Issuu on Google+

програм п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

а мар т 20 11


п р о г р а м а март 2 0 1 1

ОД УРЕДНИКОТ НА ФИЛМСКАТА ПРОГРАМА


унгарски филм... Имено, кинотечната програма јас и не ја сфаќам поинаку отколку еден целогодишен филмски фестивал во кој секој кој решил дека сака да мине два часа во темнината на киносалата ќе најде нешто што го интересира. Претходните изданија на Современиот јапонски филм покажаа дека во Македонија има публика која сака да види нешто поинакво од она што вообичаено ни се сервира. Се покажа дека има многу почитувачи на разнообразието, како и многу луѓе кои се интересираат за богатата јапонска кинематографија. Годинава имаме и филм од Такеши „Бит“ Китано, сигурно еден од најголемите јапонски уметници во последниве 30-тина години.

Затоа, неговиот филм – кој ќе се прикаже на Отворањето на циклусот –ќе има две проекции. Италијанскиот филм, традиционално, во Македонија има голема публика, без разлика дали се работи за комедија или за „сериозен“ филм. Ита­ ли­јанскиот филм кај нас има стекнато префикс на синоним за добар филм. И затоа, одлучивме филмската програма од Прозорецот... да биде прикажана во двоен термин, со проекции од 20:00 и 22:00 часот. Неделата на франкофонија е одличен повод да се ви­ди филм од земјите на франко­ фонијата. Еве, на пример, да се види овогодинешната француско-белгиска ко­про­ дукција СРЕЌАТА НА МОЈОТ ЖИВОТ, филм кој беше еден од најгледаните филмови на

почетокот од оваа година во Франција. Или, да се види еден современ филм од Швајцарија, прогласен за најдобар национален филмски производ во 2010 – како што е случајот со филмот Животинско срце... Или пак, да се види филм од Африка... И ќе завршиме, или подобро да кажам, ќе започнеме со ДОБРА НОЌ И СО СРЕЌА на Џорџ Клуни, кој како и повеќето негови колеги – холивудски актери – седна на режисерското столче, и по сè изгледа, планира и да остане на него... Затоа, Ви посакувам убава фестивалска година во Кинотеката на Македонија...! Владимир Ангелов, февруари 2011 год.

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

ФЕСТИВАЛИ. Во изминативе четири години од кога работи кинотечното кино, со месецот март ни започнува фестивалскиот период. Веќе традиционално во март е фестивалот на Современ јапонски филм, Прозорецот кон италијанскиот филм како и Фестивалот на франкофонски филмови. Како надополнување на фестивалските денови, кон крајот на март ќе започнеме и со циклусот Новинарството во американскиот филм, кој ќе продолжи и во април. А во април веќе се извесни претставувањето на филмското списание Револвер од Германија, заедно со филмската програма на германски „андерграунд“ филмови; потоа, тука ќе биде Скопскиот филмски фестивал; Современиот холандски филм, Современиот


п р о г р а м а март 2 0 1 1

2 март 2011, среда (20:00 ч.) 3 март 2011, четврток (20:00 ч.)

ПОСЛЕДНОТО ХРИСТОВО ИСКУШЕНИЕ 1 март 2011, вторник (20:00 ч.)

ЏЕЈКОБОВИТЕ СКАЛИЛА

(Jacob’s Ladder) 1990, 113 мин., колор, 35mm Режија: Адријан Лин (Adrian Lyne) Сценарио: Брус Џоел Рубин (Bruce Joel Rubin) Улоги: Тим Робинс, Елизабет Пења, Дени Ајело (Tim Robbins, Elisabeth Peña, Danny Aiello) Џејкоб работи во пошта. Има проблеми со грбот и оди на терапија. Има и псохолошки проблеми, има напорни и чести флешбекови од сцени од неговиот прв брак, неговиот мртов син и неговото заминување во војната во Виетнам. Полека ги губи конците помеѓу реалноста и фантазијата.

