EQUALPOWER • 2018 / БРОЈ 6 •
списание за еднаквост и разновидност
MACEDONIA, SLOVENIA, EUROPE
EQUALPOWER ГЛАВЕН УРЕДНИК
м-р Наталиe Ц. Постружник
ИЗВРШЕН УРЕДНИК
Дејан Андонов
УРЕДНИЦИ
Нина Кланчник Данаја Постружник
ДИЗАЈН
Горазд Постружник
ВО ВРСКА СО ЕДНАКВА МОЌ - EQUALPOWER Овој еМагазин е дел од активностите и алатките спроведени во рамки на проектот Еднаква моќ за жените од Изида Вита , Словенија во соработка со Институтот за комуникациски студии , Македонија
en.izidavita.si, gorazd@izidavita.si Фотографија на насловната страница : Амадеја Млакар Проектот Еднаква моќ за жените е делумно финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија Изјава за ограничување на одговорност : Содржината на еМагазинот ги претставува мислењата на авторите и таа не е официјален став на Владата на Република Словенија
4
ЛИЧЕН ПОГЛЕД: КОРАЉКА МЛАКАР:
НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОСТИГНЕТЕ (И НЕ ГО ПОСТИГНАВТЕ) ТОА САМИ Кораљка Млакар
6
ФОНДОТ МАЛАЛА
7
ФАКТИ ОД СВЕТОТ З А РОДОВА НЕЕДНАКВОСТ
8
УСПЕШНА ПРИКАЗН: М-Р ОЛИВЕРА МИОВСКА:
м-р Ана Петровска
ОД НАСТАВНИЧКА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ДО ЛИДЕР ВО ТРАНСПОРТ СО КАМИОНИ НА БАЛКАНОТ
м-р Оливера Миовска
10
ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ
11
ДА ОДБИЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПОКОРНИ И ДА МОЛЧИМЕ
НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОСТИГНЕТЕ (И НЕ ГО ПОСТИГНАВТЕ) ТОА САМИ
н е ч и л д е л г по Кораљка Млакар е вработена во „Нестле Адриатик“ на позиција извршен директор во Секторот за исхрана и здравствена нега за бебиња како раководител на групата на јадрански земји (Словенија, Хрватска, Босна, Македонија, Србија, Косово и Црна Гора) и Грција, Кипар и Албанија. Во слободното време, таа и нејзиното семејство уживаат во активен и здрав спортски живот. Меѓу другото, таа има страст кон трчањето и има истрчано голем број полумаратони.
Се верува дека Махатма Ганди рекол: „Ниту една култура не може да опстои ако се обидува да биде ексклузивна“. Ексклузијата, односно исклучувањето предизвикува уште повеќе ексклузија, додека инклузијата, односно вклучувањето негува чувство на припадност и поврзаност. Додека компаниите ја воспоставуваат, одржуваат или менуваат својата култура, клучно е да се осигурат дека инклузијата претставува дел од целокупниот стратегиски план. Следствено, ИНКЛУЗИВНОТО ЛИДЕРСТВО стана популарна тема во последниве години. EQUALPOWER
| 04
Кораљка Млакар
Зошто ни треба нов вид на лидерство? Одговорот лежи во фактот дека контекстот постојано се менува и бара адаптација од оние кои играат главна улога, односно од нас лидерите. Четирите глобални мега трендови кои ја преобликуваат средината, влијаат на деловните приоритети и им наметнуваат на лидерите да се приспособат на неа, се следниве: разновидноста на пазарите, разновидноста на потрошувачите, трендовите на потрошувачите и талентите. Ова последново, разновидноста на талентите, е во врска со промените во профилите на возраст и образование, заедно со очекувањата за рамноправност на можностите и рамнотежата помеѓу работата и животот. Тоа има влијание врз вработените. Инклузивните водачи се колебаат да иницираат промена и повеќе им одговараат промени кои ќе ја минимизираат тензијата и неизвесноста. Тие претпочитаат да бидат претпазливи. Нивната потреба за одржување некаков статус и за себеостварување е пониска во споредба со другите типови на лидери. Тие може да имаат желба за натпревар, но тоа не е поради желбата да бидат на врвот, туку затоа што сакаат нивната група да биде успешна. Меѓу
многуте карактеристики постои една што е многу специфична за овој таканаречен нов бран на лидерство и која лично најмногу ја ценам тоа е „Не можете да го постигнете (и не го постигнавте) тоа сами“. Никогаш не сте сами во работењето Пред неколку години, имав голема привилегија директно претпоставена да ми биде една извонредна менаџерка во седиштето на Нестле во Швајцарија. Во секоја пригода, на секој состанок, таа ја истакнуваше важноста на нејзиниот тим и придонесот на секој поединечен член за крајниот исход. Никогаш не велеше дека поради нејзина заслуга, или нејзина идеја, или пак поради работата што таа ја сработила се постигнати конечните резултати, туку дека е поради работата и резултатите на целиот тим на Исхрана за бебиња. Таа нè мотивираше да ги славиме малите победи на тимот и неговите членови и на тој начин ги препознаваше напорите за да се постигне нешто. Таа ги признаваше дури и лошо замислените идеи како обид да се охрабрат подобри идеи.
