EQUALPOWER • ЗИМА 2017 / БРОЈ 2 •
списание за еднаквост и разновидност МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА
EQUALPOWER ЕДНАКВА МОЌ
ГЛАВЕН УРЕДНИК
м-р Наталиe Ц. Постружник
ИЗВРШЕН УРЕДНИК
Дејан Андонов
УРЕДНИЦИ
Нина Кланчник Данаја Постружник Мартина Шпиљак
ДИЗАЈН
Горазд Постружник
ВО ВРСКА СО ЕДНАКВА МОЌ - EQUALPOWER Овој еМагазин е дел од активностите и алатките спроведени во рамки на проектот Еднаква моќ за жените од Изида Вита , Словенија во соработка со Институтот за комуникациски студии , Македонија
en.izidavita.si, gorazd@izidavita.si Фотографија на насловната страница : Пергер 1757 д . о . о ., семеен бизнис од 1757 година Проектот Еднаква моќ за жените е делумно финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија Изјава за ограничување на одговорност : Содржината на еМагазинот ги претставува мислењата на авторите и таа не е официјален став на Владата на Република Словенија
Д-Р
ТАМАРА
ЌУПЕВА
ПРИФАЌАЊЕ , ДОВЕРБА И EDITOR'S NOTE ПОДДРШКА SELINA
,,Не можеш да победиш само со половина од тимот“- изјави Мишел Обама во едно свое обраќање во 2015 година, говорејќи за женското лидерство и жените во бизнисот. Нејзината порака беше јасна – да се создаде нова општествена свест која ќе ја прифаќа еднаквоста како основа за почитување на човековите права и предуслов за глобален, цивилизациски напредок. Да се зборува за родовата еднаквост значи да се утврдат родовите модели кои ги креира општеството. Последните официјални статистички податоци за образованието во РМ, покажуваат значаен напредок на образованието на женските деца. Според Државниот завод за статистика, во 2016 година, од вкупно 8274 дипломирани студенти – 4787 биле жени (наспроти 3487 мажи). Оваа бројка е индикатор дека во Македонија се надминуваат стереотипите во однос на писменоста и образованието на жените и истите покажуваат прогресивен тренд. Но, тоа не ја потврдува сликата за родовата еднаквост во понатамошното вклучување во општеството. Интеграцијата на жените во процесите на одлучување во институциите, во бизнис - заедницата, се’ уште прави пионерски чекори. Во законодавната власт и во економијата, ретки се примерите на жени кои успеале да ја добијат довербата и привилегијата да бидат дел од создавањето на клучните политики на општеството.
RICHARDS
Претходно споменатите бројки укажуваат на тоа дека, по завршувањето на образованието, жените остануваат во сенка на овие клучни процеси и не го наоѓаат местото коешто природно го креирале преку процесите на образование. Подигнувањето на свеста за важноста на интеграцијата на жената во општеството треба да започне од првите чекори на образование. Преку системска едукација, со примери во образовните содржини кои ќе ги надминат стереотипите за жената во семејството, како нејзина единствена улога, како и преку медиумски производи со афирмација на успешни приказни. Не постојат закони, ниту практики кои можат да донесат промени, ако тоа не го направиме преку создавање општествен амбиент кој ќе создава свест за родовата еднаквост. Само на тој начин ќе се надминат сите бариери и наследени културни модели на дискриминација и доминација на мажите во најважните сфери. Прифаќањето, довербата и поддршката се основа за промена. Со таков пристап, општеството ќе им даде шанса на храбрите, прогресивни, моќни и посветени жени – лидерки, коишто со својата различност ќе донесат свежи идеи и нов пристап кон проблемите на заедницата.
