__MAIN_TEXT__
feature-image

Page 1

EQUALPOWER • ПРОЛЕТ 2018 / БРОЈ 3 •

списание за еднаквост и разновидност  МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА


EQUALPOWER ЕДНАКВА МОЌ 

ГЛАВЕН УРЕДНИК

м-р Наталиe Ц. Постружник

ИЗВРШЕН УРЕДНИК

Дејан Андонов

УРЕДНИЦИ

Нина Кланчник Данаја Постружник Мартина Шпиљак

ДИЗАЈН

Горазд Постружник

ВО ВРСКА СО ЕДНАКВА МОЌ - EQUALPOWER Овој еМагазин е дел од активностите и алатките спроведени во рамки на проектот Еднаква моќ за жените од Изида Вита , Словенија во соработка со Институтот за комуникациски студии , Македонија

en.izidavita.si, gorazd@izidavita.si Фотографија на насловната страница : Insights д . о . о . Проектот Еднаква моќ за жените е делумно финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија Изјава за ограничување на одговорност : Содржината на еМагазинот ги претставува мислењата на авторите и таа не е официјален став на Владата на Република Словенија


4

ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

5

ИНТЕРВЈУ: КЛАУДИЈА ДЕ КАСТРО КАЛДЕИРИЊА„ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ВАШ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗБОРУВАЈЌИ НА СИОТ ГЛАС”

Клаудија де Кастро Калдеириња

8

ЕВРОПСКОТО ЖЕНСКО ЛОБИ

9

ФАКТИ ОД СВЕТОТ З А РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ

10

БЛОГОВИ

11 24

ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЕДНАКВА МОЌ ЗА ЖЕНИТЕ НА 29 МАРТ


автор: Дарко Малиновски, студент на ИКС

| 04

EQUALPOWER


У Ј В Р Е Т Н И Клаудија де Кастро Калдеириња, основач и извршен директор на „Редскоуп консалтинг“ (Redscope Consulting), Белгија, во ова интервју зборува со уредниците на списанието #ЕднакваМоќ на тема родова еднаквост, инклузија, натпреварување и „големата слика“ на промените. Интервјуто е направено по повод промоцијата на нејзината нова книга „Жените како водачи на патот во Брисел“ (Women Leading the Way in Brussels), и нејзиното учество како главен говорник на меѓународната веб конференција за родова еднквост во бизнисот во Македонија, што ќе се одржи на 29 март.

Е ТОА ШТО ИНТЕРЕСНО Е, ТОА ШТО ГО НАУЧИВМ ОДУШЕВИ: ТОЛКУ НÈ ВО АШИМЕ ДА ДА НЕ СЕ ПЛ ТИТМЕ ГО ИСКОРИС ЦЕЛИОТ НАШ СИОТ И ПОТЕНЦИЈАЛ НАШ ГЛАС

EQUALPOWER

| 05

„ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ВАШ ПОТЕНЦИЈАЛ И ЗБОРУВАЈТЕ НА СИОТ ГЛАС”

Клаудија де Кастро Калдеириња главен говорник, веб-конференција на 29 март Зошто Вие лично сте толку многу ангажирани на темата родова еднаквост? Првично се занимавав со темата меѓународна политика; потоа се инволвирав во сè што значеше поддршка за мир и изградба на демократија. Полека сфаќав дека родот игра клучна улога ако сакате да создадете мир и одржливост во општеството. Па така, следниот чекор – односно работењето на родовата еднаквост – беше неизбежен. Магистерската теза ја изработив на темата родов идентитет, поточно што го дефинира тој идентитет; значи не само дали сте маж или жена, туку опфатени беа сите аспекти, како што се ЛГБТ, возраст, религија, итн. Потоа продолжив да ја надградувам темата од аспект на лидерство; истовремено работејќи на управување со лидерство, од што го заработуваме лебот, нели (се смее). Мојот заклучок е дека ни се потребни инклузивни организации кои се родово еднакви, за тие организации да бидат подобри и подготвени за трансформација за 21-от век.

За да успееме во тоа, пак, треба да го надградиме капацитетот на вработените и управителите; со други зборови – за успех се клучни сите овие аспекти. Често на ова гледам како да е една цела торта, сакам да ја видам целосната слика, не верувам дека нешто ќе се смени ако смените само едно парче од тортата. Мојата додадена вредност е составување на сите делови, или кусо кажано: да се трансформира системот и управувањето, да се работи на зајакнување на капацитетите на жените и да се работи на автентично лидерство. Вие и Корина Хорст штотуку ја издадовте книгата „Жените како водачи на патот во Брисел“ (Women Leading the Way in Brussels) (Издавачка куќа „Џон Харпер“). Кои се вашите главни наоди? Ни беше преку глава од наративот со кој се поддржуваше т.н. „женски стил на лидерство“. Целта ни е да зборуваме за разновидност во стиловите на лидерство и да покажеме дека жените може да бидат лидери на многу различни начини.