Во тоа време, јас го водев бизниост само на територија на Јадранот, и овој пристап за мене беше „нов прозорец“ кон лидерството. Бев искрено импресионирана од позитивноста и ентузијазмот што таа го ширеше кон публиката. Таа ме мотивираше мене, а сигурна сум и сите мои колеги, да вложиме уште повеќе енергија и страст кон понатамошни предизвици и достигнувања. И пред сè, таа ме инспирираше дополнително да созреам како лидер... да станам како неа. Ова се карактеристиките на инклузивниот лидер, кои подоцна го најдов во литературата. Имав привилегија да учам од неа уште пред овој нов вид на лидерство да се појави во Јадранскиот регион. Автентичност како камен темелник Бидејќи донекаде сум интровертна личност, јас сум тип на човек кој треба да ги разбере и поврзе фактите пред да го прифати или усвои. Еднаш, присуствував на некоја презентација со лидер кој постојано даваше позитивни изјави, но во исто време ја вртеше главата лево-десно, како знак на негација. Бев повеќе фокусирана на неговата одречна гестикулација отколку на неговите зборови. Голема вистина е тоа дека следбениците детално ги скенираат емоциите и зборовите на лидерот, за да го идентификуваат нивното значење. Лидер кој покажува негативни емоции ќе предизвика дополнителен стрес кај неговите или нејзините колеги и соработници. Спротивно на тоа, луѓето позитивно реагираат на искрено изразување позитивни емоции. Лидер кој покажува страст за работата, за организацијата и за луѓето кои се вклучени може да ги мотивира другите. Покажувањето позитивни емоции, како што се возбуда и ентузијазам за проектот или среќа поради нечија добра работа и успех, многу се вреднуваат и ги мотивираат луѓето. Ова не е само некаков популарен збор! Бизнисот, како и приватниот живот, не е бајка и како што сите знаеме, работното место може да биде единственото место каде редовно треба да се сложувате со луѓе кои можеби не одговараат на вашиот карактер. Тие ситуации се една од причините зошто е многу важно да се биде инклузивен лидер. Ако лидерот не дава пример со своето однесување и со создавање инклузивен тимски дух, голема е веројатноста
„Состојки“ што треба да ги содржи инклузивниот лидер Следните пет потези што ги најдов во литературата се добро место за почеток за да се постане подобар инклузивен лидер: 1. Признајте ги вашите несвесни предрасуди и бидете понизни во врска со нив – вложете напори да ги разберете Вашите несвесни предрасуди за работите што ги претпоставувате за другите. Правењето претпоставки е прифатливо сè додека сте свесни за тоа. 2. Непишаните правила нека бидат очигледни – културните норми на секоја група и организација мора да бидат напишани и јавно познати за секој член. Ако се смета дека тие се подразбираат, тоа може да биде проблем за новите членови на тимот кои доаѓаат од различни култури или средини. вработените да станат ексклузивни, што може да има лошо влијание врз продуктивноста и целокупната работна атмосфера. Да бидам искрена, мислам дека во нашиот Јадрански регион, компаниите сè уште ја сметаат „инклузијата“ за нешто што треба едноставно да се штиклира, односно мислат дека тоа се едноставни постапки за политичката коректност и генерално површински остварувања на дадени цели. Се разбира, не може да се генерализира и многу зависи од раководството и од типот на компанијата. Од моето лично работно искуство во мултинационална компанија, можам да кажам дека инклузивноста е во сржта на деловните принципи и вредности. Во исто време не се осмелувам да кажам дека тоа е случај на целиот пазар. Тешко е да се оцени степенот на инклузивност во географска смисла и да се биде точен во проценката, но би рекол дека инклузивноста пропорционално напредува со развојот на земјата. Ако ја анализираме дефиницијата за инклузија - Т. Хадсон Џордан ја дефинира како „...создавање на средина за вклучување, почитување и поврзување - каде што богатството на идеи, потекла и перспективи се искористени за да се создаде деловна вредност“ - изгледа чудно што тоа се смета за „трендовски израз“, а не политика прифатена во организациите ширум светот.
3. Не ги занемарувајте „ситниците“ – во случај да видите дека некој се однесува некултурно или со непочитување кон некој друг, посочете внимание на тоа. Не се фокусирајте на наоѓање на виновникот, туку наведете што сте забележале и предложете алтернативи со кои сите ќе бидат вклучени. 4. Разберете ги предностите со кои сте родени – родот на секој човек, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, културата, физичката способност... на луѓето им овозможуваат различни нивоа на пристап и привилегии. Како дополнение на тоа, инклузивните лидери треба да разберат дека членовите на нивниот тим различно ги гледаат и им приоѓаат на ситуациите. За мене, како лидер, најголем предизвик ми беше и најмногу време ми требаше да разберам и да прифатам дека „мојот став“ за некоја ситуација не мора да биде „став на сите останати“ и дефинитивно не мора да значи дека е најдобар од сите. 5. Верувајте дека луѓето се создадени еднакви, но не и исти – способноста да се забележи и да се зборува за разликите без некој да се почувствува објективизиран или издвоен. Како резултат од моето размислување низ годините изјавувам дека луѓето на управувачки позиции се поуспешни кога ги гледаат уникатните квалитети на секој поединец на тимот.
| 05
EQUALPOWER
E X P L O R E
|
B A R C E L O N A
E D I T I O N
Фондот Малала
Фондот Малала ги руши пречките поради кои повеќе од 130 милиони девојки и девојчиња ширум светот немаат пристап до училиште Малала се бори да им го врати на девојчињата и девојките она што сиромаштијата, војната и дискриминацијата се обидоа да им го одземат. Донирајте уште денес за да помогнете сите девојки да добијат можност да учат и да водат. Малала и Зијаудин Јусафзаи го основаа Фондот Малала во 2013 година за да го застапуваат правото на секоја девојка на 12 години бесплатно, безбедно, квалитетно образование. Фондот Малала работи во региони каде што повеќето девојки не добиваат средно образование. Нашите приоритетни земји се Авганистан, Бразил, Индија, Либан, Нигерија, Пакистан и Турција. Инвестирање во локални активисти за образование Преку нашата Мрежа Гулмакаи, инвестираме во локални едукатори и застапници – кои се луѓето кои најдобро ги разбираат девојките и девојчињата во нивните заедници - во региони каде повеќето девојки не посетуваат средно училиште. Заложби за обезбедување одговорност од лидерите Ние се залагаме, на локално, национално и меѓународно ниво, за ресурси и промени во политиката што се потребни за да им се обезбеди средно образование на сите девојки. Девојките кои се наш интерес имаат високи цели за себе, а ние имаме големи очекувања од лидерите кои можат да им помогнат. Засилување на гласовите на девојчињата Ние веруваме дека девојките треба да зборуваат за себе и да им кажат на лидерите дека тие треба да учат и да го постигнат својот потенцијал. Ги засилуваме гласовите на девојките и ги споделуваме нивните приказни преку Собранието, нашата дигитална публикација и информаторот.
EQUALPOWER
06
Повеќе: https://www.malala.org/
E X P L O R E
|
B A R C E L O N A
E D I T I O N
Факти за родова нееднаквост од светот 1. Во 2016, само 57 проценти од жените во светот кои се работоспособни се дел од пазарот на труд, споредено со 70 проценти од сите работоспособни мажи. Програмите за микро-заеми, како што е Кива им помагаат на жените да започнат сопствени бизниси и да ги одржуваат. (Министерство за труд) 2. Жените кои работат полно работно време сè уште заработуваат само околу 77 проценти од она што го заработуваат мажите на истите позиции. 3. Африканско-американските жени заработуваат 64 центи, а Латино жените заработуваат 56 центи од секој долар што го заработува еден бел маж. „Лин ин“ (Lean In) нуди ресурси за преговарање на работното место. (Белата куќа) 4. 62 милиони девојчиња и девојки од целиот свет немаат право на образование, а поранешната прва дама на САД Мишел Обама почна да го посочува вниманието кон овој проблем преку нејзината иницијатива „Дозволете им на девојките да учат“ (Let Girls Learn) во 2015 година. #UpForSchool цели кон тоа да продолжи со борбата за промена на оваа ситуација. Потпишете ја нивната петиција тука. (Фондација ОН; 62 милиони девојчиња и девојки)
5. Секоја година, околу 15 милиони девојки помлади од 18 години во целиот свет се мажат без да можат многу или воопшто да влијаат на таа одлука. „Девојки, а не невести“ (Girls Not Brides) го проучува овој проблем и работи на изнаоѓање функционални решенија. Тие знаат дека образованието и давањето повеќе моќ на девојките се првите чекори. Можете и Вие да помогнете со тоа што ќе ги споделите овие факти или со донирање на проекти кои постигнуваат ефекти.
EQUALPOWER
Извор: Forbes
07
ОД НАСТАВНИЧКА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ДО ЛИДЕР ВО ТРАНСПОРТ СО КАМИОНИ НА БАЛКАНОТ М-Р
РАКОВОДИТЕЛКА
НЕКОГАШНАТА НАСТАВНИЧКА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК, ОЛИВЕРА МИОВСКА, ДЕНЕС Е УСПЕШНА РАКОВОДИТЕЛКА ВО КОМПАНИЈА ЗА ТРАНСПОРТ. ИАКО СТЕРЕОТИПНО РАБОТАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕ ПОВЕЌЕ ОДГОВАРА ЗА ЖЕНИТЕ, ТАА ВЕЛИ ДЕКА ЈА САКАЛА РАБОТАТА, НО НЕ Ѝ ОДГОВАРАЛА НА НЕЈЗИНИОТ КАРАКТЕР.
EQUALPOWER
|08
ВО
ОЛИВЕРА
МИОВСКА,
МАКЕДОНИЈА
Така, родителските состаноци ги заменила со други, состаноци за камиони преку кои управува со навремен и квалитетен транспорт на стока. Во 2004 година, се вработила во Македонија сообраќај АМЕРИТ, кое е здружение на македонски претпријатија за меѓународен сообраќај, најпрво како асистент, чии главни задачи биле превод на документи и меѓународна комуникација. Но во текот на 14годишното работење во оваа компанија, со многу труд и резултати се искачила неколку скалила - станала советничка на управителот, а сега е раководителка на одделението за меѓународен патен и товарен транспорт. „Јас живеам со мотото и добрата порака на големиот автор Руми: `Kога ги правиш нештата од твојата душа, ќе почувствуваш како во тебе тече река. Тоа е радост`. Tокму јас се чувствувам така во мојата професија.“, раскажува Миовска. Иако превозот со камиони многумина ја сметаат за „машка“ професија, интересно е што во Македонија се рушат стереотипите. Миовска вели дека многу често жените се тие кои на состаноците на раководни нивоа ги носат големите одлуки во транспортот.
СООБРАЌАЈ
АМЕРИТ
А Н Ш УСПЕ АЗНА ПРИК Според неа, во модерниот свет постои зголемена свест дека поголема улога на жените во управувањето е суштински предуслов за создавање фер и инклузивно општество.
„Жената е како торба за чај. Никогаш не знаеш колку е силна, додека не влезе во топла вода“, ја цитираше мислата на Елеонора Рузвелт додека пиеше од нејзината шолја чај, и продолжи: „Во денешно време не треба да постојат машки или женски професии, туку професионалци кои заслужуваат да бидат таму каде што се. Мажите и жените можат еднакво да бидат ефективни лидери. Не е родот тоа што прави еден лидер да биде подобар од друг“. Посетувала повеќе обуки при нејзиното професионално усовршување, а освен образованието, за неа е многу важно учењето од другите луѓе, од нивното искуство, па среќна е што имала добри ментори за обука и учење во оваа професија. „Доколку сакате кариера многу е важна професионалната надградба. Секој вложен денар во знаење е вистинска инвестиција за
себе. Треба да верувате во себе, да вложувате во себе, да се инспирирате од другите и да бидете инспирација за другите. Ако една свеќа запали друга нема да изгуби ништо од својот пламен. Не се плашете да истапите со своите идеи, сепак ние ја имаме таа `женска интуиција` која ретко не` изневерува.“, вели Миовска. Според неа, за сето ова треба да се има изградено цврст карактер и голема самодоверба.
Автор: ICS
„Јас сум личност која постојано си поставува предизвици во животот, како во кариерата така и во приватниот живот. Амбициозност, мотивираност, креативност, одлучност и истрајност - сите овие особини се меѓусебно поврзани. Амбицијата е ништо без мотивацијата, со креативност се изнаоѓаат решенија кои водат до одлучност, но истрајноста е таа која води до успех“, е препораката која им ја упати на другите жени.
Миовска вели дека нејзината професија е симбиоза помеѓу два спротивставени сегмента - работа со многу чести патувања. Таа е мајка и сопруга и среќна е што има голема поддршка од семејството.
„Ако уживаш во животот надвор од работата, тогаш ќе бидеш и подобра во својата работа“, е рецептот на Миовска за добар професионалец, но и за среќен брак и добра мајка.
ИНФОГРАФИКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ МАКЕДОНИЈА
Автор: Автор: Харис Муратагиќ на Факултетот во Доба, предавач Наталиe Ц. Постружник
EQUALPOWER
|10
ДА ОДБИЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПОКОРНИ И ДА МОЛЧИМЕ м-р Ана Петровска, професор во ОУ„Ѓорѓија Пулевски“ Аеродом
EQUALPOWER
| 11
м-р Ана Петровска, професор во
ОУ„Ѓорѓија Пулевски“ Аеродом
Жените треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и во политичкиот живот. Еднакви можности за жените и за мажите. Отсуство на пречки за економско, политичко и социјално учество врз основа на полот. Тоа значи промовирање на начелото за воведување на еднакво учество на жените и на мажите во сите области од јавниот и од приватниот сектор, еднаков статус, еднаков третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој. Родовата нееднаквост не се сфаќа сериозно во Македонија. Тоа што законите немаат дискриминирачки норми се перцепира како доказ дека не постои дискриминација и дека е постигната полна еднаквост. Вистина е дека жените имаат повеќе права денес отколку во целата досегашна историја на човештвото, но разликите меѓу мажите и жените остануваат на многу високо ниво во области како вработувањето, економијата, политичкото учество. Не секаде постои добар пристап до услуги и услови за жените како што се услугите од здравствената заштита, пристапот до градинки, институции за згрижување возрасни лица, а нивото на вложувањата во програмите што се однесуваат на родовата еднаквост засега останува доста ниско.
Ваквата ситуација не може да се промени сама од себе, не можеме да очекуваме самоиницијативно и одеднаш луѓето да да ги променат вкоренетите стереотипи и предрасуди. За нешто да се промени потребно е свесно делување од горе надолу, акција која ќе го смени дебалансот во позицијата на жените и мажите. Потребно е преземање на мерки и активности согласно со постојните општествени и политички околности, постигнатиот напредок и натамошните предизвици за воспоставување на еднаквост на мажите и жените.
Многу од жените во нашата држава се` уште имаат статус на „зависна“ и не можат да се реализираат надвор од рамките на семејството, се` уште има проблеми во општествената свест по основ на пол, дури и кај самите жени кај кои традиционалната улога е доста вкоренета. Токму овие причини треба да не водат во идните потези. Треба да се работи на градење и зацврстување на самодовербата, одлучноста, истрајноста и темелноста кај самите жени, треба да се интегрираат во сите полиња на општеството. Жално е само заради одредени традиционални неиздржани ставови жената да не напредува, а и целото општество.
Но во нашата земја има жени кои секој ден постигнуваат по некој успех, без да го истакнуваат тоа. Се справуваат со различни предизвици и стоејќи се борат.
Едно такво искуство беше и моето, справување со елементарната непогода, поплавата во август 2016 година во Стајковци во која беше зафатено училиштето каде бев директор, а воедно и единствена жена член на кризниот штаб во Стајковци кој беше под раководство на војската. Ноќта за време на катастрофалните поплави, се обидов да ги контактирам сите вработени кои живеат во тоа подрачје, но и останатите кои ги контактираа сите ученици со кои можевме да стапиме во контакт, бидејќи линиите тешко се воспоставуваа, се` со цел да се укаже прва помош. Веќе следниот ден пристапивме до училиштето, се мобилизираа сите вработени што можеа во тој момент и сите беа жени. Единствена цел во тој момент ни беше да помогнеме на своите колеги, ученици и месното население. Се започна со повторно контактирање на сите вработени кои беа зафатени од поплавата и укажување на помош. Се екипиравме во тимови и помагавме на своите колеги на терен, на кои тоа им беше потребно, како и на жители во Стајковци и Страчинци. Веќе вториот ден на помош пристигна војската и извидници ширум Европа кои ни помогнаа да се расчистат од кал, да се измијат и дизинфицираат приземните училишни простории каде беше формиран кризниот штаб кој беше лоциран во приземните училишни простории како и во училишниот двор.
Училишните простории беа користени за преспивање на ангажираните војници, амбуланта која беше 24 часа аптека, простор каде се складираа потребните продукти кои потоа во соработка со Центарот за труд и социјална политика, општината, месната заедница, војската, доброволци кои беа дојдени од сите страни да помогнат, се разнесуваа на луѓето до домовите. Ги мобилизирав колегите, формиравме тимови кои беа координирани од жени. Дирекно помагавме на семејствата каде имаше потреба од физичка помош, независно што најголем дел беа жени во тимовите, кои истовремено се сопруги и најголем дел мајки. Паралелно со мажите, војската работевме во две групи во две смени, каде што имаше координатор, подкоординатори со различни задолженија. Големата желба да се излезе во пресрет на настраданите, не штедејќи се себеси никој од нас, вложувајќи се максимално деноноќно, посветено, успеавме да ги изреализираме задачите кои си ги поставивме пред себе, да го надминеме предизвикот и навреме да ја отпочнеме учебната година, се` во интерес на нашите ученици.
Справувајќи се со тој предизвик докажавме дека без разлика што сме жени, подеднакво одговорно, посветено, храбро можеме да се справиме со ситуациите и предизвиците и достојно да одговориме на поставените задачи, но пред се` да бидеме позитивен пример за хуманост и солидарност, да подадеме рака кога некому е потребно. Ние жените независно дали сме млади или стари, без разлика на раса, нација и етничка припадност, домаќинки, вработени, невработени, образовани или необразовани, секогаш треба да бидеме автентични. Да се прифатиме онакви какви што сме, без потреба да се менуваме како што околината тоа го бара. Да се поддржуваме меѓусебно, да одбиеме да бидеме она што не сме, да одбиеме да бидеме покорни и да молчиме. Да се избориме да сме еднакви, да имаме еднакви можности и сепак да бидеме свои во она што го правиме. Силно да се залагаме за она во што веруваме и цврсто да застанеме зад тоа. Да се бориме за искоренување на нарушувањето на достоинството и човековите права на жените преку превземање на ефективни активности. Да делуваме да се крене јавната свест за родовите стереотипи во сите области на животот, вклучувајќи го и јавниот и политичкиот живот и негување на позитивно портретирање на жените и девојките како водачи и донесувачи на одлуки на сите нивоа и во сите области, со цел да се постигне еднаква поделба на одговорностите помеѓу жените и мажите. Само така ќе бидеме среќни и успешни.
EQUALPOWER • 2018 / БРОЈ 6 •
списание за еднаквост и разновидност МАКЕДОНИЈА , СЛОВЕНИЈА , ЕВРОПА