе ги контролираат цените. Но, проблемот е што нема доволно стока, во овој случај гас и електрична енергија. Цените може да се замрзнат, но ако нема гас и струја, едноставно нема.

Дополнителни проблеми и понатаму предизвикува прекинот на логистичките синџири. Во Велика Британија сè уште има голем недостиг на возачи на камиони. Војската привремено ја пополни празнината и ја ублажи кризата, но стоката продолжува да стои на бродови, во пристаништа и магацини, со што се повеќе се загрозува божиќната и новогодишната сезона, која е најважна за офшор трговците. Ова не е само проблем во Обединетото Кралство. Тоа е глобален проблем. дека поместувањето на капиталот од технолошкиот сектор во енергетика, финансии и снабдување ќе продолжи, бидејќи сите три индустрии и понатаму се под просекот во портфолиото на инвеститори. Според наше мислење, трендот што започна летото ќе продолжи, бидејќи високите цени на енергијата сè уште не се вклучени во цените на акциите на компаниите во енергетската и снабдувачката индустрија. Во исто време, вреднувањата во двете индустрии се умерени, а дивидендите се привлечни. И покрај зголемената нестабилност на пазарот на обврзници, каматните стапки се уште се ниски на долг рок и последната недела не донесе многу

промени. Приносот на 10 -годишната американска обврзница е 1,5%, додека на германската обврзница е околу -0,21%. Можеме да очекуваме бавен раст на профитабилноста во следните недели, главно поради повисоката инфлација. Реалните приноси ќе продолжат да бидат силно негативни. Доларот благо зајакна и се премести на ниво од 1,16 долари за евро. Силниот долар е донекаде изненадувачки, но се чини дека достигна ниво на кое тешко ќе се добие нешто од тргувањето во текот на следниве две години, доколку не се развие силна корекција на пазарот и инвеститорите не се повлечат кон побезбедни државни записи на САД. nnn


ОКТ. 2021

44 LIFESTYLE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

„NO TIME TO DIE“

НОВИОТ OMEGA ЧАСОВНИК ЌЕ БРОИ ВРЕМЕ НА НОВИ ЗАЕДНИЧКИ МОМЕНТИ!


45

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

В

истинската функција на човекот е да живее, а не да постои. Не треба да ги трошиме деновите само за да добиеме ден плус и да ги пролонгираме, туку треба да ги живееме и да го искористиме времето што ни е дадено“ - е дијалог од новит Бонд филм кој најдобро го опишува вчерашниот настан организиран од „Божиновски часовници и накит“ Со вистински и искрени насмевки под маски, тимот на „Божиновски часовници и накит“ после подолга пауза повторно заедно со своите ВИП клиенти и тоа на симболичен настан со наслов „No time to die“. „Навистина сме пресреќни што после подолга пауза поради пандемијата, повторно имавме можност да се видиме и да споделиме насмевки со нашите драги пријатели. Ексклузивната претпроекција на новиот Џејмс Бонд 007 организирана специјално за нашите ВИП клиенти и

промоцијата на новиот 007 Omega часовник беше одличен повод заеднички да си посакаме повеќе време за да бидеме заедно и во кое повторно ќе ја споделуваме нашата заедничка пасија кон часовничарството“, изјавија од Божиновски часовници и накит. Настанот беше искористен за да се најави уште една средба наскоро со уште поважен повод – повторното отворање на новодизајнираниот бутик на „Божиновски“ на ул. Македонија, со современ изглед и многу нови и инвентивни содржини за своите клиенти. Во новиот салон посетителите ќе имаат можност детално и одблиску да се запознаат со новитетите на Omega кои во моментот на својот пат низ Европа баш во овој бутик ќе бидат изложени од 13ти до 16ти октомври. Часовниците не се достапни во продажба, но достапни се за преднарачка по желба на клиентот. Времето на повторни средби потвторно се враќа во градот затоа што.... „No time to die“.

„Божиновски часовници и накит“ организираше ексклузивна претпроекција на новиот Џејмс Бонд 007 специјално за нивните ВИП клиенти и го промовираше новиот 007 Omega часовник.