(The Last Temptation of Christ) игран филм, САД 1988, 164 мин., колор, 35mm Режија: Мартин Скорсезе (Martin Scorsese) Сценарио: Никос Казанцакис, Пол Шредер (Nikos Kazantzakis, Paul Shrader) Улоги: Вилијем Дефо, Харви Кајтел, Барбара Херши (Willem Dafoe, Harvey Keitel, Barbara Hershey) Екранизација на контроверзниот роман на Никос Казанцакис за еден имагинарен и претпоставен живот на Исус – подеднакво искушенички како и на секој друг смртник... Исус, наоѓајќи се веќе на крстот – по познатиот повик „може ли да ја одбегне горчливата чаша пелин“ – одеднаш се наоѓа себеси како постои и живее како и секој друг човек, низ горчливото секојдневие на обичниот живот на обичен смртник... Но, полека – тој свет


кого го следи е прашање што се разоткрива на крајот од филмот исполнет со акција, мистерија, компјутерска анимација.

4 март 2011, петок (20:00 ч.) 5 март 2011, сабота (20:00 ч.)

6 март 2011, недела (20:00 ч.) 8 март 2011, вторник (20:00 ч.)

ВИДОК

ОСУМ ЖЕНИ

(Vidocq) игран филм, Франција 2002, 111 мин., колор, 35mm Режија: Питоф (Pitof) Сценарио: Питоф, Жан-Кристоф Гранже (Pitof, Jean-Christophe Grangé) Улоги: Жерар Депардје, Гијом Кане, Инес Састр (Gérard Depardieu, Guillaume Canet, Inés Sastre) Додека ги следи трагите на Алхемичарот, познатиот убиец со маска, детективoт Видок исчезнува. Еден млад истражувач кој наводно сака да пишува за животот на детективот, се обидува да открие што се случило со него и почнува да го бара низ Париз. Кој всушност

(8 femmes) игран филм, Франција/Италија 2001, 98 мин., колор, 35mm Режија: Франсоа Озон (François Ozon) Сценарио: Франсоа Озон, Робер Тома (François Ozon, Robert Thomas) Улоги: Фани Ардан, Емануел Беар, Катрин Денев (Fanny Ardant, Emmanuelle Béart, Catherine Deneuve) За време на божиќните празници, во една изолирана куќа се случува убиство. Сопругата со нејзината мајка и сестра, како и слугинката, домаќинката и двете ќерки на убиениот – сите тие имаат мотив за убиство и се сомнителни,

вклучувајќи ја и сестрата на покојникот која доаѓа во ненадејна посета. Разоткривањето на темните семејни тајни доведува до комични ситуации.

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

се покажува далеку погорчлив од неговата „чаша пелин“ на крстот – и тој повторно се наоѓа себеси на Крстот, оној истиот предвиден за него....


п р о г р а м а март 2 0 1 1

ВЕЧЕР СО БИЛЈАНА ГАРВАНЛИЕВА

СОВРЕМЕН ЈАПОНСКИ ФИЛМ

ШИВАЧКИТЕ

документарен филм, Германија 2010, 30 мин., колор, Бета 9 март 2011, среда (19:00 ч. и 21:00 ч.) 7 март 2011, понеделник (20:00 ч.)

ДЕВОЈЧЕТО И НЕЈЗИНАТА ХАРМОНИКА документарен филм, Германија 2006, 36 мин., колор, Бета

ДЕВОЈЧЕТО ШТО БЕРЕ ТУТУН документарен филм, Германија 2009, 30 мин., колор, Бета

СЛУЧКА НА МОРЕ

(Ano Natsu, Ichiban Shizuka Na Umi / A Scene At The Sea) игран филм, Jапонија 1991, 101 мин., колор, 35mm Режија: Такеши Китано (Takeshi Kitano) Сценарио: Такеши Китано (Takeshi Kitano) Улоги: Куродо Маки, Хироко Ошима, Сабу Кавахара (Kurodo Maki, Hiroko Oshima, Sabu Kawahara) Глувонемиот Шигеру работи како чистач и наоѓа фрлена даска за сурфање. Откако ќе ја поправи, заминува на плажата за и тој да научи да сурфа. Неговите почетнички обиди се смешни и локалните сурфери го исмеваат, исто како и неговата девојка Такако. Но, Шигеру упорно секој ден оди на плажата и вежба.


11 март 2011 петок (20:00 ч.)