Д-р Тамара Ќупева е професор во средно училиште, истражувач и колумнист, која работи активно на интегрирање на теми и содржини за образованието и неговиот развој во сите нејзини наставни, воннаставни и истражувачки активности.
| 03 | 08 N A VE DQ IH UN A IL.P MOEW E R
МАРТА НАУМОВСКА ГРНАРОВА
3
ПРИФАЌАЊЕ, ДОВЕРБА И ПОДДРШКА
5
ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ
6
ИНТЕРВЈУ: МАЈА ЛОТРИЧБИДЕТЕ СТРАСТВЕНИ И ВЕРУВАЈТЕ
8
УСПЕШНА ПРИКАЗНА: МАРТА НАУМОВСКА ГРНАРОВА "ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА"
11
ИНДЕКС ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ
12
БЛОГОВИ
МАРТИНА ШПИЉАК
МАЈА ЛОТРИЧ
13
XX ФАКТОР. МАРТИНА ШПИЉАК.
14
ЕВРОПСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ
15
СВЕДОШТВО: ВЕРОНИКА ТОМОВА
17 24
ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЕДНАКВА МОЌ ЗА ЖЕНИТЕ НА 29 МАРТ
| 05 АВТОР:
Polona Samec
EQUALPOWER
БИДЕТЕ СТРАСТВЕНИ И ВЕРУВАЈТЕ
У Ј В Р Е Т Н И Маја Лотрич има 24 години, а веќе има силно развиено чувство на одговорност. Tаа е дама што го видела светот, завршувајќи ги магистерските студии на Факултетот за eкономија на Универзитетот во Љубљана, a во семејната компанија „Лотрич Метролоџи“ e одговорна за продажбата на производите што компанијата ги произведува. Во нејзиниот живот, Маја негува две страсти: бизнис и семејство, меѓу кои – според неа - може да се воспостави рамнотежа.
А »НАЈВАЖНАТ ЛЕКЦИЈА Е ИЈАТА. КОМУНИКАЦ ПОГЛЕД ПРВИЧНО ВО У ЌЕ НА ТОА КОЛК ДОЗВОЛИМЕ А СТАНЕ БИЗНИСОТ Д ГОВОР ВО ТЕМА НА РАЗ ; ВТОРО НАШИОТ ДОМ КАКО ИЈАТА КОМУНИКАЦ Е НА ДОМА ВЛИЈА ПРОЦЕСИ РАБОТНИТЕ ВО НАШАТА “. КОМПАНИЈА EQUALPOWER
| 06
Маја Лотрич, млад претприемач во семејната компанија "Лотричка метрологија" Како е да се биде жена во семеен бизнис? Што беше/е најголемата лекција за воспоставување рамнотежа помеѓу семејството и бизнисот? Улогата на жените и мажите во претприемништвото се разликува во социјалните стилови. Вообичаено она што се очекува од жените е тие подобро да ги разберат луѓето со кои се во интеракцијa на емоционално ниво. Ова е нашата силна страна, а во исто време ни е и ранливост – покажуваме повеќе карактерни особини и му дозволуваме на човекот со кој работиме многу повеќе да се приближи до нашата срж. Како последица, кога околностите наложуваат непријатни одлуки, луѓето имаат тешкотии да ги прифатат. Важно е да имате некој покрај Вас на кој можете да му верувате – не за да го префрлите сиот товар на нивните раменици..
Кои се Вашите лични особини кои најмногу Ве дефинираат? Темелите се поставуваат уште од годините кога се формирате, од воспитувањето, од животните искуства. Сметам дека најмногу ме дефинира искреноста, потоа следи упорноста и чувството на одговорност. Во мојот живот сум посветена на бизнисот и уживам во животот. Важно е да се биде искрен пред себе. Сепак, стилот на комуникација мора да се приспособи на ситуацијата и на луѓето кои Ве опкружуваат. Способноста за приспособување е само вештина, да речеме дека тоа е алатка во еден разговор. Да се биде директен е „ризично“, затоа што сите ја застапуваме „нашата лична вистина“. Една од важните лекции од моја гледна точка е мислата на татко ми, што е парафразирање на еден познат цитат:
Фото: Матјаж Тавчар
„Не давај ветувања кога си задоволен. Не одговарај кога си лут и не носи одлуки кога си тажен“. Нашите мисли се замаглуваат од емоциите присутни во тие ситуации, а тоа не е ниту праведно ниту пак одговорно.