ОКТ. 2021

46 РЕПОРТАЖА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

ОПШТИНА КОНЧЕ ПРИМЕР ЗА МУЛТИЕТНИЧКИ СОЖИВОТ И МОДЕЛ НА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ


47

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Oд самите почетоци, како мала рурална општина во ридско планинска област, со релативно мал број на население, финансиски нестабилна, со текот на годините, чекор по чекор, со ангажман на локалната самоуправа, но и посветеноста и поддршката на сите жители, Општина Конче станува успешен пример за мултиетнички соживот и модел на ефикасно управување.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

О

пштина Конче е типична мала, рурална и мултиетничка општина сместена во југоисточниот дел од нашата држава, помеѓу општините Штип, Радовиш, Василево, Струмица, Валандово, Демир Капија и Неготино. Оддалечена е околу 150 километри од главниот град. Најблизок поголем град е Радовиш, оддалечен 22 километри, а растојанието до Струмица и Штип е околу 50 километри. Покрај истоименото село Конче, кое е административен центар, во рамки на општината активни се селата Ракитец, Габревци, Дедино, Долни Липовиќ, Лубница и Горни Липовиќ во кои вкупно живеат околу 3.500 жители на површина од околу 233 км2. За општина Конче постојат многу познати и помалку познати занимливости, што треба самите да ги откриете, но првиот впечаток на сите е околина која изобилува со мир, спокој, здрава храна, недопрена природа и зачувани локални традиции. Ако подлабоко навлезете во оваа мала рурална општина на југоистокот, ќе забележите реален пример за толеранција и соживот помеѓу граѓаните, но и успешен модел на управување кој придонесува за локален економски развој.


ОКТ. 2021

48 РЕПОРТАЖА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

Мир, слога и меѓусебна почит во малата рурална, мултиетничка општина

Конче е пример за мултиетнички соживот. Имено, во селото живеат жители од две етнички заедници – македонска и турска. Во Конче, македонците живеат со турците и обратно и меѓусебно се почитуваат од памтивека, си помагаат едни на други. Подеднакво се слуша, мераба и здраво. Никогаш немало конфликт меѓу двете националности и вери. Соживотот во секојдневието на Конче е реалност. Локалните жители не зборуваат повеќе за македонци и турци, туку разговараат за вработувањето на Васко, приновата кај Митеви, веридбата на Исмаил, и прводеленецот на Максудови. За Бајрам се оди во турските куќи, а за Божиќ и Бадник во македонските. „Во минатото можеби и имаше мала поделба, но благодарение на градоначалникот, во последните години, таквата поделба воопшто ја нема. Кога станува збор за интересот на жителите, Градоначалникот Благој Илиев се залага подеднакво за сите, без разлика дали станува збор за македонци, турци или за членови на една или друга политичка партија“ - потенцира Реџеп Реџепов, земјоделски инженер, кој повремено живее и работи во Шведска. Благосостојбата и слогата во која живеат жителите од македонска и турска националност во Конче, ја констатираше

и Екрем Џаналп, Валија на градот Едрене во Турција, кој при својата неодамнешна посета на овој крај истакна дека Конче е „место каде црквата и џамијата се почитуват подеднакво и каде верниците се молат за здравје и благосостојба“.

Мала, ефикасна и ефективна локална самоуправа

Општина Конче е пример дека и во наши услови, една мала рурална општина со ограничени ресурси, но со поставување на приоритети и донесување на добри одлуки, макотрпна работа и многу труд, може да се постигнат многу резултати и истата да се развива со забрзано темпо. Иако се работи за општинска администрација со мал број на вработени, благодарение на ентузијазмот и проактивниот пристап на градоначалникот и вработените, во Конче континуирано се обезбедуваат услови за поквалитетен живот на своите жители. При тоа, може слободно да се каже дека во определени сегменти локалната самоуправа далеку ги надмина сопствените можности. Во изминатиот период, Општина Конче се покажа како поуспешна во спроведувањето на проекти финансирани од фондовите на ЕУ дури и од многу поголеми и поразвиени општини. Со европски пари успешно се спроведени неколку големи проекти. Жителите на општината конечно добија јавни услуги кои ги чекале со години, па и со децении. Општината ја доби својата

