Page 1

НОВА ЕРА ЗА КИСЕЛА ВОДА

ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ПРОМОЦИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Секторот за ЛЕР ќе врши промоција на Општината пред домашните и странските инвеститори. Преку презентации, видео и печатени материјали, ќе се врши промовирање на можностите за инвестирање, со цел привлекување домашни и странски инвеститори, обезбедување донации и грантови. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

ОБУКИ ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА И ДОКВАЛИФИКАЦИЈА ВО СОРАБОТКА СО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР По извршената анализа на профилот на невработените лица во Општината и потребите на деловните субјекти од овој дел на градот за ангажирање работници, преку Секторот за локален економски развој ќе се организираат и одржат обуки за преквалификација и доквалификација на возрасни невработени лица, ИТ обуки, обуки за англиски јазик. Истите ќе бидат согласно потребите на пазарот на трудот и типот на квалификации кои му се потребни на приватниот сектор во Општината. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНО-ТЕХНОЛОШКИ ИНКУБАТОР НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Со цел да се развие плодна средина за иновативни бизниси во Македонија, во рамките на овој проект, Општината преку деловно-технолошки инкубатор ќе им обезбеди помош на невработените млади лица до 29 години и на оние со завршено високо образование, но и студенти кои имаат иновативен проект да изградат силен тим и да започнат иновативен бизнис, да го регистрираат бизнисот, да го развијат новиот производ или услуга, да ги зајакнат продажните и преговарачките вештини, и да обезбедат финансирање за раст на бизнисот. Инкубаторот ќе помага во култивирање на новите бизниси и ќе придоне истите да се атрактивни за понатамошно финансирање од други извори. Проектот предвидува давање техничка помош преку деловно-технолошки инкубатор од страна на АВРМ и Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Општината. Инкубаторот може да биде близу до научно-истражувачките или високо-образовните установи, со цел јакнење на долгорочната соработка помеѓу науката и бизнисот, стимулирање на истражувања, трансфер на знаење, јакнење на капацитетот на истражувачите и др. Инкубаторот ќе обезбедува услуги и ресурси на физички лица или старт ап претпријатија во периодот од креирање на идеја, почеток со работа на претпријатието и најмногу првите три години од неговиот развој. Поддршката на инкубаторот ќе биде со ограничено времетраење до 3 години и во износ до 500 000 евра. Износот ќе биде целосно наменет за бизнисите креирани од корисниците на активни мерки од АВРМ. Со овој проект младите во Општината ќе добијат комплетна поддршка во водење сопствен бизнис и самовработување. Проектот ќе се реализира, доколку се обезбедат финански средства од Влада на РМ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ БИЗНИСИ Организација на обуки, работилници и информативни состаноци за стопанските субјекти од Општина Кисела Вода со цел едукација и претставување на мерките кои се предвидени во програмата на Владата на Република Македонија. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

ИЗРАБОТКА НА ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИТОРИ ОФОРМУВАЊЕ БАЗА НА ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ОПШТИНАТА И НИВНА ПРОМОЦИЈА РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

4


5

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО ИНДУСТРИСКИТЕ ЗОНИ ВО ОПШТИНАТА Обезбедување средства (буџет на Општината, буџет на Влада на РМ, кредити и донации) за инфраструктурни проекти, а во интерес на компаниите кои стопанисуваат на територијата на Општина Кисела Вода. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНO

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Општина Кисела Вода како еден од лидерите во Република Македонија на локално ниво на полето на енергетската ефикасност и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти, со цел намалување на потрошувачката на енергија во сите јавни објекти во сопственост на Општината, унапредување на енергетската ефикасност преку имплементација на проекти и намалување на CO2 емисии во воздухот.

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА НАБАВКА НА ПЕЛЕТИ ЗА 200 ДОМАЌИНСТВА По принципот прв аплициран, прв услужен, 200 домаќинства на територија на Општина Кисела Вода ќе добијат по 12.500,00 денари за набавка на пелети за греење. Критериумите за доделување на овие субвенции дополнително ќе бидат утврдени. Вкупен буџет : 2.500.000,00 денари на годишно ниво РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021ГОДИНА

ПОСТАВУВАЊЕ КОТЛИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ КОИ КАКО ЕНЕРГЕНС КОРИСТАТ БИОГОРИВО ВО ЈДГ „8 МАРТ”, ОБЈЕКТ „ЅУНИЦА” РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019 ГОДИНА

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Со проектот се планира дислокација на опремата за контрола на уличното светло преку реализација на 3 типа модули. На овој начин се планира да се обезбеди автономно управување и контрола на секоја светилка посебно со крајна цел поквалитетно улично осветлување. Буџет: 3.000.000,00 денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА

ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ СВЕТИЛКИ ВО ОБЈЕКТИТЕ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ СО ШТЕДЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ СВЕТИЛКИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

ПОСТАВУВАЊЕ ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА НА ФАСАДИТЕ ВО НЕКОЛКУ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИ » » » » »

ООУ „Кирил Пејчиновиќ”; ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, ЈДГ „8 Март”, објект „Расадник”, ЈДГ „Весели Цветови”, објект „Кокиче” и ЈДГ „Весели Цветови”, објект „Мимоза”. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2021ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ЗАМЕНА НА ВРАТИ И ПРОЗОРИ ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ДВЕ ЈАВНИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ » »

ЈДГ „Весели Цветови”, објект „Сончоглед”, ЈДГ „8 Март”, објект „Расадник”. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2021 ГОДИНА

ПОСТАВУВАЊЕ СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ ЗА ТОПЛА САНИТАРНА ВОДА ВО ОБЈЕКТИТЕ НА ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2021 ГОДИНА

ЗАМЕНИ И РЕКОНСТРУКЦИИ НА КРОВНА ПОВРШИНА ВО ПОВЕЌЕ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ » » » »

Подрачно училиште „Рајко Жинзифов” во нас. Пинтија, ЈДГ „Весели Цветови”, објект „Кокиче”, ЈДГ „Весели Цветови”, објект „Сончоглед” ЈДГ „Весели Цветови”, објект “Синоличка”. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2017-2021 ГОДИНА

ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА И ДЕКАЛЦИФИКАЦИЈА НА КОТЛИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ СО РЕДОВНИ ЧИСТЕЊА НА КОТЛИТЕ И НА БОЈЛЕРИТЕ, КАКО И РЕДОВНО ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛИТЕ И ОЏАЦИТЕ НА ТОПЛИНСКИТЕ СИСТЕМИ ВО ОБЈЕКТИТЕ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