АНГЕЛИ СО ЛУЗНИ

МЕЧОТ НА КАМУИ

(Kizu Darake No Tenshi / Scarred Angels) игран филм, Јапонија 1997, 118 мин., колор, 35mm Режија: Џунџи Сакамото (Junji Sakamoto) Сценарио: Шоичи Марујама (Shoichi Maruyama) Улоги: Ецуши Тојокава, Клод Маки, Томојо Харада (Etsushi Toyokawa, Claude Maki, Tomoyo Harada) Мицуру Кида има мала приватна детективска агенција што ја води со пријателот Хисаши. По една кавга, Мицуру ќе се реши да си замине од градот, но ненадејно добива задача која ќе го однесе во една напуштена зграда и ќе го соочи со криминалец на умирање. Сожалувајќи се на него, Мицуру му ветува дека ќе помогне неговиот син да заврши во рацете на поранешната сопруга.

(Kamui No Ken / The Dagger of Kamui) анимиран, Јапонија 1985, 132 мин., колор, 35mm Режија: Ринтаро (Rintaro) Сценарио: Тору Јано, Мори Масаки (Toru Yano, Mori Masaki) Гласови: Хиројуки Санада, Мами Којама, Таро Ишида (Hiroyuki Sanada, Mami Koyama, Taro Ishida) Во времето на шогуните, пред неколку века, Малиот Јиро го наоѓаат во чамец, напуштен, со бодеж до него кој докажува дека води потекло од племето Аину. Кога ќе наполни 13 г. неправедно го обвинуваат за убиство на својот старател и тој мора да бега. Го запознава свештеникот Тенаки кој и од него ќе научи боречки вештини.

12 март 2011 сабота (20:00 ч.)

ХОТЕЛ ХИБИСКУС

(Hotel Hibiscus) игран филм, Јапонија 2002, 92 мин., колор, 35mm Режија: Јуџи Накае (Yuji Nakae) Сценарио: Мико Накасоне, Мотоко Накае, Јуџи Накае (Miko Nakasone, Motoko Nakae,Yuji Nakae) Улоги: Хонами Курашита, Џун Мураками, Несумису (Honami Kurashita, Jun Murakami, Nesumisu) Во хотелот Хибискус, кој има само една соба за гости, деветгодишната Миеко живее со таткото, мајката, бабата, полубратот и полусестрата. Еден ден, додека оди накај училиште, го запознава Нотојаму кој се онесвестува на улица. Семејството го прифаќа младиот Нотојаму и се грижи за него, го сместува во гостинската соба. Кога мајката и сестрата ќе отпатуваат, домаќинството останува во рацете на Миеко.

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

10 март 2011, четврток (20:00 ч.)


програ м а м а рт 2 0 1 1

1 март 2011, вторник (20:00 ч.)

5 март 2011, сабота (20:00 ч.)

8 март 2011, вторник (20:00 ч.)

ЏЕЈКОБОВИТЕ СКАЛИЛА

ВИДОК

ОСУМ ЖЕНИ

(Jacob’s Ladder) 1990, 113 мин., колор, 35mm Режија: Адријан Лин (Adrian Lyne)

(Vidocq) игран филм, Франција 2002, 111 мин., колор, 35mm Режија: Питоф (Pitof)

(8 femmes) игран филм, Франција/Италија 2001, 98 мин., колор, 35mm Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

6 март 2011, недела (20:00 ч.)

9 март 2011, среда (19:00 ч. и 21:00 ч.)

2 март 2011, среда (20:00 ч.)

ПОСЛЕДНОТО ХРИСТОВО ИСКУШЕНИЕ

ОСУМ ЖЕНИ

(The Last Temptation of Christ) игран филм, САД 1988, 164 мин., колор, 35mm Режија: Мартин Скорсезе (Martin Scorsese)

(8 femmes) игран филм, Франција/Италија 2001, 98 мин., колор, 35mm Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

3 март 2011, четврток (20:00 ч.)

7 март 2011, понеделник (20:00 ч.)

ПОСЛЕДНОТО ХРИСТОВО ИСКУШЕНИЕ

ВЕЧЕР СО БИЛЈАНА ГАРВАНЛИЕВА

(The Last Temptation of Christ) игран филм, САД 1988, 164 мин., колор, 35mm Режија: Мартин Скорсезе (Martin Scorsese)

ДЕВОЈЧЕТО И НЕЈЗИНАТА ХАРМОНИКА

4 март 2011, петок (20:00 ч.)

ВИДОК (Vidocq) игран филм, Франција 2002, 111 мин., колор, 35mm Режија: Питоф (Pitof)

документарен филм, Германија 2006, 36 мин., колор, Бета

ДЕВОЈЧЕТО ШТО БЕРЕ ТУТУН документарен филм, Германија 2009, 30 мин., колор, Бета

ШИВАЧКИТЕ документарен филм, Германија 2010, 30 мин., колор, Бета

СОВРЕМЕН ЈАПОНСКИ ФИЛМ

СЛУЧКА НА МОРЕ (Ano Natsu, Ichiban Shizuka Na Umi / A Scene At The Sea) игран филм, Jапонија 1991, 101 мин., колор, 35mm Режија: Такеши Китано (Takeshi Kitano)

10 март 2011, четврток (20:00 ч.)

АНГЕЛИ СО ЛУЗНИ (Kizu Darake No Tenshi / Scarred Angels) игран филм, Јапонија 1997, 118 мин., колор, 35mm Режија: Џунџи Сакамото (Junji Sakamoto)


15 март 2011 вторник (20:00 ч.)

20 март 2011, недела (20:00ч.)

24 март 2011, четврток (20:00 ч.)

МЕЧОТ НА КАМУИ

ПЛАНИНСКА ГРОЗНИЦА

ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ДОЈДЕ

ЖИВОТИНСКО СРЦЕ

(Kamui No Ken / The Dagger of Kamui) анимиран, Јапонија 1985, 132 мин., колор, 35mm Режија: Ринтаро (Rintaro)

(Kuraimâzu hai / Climber’s High) игран филм, Јапонија 2008, 145 мин., колор, 35mm Режија: Масато Харада (Masato Harada)

(L’uomo che verrà) игран филм, Италија 2009, 115 мин., колор, ДВД Режија: Џорџо Дирити (Giorgio Diritti)

(Coeur animal) игран филм, Швајцарија 2009, 91 мин., колор, 35mm/ДВД Режија: Северин Корнамуса (Séverine Cornamusaz)

12 март 2011 сабота (20:00 ч.)

18 март 2011, петок (20:00ч.)

СЕМЕЈСТВОТО

ХОТЕЛ ХИБИСКУС

ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ

(La famiglia) игран филм, Италија/Франција 1987, 122 мин., колор, ДВД Режија: Еторе Скола (Ettore Scola)

(Un transport en commun) игран филм, Франција/Сенегал 2009, 48 мин., колор, ДВД Режија: Дјана Гај (Dyana Gaye)

22 март 2011, вторник (20:00ч.)

26 март 2011, сабота (20:00 ч.)

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ЈУГ

ПРЕД ДОЖДОТ

(Benvenuti al Sud) игран филм, Италија 2010, 102 мин., колор, ДВД Режија: Лука Миниеро (Luca Miniero)

(Before the Rain) игран филм, Македонја/Велика Британија/ Албанија 1994, 113 мин., колор, 35mm Режија: Милчо Манчевски

21 март 2011, понеделник (20:00ч.)

(Hotel Hibiscus) игран филм, Јапонија 2002, 92 мин., колор, 35mm Режија: Јуџи Накае (Yuji Nakae)

13 март 2011 недела (20.00 часот)

МЛАДОСТА НА ЕЦУКО КАМИЈА (Kamiya Etsuko No Seishun / The Blossoming of Etsuko Kamiya) игран филм, Јапонија 2006, 111 мин., колор, 35mm Режија: Казуо Куроки (Kazuo Kuroki)

14 март 2011, понеделник (20:00 ч.)

БУДЕЊЕ (Tamamoe! / Awakening) игран филм, Јапонија 2006, 125 мин., колор, 35mm Режија: Џунџи Сакамото (Junji Sakamoto)

ГОЛЕМАТА ВОЈНА (La grande guerra) игран филм, Италија/Франција 1959, 137 мин., црно/бел, ДВД Режија: Марио Моничели (Mario Monicelli)

19 март 2011, сабота (20:00ч.)

ДА СЕ ПОБЕДИ (Vincere) игран филм, САД 2009, 128 мин., колор, 35mm Режија: Марко Белокио (Marco Bellocchio)

23 март 2011, среда (20:00 ч.) НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНИЈА

СРЕЌАТА НА МОЈОТ ЖИВОТ (La chance de ma vie) игран филм, Франција/Белгија 2010, 87 мин., колор, 35mm Режија: Никола Куше (Nicolas Cuche)

25 март 2011, петок (20:00 ч.)

ЈАВЕН ПРЕВОЗ

31 март 2011, четвротк (20:00 ч.) НОВИНАРСТВОТО ВО АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ

ДОБРА НОЌ И СО СРЕЌА (Good Night, and Good Luck) игран филм, САД/Франција/Велика Британија/Јапонија 2005, 83 мин., црно/бел, 35mm Режија: Џорџ Клуни (George Clooney)

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

11 март 2011 петок (20:00 ч.)


п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

13 март 2011 недела (20.00 часот)

МЛАДОСТА НА ЕЦУКО КАМИЈА

(Kamiya Etsuko No Seishun / The Blossoming of Etsuko Kamiya) игран филм, Јапонија 2006, 111 мин., колор, 35mm Режија: Куроки Казуо (Kuroki Kazuo) Сценарио: Масатака Матсуда, Хидеки Јамада, Казуо Куроки (Masataka Matsuda, Kuroki Kazuo, Hideki Yamada) Улоги: Томојо Харада, Масатоши Нагасе, Каору Кобајаши (Tomoyo Harada, Masatoshi Nagase, Kaoru Kobayashi) На кровот на една болница, постара брачна двојка се присеќава на црешата што некогаш растела пред куќата на жената. Таквите спомени ги наведуваат да се сетат и на деновите за време на Втората светска војна и околностите под кои се запознале. Ецуко тогаш живеела со својот брат, но била вљубена во друг.

14 март 2011, понеделник (20:00 ч.) БУДЕЊЕ (Tamamoe! / Awakening) игран филм, Јапонија 2006, 125 мин., колор, 35mm Режија: Џунџи Сакамото (Junji Sakamoto) Сценарио: Нацуо Кирино, Џунџи Сакамото (Natsuo Kirino, Junji Sakamoto) Улоги: Џун Фубуки, Јошико Мита, Тецуши Танака (Jun Fubuki, Joshiko Mita, Tetsushi Tanaka) Сопругот на Тошико, три години по заминувањето во пензија, умира од срцев удар. На погребот доаѓаат и ќерката Михо и синот Акијуки. Таму, сосем случајно, Тошико ќе дознае дека нејзиниот сопруг бил во врска со постара жена со која тој се гледа секој четврток, додека таа мисли дека тој посетува курс за готвење.

15 март 2011 вторник (20:00 ч.) ПЛАНИНСКА ГРОЗНИЦА (Kuraimâzu hai / Climber’s High) игран филм, Јапонија 2008, 145 мин., колор, 35mm Режија: Масато Харада (Masato Harada) Сценарио: Масато Харада, Масато Като, Изуру Нарушима, Хидео Јокојама (Masato Harada, Masato Kato, Izuru Narushima, Hideo Yokoyama) Улоги: Шиничи Цуцуми, Масато Сакаи, Мачико Оно (Shinichi Tsutsumi, Masato Sakai, Machiko Ono) Приказната на филмот се базира на вистински случај, авионска нереќа што се случила во 1985 година, во која од 524 патници на авионот, само четворица преживеале. Еден новинар го следи настанот од самиот почеток, се соочува со вистините и гласините во врска со несреќата, а попат мора да реши и некои битни дилеми во врска со кариерата, новинарската етика и приватниот живот.


18 март 2011, петок (20:00ч.) ГОЛЕМАТА ВОЈНА (La grande guerra) игран филм, Италија/Франција 1959, 137 мин., црно/бел, ДВД Режија: Марио Моничели (Mario Monicelli) Сценарио: Лучијано Винченцони, Марио Моничели и други (Luciano Vincenzoni, Mario Monicelli etc.) Улоги: Алберто Сорди, Виторио Гасман, Силвана Мангано (Alberto Sordi, Vittorio Gassman, Silvana Mangano) За време на Првата светска војна, две момчиња се обидуваат да ја избегнат мобилизацијата, но сепак ќе се сретнат на возот што ги носи на фронтот. Во селото во кое се сместени, едниот од нив се вљубува во локалната убавица. Но, за

Ида, лудо вљубена, верува во неговите идеи за похуман свет и ќе продаде сè што има за да го финансира неговиот нов весник, кој подоцна ќе го поттикне основањето на фашистичката партија.

19 март 2011, сабота (20:00ч.) ДА СЕ ПОБЕДИ (Vincere) игран филм, САД 2009, 128 мин., колор, 35mm Режија: Марко Белокио (Marco Bellocchio) Сценарио: Марко Белокио, Даниела Чесели (Marco Bellocchio, Daniela Ceselli) Улоги: Џована Мецоџорно, Филипо Тими, Фаусто Русо Алеси (Giovanna Mezzogiorno, Filippo Timi, Fausto Russo Alesi) Во животот на Мусолини има една тајна: сопруга и син, сокриени од очите на јавноста. Кога ја запознава Ида Далсер, Мусолини е уредник на весникот „Аванти“ и е посветен социјалист кој има намера да го води народот кон подобра иднина.

20 март 2011, недела (20:00ч.) ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ДОЈДЕ (L’uomo che verrà) игран филм, Италија 2009, 115 мин., колор, ДВД Режија: Џорџо Дирити (Giorgio Diritti) Сценарио: Џорџо Дирити, Џовани Галавоти, Тања Педрони (Giorgio Diritti, Giovanni Galavotti, Tania Pedroni) Улоги: Маја Санса, Алба Рорвахер, Елеонора Мацони (Maya Sansa, Alba Rohrwacher, Eleonora Mazzoni) Зимата 1943 година, Мартина тагува по смртта на своето братче, а се радува на раѓањето на новото, бидејќи мајка £ е повторно бремена. Живеат во рурална средина и војната се наближува

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

ПРОЗОРЕЦ КОН ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ

време на решавачката битка помеѓу Италија и Австро-Унгарија, додека пренесуваат важна порака до своите претпоставени, паѓаат во рацете на непријателот.


п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

кон нивното село. Дента кога се раѓа бебето, нацистичките трупи влегуваат во селото и почнуваат да убиваат.

Најголемата дилема во неговиот живот е дали да остане комформист, или да ги следи своите страсти и интереси. А кога ќе се реши, можеби е веќе предоцна...

едното и кај другото население. Алберто Монца ќе биде казнет со прекоманда во Кампанија, па очекува животот да му се претвори во кошмар...

НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНИЈА

21 март 2011, понеделник (20:00ч.)

22 март 2011, вторник (20:00ч.)

СЕМЕЈСТВОТО

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ЈУГ

(La famiglia) игран филм, Италија/Франција 1987, 122 мин., колор, ДВД Режија: Еторе Скола (Ettore Scola) Сценарио: Грацијано Дијана, Руџеро Макари, Еторе Скола, Фурио Скарпели (Graziano Diana, Ruggero Maccari, Ettore Scola, Furio Scarpelli) Улоги: Виторио Гасман, Фани Ардан, Стефанија Сандрели (Vittorio Gassman, Fanny Ardant, Stefania Sandrelli) Осумдесетгодишната сага за семејството, исполнета со впечатливи ликови и многу настани, го следи животот на Карло – од неговото раѓање и крштевање, па сè до неговата длабока старост.

(Benvenuti al Sud) игран филм, Италија 2010, 102 мин., колор, ДВД Режија: Лука Миниеро (Luca Miniero) Сценарио: Масимо Гаудиозо, Дени Бун и други (Massimo Gaudioso, Dany Boon, etc.) Улоги: Клаудио Бисио, Алесандро Сиани, Анџела Финокјаро (Claudio Bisio, Alessandro Siani, Angela Finocchiaro) Римејк на истоимената француска комедија, воедно и најпрофитабилниот италијански филм за 2010, кој го третира познатиот конфликт помеѓу италијанскиот север и југ, разликите во менталитетот и предрасудите што постојат и кај

23 март 2011, среда (20:00 ч.)

СРЕЌАТА НА МОЈОТ ЖИВОТ

(La chance de ma vie) игран филм, Франција/Белгија 2010, 87 мин., колор, 35mm Режија: Никола Куше (Nicolas Cuche) Сценарио: Лик Боси, Лорен Турнер (Luc Bossi, Laurent Turner) Улоги: Виржини Ефира, Франсоа-Ксавиер Демезон, Армел Дојч (Virginie Efira, FrançoisXavier Demaison, Armelle Deutsch)


љуби, не знае ни кој сега тоа го прави место него. Всушност, тој неа многу малку и ја познава, но знае дека сака да биде со неа – засекогаш. И сега, исто како и некогаш...

26 март 2011, сабота (20:00 ч.)

ПРЕД ДОЖДОТ

25 март 2011, петок (20:00 ч.)

ЈАВЕН ПРЕВОЗ 24 март 2011, четврток (20:00 ч.)

ЖИВОТИНСКО СРЦЕ

(Coeur animal) игран филм, Швајцарија 2009, 91 мин., колор, 35mm/ДВД Режија: Северин Корнамуса (Séverine Cornamusaz) Сценарио: Северин Корнамуса, Марсел Булије, Ноел Рева (Séverine Cornamusaz, Marcel Beaulieu, Noëlle Revaz) Улоги: Антонио Бил, Франциска Кал, Ками Жапи (Antonio Buíl, Franziska Kahl, Camille Japy) Тој постојано размислува за неа. Не знае како да ја

(Un transport en commun) игран филм, Франција/Сенегал 2009, 48 мин., колор, ДВД Режија: Дјана Гај (Dyana Gaye) Сценарио: Дијана Гај, Луиз Терме и други (Dyana Gaye, Louise Thermes) Улоги: Умбан Гомез де Ксет, Мење Касе, Ан Жанин Барбоза (Umban Gomez de Kset, Mbègne Kassé, Anne Jeanine Barboza) Дакар, Сенегал. Крај на лето. Додека патуваат од Дакар до Сен-Луис со минибус, патниците ги раскажуваат нивните судбини пеејќи.

(Before the Rain) игран филм, Македонја/Велика Британија/ Албанија 1994, 113 мин., колор, 35mm Режија: Милчо Манчевски Сценарио: Милчо Манчевски Улоги: Раде Шербеџија, Катрин Картлиџ, Лабина Митевска Првиот и најнаградуваниот игран филм на познатиот македонски режисер, ја третира темата на насилството што раѓа уште повеќе насилство. Млада Албанка бара засолништво во еден православен манастир и тоа повлекува низа насилни настани што ќе завршат со повеќекратна смрт.

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

Жулиен Моние има сериозен проблем. Иако е успешен советник на брачни двојки, не успева да задржи жена во својот живот подолго од две недели. Како да им носи несреќа на сите оние што ќе се осмелат да се вљубат во него – тие губат здравје, работа, пријатели. Жулиен е вистинска „црна мачка“ за жените. Џоана е девојката која наскоро ќе дознае за овој проблем на Жулиен...


п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

НОВИНАРСТВОТО ВО АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ

31 март 2011, четвротк (20:00 ч.)

ДОБРА НОЌ И СО СРЕЌА

(Good Night, and Good Luck) игран филм, САД/Франција/Велика Британија/ Јапонија 2005, 83 мин., црно/бел, 35mm Режија: Џорџ Клуни (George Clooney) Сценарио: Џорџ Клуни, Грант Хеслов (George Clooney, Grant Heslov) Улоги: Дејвид Стратерн, Џорџ Клуни, Патриша Кларксон (David Strathairn, George Clooney, Patricia Clarkson) Стравот од комунизмот во САД во почетокот на ’50-ите години од дваесеттиот век, создава параноја подгревана од страна на сенаторот Макарти. Преку својата програма на каналот СиБи-Ес, новинарот Мароу и продуцентот Френдли

решително му се спротивставуваат на Макарти и ги предизвикуваат неговите ставови. Сето тоа бара големи лични и професионални жртви од двајцата, но тие сепак успеваат значително да влијаат на јавното мнение од тоа време. Издавач: Кинотека на Македонија ул. Никола Русински бр. 1, Скопје п.фах: 16, Скопје тел.: + 389 2 307 1814 факс: + 389 2 307 1813 е-маил: kinoteka@ukim.edu.mk веб-стр.: www.maccinema.com


п р о г р а м а м арт 2 0 1 1

За издавачот: м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска Уредник на филмската програма: Владимир Љ. Ангелов Реализација: Кире Велков Петар Волнаровски Тихомир Кашмицовски Миле Миленковски Александра Младеновиќ Виолета Петрушева м-р Игор Старделов Зоран Трендафиловиќ Лектура: Сузана В. Спасовска Дизајн: Ладислав Цветковски Печати: Европа ’92 – Кочани

ISBN 978-9989-6434-50-7 Проектот го помогна:

Министерство за култура на Република Македонија


www.maccinema.com

п р о г р а м а м арт 2 0 1 1


MART