__MAIN_TEXT__

Page 1

МАКЕДОНИЈА ВО 2021 ГОДИНА НА КРИЗИ И НА МОЖНОСТИ business magazine

БРОЈ 1089 l 25 декември 2020 петок l година 21 цена 200 ден. l www.kapital.mk

COVER

ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ВО “V“ ИЗРАЗ

INTERVIEW

ИНТЕРВЈУА

АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ

КИРЕ НАУМОВ РАЗВОЈНА БАНКА

МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

ЗДРАВКО ЗДРАВЕСКИ

СО ПЛАНИРАНИ ВЛОЖУВАЊА ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ БИДЕМЕ НАЈГОЛЕМ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР ВО ДРЖАВАТА

БЕРЗА

ПРЕЖИВЕАНА ЕДНА „ПАНДЕМИЧНА“ ГОДИНА

E – COMMERCE

БУМ ПОРАДИ КОВИД - КРИЗАТА

УНИБАНКА

КОЛУМНИ

ВИКТОР МИЗО

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

НЕБИ ХОЏА

СКСЗМ

ПОРТРЕТ

АНГЕЛА МЕРКЕЛ:

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА


omegawatches.com


ДЕK. 2020

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

О

Stand By

Сексот, ковидот и растот како за крај на годинава! Овој текст, почитувани читатели, го пишувам на 22 декември. Да ти било денес светски ден на оргазмот!? Не знаев дека има и таков ден ...Утрото гледам една српска телевизија, утринска програма во живо, онака “мрсна” и ексклузивна продукција, како што српска продукција знае да произведе ... каква што не гледам на македонските телевизии.

Програмата ја отвораат со темата за сексуалноста и оргазмот кај жените и мажите. Водителката, убава, секси, грее, онака со еротски поглед кон камерата објаснува дека отворила вакво парче во утринска емисија како супер нешто на крајот на годината, со јасно изразена желба кон српското население за што повеќе секс за време на новогодишните празници ... Гости ѝ беа двајца сексолози еден маж и една жена ... кои половина час ги објаснуваа оргазмите кај жените и мажите ... Онака, баш “пластично”. Супер беше да се слуша и убаво беше да се гледа ... Убава водителка, убави гости, скапо студио, убаво дотерани. Темата поубава не можеше да биде.

новите генерации. Затоа што има една стара југословенска поговорка која вели – Што мајмун види, то мајмун ради ... Да дадам еден генерален заклучок: На Македонија и треба повеќе еротика ... Затоа што многу проблеми кои настануваат и на нашата политичка сцена, особено на релација власт - опозиција доаѓаат од недоволно количество на секс! Сега е време за опуштање! Сè да биде поопуштено ... Второ – и светските научници се за повеќе секс

За момент се вратив на македонските канали и ги листам ... на некои гледам евтини македонски народни приказни (!?), на друга телевизија се распенавиле некои гледачи пензионери на живи јавувања во телевизијата ... нити можеш да ги разбереш нити водителот ги разбира, гледаш кутриот водител едвај чека да завршат јавувањата ... На друга телевизија гледаш репризи на турски серии со македонски превод каде некоја лелека / каква мајка си ти, каква мајка си ти ... зарем не ти е срам ... Не бегај, каква мајка си ти!!! Што да се каже ...

На пример, на потребата од повеќе еротика во нашите животи укажуваат и студии направени на светски универзитети од многу умни научници. Кога пандемиите завршуваат, често постои период во кој луѓето бараат интензивна социјална интеракција и забава! Тоа е производ на преживеан стрес! Ние на пример во Македонија не сме во постојан стрес само поради ковид пандемијата! Имајќи предвид што напишав погоре ... со што сме се затруени низ медиумите – телевизии и порталите во последните години, и какви се примитивизми дневно не читаме низ социјалните мрежи ... таа општа македонска исфрустрираност и закованост во две три теми ... без способност да се рашири малку да се види животот пошироко. Значи ние долго време сме под стрес! А мислам дека и со сексот на национално ниво не стоиме најдобро ... Добро, има убави исклучоци!Анализите покажале дека после оваа пандемија може да се очекува силна сексуална разузданост кај народот, либерално трошење на пари, и однесување кое многу нема врска со религиското ... Тоа би било сеопшта радост!

Оттука, мојата желба за 2021 година е македонските телевизии, нивните основачи малку да забават со примитивизмот и да инвестираат повеќе во продукција, изгледот на телевизијата, сигналот и дизајнот ... Да се укинат од емитување примитивните македонски народни приказни кои не само што го убиваат нагонот за секс кај населението по долината на Вардар, тие се и погубни по воспитување на новите генерации, на децата кои сакаат не сакаат се соочуваат со оваа напаст и пропаст на “сељаштвото” овде сликано и снимено во крајно петпарачка продукција! Исто така време е да се укинат оние деструктивни јавувањата на гледачите (пензионерите) во утринските и попладневните часови!

Николас Кристакис, научник и професор на Јеил универзитетот во САД правејќи некаква ретроспектива со светските здравствени пандемии низ вековите наназад, вели дека сите пандемии во еден момент завршуваат ... стопираат. Секогаш завршуваат. Тие завршувале и пред да се појави вакцина. Но, како човештвото ќе одговори преку социјалното дистанцирање и менувањето на животните навики кај луѓето, е тоа зависи од силината со која пандемијата влијае и извршила притисок врз нашите животи, општеството и капацитетите на државата ... Значи дистрибуцијата на вакцината во 2021 година ќе биде еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочи целото човештво во следната година.

Време е да се направи една подетална ревизија на капацитетот на македонскиот медиумски простор. Што се нуди како квалитет. Да не заборавиме дека и медиумите покрај образованието ги формираат

Проценките се дека подобра иднина на краток рок нема да дојде додека државите и општествата не најдат време за дистрибуција на вакцината во некој момент во 2021 година, и додека светот


5

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

не закрепне од економската и социјалната девастација, а тоа би можело најрано да се очекува во 2023 година. И конечно 2024 година би била година на експлозија на живот ... спорт, игри, полни стадиони, полни ноќни клубови и силен развој на уметноста ... Сите пандемиски трендови би биле свртени на грб, а луѓето силно ќе бараат социјална интеракција. Овие трендови може силно да придонесат и за сексуална разузданост, либерално трошење пари ... Еве шанса за економија ако така велат светските аналитичари ... Да се наштимаме ... Трето – кога кризата е и шанса Колку и да звучи веќе како излитена фраза, но кризата е навистина истовремено и шанса. Пандемијата го затече светот очигледно неподготвен, но како одминуваа месеците се увидоа приликите! Некои, веднаш ја видоа приликата и во „новото нормално“ ќе влезат побогати за десетици милијарди долари. Amazon е најексплоатираниот пример периодов за тоа што значи искористување на кризата како шанса. Технолошкиот император Безос го мобилизираше своето онлајн царство годинава со 400 илјади нови вработени, што е апсолутен рекорд во светската корпоративна историја, за да го задоволи гладот на светската популација за купување на сè и сешто, додека рестриктивните анти ковид мерки ја беа заковале истата дома пред телевизор. Значи за почеток да сфатиме дека ништо повеќе нема да биде исто. Животот продолжува, но од нас зависи како ќе го живееме во пост пандемичната ера и дали ќе ги искористиме своите шанси. Или уште подобро, сами да ги создадеме. Дали ќе се „вооружиме“ со нови вештини што ги бара дигитализацијата, ќе го зголемиме личниот капацитет и ќе станеме конкурентни на пазарот што всушност ќе биде целиот свет, или типично, по балкански терк, ќе ја закопаме главата во песок и ќе го обвинуваме, пак истиот тој цел свет за сите наши проблеми. Дека, нели, нас, особено нас Македонците, сите нè мразат! За Капитал Почитувани пријатели и читатели, со цел полесно да се движиме на патот кон трансформацијата за новото време, ние во Капитал решивме да направиме синергија од тоа што е неминовната сегашност и иднина и она што нас нè направи препознатлив бренд на македонската медиумска сцена во двете децении наназад.

На потребата од повеќе еротика во нашите животи укажуваат и студии направени на светски универзитети од многу умни научници. Кога пандемиите завршуваат, често постои период во кој луѓето бараат интензивна социјална интеракција и забава! Тоа е производ на преживеан стрес! Ние на пример во Македонија не сме во постојан стрес само поради ковид пандемијата! Ние сме затруени од политиката и од медиумите – телевизии и порталите во последните години, и какви се примитивизми дневно не читаме низ социјалните мрежи... таа општа македонска исфрустрираност и закованост во две три теми... без способност да се рашири малку да се види животот пошироко. Значи ние долго време сме под стрес! Нас всушност ни фали повеќе секс.

По мала пауза во издавањето на печатениот неделник Капитал (иако не престанавме и цело време излегуваме во ПДФ и хтмл формат на нашиот веб портал) од оправдани причини поврзани со ковид – кризата, решивме да ви понудиме уште подобар магазин, луксузно

„спакуван“ и печатен на 140 страници, којшто е сега пред вас. Креиран со многу љубов и посветеност на целиот наш тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, впрочем онакви какви вие сте се навикнале да консумирате од нас изминативе две и повеќе децении. Само што сега направивме и екстра напор, за да ви понудиме и дополнителна вредност, а тоа е новиот бренд! Новиот магазин „Менаџер“, кој можете да го прочитате откако ќе го свртите ова издание во контра! На чијшто развој исто така работевме изминативе месеци. И продолжуваме да работиме. А во наредните неколку месеци ќе излезе и со уште неколку изненадувања како нови производи на нашата компанија. “Менаџер” ќе биде фокусиран на содржини од доменот на управувањето. Управување со вашите компании, со тимовите кои работат за компанијата, управување со вашите производи и управување со вашите проекти, управување со самите себе, управување со своите вештини, емоции, со својот тим, сектор, стартап, корпорација... Управување со новата реалност што ја носи дигиталното време. Би сакале да ви помогнеме во тие процеси, се разбира, со помош на експертизата на нашите соработници од најразлични професионални сфери, докажани стручњаци од Македонија, регионот и светот. За првиот број од новиот магазин се потрудивме да направиме избор на содржини што ќе бидат интересни за читање, но и корисни како своевидно know – how. Ги имаме локалните политички и бизнис лидери, банкарите, инвеститорската фела, стартап претприемачите...сите со своите визии и прогнози за она што следува во 2021. Генерално, умерениот оптимизам преовладува кај сите, што е добра вест, со оглед на предизвиците со коишто се соочивме годинава. Секако, ги опфативме и светските аспекти на она што се нарекува пост - пандемичен раст и развој, преку корпоративни стратегии, изјави на најголемите менаџери на денешницата и визионери. Ве поканувам на ова ново возбудливо патување заедно со изданијата на КМГ и Ви посакувам на сите Среќна Нова Година и чувајте здравје!

Со почит, Љупчо Зиков


ДЕK. 2020

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ВО “V“ ИЗРАЗ 3,9 %

3,2 %

2019

2021 ДВ ИЖ ЕЊ ЕН АБ ДП

-4,2 %

2020


2021 ЌЕ ГО ТЕСТИРА ИМУНИТЕТОТ ИИМУНИТЕТОТ НА ВАКЦИНИТЕ И НА ЕКОНОМИЈАТА 2021 ЌЕ ГО ТЕСТИРА И НА ВАКЦИНИТЕ И НА ЕКОНОМИЈАТА Кривата што го одразува движењето на бруто домашниот производ (БДП) преку податоците за 2019 година како преткризно ниво на развој, потоа исклучително лошите економски перформанси во 2020 година во услови на пандемија што предизвика рецесија, па до оптимистичките прогнози за 2021 година, јасно го исцртува таканаречениот “V“ израз, којшто настанува вообичаено по големи економски кризи. Она на што се крстат и економистите, не само лекарите, и ги темелат своите оптимистички прогнози, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање на општествата во нормала. Освен Владата која што вообичаено има оптимистички поглед на економските текови, позитивни сигнали дека 2021 година ќе биде своевидно достигнување по исклучително тешката 2020 година доаѓаат и од реалниот сектор, но и од банкарите чија диоптрија за скенирање е прилично остра. Народната банка проценува дека економијата во 2021 година ќе порасне 3,9%. На иста линија се речиси сите други прогнози на меѓународните финансиски институции.

7

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089


ДЕK. 2020

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

автор

ЗОРАН ЗАЕВ

претседател на Владата

Влегувањето во Европската Унија е и наша економска мотивација и нема друг пат. Сите наши сили сега се насочени кон одблокирање на ветото но интензивно продолжуваме со реформите – правни и економски. Падот на БДП од 4,4% е очекуван. Државата заклучно со декември ќе има вратено 1,146 милијарди евра. Буџетот е стабилен со приливот од најголемите даноци – ДДВ, данокот на добивка и данокот на личен доход – овие приливи се исполнуваат најоптимистички. Ако во периодот април-мај помине кризата, веројатно е да постигнеме раст од 4,1% во 2021 година. Очекуваме и да го стабилизираме јавниот долг и во периодот до 2025 година да го вратиме на износ под 60%, секако зависно од растот на БДП.

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА

гувернерка на Народна банка

Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност. На среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година.

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Р

астечките бројки на нови случаи инфицирани со коронавирус на дневна основа, од денешна перспектива се уште не може да ја расчистат замаглената слика за идната година, иако одобрувањето на две вакцини што гарантираат имунитет над 90% само по 10 месеци од избувнувањето на пандемијата, веќе протнуваат зраци на надеж дека во 2021 може целосно да се вратиме во старата нормала. Меѓутоа, погледот наназад кон годината што измина е мрачен за милиони луѓе ширум светот, па и за многумина во земјава, преживувајќи ја најлошата година веројатно во нашето постоење, односно од Втората светска војна наваму. Сурови се последиците што ги направи пандемијата со коронавирусот годинава, мерени преку огромниот број на заразени и починати граѓани досега, но и низ призмата на најбитните макроекономски индикатори што ја отсликуваат економската состојба. Податоците што ни се досега познати, се запрепастувачки. Во вториот квартал годинава, периодот од април до јуни кога забрзано се прошири вирусот а властите воведоа полициски час во обид да се запре ширењето на заразата, имаме историски најдлабок пад на бруто домашниот производ (БДП) од 14,9%. Потоа во текот на летните месеци, од јули до септември, кога се почувствува одредено релаксирање и низ извештаите на Министерството за здравство кое на дневна основа не информираше за бројот на новозаразени и починати, соодветно на тоа и олабавувањето на рестриктивните мерки, очигледно е и ублажувањето на економскиот пад на 3,3%. Меѓутоа, вториот бран на пандемијата повторно покажа „заби“ од октомври, па иако властите одолеаја на воведување локдаун како најголем број од земјите во светот, сепак, економските резултати се влошуваат главно како последица на огромна воздржаност и на бизнис секторот да инвестира, но и на граѓаните помалку да трошат. Со оглед на тоа што податоците за движењето на БДП последниот квартал од годинава, ќе се знаат дури следната година, неколку показатели навестуваат дека наместо очекуваното благо закрепнување, сосема извесно е дека ќе продолжи трендот на намалување на економската активност со пад од околу 2%. Кон тоа упатува намалувањето на индустриското производство, кое во октомври бележи пад од 5,2%, што е повторно продлабочување споредено со месецот претходно. Надворешната трговска размена, пак, во октомври бележи одредено закрепнување, со раст од 2,3%, при зголемување на извозот за 5,6% и намалување на увозот за 0,1%. Меѓутоа, првичните податоци покажуваат дека и во овој квартал продолжува намалената инвестициска активност и послаба приватна потрошувачка.

Загрижувачка дисторзија има на пазарот на труд, каде што заклучно со октомври, бројот на невработени годинава е зголемен за речиси 52 илјади луѓе. Од Агенцијата за вработување, пак имаат поинакво објаснување, според кое бројот на граѓани што на сопствена кожа ја почувствувале корона – кризата и добиле отказ, е 15.858, а вкупниот број на невработени бил зголемен поради поголем интерес за пријавување во Агенцијата од страна на невработените поради спроведување на социјални реформи односно право на одредена социјална помош, а имало и граѓани што се вратиле од странство и останале, па биле исто така евидентирани како нови невработени. Сумирано, се проценува оваа година да заврши со пад на економската активност од 4,9% според последните проценки на Народната банка, до најмногу 5,4%, колку што прогнозира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според прогнозите на Народната банка, ќе има пад кај сите компоненти на БДП во 2020 година, освен кај јавната потрошувачка, и тоа најголем пад кај бруто-инвестициите од 12,8% во услови на намалени странски директни инвестиции и послаби домашни инвестиции од страна на приватниот и јавниот сектор; потоа намалување на личната потрошувачка за околу 4% во услови на пад на расположливиот доход на населението, при неповолни поместувања на пазарот на труд и помали приватни трансфери, но и поголема воздржаност од потрошувачка; извозот ќе забележи пад од 11,7%, поради намалена странска побарувачка и привремен застој во глобалните синџири на снабдување; а намалената лична и инвестициска побарувачка, заедно со падот на извозот ќе доведат и до помали увозни притисоци, односно увозот ќе се намали за околу 12%. „Се работи за синхронизирана економска криза којашто истовремено ги погодува речиси сите економии во светот и се очекува дека само околу 26 земји ќе имаат мала позитивна стапка на економски раст. Се работи за криза којашто за разлика од големата економска криза од 2008 година не е резултат на слаби економски фундаменти или слабости на финансискиот систем, туку е здравствена криза којашто брзо се прелеа во реалниот сектор. Општо земено, правиме надолна ревизија на економските проекции при понеповолно надворешно окружување, односно поизразен пад на странската побарувачка оваа година и зголемена неизвесност и од домашното окружување со појавата на вториот бран на коронавирусот, којшто се очекува да има продолжени економски ефекти врз потрошувачката и приватните инвестиции и во првата половина на наредната година“, истакна гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Според проценките на Народната банка, се очекува дека странската побарувачка за нашите стоки и услуги ќе се намали за 6,3% оваа година што е подлабок пад и од 2008 во екот на финансиската криза, а потоа НБМ очекува раст во наредните 2 години од 4,6% и 3% во 2021 и 2022 година, соодветно. „Надолната корекција за оваа година се објаснува со послабите очекувања


ДЕK. 2020

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ДАНЕЛА АРСОВСКА

претседател на Сојуз на стопански комори

Доброто корпоративно управување без разлика дали е во кризни услови, бара знаење и компетентност. За поддршка на приватниот сектор Македонија имаше еден од помалите пакети за економски спас, но уште поважна беше потребата од системско решавање на предизвиците, што доведе до потешкотии во имплементација на финансиските мерки за помош. Надминувањето на овие состојби, може да се постигне со системски решенија, но и со именување на носители на јавни функции засновано врз принцип на меритократија.

САШО НАУМОСКИ

генерален директор на Витаминка

Следната година ќе биде година на враќање на нозе. Вистинскиот удар од пандемијата ќе се знае кога таа ќе заврши, бидејќи дотогаш сите прогнози ќе бидат врз основа на претпоставки, а не на факти. Фактите сега се менуваат постојано бидејќи ситуацијата се менува постојано. За нас следната година ќе биде година на поставување нови цели и модификација на постоечките цели. Се зависи од тоа како ќе се одвива пандемијата, во кој правец и колку долго ќе трае. Но знаејќи ги капацитетите на компанијата, човечкиот потенцијал не се сомневам кога станува збор за вработени во нашата компанија, очекувам година на постепен раст.

кај речиси сите наши значајни трговски партнери, при најголем придонес од германската економија, којашто е наш најзначаен трговски партнер. Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни, условени од времетраењето на пандемијата, мерките за справување со вирусот, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата“, потенцираше Ангеловска Бежоска. Претседателот на Владата Зоран Заев на прес конференција на која беа претставени достигнувањата на Владата за првите 100 дена, истакна дека БДП паѓа и заради падот на европска економија, но дека стабилноста на буџетот е евидентна и дека пакетите економски мерки за борба со Ковид кризата ги дале очекуваните резултати. „Влегувањето во Европската Унија е и наша економска мотивација и нема друг пат. Сите наши сили сега се насочени кон одблокирање на ветото но интензивно продолжуваме со реформите – правни и економски. Падот на БДП од 4,4% е очекуван. Државата заклучно со декември ќе има вратено 1,146 милијарди евра. Буџетот е стабилен со приливот од најголемите даноци – ДДВ, данокот на добивка и данокот на личен доход – овие приливи се исполнуваат најоптимистички. Првите десет дена од декември, на пример забележуваме поголема наплата од даноци во споредба со истиов месец минатата година“, истакна премиерот обидувајќи се да внесе оптимизам за економските перформанси во периодот што следува.

Лузните врз сопствена кожа

Како што може да се заклучи и од макроекономските статистички податоци кои се всушност збир од илјадници поединечни случаи во различни сектори во економијата, најголем дел од фирмите почувствуваа сериозни проблеми во водењето бизнис во услови на пандемија и сите нејзини пропратни последици. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека добра работа во целата таа неволја било што одлично се изреагирало со отворањето на транспортните коридори уште на самиот почеток на кризата, за да можат суровините да стигнат до домашните фабрики. „Многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата и практично до летото просто и да немаше директен удар, освен во дејностите што се врзани со движење – угостителството и туризмот, сообраќајот и транспортот. Никој, па и ние, не го предвидовме наглото враќање на пандемијата на почетокот на септември, па тој период може да се оцени со ‘добро’. Што не направивме најдобро? Не го искористивме летото за повеќе активности, кои есенва доведоа до ширење на пандемијата и со тоа оставија последици врз економијата.“, смета Азески како претставник на бизнис секторот. Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, го истакнува фактот дека македонската економија во трите квартали годинава бележи пад од 5,7% предизвикано од пандемијата, која доведе до значително забавување и според неа, “извесно е дека ефектите од здравствено

економската криза ќе се прелеат во 2021година“. „Нашата мала и кревка економија во голема мера е зависна од трговијата и инвестициите од ЕУ. Стапките на невработеност повторно се зголемија и состојбите на пазарот на трудот се влошуваат, тоа дополнително ќе ги усложни состојбите, а без конкретни и добро таргетирани мерки следи повторно тежок период. Проекциите се дека годинава ќе ја завршиме со пад на БДП од 4,9%, додека за следната година доколку нема некои посериозни движења и системски решенија проекциите за раст се околу 4% имајќи ја предвид споредбата со нотираниот стрмен пад годинава“, потенцира Арсовска. Меѓутоа, не сите индустрии беа еднакво погодени од оваа криза. Анета Пешева, претседател на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), вели дека како и сите други индустрии и ИКТ индустријата е засегната и затекната од оваа пандемија, но според неа, овие компании успеале полесно да се адаптираат на „новата нормалност“ токму поради дигитализацијата која што е нивен основен бизнис. „Ми се чини дека целокупното општество увиде дека на сите нас ни е потребно да се влеземе во процес на комплетна дигитализиција во сите сектори вклучително и државатa со една и единствена цел да се олесни работата пред се на институциите и да се олесни состојбата на граѓаните кои во овој момент се најзасегнати од ситуацијата со Ковид 19. Секако и ИКТ индустријата се соочи со одредени проблеми во својата работа, кои беа особено изразени во делот на обезбедување на работната сила, делумно намалување на обемот на работа, застои во делот на обновување на договорите за работа, особено со странство, итн. Со овие предизвици компаниите многу бргу се справија. Имајќи предвид дека се работи за релативно млади и адаптибилни компании, после првиот шок, веќе после месец или два работите почнаа да се нормализираат, ако под нормално се подразбира оваа “нова нормалност”, објаснува Пешева. Таа додава дека компаниите од ИКТ индустријата на крај годината ќе ја завршат во позитива, со можеби евентуално малку намалени економски резултати. „Ова уште еднаш го потенцира она што цело време го говориме, дека на Македонија и треба да има ваков тип на индустрии, модерни, адаптибилни и секако многу поподготвени за ваков тип на кризни турбуленции во економијата“, потенцира Пешева. Генералниот директор на компанијата Витаминка од прехранбената индустрија, Сашо Наумоски, вели дека „2020 година беше година на неочекуван пресврт, на постојано очекување нови бранови на пандемија, нови мерки. Со еден збор година на неочекувани промени кон негативно. И покрај тоа што зборот негативен е позитивна вест оваа година во светот, како компанија успеавме да одржиме баланс и да останеме позитивни во делот на деловното работење. Успеавме да научиме многу и како тим


2021 ЌЕ ГО ТЕСТИРА ИМУНИТЕТОТ И НА ВАКЦИНИТЕ И НА ЕКОНОМИЈАТА покажавме дека сме силна компанија со одлични механизми за справување со пандемијата“, вели Наумоски. Виктор Петков, генерален директор на компанијата Випро од Гевгелија, вели дека годинава не успеале да стекнат нови купувачи, меѓутоа, ја одржале добрата соработка со нивните постојани парнери од повеќе извозни пазари. „Во 2020 година, имаме вообичаен раст како и претходните години над 5%. Среќа е што работиме во област која што спаѓа во неопходните потреби на граѓаните и вп услови на пандемија. Но тоа не значи дека имаме автоматски загарантирано место на пазарите каде што извезуваме, напротив, секоја година мора повторно да се докажуваме“, објаснува Петков.

Појак имунитет кај финансискиот сектор

Еден од секторите што покажа поголема отпорност на оваа криза е финансискиот. Банкарите, иако признаваат дека се соочиле со неочекувани предизвици годинава, сепак, се задоволни од своето работење. Маја Стевкова Штериева, главен финансиски директор на Комерцијална банка и претседател на Македонската банкарска асоцијација, вели дека од сегашна перспектива може да оцени дека банкарскиот сектор одлично се справил со целиот предизвик на континуитет на работењето во услови на пандемија. Таа додава дека неспорна вистина е дека пандемијата го забрзала процесот на дигитализација и „можеме само да бидеме благодарни што ја имаме привилегијата да се поврзуваме компјутерски или со мобилни телефони, да работиме и комуницираме виртуелно и при тоа сите активности да се одвиваат непречено. Според јавно достапните податоци на ниво на банкарски систем, во првата половина на 2020, споредено со истиот период претходната година, може да се забележи значајна промена во учеството на електронски наспроти хартиени налози во платниот промет од 3 процентни поени во полза на електронските трансфери. Во истиот извештаен период, плаќањата преку мобилен телефон се зголемени за над 50%, а вкупните плаќања со платежни картички за 11%“, потенцира Стевкова Штериева. Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир, вели дека оваа година светот се соочи со една од најголемите рецесии поради здравствената криза која многу брзо се прелеа и во реалниот сектор. Тој гледа на 2020 како година во која сите се соочивме со предизвици од невидени размери кои го изменија начинот на секојдневното живеење и работење, а справувањето и закрепнувањето несомнено ќе трае подолг временски период. „Она што е позитивно е дека банкарскиот сектор генерално ја дочека кризата високо-ликвиден и висококапитализиран. НЛБ како Банка во кризата, исто така, влезе подготвена со висока ликвидност и висока капитализираност и квалитетни кредитни портфолија. Како втора системски најзначајна банка со силна позиција на пазарот, успешно се справивме со предизвиците и одговоривмесо сите расположливи ресурси. Останавме постојано отворени, во континуитет и

без престан ги опслужувавме нашите клиенти, ги поддржавме и надградивме сите иницијативи за поддршка на најранливите категории“, вели Аргир и додава дека во однос на клучните индикатори на работењето, „НЛБ Банка оствари исклучително позитивни финансиски резултати. Остварениот поврат на капиталот РОЕ, заклучно со 30.9.2020 година по локална методологија, изнесува 14,8% на годишна основа, а повратот на активата за истиот период по локална методологија изнесува 1,9% на годишна основа. Учеството на оперативните трошоци во вкупните нето приходи изнесува 42,4% додека учеството на некаматните приходи во вкупните нето приходи изнесува 33,4%“, потенцира некои од клучните показатели за работењето на НЛБ Банка, претседателот на Управниот одбор, Аргир. Според генералниот директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка, Тони Стојановски, 2020 била една од најтешките години во современата историја на човештвото која донесе исклучителни предизвици, големи неизвесности и потреба од многу напори за да се одржат тековите на секојдневното живеење, бизнисите и економиите. „Во такви околности, Стопанска банка АД – Скопје ги презеде сите можни активности и мерки, пред се, за заштита на здравјето на своите вработени и клиентите. Паралелно, на дневна основа се преземаа низа активности за да се овозможи континуитет на достапност на услугите и производите за сите граѓани и компании поради воведените значајни ограничувања за движењето на граѓаните и користењето на филијалите. Работевме и на подобрување на дигиталните услуги, достапни за нашите клиенти уште од 2004 година. Радува фактот што се забележува значително поместување во навиките на граѓаните во насока на посамостојно користење на банкарските услуги достапни 24/7. Банката ги прилагоди очекувањата од 2020 година согласно на реалните услови, при што, во дадените околности, очекуваме годината да ја завршиме со солиден финансиски резултат“, оценува Стојановски и додава дека Стопанска банка останува да има високи перформанси, највисок капитал и профитабилност како и најголемо кредитно портфолио во нашиот банкарски сектор. Главниот извршен директор на Халкбанк, Билал Суџубаши, вели дека иако на почетокот на пандемијата со Ковид 19 имало стравување дека таа може да има негативни ефекти врз банкарскиот сектор, сепак, тој останал стабилен. „Македонскиот банкарски сектор е добро капитализиран, поставен на добри фундаменти, што се покажа како многу важно сега која пандемијата удри силно по сите сегменти на нормалниот живот и работа. Банките во ваква ситуација, поддржани секако со соодветни мерки и активности на НБРСМ, успеаја да одговорат на предизвиците, да излезат во пресрет на граѓаните и компаниите со пролонгирање на нивните кредитни обврски и дополнително, да продолжат со кредитирањето. Централната банка, за разлика од кризата во 2008 година, во оваа криза водеше релаксирана монетарна политика за да го поддржи економското закрепнување што

11

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

АНЕТА ПЕШЕВА

претседател на Управен одбор на МАСИТ

Сите предвидувања одат во правец на тоа дека следната година треба да биде година на заздравување”, со раст кој треба да го неутрализира овогодишниот пад на економијата. Тоа оптимистички значи доста работа за сите, а пред се за ИКТ индустријата како најбрзо растечка индустрија со силен одраз врз сите други индустрии и сектори. Се надеваме на тоа дека конечно на нас ќе ни се оствари целта на двојно зголемување на нашиот удел во генерирањето на БДП на Македонија.

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

претседател на Адора Бизнис Групација

Во прогнозите за 2021 година се уште има многу непознаници, не само за нас, туку на глобално ниво. Сè зависи од интензитетот на пандемијата, односно дали новоизнајдената вакцина ќе вроди со ефикасност и колку глобалните лидери ќе покажат подготвеност, со јасен план за опоравување. Што се однесува на нашиот градежен бизнис во Македонија сè зависи од тоа дали општинските власти ќе покажат зрелост, желба за вразумување и ќе дадат простор за микролокален економски развој на општината, бидејќи без тоа нема макроекономски развој на државата.

ВИКТОР ПЕТКОВ

генерален менаџер на Випро

Нашата работа е заснована на долгорочни извозни пазари и купувачи така што, реално освен тоа што не стекнавме нови, немаме последици. Можеби и спротивно, нашите постојани купувачи се фокусираа уште повеќе на нас како сигурни и верни добавувачи. Во 2020 година, имаме вообичаен раст како и претходните години над 5%. Среќа е што работиме во област која што спаѓа во неопходните потреби на граѓаните и вп услови на пандемија. Но тоа не значи дека имаме автоматски загарантирано место на пазарите каде што извезуваме, напротив, секоја година мора повторно да се докажуваме.


ДЕK. 2020

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

БИЛАЛ СУЏУБАШИ

генерален извршен директор на Халкбанк

Од тоа колку брзо пандемијата ќе стивне и кои мерки ќе се преземат за стопанството, ќе зависи дали ќе има раст на кредитирањето, или можеби раст на нефункционалните кредити. Согласно петгодишниот стратешки план, имаме намера да го продолжмеи растот, а очекувањата се вкупната актива во наредниот петгодишен период да биде со раст од околу 8% годишно и раст на нетокредитите околу 8,5% годишно. Проекциите укажуваат дека исто како и во изминатиот период и следната година ќе работиме на постигнување раст и зголемување на пазарното учество, кој ќе е на повисоко ниво од растот на секторот. Ќе вложуваме во инфраструктурата и во зајакнување на интерните процеси, кои ќе го поддржуваат растот.

СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ член на Управен одбор на ПроКредит Банка

Динамиката на нашето работење во текот на годината остана непромената и покрај комплексните услови за работа. Во 2020 година ПроКредит Банка бележи најголем пораст на кредитно портфолио од 50 милиони евра што претставува рекорд споредено со годините наназад. Со зголемен ентузијазам, на кој придонесе задоволството на нашите клиенти, очекуваме исто како и овие години така и следните години ПроКредит Банка да има двоцифрен релативен раст во бројот на нови клиенти, кредитното портфолио и депозитната база.

овозможи да продолжи, па дури и да се засили кредитирањето. Халкбанк и во вакви кризни услови работеше добро, со остварен значителен раст како во сегментот на кредитирање, така и во делот на депозитите“, вели Суџубаши и додава дека банката бележи раст и на активата која надминала една милијарда евра, и на сопствените средства коишто по докапитализацијата од страна на матичната банка од Турција, до половината на годината достигнале 140 милиони евра. Меѓутоа, корона – кризата се одразила на финансискиот резултат. „Навистина, кризата се одрази на севкупните финансиски резултати, односно на крајот на октомври профитот на Халкбанк изнесуваше нешто над 7 милиони евра, додека ланската година е завршена со профит од 11,4 милиони евра. Сепак, треба да се знае дека ова се должи на фактот што многу наши клиенти и во делот на население и во корпоративниот сектор ја користеа мерката за одложено плаќање на кредитните обврски, така што и не се реален приказ на успешноста на работењето“, објаснува Суџубаши.

Дигитализацијата клучна предност во ковид - кризата

Од менаџментот на УНИБанка, пак, велат дека пандемијата го сменила начинот на размислување и функционирање на структурите на целото општество а банката одлично се прилагодила на новонастанатите услови за работа. „Последица на тоа се одличните резултати кои Банката ги постигна во 2020 година: остварување на најголемата годишна добивка во своето постоење; највисока адекватност на капиталот во 26 годишното постоење на македонскиот банкарски пазар; ниво на ликвидност отпорно на екстремни стрес-тест сценарија; висок процент на стабилно депозитно јадро (над 80%); и едно од најниските нивоа на лоши пласмани во банкарскиот систем со покриеност од 90%. Земајќи ги предвид условите на пандемија во кои функционираше Банката и разнишаната доверба во банкарскиот систем заради затварањето на една од банките, задоволни сме со сите постигнувања, а пред се, со тоа што покажавме сигурност, стабилност и профитабилност во своето функционирање и отпорност на сценаријата од стрес-тестовите“, вели Здравко Здравески, главен директор за ризици во УНИБанка. Од Шпаркасе банка, оценуваат дека како и останатите економски субјекти, делувала во новонастаната криза преку прилагодување на своето работење во насока на забрзана дигитализација како неминовна за да се задржи и зголеми достапноста за клиентите. „Очекуваме солиден диверзифициран финансиски резултат за 2020 остварен со прудентно работење особено во делот на проценките за кредитен ризик. И покрај издвојувањето на значително поголеми резервации во однос на претходната година, профитабилноста остана солидна. Тоа ќе овозможи натамошно кредитирање на компаниите и населението. Со присутниот континуиран опаѓачки тренд на каматните стапки, приходите мора да се диверзифицираат

преку користење на зголемена палета на банкарски некредитни услуги, од друга страна и оперативните трошоци од тековното рaботење се значително намалени споредено со нормални услови на деловна активност. Сето ова придонесе да се одржи здрав профит кој претставува основен извор на капитал и во година на криза предизвикана од екстерни фактори“, вели Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка. Тој додава дека „мора да се потенцира фактот што на колективниот шок што го предизвика пандемијата се случи и соодветен колективен одговор од сите носители на политиките, вклучително и банките како финансиски посредници во економијата преку донесување и имплементирање на комплементарни мерки. Се покажа дека работењето во кризна состојба може да биде успешно со усогласена и координирана активност со креаторите на макроекономските политики, која треба да продолжи и во наредниот период за да се осигури нормален тек на финансиските активности и успешност во надминување на последиците и за населението и реалниот сектор“, потенцира Бишев од Шпаркасе банка. Од менаџментот на ПроКредит Банка, коментираат дека динамиката на работењето во текот на годината останала непроменета и покрај комплексните услови за работа. Па така, годинава банката бележи најголем пораст на кредитно портфолио од 50 милиони евра што претставува рекорд споредено со годините наназад, велат од банката. „Гужвите и редиците не беа случај во нашите филијали како во останатите традиционални банки, затоа што уште од 2015 година започнавме со комплетна дигитализација и автоматизација на сите услуги и работењето со нашите клиенти се одвива по пат на дигитални канали. Нашите клиенти се во можност сите операции со Банката, како што се плаќања, штедење, менувачко работење и електронско потпишување договори да ги извршуваат од нивните канцеларии или од дома, без да се изложуваат на непотребни здравствени ризици со физичка посета во Банката. Со гордост може да кажеме дека сите трансакции во платниот промет се одвиваат по електронски пат“, вели Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. Според него, банката очекува да го реализира планираниот финансиски резултат во услови на зголемена кредитна активност и квалитет на портфолио на ниво од 1,6% до октомври. „Нашите очекувања се дека и покрај неизвесноста во периодот кој следи, нема да имаме значително влошување на овој показател. Сепак ги следиме и правиме редовни анализи на клиентите и сегментите погодени од кризата. Иако во моментот кај најголем дел од нив нема знаци на влошување во клучните параметри од работењето, спремни сме заедно да преземеме мерки со цел да овозможиме поддршка и континуитет во работата кај овие компании“, додава Кузмановски од ПроКредит Банка. Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, оценувајќи ја 2020 година, вели дека „појавата на пандемијата со Ковид 19,


2021 ЌЕ ГО ТЕСТИРА ИМУНИТЕТОТ И НА ВАКЦИНИТЕ И НА ЕКОНОМИЈАТА беше тивка, ама особено на почетокот, додека се наместија коцките, таа беше разорна, агресивна и се движеше со огромна брзина на негативната страна за економијата. За сите нас, предизвиците беа нешто ново и неочекувано“, вели Арсовски. „Ние знаевме дека во такви услови само одбран и мобилен менаџмент кој е обучен и спремен да работи во услови на стрес и под висок притисок, можеше да даде резултати. Така и се поставивме. Нашиот одбран тим, преку секојдневната, постојаната и интензивна мобилност, успеваше тековно и навремено да ги пресретне, открие, осознае, анализира, измери и управува со сите видови ризици од материјален, финансиски и кадровски карактер. Во вакви сложени економски услови и специфична организираност,ТТК Банка успеа за забележи добар резултат. На еден месец пред самиот крај на годината генериравме позитивен финансиски резултат во износ 91,5 милиони денари. Овој резултат е далеку подобар од ревидираниот на почетокот на здравствената криза, во март оваа година, и е со зајакнат квалитет бидејќи најмногу претставува резултат од ефектите од редовните приходи на Банката, со што ја потврдува одржливоста на деловниот модел и успешното управување. Исто така, на годишно ниво, Банката реализира позитивни трендови на раст на кредитната и депозитната активност“, вели Арсовски. Ѓорѓе Војновиќ, генералниот директор на Триглав осигурување, вели дека како што пандемијата имаше влијание врз целокупниот деловен и социјален живот во земјата, секако дека била погодена и осигурителната индустрија, особено во сегментите чии индустрии се најпогодени од пандемијата, како и сегментите во кои што нашите животи најмногу се променија. „Во трите квартали од 2020 година, Триглав Осигурување работеше добро, следејќи ги внимателно стратешките насоки на групацијата и успешно справувајќи се со предизвиците предизвикани од вонредните услови на пандемијата. Во доменот на неживотно осигурување, Триглав оствари подобар резултат кај комбинираниот количник во споредба со истиот период минатата година, што укажува на профитабилноста во доменот на неживотното и здравственото осигурување. Во сегментот на неживотно осигурување постигнавме раст кај доброволното здравствено осигурување, карго осигурувањето и осигурувањето од одговорност.“, вели Војновиќ. За следната година тој најавува дека компанијата ќе продолжи да развива дигитални алатки за поедноставување на процесите и унапредување на услугите и да воведува нови продажни канали, како и иновативни решенија за производи, во согласност со развојот на индустријата и со потребите на пазарот и на клиентите.

Ѕирка светло во тунелот

Ако се погледне кривата што ја одразува движењето на бруто домашниот производ (БДП) преку податоците за 2020 и прогнозите за 2021 година, јасно се исцртува таканаречениот V израз, односно огромен пад на економијата проследен со силно закрепнување потоа.

Она на што се крстат и економистите и ги темелат своите оптимистички прогнози, не само лекарите, е одобрувањето на вакцината против коронавирусот и масовна имунизација на почетокот на следната година како предуслов за враќање во нормала на општествата. „Побрзиот напредок во третманот на коронавирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, оценува Народната банка. Според нивните проценки, на среден рок се предвидува постепено, но поумерено закрепнување со стапки на раст од 3,9% во 2021, 3,6% во 2022 и 4% во 2023 година. Оваа патека на раст значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година. „Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска. Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка. Се’ паѓа, освен јавната потрошувачка. Властите преку контрациклична фискална политика, односно зголемено трошење се обидуваат да ги ублажат последиците од корона – кризата. Јавната потрошувачка во третиот квартал е зголемена за дури 13,5% со што е ублажен падот кај финалната потрошувачка, а во исто време и поради зголемувањето на јавните капитални инвестиции, статистички е регистриран раст на бруто инвестициите во овој период од 4,2%. Досега се донесени четири пакети антикризни мерки, кои според проценките вредат околу една милијарда евра. Меѓутоа, како што информираше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, досега се реализирани околу 300 милиони евра. Економските трендови годинава не се изненадувачки за вицепремиерот Битиќи туку очекувани. Тој вели дека Владата

13

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ГЛИГОР БИШЕВ

претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка

На почетокот на 2021 се очекува пандемијата да има се уште ефекти и постепена нормализација до крајот на годината. Од аспект на макроекономска средина на работење, мора да се продолжи со инвестирање во закрепнувањето на економијата за да се врати домашната економија побрзо на преткризните стапки на економски раст. Шпаркасе Банка во наредната година ќе одигра значајна улога во банкарскиот сектор со процесот на интеграција со Охридска Банка, кој е започнат и ќе се финализира во текот на 2021, со што ќе се направи структурно подобрување во банкарството како индустрија, но и значително подобрување на понудата за клиентите.

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ

генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска Банка

Сите очекувања се дека во 2021 година ќе започне процес на нормализација на севкупното живеење преку постепено смирување на здравствената криза а тоа ќе отвори пат кон закрепнување на економиите, како на глобално ниво, така и кај нас. Сепак, последиците од кризата ќе се чувствуваат на подолг рок, со сите предизвици кои тоа ги носи со себе и со кои носителите на економските политики и бизнисите ќе мора да се соочат. Треба да се очекува дека банките, исто како и во текот на 2020 година, ќе продолжат со соодветна кредитна поддршка на бизнисите и населението, што е исклучително важно во процесот на економско закрепнување.


ДЕK. 2020

14 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ДРАГОЉУБ АРСОВСКИ

генерален директор на ТТК Банка

Нашиот фокус ќе биде стабилно и профитабилно оперативно работење засновано на реални и предвидливи очекувања. Очекуваме постепеното забрзување на кредитната активност, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и зголемената побарувачка за кредити, какои солидната стапка на раст на кредитирањето, да продолжи и наредната година. Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и квалитетот на пласманите и понатаму ќе бидат од клучна важност.

АНТОНИО АРГИР

претседател на Управен одбор на НЛБ Банка

Во 2021 година економијата треба да започне да закрепнува, а следствено на тоа очекуваме и постепено закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка. Следната година НЛБ Банка ќе остане фокусиранa на кредитирање на населението и претпријатијата. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите клиенти во проектите за рестартирање на своите бизниси и реализација на инвестициони активности. Дигитализацијата и понатаму ќе биде една од нашите стратешките определби и следната година очекуваме да продолжи со засилено темпо. Ќе продолжиме да развиваме нови иновативни услуги, во согласност со светските трендови, но и да ги дигитализираме останатите продукти како што тоа го направивме со воведувањето на НЛБ мКлик мобилниот кредит.

уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија, и не само кај нас туку и во најголем дел од земјите во Европа. „Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4%. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на закрепнување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30% пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал. Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт“, изјави вицепремиерот Битиќи. Дел од оптимизмот се должи и на остварувањето во поглед на вакцините за што информираше дека за набавка на вакцините за ковид -19, обезбедени се околу 8,4 милиони евра, а доколку има потреба за дополнителни дози, ќе бидат обезбедени дополнителни средства. „За првпат во државата ќе имаме ситуација во која поголем број на лица ќе треба да се вакцинираат. Над 400 илјади луѓе ќе се вакцинираат. Имаме донесено одлука за достапност на средства за набавка на вакцини околу 8,4 милиони евра. Остануваме на ставот дека ќе најдеме средства, доколку се потребни за дополнителен број вакцини во наредниот период“, рече Битиќи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, истакна дека и покрај негативниот економски резултат во третото тримесечје, се гледа тенденција на подобрување. „Бруто - инвестициите и јавната потрошувачка, по остриот пад во второто тримесечје, забележуваат раст, што укажува на тоа дека антикризните мерки кои се преземаат даваат резултати“, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими посочи дека и во наредниот период ќе продолжат да се спроведуваат мерките од четвртиот пакет со кој ќе се даде поддршка на стопанството, како финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плати, бескаматната кредитна линија со грант компонента, но и државната гарантна шема кои ќе обезбедат подобар пристап до финансии. Владините прогнози за следната година се прилично оптимистички. Премиерот Заев рече дека со рационализација на непродуктивни трошења Владата ќе продолжи да ја помага економијата. „Ако во периодот април-мај помине кризата, веројатно е да постигнеме раст од 4,1% во 2021 година. Очекуваме и да го стабилизираме јавниот долг и во периодот до 2025 година да го вратиме на износ под 60%, секако зависно од растот на БДП“, нагласи премиерот и најави дека Владата има намера да го дофинансира буџетот од продажба на капитал во државна сопственост. Премиерот за наредната година најави и интензивна борба за сузбивање на сивата економија која значително ќе го дополни домашниот буџет. Освен Владата која што вообичаено има оптимистички поглед на економските текови, позитивни сигнали дека 2021 година ќе биде своевидно достигнување по исклучително тешката 2020 година доаѓаат и од реалниот сектор, но и од банкарите чија диоптрија за скенирање е прилично остра. nnn

БРАНКО АЗЕСКИ

претседател на Стопанската комора на

Македонија

Да очекуваш нешто кога имаш ваква ситуација е неразумно. Но, не можеш да бидеш и без очекувања и надежи. Нашите надежи се кризата да се претвори во шанса за градење посилна македонска економија, а тоа ќе се направи ако се поддржат успешните компании, кои се справија со кризата не отпуштајќи работници и кои продолжија со инвестирањето. Тоа ќе биде клучниот момент затоа што бизнисот е таков, не трпи импровизација и постојано има некоја предвидливост која се граничи со ризик. Доколку се обединат сите структури што учествуваат во градењето на економската политика, мислам дека е можно, во периодот на постковид 19, користејќи ги искуствата досега, да направиме нешто што ќе нè стави во позиција да промениме уште многу работи кои негативно влијаат врз економијата. Сметам дека најголемиот предизвик со кој ќе се соочат компаниите е одржувањето на ликвидноста.

ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ

генерален директор на Триглав осигурување

Имавме година исполнета со предизвици и неизвесност и тие секако ќе продолжат и во 2021 година. Осигурителниот пазар во земјата е многу конкурентен и динамичен, а работата и животот во услови на пандемија се дополнително оптоварени, но Триглав има јасна визија и стратегија што сака да постигне. Компанијата ќе продолжи да развива дигитални алатки за поедноставување на процесите и унапредување на услугите и да воведува нови продажни канали, како и иновативни решенија за производи, во согласност со развојот на индустријата и со потребите на пазарот и на клиентите. И покрај фактот што компанијата работи во вонредни услови, клиентите имаат непречен пристап до сите услуги, и може да се забележи дека сè поголем број клиенти ги прифаќаат и преферираат дигиталните канали на комуникација, барем во овие околности.


Индустриски парк ИГМ, Неготино Тел. ++389 43 414500; Фах. ++389 43 411500; e-mail: info@igmtrade.com; www.igmtrade.com

1km •Автопат A1 (Скопје – Солун)

5km •Железничка станица, Криволак

128km •Пристаниште во Солун

70km

•Аеродором, Скопје

312.900 m² вкупна површина на индустриската зона

247.910 m²

корисна површина на 17 парцели

127.154m²

покриен простор, хали

8.137m²

покриен простор, административни зграда

Сите парцели се со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и Г4 (стоваришта). Објектите се веќе достапни за наем или продажба на домашни и странски инвеститори.


INTERVIEW INTERVIEW

ДЕK. 2020

16

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

Со вкупно досегашни инвестиции од 150 милиони евра, гордо можеме да кажеме дека денес ИГМ - Трејд е најголем инвеститор помеѓу домашните и странските компании во државата. Заедно со инвестициите во словенечката Алпос Металургија во вкупен износ од 40 милиони евра, вкупните инвестиции на ниво на група изнесуваат 190 милиони евра. За ова најдобро сведочи капиталот на компаниите. Развојните планови на ИГМ - Трејд вклучуваат инвестиции од нови 300 милиони евра во наредните 10 години. За ова цел планираме во тесна соработка со Владата да го користиме Законот за стратешки инвестиции, помалку во делот на финансиска помош, а повеќе во делот на отстранување на бирократските процедури и скратување на процесите за добивање на одобренија, дозволи, лиценци, потврди т.н. ‘fast-tracking’ кој го сметаме за најбитен елемент на овој закон.


17

АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

СО ПЛАНИРАНИ ВЛОЖУВАЊА ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ БИДЕМЕ НАЈГОЛЕМ СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОР ВО ДРЖАВАТА

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

разговара:

А

ИГОР ПЕТРОВСКИ лександар Гечев е припадник на втората генерација бизнис лидери во македонската економија, коишто пополека, но сигурно, го преземаат кормилото во најголемите домашни компании, дел наследени со процесот на приватизација, дел формирани во периодот на самостојноста од 1990 година наваму. Од овие вторите е и ИГМ – Трејд, производителот на челични профили и цевки од Кавадарци, компанија што почнала во 1994 година со трговија со челични производи, основана од Илија Гечев, којшто во следните две децении успеа да ја претвори и во еден од најголемите производители и извозници во државава. Неговиот син Александар, по враќањето од Англија каде што го завршил средното образование, факултетот и постдипломските студии и потоа работел во голема меѓународна компанија, од пред неколку години е задолжен за растот и развојот на семејната компанија. Тој е всушност и најголемиот „виновник“ за ширењето на ИГМ и на пазарите во ЕУ, односно аквизицијата на словенечката компанија Алпос во 2015 година. Со Гечев помладиот разговаравме за амбициозните планови на ИГМ – Трејд за понатамошен раст и развој што подразбираат инвестиции од 300 милиони евра во следните 10 години - покрај досегашните инвестиции од 150 милиони евра - и зацврстување на компанискиот статус на еден од најзначајните регионални и европски „играчи“ во сферата на челичната индустрија. XКако X се одрази Ковид – кризата годинава врз работењето на ИГМ Трејд, во смисла на обемот на приходи, добивка, извоз? Каде беа најголемите предизвици за компанијата и како успеавте да се реорганизирате и да ги ублажите последиците? Пандемијата со коронавирусот која ОЕЦД ја опишува како “најголемиот економски, финансиски и општествен шок на 21-от век, после случувањата од 11ти Септември, 2001 и глобалната финансиска криза од 2008“, како пример за системски ризик не ја одмина ниту нашата индустрија предизвикувајќи намалување на ценовното ниво, побарувачката и други проблеми од организационен и логистички карактер. Втор најголем предизвик за нашата компанија во 2020 беа количинските квоти на ЕУ за увоз на челични производи. Пандемијата и квотите на моменти создаваа дисконтинуитет во работата кој негативно се одрази на планирањето, производството, продажбата и профитабилноста. Имавме две олеснителни околности за да ги ублажиме месечните флуктуации а тоа се: финансискиот и инфраструктурен капацитет на ИГМ - Трејд да произведува големи количини за залиха и производство лоцирано во ЕУ, односно Алпос Металургија во Словенија, фабрика која ги опслужуваше европските клиенти во моменти кога ИГМ - Трејд беше отсутен


ДЕK. 2020

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

од пазарот. Ова флексибилност и диверзификација ни овозможи во 2020 да имаме рекордни резултати во работењето од аспект на физички обем, приходи и профитабилност. Комбинираните продажби во 2020 ќе достигнат ниво од над 275.000 тона, со консолидирани приходи од 165 милиони евра (115 милиони евра во ИГМ - Трејд и 50 милиони евра во Алпос Металургија), и профит пред оданочување од 22,1 милиони евра (17,5 милиони во ИГМ - Трејд и 4,6 милиони во Алпос Металургија). Моментите на пазарна неактивност во Кавадарци активно ги искористивме за модернизација на производството со осврт на производната ефикасност, волуменот и квалитетот на производството, енергетска ефикасност (овде би го издвоил инсталирањето на 2 MW фотоволтаична централа) и безбедност и здравје при работа. На кризите гледаме како на време за рефлексија и стратешко планирање и тие за нас секогаш нуделе интересни можности за инвестирање. Додатно, покажавме силна отпорност на кризата преку: широка географска диверзификација на извозните пазари овозможена од широкото портфолио на клиенти (420 во ИГМ и 160 во АЛПОС), огромна мрежа на добавувачи на репроматеријал (над 20 железари) и навремено искористување на најдобрите ценовни прилики со што успешно се оптимизира влезната цена, постојано внимание на трошоците преку оперативна ефикасност (зголемување на продуктивноста, елиминирање на застои, брзо и навремено отстранување на дефекти и нивна превенција) и логистичка ефикасност (во 2020 заедничката испорака на готови производи во ИГМ и АЛПОС е транспортирана со вкупно 11.000 камиони, додека приемот на репроматеријал во двете фирми е извршен со 6.225 камиони и со 112 маршрутни возови или 2.153 вагони, со единствена разлика што железница учествува со 95% во Словенија, додека во Македонија со само 17,5% од вкупниот прием на репроматеријал), оптимално планирање на производство и залихата. XКои X се најголеми извозни пазари за ИГМ Трејд и колку квотите за увоз на челик во ЕУ и прават реална штета на вашата компанија? Ефектите од увозните квоти се следните: учеството на ЕУ продажбите во вкупната реализација (во тони) е намалена од 67,2% во 2018 на 55% во 2020 година или вкупно изгубените / нереализирани 38.653 тони во ЕУ. Во истиот период успеавме делумно да надоместиме 14.000 тони преку зголемена продажба во ЦЕФТА и додатни 1.275 тони зголемена продажба во Македонија. Работите се уште подраматични на приходната страна, каде што финансиското учеството на ЕУ продажбите е намалено од 70% во 2018 на 58,2% во 2020 година, со што вкупниот износ на изгубени приходи од ЕУ во 2020 (со квоти) споредено со 2018 (без квоти) се искачи на неверојатни 31,7 милиони евра. Овие приходи е невозможно да се надоместат во ЦЕФТА (раст од 6,4 милиони евра) и Македонија (скромен раст од 1 милион евра). Ова укажува на скромниот капацитет и куповна моќ на

домашниот и пазарите од ЦЕФТА и истите не можат никогаш да бидат замена за Европската продажба од аспект на количини и цени. Според Евростат во нашиот сегмент во 2020 година количински квотите резултирале со намалување на вкупниот увоз од трети земји во ЕУ од - 16,8% , односно од 2,0 милиони тони на 1,7 милиони тони. Во исто време, ИГМ - Трејд бележи пад на извозот во ЕУ од - 28%. Ова укажува на неправедно и неточно пресметување на македонските квоти, главно поради статистички операции: користење на просечна количина од годините 2015 до 2017, години кои не се претставителни, и преминот од еден во друг тип на тарифен број за округли заварени цевки – работи кои покрај заложбата на наши владини тела и институции, не бевме моќни да ги промениме. XКако X голем извозник, добивате ли некаква поддршка од државата со цел побрз раст и развој на вашите бизниси и што сметате дека треба да постои како државна поддршка за извозниците, а во моментов го нема? Мерките за поддршка на извозот се добро познати и вклучуваат: даночни олеснувања, директна финансиска помош (субвенционирање), бескаматно финансирање, интернационална промоција (саеми, реклама, извозни агенции) со државно поддршка. Лично не сум голем обожавател на директно субвенционирање и во едно претходно интервју предупредив на проблемите кои се појавуваат во пракса, а кај нас стануваат се по евидентни со мерките за субвенционирање на платите. Битно е да се знае дека директното субвенционирање на извозот во многу случаи директно се коси со правилата на Светската трговска организација. На пример, во нашата индустрија, ЕУ моментално е во процес на воведување на увозни царини за турскиот челик поради субвенционирана струја од страна на турската држава. Во однос на меѓународната промоција, исто така мислам дека владата не треба да микро - менаџира со активности кои задираат директно во основната дејност на компаниите и самите компании се многу подобро кадровски опремени за таа работа. Според мене, кога зборуваме за улогата на државата, најдобра мерка е индиректната помош во форма на даночни олеснувања и ваквите мерки се најпопуларни во САД, како пример за современа неолиберална економија и пример кон кој треба да се стремиме. Ние во овој правец направивме добар исчекор со предлог мерката за елиминирање на ДДВ при увоз за извозните компании, мерка која би ја подобрила ликвидноста на извозниот сектор, но ова иницијатива како да замрзна и се’ уште немаме нови информации за нејзина идна имплементација. Од аспект на буџет, намалените даночни приходи од идни даночни олеснувања за извозниците би можело да се покријат со зголемено оданочување на увозот, посебно во одбрани сегменти каде веќе постои домашно производство. Од аспект на платен биланс на

државата, (нето) извозниците носат прилив на девизни средства, додека (нето) увозниците истите ги трошат. Ова е главната аргументација зошто извозниците треба да бидат привилегирани во однос на увозниците. Овие принципи им се познати и на студентите по економски науки, и навистина изгледаат многу едноставно и интуитивно од теоретска гледна точка. Сметам дека креаторите на економски политики треба повеќе да работат во овој правец и да ги искористат сите инструменти што ги имаат на располагање. Не смееме да ја потцениме и улогата на транспортерите, кои одиграа клучна улога во Европа во протокот на неопходни добра како храна и лекови за време на Ковид кризата , а истите се многу битни и за Македонскиот извоз. Овде Владата треба поинтензивно да работи на добивање на поголеми контингенти на ЦЕМТ дозволи на конференцијата во Париз, со редовен рапорт за сработеното, да не се маргинализира оваа тема во јавноста, со цел редовна покриеност од над 80% на македонскиот возен парк. Големите транспортни компании покажуваат поголем капацитет и се поконкурентни, како такви треба процентуално да добиваат повеќе ЦЕМТ дозволи на сметка на еднаква застапеност. Преминот од увозна кон извозна економија не би била можна без зајакнување на македонскиот транспортен сектор. За крај би сакал да укажам и на некои од светлите точки во извозниот сектор. Надлежните институции, овде би ја издвоил Царинската управа, предничат во комуникацијата со фирмите и носењето на реформи во правец на олеснување и контрола на трговијата од типот на: овластен економски оператор (АЕО), НКТС транзитна постапка, one-stop-shop на границите, воспоставување на зелени коридори за времен на пандемијата, итн. XКои X се всушност најголемите проблеми со коишто се соочувате како производна и извозна компанија во Македонија - дали е тоа недоволно развиената инфраструктура; недостиг на работна сила; корупција во јавниот сектор...? Како што посочивте, недостигот на работна сила е сериозен и горлив проблем и ќе отвори низа други проблеми во иднина. Нашиот иден развој се заснова на стручниот кадар и на вработените мораме да гледаме како на стратешки ресурс. Продолжување на трендот на раст на платите е неизбежен, и мое предвидување е дека ова ќе предизвика консолидирање на пазарот на трудот или концентрација на вработени во поголеми фирми на сметка на малите (кои се на граница на рентабилност и неефикасно го држат трудот заробен). Како решение на овој проблем ние веќе долги години наназад работиме на зголемување на бројот на вработените преку отворање на нови сектори и дејности во склоп на ИГМ - Трејд. Во 2020 го зголемивме бројот на вработени за 41, од 449 на 490. Сметам дека успешно го употребуваме концептот на insourcing, односно користење на in-house или “куќни“ фирми за потребите на секојдневното работење и за идните


19

АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Од аспект на платен биланс на државата, (нето) извозниците носат прилив на девизни средства, додека (нето) увозниците истите ги трошат. Ова е главната аргументација зошто извозниците треба да бидат привилегирани во однос на увозниците. Овие принципи им се познати и на студентите по економски науки, и навистина изгледаат многу едноставно и интуитивно од теоретска гледна точка. Сметам дека креаторите на економски политики треба повеќе да работат во овој правец и да ги искористат сите инструменти што ги имаат на располагање инвестиции и проекти. Како за пример, денес во склоп на ИГМ - Трејд успешно функционираат: градежна фирма (ископи, каменолом, бетонска база, изградба), фабрика за челични конструкции, градежно проектантско биро, машинска алатница, автомеханичарска работилница итн. Главните причини, а воедно и придобивки се: пониска цена на чинење, подобар квалитет, кратки и прецизни рокови – наспроти користење на трети домашни фирми, кои за жал искуствено покажуваат лош перформанс. Додатно секоја од горните дејности е иден бизнис во гестација и само прашање на време е кога ќе испаднеме на пазар со овие компании, бидејќи пазарот е секогаш крајниот и најбитниот судија за рентабилноста и оправданоста на еден бизнис. Некој би го нарекол овој тип на водење бизнис демоде бидејќи историски влече

ДЕK. 2020

корени уште од раните денови на Форд корпорацијата под водство на Хенри Форд (прв производител на автомобили кој за свои потреби купува фабрики за стакло и гума) или пак потсетува на големите индустриските комбинати во Југославија, кои не секогаш биле синоним за ефикасност, но во контекст на македонската економија овој модел се покажа доста прагматичен и функционален за нас, наспроти она што е тренд во западните економии од почетокот на 90 – те, а тоа е outsourcing или употреба на надворешни извор (на производство, на услуги, итн.). Мое мислење е дека ова е не само неопходност за големите компании во Македонија, туку треба да биде и нивна обврска за обновување на индустрискиот комплекс преку поголема вработеност и задржување на индустриските вештини и на талентот во државата. Во нашата компанија интензивно

работиме и на градење на индустриска култура и подобрување на безбедноста и здравјето при работа, преку континуирано подобрување на работните и микроклиматските услови на вработените, изработка на заштитни уреди, редовни обуки и изработка на упатства за безбедно работење, како и имплементација на интегриран систем за менаџмент со безбедност и здравје и работа ISO 45001:2018 и систем за менаџмент на животната средина ISO 1400:2015 XОбјаснете X ни малку повеќе за инвестицијата на ИГМ во Словенија. Тоа е веројатно најголемата инвестиција на една македонска компанија во странство... Како одлучивте токму за оваа инвестиција? Како одеше процесот на аквизицијата, дали имаше некакви тешкотии, колку време се договараше зделката? ИГМ - Трејд го купи имотот на


ДЕK. 2020

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ИГМ - Трејд во 2015 година го купи имотот на Алпос (на фотосот), словенечка компанија што беше во стечај, на меѓународна, јавна аукција како дел од стечајна постапка - ликвидација. Алпос претставуваше еден сериозен индустриски погон и прилика која не смеевме да ја испуштиме бидејќи објекти со слична површина, квалитет на изградба и логистика и денес се многу ретки во Европа. Денес Алпос претставува најголема инвестиција на македонска компанија во странство во износ од 40 милиони евра и нашите идни инвестициски планови за ова локација се уште поамбициозни.“

Алпос (во стечај) во 2015 година на меѓународна, јавна аукција како дел од стечајна постапка - ликвидација. Алпос претставуваше еден сериозен индустриски погон и прилика која не смеевме да ја испуштиме бидејќи објекти со слична површина, квалитет на изградба и логистика и денес се многу ретки во Европа. Затоа реагиравме брзо. Од една страна гледавме некоја сигурност бидејќи купувавме фабрика со иста дејност и намена како ИГМ – Трејд, каде што веќе имавме знаење и внатрешни ресурси за сами да ја рестартираме фабриката без надворешна помош. Од друга страна, знаевме дека ќе треба да инвестираме значителни средства во реновирање и модернизација , а во исто време да отвориме и нови кредитни линии за обртен капитал (trade finance) што би ги растегнало тогашните финансиски можности на постојниот бизнис. Иако фабриката беше “школски“ дизајнирана и опремена и нејзиниот потенцијал би бил огромен, сепак постоеше ризик од неуспешно рестартирање што ги плашеше нашите конкуренти од Италија и Германија кои до тогаш искажуваа интерес за купување. Покрај овие имаше и мал милион други отворени прашања од организациски и технички карактер како: регрутирање на менаџерски тим, градежни зафати, историја на поплави и одбрана од истите, комунални приклучоци и енергетски и еколошки постројки, дислоцирање на фирма наемник во склоп на Алпос, синхронизирање на ИТ системи, итн. Требаше доста време, енергија и средства да се надминат овие проблеми, но од денешна гледна точка можеме да кажеме дека сите напори дупло се исплатија. Денес Алпос претставува најголема инвестиција на македонска компанија во

странство во износ од 40 милиони евра и нашите идни инвестициски планови за ова локација се уште поамбициозни. Улогата на фирма мајка на ИГМ Трејд не е само преку сопственичкиот капитал, туку и денес од нашата база во Кавадарци активно обезбедуваме техничка и комерцијална поддршка на Алпос. Какви придобивки досега донесе аквизицијата на Алпос за ИГМ Трејд? Што значи за македонска компанија да спроведува бизнис операции од територија на ЕУ? Од комерцијална гледна точка, главната причина за купување на АЛПОС беше надоместување и додатно зголемување на нашиот пазарен удел на европскиот пазар. Пазарот за заварени цевки и профили во ЕУ се проценува на 7.000.000 тони годишно и комбинираната продажба од ИГМ и АЛПОС во ЕУ резултира со пазарно учество од 4,5% концентрирано во сегментите градежни материјали, конструкции и земјоделска механизација. Во некои ЕУ држави имаме високо учество во вкупниот увоз на пример во Грција 45%, во Австрија 38%, во Чешка 25%, а има пазари како Шпанија и Италија каде што воопшто не сме присутни. Од друга страна, најголемиот производител во Европа, лоциран во Италија, има пазарно учество во ЕУ од 12% постигнато преку сервисирање на горенаведените сегменти, плус сегментите: автомобилска индустрија, прецизни цевки за машинство, прецизни цевки за декоративна употреба, енергетски сектор (цевки за нафта и гас). Овие бројки укажуваат дека се’ уште не сме ги максимизирале производството и приходите и постои неискористен потенцијал за раст преку зголемување на количините во постоечките сегмент и влез во нови сегменти. Од технолошка гледна точка, во Алпос

постои традиција на производство на прецизни цевки (од лужен, ладен и поцинкуван лим) за автомобилска, машинска и декоративна намена и моментално сме во подготовки да го рестартираме овој сегмент на производство во 2021. Сегментот цевки за нафта и гас планираме во иднина да го покриваме од ИГМ, и овде би сакал да го издвојам купувањето и трансфер на целата фабрика за API заварени цевки од Урошевац, Косово во ИГМ -Трејд, Кавадарци. Благодарение на поголемиот степен на автоматизација на производните линии во Алпос истите работат со двојно поголеми брзини што резултира со поголема продуктивност. Од друга страна, технологијата на ИГМ покажува побрза промена на алат и побрзо отстранување на дефекти. Тимови од двете фабрики успешно ги скенираа и копираа овие технологии и извршија нивно комбинирање и паралелна имплементација на двете локации со што и двете фабрики излегоа побогати по процесот на аквизиција. Ова е пример за синергија во пракса. Искуството од Алпос не’ натера да согледаме дека Словенија би била приоритетна локација за изградба на металуршкиот комплекс ладна валавница со поцинкување и пластификација, инвестиција од 90 милиони евра за која веќе набавивме дел од опремата. Слично на анализата за пазарите за цевки/профили презентирана погоре, Европскиот пазар за ладни, поцинкувани и пластифицирани рамни челици е супериорен во однос на локалните пазари. Исто така овој тип на производство бара висок степен на индустриска култура, дисциплина и знаење кои би се постигнале со вработување на кадри од држави


21

АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Во Петрич, Бугарија започнавме нова гринфилд инвестиција со купување на индустриско земјиште и сопствена изградба на фабрика. Оваа фабрика е конципирана и проектирана да биде најмодерна и најефикасна од сите наши фабрики и го инкорпорира целото наше 25 годишно знаење и искуство од ИГМ и Алпос. На површина од 60.000 м2 фабриката ќе се гради во 2 фази со вкупен покриен простор од 25.000 м2, а производството ќе се одвива на 6 производни линии со годишен капацитет од 100.000 тони. Вкупната инвестиција ќе изнесува 35 милиони евра.“ со побогата индустриска традиција и образование како Словенија, Италија и Австрија. Затоа и планираме Словенија да ја користиме како развојна база поради достапноста и близината на нашите главни технолошки партнери, компанијата Danieli од Бутрио, Италија (225 км од Шентјур) и компанија Andritz од Грац, Австрија (115 км од Шентјур). XСе X споменува и инвестиција во Бугарија... Може ли малку детали и околу оваа аквизиција? Во Петрич, Бугарија започнавме нова гринфилд инвестиција со купување на индустриско земјиште и сопствена изградба на фабрика. Оваа фабрика е конципирана и проектирана да биде најмодерна и најефикасна од сите наши фабрики и го инкорпорира целото наше 25 годишно знаење и искуство од ИГМ и Алпос. На површина од 60.000 м2 фабриката ќе се гради во 2 фази со вкупен покриен простор од 25.000 м2, а производството ќе се одвива на 6 производни линии со годишен капацитет од 100.000 тони. Вкупната инвестиција ќе изнесува 35 милиони евра. Причините зошто ја одбравме Бугарија се повеќе. Локациски, Петрич е на оддалеченост од 125 км од солунското пристаниште од каде што доаѓа целиот

ДЕK. 2020

наш репроматеријал. За разлика од Шентјур, Словенија на оддалеченост од 985 км, Петрич нуди влез во Европа за нашите производи и можност за повисоки примања за македонски граѓани на само 145 км оддалеченост од Кавадарци. Овој тип на привремена економска миграција (работна недела во Бугарија, викенд дома во Македонија) претставува попрактична, а можеби и поисплатлива алтернатива на трајната економска миграција на нашите сограѓани во другите европски држави како Германија, Австрија Хрватска, Чешка, и др. Иако ситуацијата со работна сила во Бугарија е подобра од македонската и од други држави во регионот, што исто така беше пресуден фактор за нас, ние сепак оваа шанса ќе ја понудиме на наши вработени кои размислуваат да ја напуштат Македонија. Битно е да се спомне и конкурентниот даночен режим во Бугарија (рамен персонален данок и рамен данок на добивка, меѓу најниските во ЕУ) што придонесува за поволната бизнис клима и атрактивноста на ова држава како инвестициска дестинација за многу мултинационални компании. Од пазарен аспект, во време на квоти нашата испорака во Бугарија е многу мала, бидејќи целото производство

од ИГМ успеваме да го пласираме по подобри цени во земјите од Западна, Централа и Источна Европа и ништо не останува за Бугарија, а квантумот е тој. За да го зголемиме нашето пазарно учество во ЕУ мораме да го опслужуваме и бугарскиот домашен пазар, кој е со солидна големина и потрошувачка од 80.000 тона/годишно, од една европска фабрика која не е ограничена со квоти. Бидејќи тоа не може да биде Алпос поради оддалеченоста, логички е тоа да биде фабрика лоцирана во Бугарија. Воедно, во Бугарија е лоциран и нашиот најголем конкурент во регионот, а бидејќи сакаме да си поставуваме предизвици и сметаме дека конкуренцијата е мотор на прогресот, решивме натпреварот да го издигнеме на едно повисоко ниво. XОдлучивте X да инвестирате во сопствен индустриски парк во близина на Неготино... Објаснете малку повеќе околу овој проект, што се’ планирате да изградите, какво производство ќе се одвива во паркот, и што тоа ќе значи за локалната и македонската економија? Неготино е одлична локација за развој на енергетиката, а со тоа и на индустријата во нашата држава. Ова нуди перспективи и за модерно производство на земјоделски култури во оранжерии, со


ДЕK. 2020

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

помош на ЕУ фондови по примерот на Бугарија и Грција, или пак Холандија каде што постои највисок степен на усовршување на таканареченото “прецизно / научно земјоделство“. Со изградба на стратешки објекти од типот на ТЕЦ Неготино и воениот полигон Криволак, државата пред многу години го трасирала патот за развој на овој регион и не’ радува фактот што владејачката гарнитура ја задржува ова стратешка ориентација со најновите планови за изградба на интерконектор за гас, нафтовод и регионални дистрибутивен центар за нафтени производи и за приватизација, модернизација и пуштање во работа на ТЕЦ Неготино. Повикувајќи се на Законот за стратешки инвестиции, планираме и сопствени проекти во сегментот металургија и енергетика. Сметаме дека на долг рок развојот на горенаведените гранки ќе наложи потреба од придружна инфраструктура и логистика која ние планираме да ја обезбедиме преку индустрискиот парк. Во моментот работиме на поврзување на паркот со железница, по примерот на Алпос во Словенија, со што го заокружуваме замислениот концепт и ја зголемувавме атрактивноста за идни инвеститори. Во една друга прилика зборував за трендот на near – shoring (преселување на операциите од една земја во друга која е географски блиску) за кој сметам дека е една од причината за искажаниот интерес кај странските компании кои се додатно поттикнати од приклучувањето на земјата во НАТО. Со површина од 312.900 м2 и покриен простор од 135.300 м2 или вкупно 20 објекти (хали и администрација) ова е прв и единствен проект од ваков тип во државата. XВладата X на почетокот од годинава го донесе Законот за стратешки инвестиции, со којшто треба да се стимулира поголем инвестициски циклус во економијата. Колку оваа регулатива конкретно на вашата компанија ќе и помогне во инвестициските планови? Законот за стратешки инвестиции е потег во вистински правец. Ова е закон кој многу ветува и е многу битен за државата и за нашата компанија. Со вкупно инвестиции од 150 милиони евра, гордо можеме да кажеме дека денес ИГМ - Трејд е најголем инвеститор помеѓу домашните и странските компании во државата. Заедно со инвестициите во Алпос Металургија во вкупен износ од 40 милиони евра, вкупните инвестиции на ниво на група изнесуваат 190 милиони евра. За ова најдобро сведочи капиталот на компаниите. Развојните планови на ИГМ - Трејд вклучуваат инвестиции од нови 300 милиони евра во наредните 10 години. За ова цел планираме во тесна соработка со Владата да го користиме Законот за стратешки инвестиции, помалку во делот на финансиска помош, а повеќе во делот на отстранување на бирократските процедури и скратување на процесите за добивање на одобренија, дозволи, лиценци, потврди т.н. “fast-tracking” кој го сметаме за најбитен елемент на овој закон. Планираме навраќање на проектот

за интегрирана железара во Неготино, еколошко производство на челик со електролачна печка и комбинирано производство на рамни и долги челици, дополнето со комплекс ладна валавница со поцинкување и пластификација. Заедно со Железара Скопје и Фени Кавадарци, овој проект би бил трет столб на македонската базична индустрија и најголем стратешки објект во поновата историја на државата. Недопустливо е за сите нас да дозволиме дневно -политички партиски препукувања и маргинални лоби групи да застанат на патот на ова стратешка инвестиција како што беше случајот во 2010 година кога за прв пат го претставивме овој проект во јавноста. Исто така, во Неготино планираме и инвестиција од 45 милиони евра во изградба на фотоволтаична/соларна централа со вкупна моќност од 70 MW, која ќе произведува зелена енергија за задоволување на енергетските потреби на железарата. Во склоп на ИГМ - Трејд во моментот се гради првата приватна 110 kV трафостаница во државата, а за потребите на идните проекти во Неготино потребни се 2 нови трафостаници од овој тип со вкупна вредност од 10 милиони евра. Пред нас претстои еден возбудлив период во кој планираме детално претставување на овие инвестиции и интензивни припреми за нивно успешно започнување и реализација. XКој X е вашиот личен став околу стратегијата за тоа каков треба да е патот на развојот на земјава? Што се прави добро, а што не, како држава, како актуелна владејачка гарнитура? Секако, ковид – кризата ги отежни условите уште повеќе, па кој е според вас најефективниот економски модел за Македонија? Колективната свест и солидарноста кај големите домашни фирми најдобро се покажа на виделина за време на Ковид кризата. Затоа и ние како општествено одговорна компанија и еден од столбовите на домашната економија на 7ми април 2020, обезбедивме пакет помош во борбата со коронавирусот кој се состоеше од 250.000 евра парична донација за потребите на Министерство за здравство и однапред извршени аконтативни уплати на даноци во вкупен износ од 583.876 евра. Редовно донираме на општините Кавадарци и Неготино, како и на јавната здравствена установа Здравствен дом Кавадарци. Во случајот на големите компании, и во контекст на нивната општествена одговорност и интеракција со државата, треба сите да се сетиме на добро познатата изјава на претседателот Кенеди: “не прашувајте што може да направи државата за вас, туку што можете вие да направите за државата“. Во регионов, за жал, државата се’ уште се смета за врвен авторитет и економски чинител и имаме некоја вродена навика прекумерно да се потпираме на неа. Дали е ова наследен менталитет од претходната држава или нешто друго не можам да кажам, но според мене акцентот треба да се стави на индивидуализмот наместо колективизмот и на т.н. DIY “направи сам” пристап кон работата. Принципите на економска слобода на Фридрих

Хајек и Милтон Фридман вклучуваат: заштита на сопственоста, слобода на избор, слободна конкуренција и еднаков третман, слободно движење на стоки, услуги и капитал, недискриминација. Тие се постигнуваат преку: владеење на правото, ниски/рамни даноци, елиминирање на бирократија и корупцијата. Сметам дека е лицемерно, контрадикторно и контрапродуктивно кога сите ние бараме ниски даноци во добри времиња, во време на криза да бараме директна исплата на финансиска помош. Ова би го збунило секој креатор на економски политики и не и ни чудо што работиме во таква неизвесност. Мора пристапот кон економијата да се заснова на една идеолошка матрица која ќе биде константа и водилка за во иднина. Најдобрата поддршка што државата би можела да ја обезбеди за фабриките, извозниците и секој друг бизнис доаѓа според мене од нејзините најосновни и воедно најбитни улоги: здраво и образувано население и владеење на правото т.е. рамен терен за натпревар и еднакви правила за сите. Колку и да звучи „богохулно“ треба да се потсетиме и на економскиот поим “неуспех на државата“, а во нашиот случај тоа го гледам како преголемото потпирање на државен интервенционизам во форма на јавни работи и буџетски трансфери кои често водат до пазарни нарушувања и создавање на зависно -потчинета класа на неефикасни индустрии во залез. Овде би го спомнал и потегот на државата кога со буџетски средства ги раздолжуваше општините во 2018 година, којшто иако беше со добри намери за инјектирање на додатна ликвидност во економијата, отвори големо прашање за тоа дали со ова се створија нови навики кај општините и дали нивната фискална одговорност е зголемена денес. Фактот што имаше најразлични случаи на општини со блокирани сметки, општини дотирани со 1 милион евра и општини дотирани со над 16 милиони евра, во иднина ги охрабрува општините дека без разлика на нивото на неефикасност и акумулиран долг, тие повторно би биле целосно покриени од буџетот што е дефиниција за морален хазард. Без адекватно мерење на овој феномен и согледување на опасностите кои произлегуваат од тоа, поголемата отчетност и транспарентност на буџетот е само задоволување на форма, а не и на суштината. Нешто за што вреди да се задолжуваме е енергетиката и во овој правец за пофалба се најновите планови на владата за зголемување на изворите на обновлива енергија (овде имаме огромен потенцијал како држава), за завршување на примарната гасификација и решавање на отворените спорови, за приватизација на ТЕЦ Неготино, гасен интерконектор и приклучување на регионални енергетски проекти. Отсекогаш ми биле интересни коментарите на старите енергетичари во нашата држава дека “РЕК Битола ја донесе независноста на државата.“ Иако ова е само анегдота, сепак има некоја вистина дека енергетската независност води до економската независност, а со тоа и до политичкиот суверенитет на една држава. nnn


АЛЕКСАНДАР ГЕЧЕВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ИГМ - ТРЕЈД

23

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Пандемијата и квотите на моменти создаваа дисконтинуитет во работата кој негативно се одрази на планирањето, производството, продажбата и профитабилноста. Имавме две олеснителни околности за да ги ублажиме месечните флуктуации а тоа се: финансискиот и инфраструктурен капацитет на ИГМ – Трејд (на фотосот) да произведува големи количини за залиха и производство лоцирано во ЕУ, односно Алпос Металургија во Словенија, фабрика која ги опслужуваше европските клиенти во моменти кога ИГМ - Трејд беше отсутен од пазарот. Ова флексибилност и диверзификација ни овозможи во 2020 да имаме рекордни резултати во работењето од аспект на физички обем, приходи и профитабилност. Комбинираните продажби во 2020 ќе достигнат ниво од над 270.000 тона, со консолидирани приходи од 165 милиони евра (115 милиони евра во ИГМ Трејд и 50 милиони евра во Алпос Металургија), и профит пред оданочување од 22,1 милиони евра (17,5 милиони во ИГМ - Трејд и 4,6 милиони во Алпос Металургија).“


ДЕK. 2020

24 МАКЕДОНИЈА ВО 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ГОДИНА НА КРИЗИ И НА МОЖНОСТИ Неизвесност и стравувања, ама и големи очекувања од годината што доаѓа - 2021 за Македонија е година на големи предизвици и препреки, но и на вистински шанси за сериозни промени на подобро во сите општествени сфери. Капитал ги пренесува плановите и очекувањата за клучните општествени процеси што ќе ги одбележат следните 12 месеци


25

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

Н

еизвесност и стравувања, ама и големи очекувања од годината што доаѓа - 2021 за Македонија е година на големи предизвици и препреки, но и на вистински шанси за сериозни промени на подобро во сите општествени сфери. Вообичаените битки на полињата каде што со децении има клучни проблеми - правосудство и борба со корупцијата и криминалот, образованието, животната средина и економскиот напредок, оваа година паднаа под сенка на еден поголем и светски проблем - пандемијата со коронавирусот. Товарот на сите тешкотии што здравствениот систем ги претрпи на свој грб и ги пренесе и низ останатите општествени области, дефинитивно ја одбележа 2020 и ги извади на виделина сите системски слабости и пропусти, ама и ја стави на тест и одговорноста на сите столбови и институции во државата, вклучително и онаа личната, на самите граѓани. Паралелно со маката со болеста, земјава доживеа уште еден удар - блокадата на европскиот пат. Меѓувладината конференција што е официјален почеток на процесот на преговори со ЕУ и што самата германска канцеларка Ангела Меркел (како лидер на земјата претседавач со ЕУ) ја најави за овој декември е одложена откако Бугарија стави вето на македонската преговарачка рамка. Позициите на Бугарија во однос на тоа што точно бара и со што се уценува се толку нелогични и променливи што и самиот премиер Зоран Заев неодамна кажа оти веќе ни нему не му е јасно што точно очекува официјална Софија и кои се нејзините конкретни барања. Јасно е само дека тие односи, од коишто за жал, дефинитивно ќе зависи развојот на европскиот пат, во моментов се толку комплицирани што тешко може да се прогнозира како, а уште помалку кога, би се расветлиле. Граѓаните по сите анкети имаат целосно цврст став дека околу македонскиот јазик, како и околу тоа дали македонската самосвест и идентитет се „вештачки формирани“ без малку преку ноќ во 1945 (позицијата на Бугарија) нема теорија да се попушта и преговара и овој тег на вагата е со неспоредлива тежина во однос на евентуалните придобивки од почетокот на преговорите - процес што секако трае со години. Сигналите од граѓаните се чини дека се и соодветно примени - и покрај збунувачките сигнали што од време на време ги испраќаа од Илинденска б.б. во изминатите недели на трагање по можен договор, официјалните државни позиции беа и останаа и повеќе од јасни - ако почетокот на пристапниот процес е условен со избор помеѓу Европа или идентитет, Брисел просто ќе престане да биде целта кон којашто одиме. Оваа порака Европа ја има јасно примено и процесите што следуваат во месеците што престојат главно треба да се сведат на европската битка сама со себе околу заштитата на сопствените столбови што налагаат апсолутна почит за правото на самоопределување на еден народ и немешање на билатерални

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ министер за здравство

ВАКЦИНИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЕМЕ НАВРЕМЕ! Македонија има сериозна и разработена стратегија за имунизација на населението, вели ресорниот министер Венко Филипче, во интервју за Капитал за практично клучната тема од којашто ќе зависи развојот на сите други ветувања и очекувања во 2021 битката со пандемијата. Тој убедува дека вакцините ќе стигнат навреме и дека македонските граѓани ќе почнат да се вакцинираат заедно со граѓаните на земјите членки. Топ тема и кај нас и во светот е процесот на набавка на вакцини за коронавирусот. Каква е македонската стратегија? Кога ќе ги имаме првите вакцини? Имаме три механизми по кои се обидуваме да стигнеме до вакцината. Првиот е Ковакс што беше развиен пред неколку месеци, што е механизам на глобалната алијанса за имунизација, УНИЦЕФ, СЗО со цел за секоја од земјите што аплицира навремено добие соодветна количина согласно бројот на население. Таму се пријавени над 150 држави и во тој план се повеќе од 7 - 8 производители. Тука се најголемите производители, Астра Зенека, Фајзер, дел од кинеските производители и согласно динамиката како ќе ги добијат административните овластувања преку Европската агенција за лекови и согласно динамиката на доставување ќе бидат поделени. Вториот механизам е механизмот што го понуди ЕУ. Минатата недела имаше состанок еврокомесарот Вархеи со министрите за европски прашања од регионот и ние имавме координативен состанок со претставници од Мисијата на ЕУ кај нас. Понуден ни е механизам за да ги добиеме вакцините истовремено со земјите членки од ЕУ што имаат привилегија да направат директни договори со дел од производителите (на пример договор со Астра Зенека). Од нивните количини што се намерно предимензионирани со цел да се препродадат на европски земји што не се членки. Третиот механизам се директните преговори што ги водиме со самите производители и тоа планираме да биде трет контингент на вакцини што треба да пристигне во нашата земја. Согласно најавите од Ковакс системот, најавите од земјите членки што ни понудија дел од сопствените вакцини (тоа се Грција, Бугарија и Полска) најавите се дека вакцините ќе стигнат во првиот квартал од 2021. Не е ли тоа доцна? Србија следната недела почнува да вакцинира. Кога вака објаснувате впечатокот е дека ние немаме конкретна стратегија кон која сме насочени туку дека се обидуваме со сите овие три механизми. Јасно ми е

дека притисокот врз пазарот е голем, а дека ние сме мал пазар, директните комуникации со производителите одат тешко. Значи ли ова дека кон овие други две опции сме главно насочени? Напротив. Имаме многу јасна и прецизна стратегија и тоа беше целта да не зависиме само од еден механизам. Воопшто не доцниме и ние ќе почнеме вакцинирање заедно со земјите членки на ЕУ и тоа е доказ дека нашата стратегија вака димензионирана и вака предвидена е навистина добра.


ДЕK. 2020

26 МАКЕДОНИЈА ВО 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

XНо, X Србија успеала да набави 5000 вакцини преку директни контакти со производителите. Нели требало директните разговори и ние да ги почнеме многу порано? Не би се споредувал со ниедна останата земја. Сметам дека ова се солидни механизми и дека се темелат и на договорите што ги имаме врз добрососедски односи со останатите земји. Сепак треба да се има еден јасен и концизен план и точен увид во бројот на количини што треба да стигне. Ние имаме само 23 илјади здравствени работници. Нам ни е целокупната стратегија добро разработена. Таа опфаќа број на здравствени работници, поделба по ризични групи, понатаму постари граѓани над 65 години, хронични заболувања, повторно со пресметка на ризик - фактор, тип на дијагноза и сл. Ова нам не прави една од најподготвените земји во регионот. Веднаш после добивањето на вакцините ние имаме еден така организиран систем на веќе точни информации, каде ќе се чуваат, како ќе се складираат, како ќе се дистрибуираат, како ќе стигнат до крајните корисници… Оваа стратегија што беше разработена од Комитетот за имунизација и нашата мала оперативна работна група што го подготви целиот процес и добрата волја и отворените врати од економските оператори што работат со дистрибуција и складирање на другите вакцини (систем што кај нас одлично функционира), сето ова не прави една од најподготвените земји од регионот. XОва X значи дека домашната задача веќе ја имаме завршено? Чекаме само да се направат овие договори и да видиме од каде прво ќе пристигнат вакцините? Апсолутно. И на договорите се работи чисто како формалност. Инаку ние точно ја знаеме структурата на соработка и со Ковакс системот, за што е веќе обезбедена финансиската структура, а и преговорите со соседите членки се веќе направени. Кога вакцините ќе бидат на располагање, ние точно знаеме каде ќе стигнат, како ќе се чуваат, како ќе се дистрибуираат од складиштата до здравствените домови, имајќи ја предвид временската рамка, согласно типот на вакцината, не секоја вакцина исто време смее да седи на вообичаена температура (за што исто имаме готова стратегија) и секако пристап до фокус групите. Здравствените работници во организациите каде работат и граѓаните во здравствените домови. XМногумина X експерти предупредуваат дека треба да се внимава на можни злоупотреби на пазарот. Внимаваме ли на тоа? Од аспект на квалитет, од каде се набавуваат… Гледаме дека ЕУ е прилично внимателна и побавна во одобрувањето. Токму затоа сметам дека избрзани најави како дел од соседите дека ќе се започне вакцинација многу рано со мала количина на дози треба да се земат со одредена доза на резерва. И во овој момент во процес се административните процедури за добивање на лиценци на поголем број на вакцини што се дел од Ковакс од страна на повеќе производители, а во ЕМА (Европската агенција за лекови). Затоа најавите дека вакцинацијата ќе започне

во првиот квартал догодина се коректни и потврдени се од сите европски авторитети. Тие го имаат предвид целокупниот процес, колку време одзема, како се евалуираат документите, што се треба да се има предвид, за што треба итна авторизација, а што редовна административна процедура. Сите овие најави имаат многу логика, имајќи ги предвид вообичаените процеси за добивање на дозволи. XКога X ќе ги добиеме вакцините ќе се соочиме со друг проблем. Ги гледате анкетите, особено за земјите од Западен Балкан. Има силна недоверба од граѓаните во процесот на вакцинација. Како ќе ги убедите дека вакцините се добри и дека треба да се вакцинираат? Видов неколку анкети во изминатите денови. Морам да кажам дека веднаш се потсетивме на минатогодишното искуство со пандемијата со морбили, кога ваквите антивакцинални кампањи беа силно изразени. И останатите земји, не само во регионот, во светот, се исправени пред овој еден голем предизвик. Ќе го повторам она што го кажуваме често. Вакцинацијата е еден од најсилните инструменти што ги имаме на располагање. Тоа се покажа и минатата година со морбилите. Благодарение на вакцините, за кратко време се сузби епидемијата. Ми се чини дека тоа што сега се соочуваме со болест за која нема вакцина и гледаме како сите земји мака мачат да обезбедат и капацитети и здравствена заштита е еден од најсилните аргументи зошто е вакцината потребна и корисна. Еве гледаме сега што значи да се соочиме со болест за која нема вакцина. Планираме да започнеме кампања, а и многу јавни личности се нудат да се дел од неа и мислам дека ќе ја подигнеме свеста и ќе успееме да пратиме порака до граѓаните дека ова е безбедна вакцина и дека сите вакцини што се во механизмот на Ковакс се развиени во сигурни и до сега вообичаени практики на развивање на вакцини. Станува збор само за промена во делот на типот на предизвикувачот. Самото тоа што се завршени клиничките студии и еве при крај се практично и административните процедури во еден сериозен и обемен процес на одобрување особено во делот на ЕМА е еден од најсигурните и најдобрите знаци дека ова е продукт што е безбеден. Болниците се полни, гледаме што значи да нема инструмент како вакцина, тоа се случувало и претходно кога сме се бореле со болести за кои нема вакцина, постарите генерации граѓани се сеќаваат од лично искуство или од своите родители. Верувам дека ќе се избориме и со ова. XX Кога? Какви се проценките? Кога ќе стивне пандемијата откако ќе започне процесот на имунизација? Слушаме информации за тоа дека вирусот мутира… Ова што сега излезе од Велика Британија како информација за мутација не е нешто што менува во третман на заболените или во делот на мерките. Можеби нешто околу трансмисијата, но се уште со резерва ги земаме овие информации, оти не се целосно потврдени. Во смисла на тоа колкав дел од населението треба да биде имунизирано, за да се стекне колективен имунитет, таа бројка е 60 - 70 % и тогаш се очекува пандемијата да спласне.

несогласувања во процесот на преговори, што треба да е збир на реформски чекори, а не на ретроградни меѓудржавни и меѓусоседски сопки.

Акција 21 - 10 европски реформи

Во меѓувреме, личи дека Владата преминува на План Б за чекори што ќе течат без разлика на почетокот на официјалните преговори. Тој план, наречен Акција 21 содржи клучни потези и реформи што се најавуваат за годината што следува во главните општествени области. Премиерот Зоран Заев во понеделникот на пресконференција промовираше 10 приоритети на Владата за следната 2021 година, наречени „Акција 21“. Тој рече дека се работи за големи и важни македонски, домашни проекти, чија цел е постигнување на европските стандарди дома „Сите заедно продолжуваме да ја правиме Северна Македонија европска, подготвени во секое време да ги почнеме преговорите за членство“, вели премиерот. Ветувањата што се склопени во Акција 21 - планот за реформи се движат целосно во рамките на поглавјата од преговорите со ЕУ и чекорите што земјава секако ќе ги правеше доколку преговорите почнеа овој месец, како што беше планирано. Со ваквиот пристап, кога се создава јасен план и временски рамки за реализација на клучните реформи, пораката што Владата сака да ја прати и до граѓаните, ама и до Европа (вклучително и до Бугарија) е многу јасна - дека Македонија ќе почне „да ги отвора Поглавјата“ сама и да се реформира независно од официјалниот статус што го има на европскиот пат. Она што е важно, овој пат се чини повеќе од кога било, е земјава тоа навистина и конечно и да го стори, оти многу најави досега со слична филозофија биле прегазени од комоцијата кога нема фактички „чувар“ и надворешна контрола над сите чекори. Ова се десетте приоритети:

XX Прочистување на правосудството Премиерот Заев најави дека моделот за прочистување или филтрација е во завршна фаза и ќе опфати ревизија на цели досиеја, секој судија ќе биде оценуван,според листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност. Исто така, Владата ќе иницира законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес, како што се криминал и корупција. Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.


ДЕK. 2020

28 МАКЕДОНИЈА ВО 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Ресорниот министер Бојан Маричиќ во интервју за „Капитал“ убедува дека „прочистувањето“ нема да значи политички реваншизам и пресметка со судии што се политички „неподобни“: „Не е работа на извршната власт да се меша во решавање на конкретни судски случаи, но одговорноста на извршната власт е да ја зајакне довербата на граѓаните во правосудниот систем и да се зголеми транспарентноста, одговорноста, ефикасноста и етиката во правосудството. Впечатокот на јавноста за голем број на случаи пред судовите е дека правдата не е задоволена, додека случаите застаруваат. Прочистување или ослободување на правосудството од политички и било какви други влијанија стои како потреба и во меѓународни извештаи. Замислата или моделот како ќе се одвива ова прочистување мора да произлезе од Министерството за правда, со оглед на тоа дека самото од себе, судството или обвинителството можеби никогаш нема да се ослободи од влијанија – бидејќи со години оваа можност им стои на располагање и ништо не се случува. Секако, ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето“ вели тој. Маричиќ исто додава дека очекува поддршка од сите општествени чинители: „Еднаквоста пред законот не треба и не смее да биде предмет на политичка волја или политички договори. Спроведувањето на законот не треба да биде предмет на влијанија од разни центри на моќ. Затоа и со сизифовски напори се менуваат нештата во правосудството, а отпорот кон промената е огромен. Јавноста е силен сојузник, но сепак, алармот за притисоците треба да се огласи во судството и обвинителство. Водилка во моето постапување секогаш ќе биде интересот на граѓаните. Затоа не се плашам од притисоци и верувам дека тие може да се совладаат со соработка од институциите и со поддршка од граѓаните и медиумите. Секако, ја сметам и бизнис заедницата за сојузник во овој процес.“ вели тој.

XX Борба против корупција (зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт) Ова опфаќа воспоставување јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин, на сите нас, да се ангажираме во искоренувањето на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад.“Врз основа на прекршените одредби на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и именуваните функционери, беа разрешени неколку директори на владини агенции и на јавни претпријатија и цел состав на една комисија“ рече премиерот при објаснувањето на оваа мерка. Тој исто така најави дека од општините ќе се бара да ја зголемат транспарентноста, односно финансиските трансакции за програмите преку кои Владата исплаќа средства на општините, капиталните инвестиции, инвестициите со поддршка на Светска Банка, проектите од средствата од ТАВ, ќе бидат условени со видливо зголемена отчетност на општините.

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Имаме план за големи и важни македонски, домашни проекти, чија цел е постигнување на европските стандарди дома. Сите заедно продолжуваме да ја правиме Северна Македонија европска, подготвени во секое време да ги почнеме преговорите за членство.

XX Заштита на природата

БОЈАН МАРИЧИЌ министер за правда

Министерот во чијшто ресор е приоритетот број 1 од Акција 21 -Прочистувањето на судството, убедува дека тоа нема да значи политички реваншизам и чистка на „неподобни судии. „Ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето.

За 2021 година во Програмата за намалување на аерозагадувањето Заев најави 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност, обновување на урбаното зеленило. Во 2021 година ќе продолжи инвестирањето во замената на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси. Идната година високо во приоритетите е да го зголемиме процентот на заштитени природни подрачја. Оваа година започна постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје, како и постапката за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа и на дел од Водно за заштитен предел, Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.

цели и за производство на продукти од оваа билка. Премиерот информираше дека досега се одобрени 59 лиценци за оваа дејност и Владата е во комуникација со претставниците на компаниите со цел оваа индустриска гранка да се развива согласно светските текови и европските регулативи. Во европските и светските пазари имаме стотици исклучително важни лекови кои се решение за здравјето на многу граѓани.„Тоа отвора огромни потенцијали и пазари и верувам дека во таа насока Парламентот е подготвен да ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за опојни дроги што ќе овозможат извоз на цвет од канабис за медицински цели што ќе поттикнат и нови инвестиции и работни места“.

XX Мерки против Ковид-19

XX Нови инвестиции во енергетика

Во однос на борбата со ковид-19, Заев ја најави набавката на вкцината, чија дистрибуција преку Ковакс системот се очекува на почетокот на следната година. Започнати се и преговори за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините, , како и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Заев најави дека ќе продолжи државната економска помош за сите кои се соочуваат со штети како резултат на пандемијата и апелираше граѓаните најдисциплинирано да се придржуваат до активните мерки, особено за време на празниците

XX Измени и дополнувања на Законот за опојни дроги Светските и европски стандарди Владата ќе ги носи и преку индустријата за одгледување канабис за медицински

Заев најави голем број инвестиции во енергетиката, следејќи ги трендовите и политиките на ЕУ во поглед на енергетската транзиција и целта до 2050 година европскиот континент да има нула емисии од секторот енергетика. Тука ги најави проектот со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана, АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и во првата половина на 2021 ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или ќе се продава АД ТЕЦ Неготино, грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола, како и реализацијата на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца. Од идната година и официјално започнува изградбата на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат


3

за сметки во МКД за сметки во ЕУР


ДЕK. 2020

30 МАКЕДОНИЈА ВО 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето, во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово, а ќе започне и втората фаза од тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини.

XX Инфраструктура

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ лидер на ВМРО - ДПМНЕ

ОПОЗИЦИЈАТА ПРОТИВ ПЛАНОТ ЗА РЕФОРМИ Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ ја дочекаа „на нож“ најавата за европеизација и реформските чекори. Велат дека станува збор за стари ветувања маскирани во нови лаги со цел да се манипулира јавноста. Портпаролот нна партијата Димче Арсовски особено се осврна на приоритетот број еден - најавите за професионализација на судството: “ Најпрвин, ова е груба лага од страна на Владата на Заев дека ќе ги решат проблемите во судството и обвинителството. Имаа 3 години да направат прочистување на судството и обвинителството, велеа дека ќе ги разрешат сите судии, ќе прават ветинг, ќе реформираат, напротив, ништо од тоа не направија. Наместо тоа ниту еден судија не е разрешен, оние кои што го штитеа криминалот се унапредуваат како примерот со Кацарска, а реформите кои ги почна и самиот Заев како прв човек на телото за реформи во правосудството не направи ама баш ништо“, вели тој. „Денешната изјава на Заев е само заплашување и уцена до судиите и обвинителите да бидат уште посервилни кон Владата и да го штитат криминалот на Заев и на тие околу него. Ниту некој од Владата има намера да ги реши проблемите, ниту пак ќе ги реши. Единствено ги интересира заштитата на нивниот криминал“ додава Арсовски.

Премиерот Заев истакна дека најголем дел од проектираните средства или 83 проценти од буџетот на Министерството за транспорт се наменети за капитални проекти во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови. Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридор 8 во втората и третата фаза вредни 600 милиони евра.

XX (Конечно) Попис Премиерот Зоран Заев најави дека пописот на население, кој ќе се спроведува следната година, ќе чини за 5 милиони евра помалку отколку пропаднатиот попис во 2011 година. Земјава нема организирано попис 18 години, со што е единствена држава во регионот и пошироко без спроведена ваква статистичка операција, но Заев најави дека ова дефинитивно ќе се смени во првата половина на 2021 година. Тој најави дека со предлог-законот за попис, оваа статистичка операција, сега и во иднина повеќе нема да се третира како политичко прашање. „Пописот ќе чини вкупно 8,5 милиони евра. Тоа е за 5 милиони евра помалку од пропаднатиот попис на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Наместо хартија, ќе има електронски уреди. Одговорите на дел од прашањата ќе се земаат од базите на податоци кои ги организиравме во изминатите три години. Пописот во 2021 ќе се спроведе – не заради тоа што премиерот Заев така рекол. И не заради тоа што Мицкоски така сака или не сака. Попис во 2021 ќе има заради тоа што развојот на нашата земја нема да биде можен без резултатите од овој попис“, рече тој и додаде дека на граѓаните, институциите,

организациите, бизнисот, науката и на академијата им требаат нови, релевантни и точни статистички податоци за нашето население.

XX Борба против дезинформациите Владата ќе спроведе широки консултации со медиумските работници и граѓанскиот сектор во уште посериозна борба со дезинформациите, со говорот на омраза и другите облици на хибридни закани против демократијата, најави Заев. Во однос на одбраната од сајбер нападите, рече дека е завршена процедурата за усогласување на Меморандум за соработка на нашето Министерство за одбрана со НАТО, на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напади.Во однос на реформата во образованието, Заев најави дека медиумската писменост ќе стане дел од наставата со цел да им помогнеме на младите генерации да бидат најсилните отпорници на лажните вести.

XX Нови економски потенцијали Како приоритет за 2021 година, Заев ги спомена постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите што се чуваат дома или на парите од заштеда или добивка. Заев на крајот ја спомена и реформата во образованието, за која рече дека новите содржини не одат на сметка на постоечките, дека ќе продолжат да се учат сите досегашни предмети, како историја, географија, биологија, хемија, сè што е неопходно за нивните знаења. Најави дебата за предложените реформи и ќе се избере најдобриот модел, кој ќе може да се имплементира во нашата земја.„Остануваме посветени на истиот стратешки колосек, нема отстапување од стратешките цели кои се поставени едногласно – негување на добрососедските односи, активно учество во НАТО и членство во ЕУ. Нема да има застој во внатрешните реформи. Ќе се посветиме на градењето европски стандарди“,рече Заев.


INTERVIEW INTERVIEW ДЕK. 2020

32

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

КИРЕ НАУМОВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ГОДИНАВА ДАДОВМЕ ЗНАЧАЈНА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ СРЕДЕ ПАНДЕМИЈАТА, ВО 2021 СЛЕДИ УШТЕ ПОГОЛЕМ АНГАЖМАН НА РБСМ Во 2020 година имаме пласирано околу 81 милиони евра во кредити кон домашните компании, вклучувајќи ги средствата од „Ковид” линиите, ЕИБ кредитната линија и другите кредити. Околу 78% од овие средства се наменети за мали и средни компании, како и извозни компании кои имаа потреба од поволни средства за дореализација на започнати проекти или пак реализација на нови проекти. Годинава направивме и значителни исчекори во зајакнувањето на реалната моќ на банката за поддршка на приватниот сектор. Тука не мислам само на зголемувањето на основачкиот капитал, туку и на другите механизми кои и се дадоа на Развојна банка преку промената во матичниот закон на банката каде се зголемија активностите кои банката може да ги презема за реализација на мерки и програми на Владата.


33

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

разговара:

Р

ИГОР ПЕТРОВСКИ азвојната банка на Северна Македонија (РБСМ) по сила на нештата годинава беше една од најекспонираните институции во државава кога станува збор за справување со економските последици на здравствената криза предизвикана од ковид – пандемијата. Интересот досега за двете бескаматни кредитни линии наменети за поддршка на компаниите што беа најпогодени од кризата беше огромен и тие буквално беа исцрпени преку ноќ, а во тек е аплицирањето за третата „Ковид“ кредитна линија. Банката во меѓувреме доби и докапитализација од државата што ќе се искористи претежно за новиот продукт – издавање царински гаранции, а директорот Кире Наумов најавува дека допрва ќе се почувствуваат и резултатите од другите механизми што изминатиов период законски и се овозможија на РБСМ, со цел нејзина поголема поддршка на приватниот сектор во постпандемичниот период. Г-не Наумов, Развојната банка годинава имаше многу битна улога во ублажување на економските последици од ковид – пандемијата. Ве молам, да објасните за читателите колку вкупно кредитни „Ковид“ линии досега беа реализирани, за колку вкупно средства се работи; колку компании добија кредити? Развојната банка имаше исклучително динамична година во која реализиравме целосно две „Ковид” линии во вредност од 13,5 милиони евра, пласиравме 50,9 милиони евра кредити преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1,6%, отпочнавме трета „Ковид” линија во вредност до 31 милиони евра, ги подобривме тековните производи и воведуваме нови. Конкретно за прашањето, имавме две “Ковид” линии кои се целосно реализирани и тековно ја реализираме третата „Ковид” кредитна линија која има и грант компонента. На 7 декември го промовиравме јавниот повик, а од 16 декември почна процесот на поднесување кредитни барања кој ќе трае се’ до 30 декември 2020 година. Преку двете реализирани „Ковид” линии успеавме за релативно краток период да поддржиме околу 1.400 домашни компании со 18 илјади вработени. Повеќе од 70% од двете „Ковид” линии се одобрени за микро компании, што за нас е показател за достапноста на линиите. Овие бескаматни кредити беа првиот инструмент за поддршка кој го реализираше банката, а кој имаше за цел брзо да ги опслужи ликвидносните потреби на домашните компании кои почнаа да ги чувствуваат негативните ефекти од Ковид-19. Третата бескаматна кредитна линија, која е специфична по тоа што има и грант компонента, се реализира тековно. Оваа линија ги таргетира микро и малите трговски друштва, ТП и занаетчии чие работење е погодено од Ковид-19. Сите три „Ковид” бескаматни линии се со вкупен фонд од 44,5 милиони евра.

Преку двете реализирани „Ковид” линии успеавме за релативно краток период да поддржиме околу 1.400 домашни компании со 18 илјади вработени. Повеќе од 70% од двете „Ковид” линии се одобрени за микро компании, што за нас е показател за достапноста на линиите. Овие бескаматни кредити беа првиот инструмент за поддршка кој го реализираше банката, а кој имаше за цел брзо да ги опслужи потребите на домашните компании погодени од кризата. Третата бескаматна кредитна линија, која е специфична по тоа што има и грант компонента, се реализира тековно. Оваа линија ги таргетира микро и малите трговски друштва, ТП и занаетчии чие работење е погодено од Ковид-19. Сите три „Ковид” бескаматни линии се со вкупен фонд од 44,5 милиони евра.

Може ли да добиеме структура на апликантите според дејноста, бројот на вработени, износот на кредит што го барале и сл., како и истава структура за тие што добиле кредити досега? За првата бескаматна кредитна линија, за којашто јавниот повик го објавивме на 25.03, расположливите средства беа 338 милиони денари, во целост се исцрпеа на 06.04 до крајот на работното време, со одобрени кредити од пристигнатите апликации. Последните податоци за кредитната линија се дека вкупно се одобрени 737

кредитни барања за компании со 6.509 вработени лица. Од нив 77% се фирми до 10 вработени, 21% се до 50 вработени, додека 2% се до 250 вработени. Што се однесува до структурата според дејностите, најголем дел, или речиси 54% од одобрените барања беа за компании од угостителскиот сектор, 43,4% беа за транспортните претпријатија, и 5,97% од секторот туризам. Преку јавен повик, објавен на 7.10.2020 до 14.10.2020, сите кредитокорисници на Ковид1 добија можност да се пријават доколку имаат потреба да добијат


ДЕK. 2020

34 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ПРЕКУ ГАРАНТНИОТ ФОНД ЌЕ СЕ ПОДОБРИ И ОЛЕСНИ ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ Владата ги утврди деновиве контурите на државната гарантна шема преку Развојната банка. Објаснете ве молам подетално за што се работи и како ќе функционира овој механизам за поддршка на компаниите? Државната гарантна шема е инструмент кој постои во голем број држави, некаде е посебна институција, некаде е во рамки на развојните банки. Минативе неколку месеци, заедно со Министерството за финансии, се работеше на поставување на законската регулатива за формирање на Гарантен фонд кој ќе го администрира Развојна банка, а за кој државата одвои износ од 10 милиони евра. Процесот го помагаше и техничка мисија на ММФ, а во моментов и Светска банка обезбедува свој придонес во поставувањето на шемата. Од Гарантниот фонд Развојна банка ќе издава портфолио гаранции кон банки и штедилници за новоодобрени кредити за тековни и основни средства. Фокусот на гарантната шема ќе бидат микро, мали и средни компании. Како што е дефинирано во законската рамка, максималниот гарантиран износ за овие кредити ќе биде до 80% за тековни средства и до 50% за основни средства. Преку Гарантниот фонд ќе се подобри и олесни пристапот до финансии на домашните компании, особено во делот на колатералот. Она што е исклучително важно за сите нас вклучени во овој процес е да се постави инструмент кој ќе биде одржлив и на долг рок и кој ќе има шанса, по примерот на другите успешни приказни кај земјите во регионот и Европа, да биде поддржан од меѓународни финансиски институции или агенции. Така нема да зборуваме за Гарантен фонд од 10 милиони евра, туку од многу повеќе. Можноста како земја да имаме функционална и здрава државна гарантна шема претставува пред сè придобивка за компаниите во домашната економија.

продолжување на грејс периодот за уште 3 месеци. Можноста ја искористија 392 компании од одобрени 737 кредитни барања (53%) за кои е направено продолжување на грејс периодот заклучно крајот на јануари 2021 година. За втората бескаматна кредитна линија, од т.н. Компензациони фондови, или „Ковид2“, аплицирањето почна на 29 април, а повикот беше отворен за микро, мали и средни компании од сите дејности. Расположливите 8 милиони евра целосно се исцрпеа со последните одобрени кредити од пристигнатите апликации на ден 30.04 до 12 часот. Вкупно беа одобрени 639 кредитни барања, за исто толку компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица. За најмалите фирми, до 10 вработени, одобрени беа 63% од барањата, 28% беа фирми до 50 вработени и 9%, или 58 фирми, со големина од 50 до 250 вработени. Очигледно е дека имаше голема побарувачка за бескаматните кредити откако почна реализацијата на кредитните линии. Каков е планот за поддршка на бизнисите за следната година? Предвидени ли се уште вакви „Ковид“ или евентуално „Пост – ковид“ кредитни линии? „Ковид” кредитните линии се дизајнираа согласно потребите на компаниите и новонастанатите околности предизвикани од здравствената криза. Иако за сите имаме ограничен фонд на средства на располагање, фондот за секоја следна линија беше за неколку милиони евра поголем од претходната со цел да се обезбеди поддршка на што поголем број субјекти. Она што е интересно да се сподели е дека и дел од другите развојни банки во регионот реализираа слични кредитни линии со 0% камата, иако чинам дека ние како банка излеговме најрано со реализација на мерките. Првите исплати од „Ковид 1” ги реализиравме веќе во првата половина од месец април. Од аспект на кредитна поддршка, во 2021 нè очекува најпрво успешно да ја заокружиме реализацијата на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента. Потоа следува и реализацијата на нови 100 милиони евра поволни кредити за проекти на мали и средни компании преку ЕИБ кредитната линија. Секако, во зависност од можностите и потребите, ќе продолжиме да работиме кон зголемување на поддршката на приватниот сектор преку поволно кредитирање. Од кои извори беа досега финансирани „Ковид“ кредитните линии и како ќе се финансираат во иднина? Сите три бескаматни кредитни линии беа финансирани од различни извори на средства кои Развојна банка ги имаше во администрирање. Првата кредитна линија беше финансирана од Посебниот Кредитен фонд, средства коишто итно се пренаменија да бидат искористени за поддршка на најкритичните сектори кои беа први на удар од негативните ефекти на здравствената криза. Втората кредитна линија беше финансирана од средства од Компензационите фондови од јапонска и друга странска помош, кои исто така беа


35

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

„Ковид” кредитните линии се дизајнираа согласно потребите на компаниите и новонастанатите околности предизвикани од здравствената криза. Иако за сите имаме ограничен фонд на средства на располагање, фондот за секоја следна линија беше за неколку милиони евра поголем од претходната со цел да се обезбеди поддршка на што поголем број субјекти. Во 2021 нè очекува најпрво успешно да ја заокружиме реализацијата на третата бескаматна кредитна линија со грант компонента. Потоа следува и реализацијата на нови 100 милиони евра поволни кредити за проекти на мали и средни компании преку ЕИБ кредитната линија. во износ до 8 милиони евра пренаменети во бескаматна кредитна линија за микро, мали и средни претпријатија. Третата бескаматна кредитна линија со грант компонента е финансирана со средства од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Овие средства се дел од 50 милиони евра награда на државата за напредокот во интеграциониот процес, а кои државата ги пренасочи во здравството и за ревитализација на економијата преку реализација на кредитната линија „Ковид 3”, како и преку активни мерки за вработување кои ќе ги спроведува Агенцијата за вработување. „Ковид” кредитните линии, се производи од времен карактер. Во зависност од потребите на домашните компании и она што не’ очекува во иднина, како што ќе се враќаат средствата од кредитокорисниците на овие линии, се отвора простор за нови пласмани. Останува прашање за анализа дали повторните пласмани ќе бидат во форма на бескаматни „Ковид” кредити, или пак ќе бидат слични таргетирани кредити за поддршка на раст, инвестиции и слично. XКаква X е состојбата со останатите, редовните кредитни линии што одат преку Развојната банка, односно колкав износ на кредити годинава е одобрен, за кој профил на компании, дејности и сл.? Во 2020 година имаме пласирано околу 81 милиони евра во кредити кон домашните компании, вклучувајќи ги средствата од „Ковид” линиите, ЕИБ кредитната линија и другите кредити. Околу 78% од овие средства се наменети за мали и средни компании, како и извозни компании кои имаа потреба од поволни средства за дореализација на започнати проекти или пак реализација на нови проекти. Најголем дел од поддржаните компании се во производствената дејност и тоа 33% од одобрените средства и трговијата, која учествува со 30%. Транспортната дејност и угостителството се застапени со околу 10%, услужната дејност со 7%, здравството со 2% и 8% се други дејности.

XОсигурувањето X на извозот е еден од производите кои Развојната банка го нуди подолго време. Дали неизвесноста ја зголеми побарувачката за овој инструмент и се планираат ли некои измени за овој инструмент со цел да биде поконкурентен и попристапен за извозните компании? Ефектите од здравствената криза кои се одразија врз економските текови значително ги зголемија неизвесноста и ризиците по компаниите, особено во делот на наплата на побарувањата. Интересот за осигурување на извозните и домашните побарувања е зголемен, ова особено важеше во периодот кога во Италија почнаа да се откажуваат првите нарачки и кога ризиците по побарувањата на нашите извозници беа евидентни. Заклучно со месец октомври имаме раст на осигурените побарувања од 25% споредено со истиот период минатата година. Најголем дел од осигурените побарувања се од странски купувачи, додека осигурувањето на домашни побарувања учествува со 22%. На крајот на првиот квартал од 2020 година, го намаливме трошокот на осигурување за домашните компании и ја зголемивме рочноста, односно го зголемивме опсегот на побарувања кои ги осигуруваме преку вклучување на побарувањата со рок на плаќање подолги од 180 дена, а до 360 дена. Дополнително, годинава отпочнавме и реализација на еден интерен проект кој ќе овозможи дигитализација и олеснување на пристапот на корисниците кои веќе го користат производот. На овој начин ќе овозможиме полесно управување со полисите, помалку административни процедури и слично. XВо X контекст на пост – пандемичниот развој уште побитна ќе биде

улогата на Развојната банка на РСМ, па ме интересира, до каде се напорите и иницијативите за нејзина докапитализација и останатите измени што одат во насока на зголемување на нејзината реална моќ за поддршка на реалниот сектор? Неодамна Владата донесе одлука за зголемување на основачкиот капитал на Развојна банка за 3 милиони евра. Ова е прва таква одлука по единаесет години и ова особено нè радува поради тоа што де факто значи зголемување на нашите можности да ги поддржиме домашните компании од сопствените капацитети. Конкретно, зголемувањето на капиталот кое се прави сега, ќе се рефлектира во зголемување на портфолиото на банката преку издавање на царински гаранции. Ова е нов производ за банката кој очекуваме најдоцна до крајот на јануари 2021 година да биде достапен за компаниите. Годинава направивме значителни исчекори во зајакнувањето на реалната моќ на банката за поддршка на приватниот сектор. Тука не мислам само на зголемувањето на основачкиот капитал, туку и на другите механизми кои и се дадоа на Развојна банка преку промената во матичниот закон на банката каде се зголемија активностите кои банката може да ги презема за реализација на мерки и програми на Владата. Владата го препозна потенцијалот на Развојна банка и верувам дека во иднина улогата на банката во поддршката на развојот на приватниот сектор ќе продолжи видливо да се зајакнува.


ДЕK. 2020

36 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ПРЕЖИВЕА ЕДНА „ПАНДЕМИЧНА“ ГОДИНА

БЛАГ ПАД НА ИНДЕКСОТ И НАЈГОЛЕМ ПРОМЕТ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 10 ГОДИНИ По пролетната панична „распродажба“ кога МБИ-10 падна за 34%, динамиката на домашниот берзански пазар се стабилизираше и годинава ја завршува со релативно добар перформанс – благ пад од 4-5%, и покрај сите специфики годинава, како што велат од менаџментот на Берзата. Прометот пак, е одличен, најголем во последните 10 години, но како предизвик останува големата концентрација во мал број хартии: 70-80% од трговијата во 2020 е со акции на 4-5 компании. Уште еден предизвик за Македонската берза е конкуренцијата што доаѓа од странските пазари: откако законски се овозможи таа опција во 2019 година, расте интересот на македонските граѓани за тргување на странските берзи. Годинава, само во првите девет месеци тие направиле промет од 40 милиони евра во странство, во споредба со 77 милиони евра на домашниот пазар на акции.


37

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089


ДЕK. 2020

38 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ИВАН ШТЕРИЕВ

директор на Македонска берза

ДОМАШНАТА ЗАДАЧА ОСТАНУВА – УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЛОКАЛНИОТ ПАЗАР Колку и да имаме супституција на дел од домашниот промет со тргување во странство, а тоа ќе зависи и од моменталната глобална конјуктура, секогаш ќе има домашни инвеститори кои ќе вложуваат во македонски хартии од вредност поради природната состојба на помали информациски асиметрии кога вложувате во локални компании. Оттука, нашата домашна задача останува унапредувањето на квалитетот на локалниот пазар примерот со инвестициските анализи на три компании е без дилема за чиста петка - и некаков пробив во насока на долго посакуваното проширување на пазарната понуда. Еден дел од задачата секако е и во доменот на регионалната соработка и тоа пред сè преку различните форми на функционални интеграции со други регионални пазари.

ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ

директор на ВФП Фонд Менаџмент

СÈ ЗАВИСИ ОД КРАЈОТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА Светло на крајот на тунелот дефинитивно постои, но очекуваме во него да сме и следните 4-5 месеци, односно, додека не излеземе од здравствената криза. Сепак, првиот квартал од 2021 ќе биде тежок, влегуваме со зголемена невработеност и стресови во економијата. Од друга страна имаме ситуација на невидено ниски каматни стапки и голема ликвидност на глобалните пазари на капитал поради огромните стимулуси вбризгани од монетарните и фискалните власти. Очекуваме во втората половина од годината да се створи голем бран на потрошувачка, луѓето ќе сакаат да надоместат сè што пропуштиле во 2020 – трошење, патување, итн. Повторувам, доколку приврши здравствената криза во првите неколку месеци.

Извор: Македонска берза

Извор: Македонска берза

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

О

ваа, пандемична 2020 година, ќе биде историска и за светските пазари на капитал, ако се суди според се’ она што се случи изминативе месеци откако почна Ковид – кризата. Годината почна со доза на оптимизам, со ниво на трговија и цени што беа своевидно продолжување на трендот од претходната година. Потоа во март и април се случи страшен шок, голема корекција на пазарите, односно пад на берзите како последица на паниката што ја предизвикаа затворањата на економиите. „Ако знаеме дека просечниот раст на глобалниот пазар на акции беше 7% до пред пандемијата, пролетоска изгубивме 30% од вредноста на берзите, што значи како 4 загубени години раст“, вели Лука Флере од Генерали Инвестментс Словенија. На тркалезната маса „Берзите во 2020 година – осврт на локалниот и глобалните пазари“ што Македонска берза ја организираше деновиве како онлајн дебата, Флере потсети дека следеше брз одговор во вид на монетарен и фискален стимулус од најмоќните светски економии,

секако и од помалку развиените земји секоја во рамки на своите можности, што придонесе за прилично брзо закрепнување на пазарите. „Масивната финансиска инјекција вбризгана во светската економија тежи околу 20 илјади милијарди долари годинава. Тоа е неверојатна бројка, многу апстрактна за поимање, затоа што ако глобалниот БДП е околу 90 илјади милијарди долари, тогаш стимулусот е повеќе од 20% од тоа што вреди целата светска економија“, рече Флере. Речиси идентично како и на светските берзи, пандемијата предизвика паника и на македонскиот пазар на капитал, па главниот индекс на Македонската берза во март забележа пад од 34%, буквално идентично како и падот на индексите на Њујоршката берза, Dow Jones и S&P 500. Ова беше првата голема криза на Македонската берза после силниот пад на индексот во 2007 - 2008 година, но со таа разлика, како што кажа универзитетскиот професор Сашо Арсов, што сега бекграундот беше нешто поинаков. „Тогаш падот на индексот беше предизвикан од излегувањето на странските инвеститори коишто масовно го повлекуваа капиталот што година – две претходно го вложија во македонски акции. Падот на МБИ-10,


ДЕK. 2020

40 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

пак, оваа година беше повеќе рефлексија на светските случувања одошто некакво повлекување на странски инвеститори, и тие што продаваа сега беа главно домашни инвеститори што ги фати паника, а коишто во периодот на континуиран раст на Берзата последните неколку години пред пандемијата всушност и го ‘набилдаа’ индексот до ниво од 5.000 поени пред корекцијата во март.“, објасни проф. Арсов на тркалезната маса.

Највисок промет со акции во последниве 10 години

Сепак, паниката на едни, значеше добра прилика за други да купат акции на, инаку, солидни компании за доста пониски цени. Па така, прометот во месец март, покрај големиот пад на индексот, изнесуваше 23,5 милиони евра, што е рекорд, односно најголем месечен промет изминативе 10 години на Македонската берза. Во април веќе индексот закрепна, односно порасна за 23,2%, а во идните месеци од годинава имаше мали осцилации, со исклучок на септември, кога повторно позначајно се придвижи во нагорна линија (+6,6%). „На 15.12.2020 година МБИ10 изнесуваше 4.444,08 поени, што претставува, имајќи ги предвид сите специфики годинава, благ пад од 4,41% во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година. Воедно, ваквата перформанса на индексот покажува извонредно добра негова резистентност споредено со другите регионални индекси, со исклучок на индексот на Љубљанска берза којшто е со приближно ист пад.“, вели директорот на Македонска берза, Иван Штериев. Тој додава дека вкупниот берзански промет по сите основи во 2020 година, заклучно со 15 декември, изнесува околу 127 милиони евра, што претставува пораст од 8% во однос на истиот период лани кога изнесувал 118 милиони евра. Во тие рамки, прометот со акции во БЕСТ системот изнесува околу 88 милиони евра и е за 54% поголем во однос на истиот период 2019 година. „Анализата, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 10 години. Сличен тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции во БЕСТ системот којшто во 2020 година изнесува 92, додека просечниот дневен промет со акции годинава изнесува речиси 400 илјади евра.“, вели Штериев.

Конкуренција од странските берзи

Домашниот пазар на капитал оваа пандемична година „ја прележува“ со поквалитетни инвеститори, сметаат луѓето од инвеститорската фела. „Кога велам поквалитетни, мислам на тоа дека точни знаеја зошто се на берза, добро ги анализираа компаниите, а имавме веќе искуство од претходниот крах кога неспремноста за берзанско ‘играње’, многу инвеститори, особено оние помалите, скапо ја платија.“, вели Петар Андреевски, директор на друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент. Уште една значајна работа според него е тоа што на Македонската берза најликвидните акции се од компаниите што се помалку или воопшто погодени од пандемијата.

Вкупниот промет на Македонска берза по сите основи во 2020 година, заклучно со 15 декември, изнесува околу 127 милиони евра, што претставува пораст од 8% во однос на истиот период лани. Во тие рамки, прометот со акции во БЕСТ системот изнесува околу 88 милиони евра и е за 54% поголем во однос на истиот период 2019 година. „Две се од фармацевтскиот сектор, банките се добро капитализирани, со подобрени портфолија, дисперзирани. Тоа е вториот аргумент зошто имаме помал пад на пазарот одошто се очекуваше. Исто така, првпат видовме една состојба, а тоа е посериозен секундарен пазар на државните записи, нешто за кое што се водеше борба изминативе години, и треба да се продолжи во таа насока.“, вели Андреевски. Годинава, уште една битна работа што го одбележа пазарот на капитал е зголемениот интерес на македонските инвеститори за директно вложување на странските берзи, освен како досега, само преку инвестициските фондови. Откако законски се овозможи оваа опција и првите тргувања се случија летото лани, годинава интересот континуирано расте, па за првите девет месеци прометот на македонските инвеститори на странските берзи е 40 милиони евра, додека на Македонска берза, прометот во акции во истиот период е 77 милиони евра. Во некои месеци дури, како што се мај, август и септември, прометот на странски пазари бил речиси изедначен со оној на домашната берза. „Од воведувањето на оваа услуга бележиме околу 1.000 трансакции во износ од околу 10 милиони евра, од страна на 150 домашни физички и правни лица. Тие имаат околу 250 акции во своите портфолија и интересот е претежно кон компании од технолошкиот сектор, фармација, банки, но и злато, сребро, нафта...“, вели Емилија Брљамова, шеф на брокерскиот оддел во НЛБ Банка, една од трите банки во земјава коишто во моментов имаат овластување за овие

услуги. Таа додава дека не забележале прелевање на парите на клиентите од портфолија во домашни акции кон странски, туку се инвестирале нови пари. „Помладите клиенти се позаинтересирани за странските берзи, за нив е предизвик да поседуваат акции од компании чии продукти и услуги ги уживаат секојдневно, како Apple, Facebook, Microsoft, итн.“ Директорот на Македонска берза, Штериев, смета дека интересот на македонските граѓани за странските пазари нема да запре, напротив, и дека моментално, на овој процес големо влијание има трендот на долгиот ценовен пораст на главните светски берзи. Дури и влијанието на COVID-19 не го прекина овој пролонгиран биков пазар.. „Но, ние не го гледаме ова само како конкуренција, туку и како нешто што во нашето окружување ќе влијае на зголемување на инвестициската култура за вложување во хартии од вредност од што кога - тогаш ќе има позитивни повратни импликации и за домашниот пазар. Колку и да имаме супституција на дел од домашниот промет со тргување во странство, а тоа ќе зависи и од моменталната глобална конјуктура, секогаш ќе има домашни инвеститори кои ќе вложуваат во македонски хартии од вредност поради природната состојба на помали информациски асиметрии кога вложувате во локални компании. Оттука, нашата домашна задача останува унапредувањето на квалитетот на локалниот пазар и некаков пробив во насока на долго посакуваното проширување на пазарната понуда.“, вели Штериев.


Да се сакате е ваша работа, да се грижиме е наша. Осигурете го своето куче со пакетот #МојМиленик.

Обезбедете лекување и осигурување на Вашето куче од ризиците смрт од болест и од несреќен случај.

#МојМиленик пакетот вклучува и MyKi уред за следење, што Ви овозможува во секое време да знаете каде е Вашето куче.

Услугата MyKi Pet е овозможена од А1.


INTERVIEW INTERVIEW ДЕK. 2020

42

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ


Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

43

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ВО НЕВЕРОЈАТНО ТЕШКА ГОДИНА ОСТАНАВМЕ СТАБИЛЕН ПАРТНЕР НА КОМПАНИИТЕ И ГРАЃАНИТЕ Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Тоа што ја добивме наградата ‘Банка на годината за 2020’ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја.

ДЕK. 2020


ДЕK. 2020

44 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Наградата ‘Банка на годината’, која ја доделува престижниот магазин ‘The Banker’ од Лондон, ја добиваме по осми пат, но сега ни е доделена во година која е по многу нешта различна од која било друга. Соочувајќи се со предизвиците од пандемија од досега невидени размери, Комерцијална банка успеа да ги заштити своите вработени, веднаш да им излезе во пресрет на клиентите, а притоа да забележи одлични деловни резултати, и уште поважно, да покаже лидерство преку несебична помош за медицинските херои во првите борбени редови. разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

К

омерцијална банка АД Скопје деновиве по осми пат го годи признанието „Банка на годината“ од страна на престижниот магазин „The Banker“.За оваа награда, која се смета за „стандард за банкарска извонредност“, магазинот The Banker (издание на Financial Times), разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од Covid-19. Со главниот финансиски директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева разговаравме за повеќе нешта: околу тоа како Комерцијална банка се справи со предизвиците наметнати од корона – кризата годинава, за тоа какво влијание имаше пандемијата врз динамиката на кредитирање и депозити, но и врз развојот на дигиталното банкарство, како и за активностите што

беа преземени од банката во областа на општествената одговорност. XКажете X ни за почеток, што значи за вас како банкарска институција оваа најнова награда од The Banker? Тоа што Комерцијална банка го добива признанието „Банка на годината за 2020“ токму во оваа неверојатно тешка година нè прави особено горди. Комерцијална банка уште еднаш покажа дека е поим за стабилност и незаменлив економски фактор за напредок во нашата земја. Наградата „Банка на годината“, која ја доделува престижниот магазин „The Banker“ од Лондон, ја добиваме по осми пат, но сега ни е доделена во година која е по многу нешта различна од која било друга. Соочувајќи се со предизвиците од пандемија од досега невидени размери, Комерцијална банка успеа да ги заштити своите вработени, веднаш да им излезе во пресрет на клиентите, а притоа да забележи одлични деловни резултати, и уште поважно, да покаже лидерство преку несебична помош за медицинските херои во првите борбени редови. Остварените резултати секоја година ја рангираат Комерцијална банка во самиот врв на македонскиот банкарски сектор. Банката ја гради својата лидерска позиција преку професионално, стручно

и одговорно работење, континуирана финансиска поддршка за раст и развој на компаниите и понуда на иновативни производи и услуги креирани согласно потребите на клиентите. Инвестициите во технолошката инфраструктура на Банката го доведоа дигиталниот свет на банкарски услуги сè поблиску до граѓаните и компаниите. А, помошта и поддршката што ја дава Комерцијална банка за општеството придонесоа за унапредување и подобрување на образовниот процес, здравствениот сектор, културата, уметноста. Наградата „Банка на годината“ е доказ дека се движиме во вистинската насока. XКои X беа најголеми предизвици за банката годинава во контекст на ковид - кризата и како се справивте со нив? Секако еден од првите предизвици со кој се соочивме на самиот почеток на кризата беше како да се обезбеди непречен технолошки процес и при тоа да се сочува здравјето на вработените и на клиентите во услови кога никој не знаеше како точно се однесува вирусот. Ние во банките редовно тестираме евентуални прекини на работа поради различни причини, пад на компјутерски системи, елементарни непогоди, имаме секундарни локации за компјутерските системи, работиме стрес-


Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

45

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА E ЛИДЕР ВО ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВОТО И ОБРАЗОВАНИЕТО Кои беа најзначајни активности во делот на општествената одговорност што ги спроведе Комерцијална банка со цел поддршка на државата и економијата во ваквите услови? Општествената одговорност со години е императив во деловните политики на Комерцијална банка АД Скопје, а секоја година се надградува со нови проекти и нови предизвици, кои придонесуваат Банката да биде признаена и прифатена во општеството како одговорен деловен субјект. Со оглед на тоа што пандемијата од вирусот Covid-19 предизвика криза од досега невидени размери, Комерцијална банка годинава ја продолжи својата лидерска мисија во сферата на општествена одговорност на највисоко ниво, помагајќи ги сегментите на заедницата кои имаа најголема потреба од поддршка, како што се здравството и образованието. За потребите на македонското јавно здравство Банката годинава обезбеди вкупна помош во износ од 590.000 евра. Во март, дониравме медицински заштитни маски за лице во вредност од околу 1.198.750,00 денари, обезбедивме финансиска помош - донација во износ од 6.150.000,00 денари за потребите на Министерството на здравство и дополнителни 8.220.000,00 денари за вработените во Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Со најновата донација, во вредност од 20.700.855,00 денари, за потребите на јавните здравствени установи Комерцијална банка обезбеди две амбулантни возила за Итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори наменети за континуирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, 7.000 брзи тестови за утврдување на присуство на вирусот Covid-19, 120 реагенси за тестови, како и маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба. Во март годинава, Комерцијална банка АД Скопје однапред

ДЕK. 2020

изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи. Со ваквата одлука, Банката придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, со цел поголем капацитет на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството. Комерцијална банка оваа година одлучи и наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на 46 лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност. Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици компјутери за потребите на повеќе училишта. Во услови на ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа над 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. Онлајн предавањата беа одржани во рамките на Програмата на училиштето за феријална практика, која пак е задолжителен елемент од наставната програма во дуалното стручно образование. Таа дава можност сите ученици кои ја следат да се запознаат и да стекнат знаења и вештини во одредено подрачје, директно пренесени од определен работодавец.


ДЕK. 2020

46 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

тестирања на економските параметри. Но, се покажа дека и тоа не е доволно со оглед дека досега никогаш никој не помислил што ако човечкиот фактор, ресурсот вработени е оневозможен да функционира. Да се потсетиме дека на почетокот на кризата работа од дома беше нешто ново, набавките на лаптопи беа ограничени, се’ уште имаше дилеми околу носењето маски. Од сегашна перспектива може да оценам дека одлично се справивме со целиот предизвик на континуитет на работењето во услови на пандемија. Што се однесува до влијанието врз клиентите на Covid-19, најголемо влијание имаше врз корпоративниот сектор, каде ја намали или оневозможи исплатата на плати, што посредно се одрази и на секторот население. Несаканите економски ефекти од Covid-19 беа ублажени преку воведените промени во отплатата на кредитните обврски на граѓаните и на компаниите (вклучувајќи и мораториум во отплатата на обврските на одреден период), со цел да им го олесниме финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат. Комерцијална банка, исто така, понуди и потрошувачки кредити со променети услови, а одобривме и нови корпоративни кредити за покривање на потребите за

ликвидност на компаниите. Со оглед на тоа што најголемата закана од вирусот Covid-19 е за здравјето на граѓаните, Банката воведе безбедни процедури за онлајн аплицирање со цел да излезе во пресрет на потребите на клиентите и притоа да ги заштити не само од непотребно изложување на финансиски ризик, туку да им понуди и безбедно и ефикасно извршување на банкарските трансакции без загрозување на нивното здравје. Со цел стимулирање на граѓаните за поголемо користење на предностите на електронското и мобилното банкарство и избегнување на физичко присуство во Банката, Комерцијална банка им овозможи нивно бесплатно користење, а го зголеми и лимитот за бесконтактни трансакции. XКако X се движеше динамиката на кредитирањето и депозитите во услови на наметнатата криза? Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе

предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор. Тоа што е важно во делот на кредитирањето е неизвесноста околу понатамошниот развој на пандемијата, работењето на компаниите и нивните резултати во понатамошниот период и, што е најважно, нивната способност да ги сервисираат обврските по завршувањето на мораториумот. Комерцијална банка, како и повеќето од банките во Македонија, од 01.10.2020 направи ново продолжување на олеснетите услови за сервисирање на обврските, при што тоа беше направено врз основа на селективен пристап за најпогодените субјекти, физички и правни лица. Во таа смисла ефектите од кризата врз способноста за сервисирање на обврските и капацитетот на компаниите, па и физичките лица опфатени со второто одложување на отплатите, ќе се видат дури наредната година кога ќе започне отплатата. Во изминатиот период, менаџментот на банката настојуваше да обезбеди квалитетен баланс меѓу поддршката на клиентите и управувањето со ризиците со цел истовремено да


Д-Р МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

ГЛАВЕН ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

47

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Податоците заклучно со септември покажуваат дека банката бележи раст и во двата сегменти, односно раст е забележан и во кредитирањето и кај депозитите. Имено, растот на кредитите и побарувањата од други комитенти со споменатиот датум изнесува 9,9%, додека во делот на депозитите изнесува 6,9%. Ова се сосема солидни податоци ако се земе предвид во какви околности се остварени. Сепак мора да се има предвид важечкиот мораториум на отплата на кредити, кој се уште беше во сила со септември и кој што има влијание на перцепциите за ризик во корпоративниот сектор.

обезбеди одржлива профитабилност и стабилност на банката. XКомерцијална X банка ја доби и првата инвестициска анализа од консултантската компанија WOOD&Company, што претставува и прва изработена инвестициска анализа воопшто за македонско акционерско друштво во рамките на регионалниот проект на Европската банка за обнова и развој. Како ја коментирате анализата? Дополнителна потврда за доброто работење на банката, но, што е уште поважно, за нејзините идни перспективи во изминатиот период дојде и преку објавената инвестициска анализа во рамките на регионалниот проект којшто го иницираше Македонска берза со помош на ЕБРД. Реномираната инвестициска компанија Wood Investments во својата јавно објавена анализа за Комерцијална банка излезе со препорака за купување на акциите на банката и со прогноза за ценовен таргет над моменталната пазарна цена. Секако, за истакнување е и постигнатиот финансиски резултат на банката во првите девет месеци од 2020 година, кој изнесува 1.310,6 милиони денари, што е 0,8% повеќе во однос на ланската добивка во истиот период и 89,1% од планираната добивка.

XКолку X пандемијата, можеби побрзо од очекуваното, го забрза процесот на дигитализација, и во делот на банкарското работење, но и на страната на корисничкото искуство? Неспорна вистина е дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и можеме само да бидеме благодарни што ја имаме привилегијата да се поврзуваме компјутерски или со мобилни телефони, да работиме и комуницираме виртуелно и при тоа сите активности да се одвиваат непречено. Според јавно достапните податоци на ниво на банкарски систем, во првата половина на 2020, споредено со истиот период претходната година, може да се забележи значајна промена во учеството на електронски наспроти хартиени налози во платниот промет од 3 процентни поени во полза на електронските трансфери. Во истиот извештаен период, плаќањата преку мобилен телефон се зголемени за над 50%, а вкупните плаќања со платежни картички за 11%. Често во разговор како илустрација за користа од дигитализацијата на соговорниците им велам да замислат како ќе изгледаа банкарските експозитури и филијали и дали некој ќе можеше да се справи со гужвите пред просториите на банките ваква криза да се случеше пред 20 години. Не само што нема да се одвиваа работите како сега, туку и жртвите од пандемијата ќе беа многу побројни. Во целата оваа несреќа која го снајде човештвото, среќа е што во многу области вработените може да работат од дома, а работниот процес да се одвива нормално. Дигитализацијата целосно ги задоволува потребите на еден голем дел од клиентите, а сметам дека корисничкото искуство е на многу високо ниво. XКолку X се променија навиките на клиентите, имаше ли значаен пораст на користење на е - банкарство и останатите дигитални услуги? Како што истакнав, секојдневно забележуваме зголемување на примената на дигиталните услуги од страна на нашите клиенти и можам да кажам дека тоа е присутно во сите дигитални канали, е - банкарство, м банкарство, картично работење, плаќање со мобилни телефони. За жал, ние се уште сме сведоци на клиенти кои едноставно не можат да ги прифатат новите начини на работење, иако картичното работење воопшто не е ново, и кои едноставно

ДЕK. 2020

чувствуваат дека мора да дојдат во банка. Тука влегуваат пензионерите, пред се, но и голем број други корисници, кои не само што не ги употребуваат основните дебитни картички за подигнување пари од банкомат, туку и не помислуваат да плаќаат со картички при купување во трговија. Тоа е всушност и објаснувањето за бројните гужви пред банките во време на исплата на пензии, како и исплата на социјална помош. Ние во Комерцијална банка во минатото се обидовме преку поединечни акции да ја подигнеме свеста за употребата на картички на банкомати, особено кај пензионерите, но и покрај обидите со физички пример да им се покаже поединечно како тоа функционира беше забележан отпор и незаинтересираност. Сакам да верувам дека сме на добар пат во процесите на дигитализација, дека можеби во одредени сегменти процесот е бавен, но најважно е дека општата свест за овој процес е на повисоко ниво и дека и покрај високата цена која банките ја плаќаат во овој процес на никого не му е ни на крај памет да го намали ангажманот и посветеноста во оваа насока. XКолку X пропаѓањето на една од помалите банки што се случи годинава, може да биде опасност за целокупната стабилност на банкарскиот сектор, со оглед и на предизвиците наметнати од самата ковид - криза? Банкарскиот систем е во одлична кондиција. Отворањето стечај на Еуростандард банка треба уште еднаш да не’ потсети на нешто што во јавноста понекогаш се заборава. Деловните универзални банки, а такви се сите банки во нашата земја, работат со средства на депонентите и една од нивните главни функции претставува не само тие средства да се пласираат како кредити, туку и тие кредити редовно да се наплатуваат и во секој момент кога депонентите ќе ги побараат своите пари, истите да се исплатат на сопствениците. Поради тоа кога се критикуваат банките дека не кредитираат во обем кој го посакуваат барателите на кредити мора да се има предвид дека банките го проценуваат и мерат ризикот тие кредити да не бидат вратени. Верувам дека ова е еден поединечен инцидент и дека банкарскиот систем и во иднина ќе продолжи да се развива во модерен и стабилен систем, кој што квалитетно ја извршува својата улога во економските текови.


ДЕK. 2020

48 E – COMMERCE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089


49

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

КОГА НА ЕДЕН ЌЕ МУ СЕ СТЕМНИ, НА ДРУГ...

ПАНДЕМИЈАТА ЈА ЗГОЛЕМИ ОНЛАЈН ТРГОВИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 141%

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за впечатлив годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 141%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 28%, во текот на сите три квартали од 2020 година, покажуваат податоците од Народната банка. Сепак, ниското ниво на дигитални вештини го забавува дополнителниот раст и развој на е – трговијата, покажуваат анализите на Асоцијацијата за електронска трговија.


ДЕK. 2020

50 E – COMMERCE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

К

овид - 19 пандемијата несомнено го забрза растот на е - трговијата на глобално ниво, што овозможи некои земји за шест месеци да го достигнат проектираното ниво на раст за 2022-2023 година. Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е - купување и е услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни. Брзата адаптација да се биде онлајн беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад. Овие согледувања, меѓу, другото беа и клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е -трговија,

во организација на македонската Асоцијација за е - трговија (АЕТМ) што се одржа неодамна, целосно онлајн, поради познатите околности. Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, презентираше наоди од анализата што ја направија во асоцијацијата, „Напредокот на е трговијата во период 2017-2019 година со посебен осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е - трговијата во 2020 година”. Анализата е направена со достапните податоци од Народната банка и со примарно истражување, спроведени прашалници на македонските е продавачи и е - купувачи со цел да се согледа дали и како е - продавачите ги искористиле можностите, како одговориле на предизвиците и се прилагодиле на пандемијата, како и влијанието на COVID-19 врз однесувањето и навиките на е - купувачите. Бројките покажуваат дека македонските граѓани за првите шест месеци од 2020 година направиле 4,3 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот во првите шест месеци споредено со истиот период 2019 година изнесува 113%.

Онлајн најмногу се купува облека и спортска опрема

Растот во вредноста на онлајн трансакциите секако бил придружен со

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ ИНТЕРНЕТОТ? Македонските граѓани се НАД ЕУ просекот во користење интернет за: u Социјални мрежи 84% (ЕУ 65%) u Телефонирање 80%

(ЕУ 60%)

u Инстант пораки 86%

(ЕУ 77%) Македонските граѓани се ПОД ЕУ просекот во користење интернет за: u Барање и аплицирање за работа 11% (ЕУ 19%) u Продавање производи

и услуги 6% (ЕУ 23%)

u Е – банкарство 18%

(ЕУ 66%)

u Праќање и примање

e – mail 58% (ЕУ 86%)

Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, АЕТМ


51

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Извор: Народна банка на РСМ

ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ Е - КУПУВАЧ u Што купува?

Облека и спортска опрема (63%) Електронска опрема (19%) Хотелско и др. Сместување (10%) Храна и производи за секојдневна употреба (9%) u Колку често? Еднаш до два пати во 3 месеци u Колку троши? 50 евра просечно по нарачка u Од каде? Најмногу од домашни е – трговци (69%) Од Европа (21%) и од други земји (36%) Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, АЕТМ

ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД –19 ВРЗ ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАВИКИ ВО МАКЕДОНИЈА

18%

почнале да плаќаат сметки онлајн

17%

почнале да користат владини е – услуги

37%

купуваат значително повеќе онлајн

76%

ќе продолжат да купуваат и по пандемијата со исти обем

Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, АЕТМ


ДЕK. 2020

52 E – COMMERCE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

РАСТОТ НА Е – ТРГОВИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД – 19 Речиси еднаква е вкупната вредност на трансакциите со картички, но променета е структурата: u пад во вредноста на повлекување пари од АТМ и на трансакции на физички места на продажба

114% 36% 37%

раст на трансакциите со домашни картички кон домашни е – трговци

помалку трансакции кон странски е – трговци од страна на македонските граѓани

помалку трансакции на ПОС терминали во земјата од странци Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, АЕТМ

ШТО МИСЛАТ МАКЕДОНСКИТЕ Е – КУПУВАЧИ ЗА НАРАЧКИТЕ ПРЕКУ ПОРАКИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

47% 78%

прават нарачки по пораки

затоа што им е побрзо и полесно

48%

не добиваат никогаш фискална сметка, а 27% ретко

73%

знаат дека се дел од сива економија и не се заштитени, но го прифаќаат ризикот Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, АЕТМ

раст на издадени платежни картички. Бројот на издадени платежни картички во јуни изнесува 2.124.359, а значајно е да се спомне дека најголем раст е забележан во јуни месец кога се издадени 275.556 платежни картички. Во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година. Особено во вториот квартал е забележителен пораст на виртуелните места на продажба. „Резултатите од спроведениот прашалник од е - трговците даваат одговори, за предизвиците со кои се среќаваат во онлајн продажбата, за потенцијалот и степенот на искористеност на можностите создадени со COVID-19, како и придобивките од дигитализацијата. Како најголем предизвик за е - трговците се истакнува ниското ниво на дигитални вештини кај населението. Согледувањата од прашалникот и презентираните студии на случај укажува дека најмногу го искористиле потенцијалот оние компании кои го антиципирале значењето на дигитализацијата, односно кои во минатиот период уште пред пандемијата работеле на подготовки за иновирање и трансформација.“, вели Ангеловска. Македонските е -купувачи како и европските, онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика. Значително намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги. „Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е - купувачите ќе продолжат со исто темпо. Од испитаниците,

76% се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, додава Ангеловска. Заклучокот на анализата на АЕТМ е дека е трговијата и понатаму бележи континуиран раст во земјава, но ниското ниво на дигитални вештини го забавува дополнителниот развој на е – трговијата. Исто така, препораката до бизнисите е дека дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адаптира во време на криза, исто како што е значајно да се адаптираат начинот на работење, на продажба, на производство, е - трговците треба да го прилагодат и начинот на комуникација односно да го адаптираат тонот и пораките кон јавноста согласно фазите во кризата. Од АЕТМ велат дека онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст - со што се покажува дека работата на е - трговците е директно контролирана од меѓународните картични организации и може да се смета за сигурна и безбедна.

Раст на бројот на плаќања преку интернет за 175%

Народната банка на РСМ, во своето најнов извештај за платежната статистика, заклучува исто така, дека граѓаните се’ повеќе ги користат придобивките од дигиталните канали за плаќање. „Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за впечатлив годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 141%, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат од 28%, во текот на сите три квартали од 2020 година.“, велат од Народната банка.


53

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Плаќањата со платежните картички во трговијата во земјата во третиот квартал од 2020 година забележаа значителен годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 41% и 42%, соодветно. Притоа, забележлив е високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, којшто во третиот квартал од оваа година изнесуваше 175% и е речиси петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година (37,7%). Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од оваа година беше остварен годишен раст од 36,8%, којшто е значително повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година (22,3%). Од друга страна, негативно влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, коишто забележаа годишен пад од 4,4% кај бројот и од 4,9% кај вредноста на трансакциите. Сепак, од почнувањето на ковид - кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните во третиот квартал се зголемил за значителни 35,4% на годишна основа, што е речиси трипати повеќе во споредба со годишниот

раст во истиот квартал во 2019 година (12,8%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон забележително пораснал за значителни 84,2% на годишна основа. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така многу повисок од годишниот раст остварен во третиот квартал од минатата година, којшто изнесуваше 49,3%. Покрај тоа, во третиот квартал од годинава продолжува и трендот на голема употреба на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во третиот квартал од оваа година се забележува висок годишен раст од 20,1%, којшто е повисок за четирипати од годишниот раст во третиот квартал од минатaта година, којшто изнесуваше 4,7%. Од друга страна, условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа висок годишен пад од 34,4% во третиот квартал оваа година, наспроти годишниот раст во истиот квартал во минатата година, од 8,5%.

НИНА АНГЕЛОВСКА

претседателка на Асоцијацијата за е – трговија

Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 значително се зголемија, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е - купувачите ќе продолжат со исто темпо. Од испитаниците во нашата анкета, 76% се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.


INTERVIEW INTERVIEW ДЕK. 2020

54

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ЗДРАВКО ЗДРАВЕСКИ ГЛАВЕН ДИРЕКТОР ЗА РИЗИЦИ ВО УНИБАНКА АД СКОПЈЕ

УНИБАНКА ГАРАНЦИЈА ЗА СТАБИЛНОСТ И УСПЕХ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА И РЕЦЕСИЈА Пандемијата го смени начинот на размислување и функционирање на структурите на целото општество. Менаџментот на УНИБанка одлично се прилагоди на новонастанатите услови за работа, а последица на тоа се одличните резултати кои Банката ги постигна во 2020 година: остварување на најголемата годишна добивка во своето постоење; највисока адекватност на капиталот во 26 годишното постоење на македонскиот банкарски пазар; ниво на ликвидност отпорно на екстремни стрес-тест сценарија; висок процент на стабилно депозитно јадро (над 80%); и едно од најниските нивоа на лоши пласмани во банкараскиот систем со покриеност од 90%. Земајќи ги предвид условите на пандемија во кои функционираше Банката и разнишаната доверба во банкарскиот систем заради затварањето на една од банките, задоволни сме со сите постигнувања, а пред сè, со тоа што Банката покажа сигурност, стабилност и профитабилност во своето функционирање и отпорност на сценаријата од стрес - тестовите.“


55

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

За успехот и стабилноста на Банката зборува и фактот дека успеваме без проблем да ги исплаќаме и тековните обврски по издадениот хибриден инструмент, кој за прв пат е реализиран на македонскиот финансиски пазар.

разговара:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ Како работеше Вашата банка во услови на пандемија во 2020 година, какви финансиски резултати очекувате и на што се должат тие? Колку сте задоволни од работењето годинава со оглед на околностите? Годинава што изминува беше година на предизвици, пред се од аспект на организација во сосема нови услови, услови какви што до сега биле непознаница за целото општество. Пандемијата ни помогна да им потврдиме на нашите клиенти и инвеститори она што ние самите го знаеме, дека УНИБанка е одлично организирана и стабилна финансиска институција. По објавувањето на пандемијата, Банката го активираше сопствениот “имунолошки систем” и создаде услови за максимална заштита на своите вработени, преку почитување на сите препораки кои беа носени од надлежните органи во државата. Тоа беше основа вработените да се чувствуваат безбедно и да продолжат со своите активности. Активностите ги извршуваме, како од своите канцеларии, така и со далечински пристап до нив, на принципот на ротација, кој се покажа дека е функционален и корисен во услови на пандемија. Воедно покажавме и општествена одговорност од причина што во два наврати овозможивме олеснување во сервисирањето на обврските на сите кредитокорисници кои го побараа тоа од нас. Банката во меѓувреме направи и стрес-тест сценарија за тоа што ја очекува

во периодот кој следуваше, односно до крај на 2020 година. Резултатите од сценаријата покажаа дека Банката е издржлива на ударите од предвидените сценарија како резултат од пандемијата и дека без проблем ќе одговори на сите предизвици со кои е соочена. Пандемијата го смени начинот на размислување и функционирање на структурите на целото општество. Менаџментот на УНИБанка одлично се прилагоди на новонастанатите услови за работа, а последица на тоа се одличните резултати кои Банката ги постигна во 2020 година:  Остварување на најголемата годишна добивка во своето постоење,  Највисока адекватност на капиталот во 26 годишното постоење на македонскиот банкарски пазар,  Ниво на ликвидност отпорно на екстремни стрес-тест сценарија,  Висок процент на стабилно депозитно јадро (над 80%) и  Едно од најниските нивоа на лоши пласмани во банкараскиот систем со покриеност од 90%. Земајќи ги предвид условите на пандемија во кои функционираше Банката и разнишаната доверба во банкарскиот систем заради затварањето на една од банките, задоволни сме со сите постигнувања на Банката, а пред се, со тоа што Банката покажа сигурност, стабилност и профитабилност во своето функционирање и отпорност на сценаријата од стрес-тестовите. За успехот и стабилноста на Банката зборува и фактот дека успеваме без проблем да ги исплаќаме и тековните

обврски по издадениот хибриден инструмент, кој за прв пат е реализиран на македонскиот финансиски пазар. Сите овие постигнувања во нови и непознати услови на пандемија, се резултат пред се на воспоставеното високо ниво на корпоративно управување и култура од страна на менаџментот на УНИБанка, кое дава можност и слобода понатаму сите структури во Банката да учествуваат во креирањето и исполнувањето на стратегиите. Колку корона – кризата влијаеше на кредитната активност, и кон населението, но особено кон реалниот сектор? Колку се бизнисите во кондиција да земаат нови кредити и да ги отплаќаат старите? Проблемите кои корона-кризата ги предизвика нанесоа и се уште нанесуваат штета на одредени дејности, како хотелиерство, услужни дејности, туризам, одредени производствени дејности, дел од транспортната дејност, со што се предизвика и намалена економска активност на глобално ниво, а како последица на тоа и рецесија. Кредитната активност е тесно поврзана со потребите на субјектите (фирми и население), кои во овој период на криза во определен дел беа намалени, што е сосема нормално и очекувано. Пандемијата и големиот број на неопходни здравствени мерки со кои се соочени економските субјекти, доведоа до намалување на нивните потреби за кредитирање. Редуцираната економска активност резултираше со намалена кредитна активност на


ДЕK. 2020

56 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Работиме на надградување на постоечкото портфолио со ново, еднакво квалитетено и тоа во услови на забавена економска активност на стопанските субјекти. Ќе продолжиме да го одржуваме стабилното депозитно јадро и истото да го освежуваме со нови атрактивни продукти, како за населението, така и за стопанските субјекти. Банката кон клиентите за околу 50% од функционирањето во нормални услови. За таа цел УНИБанка направи ребаланс на својот годишен буџет и истиот го адаптираше на новонастаната состојба. Во ребалансот на буџетот беше вклучена кредитната активност кон клиентите и бизнисите кои не беа погодени од кризата и кои останаа во добра кондиција при измирувањето на своите обврски кон Банката. За останатите клиенти чие што функционирање беше погодено од здравствената криза (75% од населението и 50% од фирмите), беа применети мерките за грејс период и одложено плаќање на обврските кон Банката. По воведувањето на грејс периодот, Банката, на редовна основа прави анализи за финансиската состојба на клиентите кои користат грејс период, тековно ги следи проблемите со кои се соочуваат и во рамките на своите политики и можности бара издржана солуција за надминување на истите. XКакви X Ви се плановите за 2021 година? Каква економска година не очекува низ призмата на банкарите? Движењето на економијата во 2021 година пред сè ќе зависи од состојбата со светската здравствена криза. Македонското стопанство, односно економската активност во Македонија во голем дел зависи од странските економски партнери и нивната активност. Усвоениот буџет за работа за 2021 година е прилагоден на очекуваната состојба со пандемијата, како во земјата, така и

надвор од неа. Буџетот предвидува раст на Банката преку: l континуирано и разумно зголемување на позициите во билансите кои носат стабилност и профитабилност, l поголема дисперзија на кредитното и депозитното портфолио на Банката, l зајакната контрола на квалитетот на кредитното портфолио и задржување на процентуалното учество на лошите, во вкупните пласмани, l континуирано ослободување од некаматоносната актива, l прудентен пристап во контролата, мерењето и управувањето со клучните ризици во работењето на Банката. Што се однесува до очекувањата за економската 2021, истите се во рамките на надежта и желбата втората половина од годината економијата да почне постепено да заздравува. Првите резултати од тоа заздравување реално би се почуствувале во текот на 2022 година. Концентрацијата во првата половина од 2021 година ќе биде насочена кон анализи и преземање на решенија за одржување и подобрување на квалитетот на портфолијата на Банката, како превентива и решавање на можните негативни ефекти од пандемијата и како продолжение на тековните активности кои се одвиваат во втората половина од 2020 година. Очекуваме дека 2021 година ќе биде полна со предизвици. Го имаме постоечкото КОВИД портфолио

кое почнува да достасува за наплата од ноември 2020. Резултатите од наплатата се вистински предизвик за дополнителен ангажман на сите структури во изнаоѓање на најбезболни решенија за сите учесници и редовна наплата, која е еден од столбовите за одржување на континуирана ликвидност. Работиме на надградување на постоечкото портфолио со ново, еднакво квалитетено и тоа во услови на забавена економска активност на стопанските субјекти. Ќе продолжиме да го одржуваме стабилното депозитно јадро и истото да го освежуваме со нови атрактивни продукти, како за населението, така и за стопанските субјекти. Тука е и конкуренцијата која постојано ни дава дополнителни мотиви за фер натпревар на банкарскиот пазар, за кој од друга страна знаеме дека е мал и лимитиран како за постоечките, така и за новите бизниси. Заради погоре споменатиот лимитиран пазар, стопанските субјекти треба да станат поконкурентни и поинтересни за странските пазари, да доставуваат до банкарскиот сектор издржани од секој аспект проекти, како банките би можеле да ги поддржат истите. На крај би напоменал дека УНИБанка постојано ги усовршува и прилагодува системите на управување со ризиците, во правец на стабилно, континуирано и безбедно исполнување на зададените цели, при што грижата и разбирањето за потребите на клиентите и инвеститорите е на прво место.


ДЕK. 2020

ПОРТРЕТ: КРАЈ

58 ПОРТРЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

СТОЛБОТ НА ЕВРОПА! Многу споредби и епитети добивала германската канцеларка Ангела Меркел за време на 15 години поминати како прв човек на германската (ама и европска) политика, но се чини дека ништо не ја опишува подобро нејзината политичка фигура и мисија, од освртот на колегите од „Тајм“, за кои таа е „канцеларката на слободарскиот свет“. Се ближи крајот на нејзиното владеење, но наследството што Меркел ќе го остави за германската, европска и светска политика е неспорно и особено значајно во услови на бурни процеси низ геополитиката.


НА ЕДНА ЕРА

59

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089


ДЕK. 2020

60 ПОРТРЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

автор:

М

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА ногу споредби и епитети добивала германската канцеларка Ангела Меркел за време на 15 години поминати како прв човек на германската (ама и европска) политика, но се чини дека ништо не ја опишува подобро нејзината политичка фигура и мисија, од освртот на колегите од „Тајм“, за кои таа е „канцеларката на слободарскиот свет“. Јасните позиции на Меркел и нејзината Германија на страната на демократијата во време кога светот е соочен со бура на идеолошки битки, а растот на илибералните тенденции е сеприсутен, сепак повлекуваат црта над сите нејзини други политички победи и во економијата и во сите други аспекти на германската и континентална политика Популарноста, разнишана за време на бегалската криза, таа ја поврати за време на пандемијата на коронавирусот и сега како што пишуваат германските медиуми денес е поомилена од било кога. Меркел најави заминување во пензија по изборите во 2021 година, иако може да се слушнат повици за таа да се кандидира за уште еден мандат, поттикнати од довербата предизвикана од нејзиното стабилно справување со епидемијата Ковид-19 во Германија, каде што нивото на инфекција и смртноста останаа пониски од оние на повеќето европски земји членки. Огромното мнозинство на Германците велат дека имаат доверба во нејзината стратегија за „поклон и танц“ за построги и полабави ограничувања засновани на зголемувањето или падот на нивото на инфекција, одлука што таа ја нарече „меѓу најтешките одлуки за моето време на функцијата“. Ќе остане запаметен нејзиниот говор од пред десетина дена кога со солзи во очите буквално го молеше германскиот народ да ги слуша препораките од здравствените власти. Емотивниот настап, нешто нетипично за неа, се чини дека ја постигна целта, па пофалби за односот и комуникацијата со граѓаните доби и од аналитичарите: „Со својот возбудлив настап полн со емпатија, емоции, па дури и патетика, 66-годишната канцеларка покажа дека таа се бори за Германците! Меркел се бори против пандемијата и симболично за животите на илјадници стари луѓе. Таа се бори за иднината на својата земја. Таа се бори, бидејќи и покрај тешките преговори со покраинските премиери, директно им се обрати на луѓето кои и понатаму се собираат на дружба за да испијат традиционално греано вино. Таа навистина заслужува почит за моќниот впечаток што го остави.“ пишува Кристоф Штрак. Ако коалиционите преговори и догодина се одолговлечат, Меркел може да го престигне и легендарниот канцелар Хелмут Кол според должината на владеењето (Конрад Аденауер веќе го надмина), оставајќи цела генерација млади Германци без сеќавање на друга канцеларка. Аденауер остана запаметен по

Меркел стана препознатлива по користењето на истата гестикулација пред камерите и при нејзините јавни настапи. Начинот на кој канцеларката ги спојува прстите на дланките некои го нарекоа „Меркелин ромб“, а други „триаголник на моќта“.

ЕВРОПЕЈЦИТЕ Ѝ ВЕРУВААТ

Рејтингот на канцеларката во текот на целиот мандат останува стабилен и покрај повремените падови. Впечатливо е што низ годините во многу анкети на релевантни светски агенции имаш случаи во некои земји нејзиниот рејтинг да е повисок од оној на тамошните лидери (на пример Французите да и' веруваат нејзе повеќе отколку на Макрон или Американците да ја изберат пред Трамп). Последната анкета на Центарот за истражување Пју покажа дека повеќе од половина од испитаниците се сигурни дека Меркел ги носи вистинските одлуки. Кризата со пандемијата покажа дека довербата во Меркел значително се зголеми во Германија (7 %), Холандија (6%) и Италија (6%).

Вестбиндунг - закотвување на младата западногерманска република во трансатлантскиот сојуз. На другиот историски впечатлив канцелар Вили Брант (1969-74) ќе се сеќаваме по помирувањето со Источна Европа, паѓајќи на колена во Варшава со каење и барање прошка за злосторствата на фашизмот. Хелмут Кол ќе остане „таткото на германското обединување“ ама и еден од творците на еврозоната. Секој ја напушти функцијата спротивно на неговата волја и под сенка: Аденауер, затоа што се држеше премногу долго;

Брант со наводи за шпионски афери, а Кол остана оцрнет од скандалот со партиските финансии. Тие и покрај тоа, сите тројца во политиката останаа запаметени како големи канцелари, но владеењето на Меркел, тежината што ја износи на грбот преку разни политички и економски потреси на земјата, континентот и светот и успехот да ја заокружи својата кариера без никаков голем личен скандал е за почит, како што е и самото владеење со три големи коалициски влади во еден микс на идеологии и дома и надвор.


61

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

КОЈА Е АНГЕЛА МЕРКЕЛ?

Родена како Ангела Доротеа Каснер на 17 јули 1954 година во пристанишниот град Хамбург, таа е ќерка на лутерански духовник и наставник во училиште. Нејзиниот татко го пресели семејството во парохија во мал град во комунистичката Германска демократска република (ГДР) на исток. Како врвен студент, таа се истакна во математиката и рускиот јазик, што и помогна да го одржи дијалогот со другиот ветеран на светската сцена, Русинот Путин, кој беше офицер на КГБ во Дрезден кога падна Берлинскиот ѕид во 1989 година. По падот на Берлинскиот ѕид, Меркел, која работеше во лабораторија за хемија, се приклучи на продемократска група која ќе се спои со демохристијаните на Кол. Протестант, од Исток, подоцна ќе биде избрана за лидер на партија, каде што до тогаш доминираа западно-католичките челници. Меркел го задржа името на нејзиниот прв сопруг, со кого се омажи во 1977 година и се разведе пет години подоцна. Нејзиниот сегашен сопруг Јоахим Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Тој не сака публицитет, па дури не се појави ни на нејзината инаугурација во 2005 година.

НАЈМОЌНИОТ ЕВРОПСКИ ЛИДЕР За многумина, прагматичната и непомирлива Меркел служеше како добредојдена противтежа на разните авторитарни лидери и популисти на глобалната политика - од Бразилецот

Жаир Болсонаро, преку американскиот претседател Доналд Трамп, па се до Владимир Путин во Русија. Анкета на Центарот за истражување Пју минатиот месец покажа големи мнозинства во повеќето западни земји кои имаат

„доверба во Меркел да ја направи вистинската работа во врска со светските работи“. Таа е вистински верник во трансатлантскиот сојуз, но сепак се бореше да му се спротивстави и да се наметне како контра - тежа на американскиот претседател Доналд Трамп. Некои и забележуваат за нејзината неподготвеност да го признае и да му се спротивстави на руското и кинеското мешање во европскиот простор, но факт е дека нарушената кохезија со Западот и односите со САД, односно слабеењето на трансатлантската врска ја погоди и неа лично - ја ослаби ЕУ во тешки времиња. Смелиот потег на Меркел од 2015 година да ги задржи германските граници отворени за повеќе од 1 милион баратели на азил, иако беше соочен со критики и тогаш и ја намали популарноста, се чини дека е она што ќе го утврди нејзиното наследство - таа застана зад цивилизациските вредности и хуманоста. Овој чин на хуманизам истовремено беше и најодговорната работа што можеше да се направи во моментот - Германија го презема притисокот врз многу послабите соседи. Повеќето од оние мигранти што дојдоа станаа интегрирани во општеството и дел од работната сила. Кантавторот Волф Биерман рече дека Меркел „му го покажа на светот пријателското лице на човечката рационалност“ кога решила да не користи „бодликава жица, палки, водени топови, митралези и тенкови за бркање илјадници очајни бегалци на германската граница“. Додека многу Германци беа на ист став како Биерман, сепак стравувањата од прилив на имиграција, исто така, ја охрабрија новата крајно десничарска партија, Алтернатива за Германија (АфД) и дадоа ветер в грб на многу слични движења и политички идеологии, кои од прашањето за бегалците создадоа тема за наводни закани и сеење страв. Тврдокорните европски лидери, како што е Унгарецот Виктор Орбан, ја обвинија за „морален империјализам“ со нејзиниот отворен став кон луѓето во неволја


ДЕK. 2020

62 ПОРТРЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

nnn

Таа е вистински верник во трансатлантскиот сојуз, но сепак важи за против- тежа на американскиот претседател Доналд Трамп. Некои и забележуваат за нејзината неподготвеност да го признае и да му се спротивстави на руското и кинеското мешање во европскиот простор, но факт е дека нарушената кохезија со Западот и односите со САД, односно слабеењето на трансатлантската врска ја погоди и неа лично ја ослаби ЕУ во тешки времиња.

КОЈ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ? Тројца господа се во игра за наследник на Меркел - владејачката Христијанско демократска унија ќе избере нов лидер во следните недели. Меркел најави дека во септември следната година, по парламентарните избори, ќе ја напушти канцеларската позиција по 16 години, а прогнозите се дека ќе ја наследи некој од нејзината партија, токму најверојатно новиот лидер. Според аналитичарите, има три најсериозни можни кандидати. Првиот е Армин Лачет, премиер на провинцијата Северна РајнаВестфалија. Тој е долгогодишен истакнат партиски член. Другиот е Фридрих Мерц, кој ја водеше пратеничката група ЦДУ во Бундестагот сè додека Меркел не го отстрани за да ја преземе партијата.

(што само потврдува дека и по пет години, Европската унија е далеку од унифицираната политика за темата за миграција). Списанието „Тајм“ ја прогласи Меркел за „Личност на годината“ во 2015 година, нарекувајќи ја „најмоќниот европски лидер“, бидејќи помогна да ја води Европа низ грчкиот банкрот до бегалската криза, како одговор на ноемвриските напади во Париз. „Не еднаш или двапати, но трипати оваа година имаше причина да се

nnn

Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза, кога ги отвори вратите на Германија, што за многумина беше чин на врвен хуманизам. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани. Третиот е Норберт Ретген , актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи во Бундестагот. Тој беше министер за екологија кратко време, а мислењето во Германија е дека тој и е омилен на Меркел, особено што претходните двајца имаат нерасчистени сметки со канцеларката. Поради пандемијата, сè уште не е познато дали партиската конвенција

прашуваме дали Европа може да продолжи да постои, не културолошки или географски, туку како историски експеримент во амбициозните државни занаети“, пишува списанието. За време на кризата во еврозоната, Берлин се залагаше за намалување на трошоците за возврат на меѓународните заеми за спасување на земјите со долг. Но, лутите демонстранти ја нарекоа „кралица на штедење“ во Европа и ја карикатурираа во нацистичка облека.

ќе се одржи преку Интернет или делегатите ќе се состанат во живо, но сигурно е дека датумот за тоа е одреден за средината на јануари. Прогнозите засега не предвидуваат фаворити , бидејќи, според најновото истражување. Иако Мерц има 27 проценти поддршка, меѓу членовите на ЦДУ има дури 21 процент неопределени.

Меркел е нарекувана и како „канцеларка на климата“ оти силно го турка планот за обновлива енергија сега се соочува со масовно движење на млади гласачи што ја притискаат за да се осигури дека Германија ги исполнува своите климатски обврски. Меркел е сега најстариот лидер на ЕУ и Г7, започна како современик на Џорџ Буш, Тони Блер и Жак Ширак кога стана најмладата - и прва жена - канцелар на Германија во 2005 година. nnn


63

СВЕТ

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Апликацијата за којашто повеќето од нас и немаа слушнато пред пандемијата, одеднаш стана како “леб насушен“ во нашите животи. Огромната побарувачка за Zoom, се разбира, предизвика и огромен раст на приходите и на вредноста на акциите на компанијата, која што од 60 долари од почетокот на годинава, достигна вредност од 570 долари кон крајот на октомври.

ЖИВОТОТ ВО (ПОСТ)КОВИД ОКРУЖУВАЊЕ

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ДОБИТНИЦИ И ГУБИТНИЦИ ВО ПАНДЕМИЈАТА

Пандемијата влијае на сите аспекти на нашите животи и кариери. На другата стана од спектарот на оваа катастрофа, се изродија брзо растечки нови трендови што драматично ги менуваат нештата како што е нашето здравје, начинот на којшто работиме, каде живееме, како консумираме забавни содржини, купуваме, се храниме...Некои бизниси и индустрии профитираа од „новата нормалност“, некои пак не издржаа и отидоа во историјата. Даваме преглед на некои од најголемите добитници и губитници во ковид – кризата.


ДЕK. 2020

64 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Ковид – 19 кризата имаше брз и огромен ефект врз целокупниот живот на планетава, афектирајќи ги во голема мера нашите животи и начинот на којшто работиме. Но, какво ќе биде влијанието на долг рок? Ова е потешко да се каже. Од она што досега го знаеме, по десетина месеци Ковид – криза е дека светот не беше добро подготвен за справување со пандемијата. Досега од последиците на вирусот починаа преку 1,7 милиони луѓе, претежно од постарата популација. Некои земји многу поуспешно го спречија ширењето на вирусот од за разлика од други и имаат многу помалку жртви досега. Знаеме и дека пандемијата предизвика огромна глобална рецесија, но далеку од тоа дека таа рамномерно се чувствува во сите земји и региони на светот. Економската криза најтешки последици остави врз милионите млади, релативно неквалификувани работници, младите мајки и ранливите категории. Знаеме дека “социјалното дистанцирање“, делумно спонтано предизвикано, делумно со сила, нанесе штета на сите активности што подразбираат близок контакт, додека истовремено донесе корист за оние аспекти поврзани со работата и седењето дома. Транспортот на луѓе, на пример, е една од најпогодените гранки – сувоземен, воден, авио, секаков. Знаеме и дека огромен број на бизниси ќе излезат од пандемијата оптоварени со големи долгови, а многу воопшто нема и да преживеат. Годинава бевме сведоци на досега невидени интервенции на фискалните и монетарните власти ширум планетава, особено во земјите со конвертибилни валути. Знаеме, исто така, дека меѓусебните обвинувања околу тоа кој е виновен за пандемијата ги дестабилизираа односите помеѓу Кина и САД. Згора на тоа, пандемијата ја доведе во прашање и глобализацијата, особено во делот на синџирите на снабдување. Кои се долгорочните перспективи? Financial Times дава преглед на 10 аспекти. Прво, иднината на пандемијата. Се појавија веќе првите вакцини, почнаа и вакцинирањата во некои од најразвиените земји, како В. Британија и сл. Веројатно вакцините ќе пристигнат и во земјите од развој нешто подоцна, но крајно е неизвесно кога ќе ги добијат најсиромашните земји, оние од т.н. „Трет свет“. Па, така, болеста уште прилично долго време ќе остане закана за добар дел од човештвото. Второ, перманентноста на економските загуби. Ова зависи делумно од тоа за колку време пандемијата ќе се стави под контрола, но исто така и од тоа колку длабоки ќе бидат лузните што ќе ги остави, како што се зголемената невработеност, сиромаштија, токсичните долгови, нарушените процеси на образование, итн. Светската економија и повеќето поединечни економии веројатно ќе станат перманентно помали, а луѓето во нив посиромашни одошто би биле ако не беше пандемијата. Трето, структурата на економиите. Дали ќе се вратат на нивото од пред Ковидкризата или ќе престанеме да патуваме и да се возиме до канцелариите засекогаш? Веројатно дека ќе продолжиме да

патуваме. И да се возиме до работа. Но, исто така е веројатно дека тоа нема да биде како што беше пред кризата. Сите помалку или повеќе скокнавме во еден нов свет на виртуелно комуницирање којшто нема да го напуштиме. Сето ова ќе промени некои матрици на нашите животи и работа засекогаш. Четврто, засилената улога на технологијата. Ова не е реверзибилен процес. Пандемијата предизвика улогата на технолошките гиганти како Amazon, Google и останатите во нашите животи да се искачи до незамисливи нивоа и да ги зголеми нивните пазарни капитализации повеќекратно за само неколку месеци. Па така, веројатно е допрва да растат притисоците за регулирање на нивните монополски статуси и зголемување на конкуренцијата, особено во технолошкиот сектор. Петто, проширената улога на државата. Големите кризи обично предизвикуваат промени во улогите на владите. Особено е значаен притисокот да се постигне закрепнување на економиите и општествата до степен на поголема спремност за идни можни катастрофи од планетарни размери, т.н. „build back better“ принцип. Дали ова значи дека владите ќе станат перманентно повеќе интервенционистички настроени одошто пред пандемијата? Шесто, тргнување на лавината на монетарни интервенции. Централните банки „се заколнаа“ на ниски каматни стапки на долг рок. Со обезбедени ниски номинални и реални каматни стапки, владите ќе бидат во состојба да ги менаџираат сопствените долгови и да помогнат во преструктуирањето на долговите што други ги поседуваат. Во извесен момент, фискалните дефицити ќе мора да бидат редуцирани. Со оглед на притисоците за трошење, ова многу веројатно дека ќе значи поголеми даноци, особено за богатите „победници“. Седмо, ефектот врз внатрешните политики. Некои земји покажаа доста ефективни одговори на кризата, додека други не. Дали е една земја демократска или не, не ги определи овие разлики. Она што беше клучно е дали политичарите се грижеле за ефективноста на мерките. Популистичките демагози како американскиот претседател Трамп, британскиот премиер Џонсон и бразилскиот претседател Болсонаро, многу лошо ја изменаџираа кризата. Ова секако ќе се одрази врз нивните рејтинзи (Трамп веќе ги загуби изборите во САД, делумно како резултат токму на лошото справување со пандемијата и големиот број на жртви и заразени). Осмо, влијание на меѓународните односи. Ова е навистина глобална криза и таква што може ефективно да се менаџира само со глобална соработка. Сепак, пандемијата ги засили трендовите на унилатерализам и меѓународни конфликти. Шансите се дека овие конфликти може и да се влошат, особено помеѓу САД и Кина. Деветто, иднината на глобализацијата. Глобализацијата на стоките и услугите веќе доби забавено темпо после финансиската криза од 2008 година. Веројатно е дека ќе забави и после Ковид кризата. Мултилатералниот систем

веројатно ќе биде подлабоко еродиран, особено Светската трговска организација и трговските спорови меѓу Западот и Кина, што со нивното нерешавање ја поткопуваат. Истовремено, виртуелната глобализација веројатно ќе забрза. Конечно, менаџментот на јавните добра. За ова прашање, Ковид – 19 е меч со две острици. Од една страна е зголемената желба да се прават нештата подобро, не само на домашен терен, туку и глобално, особено околу климатските проблеми. Другата страна е намалениот легитимитет на меѓународните договори, особено од страна на САД, коишто се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени и од Светската здравствена организација. Ковид – 19 е огромен шок. Следи после големата дисторзија што ја направи големата економска криза пред едвај десетина години. Сигурно е дека ќе има долгорочни последици за бизнисите, економиите, домашните и меѓународните политики. Многу работи ќе се променат, нешто може да предвидиме, голем дел останува неизвесен.

Онлајн платформите извадија невиден ќар од пандемијата

Пандемијата влијае на сите аспекти на нашите животи и кариери. На другата стана од спектарот на оваа катастрофа, се изродија брзо растечки нови трендови што драматично ги менуваат нештата како што е нашето здравје, начинот на којшто работиме, каде живееме, како консумираме забавни содржини, купуваме, се храниме... Работењето од дома се покажа како “експеримент“ со неочекуван успех. Способноста на луѓето да бидат продуктивни и да останат во контакт со своите колеги и менаџери функционираше толку добро, што големи светски компании како Morgan Stanley, JPMorgan, Twitter,


65

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Google, Facebook и други, објавија дека ќе продолжат со овие практики и откако пандемијата ќе заврши. Ова е одлична вест за многу работници. Нема да има потреба повеќе да трошат време во секојдневните долги и здодевни патувања од домот до работа во двете насоки, ќе имаат повеќе време за своите семејства, за уживање во хобија и сл. Седејќи повеќе дома, луѓето почнаа се’ повеќе да пазарат онлајн, да гледаат содржини од стриминг сервисите, а компаниите што нудат ваков тип на продукти и услуги извлекоа и допрва ќе извлекуваат огромна корист од ваквите трендови. Zoom, Slack, Google, Microsoft, Amazon, Best Buy и останатите слични компании ќе извлечат огромен ќар од сето ова. Дополнително на бизнис аспектот, како што ќе го минуваат луѓето речиси сето свое време дома, ќе почнат да размислуваат за подобрување на сите услови, за да им биде што покомотно. Ќе купуваат поскапи телевизори, ќе го обновуваат мебелот, кујните, ќе прават специјални „канцелариски“ катчиња и сл. МН: Amazon и останатите е-commerce сервиси доживеаја бум Империјата на Amazon доживеа невиден процут откако луѓето принудени да седат дома поради локдаун мерките, почнаа да нарачуваат се’ живо и диво преку интернет. Шефот и основач на компанијата Џеф Безос виде извонредна прилика да ја прошири сопствената логистичка мрежа и да стане директна конкуренција на UPS, FedEx и DHL. Компанијата забележа огромен раст на приходите и вредноста на акцијата, па во моментов пазарната капитализација на Amazon e преку 1.620 милијарди долари, што е за 70% повеќе во споредба со почетокот на годинава. Исто така, за

само 10 месеци, компанијата вработи преку 400.000 нови луѓе, раст во работна сила досега невиден во модерната корпоративна историја. Бумот во е – трговијата донесе бенефит и за другите онлајн платформи, како eBay, Shopify, Etsy, итн., но и за големите трговски синџири чијашто онлајн продажба драстично порасна, како Walmart, Target и сл. ГУБИТНИЦИ: Пандемијата го забрза падот на традиционалните малопродажни компании, како што се големите стоковни куќи, молови, итн. Во САД, на пример, еден од најстарите синџири на стоковни куќи, Lord and Taylor го затвора бизнисот, а некои трговски брендови, како Brooks Brothers, Neiman Marcus и J.C. Penney, веќе поднесоа барање за банкрот.

Disney Plus, Netflix и останатите стриминг сервиси ги забавуваа луѓето додека седеа дома

Аналитичарите беа скептични околу можноста новите стриминг сервиси што се појавија на пазарот последниве години да направат нешто посериозно покрај Netflix и Hulu коишто веќе имаа загосподарено со овој сектор на медиумски содржини. Но, откако избувна пандемијата и ги прикова луѓето за телевизорите дома, до небо порасна и гладот за што повеќе опции за забава, односно видео стриминг платформи. Па така, Disney Plus сега има повеќе од 86 милиони претплатници, приближувајќи се на половина од масивната база на Netflix, за само една година. Губитници: Компаниите што се во кино индустријата, како и филмските студија можно е никогаш повеќе да не закрепнат. Пандемијата направи тотален пресврт во начинот како се продуцираат филмовите

и новата ситуација може да потрае и откако сите ќе се вакцинираме. Еден од гигантите во филмската индустрија, Warner Bros, направи нешто невидено до сега – реши сите свои премиери планирани за 2021 година, како што се нетрпеливо очекуваните “Dune”, “In the Heights” и “Matrix 4” да ги дистрибуира на ТВ платформата HBO Max во истиот ден кога ќе имаат кино премиери.

Zoom ги претвори домовите во канцеларии и училници

Zoom e откритие среде пандемијата, апликација која помогна милиони луѓе да ги завршат своите работни задачи од дома, учениците и студентите да имаат настава, да се одржуваат семинари, работилници, конференции, па дури и венчавки онлајн. Апликацијата за којашто повеќето од нас и немаа слушнато пред пандемијата, одеднаш стана како “леб насушен“ во нашите животи. И покрај тоа што не е единствена од таков тип (слични апликации имаат и Microsoft, Cisco, Facebook, итн.) Zoom сепак исплива на пазарот како најпопуларна, најпрактична, најевтина, најлесна за користење и сл. Огромната побарувачка за Zoom, се разбира, предизвика и огромен раст на приходите и на вредноста на акциите на компанијата, која што од 60 долари од почетокот на годинава, достигна вредност од 570 долари кон крајот на октомври. ГУБИТНИЦИ: И покрај тоа што Zoom ни помогна да останеме поврзани, сите ние ја изгубивме привилегијата на контакт во живо. Исклучените микрофони, нестабилниот интернет, лошиот звук и сл., само не’ потсетија дека технолошката индустрија се’ уште не развила идеална замена за комуницирањето во живо. nnn


ДЕK. 2020

66 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ПРЕД ИСКУШЕНИЈА: КОВИД – КРИЗАТА САМО ДОЛЕА „МАСЛО НА ОГНОТ“


67

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

И

сториски гледано, автомобилската индустрија се покажа како една од најдинамичните и најпрофитабилни индустрии кои брзо се адаптираа на глобалните економски процеси. Сепак автомобилскиoт сектор се соочува со зголемени предизвици во бизнис опкружувањето и многу компании веќе се подготвуваат за потенцијална рецесија. Тековниот пад на продажба на глобалниот автомобилски пазар не претставува само привремено економско забавување. Некои основни двигатели на побарувачката за патнички автомобили се менуваат заедно со макроекономскиот циклус. Еден фактор е растот на “ride hailing” и “shared mobility” односно споделената мобилност во урбанизирани средини ширум светот, што резултира кон поголемо искористување на возилата и помал број на автомобили за управување со ист број патнички километри. Демографијата е уште еден значаен фактор, особено што нето - растот на старосната популација на возачи од 15 до 65 години во САД рапидно се приближува до нула. Истиот тренд важи и за Германија. Кина е единствениот регион каде што гледаме знаци на поизрамнет циклус и побрзо враќање на нивото на производство на автомобили од 2018 година во текот на следната деценија. Иако не може прецизно да се предвиди „Новата нормала“, предвидувањата на нивото на производство, како и сценаријата за потенцијално враќање кои се анализираат периодов, се далеку под бројките од 2017 година (врвот на глобално производство на автомобили од речиси 95 милиони возила) - мрачна перспектива за намалувања на побарувачката кон снабдувачите на автомобилската индустрија во 2020 и 2021 година. Целата автомобилска индустрија треба да се прилагоди на поголема несигурност, предвидлива контракција на заситените пазари низ светот и раст на само неколку пазари, но на пониски нивоа. Ова се дел од главните заклучоци на анализата направена од страна на голема глобална консултантска куќа која беше објавена и споделена во јануари 2020, пред воопшто да бидат земени во предвид влијанијата од Covid-19 врз глобалната рецесија која го зафати светот.

Катастрофална година за продажбата на автомобили

Резултатите за оваа година ќе бидат далеку под планираните како и драстично послаби од минатата. Во тој контекст постои генерална промена во оваа индустрија поттикната од развојот на настаните поврзани со КОВИД-19 кон агенда која е оперативно ориентирана од една страна, но и со зголемен фокус на локализација. КОВИД-19 направи глобално раздвижување на сите аспекти вклучително суштински промени во побарувачката на возила насекаде во светот, не само од аспект на количина, но и во структурен поглед. Во таа насока, ваквите промени имаат влијание и на останатите сегменти на мобилност (на пример јавен транспорт) што се очекува да има позитивно влијание на некои пазари како што е Кина. Западноевропската стапка на продажба падна на 12,3 милиони возила годишно во ноември, споредено со 12,7 милиони возила годишно во октомври, како резултат на вториот бран на COVID-19 кој предизвика национални блокади низ целиот регион и ја задуши надежта за продолжување на закрепнувањето кое се појави кон крајот на летото. Довербата на потрошувачите опадна, нарушувајќи ги претходните придобивки, бидејќи зголемените

ДЕK. 2020

Виктор Мизо извршен директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство

Иако не може прецизно да се предвиди ‘Новата нормала’, предвидувањата на нивото на производство, како и сценаријата за потенцијално враќање кои се анализираат периодов, се далеку под бројките од 2017 година (врвот на глобално производство на автомобили од речиси 95 милиони возила) - мрачна перспектива за намалувања на побарувачката кон снабдувачите на автомобилската индустрија во 2020 и 2021 година. Целата автомобилска индустрија треба да се прилагоди на поголема несигурност, предвидлива контракција на заситените пазари низ светот и раст на само неколку пазари, но на пониски нивоа.

рестрикции и ограничувања станаа факт. Споредено на годишно ниво, продажбата во Западна Европа во ноември беше намалена за 14,1%, што е помалку сериозен пад отколку за време на првичните блокади и рестрикции на почетокот на годината, како одраз на природата на ограничувања што вклучуваат поголема флексибилност во можноста за регистрација на нови возила, дури и ако салоните беа затворени. Сепак, во однос на минатата година, заклучно со ноември продажбата во регионот е намалена за 26,3%, со само уште еден преостанат месец во 2020 година. Сите пет големи пазари во Западна Европа забележаа пад на продажбата на автомобили во ноември. Во Велика Британија, продажбата падна на 1,7 милиони единици годишно - најниско ниво од јуни. Во Шпанија, продажната стапка остана на разочарувачките 1,0 милион единици годишно согласно претходниот месец. За Франција, продажбата падна на 1,7 милиони единици годишно, иако овој пад ќе беше полош ако не беа доставени некои нарачани возила пред целосното заклучување на државата. Првичниот стимулациски поттик од страна на Владата за зголемување на продажба на возила на италијанскиот пазар беше речиси завршен, па затоа и продажната стапка опадна на 1,8 милиони единици годишно. Германија беше единствениот голем пазар што забележа раст на стапката на продажба, на 3,6 милиони единици годишно. Економското опкружување е во многу лоша состојба, директно поврзано со доверба на потрошувачите која повторно тоне на сите поголеми пазари во Европа. И покрај оваа комплексна ситуација, декемвриските бројки на продажба ќе бидат зголемени заради интересот на потрошувачите да се искористат одредени стимулации (даночни и сл.) до крајот на оваа година. Во 2021 година, се очекува анемичен почеток на годината, бидејќи ниската доверба на потрошувачите негативно ќе влијае врз активноста на пазарот. Зголемување на стапката на продажба ќе биде присутно како што полека ќе се надминува кризата и ќе влегуваме во втората половина на 2021 година. Вестите за применливи вакцини кои веќе започнаа да се администрираат во САД, Канада и Велика Британија даваат позитивни сигнали за ваква прогноза, но сепак мора да се има доза на претпазливост бидејќи масовната имунизација ќе потрае и уште еден скок на инфекции сè уште не може да се исклучи. Воведувањето на различни степени на национални мерки за заклучување на економиите низ целиот регион несомнено нанесе уште еден сериозен удар врз продажната активност. Иако вестите за ефективна вакцина се секако позитивни, логистичките предизвици за масовната инокулација значи дека краткорочните изгледи за раст сè уште ќе бидат нарушени во следниот период. Имајќи го ова на ум, прогнозата за 2021 година изнесува 12,46 милиони возила, споредено со 10,67 милиони оваа година, со стапки на продажба што се очекува да покажат постепено зголемување во текот на 2021 година откако ќе ја надминеме оваа тековна криза. Според последните анализи, иако сè уште е тешко да се прогнозираат бројките со апсолутна точност поради флуидната ситуација и промени на здравствено и економско поле речиси на неделно ниво, глобалната автомобилска индустрија ќе забележи двоцифрен раст во 2021 година, но нема да биде доволно за да се надополни падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19). Продажбата на нови автомобили ќе се зголеми за 15% во 2021 година, по падот од 18% во 2020 година. За Европа, падот од 25-27% во 2020


ДЕK. 2020

68 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ќе се зголеми на околу 16-18% во 2021. Продажбата на комерцијални возила ќе се зголеми за 16% во 2021 година, по падот од 16% во 2020 година. Враќањето на бројките од 2017 ќе потрае подолго и тука најголемиот негативен ефект ќе биде на европскиот пазар – закрепнувањето се очекува некаде околу 2025 година.

оваа област, но истовремено поврзано и со новите регулативи и сè построго законодавство за емисија на гасови, поддржани од дарежливи владини субвенции, пред се во Европа. Дополнително, голем број земји во Европа, но и Јапонија, Кина, Јужна Кореа носат регулативи каде продажба на возила со мотори со внатрешно Прогнози за 2021: согорување ќе бидат целосно забранети трендови и очекувања во периодот помеѓу 2030-2040 година што Пандемијата на коронавирус донесе дополнително ќе го забрза овој тренд. нагло стопирање на еднодецениската Најновите предвидувања се дека над експанзија во глобалната автомобилска 30% од сите возила продадени во 2030 ќе индустрија, со пад на продажбата на бидат BEV+PHEV. повеќето пазари. Само во четири земји Продажбата преку Интернет е уште еден идната година продажбата ќе се врати на тренд кој веројатно дополнително ќе биде ниво од 2019 година: Кина, Турција, Тајван присутен во 2021 година, посебно доколку и Украина. возачите и натаму се воздржуваат од Производителите на автомобили ќе бидат посета на продажните салони. принудени длабоко да ги анализираат Во кратки црти, следнава изјава од своите глобални операции, што страна на експерт за индустриски несомнено ќе резултира со дополнителни операции во списанието Економист намалувања на работните места во ја сумира моменталната состојба во индустријата, со погони и снабдувачи индустријата: кои ќе се затвораат во земјите каде што „По катастрофалната 2020 година за пазарите најбавно ќе закрепнуваат глобалниот автомобилски сектор, сега и во зависност од тоа како што ќе се очекуваме пораст во 2021 година, но консолидира индустријата. производителите на автомобили ширум Во изминатите неколку години огромни светот ќе треба да бараат џебови на средства беа инвестирани од страна раст, истовремено промовирајќи обемни на компаниите во индустријата на CASE програми за намалување на трошоците. Ривалството меѓу САД и Кина ќе продолжи ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА (во милиони) и во 2021 година, без оглед кој ќе победи на изборите во САД во 2020 година. Санкциите и ограничувањата и рестрикциите за инвестиции може дури и да принудат трети земји да избираат помеѓу двата ривали“. Сепак, уделот на Кина на глобалниот пазар на електрични вoзила ќе се намалува, додека европскиот ќе продолжи да расте. Глобалните компании кои сепак успеваат да одржат силна позиција на ликвидност се очекува да ја искористат ситуацијата во своја полза со пронаоѓање на дополнителни можности за партнерства Извор: LMCA Global Monthly Sales Report дури и аквизиции за понатамошна консолидација на нивните ДИНАМИКА НА РЕГИСТРИРАНИ НОВИ ВОЗИЛА ВО ЕВРОПА ВО 2020 портфолија. (месец по месец, промена на годишно ниво) Последните 3 месеци оваа година се рекордни според побарувачките од нашите европски клиенти - компании. Работиме дури и надминувајќи го последниот план и проекциите од крајот на летото. Дел од компаниите се трудат да произведат што повеќе електрични и хибридни возила пред крајот на годината за да ги намалат пеналите за издувни гасови од страна на ЕУ. Други компании Извор: Bloomberg, Европска Асоцијација на производители на возила имаа големо намалување проекти – connected, autonomous, shared mobility, electrification. Оваа криза ќе доведе до целосна реорганизација и приоритизација на распределбата на капиталот, и пред се штедење и намалување на кеш позициите на компаниите. Инвестирањето во електрични технологии ќе продолжи, но со намалено темпо (околу 200 милијарди долари во периодот од 2020-2024, споредено со предкризната декларирана сума од 234 милијарди долари). Од друга страна, инвестициите во автономни технологии ќе бидат драстично намалени и пролонгирани. Продажбата на електрични возила ќе се искачи од 2,5 милиони годинава на 3,4 милиони во 2021 година, но уделот на Кина на пазарот ќе се намали бидејќи европската продажба продолжува да се зголемува. Во Октомври за прв пат продажбата на електрифицирани возила (целосно електрични, plug-in хибридни и хибридни возила – BEV, PHEV, HEV) на европскиот пазар ја надмина продажбата на дизел возила. Овој тренд ќе продолжи, пред се заради агресивниот настап на Фолксваген, но и другите производители кои лансираат нови електрични модели како реакција на брзиот раст и позиционирање на Тесла како лидер во


69

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Сите присутни компании (посебно оние кои работат на пазарот не повеќе од 5 години) сè уште не го имаат достигнато оптималното искористување на својот потенцијал и се наоѓаат во фаза на раст и доинвестирање (пример: во Костал (на фотосот) ако 2019 ја завршивме со извоз од 38 милиони евра, планот за 2021 е над 105 милиони евра со дополнителни инвестиции), па така трендот на барање на поконкурентни производни локации може да доведе до дополнително локализирање и префрлање на производството кај нас во неискористените капацитети на веќе постоечките фабрики.

во нивните залихи кон дилерите за возила (во продажните салони) и го користат периодот за нивно надоместување. Премиум клиентите имаат огромни нарачки, кои во добар дел се наменети за кинескиот пазар кој закрепнува побрзо од сите предвидувања. Од друга страна од почетокот на декември веќе се чувствуваат проблемите во синџирот на добавувачи. Крахот во побарувачката и производството во април и мај и сегашниот брз раст креира проблеми во задоволување на потребните компоненти, пред се електроника која е во директна конкуренција и со индустријата на широка потрошувачка – телефони, компјутери, телевизори и сл. Од таа причина веќе се присутни ситуации на откажувања или пролонгирања на планирани производни серии на одредени модели на возила. Дополнително сé поголемите изгледи за Брегзит без договор помеѓу Велика Британија и ЕУ, како и многу рестриктивните мерки ќе имаат дополнително влијание на производството и побарувачката за првиот и вториот квартал од 2021.

Каде се македонските производители во глобалната слика

Гледајќи ги глобалните предизвици и влијанијата на компаниите од автомобилската индустрија во Македонија, сметам дека идната година ќе биде година на раст и постепено враќање кон нормалата. Потенцијално е можно да се достигне (со мала шанса да се надмине) обемот на производство од 2019, спротивно на трендот во Европа, од неколку причини. Сите присутни

компании (посебно оние кои работат на пазарот не повеќе од 5 години) се’ уште не го имаат достигнато оптималното искористување на својот потенцијал и се наоѓаат во фаза на раст и доинвестирање (пример: во КОСТАЛ ако 2019 ја завршивме со извоз од 38 милиони евра, планот за 2021 е над 105 милиони евра со дополнителни инвестиции), па така трендот на барање на поконкурентни производни локации може да доведе до дополнително локализирање и префрлање на производството кај нас во неискористените капацитети на веќе постоечките фабрики. Тука свој придонес ќе има и зголемениот обем на работа на компании кои пред се работат за премиум или клиенти со голема изложеност на електрични возила. Дел од економските мерки од оваа година, кои по својата природа не се антикризни туку системски, како што е временото усогласување на царинските стапки по иницијатива на Асоцијацијата на странските инвеститори при Стопанската Комора, веќе имаат позитивно влијание и ги раздвижуваат процесите во индустријата. Дополнителната конкурентност која ќе произлезе од овој процес на усогласување на царинските стапки со оние во ЕУ мора да биде катализирана од зголемен и фокусиран ангажман на државните институции во подобрување на деловното опкружување и поддршка во решавање на проблемите на присутните инвеститори. Доследно почитување и исполнување на договорните обврски, подобрување на условите за работа – како инфраструктурно, но уште повеќе на едукативно поле преку широка имплементација на системот

на дуално техничко образование и зголемен квалитет и број на студенти на техничките факултети се предуслов за реинвестирање и привлекување на нови компании а со тоа и позиционирањето на државата како важна алка и партнер на автомобилската индустрија во Европа. Заклучокот од погоре изнесеното неизбежно вклучува значајни предизвици кои остануваат во целиот логистички синџир во рамки на глобалната но и автомобилската индустрија во нашата земја. Повеќе од очигледно е дека претстои голема трансформација при што некои од глобалните играчи можно е да не опстанат во иднина, особено компаниите кои се имаат соочено со нестабилност и предизвици пред КОВИД-19. Во ваква средина на делување клучен фактор за преживување e прилагодливоста на сите ентитети, компаниите на глобално и локално ниво но и сите засегнати страни – вклучително и државата. Високо ниво на претпазливост и усогласеност со работната сила, дисциплиниран пристап и фокус кон оперативни подобрувања како и комуникација и колаборација во организациите на оперативно и стратешко ниво со сигурност ќе придонесе кон позитивни резултати во „новата нормала“. Ваквиот период потребно е да се искористи за позитивна трансформација со помош на сите расположливи алатки и во тој контекст добриот почеток на позитивна трансформација кај нас мораме да го забрзаме како клучна алка при поддршката на автомобилската индустрија во земјава а со тоа и локалната економија.


ДЕK. 2020

70 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ЗАОКРУЖУВАМЕ ГОДИНА НА ТЕШКИ ИСКУШЕНИЈА, НО И ЗНАЧАЈНИ ЈУБИЛЕИ ЗА НАС КАКО БИЗНИС КОМОРА


71

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

С

екоја организација е посебна поради својата природа, мисија и визија, додавајќи ги тука и причините за нејзиното постоење. СКСЗМ, од нејзиното основање во 2005-та година, 15 години по ред е пример за општеството како се постигнува непрекинат раст, кога врз своите плеќи носи сеопфатна чесна мисија која оди подалеку од поддршката на членството, т.е. економскиот раст и развој на државата. Компаниите членки на СКСЗМ се уникатни примери не само во Северна Македонија, туку нивните блесоци од посебен тип ги надминаа сите географски граници, кои за многумина беа и останаа инспирација. Имајќи ги предвид тогашните временски, социјални и економски околности, вклучувајќи ги и тие политички, бизнисите предводени од сега наши членки, во поранешна Југославија беа подложени на неправеден третман и на селективен пазар со двојни стандарди. Во меѓувреме, многу бизниси кои во тие периоди ја поминаа и транзицијата и приватизацијата, денеска се примери со кои се гордееме поради достигнувањата како наши членки, што претставуваат резултат на жртвување и непрекината работа спроти сите пречки и предизвици со кои се имаат соочено во тоа време. Во 2005-та година се појави идејата и желбата да се создаде институција која ќе биде старател и лидер за бизнисите, пред сè во северозападниот дел од земјата. На деловната сцена се појави Стопанска Комора на Северозападна Македонија, која беше поддржана главно од бизнисите предводени од успешни албански претприемачи во земјата, пренесувајќи ја пораката дека нашите бизниси силно се организираат со цел да ги добијат правата и привилегиите кои им припаѓале, а од кои претходно биле лишени. Промовирањето на нашата активност одекна и за многу брзо време СКСЗМ стана синоним за пружена рака за бизнисите, првично за бизнисите предводени од Албанците во Македонија, но по влегување на втората декада од постоење, и вистински заштитник на правата на микро, малите и средните претпријатија од цела Северна Македонија. Активностите, лобирањето и влијанието на Комората во земјата, во политичките одлуки кои влијаат врз бизнисите започнаа да бидат дел од секојдневниот живот на јавноста. Многу закони и подзаконски акти беа изменети како резултат на работата на Комората во областа на укажувањето помош на бизнисите и тие во земјата веќе имаат адреса каде можат да се обратат, да тропнат на сигурна врата за помош и поддршка. Преземањето на раководството како претседател на СКСЗМ беше привилегија и чест што ми ја дадоа членките и Управниот одбор по втор пат. Првиот мандат не беше лесно да се биде наследник на двајца многу успешни претседатели како што беа г. Џемаил Даути и г. Мендерес Кучи – сопственици на добро познати и успешни компании во земјата. Во мојата кариера имав можност да се соочам одблизу со тешкотиите и погодностите за водење бизнис не само во земјата, туку и пошироко. Кога тоа се комбинира со традиција, образование и професионализам зачинети со трпение, мудрост и чесност тогаш успехот е неизбежен. Товарот на одговорноста којшто го носам врз моите плеќи беше тежок, затоа што самите почетоци на Комората беа свети и нејзиното основање беше ексклузивно за колективни права и интереси на бизнисите, кои од тогаш до денес, но и во иднина продолжуваат да остануваат исти и секогаш настојуваме кон

ДЕK. 2020

подобрување на услугите кои ги нудиме за бизнисите. Малите економии се изложени на надворешни влијанија и исто така се прилично кревки, затоа треба да бидеме брзи и да се прилагодиме за да останеме на пазарот. Јас ја гледам адаптацијата и трансформацијата како институционална сила, при што согласно моето искуство како претседател го зголемив капацитетот на активностите и со тоа и СКСЗМ како институција.

Што претставува СКСЗМ денес

Неби Хоџа претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија

Во година кога македонската економија и целиот свет беа ставени на своевиден тест на издржливост и мерење на капацитетот за справување со тотално непредвидливи околности предизвикани од пандемијата Ковид – 19, Стопанската комора на Северозападна Македонија беше тука за своите членки. Да им помогне со релевантни информации кога вистинската информација беше попотребна од било кога, со вистински совети кога беа најскапоцени, и со сета останата поддршка. Истовремено, успеавме по 10ти јубилеен пат да ја издадеме нашата позната ТОП 100 едиција на најуспешни бизниси, прославувајќи го воедно и вториот голем јубилеј – 15 години од основањето на СКСЗМ.

Денес, СКСЗМ застапува околу 2.000 бизниси кои доаѓаат од сите сектори и категории, вклучувајќи ги тука сите региони во земјата. СКСЗМ претставува локомотива на промоција на бизнисите, но истовремено е и синоним за заштита, стимулирање и подобрување на економските текови во земјата. И тоа го прави преку конструктивна критика на макроекономските политики, но и на сите законски решенија кои треба да го подобрат амбиентот за работење на сите бизниси. Во последниве неколку години, СКСЗМ се етаблираше како многу релевантна институција во земјата. Ова е резултат на нашите долгогодишни напори да влијаеме врз макроекономските политики, сè со цел да овозможиме поволна клима за водење бизнис во земјата, со цел да им овозможиме на компаниите да постигнат успеси и да бидат дел од економијата на земјата. Целта на СКСЗМ е да биде конструктивен партнер на државните институции, кај кои ќе придонесеме со споделувањето на наши идеи, препораки за подобрување на социо - економските сегменти во нашата земја. Како претседавач на платформата за јавно - приватен дијалог со Владата на Северна Македонија и четирите стопански комори, СКСЗМ се докажа како сериозен и клучен фактор на креирање на многу економски политики во нашата земја. Настојуваме да докажеме дека секогаш ќе стоиме зад сите донесени одлуки од релевантните институции во земјата, но и ќе настојуваме да поткренеме двонасочна комуникација за да можеме да ги постигнеме најдобрите решенија. Предлозите кои ни ги доставуваат нашите членки, се составен дел од сите дописи кои ги проследуваме до надлежните институции. Нашиот пристап ќе биде секако инклузивен за сите чинители т.е. ние се трудиме да одржиме силна соработка во рамки на триаголникот влада –академија - бизнис сектор, за да нашите политики не се насочуваат само кон доброто на бизнисот, туку за доброто на целото општество. По 29 години независност на Република Северна Македонија, таа за жал сè уште не е на патеката на вистински економски развој, особено во последните години во услови на светска економска криза и сега во моменталните околности на светска пандемија. Причините што ја прават економијата сè уште во „транзиција“ очигледно се сè уште исти: ограничениот географски простор на местото каде што работат бизнисите; разни ограничувачки развојни фактори; наследството на ниското ниво на економски развој, како и недостигот на соработка и современа економска активност. Затоа, потребно е веднаш да се подобрат условите за деловно работење во земјата, да се зголеми продуктивноста, конкуренцијата и признавањето на нашата земја како привлечно опкружување за инвестиции, во споредба со другите земји во регионот на Југоисточна Европа и пошироко како конкурентни земји за привлекување инвестиции. Сега како членка на НАТО и во пресрет на преговорите за членство во ЕУ, перспективата е гарантирана, затоа мора да ги засукаме


ДЕK. 2020

72 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

ракавите и да се насочиме кон иднината и да не се справуваме со минатото. Комората е спремна своето знаење и искуство добиено од постојаниот контакт со членките, да го пренесе во надлежните институции при примена на законодавството на ЕУ. Од 2017 година СКСЗМ е стратешки партнер на WEF(Светскиот Економски Форум) при што врз основа на прибирање и анализирање на податоци од компании од Северна Македонија за области како што се институции, вработувања, инвестиции, корупција и друго, ја рангираме нашата земја во склоп на 140 држави во светот. Овој извештај се базира на 11 основни параметри за правење бизнис и е еден од најбитните економски показатели за привлекување на странски инвестиции. Ние сме особено горди што ја вративме Северна Македонија во овој извештај после две години апстиненција. Со тоа покажуваме дека за нас како институција е особено важно да придонесеме при идентификација на реалните проблеми на државата и истите да се пресликаат во релевантни извештаи кои треба да ни служат како своевиден „рендген“ на нашата економија.

Пандемијата го стави капацитетот на СКСЗМ на тест

Исто така, оваа година се соочивме со еден од најголемите предизвици на модерното време – пандемијата на КОВИД-19. Околностите создадени од пандемијата во нашата земја, но и глобално, како резултат на истата, беа толку невообичаени и невидени за сите нас, што за многу краток период тие целосно го сменија начинот на живот и функционирање, и истото се рефлектираше во огромна криза што го зафати целиот свет предизвикувајќи сериозни економски и социјални последици особено за приватниот сектор. Улогата на СКСЗМ како релевантна институција во земјата се докажа во најтешките моменти, кога деловните субјекти и приватниот сектор имаа многу поголема потреба за нашата поддршка и помош. Тој период ништо не функционираше во земјата, бидејќи повеќето институции беа затворени поради новонастанатата ситуација и пристапот на бизнисите до најважните информации беше многу ограничен, да не речам и невозможен, но СКСЗМ секогаш настојуваше да им служи на бизнисите на најдобар можен начин. Со самиот факт дека истовремено се ширеа и многу неточни информации за самата пандемија, во тој период целта на СКСЗМ беше да ги информира компаниите во реално време за сите новини и официјални одлуки на надлежните институции, не оставајќи простор за погрешно толкување и опасност да бидат жртви на злоупотреби како резултат на непоседување официјални информации. Исто така, во тој период, Комората играше една многу активна улога во подготвувањето на пакетите со економски мерки и во координација со членките, се доставија над 12 дописи, со над 60 предложени мерки преку платформата за јавно приватен дијалог и индивидуално како комора.

Голема улога за време на пандемијата одиграа и новите услуги кои ги нуди СКСЗМ во последните 4 години. Дескот на услуги за членството, кој се појавува како примарна точка на контакт помеѓу компаниите членки и нечленки, преку кои тие се информираа за сите работи поврзани со одлуките на Владата, како и за економските мерки. За периодот на пандемијата па и ден денес, Дескот на услуги за членството на Комората беше контактиран над 5.000 пати и со гордост може да кажеме дека компаниите ни се обраќаат во секакви ситуации и околности, што значи дека станавме извор на точни и кредибилни информации. Оваа година е јубилејна година за Комората затоа што ја претставува 15-годишнината од основањето на нашата институција, додека сите овие години се и ќе останат како сведоштва за успесите и резултатите што произлегоа од жртвата направена од сите членки на Комората. „Бевме неправедно тестирани со цел да ни ги откријат нашите слабости, но тоа резултираше во откривање на силата и довербата што беше под урнатините на занемарувањето“. СКСЗМ оваа година ја продолжува реализацијата на својот голем и значаен проект, ТОП 100. Континуираното подобрување и унапредување на овој проект е документирано низ годините, почнувајќи од 2010-та година кога започна да се реализира овој проект, а оваа година покрај економската природа и промоција на бизнис членовите, таа добива и нијанса на гордост затоа што оваа година се одбележуваат 15 години од основањето на СКСЗМ, но и 10 години ТОП 100. Оваа година и ова издание на ТОП 100, ја наоѓа нашата институција на многу повисоко ниво отколку што беше, исто така и во други околности затоа што нашата земја сега е членка на НАТО, но приоритетите како што се помошта и унапредувањето на бизнисите во земјата и пошироко, не се завршени. Најточни индикатори за текот на работата на Комората, што јас ја претставувам, се постигнатите успеси како и воспоставувањето на институцијата на највисоко национално и регионално ниво. Ставовите и политиките на СКСЗМ сега се составен дел од политичката и економската актуелност во земјата. Ова беше потврдено и од економската криза создадена од пандемијата Ковид - 19, каде што прво ја демонстриравме високата колективна општествена одговорност, а потоа ја игравме улогата на патоказ за понатамошни чекори во борбата против кризата со Ковид - 19. Имајќи предвид дека нашето членство ги опфаќа сите можни деловни сектори, нашите позиции и предлози беа точни и релевантни и затоа беа разгледувани од државните органи за понатамошни чекори. Релевантноста произлегува од професионалноста, непристрасноста, транспарентноста и искуството, и токму поради оваа причина успеавме да ги факторизираме, помогнеме, унапредуваме, но и да водиме многу важни социо -економски процеси во земјата.

„Топ 100“ едицијата како круна на работата

Во оваа прилика не треба да се занемари важноста на успехот на компаниите што ние ги претставуваме. Како важен елемент за домашната економија, но и за СКСЗМ, борбата против сивата економија, растот и развојот на компаниите се следи во континуитет и токму проектот ТОП 100 ја прави оваа анализа, ги рангира и наградува најуспешните компании, а оваа година истата се организираше по десетти пат по ред. Покрај бројните податоци и финансиски резултати од коишто се состои овој каталог, очигледни се и сите други аспекти на придонесот што го даваат компаниите членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија во областа на намалување на невработеноста, развојот и економскиот раст итн. ТОП 100 рангираните компании од ова издание, во 2019 година имаат реализирано годишен обрт од над 900 милиони евра, што е за 20% повеќе во споредба со 2018 година. Само ТОП 10 компаниите од оваа категорија реализираа промет од 384 милиони евра. Овие бројки се неспорни докази за важноста на овие бизниси во домашната економија. Истите имаа позитивно влијание врз намалувањето на невработеноста преку создавање нови работни места, каде што првите 100 компании во 2019 година вработија околу 8.378 луѓе, што го докажува уште еднаш високото влијание на овие компании во социо -економската благосостојба.


73

ДЕK. 2020

KAPITAL.MK I БРОЈ 1089

Денес, СКСЗМ застапува околу 2.000 бизниси кои доаѓаат од сите сектори и категории, вклучувајќи ги тука сите региони во земјата. СКСЗМ претставува локомотива на промоција на бизнисите, но истовремено е и синоним за заштита, стимулирање и подобрување на економските текови во земјата. И тоа го прави преку конструктивна критика на макроекономските политики, но и на сите законски решенија кои треба да го подобрат амбиентот за работење на сите бизниси. Исто така, во категоријата нето добивка, ТОП 100 рангираните компании остварија добивка од 66 милиони евра, што го надминува за 17% профитот од претходната 2018 година. Во 2019 година, тие исто така реализираа инвестиции од 304 милиони евра, потврдувајќи го прогресивниот начин на размислување на деловните субјекти и нивните лидери. Како институција која фанатично ги брани економските и деловните интереси на земјата, докажавме дека знаеме да им излеземе во пресрет на нашите членови. Како раководител на оваа институција, многу ја ценам сериозната соработка на членството, Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор и персоналот на извршната канцеларија предводена од извршниот директор. Сите овие достигнувања би биле невозможни доколку тие не би ја имале оваа посветеност што ја имаат докажано досега. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам од сè срце, а во исто време им посакувам на членството и на органите на Комората, оваа 15-годишнина да биде почеток на нова

ера за СКСЗМ, во која ќе бележиме уште поголеми успеси. Од друга страна економските проекции се многу неизвесни во сегашната ситуација, бидејќи во голема мера зависат од перформансите на КОВИД-19 пандемијата и какви мерки ќе преземат владите на регионот и пошироко и од тука и брзината на економското закрепнување ќе зависи од брзината на запирање на пандемијата. Во овој поглед се очекува побрзо нормализирање на здравствената состојба во развиените земји, коишто се главни пазари за македонскиот извоз, и како резултат на тоа гледам зголемување на оптимизмот кај деловните субјекти во нашата земја. Позитивниот развој на откривање на вакцината против Ковид - 19 ќе има позитивно влијание врз глобалното население. Економијата функционира врз база на очекувањата, ако има позитивни очекувања, ќе има нови инвестиции, нови проекти, нови партнерства, вложување на нови технологии, и слично, се надеваме дека за време на вториот квартал тоа и ќе се рефлектира во една бавна, но

позитивна динамика на економското раздвижување. Дефинитивно, 2021 година ќе биде позитивна од макроекономски аспект, бизнисите ќе се соочат со големиот предизвик на трансформација и адаптација во новите околности и ние како комора сме спремни да спроведуваме најдобри обуки за дигитализација и трансформирање за фирмите, додека државата треба да креира нови мерки кои ќе имаат позитивни ефекти врз економијата. Да се насочат мерките во бизнисите кои имаат извозен капацитет и таму каде што истите ќе имаат додадена вредност врз секторот, индустријата и економијата. Кризата нè научи дека ќе преживеат тие што се најспособни да се прилагодат, во секоја криза постои можност, паметните ќе излезат посилни од оваа криза. На сите наши сограѓани и бизниси им посакувам среќна Нова Година, 2021 да биде позитивна, да бидеме солидарни и да ја завршиме годинава со вратена надеж која ќе се рефлектира во позитивни чекори и нови иницијативи за развој и раст на државата.


Profile for Kapital Media Group

1089- Kapital macazin  

Business magazine

1089- Kapital macazin  

Business magazine