ЕНЕРГЕТСКИ МЕНАЏМЕНТ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ Регулација, управување и мониторинг на испораката на топлинската енергија. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: КОНТИНУИРАНО

6


7

1. ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Планирани активности:

ИЗГРАДБА НА НОВА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ” Согласно потпишаниот меморандум од 23.11.2015 година помеѓу МОН, Општина Кисела Вода, ООУ „Рајко Жинзифов“ и кинеската компанија IPPR, како и согласно потпишаниот договор од 1.4.2016 година помеѓу МОН, Општина Кисела Вода и ООУ „Рајко Жинзифов”, во соработка со Владата на Република Македонија и кинеската компанија IPPR предвидена е изградба на нова училишна спортска сала во кругот на новоизграденото основно училиште „Рајко Жинзифов” во нас. Драчево. Средства: 410.000 евра РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2017-2018 ГОДИНА

ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА КРОВОТ ВО ООУ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2017 – 2020 ГОДИНА (КОНТИНУИРАНО)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕН ОБЈЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА: »

ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ - 2019 год.

ПРОМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: » » » » » »

ООУ „Круме Кепески” - 2018 год. ООУ „Невена Георгиева Дуња” – училишна сала - 2018 год. ООУ „Кирил Пејчиновиќ” - 2019 год. ООУ „Кузман Шапкарев” – 2019 год. ООУ „Кузман Јосифовски Питу” - 2021 год. ООУ „Партенија Зографски” - 2021 год.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИ ЈАЗЛИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА: » » » »

ООУ „Кузман Шапкарев” 2017-2018 год. ООУ „Кирил Пејчиновиќ” – 2019 год. ООУ „Кузман Јосифовски Питу” – 2020 год. ООУ „Партенија Зографски” - 2021 год.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОДОТ НА СПОРТСКИ САЛИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА, СО ЦЕЛ ПОТТИКНУВАЊЕ ПРАВИЛЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ДУХ КАЈ МЛАДИТЕ: » » »

Основно училиште „Невена Георгиева Дуња” - 2018 год. Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ” - 2017-2018 год. Основно училиште „Св. Климент Охридски” - 2018 год. НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ПОСТАВУВАЊЕ ГРОМОБРАНСКА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: ООУ „Круме Кепески”; ООУ „Невена Георгиева Дуња”; ООУ „Кирил Пејчиновиќ”; ООУ „Св. Климент Охридски”; ООУ „Партенија Зографски”; ООУ „Кузман Шапкарев”; ООУ „Кузман Јосифовски Питу”; ООУ „Невена Георгиева Дуња”. ПЕРИОД НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018 – 2021 ГОДИНА

ПРОЕКТ: ПОДДРШКА НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ Во насока на обезбедување квалитетна практична настава со поддршка од централната власт, ќе продолжиме со опремување на училиштата и на училишните кабинети. Покрај проектите во насока на обновување на инфраструктурата на училиштата, ќе се реализираат и бројни проекти кои имаат за цел унапредување на образовната програма. Ќе се наградуваат најдобрите 100 ученици од основните училишта, ќе се реализираат посети на деловните субјекти од Општината заради изнаоѓање на афинитетите на учениците и нивен полесен избор на средното училиште, преку најразлични работилници, ќе се едуцираат за старите занаети, ќе се запознаат со техниките на рачни изработки, одгледувањето здрава органска храна. Посебен акцент ќе се стави на проектите поврзани со негувањето на мајчиниот јазик, македонската забавна музика, популаризација на театарот. Доближување на убавиот пишан збор до учениците ќе биде овозможено преку организирани посети на Саем на книгата, посета на градски библиотеки, средби со познати македонски автори, посета на спомен-куќи на познати македонски писатели. Ќе бидат организирани и посети на археолошки локалитети и Археолошки музеј. Овие проекти ќе се реализираат со средства од донации и од буџетот на Општина Кисела Вода. Преку соработка со Црвениот крст и различни НВО организации ќе се реализира и проект за едукација на ученици и професори во основните училишта за давање прва помош и справување со природни катастрофи (поплави, земјотреси и пожари). Нема да изостане ниту проектот за образование за возрасни кој веќе неколку години го спроведува Општината во соработка со Основното училиште за возрасни „Антон Семјонович-Макаренко”. Преку овој проект, се организира настава за описменување или дооформување на образованието според потребите на локалното население, за лица кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале.

ПРОГРАМА ОД ПРЕДУЧИЛИШНО ВОСПИТУВАЊЕ Во насока на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст, планирано е отворање на две детски градинки во Општина Кисела Вода, од кои едната во Драчево, а другата во Расадник. РОК: 2018-2021 ГОДИНА

ПРОЕКТ: ОПРЕМУВАЊЕ ПРОСТОРИЈА НАМЕНЕТА КАКО СЕНЗОР СОБА ВО ДВЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ Целта на Проектот е овозможување на децата со посебни потреби од предучилишна возраст да комуницираат преку слики и сензорна интеграција. РОК: 2018-2021 ГОДИНА

ПРОЕКТ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА, ПРЕПОЗНАВАЊЕ И РАБОТА СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Спроведувањето на Проектот ќе овозможи запознавање на институциите за детекцијата, пристапот, соодветниот третман и начин на работа со децата со посебни потреби.

ФОРМИРАЊЕ СТРУЧНИ ТИМОВИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ И ДЕЦА СО АУТИЗАМ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ Реализацијата на овој проект ќе овозможи рана детекција и превенција на развојните ризици кај децата од предучилишна возраст.

8


9

ПРОЕКТ: МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК – НАШЕ НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО. Целта на Проектот е развој на способноста за правилно зборување, усвојување и писмено изразување на децата.

ПРОЕКТ: ИНТЕГРАЦИЈА НА ЕКОЛОШКА ЕДУКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ – ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ ВО ДВЕТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ. Преку имплементацијата на овој проект се очекува кај најмладите да се развие чувството за заштита на природата и еколошка свест.

2. СПОРТ И МЛАДИ 2.1 НАЈВАЖНИТЕ ПРОЕКТИ ВО СЛЕДНИОТ ЧЕТИРИГОДИШЕН ПЕРИОД: ИЗГРАДБА НА ТРИ ТЕНИСКИ ТЕРЕНИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ. ПРОЕКТОТ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ДОКОЛКУ СЕ ОБЕЗБЕДАТ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ВЛАДАТА НА РМ. РОК: ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА БАСКЕТ ИГРАЛИШТА (STREET BASKET), СОГЛАСНО МОЖНОСТИТЕ НА ОПШТИНАТА. РОК: ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ФИТНЕС-ТЕРЕН НА ОТВОРЕНО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СЕЛО УСЈЕ Најдобар начин за развој на масовниот спорт и доближувањето на спортот до секој поединец е инвестирањето во изградбата на спортската инфраструктура. Токму затоа, по реализација на ДУП за село Усје, на оваа локација, Општина Кисела Вода ќе постави фитнес-реквизити на отворено, а ќе изгради и детско игралиште. РОК: 2018-2021 ГОДИНА

ПО ПАТ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС ,, СЛАВИЈА“ Општина Кисела Вода ќе се обиде да најде концесионер за јавно приватно партнерство кое би овозможило изградба на спортскиот рекреативен комплекс „Славија“, на местото на сегашното фудбалско игралиште ,,Славија“ . РОК: 2019-2021

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ Општината ќе субвенционира набавка на велосипеди согласно буџетските можности. Се предвидува субвенционирање во висина од 40% од цената на велоспипед, но не повеќе од 3 000 денари по лице. РОК : 2018- 2021 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ, СОГЛАСНО ПРОСТОРНИТЕ МОЖНОСТИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЈНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА/ ТРИМ-ПАТЕКА ВО НАС. 11 ОКТОМВРИ СО ПОСТАВУВАЊЕ СПРАВИ ЗА ФИТНЕС РОК: 2018-2021 ГОДИНА

ПОСТАВУВАЊЕ ФИТНЕС-СПРАВИ НА ОТВОРЕНО ВО ПАРКОТ ШОПЕН, ВО ПАРКОТ НА БРАНИТЕЛИТЕ ВО НАСЕЛБА ДРАЧЕВО И ВО ПАРК МАКЕДОНИЈА. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ : 2018- 2021 ГОДИНА

ПОСТАВУВАЊЕ ЅИДАНИ МАСИ ЗА ПИНГ-ПОНГ НИЗ ОПШТИНАТА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 1 8 -2 02 1 ГОД И Н А

ПОСТАВУВАЊЕ ПОДЛОГА СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА НА 4 ЛОКАЦИИ НИЗ ОПШТИНАТА НА ИГРАЛИШТА ЗА МАЛ ФУДБАЛ. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 1 8 -2 02 1 ГОД И Н А

ПОДДРШКА НА СОЈУЗОТ ЗА УЧИЛИШТЕН СПОРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ Во насока на унапредување на системот на спортски натпревари во училишниот спорт, Општина Кисела Вода ќе продолжи со поддршка во повеќе спортови на училишните спортски клубови. Целта е да се негуваат националните спортови почнувајќи од најрана возраст, со што покрај подобри резултати, учениците ќе остварат и здравствени придобивки што произлегуваат од спортувањето и од спортските навики.

ПОДДРШКА НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ КОИ ЕГЗИСТИРААТ ВО ОПШТИНАТА КИСЕЛА ВОДА Во Општина Кисела Вода егзистираат голем број спортски клубови кои функционираат и покрај тешките услови со кои се соочуваат. Како и досега, и во следниот четиригодишен период, Општината ќе преземе низа мерки со кои ќе им помогне во реализацијата на нивните тренажни програми. Оттука, по предходно донесени критериуми, еднаш годишно ќе се исплатува финансиска помош. Овие средства клубовите ќе ги користат за купување спортска опрема, плаќање судии и други потреби.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО СПОРТОТ Постоечкиот проект ,,Спортуваме-другаруваме“ од година во година ќе се надградува со нови содржини, приспособени за лицата со посебни потреби.

10


11

НАДГРАДУВАЊЕ НА ТУРНИРОТ ,,КУП СВ. ЃОРЃИ“ Спортскиот турнир ,,Куп Св. Ѓорѓи“ егзистира повеќе години наназад. Истиот ќе се надгради со нови спортски содржини. Финалињата на спортските натпревари ќе се случуваат во месец мај.

3. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ ОСНОВНИ ИКТ ОБУКИ ЗА ГРАЃАНИ Ќе се организираат ИКТ обуки за основни вештини за практично работење со компјутер и интернет (Word, Excel, Power Point, Outlook, Skype). Обуките ќе се спроведуваат во бесплатните интернет-клубови во земјата, а приоритет ќе имаат повозрасни лица и лица од социјално маргинализирани групи. Буџет: 300.000,00 денари годишно РОК: ДЕКЕМВРИ 2017 ГОДИНА, ПОТОА КОНТИНУИРАНО ДО 2020 ГОДИНА

НАДГРАДБА НА ОПШТИНСКАТА ВЕБСТРАНИЦА СО НОВИ Е-УСЛУГИ: Прилагодување на страницата со цел прегледност од сите мобилни уреди (телефони,таблети). Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 1 8 ГОД И Н А

АВТОМАТИЗИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ И ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА ЗА ДА СЕ ОЛЕСНИ ПРОЦЕДУРАТА ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 1 8 -2 0 19 ГОД И Н А

ВОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ДОКУМЕНТИ И БАРАЊА ЗА КОИ ДОСЕГА БЕШЕ ПОТРЕБНО ДА СЕ ДОАЃА ВО ОПШТИНАТА Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 ГОД И Н А

МОЖНОСТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ И ТРАНСАКЦИИ Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 ГОД И Н А

ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ УСЛУГИ НА ПОСТОЕЧКАТА ГИС ПЛАТФОРМА ВО ОПШТИНАТА Надополнување на многубројните постоечки функционалности на ГИС платформата со нови, а со цел создавање една сериозна алатка која нуди услуги од областа на просторните податоци : » Мапирање на сите регистирани бизнис-ентитети и институции во Општина Кисела Вода со цел полесно лоцирање на истите. » Тродимензионален приказ и компарација на градежни парцели преку кои ќе се добие реална визуелна слика на градежните парцели од различни перспективи и повеќе агли, и врз основа на тоа ќе може полесно да се споредат старите и новите параметри на истите.

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

» »

Инвенторизација, односно мапирање и обележување на целокупната урбана опрема во Општината (клупи, канделабри, канти за отпад и сл.) со што на лесен и интуитивен начин би се собирале информации за локации на истите. Во духот на новото време надополнување на Гис платформата со андроид апликација која ќе нуди податоци и на мобилните уреди (на пр. коефициент на искористеност на земјиштето, намена на парцелите, услови за градење и сл.) РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ : КОНТИНУИРАНО

4. УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Грижата за рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа и понатаму останува на врвот од листата на приоритети на Општина Кисела Вода.Урбанистичкото планирање, како концепт на работа, преку изработка, донесување и спроведување на урбанистички планови, обезбедува уредување и хуманизација на просторот, унапредување на животната средина, поквалитетен живот за сите граѓани. Изготвувањето нови детални урбанистички планови, значат можност за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките, значат искористување на потенцијалите на Општината и создавање поволен терен за инвеститорите и реализација на нивните бизнис-планови.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Најважните проекти за следниот четиригодишен период ќе бидат:

ПРОЕКТ: ОТСТРАНУВАЊЕ И РЕМЕДИЈАЦИЈА НА ЛОКАЦИИТЕ КОНТАМИНИРАНИ СО HCH И ЛИНДАН ОД ОХИС Главна цел на Проектот е да се изврши ремедијација на малата (δ-HCH) депонија контаминирана со HCH и линдан во ОХИС преку зајакнување на законските, институционалните и техничките капацитети. Имплементацијата на Проектот е финансиски поддржана од Глобалниот еколошки фонд, при што ќе се обезбеди технологијата и истата ќе биде избрана на меѓународен тендер. Проектот ќе се реализира доколку се обезбедат финансиски средства од Владата на РМ. Буџет: 8 милиони долари (3,1 милиони долари од ГЕФ, 5 милиони долари од Буџет на РМ) РОК: МАРТ 2020 ГОДИНА

ПРОЕКТ: OДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗНАЧАЈНИ ЕКОЛОШКИ ДАТУМИ Во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, се планира одбележување на значајните еколошки датуми од еколошкиот календар преку разни манифестации, работилници, предавања со што ќе се придонесе кон подигнување на свеста за зачувување и заштита на животната средина на локалната заедница. РОК: КОНТИНУИРАНО

ПРОЕКТ: ЗАСАДУВАЊЕ НА НАЈМАЛКУ 8 000 НОВИ САДНИЦИ Во насока на заштита на животната средина и разубавување на Општината, во следниот мандат ќе засадиме најмалку 8 000 нови садници. РОК: КОНТИНУИРАНО

12


13

УРБАНИЗАМ ДОНЕСУВАЊЕ НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА РАСАДНИК, ДЕЛ ОД ПРЖИНО, ЦРНИЧЕ, БИРАРИЈА, ПРИПОР Носењето на овие Детални урбанистички планови е во завршна фаза. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА

ЌЕ СЕ ИЗРАБОТИ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА, ВО ДЕЛОТ КАЈ СТАКЛАРА И ОХИС РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2020 ГОДИНА

ДОНЕСУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА СЕЛО УСЈЕ И СЕЛО ДРАЧЕВО Финансиските средства за реализација на изработката на урбанистички планови за село Усје и село Драчево беа овозможени преку потпишаниот Договор по основ на проектна апликација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој во 2016 година. Согласно Договорот, на Општина Кисела Вода и се одобрени средства во висина од 5.093.152,00 денари за реализација на Проектот - изработка на урбанистички планови во село Драчево и село Усје. Дополнително Општина Кисела Вода финансиски учествува со 916.767,00 денари за реализација на погоре наведените активности. Овие урбанистички планови се во изработка. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2021 ГОДИНА

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ Општина Кисела Вода продолжува со активностите во насока на воспоставување на урбанистички ред при изградбата на нови објекти и интензивирање на процесот на легализација на дивоградбите. Вкупниот број на поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е 13 855, додека по сите преземени мерки за засилување на динамиката на решавање на предметите, легализирани се 5 487 дивоградби. Вкупниот број на бесправно изградени објекти за кои нема доставено геодетски елаборати е 2646.

ВО СОРАБОТКА СО ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, СЕ ПЛАНИРА ПОСТАВУВАЊЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО УЗ 11 ОКТОМВРИ ЗГРАДИ, УЗ БИРАРИЈА, УЗ РАСАДНИК Во соработка со Град Скопје РОК: 2017-2021ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

5. КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИН­ ФРА­СТРУК­ТУ­РА Општина Кисела Вода и во следните 4 години ќе работи на подобрување на патната мрежа, на изградба, санација, реконструкција на патишта и улици, проширување и подобрување на водоводната, атмосферската и канализациската мрежа. Во фокус ќе биде решавањето на детектираните проблеми и потреби на жителите на општината Кисела Вода во изминатиот период.

ВОДОСНАБДУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО МЕСНОСТА ДУПКИ, ВО С. УСЈЕ РОК: 2019-2020 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛ. „БОРО КАМЧЕВСКИ” ВО БИРАРИЈА. ПРОЕКТ ВРЕДЕН 4.000.000,00 ДЕНАРИ РОК: 2018-2019 ГОДИНА

ПРОЕКТ ЗА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО НАСЕЛБА КАМЕНИК РОК: 2019 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛ. „МАЛЕШЕВСКА” (ДИВИ ГРАДБИ) ВО НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО. ИСТАТА ЌЕ ЧИНИ 10.000.000,00 ДЕНАРИ РОК: 2020 -2021 ГОДИНА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА ПИНТИЈА Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: Ф А З Н О В О 2 0 19 -2 02 1 ГОД И Н А , ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПРИЛИВОТ НА СРЕДСТВА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ТОМЕ АРСОВСКИ” ДО ШАМПИОНЧЕ ВО УЗ БИРАРИЈА РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019 ГОДИНА

14


15

ДОИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ЃОРЃИ ДИМИТРОВ” ВО НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА. ЌЕ БИДЕ ОПФАТЕН ПОТЕГОТ ПОМЕЃУ УЛИЦА „БОЖИДАР АЏИЈА” И „НАРОДНИ ХЕРОИ”. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „ЈОРДАН ФИЛИПОВСКИ”, УЛ. „ТРПЕ ПЕТРЕВСКИ”, УЛ. „ЖИЛ ВЕРН”, УЛ. „СТОЈАН СТОЈАНОВСКИ” ВО УЗ ЦВЕТАН ДИМОВ. ПРОЕКТОТ Е ВРЕДЕН 12.000.000,00 ДЕН. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОС ТИ НА ОПШТИНАТА

ИЗВЕДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА 15 УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ПРЖИНО. ПРОЕКТОТ ЧИНИ 110.000.000,00 ДЕН. СРЕДСТВАТА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ НА СВЕТСКА БАНКА Согласно Проектот, атмосферска мрежа ќе добијат улиците: „Полог“, „Зеленгора“, „Кочанска“, „Милан Мијалковиќ“, „Пеју Јаворов“, „Кара Трифун“, „Пандо Кљашев“, „Малина Поп Иванова“, „Пржино“, „Мариовска“, „Мегленска“, „Благоја Гојан“, „Кавалска“, „Караџица“ и „Стрмешево“. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018- 2021 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „МАЛЕШЕВСКА“ ВО НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО, ЗА ШТО СЕ ПРЕДВИДЕНИ СРЕДСТВА ВО ИЗНОС ОД 12.000.000,00 ДЕНАРИ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021 ГОДИНА, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОС ТИ НА ОПШТИНАТА

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „СЛАВКА ДИМКОВА” ВО НАСЕЛБАТА ДРАЧЕВО. ПРОЕКТОТ ЧИНИ 12.000.000,00 ДЕНАРИ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021 ГОДИНА,ВО ЗАВИСНОСТ ОД ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОС ТИ НА ОПШТИНАТА

ИЗГРАДБА НА СЕКУНДАРНА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛО УСЈЕ. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 -2 02 1 ГОД И Н А

ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАС. ГРАДИНАР. ВРЕДНОСТА НА ПРОЕКТОТ Е 24.000.000,00 ДЕНАРИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНА МРЕЖА НА УЛ. „ХРИСТО ТАТАРЧЕВ“ ВО НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА ПРИПОР ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2020 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА КАМЕНИК ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019- 2021ГОДИНА

ПАРКОВИ И ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО 2017 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ИЗРАБОТЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКОТ ФРЕДЕРИК ШОПЕН ВО 11 ОКТОМВРИ ЗГРАДИ. ИСТАТА ЌЕ ОПФАТИ ХОРТИКУЛТУРНО И ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОСТАВУВАЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦА НА ПОСТОЈНАТА БИНА. РОК НА ИЗВЕДБА: 2017-2018 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ДЕТСКИ ПАРК ВО НОВИОТ ДЕЛ НА РАСАДНИК, СОГЛАСНО ДУП. ПОКРАЈ ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ НА КОЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ ПОВЕЌЕ РЕКВИЗИТИ, ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНА И УРБАНА ОПРЕМА - КЛУПИ И КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКОТ МАКЕДОНИЈА ВО НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА. ВО НЕА ЌЕ БИДЕ ОПФАТЕНО ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ И ОСВЕТЛУВАЊЕ, ИЗВЕДБА НА ДВЕ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА, ФИТНЕС-ИГРАЛИШТЕ, БАСКЕТ ИГРАЛИШТЕ, ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА, ПЕНЗИОНЕРСКО КАТЧЕ СО ШАХОВСКИ МАСИЧКИ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА

ПРОЕКТ: МИНИ ДЕТСКИ КАТЧИЊА: Овој Проект ги опфаќа пред се жителите на Општина Кисела Вода кои живеат во урбаниот дел каде што се претежно згради и каде Општината нема соодветен простор за изградба на голем детски парк и зелена површина, но може да придонесе со поставување мини детски катчиња каде што на најмладите ќе им се укаже можност за рекреација.

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ГОЦЕВА ЧЕШМА ВО НАСЕЛБАТА ПРЖИНО РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА „ЕСЕНИНОВА“ КАЈ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ОД БУЛ. „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ДО БУЛ. „ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“, ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ Вредност: 60 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019 ГОДИНА

16


17

ПО ПРОБИВАЊЕТО И ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦА „ЕСЕНИНОВА“ ОД СТРАНА НА ГРАД СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ПРИСТАПИ КОН ОБЛАГОРОДУВАЊЕ И ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ПОТЕГОТ ПОМЕЃУ КРАКОТ НА УЛ. „ИВАН КОЗАРОВ“ И СПОЈОТ СО „ЕСЕНИНОВА“. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД УЛ. „НАРОДНИ ХЕРОИ” ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ. Вредност: 6 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „АНТОН ПОПОВ“ (ПОРАНЕШНА „ОГЊАН ПРИЦА“) ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ Вредност: 15 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019 ГОДИНА

ГРАДБА НА БУЛ. „БОРИС ТРАЈКОВСКИ”, 4-ТA ФАЗА ОД ПИНТИЈА ДО МАРКОВА РЕКА ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ Вредност: 250 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2020 -2021 ГОДИНА

ВО 2018 ЌЕ БИДЕ ИЗРАБОТЕН ПРОЕКТ ЗА ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛ. „ПУШКИНОВА” ВО 11 ОКТОМВРИ ЗГРАДИ, СОГЛАСНО ДУП. ИСТАТА ЌЕ ОПФАТИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ И ИЗРАБОТКА НА ПАРКИНГ-ПРОСТОР. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 -2 02 0 ГОД И Н А

ПАРКИРАЊЕ И ОСТАНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА ДУП ЗА РАСАДНИК ЌЕ СЕ ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ, А ПОТОА ЌЕ СЛЕДУВА И ИЗГРАДБА НА МОНТАЖНА КАТНА ГАРАЖА ВО НАСЕЛБАТА РАСАДНИК, НА ЛОКАЦИЈАТА ПРЕДВИДЕНА ВО ДУП. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2020 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ-ПРОСТОР НА УЛ. „МИХАИЛ ЧАКОВ“ И УЛ. „ПЕТАР ДЕЛЈАН“ ВО НАСЕЛБА 11 ОКТОМВРИ ЗГРАДИ, СОГЛАСНО ДУП РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ : 2019-2020 ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ИЗГРАДБА НА СОВРЕМЕНА ОПШТИНСКА ЗГРАДА СО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО. ВО НАСОКА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ОПШТИНАТА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА И ОСТВАРУВАЊЕ НА КОНЦЕПТОТ ОПШТИНАТА-ВИСТИНСКИ СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ, ВО ПЕРИОДОТ 2018 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ИЗРАБОТЕН ПРОЕКТ, А ПОТОА ЗАВИСНО ОД ИНТЕРЕСОТ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ : 2019-2021 ГОДИНА

СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ ДУП ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ, ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ОБЕЗБЕДИ ЛОКАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА, СО ШТО НА МПЦ И’ ГИ ОВОЗМОЖИ ПОТРЕБНИТЕ УСЛОВИ ЗА ГРАДБА НА ХРАМОТ „СВ. НЕДЕЛА” РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ : 2018-2021 ГОДИНА

ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ВО НАСЕЛБА РАСАДНИК По реализација на ДУП за Расадник и пристапувањето на заинтересираните инвеститори за изградба на станбени објекти, ќе се пристапи кон развивање на инфраструктурата во овој дел на Кисела Вода, согласно приливот на средства. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 - 2 02 1 ГОД И Н А

ПРОЕКТ: БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА „БЕЗБЕДНИ ЗОНИ“ преку поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и нивно ограничување на брзината на движење, но и за зголемена безбедност на пешаците. Воедно, реализацијата на „безбедни зони“ е од огромно значење како за учесниците во сообраќајот, така и за граѓаните кои се соочуваат со зголемена бучава од возилата кои се движат со голема брзина. Со поставаување на хоризонтална сигнализација, значително ќе се намали брзината и бучавата. Овој проект е од огромно значење за граѓаните на Општина Кисела Вода.

18


19

6. ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИН­ФРА­ СТРУК­ТУ­РА ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА Продолжува изградбата и реконструкција и рехабилитација на локалните патишта Подобрувањето на инфраструктурата, изградбата и реконструкцијата на локалните патишта е приоритетот на Општина Кисела Вода. Во рамките на овој проект, во Општина Кисела Вода ќе се изградат и ќе се реконструираат следните патишта: » Ул. „Живко Фирфов”, во должина од 1000 метри; » Ул. „Рилски конгрес”, во должина од 450 метри; » Ул. „Дренак”, во должина од 200 метри; » Ул. „Петар Драпшин”, во должина од 800 метри; » Ул. „Стрмашево“, во должина од 100 метри; » Ул. „Новопроектирана 3“, во должина од 100 метри; » Ул. „Локов“, во должина од 200 метри; » Ул. „Јабланица“, во должина од 500 метри; » Ул. „Христо Татарчев“, во должина од 200 метри. Буџет: 800 000 евра Проектот ќе се реализира доколку се обезбедат финансиски средства од Владата на РМ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2020 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ НА УЛИЦА „ИВАН ХАЏИНИКОЛОВ“ ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ. Вредност: 18 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2020 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ПРОШИРУВАЊЕ, СОГЛАСНО ДУП НА УЛ. “САСА 6” ДО УЛ. „1440” ВО НАСЕЛБА ПИНТИЈА. ИСТАТА ЌЕ ЧИНИ 15.000.000,00 ДЕН. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2020 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „САСА 32“, ВО НАСЕЛБА ПИНТИЈА, ВО ВРЕДНОСТ ОД 8.000.000,00 ДЕНАРИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2020 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦА „ПЕТАР ДРАПШИН” ВО НАСЕЛБА 11 ОКТОМВРИ БАРАКИ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА : 2020 -2021 ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. “ДРЕНАК” ВО БИРАРИЈА. РЕКОНСТРУЦИЈАТА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ СОГЛАСНО ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2020 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ЖИЛ ВЕРН” И РЕАЛИЗАЦИЈА НА УЗ ЦВЕТАН ДИМОВ. РЕКОНСТРУЦИЈАТА ЌЕ СЕ ИЗВРШИ СОГЛАСНО ФИНАНСИСКИТЕ МОЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2020 -2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ: „СЕРСКА“, „НЕВРОКОПСКА“, „ЕНИЏЕ ВАРДАРСКА“ И „ЧЕДОМИР КАНТАРЏИЕВ“ ВО НАСЕЛБАТА ЦРНИЧЕ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2020 -2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СКАЛИ НА УЛ. „РИЛСКИ КОНГРЕС” ВО ЦРНИЧЕ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „РИЛСКИ КОНГРЕС”, ОД УЛ. „БАНСКО” ДО УЛ. „ЦРНИЧЕ”, СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИТЕ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „БАНСКО“ ВО НАСЕЛБАТА ЦРНИЧЕ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ КРАК 34 ВО НАСЕЛБА КАМЕНИК. ИСТАТА ЌЕ ЧИНИ 7.500.000,00 ДЕНАРИ РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА : 2020 -2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ЖАРКО ЗРЕЊАНИН” (СЕГАШНА „АНТОН ДИМИТРОВ”) ВО НАСЕЛБА ДРАЧЕВО И ПРОЕКТ ЗА ИЗВЕДБА НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ИСТАТА УЛИЦА ВО СОРАБОТКА СО ГРАД СКОПЈЕ. Вредност: 12 милиони денари РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2021 ГОДИНА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „СЕРДАРОТ“ ВО СЕЛОТО ДРАЧЕВО ВО ДОЛЖИНА ОД 1,2 КМ. СРЕДСТВАТА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ ИПА. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018 ГОДИНА

20


21

РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛ. „СЕРДАРОТ” ДО ОБЈЕКТОТ НА МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВО ПОДСТАНИЦА ВО ДОЛЖИНА ОД 910 МЕТРИ И ИЗГРАДБА НА ПАТЕКА НА УЛ. „СЕРДАРОТ”ВО ДОЛЖИНА ОД 400 МЕТРИ ПОКРАЈ КАНАЛОТ ВО ПОДСТАНИЦА РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2019-2020 ГОДИНА

ИЗРАБОТКА НА СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ ЗА УЛИЦИТЕ „ДОСИТЕЈ ОБРАДОВИЌ” И „ДИЧО ПЕТРОВ” ВО УЗ ЦВЕТАН ДИМОВ. ИСТИОТ ЌЕ ОПФАТИ ЗОНИ НА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ, ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ, УЛИЦИ СО ПРЕДИМСТВО И СЛ. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2018-2019 ГОДИНА

7. КУЛТУРА Културата претставува значаен сегмент во секојдневното живеење на жителите на општината Кисела Вода. Степенот на културниот развој на локално ниво, претставува одраз и белег на целокупната организираност на работењето и животот на граѓаните во една локална заедница, која со своите специфичности е дел од целосната слика од културата на нашиот народ. Со унапредување на културата се зачувуваат и негуваат богатството и убавината на македонскиот фолклор, традицијата и обичаите, а преку организирање на културните манифестации се подигнува културната свест кај граѓаните и се збогатува културниот, уметничкиот и забавниот живот. Општина Кисела Вода и во овој четиригодишен период кој е пред нас, ќе ги реализира културните настани од кои повеќето прераснаа во традиционални и препознатливи, не само во Општина Кисела Вода, туку и пошироко, а се поврзани со одбележувања на значајни настани и личности. Општина Кисела Вода ја негува фолклорната традиција поддржувајќи ги културно- уметничките друштва во нивното континуирано работење и презентација со јавни настапи и концерти. На истите, покрај учеството на многу познати музички имиња од естрадата, музички групи и бендови, драмски уметници и театри, ќе бидат вклучени и здруженијата на пензионери и ученици од основните училишта, како и најмладите од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода. Покрај културните манифестации Општина Кисела Вода ќе реализира и капитални објекти од областа на културата: спомен-обележја и реконструкција на Дом на културата.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДОМ НА КУЛТУРА ВО СЕЛОТО ДРАЧЕВО: По темелната реконструкција на руинираното кино во населбата Кисела Вода и неговата преадаптација во културен дом, веќе е започната постапка за реконструкција и на Домот на култура-кино Драчево во селото Драчево. Овој проект е овозможен преку финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку мерката 321, подобрување на квалитетот на животот во рурални средини, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, за кој Општината аплицираше преку Секторот за локален економски развој. Согласно Договорот потпишан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, на Општината и се одобрени средства во висина од 14.775.226,00 денари за реализација на проектот - реконструкција на Дом на култура во село Драчево. Дополнително Општина Кисела Вода ќе обезбеди 18.224.774,00 денари за реализација на погоре наведените активности. По завршувањето на градежните активности и жителите на селото Драчево ќе имаат побогат и посодржаен културен живот во близина на својот дом. ВРЕМЕ НА РЕА ЛИЗАЦИЈА: 2017-2020 ГОДИНА, ВО ТРИ ФАЗИ

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА - 6 MАЈ ,, ЃУРЃОВДЕН“ Со богата културно уметничка и забавна програма, секоја година на 6 Мај, се одележува патрониот празник на Општина Кисела Вода. РЕА ЛИЗЦИЈА: СЕКОЈ 6 МА Ј ЗА ПЕРИОД 2017 – 2021 ГОДИНА

МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЛИКОВНО МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР Општина Кисела Вода го осмисли овој мултимедијален хепенинг со цел да се приближи уметноста кон пошироката популација, со посебен акцент на децата. Талентираните ученици сликари во присуство на своите ликовни педагози сликаат на штафелаи на зададена актуелна тема додека иствремено на поставена бина со озвучување други ученици настапуваат со музичко-ритмички точки. Хепенингот се одвива на отворено, во некој од парковите низ Општината. РЕА ЛИЗАЦИЈА: АПРИЛ – МА Ј ЗА ПЕРИОД 2017-2021 ГОДИНА

ПУШКИНОВИ ДЕНОВИ Во деновите на рускиот јазик, литература и култура во паркот Пушкин, секој 6 јуни се одбележува раѓањето на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич – Пушкин во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија. Учество земаат Руските културно-уметнички здруженија,студентите од катедрата за руски јазик при УКИМ и македонски музички состави, фолклорни здруженија и други уметници. РЕА ЛИЗАЦИЈА : СЕКОЈ 6 ЈУНИ ЗА ПЕРИОД 2017 – 2021 ГОДИНА

ДЕН НА ОПШТИНАТА 29 ЈУНИ Со низа културни манифестации, секоја година се одбележува роденденот на Општина Кисела Вода. Во 2020 година свечено ќе се одбележи јубилејниот 65-ти роденден.

КУЛТУРНО ЛЕТО ,,ТРИ КРУШИ“ – ПОКРОВИТЕЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА Еден од поголемите проекти по кој е препознатлива Општина Кисела Вода е проектот Културно лето Три Круши. Оваа манифестација која се одржува веќе 11 години и се одвива во летните месеци, изобилува со културни настани. Истите се реализираат секој петок и сабота на културно верски рекреативниот центар Три Круши. РЕА ЛИЗАЦИЈА: ЈУЛИ – АВГ УСТ ЗА ПЕРИОД 2017 – 2021ГОДИНА

ДЕН НА МУЗИКАТА НА ШОПЕН ВО ПАРКОТ ШОПЕН Со овој културен настан, во соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија, се чествува музичкото творештво на великанот Фредерик Шопен, и се популаризира класичната музика со промовирање на општо цивилизациските вредности од културата и уметноста. РЕА ЛИЗАЦИЈА: СЕКОЈ 17 ОКТОМВРИ ЗА ПЕРИОД 2017 – 2021 ГОДИНА

22


23

8. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Работата на месната самоуправа во Општина Кисела Вода е организирана преку 15 урбани и месни заедници од кои урбаните се основани во градските подрачја, а месните заедници во населените места. Во организација на секторот за месна самоуправа и социјална заштита, градоначалникот на Општина Кисела Вода заедно со претседателот на Советот, тим од стручните служби од Општината, како и претставници од јавните претпријатија на Град Скопје и претставници од други приватни и државни институции кои имаат надлежност да ги решаваат проблемите со кои се соочувааат граѓаните, ги посетува урбаните и месните заедници најмалку три пати во годината. На овој начин се црпат релевантни информации директно од граѓаните кои живеат во тој дел од Општината и се овозможува побрза интервенција за проблемите кои се во доменот на одлучување на Општината, а воедно и се сумираат резултатите за договореното од претходната средба. Покрај редовните посети на урбаните и месните заедници за период (2017-2021) се предвидува одржување и на повеќе програмски активности во секоја месна и урбана заедница како и активно вклучување на НВО граѓанските здруженија во активностите на Општината и создавање на ефикасни механизми за заемна соработка и за градење на партнерски однос за зголемувањето на влијанието на граѓанските организации во креирање на политиката на Општината за нејзиниот развој. Целите кои треба да се постигнат преку работата на одделението за месна самоуправа, невладини организации и социјална заштита се: » иницирање, кординирање на непосредна соработка со граѓанските здруженија и невладините организации за проток на информации; » учество на граѓанскиот сектор во креирањето на локалните политики; » транспарентност – можност за соработка со секоја граѓанска организација која ќе искаже желба за соработка со Општината, како и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. Во периодот од 2017 до 2021 ќе се реализираат следните програмски активности:

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ АЛАТИ И ОБУВКИ ЗА 80ТИНА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ХИГИЕНА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНАТА, КОИ ГИ РАКОВОДИ СЕКТОРОТ ЗА МЕСНА САМОУПРАВА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. ФИНАНСИСКАТА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ОВОЈ ПРОЕКТ ПРЕДВИДУВА 600. 000,00 ДЕНАРИ. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 17-2 02 1 ГОД И Н А

ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТ ЗА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ВО КАМЕНИК. РОК НА РЕА ЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТО : 2021 ГОДИНА

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТИТЕ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ЈАВИ ПОТРЕБА ЗА ИСТОТО, ЗА ШТО СЕ ПРЕДВИДУВААТ 15 000 000,00 ДЕНАРИ. Воедно, во соработка со невладините организации на територијата на Општина Кисела Вода се предвидува реализација однивна страна на проект за обезбедување на урбаните и месните заедници со противпожарни апарати, хидрантска опрема и рачен алат за гаснење на пожар,обележување на хидрантите со обележителни табли, како и обука на сезонските работници. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 17-2 02 1 ГОД И Н А

НАДГРАДУВАЊЕ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ СО ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ЗАРАДИ НЕПРЕЧЕНА ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕДНАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА (АРХИВА). Финансиската конструкција предвидува 1. 650. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 19 -2 02 1 ГОД И Н А

ПРОЕКТ: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРНА ЛОКАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Опрема со ИT технологија. Финансиската конструкција за овој проект предвидува 600. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 02 0 -2 02 1 ГОД И Н А

ПРОЕКТ: ТОПЛОТЕН БРАН – ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И ЦРВЕН КРСТ НА ОПШТИНАТА Проектот ќе се реализира при постоење на надворешни температури повисоки од 35 степени целзиусови во периодот јули-август за период (2017-2021). Активностите ќе ги спроведува Црвениот крст, а ќе се состојат од теренски активности на мобилни екипи составени од: возило на Црвениот крст, медицинско лице-доктор, волонтери на Црвен крст кои на граѓаните ќе им им даваат медицинска помош, совети, ќе се делат шишиња со вода, а ќе им се укаже помош на оние лица кои ќе имаат потреба за носење до крајната дестинација. Општина Кисела Вода ќе учествува во проектот со кофинансирање заедно со Општинската организација на Црвен крст на Општината. Финансиска конструкција за проектната активност (во зависност од времетраењето на високите температури во период јули-август за период (2017-2021) – 160. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: КО Н Т И Н У И РА Н О

ОРГАНИЗИРАЊЕ БЕСПЛАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 17-2 02 1 ГОД И Н А

ТРАДИЦИОНАЛНО УЧЕСТВО НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ХУМАНИТАРНИОТ ПРОЕКТ ,,ЛОКАЛНА ТОРТИЈАДА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НВО ,,АНГЕЛЧИЊА“ - ХОА ЗА ПЕРИОД 2017-2021 ГОДИНА Општина Кисела Вода е традиционален соработник и учесник во хуманитарниот проект Тортијада во организација на НВО ,,Ангелчиња“ - ХОА - Скопје. Проектот претставува презентација и натпревар на учесниците во изготвување и декорација на торти со што ја изразуваат својата креативност и умешност. Средствата добиени преку лицитација на тортите хуманитарно се донираат на институции или граѓански лица таму каде што е најпотребно, а со граѓаните и локалната заедница ја покажуваат својата хуманост. Вредност на проектот: 300. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: КО Н Т И Н У И РА Н О

24


25

ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА СОРАБОТКА И ПОДДРШКА НА НВО СЕКТОРОТ ЗА ПЕРИОД 2018-2021 ГОДИНА Вредност на проектот: 350. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: 2 0 1 8 ГОД И Н А

ПРОЕКТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА СО НОВОРОДЕНЧИЊА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Тргнувајќи од премисата дека семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество, па секое новородено дете, значи чекор напред во остварување на оваа значајна мисија, Општина Кисела Вода и во наредниот четиргодишен период го продолжува проектот кој започна пред 4 години. Со цел да им помогне на новите родители околу првите потреби што доаѓаат со новороденчето, локалната самоуправа ќе доделува еднократна парична помош за секое новородено дете. Вредноста на проектот изнесува: 16. 000. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: КО Н Т И Н У И РА Н О

ПРОЕКТ: ХУМАНИТАРЕН БОЖИЌ Околу 200 семејства од Општина Кисела Вода кои би се пријавиле како доброволци волонтери, ќе помогнат на околу 200 семејства од социјален ризик кои се жители на нашата општина. Помошта би опфатила основни прехранбени продукти, облека и лична хигиена. Сето тоа кое е неопходно за повторно да ги вратиме насмевките на оние на кого најмногу им значи нашата помош и поддршка.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ТЕРАПЕВТСКО ПЛИВАЊЕ „СЛОБОДА ВО ВОДА” ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Продолжува спроведувањето на Проектот кој е овозможен преку соработката со Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја” – Скопје. „Слободни во вода” на децата со посебни потреби од Општина Кисела Вода, преку спортски активности во вода им овозможува унапредување на психофизичкиот развој, социјализација, подобрување на здравствената состојба и подигнување на квалитетот на живеење. Финансиската вредност на проктот изнесува: 480. 000,00 денари. Р О К Н А Р Е А Л И З А Ц И Ј А Н А П Р О Е К ТОТ: КО Н Т И Н У И РА Н О

Покрај горенаведените, ќе бидат реализирани и повеќе проекти за подигнување на јавната свест кај граѓаните за најразлични вулнерабилни категории: самохрани родители, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, лица со попреченост и сл.

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КИСЕЛА ВОДА  

Изборна Програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода 2017-2021 година. Кандидат за Градоначалник г-дин Јохан Тарчуловски