Кој е Вашиот ментор, Ваша водилка кога носите тешки одлуки во Вашиот живот?
Сигурно сум родена под среќна ѕвезда, бидејќи ментори ми се родителите. Освен нив ментори ми се и неколку семејни пријатели. Тие веруваат во мене, имаат доверба во мене, веруваат дека чекорите што ги преземам се исправни за мојот пат. Јас самата одлучувам. Тие не ми се водилки на патот во тешки времиња, но сепак ми се поддршка.
Кому сте му благодарна во Вашиот живот?
Jас сум многу благодарна на сите што ме научиле на некоја лекција, без оглед дали таа била лоша или добра Каква е Вашата порака за младите девојки кои почнуваат со нивниот професионален живот? Бидете искрени со себе и следете ги своите желби, она што го чувствувате однатре. Три најважни деловни начела што Ве следат по Вашиот пат? Предизвиците се за избрани луѓе кои се способни да ги решат. Секој пат, без оглед колку нас ни се гледа чуден, е наменет за нас. Во бизнисот има ситуации кога сте сами, но сепак нема потреба да бидете осамени.
„ЛОТРИЧ Метролоџи“ е семејна компанија од Селце, Словенија. Како што тие велат: скоро три децении со љубов калибрираме, тестираме и сертифицираме, развиваме високо технолошки метеоролошки производи и решенија што се лесни за користење. Марко Лотрич ја започна својата професионална кариера со неговата жена Мојца во 1991 година, основајќи работилница за калибрирање ваги, тегови и пипети. Денес групата е составена од преку 110 експерти во областа на метеорологија, од 6 различни држави. Покрај Маја, братот Митја и сестрата Катја се активно инволвирани во компанијата. „Лотрич Метролоџи“ е горд добитник на бројни награди, како што се Златниот конец, Хорус, Газеле – брзорастечка компанија, Најдобра семејна компанија, итн. | 07
EQUALPOWER
"ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА" ОД МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА И ДИЗАЈНОТ МАРТА
НАУМОВСКА
МЕНАЏЕР
А Н Ш УСПЕ АЗНА К И Р П ВО ВИСОКИОТ МЕНАЏМЕНТ НА КОМПАНИИТЕ ЖЕНИТЕ НЕ СЕ ПОСАКУВАНО ДРУШТВО , НАЈЧЕСТО БИДЕЈЌИ НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО НЕКОИ ТИПИЧНО МАШКИ НАВИКИ И РИТУАЛИ КОИ СЕ ДЛАБОКО ВТЕМЕЛЕНИ ВО НАЧИНОТ НА СОЗДАВАЊЕ И ВОДЕЊЕ БИЗНИС РЕЛАЦИИ . ТОА Е ГОЛЕМА ПРЕЧКА . ОД ДРУГА СТРАНА , ДОКАЖАНО Е ДЕКА ПРИСУСТВОТО НА ЖЕНИТЕ НА ЛИДЕРСКИ ПОЗИЦИИ Е ПОКОРИСНО ЗА КОМПАНИИТЕ И ВОДИ ДО УСПЕХ . EQUALPOWER EQUALPOWER
| 08
НА
„ЗАВАР
Бизнисмените во металната индустрија ја нарекуваат „железната дама“ во индустријата и дизајнот. Марта Наумовска Грнарова дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје, денес е менаџер на најпознатата компанија за заварување во Македонија „Завар Дизајн“. „Отсекогаш имав интерес за математиката и природните науки, но истовремено и за уметноста. Создавањето на семејниот бизнис во периодот кога се одлучував за идна професија природно ме насочи кон Машинскиот факултет, иако подеднаква страст имав и за архитектурата и дизајнот. Затоа неминовно беше создавањето на `Завар дизајн`. Главната идеја беше постоечките ресурси за обработка на метал на компанијата `Завар` да се инвестираат во развој на дизајнирани производи. Во потрагата по совршен производ во кој ќе може да се вгради комплетното знаење на компанијата, првпат на пазарот, во 2004 година, се појавија новите радијатори под називот `Завар Дизајн`“, вели Наумовска Грнарова.
ГРНАРОВА, ДИЗАЈН“
Таа беше првиот претседател на Македонската асоцијација за метална и електро индустрија – МАМЕИ, преку која сака, заедно со другите компании, да го подигне нивото на целата македонска индустрија. Според неа, се` уште владее правилото „индустрија е еднакво на маж“. Иако токму таа го негира овој стереотип, сепак не запознала менаџерка во металната индустрија на ниту еден од деловните состаноци на кои присуствувала досега.
„Затоа се трудам да инволвирам што е можно повеќе жени на овие работни места и во иднина би сакала да вработам барем уште неколку. Производството е специфично и секоја жена не е спремна да работи во металната индустрија заради општествените предрасуди и тежината на работата. Но ако некој вистински си ја сака работата, производството е одлична платформа за напредување, учење и градење на успешна кариера“, објаснува Наумовска Грнарова. „Мислам дека е тешко да се зборува за родова еднаквост во металната индустрија и сигурно никогаш нема да бидеме изедначени со мажите. Но, убедена сум дека женскиот аспект со своите специфики и поинаквото гледање на работите се забележува во духот и културата на нашата компанија и не` прави различни. Би сакала со мојот пример да инспирирам што е можно повеќе млади жени да ги
отфрлат предрасудите и да го прифатат предизвикот и убавината на градење кариера во индустријата, во која доминираат мажи“. Таа смета дека процесот на носење одлуки е најважен, не сака да брза и секогаш е рационална. Токму во овој дел, вели Наумовска Грнарова, е потребен добар менаџер, а многу е погрешно дека тоа е само машка работа. Рaзвојот на економијата и општеството би требало да доведе до балансирана родова застапеност во бизнисот. Во моментов, за иста позиција жената треба да биде двојно подобра од мажот и исклучително упорна и посветена за евентуално да добие подеднаква шанса. Но тоа не треба да не` демотивира, туку напротив, да го прифатиме предизвикот и да покажеме дека можеме. Само од нас зависи.
Идното глобално општество, во кое сите припаѓаме, се заснова на самоиницијативност, проактивност и одговорност на индивидуите за своите постапки, како основа за висококонкурентно опкружување базирано на поединците“, смета Наумовска Грнарова. Таа вели дека нема запишана формула како да се постигне рамноправност на мажите и жените, пред се`, на менаџерските позиции. . Мислам дека треба повеќе да се врши притисок на јавноста, зборување на темата, како и посветеност и вложување на самите компании во нивната општествена одговорност, па со тек на време ќе се подразбира дека е неизоставно во секоја компанија да има и жени на лидерските позиции.“, смета Наумовска Грнарова.
ОД НАС И С И В А Е, ТОА З ИВИРАМ Т О М И Г ДА УВАМЕ И ПОТТИКН АМЕ ВИСОКИ УВ ПОСТАВ ЕЈЌИ ТОА Е Д ЦЕЛИ, БИ НИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВ ТИГНЕ УСПЕХ. С ДА СЕ ПО
Автор: Дејан Андонов Фото: Роберт Атанасовски | 13
EQUALPOWER
Освен што е менаџерка која треба да носи силни одлуки, Марта е мајка и сопруга.
Разговорот со нас го заврши со кратка порака до нејзините колешки менаџерки:
Според неа, иако е голем предизвик кога и како да се повлече границата помеѓу работата и приватниот живот, сепак успех во кариерата може да има секој доколку има и семејство.
„Во рацете на нас жените е самите да се мотивираме, поттикнуваме и да си задаваме високи цели, бидејќи само така може да дојдеме до успех.
Така учите да балансирате, бидејќи како и за се` друго во животот, решението е работа и борба за своето слободно и семејно време, вели Марта.
Секоја жена поединечно треба да си има зацртано план, да работи напорно и тоа еден ден секако ќе се случи. Не постои друг начин и нема друга тајна.“
СО
ШТО
СЕ
ЗАВАР
ЗАНИМАВА
ДИЗЈАН?
Главната идеја зад брендот „Завар Дизајн“ е да се користат современите технологии и иновации и тие да се обликуваат на неочекувани начини и форми, со цел креирање на објекти, радијатори и мебел кои ќе се истакнуваат во ентериерите. Процесот на производство се заснова на еколошки технологии, со минимална потрошувачка на енергија и на квалитетни природни материјали, што ги прави производите стопроцентно рециклирачки. Во март оваа година, „Завар Дизајн“ првпат се претстави пред американската публика во Њујорк на саем кој беше организиран од водечкото списание за дизајн „Architectural digest”, на кој Американското здружение на архитекти и дизајнери за ентериер (ASID) ѝ додели на компанијата награда за најиновативен дизајн на саемот.
| 15
EQUALPOWER
Индекс за родова еднаквост за 2017 година: Мерење на родовата еднаквост во Европската Унија 2005-2015 E X P L O R E | B A R C E L O N A E D I T I O N (октомври 2017 година) Индексот за родова еднаквост е показател составен од повеќе делови со кој се мери сложениот концепт на родова еднаквост и, врз основа на политичката рамка на ЕУ, помага да се следи напредокот на родова еднаквост во цела ЕУ во даден временски период. Родовата еднаквост е основна вредност на Европската Унија и таа е од основна важност за нејзиниот развој, раст и кохезија. Земајќи го тоа предвид, мерењето на напредокот на родовата еднаквост е составен дел од ефективно креирање на политики. Од неговото прво објавување во 2013 година, Индексот за родова еднаквост на Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИРЕ) доби признание за своите очигледни придонеси кон дебатите за политики и за зголемување на свеста за родова еднаквост во ЕУ и на ниво на поединечни држави. Индексот за родова еднаквост е композитен показател со кој се мери сложениот концепт на родова еднаквост. Тоа е сеопфатна мерка за проценување на најновата состојба и следење на напредокот во родовата еднаквост во целата ЕУ со текот на времето. Индексот користи концептуална рамка која опфаќа различни теоретски пристапи кон родовата еднаквост и соединува клучни прашања на родова еднаквост во рамки на политичката рамка на ЕУ (ЕИРЕ, 2013). Тој нуди мерка за родова еднаквост што е лесна за толкување, укажувајќи на тоа колку далеку (или блиску) е ЕУ и нејзините земји членки до постигнување родова еднаквост. За оваа цел, со него се мерат и родовите јазови и се земаат во обѕир контекстот и различните нивоа на постигнувања на земјите членки.
Извор: http://eige.europa.eu/gender-equality-index EQUALPOWER
11
БЛОГ NAVDIHNI.ME
ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО ОД 18 МЕСЕЦИ МОЖЕ ДА ГИ ДИСКРИМИНИРА И МАЈКИТЕ И ТАТКОВЦИТЕ
Предлогот за 18-месечно породилно отсуство во суштина е родово дискриминирачки кој евентуално би ги оддалечил жените од пазарот на трудот и би ги вратил во домаќинствата, издигнувајќи ја во преден план улогата на жената како мајка, а потиснувајќи ги нејзините амбиции за професионално напредување. доц. д-р Елена Игновска
Повеќе
Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. И покрај тоа што повеќе жени се запишуваат на универзитети од мажи во 97 земји, жените претставуваат мнозинство на обучени работници во само 68 земји, а тие се мнозинство во лидерските структури во само четири земји. Џулија Џилард Повеќе
EQUALPOWER
| 12
ПРЕМОСТУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
| 08
XX ФАКТОР МАРТИНА
ШПИЉАК
Да знаете дека ја имате таа волшебна важна состојка. Да се гордеете со неа. Да ја покажете уште повеќе, да ја цените и сакате. Што е ХХ фактор? Тоа е нешто мнооогу волшебно! Да одиме малку понатаму…
Секоја жена во себе го носи XX факторот. Посебна состојка, суштинска за секое општество, заедница, семејство, тим и пар. Тој отсекогаш постоел и во Вас, а Вие можете да го чувате и негувате, помалку или повеќе, во зависност од околностите кои постоеле за Вас досега. Сега е вистинско време да одберете и да бидете активно свесни за вашиот ХХ фактор.
Мартина Шпиљак е менаџер за барање и селекција и ги гради кариерата и организацискиот развој во Адеко Хрватска. Задоволна е од својот живот и постигнувања, сака да ужива во својот живот, во добро друштво и не може да одолее на добра храна и патувања. Во нејзиниот приватен живот таа често игра и ужива да минува време со своето семејство. Чита книги кога ќе успее да дојде до книга. На работното место за неа пресудна е позитивната динамика. Нејзината голема цел е да допре до другите преку нејзините искуства. Најмногу од сè таа сака сите да разбереме за себе дека сме посебни и дека нашите животи се во наши раце, а со тоа да добиеме можност да решаваме и 12 EQUALPOWER одлучуваме за себе.
Емоции. О, да, ние имаме емоции. Различни емоции, особено во дадени периоди во месецот, многу измешани емоции. И тоа е во ред. Тоа е причината зошто нашите емоции се нашата силна страна. Емоциите ги пополнуваат празнините од нашето размислување, поврзаните значења, кога нема зборови и содржина. Емоциите се нашиот компас. Емаптија. Ги чувствуваме другите и може да се нурнеме многу длабоко во тоа разбирање. Многу позитивна и вредна вештина, потребна за подобро разбирање на другите и способност да им се помогне. Интуиција. Колку често се случува да знаеме што сака лицето што седи отспротива од нас без воопшто да го каже тоа? Ако тоа не е супер моќ, тогаш што е?! Сензуалност – вие можете да бидете заводливи. Тоа е моќ и е силно оружје. Многу често жените ја користат сензуалноста за да го постигнат она што го сакаат или што го наумиле. А ако мора да налутиме некого додека го постигнуваме тоа ... па, тоа се случува без многу да се мислиме, нели? Нежност е нешто што покажуваме со топло допирање, мил поглед, љубезни зборови и гестови за малкумината луѓе што се среќни што се во нашиот живот. Тоа е драгоцен дар, наменет само за малкумина, но нè наградува со среќа во процесот на давање.
ШТО СТЕ. БИДЕТЕ ТОА ВИЕ ИМА СЕ` ШТО СТЕ Е ВАЖНО. ВРЕДНОСТ И О ВИ ТОА Е СЕ` ШТ ТРЕБА. Вршење повеќе работи истовремено – способност за вршење неколку задачи паралелно. За ова станавме врвни експерти, секогаш го применуваме со максимална успешност, подготвени за сите можни ситуации. Ние можеме (ако сакаме) да подготвиме три оброци за целото семејство, а во истовреме да ја исчистиме куќата, да чуваме едно дете и да ја завршиме домашната задача со другото; а помеѓу сето тоа можеме да прочитаме 10 страници од книга, да се јавиме на пријател/ка, да го однесеме третото дете на спортски тренинг и да испазариме кога ќе се враќаме дома. Деликатност – сè што бара посебна нега и внимание. Ние сме родени за деликатни работи и тие совршено ни прилегаат. Способност да слушате и да чуете – овој фактор сме го развиле до фаза на совршенство. Можеме да слушаме пријателка со часови и активно да ја поддржиме. Има многу други супермоќи и уште многу магија во нас, во секој/а еден/на од нас. Во нас има многу скриени нешта за кои треба да бидеме свесни, да ги сакаме и негуваме.
Да се биде совршен не е квалитет, туку е утопија која го намалува и задушува вашиот ХХ фактор(и). Не целете кон совршенство. Не споредувајте се себеси со другите, не обидувајте се да бидете како нив. Бидете свои. Тоа вреди и заслужува многу – тоа е она што сте Вие, она што Ви е потребно и тоа е Вашиот ХХ фактор.
| 13
EQUALPOWER
E X P L O R E
|
B A R C E L O N A
Европскиот институт за родова еднаквост
E D I T I O N
Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИРЕ) е автономно тело на Европската Унија, формирано со цел да продонесе кон и да го зајакне унапредувањето на родовата еднаквост, вклучувајќи и актуелизирање на прашањето за родовите во сите политики на ЕУ и политиките на државите што произлегуваат од нив, како и борбата против полова дискриминација и подигнување на свеста на граѓаните на ЕУ за родовата еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИРЕ) работи на промовирање и обезбедување еднакви можности за жените и мажите во Европа и пошироко. Истражувањата на ЕИРЕ го поплочуваат патот кон подобро разбирање и свесност за родова еднаквост во сите области на општеството. Со нагласување на напредокот кој допрва треба да се постигне и со обезбедување сигурни и практични информации, ЕИРЕ дава поддршка за креаторите на политики да ги подобрат животите на жените и мажите, а на тој начин повеќе да ја приближат Европа кон родова еднаквост. Извор: http://eige.europa.eu/
EQUALPOWER
14
СВЕДОШТВО
E X P L O R E
EQUALPOWER
14
|
B A R C E L O N A
E D I T I O N
М-Р ВЕРОНИКА ТОМОВА, ПОЛИТКОЛОГ, КООСНОВАЧ НА “SMARTUP” И EКСПЕРТ ПО OДДРЖЛИВ РАЗВОЈ ВО МРЕЖАТА ЗА ГЛОБАЛНИ РЕШЕНИЈА НА САМИТОТ Г20
Интергенерациските вредности во семејството, како и индиректниот пример на женско лидерство во општественото, економското и политичкото делување, имаат удел во амбициозноста или скромноста, борбеноста или инертноста на една жена. Токму од таквиот пример во животот научив дека единствено висината на самопоставените цели и интелектуалноработната способност, а не родовата припадност, имаат одлучувачка улога во успешноста на жената во рамките на нејзината приватна и професионална реализација. За некого важам за личност која ги издвојува успесите на потешкиот пат поради неконвенционалната природа на своите ангажмани и професија која, за жал, се` уште претставува ‘машка работа’. Но, јас себеси се сметам за личност која ужива во предизвикот и поставувањето нови стандарди и правила, како во светот на социјалното претприемништво и иновацијата, така и во креирањето на политики и модели за поддршка на оддржливиот развој. Одговорно тврдам дека родовата рамноправност е еден од основните предуслови за раст и развој на општеството и политиките на земјата во тој правец треба да се од највисок приоритет. Да се биде жена не е ништо помалку или повеќе вредно, туку еднакво на постоењето на спротивниот пол, поради што верувам дека борбата за родова еднаквост започнува со секој и во интерес на секој од нас. Финансиската независност, корпоративното менаџирање или политичкото делување се човекови способности независни од родовата припадност, но се пропорционални на инвестицијата во нашиот интелектуален, работен и човеков капитал. Затоа мојот апел до младите девојки и жени е несебично да инвестираат во својата едукација и доедукација, која воедно е нивна основна артилерија во битката за еднакви права и можности помеѓу половите. Половите не се исти, но се еднакви во своите способности. Наместо машко-женската споредба и обидот за асимилација на менаџерските и лидерските стилови, со цел жените да бидат подобро прифатени во сферите склони кон машка доминација, треба единствено да се споредиме себеси со онаа личност која сме биле вчера и да се стремиме кон подобра верзија од себеси со секој нов ден. Успехот не познава родова припадност и унифициран пристап, а поседувањето на високи стандарди и потпетици во свет на костуми и вратоврски е само знак на поголема еднаквост, во прилог на подобра социо-економска ефикасност и комплементарност помеѓу родовите.