Фото: Маргит Копе (Margrit Coppé)

Нашата намера беше да претставиме разновидност. Логичниот избор беше книгата да ја фокусираме на Брисел – тој е мултикултурен и мултинационален, а ние сакавме да ја покажеме разновидноста што постои таму. Следниот чекор беше да најдеме жени кои се лидери во различни сектори (како на пример институции на ЕУ, во бизнис секторите – мултинационални, МСП, социјални претприемачи; потоа во невладиниот сектор: НВО, експертски групи...) и кои се со потекло од различни земји. Разговаравме со 14 жени, секоја од нив беше фантастична. Научивме многу. Интересно е тоа што го научивме, тоа што толку нè воодушеви: Да не се плашиме да го искориститме целиот наш потенцијал и сиот наш глас. Ние, жените, често сме предмет на критика, но не само од мажите, туку и од жените, ако ја согледаме реалноста. Знаете што сакам да кажам: да се биде како мало глувче, да не се истакнуваме премногу, да не бидеме „гласни“, да не бидеме смели? Епа, овие 14 жени воопшто не биле такви – како што велам јас – го немале тој елемент на смалување. Тие го живеат животот до максимум – и се успешни.

Другото клучно откритие од интервјуата беше дека сè уште постојат многу свесни и несвесни предрасуди. Само што не ги гледаме и чувствуваме (веќе) како слепа точка. Треба да се справиме со нив за да може да ја изедеме целата торта, односно да го смениме светот и да го направиме поодржлив Можете ли да ни дадете некој совет за тоа што треба, а што не треба да прават жените кои сакаат да бидат лидери? Од она што го научив јас, важно е:

- Да не дозволите мислењата / осудите од другите да ве спречат. Другите, дури и оние кои ги сакаме, не знаат повеќе од нас за тоа што е најдобро за нас. - Дефинирајте што за вас значи успех. Кај секој од нас таа дефиниција е различна, немаме сите исти желби. - Фокусирајте се на работите во кои сте добри, а не на спротивното. - Најдете партнер кој ви дава поддршка и е ваш прав сојузник; не стапувајте во брак со диносаурус. Има ли некои разлики за тоа „како да се биде жена лидер“ во „Западна Европа“ споредено со земјите во развој (како што е Македонија)? Ако има, тогаш кои се?

Контекстот на жените е сосема различен; на пример, во Шведска постојат политики со кои се штитат семејствата, такви политики нема да сретнете во Италија, Грција или Португалија. Реалноста на секоја посебна земја е таа што ги дефинира и структурира начините на кои жените стануваат и функционираат како лидери: Вистина е дека во западните земји постојат заеднички елементи, но во сите земји жените сè уште се борат да станат лидери. На какви мерки и активности мислам? Многу земји имаат имплементирано различни алатки, како што се родови квоти на политички листи; во некои градови постои родово буџетирање, во некои региони има инклузивни политики... Мислам дека институциите станаа многу посвесни за аспектот на родова еднаквост; тие ги притискаат оние кои се на одлучувачки позиции да ги поддржат промените. Ситуацијата веројатно е различна во земјите од Источна Европа. Забележав една таканаречена „перцепција на мачо-маж“, сè уште има мал број на жени вклучени во политика, многу мал број жени се главни извршни директори, малку од нив се водечки новинари... | 06

EQUALPOWER


Но знаете што? Ситуацијата е иста и во западните земји, само што има една огромна разлика. Западните земји стратегиски работат на тоа да стигнат до пресвртната точка, кога разликата во лидерските стилови, процесот на одлучување и етичкото однесување ќе почне да се гледа, со други зборови тоа значи кога ќе се вклучат 1/3 од жените. И во книгата ги споредуваме овие различни реалности. Што би бил Вашиот најважен предлог за развивање и градење организации кои се повеќе родово-инклузивни? Најважно е сериозно да се одвојат буџетски средства и време за програмата и да се искористи професионална надворешна помош. Останатото е исто како и за сите други програми за справување со промени, односно потребно е да се направи ревизија на ситуацијата, да се утврди датумот, да се постават цели, да се подготви стратегија и потоа да се направи план. Тоа не е процес кој има крај, туку е процес што треба да започне, а потоа постојано да се работи на него.

Тоа значи да се има годишни активности, обуки, менторски сесии, да се вградат процедури за човечки ресурси, истите да се приспособат, итн. Што би била Вашата последна порака на оваа тема? Треба да се работи многу за да се изградат еднакви и одржливи општества и земји за и целиот свет да стане таков. Жените и мажите, особено жените, ги трпат последиците од нееднаквоста. Сакам да нагласам дека жените ги поддржуваат другите жени. Знаеме дека највисоките позиции се ретки, како за жените така и за мажите. Натпреварувањето е нешто што е здраво, ако е етичко, нормално е за нас како човечки суштества да се натпреваруваме. Разликата е во тоа што момчињата се воспитуваат да имаат повеќе натпреварувачки дух; ние, жените, се натпреваруваме кога ситуацијата се сведува на „ние или некој друг“ – тоа е природно очекувано. Но ако веќе сме на високи позиции, можеме да им помогнеме и им помагаме на другите жени во другите сектори – гледам

многу жени кои им помагаат на други жени! Општеството ни наложува да бидеме полот што се грижи за сите; па затоа и сме грижливи, си помагаме. Не се согласувам со општи категоризации, а и не ги користам: Жените се... вакви или такви. Јас не гледам род: родот е само еден, но не и единствен слој, кој одредува кои сме. Други слоеви се потеклото, културата, земјата, воспитувањето, социјалните карактеристики, етичките карактеристики, религијата, личноста... Големата слика, повторно (се смее). Но да, родот е важен слој, такви се нашите општества. Како може нашите читатели да стапат во контакт со Вас? Преку моите профили на Фејсбук или на LinkedIn: Clauda de Castro Caldeirinha, на профилот на Твитер @ClaudiadeCast13 или на адресата за е-пошта info@redscopeconsulting.com. Секако, може и на веб конференцијата на 29 март, „во живо“ во 15:00 часот. Се радувам на тоа!

Автор: м-р Наталие Ц. Постружник Фото: Маргит Копе (Margrit Coppé)

| 07

EQUALPOWER


E X P L O R E

|

B A R C E L O N A

E D I T I O N

Европското женско лоби (ЕЖЛ / EWL)

Европското женско лоби (ЕЖЛ / EWL) го спојува женското движење во Европа, со цел да се изврши влијание врз општата јавност и европските институции, во поддршка на човековите права на жените и еднаквоста помеѓу жените и мажите. Тоа претставува најголема чадор организација во Европа за здруженија на жени, која застапува повеќе од 2000 организации во сите земји членки на ЕУ и во земјите кандидати, како и 19 организации на европско ниво кои се залагаат за разновидност на жени и девојки во Европа. ЕЖЛ има визија за општество каде придонесот од жените во сите аспекти на животот е признаен, награден и ценет – во лидерството, во грижата и во производството; каде сите жени имаат самодоверба, слобода на избор и заштита од насилство и експлоатација; и каде ниту една жена или девојка не е изоставена. Шестте суштинските вредности на ЕЖЛ се: еднаквост помеѓу мажите и жените; разновидност; мир; достоинство; правда; почит.

Повеќе за ЕЖЛ: https://www.womenlobby.org/ EQUALPOWER

08


Факти од светот з а родова нееднаквост - Според најновиот индекс за глобални родови разлики, очекуваме дека ќе бидат потребни 170 години во просек за глобално да сеEдостигне X P L O родова R E | еднаквост. B A R C EСеL очекува O N A Јужна E D I Азија T I O да N ги елиминира родовите разлики за 46 години, Западна Европа за 61 година, Јужна Америка за 72 години и Супсахарска Африка за 79 години. Земајќи го предвид бавниот напредок во последнава деценија, родовиот јаз во Северна Америка нема да може да се премости за уште 158 години. - Во врска со заработувањето пари, родовиот јаз е намален за само 2% во последните десет години, а неодамна работите по тоа прашање се придвижија и во негативна насока. Приходот на жените денес е на исто ниво како и во 2008 година, откако ја доживеа највисоката досегашна точка во 2013 година. - Жените во целиот свет вршат повеќе неплатена работа, како што се обезбедување грижа и домашни задачи. Во просек, во целиот свет, мажите вршат само 34% од неплатената работа што жените ја вршат. Истражувањата покажуваат дека оваа родова нерамнотежа почнува на рана возраст, девојчињата минуваат 30% повеќе време на работење неплатени задачи споредено со момчињата. - СЕФ (Светскиот Економски Форум/WEF) известува дека просечната заработувачка на жените изнесува скоро половина од износот што го заработуваат мажите. Просечниот глобално заработен приход за жени е проценет на 10.778 американски долари, а просечниот приход за мажи бил отприлика 19.873 американски долари. - Кога станува збор за отворање сметки во банка, повторно мажите се со повисоки бројки од жените. 63% од мажите во целиот свет имаат банкарски сметки, додека оваа бројка кај жените изнесува само 56%. EQUALPOWER

Извор: Forbes

09


БЛОГОВИ NAVDIHNI.ME

| 08

Кети Блумгарден (Kathy Bloomgarden)

КАКО ДА СТИГНЕМЕ ДО РАБОТНА СРЕДИНА КАДЕ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ СЕ ЕДНАКВО ПРИФАТЕНИ?

Повеќе

СТАВАЊЕ КРАЈ НА СЕКСУАЛНОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА ВО ОН Марк Лоукок (Mark Lowcock) и Вилијам Лејси Свинг (William Lacy Swing) Време е да се искорени праксата на неказнивост која преовладуваше премногу долго во меѓународната заедница. Не треба да биде приоритет да се заштитат оние кои се на моќни позиции, туку да се обезбеди правда и поддршка кои им следуваат на оние кои преживеале такви искуства. Lowcock Swing

Повеќе

EQUALPOWER

| 10

Големиот број тужби за сексуално малтретирање поднесени од познати личности кои започнаа со исповеди и признанија од Холивуд, остави сериозни последици и на работни места кои воопшто не се толку гламурозни. Исто како што големите филмски студија беа принудени да преземат дејствија против злоупотребувањето, слична револуција – поттикната од движењетo #MeToo преку кое жените соопштуваат јавно за своите искуства – е присутна на работни места низ целиот свет.


ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО БИЗНИСОТ EQUALPOWER

E X P L O R E

14

|

B A R C E L O N A

E D I T I O N


ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО БИЗНИСОТ 29 март 2018, 13:00-16:30, онлајн (Конференцијата е кофинансирана од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и учеството не се наплаќа) 13:15-13:20 За што и поради што е конференцијата? Наталие Ц. Постружник (Natalie C. Postružnik), Институт Изида Вита, Словенија 13:20-13:30 Официјално отворање од страна на Амбасадата на Република Словенија Н.Е. амбасадор проф. д-р Милан Јазбец (Milan Jazbec)

СЕСИЈА 1: Ние ги поместуваме границите, ги зголемуваме придобивките. Модератор: Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии ВОВЕДНИ ПАНЕЛИСТИ 13:30-13:45 „Гласот на жените во процесот на донесување одлуки" Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика на Република Македонија 13:45-14:00 „Факти и бројки: Како родовата рамноправност може да ги подобри резултатите во една организација?” Соња Шмуц (Sonja Šmuc), генерална директорка на Стопанската и индустриската комора на Република Словенија 14:00-14:15 „Промени во Европа, промени за жените: Што можам да направам?“ Клаудиа де Кастро Калдериња (Claudia de Castro Caldeirinha), основач и извршна директорка на Redscope, Белгија

| 12

EQUALPOWER


СЕСИЈА 2: Ние манифестираме. Ние значиме бизнис.

СЕСИЈА 3: Ние се грижиме. Ние се обврзуваме. Ние менуваме.

14:15-14:25 „Што ги спречува жените да дојдат до највисоките управувачки позиции?" Гeзиме Фејзи, Групација на бизнис жени при Стопанската комора на северозападна Македонија 14:25-14:35 „Жени менаџерки: Како да се балансираат работата и семејството“ Даница Личанин Блажевска, сопственичка на Рептил маркети 14:35-14:45 „Активности и мерки за инклузија: Што можам да направам?” Марта Турк (Marta Turk), менторка за претприемачки таленти, Словенија 14:45-15:00 Прашања и одговори

15:00-15:15 „Каква стратегија за женско претприемништво ни е потребна?" Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени 15:15-15:30 „Од идеја до управување“ Оливера Аритоноска, Фондација за Претприемачки сервис за млади 15:30-15:45 „Државна поддршка за започнување бизнис: Колку и како ја користат жените?" Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување на Република Македонија 15:45-16:00 „Како да ги (ис)користиме фондовите од Европската Унија" Илија Вучков, претседател на EMKICE ILUMINE Center for EU Funds 16:00-16:15 Прашања и одговори

Регистрирај се сега. Бесплатно. Биди промената што сакате да ја видите.

16:15-16:30 „Насоки за родова еднаквост" Наталие Ц. Постружник, Институт Изида Вита, Словенија

| 13

EQUALPOWER


• ПРОЛЕТ 2018 / БРОЈ 3 •

списание за еднаквост и разновидност МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА

Profile for Insights d.o.o.

Equalpower eMagazine 2018 3. issue Macedonian  

Izhodišče za pripravo projekta je enakost spolov. Problem, ki obstaja v vseevropskem prostoru in tudi v partnerski državi Makedoniji (partne...

Equalpower eMagazine 2018 3. issue Macedonian  

Izhodišče za pripravo projekta je enakost spolov. Problem, ki obstaja v vseevropskem prostoru in tudi v partnerski državi Makedoniji (partne...

Advertisement

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded