__MAIN_TEXT__
feature-image

Page 1

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ НА СЕКОИ ТРИ ЕВРА ОД ЕУ СМЕ ИСКОРИСТИЛЕ САМО ПО ЕДНО business magazine

БРОЈ 1107 l 9 јули 2021 петок година 21 l www.kapital.mk

КОВИД – 4 ЛИНИЈА

COVER STORY ГОРДОСТ НА ХРВАТСКА

НОВИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ПОЛИТИКА

МАТЕ РИМАЦ Е НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА БУГАТИ Е-ТРГОВИЈА

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ ПРОМЕТОТ КОН ДОМАШНИ Е-ПРОДАВНИЦИ ЗА 126%

ОПШТЕСТВО

ПРВА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА

СОБРАНИСКА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА БУГАРИЈА ВНАТРЕШНА ИГРА И/ИЛИ ВЕШТ ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР?


3

КАПИТАЛ... 1107 4

10

COVER STORY

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Вест што ја направи Хрватска горда

Слаба искористеност на претпристапите фондови од ЕУ

Мате Римац е новиот сопственик на Бугати

На секои три евра од европските фондови сме искористиле само по едно

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

14

ПОЛИТИКА

Собраниска резолуција за Бугарија Внатрешна игра и/или вешт дипломатски маневар?

30

Е-ТРГОВИЈА

Анализа на број и обем на онлајн трансакции во првиот квартал

Македонските граѓани го зголемиле прометот кон домашни е-продавници за 126%

18

24

ЕКОНОМИЈА

ОПШТЕСТВО

Кредитна линија Ковид - 4

Усвоена првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Нови 10 милиони евра бескаматни кредити за компаниите

COVER STORY Вест што ја направи Хрватска горда....4 Мате Римац е новиот сопственик на Бугати ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Слаба искористеност на претпристапите фондови од ЕУ..............10 На секои три евра од европските фондови сме искористиле само по едно ПОЛИТИКА Собраниска резолуција за Бугарија.....14 Внатрешна игра и/или вешт дипломатски маневар? ЕКОНОМИЈА Кредитна линија Ковид - 4............................18 Нови 10 милиони евра бескаматни кредити за компаниите

ОПШТЕСТВО Усвоена првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија......................................24 Државата системски ќе ја зголемува финансиската писменост на граѓаните Е-ТРГОВИЈА Анализа на број и обем на онлајн трансакции во првиот квартал...............30 Македонските граѓани го зголемиле прометот кон домашни е-продавници за 126% ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Големо засилување за курирската ком панија................................................................................34 ДХЛ Експрес Македонија го зголемува транспортниот капацитет со авионот Boeing 737-400SF

34

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Големо засилување за курирската компанија

ДХЛ Експрес Македонија го зголемува транспортниот капацитет со авионот Boeing 737-400SF

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Збогатување на опциите за менаџмент едукација........................................38 Во Виница се отвори Академијата за менаџери СВЕТ Пазари на капитал...............................................40 Растот на економиите останува висок ЛИДЕРИ Know – how од основачот на PayPal.........................................................................44 Како Питер Тиел со шаховски тактики стана милијардер? ЛИДЕРИ Рекоа за...успехот.................................................46 Не дозволувајте стравот од неуспех да биде поголем од возбудата на успехот.

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 08.07.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈУЛИ 2021


COVER STO

ЈУЛИ 2021

4 АВТОМОБИЛИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ГОРДОСТ НА ХРВАТСКА

МАТЕ РИМАЦ Е НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА БУГАТИ


ORY

5

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Иако веќе извесно време се шпекулираше околу преземањето, сепак кога Мате Римац на 5 јули од познатата дубровничка тврдина Ловријенац и официјално соопшти дека неговата компанија Римац Автомобили го презема славниот бренд на супер – автомобили Бугати – веста одекна како бомба низ сите светски меридијани. Хрватскиот претприемач кој за само 12 години од својот стартап во гаража успеа да стигне до компанија со преку 1.000 вработени предизвика неверица кај сите што барем малку се разбираат во автомобили – токму во духот на името на најновиот автомобил од ергелето на Римац Автомобили, Невера.


ЈУЛИ 2021

6 АВТОМОБИЛИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Невера (десно), најновиот автомобил излезен од погоните на Римац Автомобили, е моментално најбрзото сериско возило на светот. Целосно на електричен погон, има моќ од 1.914 коњски сили и забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни 1,85 секунди. Лево на фотосот е Бугати Широн (Chiron), перјаницата на славниот бренд, чиишто возила сега ќе се развиваат под капата на Бугати Римац.

Д

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ еновиве беше објавена вест која звучеше нестварно, но сепак е вистинита – Римац го презема Бугати, еден од најлегендарните автомобилски брендови во светот. Фактот што една хрватска компанија го прави тој чекор, преземање на Бугати, вистинска икона на автомобилската индустрија би звучела како првоаприлска шега ако дотичната хрватска компанија не се вика Римац Автомобили. Неверојатно звучи и периодот во којшто Мате Римац од иноватор што компанијата ја основал во сопствената гаража стигнал до тоа да управува со бренд како што е Бугати – само 12 години. На 5 јули, имено, од Римац Автомобили беше потврдена веста околу која се шпекулираше извесно време – компанијата на Мате Римац станува мнозински сопственик на Бугати. Компанијата Римац Автомобили станува Римац Група, поделена на две компании – Бугати Римац (Bugatti Rimac) и Римац Технологија (Rimac Technology). Римац Група ќе биде најголем акционер на новата компанија Бугати Римац д.о.о. , со удел од 55%. Мате Римац ќе го задржи својот веќе постоечки удел во Римац Група од 37%, Порше (Porsche) останува на 24%, Хјундаи Мотор Група (Hyundai Motor Group) на 12% и останати инвеститори на 27%.

Развојот, производството и испораката на батериски системи, погонски склопови и останати компоненти за електрични возила, по коишто Римац стана познат и со коишто се стекна со доверба на бројни производители на автомобили, ќе бидат одвоени во нов деловен субјект – Римац Технологија – којшто ќе биде во стопроцентна сопственост на Римац Група. Римац Технологија останува независна компанија што ќе соработува со бројни светски автомобилски брендови, велат од Римац Автомобили, од каде што испратија и инфографика на новата сопственичка структура.

Никола Тесла како инспирација

Мате Римац ќе биде на чело на новата компанија. Како главен извршен директор на Римац Група, ќе ја води Бугати Римац и новата компанија Римац Технологија. Мате Римац така и понатаму ќе управува со сите сегменти на работењето на Римац Група, којашто сега го вклучува и Бугати. Бугати и Римац продолжуваат како посебни брендови, ги задржуваат постоечките производни погони и канали на дистрибуција, додека седиштето и целиот развој за обата бренда ќе биде во Хрватска. Во иднина глобалното седиште на компанијата Бугати Римац ќе се наоѓа во новиот Римац Кампус, којшто ќе биде седиште на компанијата Римац Технологија. Во кампусот ќе се произведуваат технологии и компоненти за автомобили од обата бренда, додека склопувањето на моделите на Бугати ќе продолжи во Молсajм во Франција. Од компанијата на Римац порачаа дека со тоа се продолжува користењето на

историската локација, која е неразделива од брендот на Бугати. Кампусот на Римац вреден 200 милиони евра, со површина на објектите од 100 илјади м2, треба да биде отворен во 2023 година и ќе биде база на сите истражувања и развој на идните хипер – автомобили на Римац и Бугати. Претставувањето на историската зделка се случи вечерта на 5 јули во Дубровник, на тврдината Ловријенац, каде што дента со хеликоптер беа префрлени три автомобили: Nevera на Римац, Chiron на Бугати и Taycan на Порше. На презентацијата говореа Мате Римац, основач и извршен директор на Римац Автомобили, Оливер Блумe, извршен директор на Порше, како и Луц Мешке, заменик претседател и финансиски директор на Порше. Римац во својот говор нагласи како во 2009 година, кога сам го почнал бизнисот во гаража, не ни можел да замисли дека за 12 години ќе биде во ваква позиција. Пред 12 години Римац имал еден вработен – тој самиот. Кога фирмата го исфрлила на пазарот својот прв автомобил – Concept One – биле 11 вработени. Оваа година, кога го претставиле хипер – автомобилот Римац Невера, којшто ги воодушеви автомобилистичките новинари ширум светот, компанијата имаше повеќе од 1.000 вработени. „Некој да ми кажеше пред 12 години дека ова ќе се случи, не би му верувал“, рече Римац. „Ме инспирираше Никола Тесла и неговите изуми и сакав да докажам дека електричните автомобили може да бидат побрзи и повозбудливи


7

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ШТО НАПИШАА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА БУГАТИ ОД СТРАНА НА РИМАЦ СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ Веста досега ја објавија Си – Ен – Ен (CNN), Ројтерс (Reuters), Фајненшл Тајмс (Financial Times), Си – Ен- Би – Си (CNBC), Врџ (The Verge и други, како што пренесува порталот Index.hr.

Ц

ела низа влијателни светски медиуми ја објави веста за преземањето на автомобилскиот бренд Бугати (Bugatti) од страна на хрватскиот претприемач Мате Римац. Веста досега ја објавија Си – Ен – Ен (CNN), Ројтерс (Reuters), Фајненшл Тајмс (Financial Times), Си – Ен- Би – Си (CNBC), Врџ (The Verge и други, како што пренесува порталот Index.hr. Си – Ен – Ен наведува дека Фолксваген групацијата (Volkswagen) и Порше (Porsche) се договориле за создавање нова компанија која ги спојува Римац Автомобили (Rimac Automobile), хрватска компанија што произведува електрични супер – автомобили и славниот италијански бренд на ултралуксузни супер – брзи автомобили, Бугати. Седиштето на новооснованата фирма Бугати Римац ќе биде недалеку од Загреб, пишува Си – Ен – Ен, додавајќи дека Бугати ќе продолжи да функционира како посебен бренд, иако Римац и Бугати заеднички ќе развиваат нови автомобили на Бугати. Си – Ен – Ен пишува дека Римац во автомобилската индустрија влегол како 21 – годишник, и дека прво го развил Concept One, а потоа и Rimac Nevera, автомобил од 1.900 коњски сили вреден 2,4 милиони долари.