прва детска градинка, а изградена е и првата спортска сала, каде учениците, спортистите и ентузијасти тренираат и спортуваат. Повозрасните жители на општината добија неколку сервисни социјални услуги за грижа и нега во домот и помош во извршувањето на секојдневните обврски. „Локалната самоуправа работи за доброто на сите граѓани, притоа слушајќи ги нивните барања и потреби. Подобрените услови, мирот и спокојот кој владее, чистата животна средина и можностите што се создаваат се клучен мотив за жителите повремено или постојано да живеат во селата“ вели Младен Тодоров, од с. Ракитец, кој после 30 години работа во Швајцарија, од пред неколку години повторно живее во своето родно село. Невработеноста на ниво на општината е намалена за приближно 20% во однос на 2017 година, а инвестициите во јавниот сектор се значително зголемени. Покрај активностите во комуналната инфраструктура кои се редовна обврска на секоја локална самоуправа како што се изградба на патишта, водоводи, и канализација, во општина Конче значително се инвестира и во локалниот економски развој, руралниот туризам и земјоделството. Во селата е инсталирано модерно улично осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки, слободни интернет


49

ОКТ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1113

зони има во секое село, а солидно функционира и системот за собирање на комунален отпад. Општината има поставено две агрометеролошки станици за информирање на земјоделските производители за временските услови, влажноста, поволно време за наводнување, опасност од болести, а уредени се и скоро сите пристапни патишта до земјоделските површини. Постапката за формирање на мала индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија е во завршна фаза, а приватни инвеститори веќе имаат изразено намера за инвестирање во рамки на зоната, но и на други локации во општината.

Туристички потенцијали, култура и традиција

Општината има сеуште неискористен потенцијал за развој на руралниот и активниот туризам. Езерото Мантово е прекрасно место за спортски риболов, во чија околина веќе се изградени околу 200 викендици. Во неговата околина постојат можности за пешачење до локалитетот Габрешка Чука, а со проект на општината неодамна е уреден локалитетот Влашки Колиби во непосредна близина на езерото. Овде, посетителите можат да дојдат на викенд во природа, да практикуваат рекреативни и спортски активности како кајакарење или планински велосипедизам, да направат

пикник во природа, или едноставно да уживааат во природните убавини. Домашно приготвената храна е интегрален дел на понудата за рурален туризам. Богатството и разновидноста на земјоделски и сточарски продукти кои се произведуваат локално, овозможува на трпезата да се најдат различни видови традиционални јадења. Пред се треба да се вкуси традиционалното бело овчо и козјо сирење. Од општината информираат дека работат на обезбедување на подобар пристап до езерото Мантово, преку новиот експресен пат Радовиш – Штип, а преку европски проект во 2022 година ќе го реализираат најголемиот вело фестивал во државата. Веќе имаат најави за приватни инвестиции во ресторан и апартмани за туристи. Во селото Габревци, оддалечено на околу 5 километри од езерото Мантово, сеуште егзистира едно од најстарите човекови занимања грнчарството, а грнчарските производи како тави и стомни се барани на околните пазари поради чистотата и квалитетот на природната глина. Народните игри и ора од ова село се одликуваат со тоа што играорките играат со стомна полна со вода на главата. Во нашата кратка посета на село Дедино, мештаните не’ запознаа со традициите и културата која ги негува оваа населено место. КУД „Цветови“ е едно од најактивните друштва во регионот во

која членуваат триесеттина млади лица, кои и понатаму ги негуваат традициите на нивните дедовци и баби. Исклучително се горди на честа која им била укажана, успешно да ја претставуваат својата општина во Шпанија.

Надеж за поубаво и подобро

Жителите на општина Конче се непосредни, позитивни, гостопримливи и скромни. Желбите и соништата на жителите со кои разговаравме се да останат и да работат во нивниот роден крај, кој изобилува со мир, спокој, традиција, чиста животна средина и природни убавини. После локалните избори, очекуваат дека работите ќе одат на уште подобро, општината ќе продолжи да се развива со засилено темпо како и досега, со што никој не би морал да бара егзистенција далеку од своето родно место. Очекувањата се дека ќе се отвораат работни места во рудникот Боров Дол кој се наоѓа на 20 км од Конче, ќе се направат нови инвестиции кои ќе овозможат вработување на младите лица и жените, ќе се обезбеди засилена поддршка на земјоделството од кое егзистираат голем број семејства, но и дека ќе се продолжи со активностите за развој на туризмот на езерото Мантово и ќе се обезбедат уште подобри јавни услуги. nnn


Profile for Kapital Media Group

1113- Kapital magazine  

Business magazine

1113- Kapital magazine  

Business magazine

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded