Page 1


Божица на убавината Ти, божице на морската шир, ти, кралице на гората дива, кога ќе ме облееш со љубов засекогаш да си ми мила. Убавице, што ме освои, кога ќе бидеш моја? Кога усните твои ќе шепнат:”Јас сум твоја”? Знам дека ќе дојде и тој миг кога ќе не огреат зраците на љубовното сонце и од нас љубов ќе зрачи. Ти, божице на убавината засекогаш ќе си моја ме плени со убавината твоја што сега е и моја.

1


Нека ме нема Нека ме нема, коските прав нека ми се сторат, месото во трева да се претвори, по неа полжави и змии да лазат, кога не си со тебе, подобро нека ме изгазат. Нека ме нема. Можеби тогаш ќе ме побараш, можеби месечината ќе ја прашуваш, каде би можел да ме пронајдеш, можеби и ѕвездите ќе ми ги симнуваш за да ме најдеш. Ако ме побараш, барај ме меѓу снежните ели, барај ме меѓу синоличките мали, меѓу снежните ѕвездички ѕирни, можеби сум една од нив, што лета, а бргу ќе ја снема. Затоа, подобро, да ме нема, зашто постојам како да ме нема, а што вреди да ме има тука, кога за тебе не постојам, ме нема, па... нека ме нема.

2


Мајчинска љубов Знам дека ме чекаш старице, на прагот седејќи го молиш бога, ја проколниваш судбината клета да ти се вратам пак, да бидеме среќни ко некогаш, собрани околу старото огниште, да слушаме дедови приказни, што си ги слушала и ти. Понекогаш и јас го посакувам тоа, посакувам да добијам лесни крила и како птица да долетам, да седнам до тебе и да те гушнам, да ги слушнам твоите јадови, да те утешам барем еднаш, да ти кажам дека каде и да сум друга мајка немам. Во мислите сум со тебе, но да бидам до тебе не можам, судбината си го кажа својот збор, крај друга жена животот ми тече, и таа ме сака колку и ти, но љубовта твоја и нејзина, знаеш, мајко, дека не се исти, твојата љубов е вечна и се вика мајчинска.

3


Брод на среќата Една жена на брегот седи, го чека бродот на среќата своја, седи така и го чека, и го чека љубениот свој со него да пристигне. Но дали ќе дојде?-се прашува и одговор бара длабоко во себе, го гледа морето разбранувано, како да бара одговор и од него. Дувна силен ветер, морето подиве, брановите удираа во карпата, еден дојде и до нејзините нозе, но морето пак си го прибра. Празни останаа желбите и надевањата, бродот на среќата воопшто не се појави, остана таа чекајќи цела вечност, остана и тој вечно на бродот свој.

4


Патоказ до тебе Те барав меѓу ајкулите во морето, те немаше ни меѓу најситните рипчиња, те побарав и во кралството меѓу принцовите, а не те најдов ни меѓу дворските слуги. Се прашувам каква светилка да земам, за да го осветлам патот до тебе, која ли ѕвезда ќе ми покаже, или пак ветрот ќе ме однесе, ќе ме остави на крстопатот за да го изберам тој пат до кој многумина не дошле, по кој многу од нив поминале, и пак се сега на крстопатот, се прашуваат по вторпат, или по којзнае кој пат, кој е вистинскиот пат што води до вечната среќа, но не знаат дека тој пат си го одбираме секој сам, воден од своите чувства и желби. Јас тргнав по моите чувства за да стигнам до тебе, а ако и ти си тргнал по него, ќе се сретнеме двајцата, но ако си тргнал по друг пат сигурно ќе се разминеме, па, среќен ти пат!

5


Божја казна Ако ти згрешив Господи , казни ме. Ако му посакав некому зло истото да ме снајде , а ти казни ме. Ако сум негрешен спрема тебе , биди ти праведен према мене , ако барам искрена љубов те молам , подари ми ја , ако барам љубов меѓу луѓето , ти си тој што ќе ни ја даде , ако барам мир и разбирање , се надевам дека ќе има . Сите сме грешници на овој свет , секому према негова заслуга дај му . И јас сум еден од тие грешници. Ако сум многу грешен , казни ме , ако не ќе бидам и натаму грешник . Господи мој единствен , за сé многу ти благодарам , се трудам да бидам без грев , но тоа е неможно кај луѓето , таа е наследство од Адам и Ева , кои ти ги казни. Твојата казна , Господи моќен , многу од нас ги измени , твојот благослов Господи блажен , и најмалиот го извиш до небо , и јас сум еден од нив , но затоа ако пак ти згрешам , казни ме .

6


Сараевска судбина Дали ќе блесне еднаш слободарското сонце , над нашиот град полн со болка и тага ? Дали сеништата на смртта и злото , засекогаш ќе ги снема од овде ? Таго морничава , сврти ни го веќе грбот , бегај , бегај и не вракај се повеќе тука , за да не плачат деца , сирачиња , бедни за да не носат мајки шамии црни ! Судбината со нас си поигра вешто , ни ги одзеде најмилите и сé што имавме , ни го затемни сонцето .... и уште нешто , ни ја уништи убавата иднина наша. Судбината , велиме , Господ , ја крои , но , можеби вмешани се и нашите прсти , судбината на човештвото , луѓе мои , ја кројат оние што се алчни и моќни . Не доаѓа денот , судбински за сите , се надевам , Богот наш вишен и семоќен , на сите ќе ни го подели заслуженото. па ќе видиме кој кому може и кому е погоден.

7


Слепа љубов Ти верував слепо , мислев дека е така , дека се сите како мене и верно сакаат . Не верував никого , дека ме мамиш , дека си со друга , и не сме сами. На лицето ти читам , сеуште ти верувам , дека уште ме сакаш и срцето ти трепери . Љубовта е слепа има лажен сјај , но ако е таква брзо и доаѓа крај.

8


Траги во песокот Морето и песокот приказни редат, приказни со љубов исткаени, љубовни, долги и незаборавни, на песокот со љубов испишани, мои, твои и уште нечии. Во песокот треагите сеуште стојат, ветерот си игра со буквите, од имињата наши, ги искривува, ги намалува, за потоа засекогаш да ги избрише. Во песокот други ќе пишуваат, ќе цртаат срца прободени, со Аморова или нечија друга стрелка, нечии боси нозе ќе трчаат тука, а морето ќе ги брише трагите.

9


Вечни патници Патници во вечноста сме ние, го одиме патот недооден од вас, ќе го поминете тој пат и вие и ќе бидете вечни патници како нас. Од изгрев до зајдисонце патуваме, животот од бога дарен еднаш, со надеж и желби го минуваме, но тој пат не се изодува наеднаш. По ридишта, планини и сртови, се качуваме и симнуваме вечно, тркалото на животот се врти, а патот е долг колку е речено. Секој од нас мисли дека е вечен, но тоа е само животен сон, животот е сладок ко сладолед млечен, на секој му чукнува смртниот гонг. Кога ќе го доодиме тој пат ќе сфатиме дека сме само минувачи и гости на овој земен свет и наместо нас доаѓаат други патници.

10


За тебе Се прашувам повторно, можеби и залудно, што би направил за тебе, а не сум го чинел ни за мене. Би се симнал на дното, на дното од морето сино, би го нашол зрното бисерно и би ти го подарил од срце. За тебе би се искачил, би се искачил на месечината, ѕвездите би ги собрал во грст и само тебе би ти ги подарил. А што барам од тебе? Се прашувам самиот себе. Барам, барам многу малку, едно зрно љубов, што ми значи многу.

11


Заборав Заборави ме веќе ти, не спомнувај ме со живите, стави ми цвет на гробот замислен и засекогаш избриши ме од мислите. Животот ќе тече и понатаму, ќе реди приказни слични на нашата, ќе ги реди, ќе ги трупа со векови зашто тој е минлив за секого. Можеби ќе се сретнеме некаде пак, во рајот, или пак на дното од пеколот. Можеби тогаш ќе си го речеме тоа што заборавот го избришал.

12


Полноќни желби Ветерот гранките ги лула, дождот капките ги фрла, во прозорецот мој удираат во срцето желби наидуваат. Го земав перото веднаш, да напишам нешто седнав во стих да те опеам посакав, во срце болки да ублажам. Месечината и ѕвездите ги повикав, сведоци единствени да останат, тајните наши да ги чуваат и никому да не ги откриваат. Усните мои пак затреперуваат, со твоите да се сретнат посакуваат, желбите цела ме обземаат, стиховите не ме соземаат. Зарем да патам во соној, со дожд да гаснам огној. Зарем да се тешам со стихови, наместо со врели твои бакнежи? Решив и веднаш појдов, да те најдам, кај тебе дојдов, да делиме полноќни мори, па ако треба и до зори. 13


Еликсир Ти си само една животна капка во оптекот на морето пулсирање, капка без која не би била јас единствена во ова чудно живеење. Ти си еден ситен атом во клетките на моето постоење, светлина без која не би цветале розите во мојата љубовна градина. Ме смируваш, ги стишуваш силните бури кои го чинат моето срце биење, влегуваш во дамарите на моето срце, ги исполнуваш сите клетки без живот. Остани во мене, за мене, со мене, остани тоа што си, што те знам. Нашето постоење ќе биде вечно во очите на сите, а најмногу во нас.

14


Непобедена Во животот има губитници и победници, има многу победени и непобедени. Јас сум од тие, непобедените. И покрај се што ми кажавте, и покрај сите болки што ги сетив, острите нивни зборови и канџи и тапите удари во срцето, останав силна и секогаш непобедена. Тој што мисли да ме победи, треба да е посилен од мене, за да ме победи тој мене, треба да се уништи самиот себе. Најсилното оружје на овој свет, во животот на човечкиот род, посилно од било кое огнено е мудроста да не се употреби тоа

15


Црвената роза Што ли е тоа , да го опишам барем да можев. Како да го наречам тоа чувство о , кажи ми , помогни ми боже ... Како музика, милозвучна и нежна, го замислувам јас тоа така. Колку е убаво тоа го слушнеш да ти шепна некој “те сакам” Но, тие два збора големи, а сепак мали, оставаат лузна, од која капки крв течат, Црвени како црвената роза симбол на љубовта вечна. А и црвената роза, колку и да е вечна еднаш, сепак мора да свене. Има нешто што не умира и не вене, а тоа е вечната љубов во мене.

16


Збогум Збогум, За последен пат ти реков јас Збогум, не се враќам повеќе пак Збогум, и да сакам не можам да ти се вратам , повторно во друго гнездо топлина најдов. Збогум, не се враќам назад никогаш туку одам само напред напред!

17


Безгрижно детство Се сеќавате сите на детството кое нечујно, полека, одминува, на дните луди и весели во него со песни поминати. Вратете се вие во клупите во градинките и забавиштата, пронајдете ги старите играчки најдраги спомени на безгрижноста. Сигурно ќе посакате повторно да носите панделка во косата, да бидете палаво момче што цел ден трча по топката. Но сега сме веќе зрели, за книги и задачи тешки кои животот ги поставува да се решат без грешки. Тоа се грижи мали пред деца поголеми, а детството рано останува секогаш во драги спомени.

18


Македонијо! Твоето име гордо звучи, над водите мирни и бучни, над полињата житородни и над нашите места родни. Над небото сино виножито, сонцето, ѕвездите и птиците, песни пеат за слободата со пот и крв натопена. Родена во крв и виор, платена со смрт и живот, слободата е најскап дар од многу деца посакуван. Вечно да си жива. татковино мила, знамето да се виори, над нашите глави. Те сакаме сите ние, те сака целиот свет, ќе те чуваме јас и бато, за нас си најубав цвет.

19


Цвеќе за тебе Росна китка за тебе скинав во пазуви ја носам уште но до тебе никогаш не дојдов во соној сеуште те гушкам. Цветови со листови бели е спомен за љубовта моја тој секогаш ми вели: “Нека оди, таа не е твоја” Зар можно е срцето од камен да ти биде со насмев на лицето превезот да не ме виде? Цветот со листови бели е спомен за љубовта моја тој веќе е овенат овена и љубовта моја. Тој секогаш ми вели: “Нека оди, таа не е твоја друга ќе си најдеш што ќе биде само твоја.

20


Неостварени желби Имам многу неостварени желби Сакам насекаде да има рози прекрасни улици и булевари и секое дете тротинет да вози. Сакам да сум миротворец војните да ги нема веќе градовите и селата да растат а во градините и балконите цвеќе. Би сакала да го снема оружјето да исчезнат војните да има мир луѓето насекаде да се сакаат на копно и сред морска шир. Најмногу од се сакам да има цветови и овошни градини да имаме разноврсни мириси и вина но тоа се само желби неостварени.

21


Мала грешка Заради една мала грешка што ја направив вчера јас учителката ме навреди и ме истера од првиот час. Што ли згрешив јас на час се прашувам самиот себе, ве прашувам другарчиња вас и веќе не сум малечко бебе! Ја истегнав Лиле за коса го згазив Миле за ногата му удрив шлаканица на Ив и ќе се кајам додека сум жив.

22


Љубов и мир Солзи, тага и болка минато се веќе, радост, среќа и љубов е убавината што не чека. Ќе живееме во слога ќе растеме во мир, во благослов од бога а , тоа е мир, мир, мир, мир! Сите сакаме слобода и најубав мирисен цвет сите сакаме во љубов да живеат децата од цел свет. Сакаме слобода Сакаме љубов сакаме светот да живее во мир,мир, мир.

23


Исковај ми филиграну Стани ми, стани моме, в недела наутро рано, да изметеш рамни дворови да наредиш редум дарови. Ќе дојдам јас со другари со мајка, татко и кумови, тебе моме да те земеме, в наша куќа да те водиме. Исковај ми филиграну, два прстена најубави, наши раце да се спојат, љубов наша да овенчат. Засвирете ми чалгаџии, чукнете силно тапани, заиграјте весело другари пејте и пијте до зори. Исковај ми филиграну, два прстена најубави, наши раце да се спојат, љубов наша да овенчат.

24


Кристина Дали знаеш мајко која е најлична? Дали знаеш мајко која е најмила? Таа е Кристина девојка убава покрај нашто порте што поминува. Тина , Кристина ,Кристина ти си ми најмила девојка со очите сини што ми се најмили. Тоа лице бело усни румени снага тенка висока што ме освои. Тоа е Кристина девојка убава, покрај нашто порте што поминува. Тина , Кристина, Кристина ти си ми најмила девојка со очите сини што ми се најмили. 25


Љубов голема Се прашуваш ли мајко која ќе ти биде снаа? Која ќе ти двори мете, која ќе ти внуче дари? Знам дека сакаш ти, од род, да е богата , знам дека срцето твое го сака доброто мое. Ја сакав некогаш и Марија, ја сакав, мајко, и Катерина, но во срцево мое секогаш е Јасмина Еј , моја Јасмина, еј љубов голема! Се решив веќе , мајко другари да си викнам, свадба да направиме Јасмина да ја земеме. Знам дека сакаш ти, таа да ти биде снаа знам дека срцето твое го сака доброто мое. Еј, моја Јасмина, еј ,љубов голема.

26


Вечна љубов Долго чекав на тебе, а ти ме изгоре со љубов неискрена со љубов лажовна. Знаеш дека те сакам знаеш дека те чекам, на друго срце и дари што сака богатство и пари. Љубовта е вечна знај, со пари не се купува, парата со својот сјај љубов не заменува. Еден ден ти ќе се вратиш прошка да ми побараш знај не ќе ме најдеш, љубов да ми вратиш ти. Љубовта е вечна знај, со пари не се купува, парата со својот сјај љубов не заменува. Сега друг ме милува, нежност ми дарува кога ти ме напушти, болка ми остави.

27

Zbirka