Во написот на американската новинска куќа се наведува и дека Римац досега се специјализирал за развој на технологија за електрични автомобили, вклучително и батерии. Меѓу клиентите на Римац се компании како Јагуар (Jaguar), Астон Мартин (Aston Martin) и шведскиот производител на супер – автомобили Кенигсег (Koenigsegg). Си – Ен – Ен ја спомнува и соработката помеѓу Римац и италијанската Пининфарина (Pininfarina), компанија своевремено позната како дизајнер за Ферари (Ferrari). Мате Римац рече дека спојувањето со Бугати не значи дека Бугати отсега ќе произведува само електрични автомобили, но навести дека во блиска иднина сигурно ќе има и електрични модели на Бугати. Најави и дека наследникот на славниот модел на Бугати, Chiron, многу веројатно ќе има хибриден погон.

Фајненшл Тајмс: Римац во 2009 почна во гаража, а сега е меѓу најбараните иноватори

Преземањето на Бугати од страна на Римац Фајненшл Тајмс го опишува како “зделка којашто ја цементира позицијата на Римац како етаблирана сила во автомобилската индустрија“. Новата компанија ќе се вика Бугати Римац и ќе ја води Мате Римац,

наведува ФТ, додавајќи дека Римац својата компанија ја основал во 2009 година во гаража, и оттогаш станал еден од најбараните технолошки иноватори во индустријата. Фактот што Бугати ќе биде контролиран од специјалист за електрични автомобили е голем исчекор за брендот, познат по своите бучни хипер – автомобили и мотори од 16 цилиндри, смета ФТ. Меѓутоа, напредокот во технологијата на батериите, доведе до постигнување на брзини што не можат да ги достигнат ниту најнапредните возила придвижувани со мотори на внатрешно согорување, истакнува ФТ преку примерот со Nevera на Римац, кој би требало да е најбрзиот сериски автомобил произведен во историјата. (таа титула досега ја држеше Bugatti Chiron). Римац, како што пренесува ФТ, рекол дека до крајот на деценијава Бугати ќе произведе потполно електричен автомобил, а дотогаш ќе се фокусира на хибридни модели. „Можеме да имаме две паралелни, потполно различни производни линии“, рече Римац, којшто Бугати го спореди со швајцарските часовници, а Римац Автомобили со часовниците на Епл (Apple).


ЈУЛИ 2021

8 АВТОМОБИЛИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Ултра модерниот кампус на Римац вреден 200 милиони евра, со површина на објектите од 100 илјади м2, треба да биде отворен во 2023 година и ќе биде база на сите истражувања и развој на идните хипер – автомобили на Римац и Бугати. Мате Римац (во средината) во понеделникот, на 5 јули, на свечениот настан во Дубровник, заедно со Оливер Блумe, извршен директор на Порше, и Луц Мешке, заменик претседател и финансиски директор на Порше, ги објавија сите детали од „зделката на векот“. Глобалното седиште на компанијата Бугати Римац ќе се наоѓа во новиот Римац Кампус, којшто ќе биде седиште на компанијата Римац Технологија. Во кампусот ќе се произведуваат технологии и компоненти за автомобили од обата бренда, додека склопувањето на моделите на Бугати ќе продолжи во Молсajм во Франција. Од компанијата на Римац порачаа дека со тоа се продолжува користењето на историската локација, која е неразделива од брендот на Бугати. од конвенционалните“, кажа Римац говорејќи за својата мотивација. „Секогаш сакав ова да го направам во Хрватска и да покажам дека може и овде да се направи. Како што вели изреката, се’ е неможно додека некој не го направи.“, рече Римац.

Челниците на Порше: „Мате е претприемач каков што ретко се среќава“

Челниците на Порше Оливер Блумe и Луц

Мешке не штедеа епитети говорејќи за Мате Римац. „Мате Римац е исклучителен претприемач, такви нема многу во автомобилската индустрија. Опуштен е и сериозен во исто време. И покрај неговиот огромен успех, остана цврсто на земја. Мате, немој никогаш да се менуваш“, рече Мешке. „Римац во 2009 година имаше стартап, а денес е еден од најзначајните

произведувачи на технологија за електрични автомобили. Покрај тоа произведува и врвни електрични хипер – автомобили“, рече Блуме, па додаде дека исклучително го цени Римац и неговиот тим, опишувајќи го како “партнер од доверба“. Хрватскиот портал index.hr веднаш по објавата на големата вест за преземањето на Бугати од страна на Римац, разговараше со економистот Вук


9

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Компанијата Римац Автомобили станува Римац Група, поделена на две компании – Бугати Римац (Bugatti Rimac) и Римац Технологија (Rimac Technology). Римац Група ќе биде најголем акционер на новата компанија Бугати Римац д.о.о. , со удел од 55%. Мате Римац ќе го задржи својот веќе постоечки удел во Римац Група од 37%, Порше (Porsche) останува на 24%, Хјундаи Мотор Група (Hyundai Motor Group) на 12% и останати инвеститори на 27%. Вуковиќ, претприемачот Саша Цветојевиќ и комуникацискиот стручњак Перо Танта. Сите тројца се сложни – ова е огромна работа за Римацм, но поради имиџот којшто се емитува во светот, и тоа како важна и за Хрватска. „Ова е дефинитивно пресвртен момент, во којшто Римац Автомобили од стартап фаза преоѓаат во нова ера. Никој реален повеќе не може да тврди дека се работи само за балон и претстава за јавноста“, вели претприемачот Саша Цветојевиќ. „Сето ова ја дига комплексноста на работењето на Римац Автомобили на ново ниво, со оглед на тоа што Мате сега ја презема управувачката функција и во компанија што има производни погони надвор од Хрватска. Особено е интересно што со овој чекор дефинитивно добивме потврда дека Хрватска има автоиндустрија, но не онаква каква што одамна посакуваат политичарите – индустрија на склопување на поевтини модели во којашто многу малку додадена вредност останува во Хрватска, туку два бренда од самиот врв на автомобилската технологија денес.“, вели Цветојевиќ. „Пред Римац сега е нова етапа од патувањето, ова е одличен вовед во иницијалната понуда на акции, која што ќе биде следниот голем доказ за моќта на компанијата. Вреднувањето од 5 милијарди долари, којашто се споменува, сега се чини се’ пореална“, додава тој „Мислам дека е ова исклучително значајно како сигнал кон надвор, дека овде постојат сериозни фирми што

може да конкурираат на најдобрите на светскиот пазар, така што ова е и одлична вест за потенцијално привлекување нови инвестиции“, вели економскиот експерт Вуковиќ. “Секако, тука постојат уште еден куп препреки од формално – бирократски аспект во Хрватска, но како ‘goodwill’ што се создава е исклучително важно. Ако ништо друго, барем додатно не’ позиционира на мапата како земја во која иновациите се можни и во којашто навидум невозможното е остварливо. За Римац тоа значи понатамошна експанзија и предуслов за излез на американската берза, што ќе има идни позитивни ефекти на домашниот пазар и директно (на БДП преку потрошувачката со платите на новите вработени) и индиректно преку иден раст на имиџот на нашите фирми што имаат раст базиран на истражување и развој“, заклучува Вуковиќ.

Капитал што Хрватска треба да го искористи

„Оваа вест сигурно органски ќе досегне до голем број на медиуми, не само бизнис, туку и оние другите од цел свет. Би го споредил овој настан со сите успеси на хрватските спортисти од 90-те па до денес, обично ќе се освои медал, па веселбата трае и после неколку дена спласнува. Оваа веселба штотуку почна и во тоа е силата на оваа успешна приказна“, изјави комуникологот Танта за Индекс. „Римац и неговиот тим буквално испишаа страници на историјата и за тоа треба да им се честита. Маркетиншки ова е

огромен потенцијал којшто се градеше со години благодарение на упорноста на Мате Римац и неговиот тим, а најубавото нешто е што во моментов тој маркетинг е бесплатен, како хартиено авионче кое е пуштено и ќе лета следните години, а можеби и децении. И затоа треба добро да се искористи, колку што гледам, супер – автомобили на дубровничката ривиера се одличен почеток, а ако вака се продолжи, тешко ми е да прогнозирам каде е крајот“, вели Танта. „Нашиот дом – Хрватска, земја со преубав брег, добра храна, повремено добар фудбал и седиште на Бугати – нестварно звучи. Овој чин содржи низа позитивни пораки: почнувајќи од поставувањето на Хрватска на мапата на мега – компаниите, позитивната инвестициска клима, иновации и се’ што доаѓа во тој пакет. Оваа порака е толку јака што речиси е немерлива затоа што токму врз основа на неа еден млад инженер, да речеме од Индија, ќе дојде тука да создава додадена вредност, па уште кога ќе ја вкалкулираме и геолокацијата – море и сл. – па кај ќе ни биде крајот“, објаснува комуникацискиот стручњак за Индекс. „Сликовито кажано – перцепциски стануваме магнет за инвестиции (напоменувам перцепциски, се уште сме далеку од реална ситуација). Оваа приказна секако ќе влијае на целокупниот имиџ на нашата земја и тоа е нешто што не смее да се занемари, туку мора да се искористи. “nnn


ЈУЛИ 2021

10 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

СЛАБА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ПРЕ

НА СЕКОИ ТРИ ЕВР ФОНДОВИ СМЕ ИСКОРИ Податоците што ги добивме од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), покажуваат дека од алоцирани 360 милиони евра од ИПА 2 програмата која што важи од 2014 до 2020 година, досега имаме реализирано само 110 милиони евра. Од нив, пак, исплатени се само половина, односно 55 милиони евра. Ова е значително послаб резултат отколку реализацијата на претходната седумгодишна програма ИПА 1, од 2007 до 2013, кога износот на финансирани проекти со европски пари достигнува 326 милиони евра од вкупно алоцирани 615 милиони


11

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ЕТПРИСТАПИТЕ ФОНДОВИ ОД ЕУ

РА ОД ЕВРОПСКИТЕ ИСТИЛЕ САМО ПО ЕДНО евра. По одделни програми, искористеноста варира од максимално повлекување на парите во годишните програми од 2015 до 2018 година, додека пак најслаба искористеност има во делот на проектите од животна средна и финансирање на земјоделство и рурален развој. Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра.