Факти од светот за родова нееднаквост - Жените трошат и до 5 часа повеќе од мажите за неплатена домашна работа, секој ден. - Во светот, 200 милиони жени имаат помал пристап до Интернет во споредба со мажите - Жените се најмоќните потрошувачи во светот и контролираат 12 билиони долари или 65 проценти од потрошувачкото трошење (Извор: „Оксфам Интернешенал“). - Жените во просек имаат повисоко образование од мажите. За класата 2013-2014 година, жените стекнале повеќе од половина од вкупната бројка на универзитетски дипломи (57,1 процент), магистерски дипломи (59,9 проценти) и докторати (51,8 проценти). (Извор: Националниот центар за образовна статистика) - Во извештај од LeanIn.Org и Мекинзи (McKinsey) се наведува дека „Помала е веројатноста за жените да го добијат првото клучно унапредување на раководна позиција – многу помал број од нив завршуваат со кариера во лидерство – и помала е веројатноста тие да бидат вработени на повисоки позиции. Во бизнис светот во Америка, во раните фази на кариерите, мажите се унапредуваат со стапка повисока за 30 проценти од жените“.
| 16 Фотографија: Роберт Атанасовски
|
EQUALPOWER
СПОДЕЛЕТЕ ГО СВОЕТО ЗНАЕ Њ Е НА ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИ Ј АТА ЕДНАКВА МО Ќ ЗА ЖЕНИТЕ НА 29 МАРТ НА 29-ТИ МАРТ 2018 ГОДИНА, ИНСТИТУТОТ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СТУДИИ ОД МАКЕДОНИЈА И ИНСТИТУТОТ ИЗИДА ВИТА ОД СЛОВЕНИЈА ЈА ОРГАНИЗИРААТ ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА ВЕБ-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НАРЕЧЕНА ЕДНАКВА МОЌ ЗА ЖЕНИТЕ.
Доколку сте заинтересирани, пријавете се за говорник/предавач: За да бидете прифатени како говорник, треба да ги исполнувате следните критериуми:
1. да работите: a. во областа на родова еднаквост / инклузија б. на случај на родова рамноправност / инклузија в. на проект за родова еднаквост / инклузија 2. да можете да ги презентирате конкретните резултати од проектот/случајот/ истражувањето на англиски јазик 3. да го доставите насловот на презентацијата и да подготвите резиме од 300 до 500 карактери (со вклучени празни места), на случајот/проектот истражувањата до крајот на декември 2017 година на англиски јазик. По одобрувањето на темата и прифатената белешка од организацискиот одбор на конференцијата, во јануари 2018 година очекуваме од говорниците: 1. Да подготват презентација (ppt(x) или prezi) до 31 јануари 2018 година на англиски јазик 2. Да го презентираат случајот/темата на конференцијата на 29 март 2018 онлајн на англиски јазик 3. Да поднесат целосен текст до 6000 карактери (со вклучени празни места) на англиски јазик до 1 март 2018 година. Повеќе информации: Натали Ц. Постружник - natalie@izidavita.si; Дејан Андонов dandonov@vs.edu.mk. | 15
EQUALPOWER
• ЗИМА 2017 / БРОЈ 2 •
списание за еднаквост и разновидност МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА