Page 1

Содржина

Содржина: Една година од отворањето на ИНФО СЕГА Музички хепенинг ИНФО СЕГА + Одржана еднодневна работилница за тимска работа ИНФО СЕГА ја промовираше новата услуга за млади „ИНФО СЕГА + Младинска картичка со попуст― на Пиво Фестот Одржани 2 бесплатни обуки за CV, мотивационо писмо и симулација на работно интервју ИНФО СЕГА организираше ИНФО ДЕНОВИ во паркот кај судот, Прилеп

Драги Читатели, Ви благодариме што го читате нашиот четврт е – билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е – билтен ќе најдете информации за реализираните активности на ИНФО СЕГА за периодот мај — август 2011 година. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на: infosega@infosega.org.mk

ИНФО СЕГА го одбележа 12-ти август Меѓународниот ден на младите ИНФО СЕГА го одбележа 19 август Светскиот ден на хуманитарната работа

1


Содржина

Една година од отворањето на ИНФО СЕГА На 31 мај 2010 Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА започна со работа и цела година работи на полето на младинско информирање, едукација и советување. Во изминатата година беа постигнати огромни резултати во сите сфери и беа креирани нови пакети на услуги за младите луѓе од Прилеп. Во текот на минатата година 200 млади директно побараа услуга во центарот, 2000 средношколци учествуваа на едукациите, околу 50 млади посетија работилници во центарот на тематиките младинско вработување и пеер едукација. Минатата година вкупните посети на нашата страна надминаа бројка од 110 000. Беа реализирани безброј настани за промоција, хепенинзи, штандови и сл., со што беа опфатени околу 10 000 млади на кои им беше дистрибуиран промотивен материјал со информации за нашиот центар. Како дополнителни услуги кои ги понудивме во изминатата година беа бесплатниот интернет и жолтите страни за млади. Од месец јуни започнуваме да ја реализираме и една од најголемите активности кои центарот ги предвидува за оваа година – младинската картичка со попуст ИНФО СЕГА ПЛУС. На 31 мај 2011 беше одбележан првиот роденден со сите партнери кои го дадоа својот максимум во поддршката на центарот изминатата година. На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески и сите директори на средните училишта во нашиот град.

2


Содржина

Музички хепенинг ИНФО СЕГА +

На 11 јуни 2011, на летната сцена на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп се одржа Музички хепенинг ИНФО СЕГА +. Целта на овој настан беше промовирање на новата услуга на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, а тоа е ИНФО СЕГА + МЛАДИНСКА КАРТИЧКА СО ПОПУСТИ! На музичкиот хепенинг настапуваа ученици од сите основни училишта од општина Прилеп. Со ИНФО СЕГА + Младинската картичка со попусти, младите од општина Прилеп ќе можат да ги уживаат попустите во повеќе сектори за кои мислевме дека се интересни и атрактивни за нив, а тоа се: бутици, ресторани, базени, автошколи, книжарници, фотокопирници, агенции за услужни дејности, фитнес центри и др.

3


Содржина

Одржана еднодневна работилница за тимска работа На 05 јули 2011 година, во паркот Могила

во

Прилеп,

Младинскиот

тимот

Информативен

на и

Советодавен Центар ИНФО СЕГА одржа еднодневна работилница

за

тимска

работа, промотивни и комуникациски вештини.

На

оваа

работилница

учествуваа 9 средношколци (волонтери во ИНФО СЕГА) кои преку неколку сесии за

градење

на

тимот

и

игри

на

неформален начин се запознаа со терминот и значењето на тимската работа. Целта на оваа работилница беше да се зајакне тимскиот дух и соработката на тимот на ИНФО СЕГА и волонтерите, како и да се подобрат комуникациските вештини и вештините за промоција на волонтерите, што ќе придонесе кон поголем публицитет на ИНФО СЕГА центарот и привлекување на повеќе млади луѓе да го посетат центарот.

4


Содржина

ИНФО СЕГА ја промовираше новата услуга за млади „ИНФО СЕГА + Младинска картичка со попуст“ на Пиво Фестот

На 14, 15 и 16 јули 2011 година, тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, со поставени штандови во центарот на Прилеп ја промовираше новата услуга за младите ИНФО СЕГА + Младинска картичка со попуст. На штандовите беше дистрибуиран промотивен материјал од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА и младите имаа можност директно да аплицираат за Младинската картичка со попусти како и да се запознаат подетално за попустите кои што се обезбедени со оваа картичка. Штандовите ги посетија околу 200 млади лица заинтересирани за новата услуга, а беа поделени околу 1000 флаери.

5


Содржина

Одржани две бесплатни обуки за CV, мотивационо писмо и симулација на работно интервју

Обуките за CV и мотивационо писмо се одржаа на 22 и 29 јули 2011 во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА на кои присуствуваа 21 учесник. Целта на овие обуки е учесниците да научат како треба да се изработат CV и мотивационо писмо и кои најчести прашања се поставувани на работно интервју.

6


Содржина

ИНФО СЕГА организираше ИНФО ДЕНОВИ во паркот кај судот, Прилеп

На 28 јули и на 04 август 2011 година во паркот кај судот Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА организираше ИНФО ДЕНОВИ за промоција на новата услуга за млади ИНФО СЕГА + младинска картичка со попуст. Целта на овие настани беше да се воспостави контакт со младите и да се запознаат со услугите на ИНФО СЕГА. На поставените штандови младите се информираа за младинските картички со попуст и имаа можност да аплицираат за истите. 38 млади од општина Прилеп аплицираа да ја искористат оваа нова услуга на ИНФО СЕГА.

7


Содржина

ИНФО СЕГА го одбележа 12 август меѓународен ден на младите Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА по повод 12 август - Меѓународниот ден на младите организираше средба на 10 млади со градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески. Целта на оваа посета беше младите да се запознаат со тековната работа на новата општина и нејзиното функционирање. На средбата стана збор за соработката на младите со институциите, а воедно младите имаа можност да ја разгледаат новата општинска зграда. ИНФО СЕГА продолжува и понатаму да останува најдобриот пријател на младите да им помага, информира, обучува и да биде мост кој ќе им го овозможува пристапот до институциите.

8


Содржина

ИНФО СЕГА го одбележа 19 август Светскиот ден на хуманитарната работа

По повод Светскиот ден на хуманитарната работа на 19 август 2011 година во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА се спроведе хуманитарна акција под мотото „Биди хуман, помогни“. Интересот на граѓаните да донираат облека беше голем и се собраа над 30 пакети облека. Во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп, донираната облека им беше доделена на три социјално загрозени семејства од општина Прилеп.

9


Содржина

Ви благпдариме за читаоетп! Акп имате некпи кпментари, предлпзи, прашаоа или сакате да придпнесете за билтенпт на Младинскипт Инфпрмативен и Спветпдавен центар ИНФО СЕГА ве мплиме испратете е-маил на infosega@infosega.org.mk или јавете ни се на +389 48 529 486. За крај сакаме да изразиме гплема благпдарнпст дп ппддржувачите на Младинскипт Инфпрмативен и Спветпдавен Центар ИНФО СЕГА: Кпалиција на младински прганизации СЕГА http://www.sega.org.mk/ ЦИРА, CIVICA mobilitas http://www.civicamobilitas.org.mk/ Агенција за млади и сппрт http://www.ams.gov.mk/ Лпкална сампуправа на ппштина Прилеп http://www.prilep.gov.mk/

10

ИНФО СЕГА Билтен 4  

info sega bilten 4

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you