ЈУЛИ 2021

12 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра. Споредено со ИПАРД 1 програмата којашто се реализираше од 2007 до 2013 година, а македонските земјоделци на 12 јавни повици искористиле само 16 милиони евра, односно 17% од вкупната сума, сега искористеноста се зголемува. АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Н

а секои три евра што ни биле на располагање од европските фондови, државата досега успеала да искористи само по едно евро преку таканаречената ИПА или Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Податоците што ги добивме од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), покажуваат дека од алоцирани 360 милиони евра од ИПА 2 програмата која што важи од 2014 до 2020 година, досега имаме реализирано само 110 милиони евра. Од нив, пак, исплатени се само половина, односно 55 милиони евра. Ова е значително послаб резултат отколку реализацијата на претходната седумгодишна програма ИПА 1, од 2007 до 2013, кога износот на финансирани проекти со европски пари достигнува 326 милиони евра од вкупно алоцирани 615 милиони евра. Меѓутоа, оваа сума значително ја крева финансирањето на доизградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, која освен грант од ИПА вклучува и заеми од европските бани. Така што доколку се

изземе овој проект, доаѓаме до слична искористеност на европските фондови од околу 100 милиони евра и во претходниот период. Сумарно за двете досегашни ИПА програми, од 2007-ма досега - сме имале можност да повлечеме речиси една милијарда евра, но искористеноста е вкупно 436 милиони евра. По одделни програми, искористеноста варира од максимално повлекување на парите во годишните програми од 2015 до 2018 година, додека пак најслаба искористеност има во делот на проектите од животна средна и финансирање на земјоделство и рурален развој. Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра. Споредено со ИПАРД 1 програмата којашто се реализираше од 2007 до 2013 година, а македонските земјоделци на 12 јавни повици искористиле само 16 милиони евра, односно 17% од вкупната сума, сега искористеноста се зголемува. За искуството со аплицирањето и користењето на европските

претпристапни фондови за земјоделството, менаџерот за производство на тетовската компанија од месната индустрија, Лекер, Крсте Поповски вели дека компанијата досега два пати реализирала инвестиции финансирани со помош на ИПАРД во вредност од околу 600 илјади евра, и повторно аплицирала на последниот повик. Поповски вели дека користењето на овие фондови од ИПАРД и помогнало на компанијата да го модернизира производството и да понуди на пазарот поконкурентен производ каков што од нив очекувале потрошувачите. Тој ги охрабрува компаниите и индивидуалните земјоделци да се обидат да направат добри проекти коишто ќе наидат на зелено светло кај институциите кои ги одобруваат фодовите.

Нов повик за ИПАРД

Објавен е последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2 мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“, информираа на заедничката прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и директорот на Агенцијата за финансиска


13

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

БРОЈКИ

360

милиони евра е предвидената сума во ИПА 2 програмата 2014 - 2020

110

милиони евра е реализацијата досега

55

милиони се исплатени, односно половина од реализираните проекти

АРИЈАНИТ ХОЏА

министер за земјоделство

поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски. До 22 август претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните области ќе можат да аплицираат на овој јавен повик. Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува 9,6 милиони евра со можност во текот на повикот износот да се зголеми. Средства се обезбедени со поддршка од 75 посто од ЕУ фондовите и 25 посто национално кофинансирање, а вкупно прифатливи трошоци на инвестицијата нема да надминуваат повеќе од 65 проценти. Главна цел на оваа мерка, како што рече Бачовски, е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности, и мотивирање на руралното претприемништво. Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативно земјоделско производство, инвестиции во производство на прехранбени и непрехранбени производи, инвестиции во занаетчиски дејнсоти, инвестиции во услуги на рурално население и во руралниот туризам. „Како корисници на мерката 7 се прифатливи физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија, а повратот на инвестициите е во висина од 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци. На последниот повик преку мерка 7 склучивме 80 договори со вкупна поддршка од 8,5 милиони евра. Овие договори се зачеток на нови инвестиции во земјоделството, нови индустриски капацитети во руралните средини, нови сместувачки и угостителски комплекси кои ја збогатуваат лепезата на домашната туристичка понуда“, потенцира Бачовски. Министерот Хоџа ги повика сите заинтересирани физички и правни лица да аплицираат за оваа мерка и нагласи дека со реализацијата на овој јавен повик целосно ќе ги искористат

Веќе се започнати консултации по однос на приграмскиот документ и предвидените мерки. Се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД програма 2021-2027 за нашата држава во декември оваа година, веднаш потоа ќе биде објавен првиот повик од ИПАРД 3 програмата. И во новата програма верувам дека ќе бидеме лидери во регионот

средствата кои се на располагање од ИПАРД 2 програмата. Посочи дека искористувањето на финансиските средства од ЕУ во земјоделството и руралниот развој се на највисоко можно ниво од почетокот на ИПАРД програмите кај нас. Оваа година, додаде тој, е трета по ред во која имаме максимална искористеност и нема да враќаме неискористени средства. Најави дека во тек се активности за подготовка на ИПАРД програмата 20212027 или т.н. „ИПАРД 3“ преку која се очекува нашата држава да добие за 60 отсто повеќе средства од ИПАРД 2 програмата, а за истата Хоџа посочи дека очекуваат да биде проширена за дополнителни четири мерки. „Веќе се започнати консултации по однос на приграмскиот документ и предвидените мерки. Се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД програма 2021-2027 за нашата држава во декември оваа година, веднаш потоа ќе биде објавен првиот повик од ИПАРД 3 програмата. И во новата програма верувам дека ќе бидеме лидери во регионот“, нагласи Хоџа.

Слаб апсорпциски капацитет

Клучниот одговор за досегашните слаби резултати е апсорпцискиот капацитет на нашите институции. Сега се очекува усвојувањето на новата ИПА 3 програма 2021 - 2027, и според проценките најмалку 600 милиони евра би бил предвидениот износ на европски фондови за земјава во следните седум години. Ова е добра можност

НИКИЦА БАЧОВСКИ

директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството

Како корисници на мерката 7 од ИПАРД се прифатливи физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија, а повратот на инвестициите е во висина од 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци. На последниот повик преку мерка 7 склучивме 80 договори со вкупна поддршка од 8,5 милиони евра. Овие договори се зачеток на нови инвестиции во земјоделството, нови индустриски капацитети во руралните средини, нови сместувачки и угостителски комплекси кои ја збогатуваат лепезата на домашната туристичка понуда

за домашната економија особено во постпандемиски период со значително намалена економска активност, и релативно потрошен фискален простор за задолжувања, да дојде до свежи пари за инвестиции. Инаку, целата ИПА 3 програма, која што е наменета за сите земји од Западен Балкан плус Турција, е превидено да стави на располагање 14,1 милијарди евра, но таа допрва се очекува да биде одобрена од Европската Комисија, Советот и Европскиот парламент. Експертите постојано сугерираат нашиот фокус да биде кон зајакнување на апсорпциските капацитети на државава и нејзините институции, на макроекономско, на програмско и проектно ниво. Потребно ни е добро стратешко планирање, издржани макроекономски проекции, но пред се технички добро и целосно подготвени проекти. Новиот Економски и инвестициски план на ЕУ како и новата ИПА 3 програма, се базираат на натпревар меѓу државите со квалитетни проекти, како и на систем на награди за успешност на реформите, така што предизвикот но и ризикот за загуба на пари ќе биде, уште поголем.

nnn


ЈУЛИ 2021

14 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

СОБРАНИСКА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА БУГАРИЈА

ВНАТРЕШНА ИГРА И/ИЛИ ВЕШТ ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВ Тешко кој сериозен аналитичар може да остане спокоен во проценката на чесните намери на опозицијата што целата политичка филозофија и игра ја темели на саботажи, блокади и уцени, со минимум демократска свест за улогата што треба да ја има и со уште помала свест за иднината на државата и правецот што е вистински во геополитичка смисла. Сосема е за верување дека мотивот за ваков документ (особено ако се види со чија се помош е изработен) лежи повеќе во задавање на политички удар на противникот, а помалку во искрен обид за зајакнување на македонските позиции. Но, одговорот на СДСМ да ја прифати играта може да биде мудар и тоа не само во смисла на амортизација на политичката штета дома (што можеби им било главен мотив), туку и во смисла на обезбедување на поголеми шанси за решение.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Б

локадата на македонските европски интеграции предизвикана од бугарското вето предизвика сериозен потрес и во домашната политика – покрај обвинувањата за ноншалантност кон идентитетските обележја што владејачката СДСМ си ги заработи со Преспанскиот договор, а кои продолжија

да се слушаат и за односите со Бугарија (иронично, оти нели идентитетот веќе беше загубен!?), партијата што важи за прогресивна и отворена за соработка и добрососедски односи сега паралелно се соочува со обратни критики – дека се облекува во националистичко руво и резигнираноста од европскиот неуспех ја користи за играње по патриотски ноти. Ова, според овие критичари не само што личи на евтин популизам, туку и ги урива позициите во преговорите. Некои коментари одат дотаму што

прават паралели на однесувањето на претходниот премиер Никола Груевски, после неуспехот во 2008 во Букурешт кога Македонија остана „извисена“ за НАТО членството, а после што тогашната домашна политика се сврти кон чист популизам и национализам (процесот на т.н антиквизација и целиот Скопје 2014). Овие критики особено добија на гласност откако СДСМ одлучи да ја прифати Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските позиции во преговорите со Бугарија, иако претходно


15

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ЗОРАН ЗАЕВ лидер на СДСМ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ лидер на ВМРО – ДПМНЕ Навикнати да ги гледаме да постигнуваат консензус за прашања поврзани со партиски интереси, обидот да се обединат околу државните позиции со Бугарија е убав сигнал за поимањето на интересите на земјата и за демократијата. Се разбира, тука е прашањето – колку е ова театар предизвикан од популистичката вредност на политичкиот момент?

ВАР? од партијата неколкупати повторија дека позициите за македонскиот јазик и на македонскиот идентитет се кристално јасни и дека нема потреба да се разговара за овие прашања, особено не во Парламентот. Поддршка за оваа Резолуција најавија и помалите партии, коaлициони партнери на власта, Демократски Сојуз, ДОМ и ЛДП со што практично се случува едно обединување на политичката сцена околу основите на македонските црвени линии во преговорите. Прашањето е, се разбира - колку е ова театар предизвикан од популистичката вредност на политичкиот момент? Тешко кој сериозен аналитичар може да остане спокоен во проценката на чесните намери на опозицијата што целата политичка филозофија и игра ја темели на саботажи, блокади и уцени, со минимум демократска свест за улогата што треба да ја има и со уште помала свест за иднината на државата и правецот што е вистински во геополитичка смисла. Сосема е за верување дека мотивот за ваков документ (особено ако се види со чија се помош е изработен) лежи повеќе во задавање на политички удар на противникот, а помалку во искрен обид за

АЛИ АХМЕТИ лидер на ДУИ Од партијата од Мала Речица, како најголема во албанскиот политички блок, ја отфрлија Резолуцијата меѓу другото со став дека била етничка – нешто што е надвор од секоја логика оти прашањата што се на удар од бугарската блокада се секако етнички, тоа не е ништо ново. Притоа, токму отфрлањето на обидот за изградба на заедничка државна позиција (какви и да биле изворните намери на ВМРО – ДПМНЕ) ја прави ДУИ не само етнички фокусирана, туку и мала во очите на сограѓаните, несвесна за нивото на сензибилитет што треба да го има во однос на ова апсолутно етничко, ама македонско прашање. зајакнување на македонските позиции. Но, одговорот на СДСМ да ја прифати играта може да биде мудар и тоа не само во смисла на амортизација на политичката штета дома, туку и во шансите за решение. Тешко е за верување дека некој надвор од партиската опозициска машинерија мисли дека навистина Владата би излегла надвор од црвените линии што сто пати се повторени и најважно – обезбедени во Договорот со Атина (поддржан од над 600 илјади граѓани).

Таков чекор е надвор и од политичкиот разум и од основните човекови права и елементарно достоинство, па оттука стравот дека некој нешто ќе продаде е тотален политички блеф и празна реторика. СДСМ можеби се чувствува повикана да стави крај на ваквата какофонија (што резултираше и со протести)и тоа да го стори преку прифаќање на Резолуцијата со што ќе ја затвори темата и тоа е политички веројатно прагматично и има логика. Но, поентата е дека дури и ако идејата е


ЈУЛИ 2021

16 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

мотивирана од внатрешно – политички фактори, ефектот што неминовно ќе го има надвор не мора да биде и нужно негативен. Не требаат големи дипломатски познавања за да се знае дека „кочницата“ понекогаш и тоа како може да биде во насока на решение. Сигналот дека антиевропското дивеење не може да нема цена треба да послужи како јасна порака дека нашата игра е во тие рамки. Оти, во спротивно, револтот и разочараноста и кај оние граѓани кои во принцип се за решение, ќе расте до таа мерка во која утре тешко, ако не и неизводливо ќе стане да се поддржи дури и решение кое е на линии со македонските позиции, чисто од одбивност кон тиранијата на посилниот и немањето на капацитет за обединет реципрочен, но истовремено и достоинствен и европски одговор.

Што предвидува Резолуцијата?

А текстот на Резолуцијата, барем од она што се покажа во јавноста, личи на таков. Со Резолуцијата, што наскоро треба да се најде пред Собранието, се бара да се почитува просторниот и временскиот континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право. Во резолуцијата стои и дека за гледање кон минатото треба инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата. Резолуцијата ја најави пред неколку денови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на својот Фејсбук профил објави документ за Резолуцијата, што партијата ќе ја поднесе до Собранието. „Согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати Резолуцијата, секако ние, како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Поддршката од СДСМ ја потврди и вицепремиерот Љупчо Николовски: „Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање каква било резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период“, изјави Николовски. Тој рече дека земјата како никогаш досега немала така висок меѓународен углед, кредибилитет и поддршка и е пример за тоа како се решаваат проблемите. „Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос

Со Резолуцијата, што наскоро треба да се најде пред Собранието, се бара да се почитува просторниот и временскиот континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право. на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено“, истакна Николовски при посетата на Берово.

Албанскиот политички блок е против

Демократската унија за интеграција ја отфрли предложената резолуција со барање да се преформулира и да се усогласи текстот. ДУИ смета дека националниот идентитет и јазик не се предмет за дискусија и партиско пазарење. Партијата на Али Ахмети бара од опозицијата да биде конструктивна и со своите потези да не им штети на евроинтегративните процеси. Откако СДСМ објави дека ја прифаќа резолуцијата, а тоа го направија и помалите партнери во коалицијата на социјалдемократите, Алијанса на Албанците побара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот, со цел резолуцијата да се донесе со консензус. Алтернатива ќе го соопшти својот став откако за прашањето ќе дискутираат партиските тела. „Пратеникот Антонио Милошоски информираше за содржината на Резолуцијата што ја предложија во однос на преговорите со Бугарија, но од една страна е ДУИ која смета дека таква резолуција може да ѝ наштети на земјава, а од друга страна е СДСМ која ја смета како добра основа, затоа треба тие две партии како коалициски партнери да изградат заеднички став, па потоа да разговараме“, вели Халил Снопче, од Алијансата. Тој рече дека ќе ги информира партиските органи за

содржината на Резолуцијата и целите кои со неа треба да се постигнат. Порача дека Северна Македонија треба да продолжи со интегративните процеси и Владата целосно да се посвети на тој процес, но и да биде многу внимателна како во разговорите со Бугарија, така и во спроведувањето на внатрешните реформите, важни за нашиот евроинтеграциски процес. Според него, односите со соседите се многу важни, во тој контекст и со Бугарија и дека добрите односи во никој случај не треба да се нарушат.

Опасна популистичка авантура?

Во меѓувреме, критиките од либералното и прогресивно ткиво продолжуваат: „Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за таканаречените црвени идентитетски линии во односите со Бугарија, прифатена од СДСМ, е опасна предизборна популистичка авантура која може да предизвика несогледливи штетни последици за европската иднина на Македонија“ пишува Ерол Ризаов, во неговата последна колумна за Дојче Веле, со наслов: „Јуначење под јорган планина“. Тој вели дека нејзиното евентуално усвојување во Собранието е лажен консензус, кој во суштина не постои и никогаш не е постигнат и дека ќе ја збрише за час меѓународната поддршка кај највлијателните членки на ЕУ и на САД, а дома ќе предизвика нови конфликтни ситуации во меѓуетничките односи кои албанските политички партии веќе ги најавуваат. „Таквата резолуција, како производ


17

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

на меѓупартиски предизборни игри и надмудрувања, ќе биде мевлем на рана само еден ден затоа што не претставува соодветен одговор на бугарската собраниска декларација и условувања, туку домашна патриотска предизборна трка за одбрана на националните интереси на најпогрешен начин со блокирање по наша вина на сите можности да се дојде до заемно прифатливо решение со Бугарија. Широката јавност во земјата уште не ја знае целата содржина на резолуцијата која наводно претставува научен консензус на МАНУ и УКИМ, иако ниту едно надлежно тело на двете институции не расправало и не одобрило една ваква партиска платформа. Впуштањето на поединци од МАНУ и од УКИМ, кои до вчера јавно бараа укинување на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, во дневно-партиска политичка арбитража со резолуција упатена до ВМРО-ДПМНЕ е своевиден лош и штетен меморандум по урнекот на Бугарската академија на науките која води кон блокада на Македонија на големо олеснување во Бугарија и на сите противници за проширување на Европската унија. Во Македонија не можеше да се случи попогрешен потег од донесување на резолуција која ги врзува рацете на владата и на сите идни влади за компромисни решенија. На уште недонесена резолуција ВМРОДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прогласија за конструктивна опозиција

како пресуден и единствен фактор во државата за заштита на националните интереси и посебности. Нешто многу спротивно од она што оваа политичка партија го правеше долги години наназад со одбегнување на секоја можност за заемно прифатливи решенија со соседите. Блокирањето на почетокот на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ, што беше општо прифатено од 26 членки на ЕУ како голема грешка и неправда не само кон Македонија и Албанија, туку и кон сите земји од Западен Балкан, со овој чин на поставување црвени линии вината се префрла на домашен терен кај нас. До предлогот на резолуција, Бугарија беше виновникот што билатерални прашања меѓу двете земји и универзалните светски придобивки и закономерности за самоопределување ги вметнува во преговарачката рамка отстапувајќи од потпишаниот Договор за добрососедство, а сега се префрлаат кај нас со една незрела аџамиска играрија дали резолуцијата ќе биде со уставното име Република Северна Македонија, или само резолуција на Собранието на Република Македонија, што може лесно да ги врати назад и проблемите со соседна Грција. Додека во Бугарија се исчудуваат зошто Европа повеќе ги сака Македонците од Бугарите и како елегантно да најдат излез наводно подготвувајќи уште поостра декларација кон Македонија, кај нас се поставуваат бариери како да се нарачки на Софија“ пишува Ризаов. И специјалниот претставник Владо

Бучковски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека има резерви кон Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која планира да ја поднесе во Собранието а со која најголемата опозициска партија очекува да се заштитат македонските „црвени линии“. „Мислам дека нашата мудра политика во изминатите неколку месеци, ненаседнувањето на провокациите, покажаа и докажаа дека Македонија ги стекна симпатиите на меѓународната заедница. Затоа ние според мене имавме еден константен однос во поглед на нивната Резолуција и тврдевме дека тие го загрозија Договорот за пријателство со таа нивна Резолуција. Резолуцијата во бугарскиот парламент не може да го загрози договорот, но тргнувајќи од тоа дека треба да се биде мудар, беше и последната посета на владината делегација предводена од премиерот Заев. Нам ни се брза и се обидуваме да изнајдеме решение и да покажеме дека постои сериозна намера од наша страна да ги надминеме овие проблеми. Јас можам да ја поздравам намерата на ВМРО-ДПМНЕ, но остава кај мене сериозна резерва за искрените намери и за содржината,. ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна грешка бидејќи се задскрива зад документ на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Овој документ не е поминат низ телата на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.. Никој од нив не расправал за оваа Резолуција. Зад тој меморандум само стојат потписите на тројцата раководни лица“, рече меѓу другото Бучковски. nnn

Хипотекарен кредит

Кога, ако не сега? Рефинансирајте ги сите постоечки обврски со фиксна каматна стапка од 4,7% за првите 3 години


ЈУЛИ 2021

18 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

КРЕДИТНА ЛИНИЈА КОВИД - 4

НОВИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ


19

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД-19, од таргетираните дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите кои плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период.


