Page 1

Излез I декември 2010

Земи залет!

Студентско списание Година 1/Број 3

Декември 2010 Тираж: 2.000 примероци

Технологија, музика, можности, сту дентски живот, литература...

Семинарски или култура на препишување 1


Излез | декември 2010

WWW.

IZLEZ вашиот нов медиум

.MK

Овој проект е делумно подржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Стејт Департментот на САД.

2


Излез I декември 2010

Содржина Семинарски или култура на препишување

04

23

Сениќ – три згради, три различни приказни

Aктивно учење во големи студентски групи

06

26

На Французите можеме да им позавидиме на решителноста и бескомпромисноста

Робови на левата хемисфера

07 28

Младинска независност е...

30

Активни и за распуст

31

Фонија

32

Дисфилхармонија – експерименти со звуците на градот

34

Литература

36

Снајди се сам

Неефикасноста на историскиот пристап во високото образование

10

Е-книги, еднократна инвестиција – подостапно и поквалитетно образование засекогаш!

12

Ризикот е формулата за успех

14

Zeitgeist – промена на неодржливите практики

16

Јас, слободар

18

37

Видео Игри

Арно или лошо, си трпиме катаден

20

38

Сатирична

На работа, на труд, на копање

22

Импресум - Излез Главен и одговорен уредник: Даниела Атанасова Уредници: Ана Лакалиска Билјана Дијанисиева Коста Бојчески (Литература) Дамјан Цветков-Димитров (Технологија) Редакција: Сандра Георгијевска Тихомир Давчев Нино Домазетовиќ Златко Најденовски Стефан Марковски Мими Николиќ Александар Мицески Данаил Станојески Весна Илиевска Зорица Петкоска Далибор Стајиќ Наташа Јанчева Јасмина Петровска Нина Георгиева Лектура: Драгана Евтимова Јасмина Петровска

Биљана Стојановска Фотографии: Јасна Дишлиеска Митова Викторија Бачварова Дамјан Цветков-Димитров Наташа Јанчева Весна Илиевска Игор Костов Сандра Јовановска (Фиби) Илустрации: Александра Стојаноска Стрип: Томи Џуровски Графички дизајн: За издавачот: Здружение на граѓани „Студентска организација Излез“ Печати: Печатница Европа 92, Кочани Контакт: studentsko.spisanie@gmail.com

„Излез“ има простор за твоите идеи! Споделете го вашиот примерок со колегите

Контактите на авторите и се познати на Редакцијата. Следете ја и нашата Фејсбук страница: Излез – студентско списание - Izlez

3


Ние и системот

Излез | декември 2010

Семинарски или култура на препишување Познавате ли некој студент кој сам си ги пишува семинарските и чии есеи се целосно оригинални? Кој ги следи сите правила за цитирање на секоја преземена мисла? Верувам дека таквите можат на прсти да се избројат. Со воведувањето на Европскиот кредит трансфер систем на нашите факултети се воведе и еден нов начин на оценување на студентите. Оценката повеќе не произлегува само од резултатот на завршниот испит, туку е кумулативна, односно се дополнува и со поени за присуство и активност на часови, и поени од проекти и семинарски задачи.Така, сега студентите освен што треба да го научат материјалот за испитот или за колоквиумите (во зависност од тоа до кој степен на примена на ЕКТС стигнал дадениот факултет или студиска група), треба и редовно да ги следат предавањата и за многу предмети задолжително да напишат и семинарска, ако сакаат да добијат повисока оценка. Преку семинарските, најчесто во облик на есеј на одредена тема, студентите добиваат можност да направат истражување и да дојдат до свој оригинален заклучок, да го изразат сопственото мислење – нешто за што најчесто немаат можност при полагање на класичните испити. И ништо од ова не би било проблематично доколку во трката по поени, и најчесто однапред изгубената трка со времето, студентите не посегнуваа по туѓи мисли и есеи и не ги претставуваа како свои; доколку не препишуваа цели делови од книги, понекогаш напишани од самите нивни професори, доколку не копираа содржини од сомнителни интернет страници или не плаќаа некој друг за да им напише семинарска; доколку професорите, чудејќи се како да се справат со стотиците студенти, не ги прифаќаа семинарските без воопшто да ги прочитаат; доколку целиот процес, во најголем дел од случаите, не се сведуваше само на активност „про форма“, без вистинска придобивка за студентот, како многу други процеси во нашиот образовен систем кои се целосно испразнети од смисла. Познавате ли некој студент кој сам си ги пишува семинарските и чии есеи се целосно оригинални? Кој ги следи сите правила за цитирање на секоја преземена мисла? Верувам дека таквите можат на прсти да се избројат. А, сепак, секоја отстапка од точно утврдените академски принципи на оригиналост и чесност на универзитетите во странство се смета за плагијат и најстрого се казнува, дури и со бркање од факултет. Кај нас, пак, и врапчињата знаат дека во Студентскиот дом „Стив Наумов“ за 150 денари може да се купи семинарска од која било област. Сите сме виделе огласи излепени по ѕидовите на нашите факултети и студентски домови кои гласат: „Пишувам семинарски“. За ова не е виновен само злобниот ЕКТ систем, кој, ете, толку ги „напнува“ и

4

преморува сиротите студенти, што тие се принудени да се служат и со вакви нечесни методи за да го издржат притисокот и да го постигнат посакуваниот „успех“. Настрана од неговата неприлагоденост на нашите услови, проблемот со препишување на едни исти семинарски, кои со години кружат меѓу студентите на нашите факултети, и одбивањето да се размислува самостојно датираат уште од времето на „старата програма“ и се длабоко вкоренети, не само во системот, туку и во психата на македонските студенти.


Излез I декември 2010 На што се должи тоа? Фактот што првата помисла на еден студент со здрав разум и сосема пристојна интелигенција кога ќе добие задача да напише најпрост есеј е како да се снајде и од каде да симне и преведе/препише материјали е симптоматичен – освен што укажува на мрзливост, ни открива и дека студентот веројатно нема свест за важноста на развивањето на неговите мисловни и креативни способности. Тој никогаш не бил научен да мисли сам и сам да ги завршува обврските. Мајка му му ги цртала цртежите во основно, братучетка му била одговорна за писмените состави, професорите во средно не биле заинтересирани за неговите ставови, напамет ги учел зборовите на разни авторитети, професорите на факултет ги толерирале неговите плагијати (ако почнат да ги бркаат сите студенти што на тој начин „пишуваат“ есеи, колку студенти ќе останат на факултетите?), а можеби и нивните магистерски и докторски дисертации и најнови книги се нелекторирани плагијати, понекогаш составени токму од лошо преведените „трудови“ на студентите. Освен тоа што не се учат дека треба самите да пишуваат, студентите не добиваат ни упатства за тоа како се пишува. Предметот „Академско пишување“ би требало да се воведе како задолжителен на сите факултети и студиски програми во првиот семестар, како што е тоа случај на многу странски универзитети. На тој начин, би имало основа студентите понатаму и почесто да се оценуваат преку нивни оригинални трудови, отколку само преку испити. Би се охрабрил нивниот истражувачки дух, би добивале повеќе пракса и секако би стекнале подолготрајно и поквалитетно знаење од ова што сега го добиваат преку учење за испити. Во сегашната ситуација, заклучокот е дека нашиот систем на образование и, можеби, целото општество негуваат една култура на препишување. Секако, оваа појава не е својствена само за Македонија. Препишување има насекаде, дури и во Британија и во САД, каде што се наоѓаат најдобрите универзитети во светот. Таму функционираат цели легитимни компании кои изработуваат илјадници оригинални есеи и семинарски за студентите; со едноставно пребарување на интернет можат да се најдат нивните веб страници и да се прочита што нудат. Меѓутоа, не верувам дека препишувањето таму е толку сеприсутно како овде. Оваа култура може да се искорени само преку будно дејствување на професорите, кои ќе им укажуваат на студентите на користа од независното аналитичко размислување и кои, пред сè, ќе ги натераат студентите да сфатат колку е вреден и колкава сатисфакција носи плодот од сопствениот оригинален интелектуален напор. Даниела Атанасова

Ние и системот

Копипејст умови?! Вредноста на оригиналноста во модерното време Иако е нелегално, копирањето туѓи дела во контекст на трудови, есеи и семинарски претставува многу „безбедна“ процедура. Точно знаеме каква ќе биде реакцијата (некој друг веќе го изгазил снегот), претставува релативно лесна и едноставна работа, не е мачно (затоа што стремежот кон уникатност и оригиналност кај нас е еднаков на мака) и не го разголуваме нашето кревко вистинско мислење за да биде распарчено од крвожедни ламји, или од што и да се плашиме кога не сакаме да пишуваме самостојно. Исто така, кога претставуваме туѓи мислења како наши, автоматски ја добиваме поддршката од постарите генерации, затоа што туѓите мислења воглавно се мислења на постарите генерации. Зарем не е ова една одлична ситуација? И сега, нормално, следува делот кај што објаснувам како тоа воопшто не е точно. Во ова информатичко (кај нас квазиинформатичко) време, потребни ни се уникатни идеи, флексибилни умови, адаптибилни и конструктивни личности. Наспроти тоа, ние произведуваме безбедни ограничени пресметувачи, кои се програмирани да пренесуваат информации од други извори. Постои опасност да станеме држава полна со агрегатори на информации. Во дигиталната ера, или бран, имаме моќ инстантно да споделиме информација со милиони луѓе, а воедно и инстантно да најдеме информација, при што создадени се услови да се намали повторувањето на идеите и да се фокусираме на создавање оргинални идеи, производи и услуги. Ова е многу важно, затоа што од оригиналноста зависи индивидуалниот успех, но и успехот на Македонија како држава. Пазарот ги „наградува“ оние кои „даруваат“ нешто ново. Луѓето се дестандардизираат поради пристап до поголем спектар на информации од кога било порано, па следствено и нивните потреби се дестандардизираат. Во овој контекст, би го цитирал Алвин Тофлер: „Во времето на индустриското општество, неуморното ширење на стандардизирани слики од страна на медиумите создаде нешто што критичарите го нарекуваат „ум на масата“. Денес, наместо маси од луѓе кои ги примаат истите пораки, се јавуваат мали расцепкани групи, кои примаат и меѓусебно си испраќаат големи количини сопствени слики“. Таквата побарувачка тешко се предвидува од една централизирана голема компанија, што значи дека и страшните теории на заговор полни со злобни глобални компании наскоро ќе завршат на полиците за жанрот фикција. Големите компании сè потешко и потешко ќе можат да профитираат од милиони луѓе со комплексни и чудни интереси и потреби. Ќе мора да се фокусираат на помали пазари, оневозможувајќи заговори и централизација на моќта. Модерната побарувачка денес се заснова врз факторот новитет. Поминаа времињата кога како општество најважно ни беше да имаме редовни, послушни, специјализирани и статични работници, па во тој дух и ги образувавме и обучувавме учениците и студентите. Во Македонија некако тешко ни оди збогувањето со тој формат, но се надевам дека нема да мора да поминат неколку генерации пред да го исфрлиме од општествената навика и меморија тој принцип на образување граѓани. Преземањето туѓи тези, идеи и текстови без свој оргинален и крупен придонес е еднакво излишно како и секојдневното повторно и повторно докажување дека Земјата не е центар на Сончевиот систем. Денешниот работник треба да создава во контекст на новото време и новите потреби, а студентот треба да се развива на сличен начин. Да се биде оргинален денес е многу потешко од порано, но вреди многу повеќе. Дамјан Цветков - Димитров

5


Вести

Излез | декември 2010

Aктивно учење во големи студентски групи Човек мора некако да се снајде

На ден 18.11.2010, четврток, во Скопје, група млади ентузијасти одржаа работилница под наслов: „Aктивно учење во големи студентски групи“. Што ги поттикна да зборуваат на оваа тема? Реалноста на универзитетите во Македонија, кои се преполни со студенти кои имаат различен степен на подготвеност за факултетскиот начин на живот. Овој наплив на студенти, кој е резултат на проширувањето на квотите на универзитетите, не е голем проблем само за студентите, кои се тискаат во училниците, па понекогаш и стојат за време на целото предавање, туку претставува проблем и за самите професори, кои просто се губат во соби полни со 200 луѓе. Се поставува прашањето: Како да се справиме со оваа нова ситуација? Сите знаеме да кукаме и да се жалиме, но овие пет млади ентузијасти размислувале како да го решат проблемот и имаа солидни одговори. Секој од нив престојувал еден семестар во странство, каде што стекнал значајно искуство во својата област. Финансирани од Програмата за развој на млад факултетски кадар(Junior Faculty Development Program-JDFP), програма на Министерството за образование и култура при Стејт Департментот на САД, а спроведена од организацијата Американски совети за меѓународно образование (American Councils for International Education), тие решиле нешто да сменат и да ги споделат со другите своите идеи и впечатоци од земјите во кои престојувале. Заедничко за сите од оваа група млади ентузијасти е тоа што тие биле директни учесници

6

во начинот на кој на универзитетите во САД и Англија се мотивираат студентите, со цел што поактивно да учествуваат во наставата. Нивниот проект се состоеше од три работилници за наставниците од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Во иднина се планира и издавање брошура на тема „Активно учење“, а по библиотеките во државава ке бидат разделени и книги на истата тема. Работилницата во Скопје ја отвори м-р Елена Ончевска Ејгер. Таа зборуваше со таква жар и таков ентузијазам за нејзиното искуство при изработката на нејзиниот магистерски труд во Лидз, Англија, што се сомневам дека некој остана рамнодушен по нејзината презентација. Покрај тоа што предложи неколку пристапи и стратегии за активно учење кои ги илустрираше со примери од нејзиното досегашно искуство како лектор по англиски јазик, ја вклучи и публиката, со што се разви широка дискусија за тоа колку овие стратегии би се применувале во нашата средина. Се разбира, имаше отпор од присутните (секогаш има некој што ќе рече дека тоа е невозможно да се изведе), но никогаш нема да дознаат ако не се обидат. Зошто да не им се даде можност и на самите студенти да изберат кој начин на работа им е поинтересен? Бидејќи и бројот на студентите во групите се зголеми, професорот треба да промени нешто во пристапот и да се навикне на новата реалност, а не да настане една збрка и општ хаос во кој и професорите и студентите се чувствуваат изгубено. Потоа, м-р Јане Божиновски ни раскажа за неговото искуство во Илиноис, каде и самиот бил во голема група, но сепак се функционирало одлично и без забуни бидејќи професорот користел современа информатичка технологија на предавањата. Елена Филиповска- Божиновска зборуваше за Клер Крамш, професорка на универзитетот Беркли која одлично се снашла и ги активирала сите студенти од нејзината огромна група и и оставила голем впечаток користејќи некласични методи во наставата. Во наредните 30 минути, м-р Александар Наумоски ни покажа како може да се искористи анализа на случај (case study) во наставата, додека м-р Атанаско Атанасов говореше за ревизија и за конкретни ситуации, симулации и приказни кои тој ги користи на часовите. Сите презентери беа навистина извонредни и иако публиката беше малубројна (дваесетина луѓе), секој од присутните научи нешто ново или барем беше поттикнат да размисли како некои од овие техники и пристапи може да ги примени во својата училница. Тихомир Давчев Филолошки факултет „Блаже Конески“


Излез I декември 2010

Ние и системот

Ние и системот Мислење

Робови на левата хемисфера Вака поставениот образовен систем секогаш ќе произведува кадри на општествено корисни чиновници кои ќе имаат огромен квантитет на информации, но никогаш нема да бидат способни да дојдат до суштинско знаење врз база на тие информации. А што ќе се случи со „уметничките души“? Идеалната цел во образовниот систем на едно општество е да создаде личности способни да ги остварат сопствените цели и целите на општото добро. Но ова е вистина само по дефиниција, додека реалноста е многу поинаква. Денес во образовниот процес успеваат и се почитувани само оние личности кои имаат одлична способност за паметење, за логично заклучување врз база на поединечни факти и кои генерално имаат аналитичка природа, додека пак оние кои се склони кон неконвенционалност, креативност, интуитивност и фантазија, наидуваат на потешкотии низ образовниот процес и подоцна во интеракцијата со општеството.

факти, бидејќи самата таа е првенствено ориентирана кон предмети од фактичка природа, а сè помалку кон предмети кои налагаат согледување на суштината на материјата и кои во крајна линија поттикнуваат дивергентно мислење. Се оди дотаму што дури и оние предмети кои сами по себе бараат дивергентен пристап за сфаќање, сега се предаваат и се полагаат на таков начин што од студентите не се бара ништо повеќе од учење напамет. На крајот се доаѓа до заклучок дека стереотип за успешен студент е студент кој одлично меморира и одлично заклучува логички и ништо повеќе. Од каде робови на левата хемисфера?

Прашањето е: зошто е тоа така? Зошто само првиот тип на личности лесно се снаоѓаат во образовниот процес, додека пак другите се среќаваат со најразлични пречки во постигнувањето успешни резултати? Никако не смееме да заклучиме дека првите се поуспешни, додека другите се од „втор ред”. Наставната програма денес фаворизира една одредена ментална конституција на ученици/студенти кои се добри во меморирање

Интересно е да се направи една паралела со физиологијата, поточно неврологијата. Многубројни истражувања во последниве неколку децении дојдоа до заклучок дека левата и десната хемисфера на големиот мозок, кои иако се идентични по својата форма и големина,

7


Ние и системот

Излез | декември 2010

Фотографија: Јасна Дишлиеска Митова, Филозофски факултет сепак се до одредена мера различни по својата функција, имаат различни афинитети. Преку ваквата латерализација на мозокот за левата хемисфера е општо прифатено дека процесира податоци од фактичка природа и тука се извршуваат математичко-логичките расудувања, додека десната хемисфера е онаа која става акцент на креативноста, фантазијата, интуицијата и заклучува по пат на слободна асоцијација, т.е. процесира симултано, без некој логички след. За подетално да се запознаете со афинитетите на двете хемисфери, разгледајте ја табелата подолу.

Случајност или добро смислена тактика? Значи двете хемисфери ни даваат два различни модуса на мислење. Прашањето е колку ги користиме. Проблем е колку од нив не се прифатени како позитивни во денешното општество. Веќе согледавме дека образовниот процес е фокусиран и на тој начин ограничен поради ваквиот едностран пристап применет врз наставните програми. Но зошто е тоа воопшто така? Од каде потребата

Забелешка: Ваквото диференцирање на различните човекови мисловни афинитети треба да го земеме со одредена доза на резерва. Табелата е дадена чисто како илустрација. Оној кој поопширно се занимава со овој дел од медицината добро знае дека мисловните процеси се толку комплексни што не можат туку така да им се припишат на левата или на десната хемисфера, туку се производ од комбинација на различни процеси помеѓу двете хемисфери.

8


Излез I декември 2010

Ние и системот

да се дојде до таков атомистички пристап во образованието, а да се игнорира еден холистички пристап? На крај се доаѓа до прашањето: дали е ова еден случаен историски процес манифестиран во образованието како аспект на општеството, па и на самото човештво, или пак е интелигентно и систематско намерно „затапување“ на човекот уште од мали години? Доколку се запрашаме со помош на „десната хемисфера“, одговорот е: „премногу е да е случајно!”, што воопшто не ни дава реален одговор. Но доколку се запрашаме со помош на „левата хемисфера“, ќе наидеме на низа од логички консеквенци кои укажуваат дека образовниот процес постепено се обликува на таков начин за целосно да соодвествува на потребите на општеството, а не на природниот стремеж кон вистинско знаење кое не бара ништо за возврат, туку потреба од само-актуализација. Реалноста е на таков начин заробена во општествени рамки што од неа нема потреба да се раѓаат личности кај кои општеството е премногу мало за да биде реалност. Тоа се т.н. „уметнички души” кои се сметаат како спореден продукт во едно општество, бидејќи не придонесуваат капитал. Оние личности на кои логиката, математиката и фактите им се стимул се оние кои придонесуваат капитал, бидејќи тие се оние кои, на крајот на краиштата, доаѓаат до работни места на кои имаат моќ да создаваат капитал. Но дали е сепак ова дел од општото добро? Вака поставениот образовен систем секогаш ќе произведува кадри на општествено корисни чиновници кои ќе имаат огромен квантитет на информации, но никогаш нема да бидат способни да дојдат до суштинско знаење врз база на тие информации. Уште повеќе, таквиот склоп на информации никогаш нема да им даде до знаење дека тие воопшто и не придонесуваат за општото добро, туку секогаш ќе бидат во заблуда дека се вредни со самото тоа што успеваат да создадат капитал. Токму ваквиот начин на образование и подоцна интеракција во општеството, поттикнува и охрабрува напредок врз база на алчност и себичност, а не на алтруизам и љубов. Вака устроените индивидуи ќе се ослободат од сета емоционалност како штетна за општествениот напредок, а во прв план ќе ја стават моќта на логичното расудување. И на крај, смртта на илјадници луѓе од глад ќе биде статистика, а не трагедија. Тоа ќе биде идниот, ако не и веќе денешниот, роб на левата хемисфера. Што ќе биде со личностите кои ги генерализирав како “уметнички души”? Како ќе се снајдат тие во овој формален образовен процес, кој налага послушност, конформизам, конзистентност, проблемска прогресија во изучуваниот материјал и надворешен стимул? Бидејќи тие се личности кои не се постојани и повеќе или помалку имаат радикални сфаќања. Нивниот стимул многу често повеќе потекнува од одреден внатрешен порив, отколку од надворешен. Кај нив проблемската прогресија не создава некој голем интерес, туку тие знаат и учебникот да го листаат од последната кон првата страна. Тие сакаат однапред да ја знаат целината за потоа да ја разложуваат и анализираат. Тие понекогаш знаат и да решат одреден проблем, без притоа да знаат како воопшто дошле до решението.

Јасно е дека сиве овие мисловни афинитети се во конфликт со институционализираното образование, па произлегува прашањето како да се реши овој проблем. Повторно станува јасно дека решението се наоѓа надвор од академските кругови. Всушност, вака поставеното денешно образование е само симптом на болеста – општеството. Затоа, нема потреба од „лечење” на симптомот, бидејќи со таквата акција постои можност да се потисне проблемот до таа мера што повеќе нема да дава знаци дека нешто не е во ред. А во медицината е јасно дека доколку се излечат симптомите, болеста ќе тлее и ќе се влошува, без притоа да сме свесни за нејзиното присуство. Така и во образованието, доколку премногу се спроведуваат реформи, а притоа општествениот режим останува ист, постои можност да се влошат работите. Затоа, сега за сега, она на што може да се надеваме е професорскиот кадар. Ми се чини дека најголемиот дел од нив се свесни за намерното „затапување” на студентите, но ја немаат комплетната моќ да одлучуваат за тоа како ќе се обликува наставниот план. Малкумина професори се доволно храбри и сепак се одлучуваат на свој ризик да создадат еден автономен наставен план со намера студентите навистина нешто да научат. Да ја почитуваме нивната храброст! Златко Најденовски Филозофски факултет

9


Ние и системот

Излез | декември 2010

Мислење

Неефикасноста на историскиот пристап во високото образование Колку изучувањето на историскиот развиток на одредени дисциплини е во дослух со пазарните фактори понуда и побарувачка? Евалуација на добиеното знаење Свесни сме за материјалистичката улога и општите влијанија на современиот „пазар на знаења“ (произлезен од нагласениот општествен дарвинизам, пред сè кај релативно послабо развиените општества, меѓу кое, за жал, е и нашето) врз студентскиот начин на размислување, врз застапуваните прагматски парадигми кои ни го трасираат патот до „успехот“, врз депрофесионализирањето и кариеризацијата кои нè насочуваат кон дејствување во согласност со нормативи со нeприлагодлив однос кон севкупните општествени трансформации. Устоличеното фактографски устроено образование во Македонија, барем минативе две децении, не може, во крајна линија, да се нарече задоволително во однос на целта за која, на извесен начин, е предодредено, од најмалку две причини: 1. неможноста за неговото ефикасно користење во рамки на професијата, определена од факторите понуда и побарувачка; 2. традиционалната општествена ненаклонетост кон менување на стандардите кои го евалуираат сеопштото знаење во однос на она што претставува крајна цел, наспроти она што е фиктивно и несуштинско во образовниот процес – знаењето заради индивидуална духовна нега и самодисциплина, наспроти знаењето во контекст на преживувањето, кое порано или подоцна е осудено на извесна инструментализација, најчесто во политички, религиозен, национален, етнички, индустријален... контекст.

10

За жал, овде неопходно е да се напомене дека кај околу приближно 40.000 студенти на УКИМ, во нивните размислувања за „смислата“, како и технизираноста на самото знаење (во смисла на знаењето во отсуство на аналитичка продуховеност кон него), за жал отсуствува зрело и сериозно преиспитување на реалната отуѓеност од системот понуда-побарувачка. Користа од познавањето на економско-социјалните контексти во изборот на животната професија е огромна, додека


Излез I декември 2010

Ние и системот

нивното непознавање води кон вработување на несоодветни работни места во однос на квалификациите здобиени во текот на самото високо образование.

Што нуди изборот на надисторискиот приод во практичното и теоретското изучување на која било дисциплина во класична смисла?

Сепак, мошне фундаментално, се чини, е занемарувањето на процесот на евалуација на статусот на знаењето, со кое како индивидуи се здобиваме и го развиваме токму во институционализирана, стандардна за сите, форма. Затоа, наспроти релативно малубројните и секогаш постоечки исклучоци, кадрите кои ги произведува безмалку секој одделен факултет во земјава се на статистички незавидно ниво, споредено со останатите балкански земји, во однос на побарувачката како умствен потенцијал во поразвиените европски и светски земји, што е релевантен показател за реалните капацитети на нашиот систем. Неприлагодливост на високо образовната дејност кон потребите

Најпрвин, отстапување доволен простор на секој потенцијално критички ориентиран студент за реконцептуализација и реевалуација на досегашните норми за формирање на оценките наспроти реалните потреби од знаење, коишто како личност ги чувствува.

Сепак, вината за пост-образовната неефикасност на кадрите на државните и приватните универзитети од земјава ја носат, во голема мера, самите психолошкосоцијални особености на студентите и професорите, додека, од друга страна, пропустите во образовниот процес се должат и на застареноста на програмските одредници. За каков вид „грешки“ овде зборуваме?

Сето ова го трасира патот за теоретско и практично специјализирање кај оние кои произлегуваат од образованието, односно кои ненужно продолжуваат со неговата највисока инстанца – постдипломското, пред да се интегрираат во произволен сегмент на системот.

Кај речиси секој од 22-та факултети кои влегуваат во склопот на УКИМ, но и кај останатите државни и приватни универзитети, пред сè во доменот на општествено-хуманитарните дисциплини, основниот акцент е ставен на историскиот и развоен аспект на областа, т.е. предметот на изучување, и тоа изучувањето на развојот на посебните дисциплини – историја на право, економија, политика, филозофија, јазик, книжевност итн. Покрај ова, како и кај сите светски земји, постојат институти чиј предмет на проучување може да биде историја на цивилизација, национална историја, историја на уметност итн, поткрепени од дисциплини што практично го манифестираат научниот метод: палеонтологија и археологија. Разбирливо, истражувачкиот предмет на овие посебни факултети не може, ниту пак е препорачано, да се укине само заради моменталните национални/ регионални/светски трендови на понуда-побарувачка, бидејќи историјата на еден колектив или народ претставува егзистенцијална основа за традицијата воопшто. Според тоа, индивидуалниот интерес за студирање на некој од факултетите непосредно врзани за историските проучувања би требало да биде одреден од мноштвото психолошко-социјални фактори, кои, како и во однос на секој останат факултет, го определуваат афинитетот за запознавање со она што го подразбираме под колективна/национална култура и идентитет. Токму заради наведеното, овде не се алудира на целосно отстранување на историјата од образовните програми. Сепак, потребно е да се воспостават нови правила и програмски обрасци, со кои би се редуцирал историскиот пристап во образовниот процес и би се отвориле можности за избирање на надисторискиот пристап за секој студент кој сопствениот интерес го насочил во тој правец.

Аналитичноста кај студентите од овој тип претставува еден од најзначајните параметри врз кои треба да се заснова односот студент-образовен систем, затоа што носи корист за двете страни: 1. согледување на сеопштите можности за подобрување на едукативниот процес од страна студентот; 2. прилагодување на образовниот систем кон потребите на студентите во функција на општата ефикасност на стекнатите животни знаења.

Релативно голем дел од највисоко рангираните светски универзитети од САД, Русија, Јапонија, Шведска, Германија, Британија, Кина, Индија, Бразил итн, ги стимулираат сегашните или идни студенти кон избор (со оглед на тоа дека истиот е веќе задоволително овозможен) на надисториски и доследни методолошки проучувања во општествено-хуманитарните науки – преку обезбедување стипендии, ваучери, извесни олеснувања во процесот на вработување, преку привремени вдомувања, превоз и др. Сметам дека стимулирањето на студентот (на различни начини од страна на државните или приватни високообразовни институции) во денешно време да го избере надисторискиот пристап не претставува неостварлива задача (притоа самиот стимул не би бил само материјален, туку и психолошки), но е задача која бара наставни кадри со повисоки можности за прилагодување кон новите техничко-технолошки трендови и со потенцијал да го подобрат кој било аспект на образованието, како и држава која со сигурност би обезбедила можности за искористување и реализација на стекнатото знаење. Поттикнувањето на теориски применливите општествено-научни проучувања води до повисок степен на интелектуално специјализирање, односно зголемување на дијапазонот сознанија во една потесна област, во која идните академски граѓани го согледуваат својот повик и придонес за заедницата којашто ја конституираат. Стефан Марковски Филолошки факултет „Блаже Конески“

11


Ние и системот

Излез | декември 2010

Е-книги, еднократна инвестиција – подостапно и поквалитетно образование засекогаш! Младите и онака поминуваат премногу време пред нивните компјутери, тогаш зошто не би го искористиле тоа време попаметно, читајќи е-книги?

Студирањето претставува една од најважните инвестиции во животот на еден човек, но таа инвестиција чини скапо, а особено во Македонија. Студентите како и секаде во светот се изложени на различни трошоци: за школарина, литература, домување, превоз и сл. Но кај нас, реалните трошоци за образование едноставно не соодветствуваат на животниот стандард.Тогаш како до поевтино образование? Укинување на школарините и воведување на целосно бесплатно образование е нешто што секој студент го посакува, но фактичката состојба на системот не може да издржи таква реформа. Меѓутоа, постои простор за мали промени и реформи кои можат да резултираат со подобрување на високото образование и студентскиот стандард. Потенцијал за промени од таков вид поседуваат е-книгите. Тие безмалку претставуваат една од најважните иновации во сферата на образованието и поседуваат револуционерна моќ со која можат да го променат начинот на кој истото фукнкционира. Сигурно ќе се изненадите, но е-книгите како концепт, постојат веќе речиси половина век. Колку и да звучи чудно и неверојатно, концептот за е-книги датира уште од далечната 1971 година. Во таа година Мајкл С. Харт го започнува проектот Гутенберг, а прв предмет на дигитализација е Декларацијата за независност на САД.

12

Како е-книгите можат да ги намалат трошоците за студирање? Учебницте претставуват значителен трошок во текот на студирањето. Цените на учебниците на некои факултети достигаат и до стотина евра за семестар. На пример, на Економскиот факултет при УКИМ, цената на учебниците во првиот семестар изнесува пет илјади и осумстотини денари. Од друга страна пак, цената на партиципацијата за еден семестар во зависност од квотата се движи помеѓу шест илјади и сто денари, и триесет илјади и сто денари. Од тој аспект, учебниците во трошоците за студирање на Економскиот факултет учествуваат со 48%, 31%, односно 19% за секоја од квотите. Очигледно е дека учебниците претставуваат значителен трошок при студирањето. Намалување на нивните цени или нивна бесплатна дистрибуција може значително да ги намали вкупните трошоци за студирање. Токму е-книгите претставуваат идеално решение за тоа. Производството на е-книги и не претставува „класично производство“. Напротив, претставува процес на создавање интелектуална вредност ослободена од материјално постоење, во што всушност и е убавината на е-книгите.Односно, покрај почетните трошоци за


Излез I декември 2010

Ние и системот

Фотографии: Дамјан Цветков-Димитров создавање на првата копија на е-книгата (трошоци за авторски права, лектура, дизајн и сл.), трошоците за создавање на дополнителни копии се приближно еднакви на нула.Процесот на репродукција условно е сведен на copy-paste. Во тој контекст дополнителни копии можат да бидат понудени во неограничени количини, без при тоа да се направат какви било трошоци. Оваа предност на е-книгите може да се искористи од страна на институциите за намалување на трошоците за студирање. Доколку постои волја, универзитетите можат да одлучат учебниците (кои инаку постојат и во дигитална форма) да бидат претворени во е-книги, т.е. е-учебници. Истите потоа, скоро без никакви трошоци, можат бесплатно или по многу ниска цена да им се дистрибуираат на студентите. Во прилог на намалувањето на трошоците за учебници, предност претставува и можноста за брзи и евтини промени во содржината на е-книгите. Односно, новoдополнети и изменети изданија можат да се произведат без притоа да се прават трошоци за повторно печатење. Во вистинската смисла на зборот, ова претставува еднократна инвестиција за долготрајни ефекти во високото образование. Предностите на е-книгите Интерактивното е и квалитетно образование! Ако една слика вреди илјада зборови, дали тогаш можете да замислите колку зборови вреди едно видео? Е-книгите можат да содржат интерактивна содржина, а ова освен стандардните текстови и слики подразбира и други едукативно-интерактивни содржини, т.е. видеа и звуци, анимации, квизови за самотестирање и други интерактивни форми. За ваквиот вид содржини постојат научни индикации дека претставуваат ефикасно средство во пренесувањето на информациите и помагаат при нивното учење и разбирање. Е-книгите не познаваат граници! Напротив, тие им овозможуваат на студентите, дури и на оние со нарушен вид, неограничен пристап до знаења и информации. Имено, преку соодветни софтвери (text-to-speech software) е-книгите можат лесно да се претворат во аудио книги; на овој начин

книгите се слушаат и хендикепот е елиминиран. Оваа карактеристика на е-книгите ја прескокнува Брајовата азбука во процесот на „читање“, а со тоа и го скратува времето потребно за истото. Исто така, од овој аспект, е-книгите ја намалуваат и потребата од користење оптички помагала (контактни леќи и очила) при читањето, бидејќи овозможуваат прилагодување (зголемување или намалување) на големината на фонтот, промена на неговата бојата и изгледот. Библиографии, референци, цитати и фусноти неограничени знаења на само еден клик од вас!

Дали некогаш сте сакале да прочитате нешто повеќе од она што „скромно“ го презел авторот? Е-книгите нудат опција за директно линковско поврзување (поврзување преку hyperlink) на преземените и цитирани содржини со самите извори. Оваа опција на студентите им овозможува пристап до дополнителни информации и проширување на нивното знаење, а за полесен и побрз пристап до информациите внатре во е-книгите, е-книгите располагаат со вградени пребарувачи кои овозможуваат пребарување по клучни термини низ содржината. Е-книгите се пријатели на животната средина. Можат да се прозведат во неограничен број и притоа да не се исече ниту едно дрво. Не се потребни печатарски машини кои трошат големи количества електрична енергија и мастило. Е-книгите се лесни за чување и пренесување. За разлика од обичните книги, тие цврсто му се спротивставуваат на забот на времето.Во пожарот во библиотеката во Александрија изгоре непроценливо книжевно богатство, но е-книгите обезбедуваат зачувување и опстанок на литературата. Најпосле, е-книгите ги охрабруваат авторите да пишуваат и издаваат. На овој начин, е-книгите им се спротивставуваат на бариерите за влез во издавачката индустрија. Многу млади автори кои треба да се докажат можат самостојно да напишат и објават книга без никакви трошоци. На овој начин издавањето книги излегува од сферата на бизнисот и остварувањето на профит и се навраќа на првичната идеа, уметнички израз, креација и пренесување на информации и знаење. Нино Домазетовиќ

13


Екс-студент

Излез | декември 2010

Интервју со Дуке Бојаџиев, музичар

Ризикот е формулата за успех Најважна е амбицијата, а не локацијата, буквално не постои нешто што е невозможно. Лимитот сами си го поставуваме. За доволно смелите и упорните не постои лимит на можностите. За да се биде успешен и исполнет најважно е да се ризикува - водејќи се од оваа мисла, нашиот Дуке Бојаџиев, по завршувањето на студиите по општа медицина во Скопје, заминува во САД за да го продолжи своето школување на еден од врвните образовни институции во светот- Музичкиот колеџ Беркли и веќе десетина години прави успешна музичка кариера во САД. На наше огромно задоволство, имавме чест да поразговараме со него и да споделиме со нашите читатели некое искуство од неговиот студентски живот, но и моменти од неговата кариера во САД. Па, Дуке, како е да се биде дел од секојдневието на Њујорк? Њујорк е како и секој голем урбан град. Денот е полн со работни обврски, секојдневни проблеми што треба да се решат, од приватни до професионални. Сите оние знаменитости по кои го знаеме градот се дел од туристичка атракција која во секојдневието е незабележлива. Има возбудлива динамика и многу нешта се случуваат во кратко време, понекогаш имам чувство како да е сè забрзано во однос на животот во него. Се содржи ли сето тоа во твојот нов албум „New York a.m.“? Го чувствуваш ли овој албум како оддишка на твојот живот изминативе десетина години? Да секако, се обидов да пресликам дел од атмосферата во моето последно албумско издание. Дел од таа еклектика, мешаност на култури и цивилизации, симбиоза и интеграција на луѓе од буквално секое ќоше на планетава во една голема заедница што ја знаеме како Њујорк. На некој начин албумот дава една звучна слика на сето овдешно секојдневие и годините и искуствата поминати во него. Зошто музичар, а не лекар? Со каква магија те привлече музиката? Музиката ми е во гените, фамилијарно, но секогаш ја гледав како мое хоби, не како професија. Затоа и никогаш не се школував музички, туку ја сметав како едно поле на природно истражување кое самиот го истражував со детска љубопитност, буквално од својата трета година. Одев низ сите стилови, од џез до класична музика и од поп до електронска, што денес многу ми значи во мојот широк спектар на работа на музичкото поле, посебно во филмската музика. Во текот на моите

14

студии на Медицинскиот факултет веќе влегов во фаза во која покрај композиција, почнав да се занимавам со аранжман и продукција, почнав да работам и соработувам со наши врвни музичари како Есма Реџепова, Калиопи, Драган Даутовски, Златко Ориѓански, Медо Чун и ред други. Во моментот кога дипломирав на Медицинскиот факултет, веќе бев толку навлезен во музиката што немаше можност за враќање назад. Се запишав на Беркли, музичкиот колеџ во Бостон, и од таму се насочив на меѓународна музичка кариера, која во 2001 година ме донесе во Њујорк каде што сè уште живеам и творам. Како екс-студент, можеш ли накратко да направиш разлика меѓу студентскиот живот во Македонија и во САД? Ова е исто како накратко да направам разлика меѓу општествениот или економскиот систем во Македонија и САД. Нормално дека е исто толкава разликата на секое поле. Особено затоа што се школував на една од најврвните музички школи во светот од која излегуваат многу светски таленти и изведувачи. Главната разлика што можам да ја посочам е тоа што во САД учењето на факултет е слично со учењето во средно училиште кај нас. Во смисла, нема испити, се учи низ целата година, се полага писмен тест на средина на полугодието и еден на крај. На крајот од секој семестар, студентите го оценуваат професорот и пишуваат дали се задоволни од семестарот и ако не се – зошто не се. Има еден баланс, како во школувањето, така и во односот. Ако од еден професор се пожалат повеќе студенти, универзитетот презема мерки. Од друга страна, на Беркли еден семестар чинеше во тоа време повеќе од 8.000 долари, па кога ќе се земе и тоа предвид, сè има смисла, студентот се третира и како консумент на знаење кој плаќа за тоа. Претпоставувам и кај нас е различен третманот помеѓу државните и приватните универзитети каде што се плаќа повеќе. Зошто, според тебе, многу студенти својата успешна иднина ја гледаат во странство? Не нуди ли Македонија можности за напредување во рамките на сопствената кариера? Мислам дека сè си има своја тежина и тоа е многу индивидуална одлука. Во странство можеби има повеќе можности од една страна, но од друга бара многу повеќе работа и не значи со сигурност многу повеќе успех. Пробив во нова култура, нов јазик, нова цивилизација не е едноставно нешто, и бара голема


Излез I декември 2010

решеност. Најважно е човек да се чувствува среќен, а тоа може да е секаде, кај нас, во САД, во Азија, каде и да е. Среќата доаѓа од внатре, не од надвор. Поентата не е каде живееш туку како живееш. Има луѓе што кај нас имаат убав живот и со скромни примања, а има тука луѓе со големи примања и навидум преубави услови, кои имаат несреќен живот. Македонија го нуди она што може да го понуди и повеќето земји со историја и ситуација слична на нашата го нудат истото тоа што и ние. Ние сè уште сме во фаза на интеграција кон светската заедница. Сепак, не значи дека човек не може да ја најде среќата и тука. Ние сме тие што можеме да и помогнеме на Македонија да стане подобро место за живот, со нашето влијание во културата и секојдневието, со будење на свеста, посебно кај младите генерации. А ако во еден млад човек постои поривот да се бори на меѓународно поле, дури и тоа може да се изведе од Македонија, еве добар пример за тоа е Симон Трпчевски, еден ретко талентиран и амбициозен пијанист кој токму пред некој ден гледав како го дигна на нозе Карнеги Хол во Њујорк, а е со постојано седиште во Македонија. Најважна е амбицијата, а не локацијата, буквално не постои нешто што е невозможно. Лимитот сами си го поставуваме. За доволно смелите и упорните не постои лимит на можностите.

Екс-студент

академија), но сепак вкупно 9 години студирање е долг студентски живот. Многу прекрасни искуства, многу пријатели стекнати по патот, како од Македонија така и од целава планета. Но животот вистински почнува подоцна, кога искуствата треба да се употребат во животни ситуации: работа, социјални односи, секојдневие. Студентските денови се многу побезгрижни од реалниот живот што почнува по нив и затоа треба да се уживаат максимално и да се искористат најпозитивно, за нови знаења, за стекнување на добри кругови на пријатели и почеток на градење на една нова реалност и иднина. Дуке, за крај би те прашале: вреди ли да се ризикува во животот? Апсолутно, за сè што се сака вистински, ризикот е вреден. Големите амбиции и големите соништа бараат големи ризици и голема упорност, но и носат големи резултати. Ќе завршам со еден цитат од мојот омилен писател Пауло Коељо. - Ризикот е неопходен. Само така можеме да ја сфатиме магијата на животот, кога ќе дозволиме неочекуваното да се случи... Мими Николиќ Филолошки факултет „Блаже Конески“

Би сакал ли да се вратиш повторно во студентските денови? Па искрено не, не би сакал да се вратам во ниедни денови, бидејќи секогаш живеам во моментот и за моментот. Имам прекрасни спомени од моите студентски денови и кај нас и во САД. Дијаметрално различни искуства (кај нас Медицински факултет, тука Музичка

15


Форум – Економски алтернативи

Излез | декември 2010

Zeitgeist – промена на неодржливите практики Граѓански активизам за промена на постојниот економски поредок. Крајот на монетарниот систем? Во рамки на глобалниот феномен на општествено свесни режисери и нивните документарни филмови кои во последните неколку години го покренаа вниманиете на луѓе од сите страни на светот, и со тоа го свртеа фокусот кон сериозни општествени проблеми, несомнено се вбројува и Питер Џозеф (Peter Joseph) и неговите Zeitgeist филмови. Вториот од нив, „Zeitgeist: Addendum (2008)“, преку прониклива анализа и критичко расудување доаѓа до заклучок дека воените конфликти, сиромаштијата, гладот и останатите непотребни човечки страдања својот корен го имаат во монетарниот систем. Ние, како современици и „само-назначени чувари на статус кво состојбата“, не сме свесни за оваа реалност и сите овие проблеми ги примаме како повремени нарушувања на нашето спокојство, а не како системска грешка на нашето општествено устројство. Вистината е дека традиционалните економски и политички практики, т.е. самиот општествен дизајн ги генерира овие проблеми – тие не се исклучок или девијација – тие се самата суштина на сегашниот поредок. Ако е ова точно, а точно е, и ако не сакаме да гледаме глад, сиромаштија, војни и криминал дали може нешто да се направи за да ги надминеме овие проблеми?

MONEY

RELIGION

Втората половина на овој филм нуди можно решение. Жак Фреско (Jacque Fresco), индустриски дизајнер и социјален инженер, го предлага своето животно дело, „Проектот Венера“ (The Venus project), како нов општествен дизајн што ги зема предвид релевантните научно втемелени и емпириски проверливи основи на функционално општество при креирањето на одржливо и ефикасно глобално устројство, познато како „економија базирана на ресурси“. Покрај тоа што инспирираше многу луѓе, вториот Zeitgeist филм практично го создаде глобалното социјално движење – The Zeitgeist Movement (движење „Духот на времето“) – форма на непрофитен активизам насочен, како што може да се изведе од самиот негов назив, кон промена на постојната духовна, морална и интелектуална клима. За каква промена станува збор? Движењето се залага за напуштање на сегашната монетарна економска парадигма, која е штетна за животната средина, а со тоа и за општествениот опстанок воопшто. Централниот фокус е на прашањето на одржливоста , која едноставно не може да се постигне во економски систем чија основа е постојаната потрошувачка што води кон неразумно управување со планетарните ресурси, кои се ограничени. Тоа што е потребно е нов начин на управување со ресурсите. Како што предлага „Проектот Венера“, првенствено е потребна анкета на достапните планетарни ресурси, нивна

MILITARY

класификација според неколку параметри: достапност, обновливост, влијание врз животната средина и др., за потоа да се пристапи кон оптимизација на производството и дистрибуција на добра и услуги на најефикасен можен начин. Ваквиот пристап, со одржливоста и ефикасноста како почетни вредности, придружен од оптимална употреба на технологијата за замена на повторливите, механички и технички работни места со вештачка интелигенција, т.е. автоматизација на трудот, може да ја остави во минатото потребата од вработување за приход и да го однесе светот во постмонетарен свет со еднаков квалитет на живот за сите. Насоката е едноставна. Нужно е да се напушти традиционалната економија, која е повеќе филозофија отколку наука, затоа што не вклучува индикатори поврзани со состојбата на животната средина и достапните ресурси, туку е заснована на погрешната претпоставка дека планетарните ресурси се неограничени и можат да се трошат неограничено. Експоненцијалниот пораст на населението во последните 200 години , кој се должи на технолошкиот напредок и достапноста на извори на енергија (јаглен и нафта), го создаде митот за неограничениот развој. Овој мит мора да се надмине и да се востанови наука за економијата која ќе соодветствува на можностите што ги нуди животната средина, затоа што земјата е затворен, ограничен систем. Единствено ваквата свест може да го олесни соочувањето со предизвиците на раниот 21 век, каков што е предизвикот на одржливоста.

GOVERMENT

YOU

***

CORPORATIONS

Движењето, во глобални рамки, е во фаза на востановување на својата структура, која се планира во принцип да покажува холографски својства, т.е. да нема препознатлив извор на информации и дејствување и да не познава авторитети и лидери, затоа што единствено така е можна промена на сегашното општеството. Бидејќи е воочлив недостигот од интерес во институциите на системот за можностите на нужната транзиција, главниот товар за овој логичен чекор треба да падне на граѓанскиот активизам. Сè што досега постигнало ова движење е резултат на глобален непрофитен активизам. Нешто слично на успехот кој го постигна Wikipedia, бесплатната електронска енциклопедија која секој може да ја уредува доколку следи неколку едноставни правила; или, пак, успехот на TED – платформата за споделување на идеи која стана глобален феномен на непрофитно ориентиран центар на знаење. Македонија се придружи кон Zeitgeist движењето со неколку настани во рамките на годишниот настан, кој се одржува секој 13 март, преку прикажување на

ITS YOUR M VE..

WWW.THEZEITGEISTMOVEMENT.COM T

16


Излез I декември 2010

Форум – Економски алтернативи

филмовите и дискусии на неколку места во Скопје. Во моментов се подготвува глобалната премиера на третиот Zeitgeist филм – „Чекор напред“ (Moving Forward), за кој во Скопје веќе е договорен главниот настан во просторот на култното арт-кино Фросина, кој ќе се случи во средината на јануари (15-23), 2011 година. Македонската премиера се приклучува кон глобалната, која ќе вклучува настани во 60-тина земји на 20 јазици. Александар Мицески Филолошки факултет „Блаже Конески“

Опис на третиот Z филм: Zeitgeist: Чекор напред (Moving Forward), од режисерот Питер Џозеф, е документарен филм кој го претставува проблемот на нужната транзиција надвор од постојната социоекономска монетарна парадигма, според која се раководи целото светско општество. Темата ги надминува прашањата на културен релативизам и традиционалната идеологија, и ќе се врти кон суштинските, емпириски и животно втемелени атрибути на човечкиот и општествениот опстанок, извлекувајќи ги непроменливите природни закони во нова одржлива општествена парадигма наречена „Економија базирана на ресурси“. [www.zeitgeistmovingforward.com] Економијата базирана на ресурси ги користи постоечките ресурси, наместо да тргува со нив. Сите добра и услуги се достапни без потреба од валути, кредити, размена или која било друга форма на долг и слугување. Целта на овој нов општествен дизајн е да го ослободи човештвото од повторливи, здодевни и произволни работни места, кои немаат вистинска релевантност за општествениот развој, истовремено поддржувајќи нов систем на мотивација, фокусиран на себе-исполнетост, едукација, општествена свест и креативност, спротивставени на плитките и егоцентрични цели на богатство, сопственост и моќ кои се доминантни денес. „Проектот Венера“ увидува дека земјата има изобилство од ресурси и дека нашите надминати методи на управување на ресурсите преку монетарна контрола не се повеќе релевантни. Всушност, тие се контрапродуктивни по нашиот опстанок. Монетарниот систем беше создаден пред илјадници години, во период на голема оскудност. Неговата почетна намена беше метод за дистрибуција на добра и услуги врз основа на работен удел. Тој воопшто не е поврзан со вистинските капацитети за производство на добра и услуги на оваа планета. („Водич за активизам“, стр. 47) [Activist orientation guide, pg 47, www.thezeitgeistmovement.com]

17


Форум – Економски алтернативи

Излез | декември 2010

Јас, слободар Сите колективистички теории, како што се социјализмот, комунизмот и технократските варијанти од типот на „Проектот Венера“ ја прават истата фундаментална грешка - ја занемарувараат неможноста да се планира економската активност од централен орган.

Есејот на Леонард Рид од 1958 год. „Јас, молив“ е напишан од перспектива на молив и ја раскажува приказната за настанување на еден едноставен предмет, на кој не му обрнуваме многу внимание. Текстот ни ги открива луѓето, родители на моливот, кои соработуваат за да го создадат. Дрвото е пораснато во Орегон, исечено е од луѓе од разни делови на САД со машинерија изработена од челик. Донесено е во Калифорнија благодарение на армија луѓе, од кои некои ги изработиле вагоните, некои моторот, некои пругата. Некој управува и со возот. Дрвото е исечено на многу мали парчиња, потоа е исушено и обоено. Моливот се прашува колку луѓе ги изработиле сите овие светилки, подвижни ленти и мотори. Тој не ги заборава и луѓето што го истурале цементот, градејќи ја браната која ја снабдува фабриката. Графитот од Сејлон, глината од Мисисипи и восокот од Мексико ја прават неговата мина. Моливот не ги заборава ни шесте слоја лак, ниту црниот напис и трудот што е потребен за тоа. Металот на врвот е од месинг. Тоа значи дека некои рудари ги копале цинкот и бакарот, а некој друг ја направил легурата. На врвот, неговата круна – гумата за бришење. Маслото од репка од јужна Азија се меша со сулфур хлорид и ја прави смесата што овозможува бришење. Гумата се користи само за да ги врзе материите. Се става и камен од лава донесен од Италија, а бојата се добива со додавање на кадмиум сулфид.

18

Моливот заклучува дека милиони луѓе имале удел во неговото создавање и дека ниту еден од нив не можел сам да го изработи. Вчудовидувачки е фактот дека ниту еден од тие луѓе нема голема потреба од моливот, некои од нив никогаш не користат молив. Нивната мотивација да прават дел од алатката за пишување е поинаква. Тие ги разменуваат нивните знаења и вештини за да добијат други добра и услуги кои им се потребни. Нема никаков врховен господар, нити некој кој заповеда да се направат милионите активности кои се потребни да се создаде моливот. „Ако ја разбирате чудесноста која ја симболизирам, може да помогнете да ја спасиме слободата која човештвото секојдневно ја губи. Ако прифаќате дека овие знаења и вештини природно и автоматски водат до креативни и продуктивни модели на однесување како одговор на човековите потреби, наспроти државно или друго принудно управање, тогаш ќе ја имате потребната состојка за слободата – вербата во слободни луѓе. Слободата е невозможна без таква верба“, заклучува моливот. Тој нè учи на важна лекција, ни вели да ги оставиме сите творечки енергии да се движат непречено. Сите колективистички теории, како што се социјализмот, комунизмот и технократските варијанти од типот на „Проектот Венера“ ја прават


Излез I декември 2010 истата фундаментална грешка. Тие ја занемарувараат неможноста да се планира економската активност од централен орган. Рид токму тоа го потенцира во неговиот текст. Она што е потребно не е поголема зависност од централна власт, која калкулира благодарение на огромните количини податоци и целосната контрола која ја има. Индивидуите самостојно и одговорно треба да одлучуваат за себе. Секој модел на материјалистички колективизам го третира животот како готов производ, како предвидливо дејство, однапред смислено и планирано, кое се остварува одново и одново, генерација по генерација. Колективизмот е опседнат со сегашноста и ја смета иднината како проекција на сегашноста. Такви движења декларативно ја величаат „промената“, но не и вистински. Повеќето проблеми, како што се војната и финансиските кризи, постојат благодарение на вообразените централни органи, како народните банки и воените институции. Секоја нивна активност е презентирана како општо добро, а за секое зло се обвинуваат „алчните“ или „неуки“ луѓе кои не ги слушале наредбите на господарот. Слободата на информации е најзагрозена кога постои таков моќен апарат на принуда. Минатиов период беше актуелно апсењето на Џулиан Асанж. Независно од вистинитоста на обвинувањата, неговото апсење буди сомнежи дека единствената причина поради која тоа се случи е бидејќи Асанж претставува закана за државните интереси. Неговото затворање или смрт не значат вистинска смрт на Викиликс, но пораката што се испраќа е јасна. Дали Левијатанот успешно ќе затвори една информациска пукнатина? Голем дел од граѓаните на САД го прогласија Асанж за терорист, но во таа осуда нема ништо чудно. Милиони луѓе секоја генерација се тренирани да ја сметаат државата за непогрешливо

Форум – Економски алтернативи битие, кое од некоја волшебна причина е порационално од нив (иако е составена од луѓе како нив), притоа сметајќи ја секоја закана по неговата безбедност за личен напад. Наспроти тоа, вистински слободно општество базирано на слободен пазар, приватна сопственост, приватна полиција, приватно право и арбитража (засега само идеали), значи дека луѓето слободно и свесно влегуваат во односи со други. Неговите основни начела се избор и непостоење на присила и агресија, а единствената легитимна сила која се пропагира е таа за одбрана. Каде не функционираат овие начела? Најочигледно е кај војските кои окупираат територии, кај полициите кои единствено имаат право да го извршуваат законот и кај самите закони кои не се создадени со согласност на индивидуите и често завршуваат со апсурдни напади врз личната слобода. Не само таму, присилата постои секаде каде што може да се пикне државната рака. Тоа е најчесто во името на нашата добросостојба: задолжителното носење на каиш во возилата, забранетото пушење во приватни локали, забранетата проституција, забранетото дистрибуирање и користење на наркотични средства. Иако постои согласност меѓу возрасни, свесни индивидуи, сепак во модерниот свет е неизбежна оваа агресија врз личните избори. Како што рекол индивидуалистот анархист Бенџамин Такер: „Aгресијата е само уште еден збор за држава. Агресија, инвазија, држава се синоними. Суштината на државата е контрола или обид за контрола... не е важно дали e преку апсолутна монархија, преку револт на сите против еден или како во модерната демократија.“ Данаил Станојески Правен факултет „Јустинијан Први“

19


Погледи

Излез | декември 2010

Погледи Арно или лошо, си трпиме катаден За јазичната (не)култура на телевизиските медиуми во Македонија За опстанок на културата на еден народ е суштествена потребата од нега на сопствениот јазик со сите негови особености. Македонскиот јазик, кодифициран на народна основа, во себе ја обединува целата реалност на македонскиот народ, го одразува секој негов порив за самоидентификација и себеостварување. Удел во афирмирањето и, пред сè, зачувувањето на јазичните вредности имаат и гласилата за јавно информирање, особено телевизијата. За жал, додека медиумите во широки размери сервираат информации за секакви подробности од општествениот живот, граѓанинот на Република Македонија мора да живее со „болките“ на ранетиот медиумски јазик. Во обид да се достави вест во етерот по секоја цена, новинарите — оние вечно пожртвувани борци — неретко отстапуваат од начелата на својата професија и во голема мера ја занемаруваат употребата на стандардниот јазик. Неодминлив е фактот дека јазикот на медиумите е стилистички оптоварен, затоа што мора да го следи чекорот на модерното време, но состојбата со медиумскиот јазик во Република Македонија ги надмина сите разумни граници: секојдневно сме сведоци на погрешно акцентирање на воспоставената лексика; сретнуваме грст нелогични реченични конструкции и туѓи зборови, а традицијата на јазикот — за која, патем, сите се удираат в гради — полека губи врска со актуелните трендови во македонскиот медиумски еснаф. Мерено со аршинот на професионалноста, начинот на кој македонските новинари го сервираат својот краен производ на медиумската трпеза, бездруго, го тера граѓанинот да ја стави под знак прашалник веродостојноста на емитуваните содржини. Во поранешниот општествен систем, државната радио-телевизија беше препознатлива по брилијантниот пренос на дневните настани во етерот преку плејада спикери, без оглед на идеолошкиот тон. Денес, со големиот наплив на промени во духот на демократијата

20

и плурализмот, оваа институција се преобразува во радиодифузен сервис на граѓаните, а професијата на спикерите се чини дека е на работ на опстанокот; некои од нив спокојно ја живеат третата доба, а некои, по сила на нештата, завршија како технолошки вишок со образложение дека веќе немало потреба од нив. Во меѓувреме, на независно македонско тло никнаа грст приватни радиодифузни куќи, најчесто во сопственост на „крупни“ имиња од стопанството. Нивниот интерес, делумно политички, делумно економски, во целост ја измени сликата на медиумскиот простор и, бездруго, го влече македонскиот јазик во хаос без дно. Поаѓајќи од желбата да се придобие публиката, приватните радиодифузери го ставаат главниот акцент врз забавната функција на програмата; информативните емисии остануваат во втор план. Меѓупросторот е резервиран за реклами и музика, при што лесно може да се воочи недостатокот од културно-уметнички, научни и едукативни содржини. Изворот на ваквата уредувачка политика се, бездруго, парите. Имено, веќе и врапците знаат дека во медиумскиот бизнис најголеми пари се вртат со реклами и забавни емисии зад кои стојат „тешки“ спонзори. Речиси нема ден во кој водителите не нè пречекуваат со огромна пофалба за нивниот уникатен „стајлинг“ за кого — како и секогаш — се погрижил најдобриот фризер во градот. Редовно добиваме совети за „фризерај“ и здрав живот: се препорачува „поразноврсна“ храна со што е можно помала „количина“ на „јаглени хидрати“. Во вечерните вести, пак, редовно информираат за седниците на Законодавниот дом — овој пат „воглавно“ се расправало за „доприносот“ на политичките партии во одржувањето на слободата на медиумите. Во една дебатна емисија стана збор за улогата на Република Македонија како „пис мејкер“ во светот и покрај нејзината „вулнерабилна“ демократија. Дегутантно би било да се спомене јавното гледање на тарот-карти од лица со сомнителен карактер и насилен однос кон мајчиниот јазик. Мислејќи дека ќе ги освојат


Излез I декември 2010

Погледи

Илустрација: Александра Стојаноска, ФЛУ симпатиите на гледачите, овие лица често го користат речникот на секојдневниот говор, вклучувајќи ги и дијалектизмите, без каква било претстава за влијанието кое го вршат врз целната публика. Со дијалектизмите може да се постигне посебна стилска обоеност во книжевните, театарските или филмските дела, но за нив нема место во медиумите. Имајќи го предвид фактот дека граѓаните на Република Македонија дневно минуваат по пет часа пред телевизорот, уделот на телевизијата во развојот на јазикот е неоспорно. Радиото, од друга страна, сè уште врши функција на разонодувач и најчесто се слуша поради музичките содржини, а кај печатените медиуми владее поинаква клима. Имено, весниците и списанијата мора да поминат низ лекторска рака пред да бидат објавени. Освен тоа, нивните содржини не се паметат толку долго како што е тоа случај со телевизијата. Пакетот од текст, слика и тон остава многу посилен впечаток кај публиката; гледачот ги впива содржините од екранот исто како што ученикот го прави тоа од училишната табла. Затоа, за духовното здравје на еден народ е од особено значење, новинарите, чијшто составен дел од работата е и преносот на информации на екранот, солидно да го владеат стандардниот јазик.

За волја на вистината, виновникот не може да се бара единствено во новинарите. Решението за спас на јазикот лежи во колективната свест на народот. Токму тоа го прави јазикот посебен. Како своевиден систем од знаци, јазикот потполно се разликува, на пример, од една разрушена зграда која може да ја спасат само експерти. За јазикот е одговорен секој поединец во општеството, без разлика на неговите убедувања. Притоа, не треба да војуваме за наметнување пуристички решенија, туку да настојуваме преку соработка со сите одговорни институции јазикот да се прилагоди на современите временски текови и на нашите потреби. Волјата за здрав јазик е онаа нишка, којашто одамна и недостасува на македонската култура — веројатноста да се вткае е во моќта на народот и токму поради ова мора да се подигне неговата јазична свест. За кого ли пишуваа Мисирков и Конески!? Далибор Стајиќ Филолошки факултет „Блаже Конески“

21


Погледи

Излез | декември 2010

На работа, на труд, на копање! Сите „мрчиме“ колку системот не чини. Не чини. Ама и ние студентите не чиниме. Бараме, а не даваме. Критикуваме без да се погледнеме во огледало. Дали денес студентите САКААТ да учат? Дали сакаат да НАУЧАТ? Какви се тие студенти кои се запишуваат на факултет по девизата „учи сине некој факултет, за да не копаш“? Ако еден студент од сто оди на консултации за да научи повеќе, другите деведесет и девет одат да се пазарат и ценкаат за нешто што го немаат. Наскоро можеби „Кирил и Методиј“ ќе се преименува во „Универзитет Бит Пазар“, во чест не само на локацијата, туку и на горенаведената омилена активност на студентите.

хипотетичка причина, како на пример дека студентот не научил доволно, е велебогохулие, а самото објаснување е невозможно во овој и сите останати универзуми. Да се прашуваат мнозинството студенти, дипломите би ги земале без полагање испити. Тие не се секираат дали ќе знаат. Глаголот кој се користи во колокација со испит е „поминува“ – тоа значи да се протнеш, помини-замини, да се спасиш, да оставиш зад себе што е можно побрзо. Тие имаат цел да земат диплома за да не копаат. А што има толку страшно во копањето? Државата ќе ни се наполни со луѓе со испазарени или набрзина скрпени дипломи кои заради тоа пусулче нема да сакаат да копаат, а поради недоволно знаење или премногу кадар за премалку работни места, ќе седат без работа и ќе мафтаат со дипломчињата на вестите во седум и ќе инсистираат да им се најде работа. На крај сите ќе умреме од глад бидејќи ќе нема кој да ископа, да насади, да произведе. Државата форсира квантитет наместо квалитет. Ги тегне децата за уво и ги одвлечкува на факултет, а овие ни сакале ни сакаат да учат, а камоли да копаат. Може сакаат да „поминат“, ама да учат – скраја. Сите ние ќе копаме. Ако дипломата ви е фарса, уште со време купете си нива. Барем заработката е сигурна. Нема ништо срамно во копањето. Без разлика какво копање. Повторувам: сите ние ќе копаме. Некои од нас метафорично – низ текстот, низ книгите, низ животот. Seamus Heaney зборува за тоа во “Digging“, а Зоран Ковачевски преку Ефтим Робе во „Темен вилает“. Ефтим од фамилијата Робевци е првиот академик од Македонија, и докторирал на филозофски науки на Сорбона на крајот на деветнаесетиот век. „Ефтим Робе беше пратен во Охрид. Да ја обработува земјата, која беше единствената реална и полезна книга на светот.“ (Ковачевски, Зоран. Аристотел од Ресен. Битола. НИД Микена, 2008. Стр.66.) И јас денес копам по сите овие текстови, а ова пред вас се изорани бразди букви. Без мака нема наука. Толку старо, толку клише, толку вистинито. Зорица

Мала илустрација: Студентски енциклопедиски речник: • Еден (број, бројна придавка) – најчесто во колокација со именката „поен“. Причина за сите помали оценки и паднати испити. Обидот овие феномени да се објаснат со некоја друга

22

ЗАБЕЛЕШКА: Ова е мое лично мислење. Сите ликови ниту се реални, ниту измислени, туку само калапи во кои може да го собере денешниот студент. Илустрација: Александра Стојаноска, ФЛУ


Излез |I ноември декември2010 2010

Студентски живот

Студентски живот Студентските домови во Македонија

Сениќ – три згради, три различни приказни Во следните неколку броеви на „Излез“, ќе погледнеме зад фасадите на студентските домови во главниот град низ очите на самите студенти кои се сместени во нив. Ќе го бараме убавото, грдото и недозволивото - по макотрпните конкурси за пријавување и хаосот на деновите на вселување, како изгледа животот на студентот од внатрешноста зад портите на државните студентски домови?

привилегирана група која живее во подобри услови, барем во споредба со искуствата на студентите кои живееле во други студентски домови. Но уште веднаш, за да не помислат дека се во рајот, следуваат правилата на куќата, за кои нормално има и забелешки – нема гости од страна, нема алкохол, нема забави итн. Секако, со текот на времето студентите „учат“ како да се справат со тие закони - нели секогаш забранетото е послатко? Тоа што нема место, а ни дозвола за студентски забави

Што велат фактите:

Долг, непознат булевар, многу непознати минувачи. Кои се тие? Од каде се? Безбедно ли е? Многу неодгатнати прашања од млади глави кои дошле со надеж дека како академски граѓани ќе се изборат за подобро утре. И таман ќе помислат дека патот нема крај, се јавува висока бела ограда...не, нe личи на затвор; напротив, наликува на ограда која би ги заштитила од надворешниот свет, од непознатото. Тука е нивниот нов дом, Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“, со нови луѓе со кои ќе ги споделуваат убавите и помалку убавите случки од кои ќе биде составено нивното студентско секојдневие. Три мали згради, убаво уредени паркови, љубезни вработени (???), убави соби... сето ова ве тера да помислите дека овие студенти се една мала

Државниот студентски дом „Томе Стефановски – Сениќ“, Скопје се вбројува во групата домови во кои се сместуваат студенти од УКИМ како и ученици и ученички од средното образование од внатрешноста на Републиката кои учат во Скопје. Се наоѓа во населбата Автокоманда, на ул. Александар Македонски, бр. 22. Домот почнал со работа во далечната 1946 гoдина, а во студентски дом се трансформирал во 2005 година. Располага со околу 400 легла во соби опремени со нов мебел и санитарии во кои се сместени учениците и студентите.

го прави „Сениќ“ одбивен за голем број студенти, пред сè за оние кои се дојдени во Скопје по забава, а не за учење. Но токму таа тишина го прави идеално место за учење, во читалните, кои ги има во доволен број, па и во собите. Но ова не значи дека Сениќ е создаден само за средношколци и за бубалици. Како и во сите домови и тука има прилично забавни денови, посебно за време на викендите.

23


Студентски живот

Излез | декември 2010

Многу често може да видите кафе пауза на сред ходник или да слушнете музика од некоја соба каде има забава т.е. „пауза од учење“ – за жал најчесто ечи радио со добро познати турбо фолк хитови, но понекогаш се слушаат и порелаксирачки звуци. Највесело е кога е потопло па цел двор е полн со средношколци и студенти желни за рекреација, а најчесто и за „трач муабети“. Кога ќе поминете некое време во Сениќ почнувате појасно да ги согледувате нештата, пред сè, сличностите и разликите на секој негов дел. На пример зградите. Од надвор се речиси исти, солидни трикатни градби, но внатре секоја си има своја приказна. Да, собите се добро уредени, со малечка бања, со интернет, свежо варосани... колку се чисти зависи од тоа кој живее во нив. Во едната зграда се со по четири кревети, а во другата зграда со по три. Студентите велат дека се во ред, но личат на мали, затворени кутичиња во кои не секој би живеел.

А едната зграда навистина е приказна за себе. Таму се сместени средношколци и неколку фамилии од раселените лица (уште од конфликтот во 2001 год.), но условите за живот се далеку поразлични, за жал во негативна смисла: стари прозорци, стари бањи кои ги нема во собите - на еден кат има само една бања која е во многу лоши состојба, па само тие што живеат таму знаат како се справуваат со сето тоа, посебно во зима. „За разлика од другите згради, во оваа условите се никакви. Еден тоалет на 20 души, нема ни топла вода ни услови за живеење. Од вработените не можам да се пожалам но јадењето е катастрофа, секоја недела едно исто, јас малку се движам овде, а како се снаоѓаат студентите, навистина не знам“ рече М.С., едно од раселените лица. Но тоа не треба да нè изненадува, познавајќи ја нашата мала држава и условите во кои живееме, како и условите во студентските домови. Ниеден студентски дом не е среден онака како што треба, па зошто овој би бил исклучок?

24

Што друго би можело да се каже за ова мало студентско (или средношколско?) катче? Студенти како студенти, некои повеќе некои помалку пребирливи, па ќе слушнете различни коментари: „Понекогаш е многу монотоно и тивко, но според мене недостасува уште машина за перење алишта за да можам својата соба да ја прогласам за „мини апартман“. Но недостаток е тоа што немаме бонови и не можеме да одбираме храна, што има - тоа се јаде, а немаме ни бонска продавница. И покрај тоа што плаќаме повеќе од другите ни требаат плус средства за да се снабдиме со најосновните работи, а за „луксузирање“ не станува ни збор“, ни кажа една студентка сместена во домот. (Имате слично или сосема различно искуство од студентските домови? Искажете се во просторот за коментар на нашата веб-страница, www.izlez.mk, или пратете ја вашата приказна на studentsko.spisanie@ gmail.com за некој од останатите студентски домови и можеби токму таа ќе се најде на нашите страници во следниот број.) Јасмина Петровска Филолошки факултет „Блаже Конески“ Фотографии: Јасна Дишлиеска-Митова и Викторија Бачварова, Филозофски факултет


Излез I декември 2010

Студентски живот

25


Студентски живот

Излез | декември 2010

Од искуството на наша студентка на размена во Франција

На Французите можеме да им позавидиме на решителноста и бескомпромисноста Колку интернационалното искуство како студент е важно за стекнување на вистинско образование? Сведоци сме дека со секоја измината година бројот на студенти во Македонија постојано расте. Младите стануваат сè посвесни за предностите кои ги добиваат со високото образование – не само од академски аспект, туку исто така и од социјален аспект – контактите и познанствата кои ги остваруваат во текот на студиите се исклучително важни за споделување на идеи, знаењe и можности во иднина. Но, дали тоа е доволно? Дали дипломата од домашниот универзитет гарантира дека студентот ги има стекнато сите вештини и знаењa потребни за отпочнување успешен професионален живот? Како студент кој има студирано една година во САД, а моментално на размена во Ница – Франција преку програмата Базилеус, можам да кажам дека образовниот систем во развиените, поточно западните земји дава особено значење на интернационалниот аспект од образованието. Иако САД, Франција и многу други земји имаат одличен образовен систем, сепак голем број од нивните студенти заминуваат во странство токму за стекнување на она практично, животно и културно искуство кое не може да се добие преку домашните студии. Искуството да бидеш на размена е позитивно само по себе, но искуството да бидеш на размена во Франција е незаменливо, особено за некој кој е вљубеник во француската култура, историја и кујна. Тука сум веќе четири месеци и можам да кажам дека секојдневно учам нешто ново, не само за Франција, туку и за останатите земји и култури преку дружење со останатите интернационални студенти. Еден феномен кој го искусив повеќепати се познатите француски протести. Французите се доста познати по тоа дека се бунтовни и со леснотија организираат масовни протести низ цела држава, па во периодот додека сум тука речиси секоја недела имаше протести како реакција на владиниот предлог за промена на возраста за пензионирање. Иако од практични причини ваквото блокирање на секојдневните активности може навистина да биде фрустрирачко, сепак им се восхитувам на нивната упорност и организираност, како и храброст да се изборат за она во коешто веруваат. Како студентка која доаѓа од Македонија, мислам дека

26

ние можеме да им подзавидиме на ваквата решителност и бескомпромисност кога станува збор за сериозни прашања што ја засегаат нивната сегашност и иднина. Во однос на универзитетскиот живот, самиот начин на учење во Франција е доста поразличен од оној во Македонија. Кога дојдов тука бев изненадена да видам колку важност им се придава на белешките од предавања. Имено, на почетокот од семестарот професорите препорачуваат одредена литература која може дополнително да се консултира, меѓутоа не посочуваат главни книги од кои треба да се учи. Затоа на сите предавања може да видите сконцентрирани студенти со лаптопи кои неуморно го запишуваат секој збор на професорот. Од друга страна пак, универзитетот

Плакат кој ги повикува студентите да се солидаризираат со вработените и да излезат на протест.

во Ница има библиотека богата со најразновидна литература и огромни читални. Најпрво, фактот дека учат од белешки ми беше доста чуден и донекаде одбивен. Но, по некое време, гледајќи дека библиотеката


Излез I декември 2010

Студентски живот

Библиотеката во Ница.

е секогаш полна, сфатив дека токму тој начин на учење ги поттикнува студентите да истражуваат и самите да бараат соодветна литература која ќе им помогне да го совладаат материјалот. Исто така, со ваквиот систем студентите се многу помотивирани да одат на предавања и да бидат активни. Мислам дека кај нас недостига оној елемент во високото образование кој треба да ја пробуди проникливоста и љубопитноста кај студентот. Друга работа која ми се допаѓа во однос на студиите тука е што универзитетот има креирано посебна виртуелна „библиотека“ каде професорите можат да

Пред да пристигнам во Франција беше неизбежно да слушнам некои од стереотипите кои кружат за Французите, како на пример дека не се многу дружељубиви со странците. За среќа, јас имав можност да запознаам доста Французи и да си докажам на себеси дека тоа не е така. Всушност, многу од Французите кои ги запознав беа љубопитни да дознаат повеќе за Македонија и покажаа трпение и волја да се прилагодат на моето ниво на познавање на јазикот за да можеме полесно да комуницираме. Некои беа доста импресионирани што зборувам повеќе јазици, па дури покажаа ентузијазам да ми помогнат со „le langage familier”, односно со жаргонските изрази. Најпосле, можам да кажам дека интернационалното искуство како студент е повеќе од потребно и е нешто кое за жал во Македонија е доста запоставено. Јасно е дека во нашата ситуација најголем проблем се финансиите, но за среќа постојат многу програми како Базилеус кои се тука да им помогнат на студентите кои сакаат, а не можат да заминат на студии во странство. Јас сум повеќе од убедена дека со доволна мотивираност и посветеност многу од нашите студенти можат да имаат исто вакво искуство. Наташа Јанчева Филолошки факултет „Блаже Конески“ Фотографии: Наташа Јанчева

Универзитетот на кој студира Наташа.

закачат документи и презентации од предавањата, а студентите потоа со нивната студентска картичка можат да се логираат и да ги симнат. Ваквата комуникација професор-студент не само што е практична, туку е и апсолутно корисна и потребна за општиот успех, знаење и напредок на студентот.

27


Можности

Излез | декември 2010

Можности Проект на МОФ

Младинска независност е... Обуки за работни вештини и простор за слободно изразување за студентите. Додека сте минувале низ факултетските ходници семестаров, можеби ви паднале в очи зелените плакати или налепници што извикуваат „младинска независност“, ви велат дека можете без партиска книшка и ве убедуваат да ги развиете вашите вештини. Пољубопитните можеби ја посетиле наведената интернет страница (www.nezavisnost.org.mk) и можеби и станале дел од проектот на Младинскиот образовен форум (МОФ), „Младинска независност“, чиј прв циклус полека се приближува кон крајот. За можностите што овој проект им ги нуди на студентите разговаравме со Дона Костуранова , координатор на проектот и претседател на МОФ.

„„Младинска независност“ е еден од ургентните фондови кои им се доделуваат на земји погодени од економската криза и тој има за цел да постави платформа за младите луѓе да станат поконкурентни на пазарот на трудот и поспособни да се снајдат во сегашното општество, “ ни објасни Дона. Проектот „Младинска независност“ во Македонија има две компоненти, за кариера и за младински активизам, и се имплементира во пет универзитетски градови: Скопје, Тетово, Штип, Битола и Струга. Првата компонента се состои од обуки за стекнување работни вештини за апсолвенти или штотуку дипломирани студенти, а вториот дел од отворање клубови, по три во секој од наведените универзитетски градови, во кои студентите

28

ќе имаат можност да се едуцираат во одредени теми и сфери од нивен интерес и да креираат свои активности или настани.

Во рамките на центарот за кариера, односно првиот дел од проектот, организирани се обуки за работни вештини во сите пет градови, кои се одржаа во текот на седум последователни викенди, од 23 октомври до 5 декември. Темите на обуките беа: европски фондови (ИПА фондови); менаџмент на проектен циклус; финансиска писменост; претприемништво и бизнис план; лидерство, мотивација и тимска работа; комуникациски вештини – дебата, аргументирано говорење, односи со јавност; организирање настани. Обуките ги држеа искусни тренери, од кои некои се тренери на МОФ, а останатите се надворешни стручњаци. Повеќето учесници беа апсолвенти, луѓе коишто имаат ислушано последна година на студии, или дипломирани, а некои од нив беа и постдипломци. „Кога го распишавме конкурсот, целта беше да најдеме луѓе кои се во процес на барање работа, без разлика дали се уште се на постдипломски. Во секоја група има околу триесет учесници, што значи дека со овој циклус на тренинзи опфативме околу 200 учесници и сите ќе добијат сертификати, со што би биле поконкурентни на пазарот. Освен овие тренинзи, во декември организираме и обука за пишување кратка биографија (CV) и мотивационо писмо и за подготовка за интервју за работа,“ рече Бојана Низамовска, одговорна за центарот за кариера. Таа ни кажа дека интересот за обуките бил многу голем, пристигнале вкупно 800 апликации, од кои најголем број од Скопје. Бројот на учесници во сите групи бил констатен од првиот до последниот викенд, што, според неа, говори како за големиот интерес кај студентите така и за квалитетот на обуките.


Излез I декември 2010

Можности

Со вториот дел од проектот „Младинска независност“, отворени се 15 клубови или младински центри во горенаведените универзитетски градови, групирани во три т.н. кластери: вербал, е-кластер и арт-кластер. Преку вербал-кластерот студентите учат како да бидат добри јавни говорници, вежбаат дебата и практики на аргументирано говорење. Активностите во склоп на е-кластерот се од областа на социјални мрежи и нови медиуми, фотографија, аудио и видео изразување, а низ арт-кластерот студентите добиваат можност да се запознаат со изведувачките уметности – алтернативен театар, музика и визуелни уметности, и да работат на јавни перформанси. Целта е по одредено време работа во клубовите, студентите да создадат свои настани и активности кои ќе бидат јавно претставени, како на пример трибина, дебата, фестивал или перформанс. „Мотивацијата за создавање на ваков простор за слободно изразување на студентите потекна од нашата констатација дека кај студентите во Македонија

Остатокот од проектот којшто е поврзан со кариерниот центар е создавање на датабаза во која ќе се соберат CV-ата од сите учесници на обуките. Потоа тимот на МОФ ќе контактира со фирми работодавци и ќе се обиде на студентите да им обезбеди пракса како прв чекор кон вработување. Во кариерниот центар на МОФ има и кариерни советници коишто им даваат совети на луѓето кои бараат работа, или на студенти заинтересирани за продолжување на студиите и запишување на постдипломски студии. Уште еден ваков циклус на обуки за работни вештини ќе се одржи напролет, и сите заинтересирани студенти ќе можат да се пријават и преку вештините стекнати низ обуките да си го олеснат процесот на барање работа по завршувањето на студиите. „Според мене, обуките за работни вештини се покажаа како добар начин младите да се запознаат со неформалното образование. Задоволна сум од организацијата и од тоа како беа презентирани. Сите предавачи го дадоа својот максимум за секој посетител на обуките да научи колку што може повеќе или пак да го надгради претходно стекнатото знаење. Мене лично ми помогнаа да откријам некои спосбности за кои претходно не бев ни свесна дека ги поседувам, веројатно затоа што немало кој да ми укаже на тоа, па сметам дека е добро што почесто да има вакви случувања, од неформална природа, со помош на кои младите би ги прошириле своите видици и би се стекнале со дополнително знаења кои во иднина би им биле од огромна важност.“ рече Билјана од Скопје, учесничка во обуките.

постои поголема доза на апатија, што е загрижувачки кога се знае дека студентите како група во голем број земји се носител и движечка сила на секоја социјална промена. Исто така, бевме поттикнати од ниското ниво на културен живот и културни активности. Целта на „Младинска независност“ е да им даде една автономност на младите и да им отвори можности за подобрување на ситуацијата, без разлика дали на културен, финансиски или на личен план. Целиме кон младинска независност, младинска креативност и младинско вработување, како и можност за искажување на сопствените ставови,“ заврши Дона. За крај, само уште ќе ве информираме дека во текот на октомври во петте, веќе спомнати, универзитетски градови се одржаа јавни дебати на различни теми, поврзани со можностите за вработување на студентите, нивната навика за волонтирање, културниот живот и квалитетот и етиката на комуникацијата меѓу младите. Доколу сакате да пријавите интерес за „Младинска независност“ и да се активирате во некој од клубовите, на интернет страницата на проектот сè уште е достапен формуларот за пријавување кој може да се пополни во секое време. Клубовите во Скопје своите активности ги држат во просториите на МОФ, попладне или во текот на викендите. Даниела Атанасова Филолошки факултет „Блаже Конески“

29


Можности

Летни и зимски школи

Активни и за распуст Стекни поинаков вид образование и забавувај се истовремено! Вистина е дека сите сакаме одмор и едвај чекаме промена на средината, особено на онаа факултетската, во која се наоѓаме поголемиот дел од годината. Уште кога би можеле ваквата промена да ја оствариме со патување во странство, тогаш би биле најзадоволни. Но, сте размислувале ли некогаш дека времето за одмор би можеле да го искористите на поинаков начин? Да поработите на себе, да научите нови работи, да запознаете нови луѓе, а сепак да ја промените средината и да поминете дел од времето во странство. Зарем ова не би било добитна комбинација? Предлогот на „Излез“ е следниов: посетете летна или зимска школа некаде во Европа! Постојат многу причини зошто би зеле вакво нешто предвид: 1. Најпрво, се стекнувате со нови вештини и знаења, без разлика дали истите се поврзани со вашите студии. 2. Запознавате луѓе од најразлични земји и остварувате контакти кои во иднина сигурно ќе ви се најдат. 3. Бидејќи многу од школите ги организираат факултети со надеж да привлечат потенцијални студенти, вие имате можност да видите како функционира не само тој одреден факултет, туку и европскиот образовен систем во целина. 4. Запознавате еден град, се запознавате со културата на луѓето во земјата во која се наоѓате, и имате можност да се забавувате во странство. 5. Целото искуство да учите, творите и разменувате идеи во една мултикултурна и мултијазична средина е непроценливо искуство кое ќе ви користи за осознавање на самиот/самата себе, но и работата на која ќе и се посветите во иднина. Се разбира, од вас се бара само да најдете време и волја, бидејќи многу од овие школи нудат стипендии за студенти од Македонија и регионот, па финансиите и не претставуваат пречка. Постојат неколку видови школи, во зависност од тоа кога се одржуваат, кој ги организира и какви програми нудат. Во однос на периодот, има летни и зимски школи. Дел од овие школи се организирани од страна на универзитети или во соработка со нив и за програмите кои ги нудат може да се добијат одреден број на ЕКТС кредити. Некои од нив нудат програми од повеќе различни области, додека други годишно бираат тема на

30

Излез | декември 2010 која ќе се работи за време на школата. Покрај ваквиот вид програми, постојат и оние кои повеќе се посветуваат на учење или совладување на одредени практични или пак креативни вештини, на пример снимање филмови, дизајн или активно граѓанство, кои се остваруваат како преку формална така и преку неформална настава. Во продолжение ќе споменеме неколку кои можеби ќе ве заинтересираат: 1. International Summer School University of Oslo Интернационалната школа во Осло е една од најпознатите и најголемите во Европа. Минатата година имаше над 600 учесници од повеќе од 90 земји во светот, меѓу кои и седум учесници од Македонија. Оваа школа е организирана од страна на Универзитетот во Осло и нуди разновидни програми за додипломци и за постдипломци, на теми од норвешка култура и уметност до политички науки, екологија итн. Меѓу другото, доколку сте заинтересирани, оваа Интернационална школа дава одреден број стипендии за учесници од регионот на Југоисточна Европа. http://www.summerschool.uio.no/ 2. International Summer University European College of Liberal Arts Летниот универзитет што го организира ECLA (Европскиот колеџ за хуманитарни науки) се оддржува секоја година, во главниот град на Германија, Берлин. Секоја година овој летен универзитет бира одредена тема која претставува фокус на часовите и програмите за таа година. Темата за 2011 е Прусија како земја и нејзината важност за литературата, историјата, уметноста и европската култура воопшто. Како и за првата, така и за оваа летна авантура достапни се стидендии за кои може да дознаете повеќе во делот за финансиска помош на веб страницата на ECLA. http://www.ecla.de/programmes/isu/ 3. Mitrovica Winter University Зимскиот универзитет во Митровица се оддржува веќе неколку години и претставува одлична можност не само да се отиде некаде за време на зимскиот распуст туку и да се добијат неколку ЕКТС кредити за тоа. Исто така, предноста на овој зимски универзитет е што е доста блиску до Македонија и за нашите студенти има обезбедено целосни стипендии. Доколку повеќе би сакале да имате слични активности во лето, во Митровица исто така се одржува и летен универзитет кој би можеле да го земете предвид. http://www.my-program.org/cms/en/mzu-2010/ Доколку сте учествувале на некој летен или зимски универзитет, или пак школа, и сметате дека би била интересна за останатите студенти, слободно споделете ја информацијата со нас, а ние ќе ја објавиме на нашата веб страница. Весна Илиевска Филолошки факултет „Блаже Конески“


Излез I декември 2010

Музика

Музика Студенти на сцена

Фонија Калифорниски панк на македонски жици Потрагата на „Излез“ по млади креативци нè одведе до Фонија - бенд кој свири музика која би можела да се класифицира како пост-тинејџерски панк-рок, со брзи рифови и искрени текстови. Но, како што тие самите велат, не целат да го креираат својот звук по некои правила или принципи. „Фонија“ би се опишале како збир на музички ентузијасти кои се обидуваат да кажат нешто и креативно да ги преточат своите ставови и емоции преку музиката. Бендот го формирале Дени Крстев (гитара) и Стефан Ристовски (бас) во 2007 година, а сегашниот состав го комплетира Кристијан Лафазановски (тапани). Идејата за заедничко музицирање им дошла со самата потреба креативно да се изразат. Дени вели: „Главната идеја во Фонија е да се потрудиме да им заѕвониме во главите на оние кои сè уште не се „освестени“. Најчесто во песните зборуваме за работите што ни се случуваат, светот околу нас. Едноставно сакаме повеќедимензионално да го проучиме овој свет, зошто е таков каков што е и каков би сакале да биде.“ Овие двајца студенти и еден средношколец велат дека и покрај обврските наоѓаат време да го прават она што го сакаат и ги интересира и наоѓаат начин да ги избалансираат двете нивни главни активности – учењето/студирањето и музиката. Што се однесува до жанрот, тие не наведуваат посебни изведувачи и бендови, но велат дека калифорнискиот панк има извршено најсилно влијание врз нив. Тие досега имаат издадено два албума: „Параноја“ од 2008, кој самите го издале и „Петар Пан синдром“ од 2010, кој бил издаден од PMG Recordings. Моментално работат на нивниот трет албум којшто е готов до половина и би требало да биде издаден кон крајот на 2011 година.

Фотографија: Игор Костов

Имаат настапувано доста низ земјата, а би ги издвоиле настапите на: Рокфест 2008, Пиволенд 2009, Аларм Фест 2010, отворањето на Таксират фестивал во Колосеум со „Бернајс Пропаганда“... Дени вели дека се релативно млад бенд кој сè уште се нема претставено надвор од границите на земјата, но дека секако тоа им е во план. Што се однесува до идниот период, „Фонија“ ќе можете да ги видите и слушнете на 26 декември, во кафе барот „Ла Кања“, каде ќе настапат на DIY фестивалот „Нема Дедо Мраз“, заедно со многу бендови од Македонија и Србија. Во меѓувреме, тие велат: „Нашите два албума можат да се најдат на нашите свирки, исто како и во дистрото „All Together“ кое има свој штанд на речиси сите андерграунд концерти низ нашиов главен град. Често свириме како во Скопје, така и низ другите градови во Македонија, и тоа би бил најдобриот начин оние заинтересираните да се запознаат со нашата музика. Посетете го нашиот мајспејс профил (myspace.com/fonija15) за да се информирате за нашите идни свирки.“ Ана Лакалиска Филолошки факултет „Блаже Конески“

31


Музика

Излез | декември 2010

Дисфилхармонија експерименти со звуците хуманоиди на градот Четворица и еден робот

Фотографиja: Сандра Јовановска (Фиби) Што е „Дисфилхармонија“ - бенд, колектив, збир на музички ентузијасти? Всушност, се дефинирате како „лаптоп квартет“? Што значи тоа? Од каде името? „Дисфилхармонија“ се четворица индивидуални продуценти на електронска музика и еден робот, сите со општо слични интереси и тотално различни специфични интереси. Тоа создава константна меѓусебна тензија во нашиот состав која се обидуваме да ја вмрестиме и во финалниот производ. Впрочем така и звучи лаптоп квартетот „Дисфилхармонија“. Во основа не сакаме да се претставиме само како бенд/лаптоп квартет или музичка група затоа што сите имаме доста различни погледи кон тоа што всушност е „Дисфилхармонија“. Главниот акцент во поголемиот дел од случаите е на звукот, но сепак, Дисфилхармонија е мултимедијален склоп на околности во кој скоро секогаш се вметнуваат многу повеќе медиуми, како еден вид индустрија во која се реализираат најразлични идеи, некогаш глатко залемени заедно, некогаш залепени со селотејп и изолир трака. Идејата за името ни доаѓа од нагонот да го распориме концептот за филхармонија и напорот да се намали идолизирањето на хармонијата во музиката. Филхармонијата е строго поделена, претерано специјализирана, оневозможена за импровизација и пред сè, ограничена; ние тежнееме да бидеме спротивно на тоа.

32

Кои се членовите, од кога постоите и како дојде до тоа да работите заедно? „Дисфилхармонија“ се формираше на почетокот на 2010, како состав од четворица хуманоиди и еден робот. Роботот отсекогаш бил присутен, дури и кога не се знаевме еден со друг. Хуманоидите се Александар Балдазарски, Саше Пуцковски, Дамјан Цветков-Димитров и Нина Георгиева, а роботот зазема различни форми како на пример купче чипови, отпорници, автомати итн. Како оди овој ангажман заедно факултетски и други обврски?

со

вашите

Сите сме студенти од кои двајца и работат, но покрај тоа се снаоѓаме со тоа што правиме тивки проби со слушалки додека сите спијат, online состаноци, или додека двајца спијат, другите работат на музиката, па потоа ротација. Поради тоа што Александар студира архитектура, Саше и Нина студираат информатика, а Дамјан студира филозофија, учеството во „Дисфилхармонија“ ни доаѓа како еден вид пракса. Сега проблемот е да ги убедиме и факултетите во тоа.


Излез I декември 2010

Музика

Каква музика создава „Дисфилхармонија“? На кој принцип работите? „Дисфилхармонија“ е стриктно електронски лаптоп квартет, жнееме звуци од градот (field recording), синтетизираме самите звуци и потоа правиме комбинации (индивидуално дома или на проба), потоа на пробите ги усовршуваме и стрес-тестираме, но и покрај сите проби, секој наш настан е различен затоа што импровизацијата ни е многу важен елемент. Пред некој специфичен настан се собираме и на состаноци за да ги изделкаме естетските и концептуалните елементи на настапот. На крајот на денот честопати сме целосно изненадени од финалниот производ. Испраќате ли некакви пораки со вашата музика? Која е идејата/концептот зад вашите звуци? Во основа ние сме музика за генерацијата на луѓе што живеат со интензивен дефицит на внимание. Преку епилептичноста и брзиот проток на различни звуци, нашата музика се обидува да комуницира ексклузивно со тие луѓе што не можат да седат мирно на клупите, мрдајќи некој екстремитет по слободен избор со брзината со која би сакале да ги слушаат предавањата. Сакаме да создадеме звучна и визуелна средина каде што луѓето со high bandwidth, со потреба за нови и разновидни информации, искуства, идеи, ќе можат да се чувствуваат како да се на правилното место. Тоа општо и делумно апстрактно ни е целта. Познавачите за вас велат дека сте многу пред своето време. На каков прием наидува вашата музика, која, сепак, отстапува од конвенционалното и чудно делува врз увото? Во основа сакаме да направиме остра поделба: луѓето што нè мразат - да нè мразат од дното на душата, а луѓето што нè сакаат, да реагираат со епски интензитет. За жал, ситуацијата не е толку едноставна за тоа лесно да се реализира; музиката денеска е исполнета со претенциозност и пренапумпаност, дури и тие што тврдат дека музиката денеска е исполнета со претенциозност и пренапумпаност некогаш се претенциозни. :] Луѓето како да имаат страв од неконвенционалност во глобала поради тоа што музиката ја сметаат за социјална активност, а не бараат индивидуална стимулација и потрага по нешто ново. Кога полека се водени за рака низ релативно нови звуци, но базирани на веќе слушнато, се чувствуваат безбедно. Кога ќе бидат повлечени за нозе во нешто ново, чувствуваат одбивност. Има ли некои светски изведувачи кои извршиле влијание врз музиката што ја создавате?

Позачајни активности и настапи досега? Планирате ли да објавите албум, или ќе продолжите музиката бесплатно да ја нудите и промовирате на Интернет? Ја водиме емисијата „Дисфилхармонија звучи“ секој четврток од полноќ на Канал103, каде што промовираме експериментална електронска музика, IDM, Glitch, разни интервјуа, живи настапи, а понекогаш и шетаме со точаци низ градот директно пренесувајќи ја атмосферата од соседството. Од летото наваму имаме настапено на повеќе настани, фестивали, и една радио емисија (покрај нашата), секаде со засебен, однапред подготвен концепт. На пример, пред неколку недели настапивме од шатор преполн со разновидна технологија и колачи кој беше поставен во глувата соба на музичкото радио Канал103, во склоп на емисијата „Ако никој не свири“, за првпат во историјата со видео стриминг во живо директно од шаторот. Исто така, вреди да се спомне и концепт-емисијата која ја спремивме за „Radia.fm„ и се емитуваше на над 30 европски радио станици: (archive.org/details/RadiaSeason024286). На 16-ти овој месец со свој перформанс настапивме во Белград, во бродот 20/44, заедно со Tearpalm и Nemanja Lazic кои моментално важат за едни од водечките претставници на експерименталниот звук во таа држава. За албум немаме конкретни планови, иако неодамна инициравме дискусии на темата. Роботот мисли дека е премногу рано за албум, ама ќе го убедиме. Каде можат читателите да ги најдат вашите траки? На soundcloud.com/disphilharmonia - бесплатна музика, извадоци од настапи и други звучни и не толку звучни скулптури, а на disphilharmonia.blogspot.com – сè останато што ви паѓа на ум.

Затоа што индивидуално секој од нас има далеку поголем пристап до музика одколку музичари во држави каде што се казнува пиратеријата, имаме слушано многу различна музика. Во глобала, државите без спроведен закон за симнување музика имаат граѓани што се далеку понаслушани од државите со функционален закон против пиратерија.

33


Литература

Излез | декември 2010

Литература Занес Една гола жена го целива свилениот облак додека тој восхитено и во занес и ги кажува своите божествени стихови, милувајќи ја по нејзините облини. Славица Урумова

Збирачот на болка Не зборувај ништо.. чекорот е музика на патеките по кои ти не знаeш да одиш. Те гледам како се препираш на камењата студени и груби, се мачиш попусто. Раката моја одамна запре да те чука по десното рамо.. ти со левата рака пресудуваше. И ослепен каков што си сега остана на патот груб да си ги вадиш очите со ѓаволот. Кој да ти ја разбере болката што ја украде од другите.. Томовска

34

Писмото ни Јазикот. Насушен лебец. Јазикот. Дождовна анархична молитва. Јазикот. Збиднува да биде во нашево едно небо, низ небенца. Јазикот. Јазикот во писмото. Писмото во јазикот. Писмото. Ова откинато небенце. Тоа небенце-писменце цимоли, цвика и моли. Во правописот сирово небо, небосклони неоткинати, китни. Разумрени. Небенцето: не знам, сè уште, којшто, којашто, коешто, коишто, врапче, ритче, гратче, братучед, и најизмаченото сфаќа итн. се претопува во ново небенце од: незнам, сеуште, кој што, која што, кое што, кои што, врабче, ридче, градче, братучет и најистакнатото, сваќа. Ова ме потсетува на „Епитаф на ветрот“ од З.А., но во случајов: „ Небенцето внатре умре од жал за небенцето надвор“. Пред да го осудите излагањево на робија поради правописен фашизам, запрашајте се дали горенаведеново ново правописно небенце е сродно со жаргонското небенце меѓу нас младите: дуФка, чаФка, занесуФка итн.; дијалектното небенце: било кој, шо, внатрешнио, фанам итн.; уметничкото небенце непресушно. Афродита Николова


Излез I декември 2010

Литература

Судски предмет ... шибам со стотка на кривина и сметам, оти патот ми е слободен, сфаќаш, будàла; само си го намалив плинот, и на коњ сум. И, кога гледам, на патот поворка. Погреб. Баш тогаш ја минеа улицата, откај влезот на гробиштата. Стегам кочница, ама толку чини – лизгаво, небаре мраз. Само знам оти момците што го носеа сандакот го фрлија на земја и ги снема во ендекот, и ’рс! го потфатив малку сандакот со задницата, а тој, од банкина, се насади право в’ нива. Излегувам од кола и си велам, чувај Боже и брани, само да не сум го собрал попот или некој од роднините, оти ќе стане големата! Ама, ќути, имало Господ: од едната страна застанало момчето со крстот в раце, од другата попот со ожалостените; восочни фигури. На попот, од сиот шок јазикот почна да му вергла, па ми вели: „Човече, па ни кон мртвите немате почит?“ А јас, сиот среќен што не сум удрил некој жив! И, на луѓето им дојде душа; едни почнаа да ме пцујат, а други се втурнаа да му помогнат на мртвиот во ковчегот, сиот парчосан; е, тоа е инстинкт. И, наеднаш се втурнаа назад, во паника. Од под купот летви се наѕира жив човек, прета со рацете во обид да седне. „Кај сум? Кај сум?“, вели и пробува да се намести. Сега и јас се здадов. „Дедо, му велам, е, за олку ќе ве закопаа!“ И го молкнам од под шутот. А тој, само клепа и мрмори: „Што е? Кој? Каде?“. Ама, никако да стане; од ударот изгледа му се здробил некој зглоб. И, што да ви речам друго: ги сместив дедото и попот в кола и ги префрлив до капелата; зад нас останаа ожалостените и момчето со крстот. А музиката, се знае: не сакаа да свират, оти немало кој да им плати. Велам, „за ковчегот ќе си платам, и за докторот; за другото, бидете ми благодарни што не закопавте жив човек“. И си отидов; да ви кажам право, ми олесна што си поминав со толку и полошо не ме снајде. Ама допрва ме чекаа проблеми. Прво, ми стигна учтиво писмо од градоначалникот на нивното село: вели, семејството на наводниот мртов, некојси Антонин Бартош, железничар во пензија, не поседува имот; сакале со последните заштедени пари на дедото да му овозможат пристоен погреб; а сега, вели, поради моето несовесно возење дедото се разбудил од мртвите, па мораат уште еднаш да го погребуваат, а тоа на таква немаштија не можат да си го дозволат. Бараат да им го платам погребот што им го прекинав, сосе попот, музиката, гробарите и ручекот за душа. После ми стигна адвокатско писмо во име на дедото: Дека Бартош Антонин, железничар во пензија, бара оштета за уништен траор; понатаму, неколку стотки на име терапија на скршен зглоб и пет илјади надомест за шок, претрпен по моја вина. Е, ова ме стави во мисла. Пак писмо: вели, дедово примал пензија од железницата; кога скинал конци од пензиско му ја прекратиле, и сега не сакаат да продолжат со исплата, бидејќи од матичниот лекар добиле потврда дека е мртов. И сега дедово ќе ме тужи и ќе бара да му плаќам доживотна издршка како замена за загубената пензија. Друга напомена: дедово, откако го воскреснав, се поболил и си бара посилна исхрана. И велат, начисто сум го расипал: откако се вратил од мртвите, друг човек бил, за ништо не го бивало. Само повторувал: „Што убаво си ја имав наредено работата , зар сега по вторпат да умирам! Е, нема така да го оставам, ќе ме исплати, ако треба и до Врховен ќе ја тераме работата. Зар сиромавиот најде да го ништи! Само робија за него.“ И така натаму. Згора на сè, тогаш и колата не ми беше регистрирана, а регистрацијата е обврзна. Не знам што да мислам. Што велите, ќе го одврзам ќесето? Карел Чапек Превел од чешки: Диме Митревски Филолошки факултет „Блаже Конески“

Кон Сајм Распупевте, расцветавте, замрзнавте вселените што ви се топлеа од исчезнувањето си нашле очни длапки да се засводат сакам да ме снема во некоја од тишините кои ми ги праќате место писма сакам да сум трска што трепери од вашите гласови ноќта место да ме раствори тргна по вас тлата врз кои се распарчував конечно се исцртани со лица штом моево ќе ги допре се насмевнувам и заспивам оковите ми омлитавуваат дури паѓам низ пекол со безброј агли вртимушка што не застанува сите светлини се нејзини искри не ни доаѓаат одозгора штом сте сите заедно и тие се соединуваат и ве нема секогаш кога ќе се разбудам Кирил Бисероски

35


Технологија

Корисни апликации

Софтверската апликација што доаѓа заедно со Windows Paint нуди основни можности на менување на фотографии и во основа е ограничена. Затоа, еден тим на студенти иницијално поддржани од Microsoft одлучија да направат подобра верзија на Paint наречена Paint.NET. Оригинално наменета за замена на основната апликација што доаѓа со Windows, сега Paint.NET е порасната во ефективна конкуренција на поголемите момци во сферата на фотоманипулација како Adobe Photoshop, Paint Shop Pro и други. Ако имате Windows оперативен систем, слободно и бесплатно симнете си ја оваа апликација од нивната веб страна. http://www.getpaint.net/ Paint.NET

Излез | декември 2010 сето ова, можете тој простор да го покажете на други луѓе преку линкови и да мерите посетеност на вашите фотографии, коишто сега формираат тридимензионална средина подготвена за прошетка од сите со интернет врска и компјутер купен во последните седум години. http://photosynth.net/

Dropbox е online веб услуга за синхронизирање датотеки, споделување на истите и лесно пренесување на фајлови од еден компјутер на друг, преку интернет. Во основа откако ќе ја инсталирате апликацијата Dropbox на вашиот компјутер, ќе се појави Dropbox папка која ја користите исто како и обични папки на вашиот оперативен систем, без разлика кој оперативен систем го користите (постои Dropbox и за попопуларните мобилни оперативни системи, iOS, Android, BlackBerry OS). Dropbox.com Дамјан Цветков-Димитров

Вентилот од радијаторот прави чуден звук што заедно со капењето на вода од цевките и хорот од гласови од комшиите или цимерите прават атмосфера на хорор филм од седумдесеттите. Ако сакате сета таа бучава да ја покриете на некој начин, сега има бесплатна online алатка со која инстантно може да создадете мирна средина за учење, спиење или едноставно релаксирање. www.simplynoise.com создава звук кој ги покрива другите звуци, а покрај тоа можете да одберете и каква боја и фреkфенција би бил тој звук. Пониските фрефенции се погодни за спиење и подлабоко релаксирање, а повисоките се наменети за учење и поголема активност на мозокот. http://www.simplynoise.com/

Нивниот слоган е: „користи го Photosynth да го споиш светот“, и тоа го прават на едноставен начин преку веб апликација. Оваа прекрасна бесплатна услуга овозможена од момците од Microsoft овозможува лесно спојување на слики од одредена локација во три димензионален простор, низ коишто можете да се шетате и да ги разгледувате сликите интерактивно како во видео игра. Финтата е да сликате повеќе фотографии од одредена локација (најдобро функционира со пошироки средини полни со архитектура и градби). Значи, под повеќе фотографии се мисли на над 50 фотографии, и потоа да ги подигнете на страната откако ќе направите бесплатен профил. Откако ќе го направите

36

Soundcloud (www.soundcloud.com) е онлајн платформа за поставување аудио материјал, каде што музичарите ширум светот промовираат и споделуваат Онлајн платформа за поставување аудио материјал, каде што музичарите ширум светот промовираат и споделуваат своја музика. Дали описот звучи познат? Да, повеќето ќе се потсетат дека веќе постои прилично популарна секција за музика на Myspace. Но, веќе оддамна Myspace пропаѓа, како резултат на лошата политика, лоши спам филтри, појавата на Facebook и преплавеност од страна на 13-годишни девојчиња (кои секогаш доаѓаат заедно со светкави банери и срценца). Тука се појавува Soundcloud со својот минимален изглед, интуитивноста при користење и зголеменото ниво на интеракција со музичарите и останатите слушатели. Кога сме веќе кај интеракцијата, Soundcloud воведе и временски коментари, кои се разликуваат од обичните коментари по тоа што ги поставувате точно на делот од песната на кој што сакате да искоментирате. Оваа импресивна опција верувам дека на сите ни недостасуваше, бидејќи ни ги овозможува посочувањата од типот „Слушнете го делот на 02:19!“. Сега тоа може да се направи директно. Soundcloud расте со огромна брзина, па наскоро поголемиот дел од музичкиот свет на интернет ќе мигрира на Soundcloud. Затоа, подгответе се, отворете свој профил, и започнете да барате интересна музика! Нина Георгиева, ФЕИТ


Излез I декември 2010

Технологија

Видео Игри Audiosurf

Cactusquid

Досега музиката од игрите никогаш не ни го погодувала вкусот за музика прецизно и апсолутно точно; оваа игра тоа го постигнува, со тоа што ја користи музиката која вие ќе ја одберете како дел од играта. Тоа е само дел од целата приказна, играта ја интерпретира вашата музика, ритам, фрекфенција итн. и динамично ја менува играта зависно од музиката. Оваа игра се состои од движење на футуристичко летало низ еден вид на автопат, којшто се генерира зависно од музиката што сте ја одбрале. Целта на играта е да се соберат три исти бои, што звучи релативно едноставно, но кога ќе се земе предвид дека леталото се движи доста брзо и има доволно пречки по патот, играта станува потешка. Но покрај сето тоа, сега знаете дека ќе можете да играте игра во 7/8 ритам на македонско етно. http://www.audio-surf.com/ AudioSurf

Кога веќе набројуваме инди видео игри, не може да не го спомнеме Jonatan Soderstrom, човекот кој стои зад Cactusquid. На неговата веб страна може да симнете над 50 видео игри бесплатно. Секоја од тие игри има одреден иновативен елемент, дали во приказната или во механиката на играње или во физиката. Тој сака да експериментира со начинот на кој се играат игри и резултатот е обично многу свеж и интересен. Разгледајте неколку од педесетината игри коишто досега ги има направено и самите ќе се уверите.. http://cactusquid.com/

Dwarf Fortress Игра за ретроманијаци! Предупредување: оваа игра е интензивна длабока стратегија, којашто бара огромно внимание на детали и микроменаџирање, воедно бара компјутерска конфигурација купена барем пред пет години за мазно искуство. Dwarf Fortress ја има (според некои) најлошата графика за игра издадена во 2006 година, а за некои други оваа игра е една од најдобрите игри на сите времиња. Очигледно е дека играта или ја мразиш или ја сакаш, нема алтернативна емоција. Краток опис на играта која само преку играње може да се искуси е да си ги замислите Sim City, Age of Empires, Minecraft, Alpha Centauri споени во една целина, полна со фантастични елементи како џуџиња и џинови. Играта е бесплатна и достапна за Mac OSX, Windows и Linux на интернет страната. http://www.bay12games.com/Dwarf fortress

Canabalt Притискајќи само едно копче, вие можете целосно да ја играте оваа Flash базирана видео игра. Играта се наоѓа и на познатиот промотер на интернет Flash игри Kongregate и има учествувано во натпреварот за игри што користат едно копче. Ја играте улогата на човек што трча по покриви на згради, додека темпото полека но сигурно се забрзува. По патот се јавуваат различни препреки, а целта е да се одржите најдолго што можете врз покривите и да не паднете долу. Графиката и музиката ја прават оваа игра нешто што не треба да се пропушти. http://www.adamatomic.com/canabalt/Canabalt

Дамјан Цветков - Димитров Филозофски факултет

37


Сатирична

Излез | декември 2010

vi ar hijr for di egzem.

crta i piπuva: tomi xurovski

vi vil ask studentko vat it mins. desetka.....500 eura πeska..........100 eura

vi ansr di egzem aj onli in it mins: dont Êeπ. egzem tumoru majnd et van oklok.

tu bi kontinjud desetka.....500 eura πeska..........100 eura

ispit utre u eden

prof.dr.stole mitovski

prof.dr.stole mitovski

vat ar vi going tu du xon!

dont vori bi hepi

vi ansr di egzem onli in Êeπ.

vi ar hijr for di egzem. desetka.....500 eura πeska..........100 eura

prof.dr.stole mitovski

38

aj dont majnd

tu bi kontinjud

desetka.....500 eura πeska..........100 eura

prof.dr.stole mitovski


Излез I декември 2010

Фотографии пристигнати на фотоконкурсот „Мигови од студентското секојдневие“ Фрижидерите во студентски дом „Кузман“ – Тара Петковска

Привид – Микица Ефремова, Шумарски факултет – Скопје

39


Излез | декември 2010

40


Студентско Списание Излез бр.3  

Третиот број на независното студентско списание Излез.

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you