ЈУЛИ 2021

20 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ФАТМИР БИТИЌИ

ФАТМИР БЕСИМИ

вицепремиер задолжен за економски прашања

министер за финансии

Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупна проектирана вредност од околу 1,1 милијарди евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата. Во рамките на тие мерки, беа спроведени и трите бескаматни кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, со кои се обезбедија ликвидни средства во вкупен износ од над 44 милиони евра, при што беа поддржани над 4 илјади компании кои вработуваат околу 37 илјади лица.

Значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од КОВИД-19 пандемијата за компаниите се исто така и 100-те милиони евра поволни средства од Европската инвестициска банка за кои веќе е потпишан

З

аменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и извршниот директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов деновиве ја промовираа новата, бескаматна кредитна линија Ковид 4, за која компаниите ќе може да аплицираат од 15-ти јули. Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на прес конференцијата, потсети дека Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупна проектирана вредност од околу 1,1 милијарди евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата. Во рамките на тие мерки, беа спроведени и трите бескаматни кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, со кои се обезбедија ликвидни средства во вкупен износ од над 44 милиони евра, при што беа поддржани над 4 илјади компании кои вработуваат околу 37 илјади лица. „Ковид 4 бескаматната кредитната линија, која денес ја промовираме, изнесува 615 милиони денари или околу

10 милиони евра, и со оваа линија ќе бидат поддржани микро, мали и средни трговски друштва од најпогодените сектори од КОВИД-19, од таргетираните дејности во делот на кредитокорисниците, занаетчиите кои плаќаат давачки на реален приход, трговските поединци и приватните здравствени установи. Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, може да изнесува од 3.000 до 30.000 евра, роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период. Би сакал да укажам дека во оваа кредитна линија е овозможена и грант компонента до 50% од висината на кредитот, доколку корисниците ги исполнат потребните условите, а тоа е во 2021 да имат 5% повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10% во однос на 2020 година или може да добијат грантови од 20% или 30% доколку е остварен еден од условите“, нагласи Битиќи. Вицепремиерот соопшти дека во изминататa година и четири месеци, Владата вложи навистина сериозни напори, за да ги поддржи и да помогне на граѓаните и на стопанството, особено на оние најпогодените, со цел да го амортизира влијанието на пандемијата

и да овозможи услови за што поскоро и побрзо закрепнување на домашната економија од последиците од глобалната криза. Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макро економски индикатори, вели тој. „Повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија. Во последните три месеци, бележиме раст на индексот на индустриско производство и тоа во март за 7,6%, во април дури за 46,1% и во мај за 16,5% во однос на соодветните месеци во 2020 година. Меѓународната трговска размена бележи сериозен раст од 41,5%, во првите 5 месеци од 2021 година во споредба со истиот период лани, извозот расте со стапка од 44,3%, а покриеноста на увозот со извоз во овој период е 73,7%. Според податоците од Државниот завод за статистика, вкупниот број на вработени изнесува 793.121 лица, додека стапката на невработеност е стабилна и изнесува 16%. Просечната нето плата во април 2021 година изнесува 28.438 денари, што претставува раст од 10,1% во однос на април 2020 година и веќе сериозно се доближуваме до просечна плата од 500 евра“, презентираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.


21

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

КИРЕ НАУМОВ

директор на Развојната банка

договор. Средствата се наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства, а каматните стапки исклучително ниски. Еден од инструментите во Планот за финансирање на забрзан рат е и Гарантниот фонд преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема.

План за финансирање на забрзан раст

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, посочи дека годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда. „Приоритетите кон кои е насочена Владата и Министерството за финансии е постигнување повисоки стапки на економски раст од 4% до 5% годишно, како и раст на платите за 20% до 30% на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе целиме преку спроведување фискална политика на среден рок, која ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Од аспект на зголемување на инвестициите, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање на забрзан раст, кој има за цел да мобилизира дополнителен капитал и ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање на приватен капитал. На тој начин побрзо ќе се постигне планираната развојна агенда ќе се задржи фискалната консолидација на

За кредит од Ковид 4 може да аплицираат приватните субјекти кои во 2020 година имале најмалку 30% пад на приходите, кои не користеле средства од првата мерка од петтиот економски сет, односно мерката за финансиска поддршка за плати за февруари и март на Управата за јавни приходи, субјекти кои не користеле кредит од Ковид 3 од Развојна банка и субјекти кои користеле кредит од Ковид 1 и/или Ковид 2, но немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање.

јавниот долг и буџетскиот дефицит на среден рок и ќе се зголемат инвестициите во јавниот сектор и поддршката на инвестициите во приватниот сектор“, нагласи Бесими. Министерот подвлече дека значајна ликвидносна поддршка за заздравување од ефектите од КОВИД-19 пандемијата за компаниите се исто така и 100-те милиони евра поволни средства од Европската инвестициска банка за кои веќе е потпишан договор. „Средствата се наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства, а каматните стапки исклучително ниски. Еден од инструментите во Планот за финансирање на забрзан рат е и Гарантниот фонд преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема. Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30% во вкупните остварени приходи“, рече Бесими.

Критериуми за Ковид 4

Директорот на Развојната банка Кире Наумов детално го презентираше јавниот повик и критериумите за компаниите во

него при што посочи дека аплицирањето за оваа четврта бескаматна кредитна линија започнува на 15-ти јули од 09:00 часот. „Со објавата на повикот за Ковид 4 се стават на располагање уште 10 милиони евра за приватните субјекти кои во 2020 година имале најмалку 30% пад на приходите. За кредит од Ковид 4 може да аплицираат субјекти кои не користеле средства од првата мерка од петтиот економски сет, односно мерката за финансиска поддршка за плати за февруари и март на Управата за јавни приходи, субјекти кои не користеле кредит од Ковид 3 од Развојна банка и субјекти кои користеле кредит од Ковид 1 и/или Ковид 2, но немаат неизмирени достасани обврски на денот на аплицирање“, презентираше Наумов. Тој додаде дека документите кои се потребни да бидат поднесени при аплицирање се во голема мера идентични со претходните бескаматни кредитни линии, а задолжителните документи вклучуваат кредитно барање, ЗП образец и изјави кои може да се симнат од веб страницата на банката каде што е објавен и Јавниот повик.

nnn


ЈУЛИ 2021

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ И ЗА РАДИЈАТА И ТЕЛЕВИЗИИТЕ Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.

О

д 8 јули, од 09:00 часот започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија за трговски радиодифузни друштва. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 1 јули 2021 година, а ќе трае 30 дена. Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48

месеци, за тековни средства и ликвидност. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот

за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари. Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Принципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.


и сец е м т а 36ксна кам на фи

ка стап

оци рош ње т з е Б ва обру д о за

до вно и т о Пром јули! 31

НЛБ Потрошувачки кредити

За нештата кои Ви значат! Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 31 јули! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,83%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.683 МКД, вкупен износ за враќање: 822.166,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,28% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката на ануитетот е вклучен и месечниот надомест за Сигурност ПЛУС осигурувањето како пропорционален дел од годишната премија.


ЈУЛИ 2021

24 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

УСВОЕНА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ФИН

ДРЖАВАТА СИСТЕМСК ФИНАНСИСКАТА ПИСМ


НАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА

СКИ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМУВА МЕНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ

25

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107


ЈУЛИ 2021

26 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

По повод усвојувањето на Стратегијата, се обратија претставници на сите финансиски регулатори – гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски и комисионерот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Кирил Јовановски. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

К

орона-кризата води кон време на трансформација на традиционалните економии во попаметни, подигитализирани, инклузивни и позелени економии. Во таквите услови, кога финтекуслугите сè повеќе се дел од нашата реалност, потребата од повисоко ниво на финансиска писменост, како предуслов и за финансиска инклузија ќе биде и понагласена Но, тоа подразбира и потреба од поголема активност за заштита на потрошувачите. Финансиските регулатори ги дочекаа подготвени ваквите предизвици – уште пред неколку години го започнаа процесот на подготовка на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, во рамките на петгодишниот проект за финансиска едукација со поддршка на Министерството за финансии на Холандија и Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД (ИНФЕОЕЦД). На 7 јули, Стратегијата беше усвоена и промовирана. Таа се однесува на периодот 2021-2025 година и ја надминува целта на проектот во чиишто рамки е првично подготвувана, бидејќи се однесува не само на финансиската едукација, тука и на финансиската инклузија, имајќи ја предвид нивната меѓусебна условеност и поврзаност.

На настанот, по повод нејзиното усвојување, се обратија претставници на сите финансиски регулатори – гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски и комисионерот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Кирил Јовановски. „Финансиската едукација е и во основата на финансиската стабилност, особено по глобалната финансиска криза од 2008/9 година, којашто во голем дел беше последица на зголемени ризици заради лоши финансиски одлуки. Но, процесот на финансиска едукација не може да се одвива стихијно. Тој бара информации, насоки, совети, но пред сè систематизиран пристап. Затоа е потребен координиран пристап на национално ниво, односно стратегиска рамка којашто го препознава значењето на едукацијата, овозможува инклузија и координираност на сите релевантни страни и дефинира мапа на активности за ефективно постигнување на целите. Тоа нè носи до Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто денес ја усвојуваме. Стратегискиот и систематски пристап кон прашањето на финансиската едукација е уште поважен во ова ново време на револуција во областа на финансиските

услуги (финтек).“, истакна на почетокот на своето излагање, гувернерката на Народната банка, Анита АнгеловскаБежоска, по што и се осврна на одделни активности предвидени со Стратегијата. Таа напомена дека за соодветно осмислување на Стратегијата, клучен предуслов беше оценката на тековното ниво на финансиска писменост, заради што беше иницирано и првото мерење на нивото на финансиската писменост според методологијата на ОЕЦД, според кое населението кај нас оствари 56% од максималната вредност, што се потврди и при второто мерење спроведено во рамките на проектот. Ова ниво е споредливо со земјите од регионот, но сепак во споредба со развиените земји укажува на значителен простор за подобрување.

Да се олесни пристапот до финансии за повеќе категории

Министерот за финансии, Фатмир Бесими посочи дека Стратегијата е важна од две причини: прво, бидејќи финансиската едукација и инклузија се основа за стабилноста на финансискиот систем и второ, за да се остварат позначајни резултати на ова поле, потребно е да се дејствува по принципот СМАРТ, односно да се постават јасни цели, добра стратегија и план за остварување. „Со добро координиран процес на финансиска едукација, којшто ќе ги опфати и институциите и приватните субјекти коишто можат да дадат придонес, на среден рок може да се постигнат навистина подобри резултати


27

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Донесувањето на Стратегијата како формален документ ќе овозможи остварување на раст и развој на финансискиот пазар, широка распространетост и достапност на финансиските услуги до секоја индивудуа, семејство, мал или голем бизнис, државниот сектор и сето тоа, по фер цени. Ваквата намера ќе се спроведе само доколку се обезбеди функционирање на здрави финансиски институции коишто се раководени и контролирани од стручен кадар.

Со добро координиран процес на финансиска едукација, којшто ќе ги опфати и институциите и приватните субјекти коишто можат да дадат придонес, на среден рок може да се постигнат навистина подобри резултати во поглед на финансиската едуцираност на населението. Со тоа ќе се подобри ефективноста на нивното учество во финансискиот сектор, а истовремено и ќе се заштитат како потрошувачи кои имаат повеќе и подобри информации., велат од финансиските регулаторни тела во Македонија, коишто застанаа зад изработката на Стратегијата.

во поглед на финансиската едуцираност на населението. Со тоа ќе се подобри ефективноста на нивното учество во финансискиот сектор, а истовремено и ќе се заштитат како потрошувачи кои имаат повеќе и подобри информации. Преку користењето на добрите искуства за унапредување на финансиската инклузија, може да се олесни пристапот до финансии за повеќе категории. Зголемувањето на финансиската инклузија е од особено значење за економијата, бидејќи обезбедува пристап до капитал, што повлекува инвестиции и потрошувачка, што, пак, доведува до зголемена економска активност.“, истакна министерот за финансии, Бесими. Министерот посочи дека од аспект на подобрување на пристапот до финансиски услуги, наскоро ќе започне со работа Гарантниот фонд преку кој ќе се спроведе државната гарантна шема, којашто ќе го олесни пристапот до капитал за малите и средните претпријатија. Фондот, од една страна, ќе придонесе за понуда на нови продукти во финансискиот систем со помал ризик за банките и штедилниците, а од друга страна, ќе обезбеди пристап до капитал за оние коишто најтешко доаѓаат до кредити, односно малите и средните претпријатија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, истакна дека забрзувањето на процесот на финансиската едукација и инклузија е особено битен доколку се има предвид ниското ниво на развиеност на осигурителниот пазар во сегментот на финансискиот систем. „Донесувањето на Стратегијата како формален документ ќе овозможи остварување на нашите заеднички цели, како што се обезбедување раст и развој на финансискиот пазар, широка распространетост и достапност на финансиските услуги до секоја индивудуа, семејство, мал или голем бизнис, државниот сектор и сето тоа, по фер

цени. Секако дека ваквата намера ќе се спроведе само доколку обезбедиме функционирање на здрави финансиски институции коишто се раководени и контролирани од стручен кадар, кој успешно го балансира остварувањето на целите водени од интересот за остварување профит, од една страна, и обезбедувањето квалитет на понудените финансиски услуги и фер однос кон корисниците на финансиски услуги, од друга страна.“, порача Шајноски. „Водејќи се од основното начело дека финансиската едукација е долгорочна инвестиција за целото општество и за државата, како и за поединецот кој полесно и посигурно ќе може да донесува финансиски здрави одлуки и поквалитетно да живее, убеден сум дека со усвојувањето на Стратегијата како сеопфатен документ, обезбедуваме мудро и ефикасно планирање на сите наши идни активности и ресурси во делот на развивањето на финансиската едукација и финансиската инклузија на целокупното население во нашата држава, притоа ставајќи посебен акцент на младите како најзначајна целна група. Токму затоа, МАПАС смета дека од особена важност е вклучувањето на невладиниот и на приватниот сектор во спроведувањето и остварувањето на целите на Стратегијата. На тој начин ќе обезбедиме посеопфатна финансиска едукација и зголемена финансиска инклузија на населението.“, истакна претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али.

Особен акцент за заштита на потрошувачите

„Во услови на глобализација, поради големиот избор и достапност на финансиските производи, финансиската писменост станува еден од приоритетите на носителите на економските политики. Имено, треба да се истакне дека способноста за обработка на бројните информации се зголемува со подигнувањето на


ЈУЛИ 2021

28 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Со Стратегијата, меѓу другото, се предвидува развивање посебни образовни програми за различни возрасни групи на населението, од најмлади до возрасни, имајќи го предвид сфаќањето за едукацијата како процес во текот на целиот животен век и особено динамичноста на финансиите во денешно време. Образовните програми треба да бидат конципирани согласно со Основните компетенции за финансиска едукација, како посебен документ предвиден со Стратегијата, којшто е веќе во изработка. нивото на разбирање на сложените финансиски инструменти. Притоа, треба да се прифати дека инсистирањето на јасност и висока транспарентност од страна на учесниците во финансискиот систем треба да биде проследено со соодветно разбирање од оние за кои се бара транспарентноста. Покрај тоа, засилувањето на финансиската едукација и инклузија ќе значи и зголемување на придонесот на финансискиот сектор во економскиот развој. Имајќи го сето ова предвид, КХВРСМ истакнува дека со сите свои капацитети ќе се залага за подигнување на финансиската писменост, особено за прашањата поврзани со пазарот на хартии од вредност.“, истакна Кирил Јовановски во име на КХВ. Со Стратегијата, меѓу другото, се предвидува развивање посебни образовни програми за различни возрасни групи на населението, од најмлади до возрасни, имајќи го предвид сфаќањето за едукацијата како процес во текот на целиот животен век и особено динамичноста на финансиите во денешно време. Образовните програми треба

да бидат конципирани согласно со Основните компетенции за финансиска едукација, како посебен документ предвиден со Стратегијата, којшто е веќе во изработка. За градење рамка којашто ќе обезбеди соодветна координација на активностите, размена на информации, како и квалитетна, објективна и непристрасна финансиска едукација од сите потенцијални даватели, веќе се изработува Кодекс на добри практики за финансиска едукација, со вклученост на регулаторите, приватните финансиски институции и граѓанските здруженија. Следењето на спроведувањето на предвидените активности би се одвивало преку работна група со вклучени претставници од регулаторите, приватниот и граѓанскиот сектор, со што ќе се зајакне соработката и ќе се овозможи оптимална распределба на расположливите ресурси кон поставените цели. Во следниот период, посебно внимание ќе им се посвети на активностите во однос на заштитата на потрошувачите, во одделните финансиски сегменти,

којашто исто така е во прилог на поголема финансиска инклузија во иднина. Дел од предвидените активности во доменот на заштитата на потрошувачите се на страната на регулаторите, а дел на страната на приватниот финансиски сектор, што уште еднаш упатува на неопходната соработка, како предуслов за успешно спроведување на предвидените активности. Предвидено е разгледување на алтернативните можности за разрешување на евентуалните спорови со потрошувачите, вклучително и разгледување на можноста за воспоставување Омбудсман, односно Народен правобранител за финансискиот сектор. Согласно со Стратегијата, соодветно внимание треба да им се посвети и на зголемувањето на транспарентноста во работењето и во објавувањето податоци за финансиските услуги од страна на приватниот финансиски сектор, вклучително и на стандардизацијата на објавените податоци за ист вид услуга.

nnn


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Ни ден повеќе без камата на вашата сметка

0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР ФЛЕКСИБИЛНО користење на средства во секое време 24/7 управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА по видување со месечна исплата

mkd.info@procredit-group.com

www.pcb.mk


ЈУЛИ 2021

30 Е-ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

АНАЛИЗА НА БРОЈ И ОБЕМ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ГО ЗГОЛЕМИЛЕ ПРОМЕТОТ КОН ДОМАШНИ Е-ПРОДАВНИЦИ ЗА 126%


31

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Во првиот квартал од 2021 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период 2020 година кога се реализирале 49,6 милиони евра претставува пораст за 74,6%. Бројот на направените трансакции во истиот период спрема минатата година забележува пораст од 65%, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена.


ЈУЛИ 2021

32 Е-ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Н

ИГОР ПЕТРОВСКИ ародната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба, кои се однесуваат на периодот заклучно до 31.03.2021 година. Согласно податоците за бројот на реализирани трансакции во текот на првите три месеци од 2021 година, објавени на веб страната на НБРСМ, бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во текот на анализираниот период покажува дека растот на е-трговијата продолжува и оваа година. Во првиот квартал од 2021 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период 2020 година кога се реализирале 49,6 милиони евра претставува пораст за 74,6%. Бројот на направените трансакции во истиот период спрема минатата година забележува пораст од 65%, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена. Имено, во текот на првите три месеци од 2021 година реализирани се вкупно 3.228.182 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 1.954.957 онлајн трансакции во текот на првите три месеци од 2020 година.

Македонците потрошиле 65,3 милиони евра онлајн за само три месеци кон домашни онлајн продавници

Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да ја зголемуваат довербата која ја имаат кон домашните е-продавници. Имено, во текот на првите три месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 65,3 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 125,8% (35,9 милиони евра) во однос на истиот период претходната година. “Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти.

НИНА АНГЕЛОВСКА претседател на АЕТМ

Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти. Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отворајќи нов канал за продажба онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126% во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму.

Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отворајќи нов канал за продажба - онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126% во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, како што и Асоцијацијата за е-трговија ги продолжува напорите, иницијативите и активностите со цел креирање поволна клима за забрзан раст на е-трговијата во земјава.” - вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, д-р Нина Ангеловска Ако ја земеме предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон е-продавници во Македонија (65,3 милиони евра), наспроти вкупната вредност на онлајн плаќања

(86,6 милиони евра), можеме да заклучиме дека 75,4% од вкупната вредност на трансакциите се насочени кон домашните компании.

За една година отворени 523 нови е-продавници во Македонија

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31.03.2021 година во Република Северна Македонија активни се 1.552 продажни места. Станува збор за активно регистрирани виртуелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги. За период од три месеци во текот на 2021 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 93 новоотворени. Споредбено со 31.03.2020 година кога бројот на активни е-продавници изнесувал 1.029, можеме да заклучиме дека за една година отворени се вкупно 523 нови е-продавници што претставува пораст од 51%.


33

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Како и во изминатиот период од пандемијата, тренд на пораст на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон има и во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така двојно повисок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 46%. Сè почесто користење на мобилните апликации за плаќање

Од почнувањето на корона-кризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во првиот квартал од 2021 година се зголемил за значителни 49% на годишна основа, што е повеќе за 2,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2020 година (21%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. Како и во изминатиот период од пандемијата, тренд на пораст на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон има и во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така двојно повисок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 46%. Покрај тоа, во првиот квартал од 2021 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во првиот квартал од 2021 година се забележува висок годишен раст од 30%, којшто е двојно повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 14%. Условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа годишен пад од 7% во првиот квартал од 2021, наспроти годишниот раст во истиот квартал во 2020 година, од 4%. 


ЈУЛИ 2021

34 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА

ДХЛ ЕКСПРЕС М ЗГОЛЕМУВА ТРАНСПО СО АВИОНОТ BO


35

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

КУРИРСКАТА КОМПАНИЈА

МАКЕДОНИЈА ГО ОРТНИОТ КАПАЦИТЕТ OEING 737-400SF

Со ова се отвораат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж.


ЈУЛИ 2021

36 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

36.4 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот BOEING 737400SF со носивост од 23 тони ќе оперира 5 дена седмично и 2 пати дневно ќе ја поврзува Македонија со остатокот од светот.

Д

ХЛ Експрес Македонија, најголемата курирска компанијата за експресен транспорт и логистика од 05-ти јули годинава го зголемува капацитетот на својата флота во Македонија. За прв пат на Аеродромот Скопје долета 36.4 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот BOEING 737400SF со носивост од 23 тони кој ќе оперира 5 дена седмично и 2 пати дневно ќе ја поврзува Македонија со остатокот од светот. Станува збор за современ воздухоплов кој ги исполнува сите актуелни ЕУ стандарди од областа на безбедноста и екологијата. Новиот авион ќе ја поддржи компанијата во остварување на својата глобална цел: намалување на емисија на издувни гасови за 50% до 2025. Од 2001-ва наваму, ДХЛ Експрес Македонија дневно е поврзан со директен лет до Скопје, најпрво со 1.5 тонски Л-410, а од 2010 година наваму беше дневно поврзан со меѓународната ДХЛ мрежа со сопствен авион Ан26 со носивост од 5 тони. Со новата инвестиција, од сега натаму благодарение на карго авионот со поголем капацитет и напредна технологија, корисниците од Македонија ќе ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) со земјите од ЕУ и светот, без разлика на големината и тежината на нивните пратки. Со ова се отвораат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки

или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж.

Сигурен партнер на преку 5.000 компании и институции во Македонија

Во комбинација со подобрениот ред на летање, (порано слетување наутро и подоцна полетување навечер), корисниците на ДХЛ во Македонија ќе имаат значително подобрени дневни сервисни перформанси, т.е. расположливост на нивните увозни пратки порано во текот на денот, како и можност за испраќање на извозните пратки до подоцна во текот на денот. Како рамноправен член на DHL Worldwide Network, ДХЛ Експрес Македонија е основана со 100% странски капитал и претставува дел од светската мрежа на ДХЛ веќе 28 години. Со доминантно пазарно учество во полето на курирскиот транспорт, ДХЛ Експрес Македонија е незаменлив партнер на над 5.000 компании и институции во Македонија во нивната меѓународна комуникација. ДХЛ Експрес Македонија има 75 професионално обучени вработени и возен парк од над 20 возила што овозможува непречено функционирање и апсолутно покривање на целиот востановен процес на работа, кој функционира подеднакво во секој дел на мрежата на ДХЛ. За времетраењето на целиот процес

пратките ниту за миг не излегуваат од ДХЛ дистрибутивниот систем, односно во секој момент може да се знае за статусот на пратките, каде се наоѓаат во одреден момент, и може да се добијат детални податоци за доставувањето на пратките, како и да се добие потврда за доставувањето. Флотата на ДХЛ овозможува стандарден и најбрз рок на испорака на пратките од и кон Македонија, обезбедувајќи највисока безбедност на пратките. Царинскиот склад обезбедува сите увозно-извозни и транзитни процедури да се извршуваат брзо од страна на професионалниот брокерски тим на ДХЛ Експрес Македонија. Сервисниот центар на ДХЛ со инсталираните системи, подобрените работни процеси и заокружувањето на сите активности “под еден кров” значи скратување на времетраењето на земните процесни активности (ground operations), зголемен квалитет на царинскопосредувачките работи и зголемена безбедност. Неодамна, ДХЛ ја збогати својата градска курирска флота со возила на 100% електричен погон. Во рамките на глобалната кампања, на DP DHL, под името GO GREEN, градските рути во Скопје ќе бидат опслужувани со возила со НУЛА емисија на издувни гасови. ДХЛ Експрес е првата логистичка компанија во Македонија што го има добиено ТАПА (Technology Asset Protection Association) сертификатот, највисокото признание за сигурноста и нивото на безбедност во логистиката.nnn


37

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Во комбинација со подобрениот ред на летање, (порано слетување наутро и подоцна полетување навечер), корисниците на ДХЛ во Македонија ќе имаат значително подобрени дневни сервисни перформанси, т.е. расположливост на нивните увозни пратки порано во текот на денот, како и можност за испраќање на извозните пратки до подоцна во текот на денот.

УСПЕШНА ПРИКАЗНА ОД ПРЕКУ ПОЛОВИНА ВЕК Системот на групацијата ДХЛ денес транспортира повеќе од 400 милиони пратки во повеќе од 220 земји и територии, со тим од преку 100.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од над 260 авиони и преку 36.000 возила.

В

о 1969 година, тројцата ентузијасти Ејдриен Делси (Dalsey), Лери Хилблом (Hillblom) и Роберт Лин (Lynn) почнаа бизнис на авионска брза пошта како одговор на потребата на компаниите да обезбедат брз и економичен трансфер на документи. Тоа беше почеток на еден неверојатен раст којшто ја претвори ДХЛ во најголема курирска компанија во светот. Системот на групацијата ДХЛ денес транспортира повеќе од 400 милиони пратки во повеќе од 220 земји и

територии, со тим од преку 100.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од над 260 авиони и преку 36.000 возила. Грижата за природата и околината се составен дел на стратегијата на ДХЛ: мерки и средства за минимизирање на загадувањето се применети во сите сегменти на работењето - современи воздухоплови (според ICAO Chapter 3), EUR4 катализирани возила, користење на амбалажа изработена од 100% рециклирачки материјали, итн.. Освен освежениот корпораивен изглед

под капата на Дојче пост, црвеножолтиот ДХЛ претставува најголема и водечка експрес и логистичка компанија во светот која им нуди на клиентите иновативни и прилагодени решенија. Со светската експертиза во поглед на решенија, експрес, воздушен и прекуморски товарен превоз и копнен транспорт ДХЛ ја комбинира глобалната покриеност со суштинското познавање и експертиза на локалните пазари.


ЈУЛИ 2021

38 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ЗБОГАТУВАЊЕ НА ОПЦИИТЕ ЗА МЕНАЏМЕНТ ЕДУКАЦИЈА

ВО ВИНИЦА СЕ ОТВОРИ АКАДЕМИЈАТА ЗА МЕНАЏЕРИ Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес, чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата е под покровителство на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија.


39

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ

БИЛЈАНА МАРКОВИЌ СТАМЕНОВА

Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.

Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.

генерален директор на Макпрогрес и претседател на Фондацијата „Прогресив Академија“

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Д

еновиве официјално почна со работа Академијата за извршни менаџери во Виница, под покровителство на компанијата Макпрогрес, Европската банка за обнова и развој – Лондон и Владата на Јапонија. Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за извршни менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот. На официјалното отворање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина

директор на PrimePoint Partners и академски директор на Академијата за извршни менаџери

извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата. „Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.“ , изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес и претседател на Фондација „Прогресив Академија“. „Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот.“ , изјави Анди

Аранитаси, претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје. Консултантската компанија PrimePoint Partners од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за Извршни Менаџери. „Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.“ , додаде Билјана Марковиќ Стаменова, директор на PrimePoint Partners и академски директор на Академијата за извршни менаџери. Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера и да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од Септември 2021. nnn


ЈУЛИ 2021

40 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

РАСТОТ НА ЕКОНОМИИТЕ ОСТАНУВА ВИСОК

Политиката на централните банки нема да се промени во блиска иднина, некаков вид на нормализација или т.н. „tapering“ исто така не е на повидок. Економскиот раст на развиените пазари останува висок, а невработеноста ниска. Во одредени индустрии, постои недостаток на работна сила. На тој начин, одредени индустрии може да растат побрзо.


41

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ЕНЕРГИЈАТА И МАТЕРИЈАЛИТЕ ОСТАНУВААТ ЗАШТИТА ОД ИНФЛАЦИЈА Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, сега сме во фаза на консолидирање на девизните курсеви. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надминува очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди треба да издржат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат на подолг временски период.

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

Г

(опремата на текстот е редакциска)

лобалните берзи поставија нови рекорди минатата недела. Овој пат, повисоките цени беа водени главно од технолошки компании, кои повторно почнаа да добиваат вредност по понискитe каматни стапки на пазарот на должнички инструменти. Политиката на централните банки нема да се промени во блиска иднина, некаков вид на нормализација или т.н. „tapering“ исто така не е на повидок. Економскиот раст на развиените пазари останува висок, а невработеноста ниска. Во одредени индустрии, постои недостаток на работна сила. На тој начин, одредени индустрии може да растат побрзо. Ковид-19 и делта верзијата, сепак, уште малку ги заплашуваат инвеститорите, особено во индустриите што зависат од човековата мобилност. Во Израел, во моментов можеме да следиме „клиничка студија“ на околу девет милиони луѓе во реалниот живот. По отворањето на

Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација се мизерни, главно негативни и заедно со негативните приноси од банка, продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во капитални инвестиции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањето на економиите по пандемијата ја зајакнува економската динамика, како што е индустријата за нафта и гас или каде стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални инвестиции треба да биде претставена од индустрии кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, заради инфраструктурни стимули и премин кон ”зелено” и снабдувањето, како и заради преминот кон „зелена“ енергија. Сепак, можеме да додадеме селективна потрошувачка индустрија, иако треба да се внимава со акциите на производителите на луксузните стоки. Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, Кина дојде во област на интерес за купување по последната корекција, но поради растечките геополитички тензии и политичко мешање во економијата, претпазливоста не е излишна. Заради добри приноси на дивиденди и привлечни проценки за мал дел од портфолиото, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа исто така останува интересен. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, сега сме во фаза на консолидирање на девизните курсеви. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надминува очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди треба да издржат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почиста енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови и фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


ЈУЛИ 2021

42 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Ковид-19 и делта верзијата, сепак, уште малку ги заплашуваат инвеститорите, особено во индустриите што зависат од човековата мобилност. Во Израел, во моментов можеме да следиме „клиничка студија“ на околу девет милиони луѓе во реалниот живот. земјата и пристигнувањето на високо заразната нова верзија на вирусот, бројот на заразени повторно почна да расте. Интересно е да се спомне дека повеќе од половина, околу 55% од сите новоинфицирани лица биле вакцинирани. Ефективноста на вакцината е многу помала отколку во клиничките студии. Што е уште поважно, вакцината продолжува ефикасно да штити од посериозна прогресија на болеста и хоспитализација, а процентите продолжуваат да бидат далеку над деведесет проценти. Поблаги симптоми кои ја придружуваат болеста се исто така многу почести кај вакцинираните лица. Гледаме дека влијанието на вирусот ќе продолжи да биде присутно во блиска иднина и дека одредени мерки ќе останат со нас уште некое време.

Голема разновидност на кинескиот пазар

Последната недела беше интересна и во однос на нафтата. Цената на суровата нафта повторно се приближува до 80 долари за барел. Најновиот скок се должи на прекинот на преговорите на ОПЕК. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не успеаја да се договорат за зголемување на ископувањето, што секако доведува до повисоки цени на нафтата на глобалните пазари. Како резултат, нафтата доминира на целиот пазар на стоки и полека се приближуваме кон суровински шок. На кинескиот пазар има голема разновидност и во моментов се противи на сегашната политика. Помалку лабава монетарна политика, поголема регулација на најголемите кинески компании, повисоки цени на стоките, политички тензии со Тајван. Кина беше многу успешна во борбата против вирусот минатата година, а економијата беше исто така силна. Оваа година, сепак, бележи нешто полоши резултати, особено на економско поле. Како резултат, пазарот на капитал е исто

Цената на суровата нафта повторно се приближува до 80 долари за барел. Најновиот скок се должи на прекинот на преговорите на ОПЕК. така под притисок, кој годинава се движи околу нула. Сепак, Кина е многу успешна во областа на вакцинацијата. Се вакцинираат околу 20 милиони луѓе на ден, што ќе ги доведе до целта за најмалку 80% вакцинација до крајот на оваа година. Главната улога во диктирањето на насоката на пазарите ја презедоа (барем привремено) очекувањата за каматната стапка, иако очекувањата за инфлација

и геополитиката сè уште го додаваат својот удел. Акциите на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот заснован на долгорочни трендови, така што нивната привлечност се зголемува по неколку месечна консолидација. Но, со високи проценки, геополитички тензии и стравувања од инфлација, инвеститорите остануваат претпазливи. nnn


ЈУЛИ 2021

44 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

КАКО ПИТЕР ТИЕЛ СО ШАХОВСКИ ТАКТИКИ СТАНА МИЛИЈАРДЕР? Питер Тиел е познат иноватор, претприемач и инвеститор, ко-основач на Paypal и на уште многу други стартапи. Важи за еден од поголемите мислители и филозофи меѓу американските претприемачи. Како голем вљубеник во шахот, инсистира се што научил преку шахот да го преточи во инвестициски и бизнис совети. Еве неколку шаховски концепти кој Тиел ги издвојува како бизнис совети.

П

итер Тиел е познат инвеститор и менаџер на хеџ фондови, ко-основач на Paypal и на уште многу други стартапи, кој е фасциниран од човечката природа, е многу голем вљубеник во шахот. Интересно е што се што научил преку шахот се обидува да го преточи во инвестициски совети. Меѓутоа за формирање на компанија, како што вели Тиел. Покрај интелектуални способности е потребно и нешто што тој го нарекува “механика на мафијата”, односно сфаќање на комплексната човечка динамика. Како што вели тој, шахот е свемир во мало: постојат 32 фигури и 64 полиња на таблата кои тие фигури можат да ги заземат. Еве неколку шаховски концепти кој Тиел ги издвојува како бизнис совети. XМорате X да ја знаете релативната вредност на вашите фигури. Во шахот, кралицата е најважна на таблата. Во стандардниот вредносен систем, на кралицата и се доделува 9, на топот 5, ловецот три, на кралот 4, а пешаците имаат пониска вредност од 1. Тиел смета дека и различни луѓе различно вредат за компанијата, па секој основач на бизнис мора тоа да го знае. Тој нагласува дека во рамки на секоја група, постои различен опсег на таленти. Тоа важи за инженери и за продавачи. Инженерството е транспарентно и многу е полесно да се процени колку е некој добар. Продажбата воопшто не е транспарентна и постои голем распон на нивото на квалитет меѓу продавачите. Совет: Како и шаховските фигури, така и луѓето имаат различна вредност за организацијата. Морате да бидете способни точно да ја одредите вредноста на луѓето. На секое подрачје постојат аматери, медиокритети, експерти, мајстори и велемајстори. XМорате X да знаете колку фази има играта и морате да имате план Во шахот постојат три фази : отварање на игра, средина на игра и крај на играта. Тиел предупредува дека луѓето често зборуваат за предностите на првиот потез, што создава проблем, бидејќи можете да го направите првиот потез и потоа да исчезнете. Поважен од првиот

потег е последниот потег. Совет: Да се повлече првиот потег добро, не е секогаш предност. Размислите за покерот. Ако сте последен кој се клади, имате најмногу информации. На крајот на играта се преземаат одлучувачките потези. Проучете го тоа и задолжително бидете тука во вистинско време за да го одиграте својот потег. Имајте план. XДознајте X како вашите фигури најдобро работат заедно Тиел споменува два типа на личности: штребери и атлетичари. Првата група има повисока интелигенција и е добра во решавање на проблеми. Во втората група се високо мотивирани борци кои сметаат дека се победува единствени кога некој друг губи. Компаниите мора да ги има и едните и другите и да воспостави рамнотежа помеѓу нив. Совет: Потребни ви се атлетичари за да ги заштитат штреберите кога ќе дојдете во ситуација на борба. XШахот X е брутална ментална игра. Животот исто така. Внимателни повлекувајте ги вашите потези. Според зборовите на шаховскиот велемајстор Дени Кинг, Шахот е брутална игра. Кинг вели дека се се одвива во главата. Кога ќе изгубите се чувствувате глупо во однос на противникот. “Некој можете да го нарекувате со сите

погрдни имиња кои постојат, но ако го наречете глупав - тоа е најлоша работа која можете да му ја кажете на некое човечко суштество. А така отприлика се чувствувате кога ќе изгубите во шахот. Се е тоа на интелектуално ниво”. Совет: Не можете да ги повлечете назад вашите потези. Кога еднаш сте го одиграле вашиот потег, постои можност дека сте зачекориле во ужасна замка. XТалентот X е важен. Позначаен е од среќата за успех. Во шахот талентот е важен. Во работата и во животот, важни се и талентот и среќата. Тиел вели дека луѓето често занемаруваат дека некој кој е успешен е истовремено и вешт. Секогаш постои голема улога на среќата во сето тоа. Никој не смее да покаже дека всушност контролира се. Тиел советува дека со обзир на тоа дека најдобрите луѓе тежнеат кон подигање на најдобри компании, основачите или еден до двајца од постарите партнери во секоја компанија би требало 25% до 30% од своето време да го поминуваат во идентификување и привлекување на таленти. Совет: Некои луѓе носат поголема вредност и поседуваат повеќе ресурси отколку што се свесни. Вложете го своето време во пронаоѓање на талентирани луѓе за вашата организација. nnn


ЗДРАВО лето!

Здравствено патничко осигурување

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг. Здравствено патничкото осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Обезбедете онлајн полиса на 5minuti.mk Повеќе инфо на triglav.mk

www.5minuti.mk


ЈУЛИ 2021

46 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

РЕКОА ЗА...

УСПЕХОТ

Најбогатите и најуспешните луѓе во бизнисот не дошле до таму случајно. Дали преку паметни инвестиции или остра бизнис интуиција, или со исклучителна комбинација на талент, упорност, вистински тајминг, овие милијардери сигурно направиле нешто исклучително добро. Барем, најголемиот дел од нив. Кога некогаш ќе ви треба нешто да ве подигне и да ве натера да продолжите по патот до успех во бизнисот, можете да се потсетите на овие инспиративни изјави од некои од најуспешните и најбогати луѓе на планетава.


47

ЈУЛИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1107

Америка за мене е земја, во која ако имате да понудите нешто добро, ќе бидете многу високо вреднувани.

Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека тие не можат да изгубат.

БИЛ ГЕЈТС

американски милијардер и филантроп

ТАДАШИ ЈАНАИ

јапонски бизнисмен и милијардер

Еднаш кога ќе разбереме дека несовршеното разбирање е човечка состојба, човек не треба да се срами ако не е во право, туку ако не успее да ги корегира своите грешки.

Ако го менувате светот, тогаш работите на значајни работи и возбудени сте кога станувате рано наутро.

ЏОРЏ СОРОС

американски инвеститор

ЛЕРИ ПЕЈЏ

ко-основач на Гугл

Единствен начин да имате успех во работата е да го сакате тоа што го работите. Ако се уште не сте го нашле, продолжете да го барате. Како и за се што е поврзано со срцето, ќе знаете кога ќе го најдете.

Не ги мешајте личните интереси со развојот на компанијата.

СТИВ ЏОБС

ко-основач на Епл.

ВАНГ ЏИАНЛИН

кинески бизнисмен и филантроп

За мене бизнисот не е во тоа да носите скапи одела и да ги задоволувате акционерите, туку во тоа да бидете искрен со себеси, со вашите идеи и да се фокусирате на суштината.

Не дозволувајте стравот од неуспех да биде поголем од возбудата на успехот.

РИЧАРД БРАНСОН

англиски бизнисмен и инвеститор

РОБЕРТ КИОСАКИ

американски бизнисмен и автор

Од мојот татко научив дека промените и експериментирањето се константни и многу значајни. Мора секогаш да се обидувате и правите нови работи.

Никогаш не сонував за успех. Работев за него.

С.РОБСОН ВАЛТОН еден од наследниците на империјата Walmart

ЕСТЕ ЛОДЕР

основачка на истоимената козметичка империја


Profile for Kapital Media Group

1107- Kapital magazin  

Business magazine

1107- Kapital magazin  

Business magazine

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded