Page 1

TOA E TOJ


Автор и обработка: Александар Стеванов Септември 2012 година


TOA E TOJ


СОДРЖИНА: ТОА СУМ ЈАС, А МОЖЕБИ И НЕ? НЕКОГАШНИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНЕЦ СТАНА АНТИ-МАКЕДОНЕЦ ТОА СУМ ЈАС, ПРЕДАВНИК! ОТКАКО ЉУБЧО СТАНА БУГАРИН, ОД АЛЕКСАНДАР НАПРАВИ ГРК СТО ГОДИШНА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА НАСПРОТИ ТРИ МИЛЕНИУМСКА КАКО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД СВ. КЛИМЕНТ И СВ. НАУМ ОД НАЈЛУТИ ПОЛИТИЧКИ РИВАЛИ ДО КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ ЈАНУС ИЛИ МАСКИРАНО ЛИЦЕ? ПЛАНОВИТЕ НА ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА „ФАЛСИФИКАТОРИ“ НАПРАВЕТЕ ФАЛСИФИКАТ ПОГРЕШНИТЕ СТАВОВИ НА ГЕОРГИЕВСКИ ЗА Т.Н. АНТИКВИЗАЦИЈА ОД ПОБОРНИК ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ ВО ПРОМОТОР ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО ВО ВМРО-ДПМНЕ НЕМА БУГАРОФИЛСТВО, ПУ, ПУ НЕ ВАЖИ МЕТАМОРФОЗАТА НА АНТИЗАПАДНИОТ ПОЛИТИЧАР ВО ЗАПАДЕН ПОСЛУШНИК ПСИХИЈАТРИСКИ СЛУЧАЈ


ТОА СУМ ЈАС, А МОЖЕБИ И НЕ - Александар Стеванов Лидерите, меѓу другото, се карактеризираат со тоа што брзо донесуваат одлуки и остануваат верни на истите тие одлуки. Љубчо Георгиевски кој си го има променето ставот по толку многу прашања, имено поради тој факт во никој случај не би можел да се нарече лидер. За патриот и верен син на мајка Македонија пак воопшто не може да станува збор. Колкава заслуга и да имал во минатото сега таа неповрaтно е прокоцкана! Изјавите кои во последниот период тој ги дава се дијаметрално спротивни од неговите изјави во деведесетите години и одат во корист единствено на противниците на нашата земја. Тие редовно се цитирани и се пласираат во грчките медиуми и служат како поткопувач на позициите на Република Македонија во спорот со името. „Штетата што Геогиевски и ја прави на Македонија е голема. Овдешните медиуми пишуваат дека неговите изјави се многу моќно дипломатско оружје за Грција бидејќи овој човек е поранешен премиер и активен политичар. Токму случајот со


Георгиевски, македонскиот премиер со бугарски пасош, грчкиот премиер Самарас во интервјуто за државната телвизија во 2008-ма, го користеше како аргумент во полза на неговите фантазии за распад на Македонија.“ - „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012 Пред извесно време Георгиевски ја промовираше својата автобиографија Тоа сум јас, во која тој самиот си ги негира своите ставови од минатото со што безмилосно се погазува самиот себе. Всушност далеку поправилен наслов за неговата книга секако би бил Исповест на еден пишман аџија или пак Што плукам ќе лижам. Од компетентни луѓе за оваа неговата автобиографија беше напишано дека иако тој ја промовира како таква, воопшто не се работи за автобиографско дело. „Книгата, конципирана на прашања и одговори, ни оддалеку не е автобиографско дело (повеќе е подолго интервју), кое според сите стандарди (дури и за некласични автобиографии, книжевни хибриди), бара многу посветеност и време, водење приватна документација и правење постојани белешки, долгогодишни подготовки.“ - Весна Дамчевска / Фросина Димеска, „За автобиографија треба време, Георгиевски бил презафатен“, Нова Македонија, број 22623, 6.7.2012 Имајќи ја предвид променливоста на карактерот на Љубчо Георгиевски, воопшто не би не` зачудило по десетина години тој да излезе со нова книга во која ќе го негира напишаното во оваа. „Немам намера да купувам дела од сончогледи, оти можеби утре ќе има второ продолжение Тоа не бев јас.“ - Благојче Андонов Георгиевски во толку многу наврати самиот непринудено си го има погазено сето она за што некогаш, барем вербално, се залагал. Кога тој не си ги почитува сопствените зборови, ставови


и дела, нема причина зошто било кој од нас да го почитува она што тој сега го говори и пишува во неговата книга. Човек кој толку многу пати без срам излажал не заслужува доверба. Всушност и да не беше така, и се` што кажал да е вистина, неговата автобиографија е оценета како аматерско дело, кое не вреди да се чита: „Автобиографијата на Љубчо Георгиевски, „Тоа сум јас“, најавена и со нетрпение очекувана од јавноста, веројатно (ќе) ги разочара вистинските, информирани, љубопитни и потковани читатели. Наместо вонреден издавачки потфат во домашната книжевна продукција, како што беше најавена, добивме само уште една набрзина составена, аматерска, нелекторирана, некнижевна, надвор од сите правила за пишување автобиографско дело. Toa e книга што нема да ги задоволи ни оние со најснижени книжевни стандарди“ - Весна Дамчевска / Фросина Димеска, „За автобиографија треба време, Георгиевски бил презафатен“, Нова Македонија, број 22623, 6.7.2012 Во оваа електронска книга ќе најдете збирка од текстови, оригинално објавени на блогот I-Macedonian.Blogspot.com, кои се однесуваат на личноста и на дволичноста на Љубчо Георгиевски, на тврдењата објавени во неговата книга Тоа сум јас и за тоа колку вреди (односно невреди) неговиот збор. I-Macedonian.Blogspot.com


НЕКОГАШНИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНЕЦ СТАНА АНТИ МАКЕДОНЕЦ - Александар Стеванов Георгиевски некогаш на својата визит картичка го имаше поставено симболот на античката македонска кралска династија, т.н. шеснаесеткрако сонце од Кутлеш (Вергина), и пропагираше дека на Македонија мораме да и` ја вратиме величината која што ја имала за време на антиката: „...Историјата на античка Македонија, ние сметаме дека ние мораме да поведиме достојна држава кон нашиот антички предци бидејќи тие живееле и твореле на територијата на Македонија...“ - Љубчо Георгиевски, основање на месен комитет во скопско (прва половина на деведесети години). Иако Георгиевски некогаш сметаше дека античките Македонци се наши предци, пред само неколку години тој изразува сосема спротивен став, односно дека не треба нашата етногенеза да ја бараме во античка Македонија: „...Дали македонската етногенеза треба да ја бараме во


Античка Македонија? Категорично сум против!“ - Љубчо Георгиевски, „За внуците на Аминта“, Фокус, 27.04.2009 година. Истиот оној Георгиевски кому некогаш не му пречеше да стои зад можеби најпрепознатливиот симбол на античка Македонија (т.н. Сонце од Кутлеш), сега вели дека чувството на Македонецот дека е потомок на античка Македонија е лажна претстава и е резултат на наметната владина политика која ја менува, демек фалсификува, историјата: „Мнозинството од Македонците веќе се сметаат дека се потомци на античка Македонија, благодарејќи пред се' на државната политика која во последните интензивно три години комплетно ја менува историјата на Македонија...“ Љубчо Георгиевски, Заменетиот јазик - бугарски документарен филм. За заврзламата да е уште поголема и за губењето на допирот со реалноста да биде потполн тој во 2009та година дури и лаже дека на почетокот на осамостојувањето на Македонија не ја спомнувал античка Македонија во контекст покажување на континуитет од античка Македонија па до денес. Всушност вистината е сосема друга: „Доаѓа деведесетата година. Се појавуваме првите основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Главниот проблем со кој што се соочуваме е масовното југословенство на македонската нација. Приказаната за Античка Македонија можевме да ја употребиме за будење од југословенските сновиденија, но не го сторивме тоа.“ - Љубчо Георгиевски, „За внуците на Аминта“, Фокус, 27.04.2009 година. Лажги со опашки! За неговата превртливост во однос на прашањето за нашиот континуитет уште од времето на античка Македонија Тодор Петров, претседателот на СМК, во еден свој напис му порачува:


„Љубчо Георгиевски заборави дека на партиските книшки на ВМРО-ДПМНЕ го имаше 16-зрачното сонце додека Димитар Димитров и Доста Димовска не го симнаа од нив... Заборави дека гласаше за 16-зрачното златно жолто сонце на црвена основа за државно знаме на Македонија...“ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година. Навистина како ли Георгиевски можеше толку лесно да заборави? I-Macedonian.Blogspot.com Дополнително: И Георгиевски некогаш беше потомок на античка Македонија Георгиевски за античка Македонија


ТОА СУМ ЈАС, ПРЕДАВНИК! - Александар Стеванов Рамковниот договор, покрај странските претставници, од македонска страна го потпишаа петмина, но најголем виновник меѓу нив за доведувањето на Македонија до тоа дереџе е Љубчо Георгиевски затоа што како премиер не успева да го превенира конфликтот и затоа што откако тој веќе се случи не успеа да ја извлече Македонија од конфликтот без никакви понижувања. Еве како тој го компарира овој предавнички чин, небаре тој не го ставил својот потпис на договорот: „Љубчо Георгиевски изјавува: „Рамковниот договор де факто значи федерализација на Македонија. Ако тоа го споредиме со преговорите за името, тврдам дека потпишувањето на рамковниот е пет пати поголемо предавство од евентуално ново компромисно име.“ Директно признание за предавство! Мишко Талески. Имајќи предвид дека и тој беше меѓу оние кои го потпишаа Рамковниот договор, Георгиевски директно признава дека извршил чин на предавство, односно дека е предавник. Според


ова и не без право многумина револтирани Македонци на Интернет споделија слика со видоизменет назив на неговата т.н. автобиографија - Тоа сум јас, предавник. Мето Коловски, претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, при посетата на Македонија се зачуди зошто тој не е во затвор за предавство: „Мето Колоски прашува: Зошто Ахмети и Георгиевски не се во затвор?“ - PlusInfo, 04.10.2011 година. За предавство го обвинија и од Светскиот Македонски Конгрес: „СМК: Љубчо треба да одговара за велепредавство“ - Курир, 10.07.2012 година. А уште еднаш за предавство го обвини и претседателот на СМК, Тодор Петров: „Георгиевски не треба да заборава, а очигледно заборавил, дека преземајќи ја своевремено функцијата потпретседател на претседателот и премиер на Македонија полагаше заклетва дека ќе го брани суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. За жал, со неговите последни изјави покажа и докажа дека за време на својот мандат кроел заговор за етничка кантонизација и територијална дезинтеграција на Македонија. Тоа е чин на велепредавство, најтешко кривично дело, ја прекршил заклетвата заради која добил мандат за власт во државата Македонија... И затоа, сосема одговорно, конечно, за Љубчо е само Идризово, ако претходно не е потребна дијагноза од надлежна установа! Беше и остана велепредавник со тапија! “ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година.


Всушност ова што сега го прави Георгиевски, плукање по Македонија и по македонштината, е само продолжување на таа негова предавничка игра: „Сега за сега, Георгиевски е многу популарна личност во Грција поради очигледни причини – тој не сака да пропушти шанса да ја посрамоти Македонија, а Грција не сака да пропушти шанса да се направи сензација од тоа. Неговите коментари за весниците во Атина се вистинско богатство, пренесува бугарската агенција Фокус.“ - Mkd.mk, 02.07.2012 година. Зошто второто предавство е полесно од првото, Георгиевски индиректно објаснува во една своја колумна. „На народот кој што еднаш веќе го смени комплетниот идентитет, очигледно му е полесно и вторпат да го направи истото.“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година. Всушност она за кое што тој ги обвинува другите (македонскиот народ) повеќе говори за самиот него. Од ова негово писание можеме да заклучиме дека на човек како Георгиевски кој веќе еднаш ја предал македонската кауза, многу полесно му е да го направи истото по вторпат, особено пак ако е финансиски добро мотивиран. И кога некој негов поддржувач иронично ќе запраша зошто оние кои некогаш го славеле како голем патриот денес го плукаат како предавик, нека знае дека не народот се сменил туку оној кој се сменил е Љубчо Георгиевски. Некогаш тој држеше патриотски говори, а денес дава антимакедонски изјави. А за тоа кој му е виновен на Георгиевски што во очите на македонскиот народ стана предавник, најдобар одговор дава Мане Јаковлески: „Љубчо самиот се предаде.


Се прашувам, во што се преобрази патриотот од 90-тите години кој се гордееше на Филип II и Александар Македонски? Дали е тој истиот човек кој сака да дојде на власт во земја, за која вели дека има фалсификувана историја и покрај толку истражувања, факти и докази за она што сме како народ и кои се вистинските фалсификатори? Се посомневав во патриотизмот и искреноста на Љубчо кога го тргна 16 кракото сонце од амблемот на партијата и второ, кога си го смени името Љуп(б)чо.“ - Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 04 јули 2012 година. I-Macedonian.Blogspot.com


ОТКАКО ЉУБЧО СТАНА БУГАРИН, ОД АЛЕКСАНДАР НАПРАВИ ГРК - Александар Стеванов Дали Георгиевски се сеќава на своите изјави или целосно заборавил исто како што ги забораваше предизборните ветувања. Еве што тој кажал во 1990 година, во миговите кога Македонија се приближуваше кон својата независност: „...Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски...“ - Љубчо Георгиевски, митинг од 7.11.1990 година. Истиот овој Љубчо Георгиевски кој тогаш ги потсетувал Македонците оти од овде Александар Македонски го започнал својот историски поход, денес ги исмева истите тие Македонци поради тоа што се чувствувале како потомци на славниот македонски крал и војсководач. Тој исто така го исмева поставувањето на статуите на Александар Македонски во Македонија и на најдрзок можен начин си поигрува со националните чувства на Македонците.


„Знам дека скаската за Александар е многу милозвучна! Ама лажна, многу лажна! На крајот на краиштата, ние имаме автохотна историја, ама таа не е поврзана со Александар.“ Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година. Во една друга своја колумна исто така за Александар вели: „преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја...“ - Љубчо Георгиевски, „За внуците на Аминта“, Фокус, 27.04.2009 година. Претседателот на СМК, Тодор Петров, за тоа поради кои причини народот во Македонија гласал за Георгиевски вели: „Љубчо Георгиевски... заборави дека изборите ги доби со Александар Македонски...“ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година. За преобразбата на Љубчо Георгиевски од голем антички Македонец во уште поголем анти-Македонец, објаснува Мишко Талески: „Одеднаш, според Георгиевски, Александар Македонски е лудост на денешните Македонци, бидејќи тој бил Грк, а еве што вели Стојан Андов во една колумна за Георгиевски и неговите гледања за Александар... „...Во првата фаза од конфликтот во 2001-ва, после акцијата „за ослободување на Тетовското кале“, се јавија различни оценки за она што се случува и како понатаму да функционира државата. Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, акцијата ја оцени како прва голема победа во историјата на Македонија, од времето на Александар Македонски.“


Значи тогаш Александар бил Македонец, а денес е Грк. Љубчо треба да ни даде образложение на оваа драстична промена во неговите сфаќања.“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012 Доктор Џекил, пациент Хајд. Ко да се работи за двајца луѓе, едниот нормален, другиот со испомешани струјни кола во главата. I-Macedonian.Blogspot.com Дополнително: Вистината за бугарското државјанство на Љубчо Георгиевски Античко минато - предмет на исмевање


СТО ГОДИШНА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА

НАСПРОТИ ТРИ МИЛЕНИУМСКА - Александар Стеванов Љубчо Георгиевски е пишман аџија и кога станува збор за продолжителноста на македонската историја. На почетокот од деведесетите години тој корените на македонската држава, а со тоа и историја ги наоѓа во праисторијата дури и пред Александар III Македонски: „...Да го вратиме она место кое Македонија го имаше повеќе од 3000 години...“ - Љубчо Георгиевски, митинг од 7.11.1990 година. Сега пак не само што го ампутира нашето историско наследство од антиката туку и тврди дека македонската историја има продолжителност од само 100 години!?! Со ваквото негово самопоништувачко тврдење тој директно и` штети на Македонија, а тоа што грчките медиуми го цитираат за да ги докажат нивните антимакедонски ставови е доволен показател. „Во продолжение на најновата сензација што им ја приреди Георгиевски, грчките медиуми приложуваат и постара видео


снимка во која тој тврди дека Македонците имаат само 100 годишна историја и дека требало да се задоволат со неа, а не да крадат историја од Грците, од Бугарите и од Албанците.“ „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012 Ниеден нормален човек не гаи толку голема омраза кон сопствениот народ. Претседателот на СМК, Тодор Петров, за ваквите обиди на Георгиевски за лишување на Македонија од своето историско минато, во своја колумна вели: „Дали Македонија пред христијанството постоела? Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела? Имало ли Албанци, Бугари, Грци и Срби пред Исус Христ? Или само Македонците постојат од 19 век? А кои Македонци се тие во Библијата?“ - Тодор Петров „Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела?“, Македонска Нација, 20 Јули 2012 За ваквите изјави на Георгиевски во врска со историјата на Македонија, политикологот Владимир Божиновски вели: „Не треба тој да кажува дали сме ние понова или постара нација или дали Македонците се фалсификатори. За тоа си има историчари, аналитичари и експерти. Георгиевски исто така не треба да дава такви коментари поради тоа што на тој начин им дава повод и причина Грција да продолжи со блокадата на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Во Грција ниту најмаргиналниот политичар нема да каже за сопствениот народ дека е фалсификатор на историјата како што тоа го прави Георгиевски, истакнува Божиновски за Курир.“ - „Експертите со жестоки критики за скандалозните изјави на Љубчо“, Курир, 16 Јули 2012 година. I-Macedonian.Blogspot.com


КАКО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД СВ. КЛИМЕНТ И СВ. НАУМ - Александар Стеванов Уште еден апсурд во врска со променливоста на ставовите на Георгиевски е неговото обвинување дека Македонците се откажале од Св. Климент и од Св. Наум: „Од кога не сме чуле јавен збор за Св.Кирил и Методиј, или за Св.Климент и Св.Наум? Та, што се тие наспроти величината на Александар Македонски?! Единствениот реален корен врз кој можеме да се потпреме (словенскиот) го урнисавме, го деградиравме и го исмејавме.“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година. Ова негово обвинување звучи трагикомично, имајќи предвид дека оној кој се откажа од нив и се обиде да ги ампутира од македонската историја е токму тој, Љубчо Георгиевски.


„Ние имаме сто години јасна историја на македонската нација и на македонскиот идентитет.“ - Љубчо Георгиевски, Во Центар. Тој со тврдењето дека Македонците имаат само стогодишна историја самиот ги испрати Св. Климент и Св. Наум на буништето на заборавот. „Се наметнува и дилемата дали Георгиевски воопшто памети што изјавува, бидејќи во неговата автобиографија напишал и дека Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко затоа што според него, се откажале од св. Климент и св. Наум. Ако се земе во предвид дека св. Климент е роден во 840-та година, Георгиевски сам себе се демантира во тврдењето за наводната 100 годишна историја на Македонија.“ - „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012 Истово самонегирање на Георгиевски е утврдено и од Мане Јаковлески „Во изјава дадена за медиумите, тој тврди дека, Македонците имаат само 100 годишна историја и дека требало да се задоволат со неа, а не да ја крадат историја од Грците, Бугарите и Албанците. Заборавајќи што претходно изјавил, Георгиевски во својата автобиографија „Тоа сум јас“, каде вели дека, Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко, затоа што според него, се откажале од Св. Климент и Св. Наум. Ако се земе во предвид дека Св. Климент е роден во IX век, тогаш тој во главата има празнина од над 11 века.“ - Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 4 јули 2012


На обвинувањата на Георгиевски, претседателот на СМК Тодор Петров вели: „...кој се откажал од Свети Кирил, кој се откажал од Свети Методиј, кој се откажал од Свети Климент, кој се откажал од Свети Наум? Зарем Македонците немаат право да ја изучуваат и историјата на Македонија пред седмиот век од нашата ера, зарем Македонците немаат право да ја изучуваат историјата на Македонија пред новата ера?“ - Тодор Петров, „Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела?“, Македонска Нација, 20 јули 2012 година. Најсоодветна негација на неговото тврдење дека сме се откажале од Св.Кирил и Методиј, и Св.Климент и Св.Наум се нивните споменици покрај Камениот мост на реката Вардар во Скопје. I-Macedonian.Blogspot.com


ОД НАЈЛУТИ ПОЛИТИЧКИ РИВАЛИ

ДО КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ - Александар Стеванов Во текот на деведесетите години, најлути политички ривали во Македонија беа Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Во инструкција на ВМРО ДПМНЕ од 29 март 1993 година потпишана од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски се вели следново: „Македонија денес се наоѓа на својот најголем историски крстопат. Во 1912 година, соседните земји и големите сили, спротивно на вољата на македонскиот народ, го искинаа неговото животно тело, поделувајќи ја Македонија на неколку делови. Денес, меѓутоа, сакаат да ни го сменат и името и презимето, сакаат да ни ги уништат и корените, да не` обезличат, посрамат и понижат. Директни учесници на ваквото срамно сценарио, за жал се г. Киро Глигоров и комунистичко-албанската влада на г. Бранко Црвенковски, кои само да ја сочуваат власта, се спремни на секаков компромис,


па и на гнил компромис со Грција за промена на нашето вековно име во „Бивша југословенска република Македонија.“ - „Љубчо Георгиевски во 1993 година бил против промена на името“, Mn.mk, 11 Јули 2012 година. Како што се гледа од овој цитат, Георгиевски не само што во тоа време го бранел македонското име, за разлика од денес кога промовира негова промена, туку и најостро го напаѓа Бранко Црвенковски, истиот оној Бранко Црвенковски со кого што денес е во коалициски брак. Зарем Георгиевски заборави дека во деведесетите години на минатиот век, благодарение на осудата на политиката на Црвенковски тој ги добиваше гласовите на огромен број македонски гласачи. Истите оние гласачи кои денес поради неприродната коалиција помеѓу ВМРО-НП и СДСМ во знак на револт почнаа да го напуштаат. „И она што му остана како мал дел од приврзаници на Георгиевски, деновиве и тие го напуштија... Како што дознава „Курир“ од блиски извори од општинскиот комитет во Делчево, Љубчо Георгиевски остана тотално сам и тоа во градот и општинскиот комитет кој што 20 години во неговата политичка кариера претставуваше негово најголемо упориште... Главна причини за напуштањето на Георгиевски неговите сега поранешни приврзаници ја гледаат во тоа што тој без никаква консултација на членството на ВМРО народна партија одлучил да отиде во сојуз со Бранко Црвенковски, со што тие сметаат


дека извршил предавство на ВМРО народна партија, предавство на луѓето кои, како што самите велат, за жал дури сега согледале колку слепо и еуфорично му верувaле 20 години. -Ние неможеме да поддржиме коалиција со Бранко Црвенковски, со човекот кој е виновен за сите лоши работи и погрешни политики кои и' се случија на оваа држава. Затоа го напуштаме Љубчо Георгиевски и со оваа одлука дефинитивно Љубчо остана сам, му остана само да се теши со Бранко Црвенковски, велат незадоволните приврзаници...“ - „Љубчо остана сам и во неговото Делчево“, Курир, 15 јули 2012 година. Всушност овој нивен брак од интерес, колку и да е чуден може да се смета за продолжение во нивната досегашна прикриена, но плодна соработка. Имено поради одлуката на Љубчо Георгиевски, ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира парламентот, Црвенковски и СДСМ ја имаа потребната целосна власт и контрола за да се изврши криминалната приватизација со која илјадници македонски граѓани ги изгубија своите работни места и осиромашеа. “Официјалното спојување на двајцата лути противници од 90тите за нив е добра можност да се добие јасна слика за многу работи. Од рушењето на владата на Никола Кљусев, неформирањето коалиција со албанска партија, бојкотот на парламентот во 94та, недавањето отпор на промената на знамето, името и уставот.. За оснивачите се ова е доказ за соработката Црвенковски- Георгиевски уште од 90тите. Ова се прашања кои си ги поставува секој кој сега ги гледа Бранко и Љубчо на иста маса, рамо до рамо. Одговорот е дека сето ова се случуваше затоа што Бранко Црвенковски навистина соработувал во деведесеттите со Љубчо


Георгиевски, затоа што тие се лицето и опачината на една иста спаричка. Затоа што простите факти го кажуваа тоа. Како инаку ќе се образложат сите погубни потези на Љубчо во 90-те.“ - „Основачите на ВМРО-ДПМНЕ по повод коалицијата Црвенковски - Георгиевски“, Сител, 01.07.2012 година. Љубчо Георгиевски исто така беше оној кој за време на конфликтот од 2001 година, наместо најенергично да го решава тој го внесе СДСМ во Владата на Република Македонија. I-Macedonian.Blogspot.com


ЈАНУС ИЛИ МАСКИРАНО ЛИЦЕ? - Александар Стеванов Како Љубчо Георгиевски од човек со толку промакедонски ставови и сфаќања стигна до ситуација од Македонците со право да биде прогласен за предавник е навистина чудно. Колку ли треба да ти се прераспоредат клетките во мозокот за својот став да го промениш до толку. Но се чини дека тој ниту на почетокот од својата кариера не верувал цврсто во тоа што го кажува на митинзите, туку користејќи ја својата харизма и говорејќи работи за кои што знаел дека ќе му ја исполнат душата на македонскиот народ си го купил патот до владејачката фотеља преку лаги. „Љубчо Георгиевски, дејствуваше сосема различно. Не дека некогашните организатори на тројките не беа свесни оти најавите за конгрес во Солун се ништо повеќе од неостварлива романтична идеја, но им годеше да чујат различен збор од тој што го слушаа 45 години. А и онака, сметаа дека Македонија и ВМРО се нешто повеќе од тоа. И додека гледаа како


наследниците на системот што за малку ќе ги затвореше го крадат богатството создадено од истиот тој систем, идеите за Солун ги заменија со идеи за слобода, правда и еднаквост... И затоа го следеа Љубчо... Веруваа во младиот Георгиевски, веруваа во неговите зборови дека се бори за Македонија.“ Дарко Јаневски „Предавството на Љубчо Георгиевски“, Нова Македонија, број 22619, 2.7.2012 Ама на неговите тогашни слатки зборови тој самиот им тури пепел со што си го покажа вистинското лице, односно дека не се борел за Македонија туку за свој личен профит. „Промакедонската идеологија за него веројатно претставуваше само фарса за да го придобие Македонецот во едно време кога требаше да се етаблира на македонската политичка сцена. Потоа националистот се претвори во граѓански ориентиран тип, кој беше подготвен на секакви компромиси на сметка на македонските државни и народни интереси.“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, Mn.mk, 25 јануари 2012 година. За тоа дека она што на почетокот од деведесетите години го зборувал Георгиевски не било она што тој го мислел мошне сликовито говори една негова скорашна изјава во која вели дека не треба да им се верува на се` што политичарите ќе кажат на бината бидејќи тогаш се понесени од општата еуфорија, со што директно признава дека од неговата уста излегувале невистини и работи што не ги мислел. Дополнителен показател дека тој уште тогаш немал изразена македонска национална свест, односно бил бугарофил, е писмо од таткото на ВМРО-ДПМНЕ во кое вели дека Георгиевски во 1992 година, при посета на Америка, наместо на македонската


емиграција во Канада да им ги објасни плановите за иднината на Македонија, тој отишол на средба со претставници на бугароманска организација: „Истата вечер по неговото пристигање во Торонто, откако одржа говор пред Македонците во Торонто кои беа дојдени да се поздраават со него, Љупчо Георгиевски по напуштањето на салата на Македонската црква „Свети Климент Охридски“, во придружба на Стојче Наумов, и на големо чудење на Макдонците кои го гледаа тоа, влезе во автомобилот на еден познат бугароман од Детроит, САД, претседателот на тамошната бугарска црковна општина и ја збриша за Детроит. „Бугарите си го зедоа Љупче, значи тој бил нивен“!… Значи имале право весниците во Скопје кога пишувале дека е врховист и бугарски агент“, велеа и коментираа многумина Македонци таа вечер во Торонто.“ - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк. I-Macedonian.Blogspot.com


ПЛАНОВИТЕ НА ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА - Александар Стеванов На почетокот на деведесетите години Љубчо Георгиевски претставува заштитно лице на паролата „Солун е наш“ и икона на македонизмот, за по само една декада - за време на конфликтот од 2001 година, а според некои искази и претходно, тој целосно да си го промени убедување и скандалозно да започне да се залага за поделба на Македонија и размена на територии. Со тоа и по ова прашање, како и по многу други, неговиот став си го има променето за цели 180 степени. „Старото ВМРО се борело за обединување на Македонија, Георгиевски сакаше да ја подели. Почнувајќи уште од Гоцевото ВМРО, па дури и неговите бугарски крила, сите се бореле за обединување на Македонија. „Јас ги следам правилата на старото ВМРО…“ - Љубчо Георгиевски, Во Центар, 2010 година.


Тој не само што не ги почитува идеите на старото ВМРО, туку работи против нив, за поделба на Македонија.“ - Горан Н. Арсов, Психотично Општество, 02.28.2012 Наместо достоинствено и со сите расположливи сили да ги решава произлезените проблеми од исценираниот конфликт, тој капитулациски предложи да се лишиме од дел од нашата татковина. „Георгиевски во колумната во "Дневник" во април 2003 година напиша: "Потребно е најитно враќање на тезите изнесени од неколку академици за размена на територии и на население или, поточно, разграничување помеѓу Македонците и Албанците. Основата на нашиот интерес е етничко спасување на Куманово, Скопје, Кичево и на Струга, што подразбира иселување на албанските граѓани од тие области...“ - Дневник, Број 2776, 18 март 2006 година. Наместо како тогашен премиер чија должност е да го брани територијалниот интегритет на земјата тој инфантилно понуди дел од таа територија на подарок. „од непоколеблив националист кој настојуваше вмровскиот конгрес да го одржи во Солун, сега ја делеше Македонија оваде и отаде Групчин, бараше размена на територии небаре Македонија е зелникот што треба да се расчеречи и изеде. “ Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012 За плановите на Георгиевски за поделба на Македонија, сведочи Али Ахмети: „Љубчо Георгиевски предлагаше не само етничка поделба на Македонија туку и менување на границите во регионот. Ова


признание али Ахмети го соопштува во вечерашното интервју за албанската сателитска мрежа Алсат , обелоденувајќи и детали за предлогот што му го дал во време на воениот конфликт 2001 та тогашниот премиер на државава, Љубчо Георгиевски. Јас имав понуда од Георгиевски во 2001 за поделба на Македонија. дел од медиумите побараа од мене да им ја обезбедам документацијата од оваа понуда. таа документација беше јавна и беше објавена од македонските медиум во тоа време. Портпарол на овој концепт во тоа време беше тогашниот претседател на МАНУ со што мене ми се понуди компромисно решение, липковскиот крај каде ние во тоа време држевме линија на фронтот да и припадне на косово, додека делот на Тетово и Гостивар да и припаднат на Албанија, но јас не подлегнав на ваквите стапици , вели Ахмети“ - Канал 5, 21.09.2005 За овие планови била информирана и Ермира Мехмети: „Во ДУИ велат дека на Али Ахмети уште пред една година му била понудена таква идеја, но тој ја одбил. - За него беше апсолутно неприфатливо бидејќи цел на Ахмети е да се подобри статусот на Албанците во Македонија, а не да се разменуваат територии и население. Не сакаме да дебатираме за поделби во време кога говориме за единствена и обединета Европа... - вели Ермира Мехмети од Демократската унија за интеграција.“ - Дневник, Број 2776, 18 март 2006 година. За истово сведочи и Љубен Пауновски, тогашниот министер за одбрана:


„Пауновски, кој беше на чело на министерството во почетокот на воениот конфликт, во видеоснимката објавена деновиве, меѓу другото, тврди дека агендата за одбраната на државата на Георгиевски и Димовска била сомнителна. „Во април 2001-та, по еден од редовните ноќни состаноци на државниот политички врв и на безбедносно-командниот врв, Георгиевски и Димовска останаа во кабинетот во Министерството за одбрана. Георгиевски директно ми соопшти дека мора да се разделиме со Албанците, да им дадеме територии кај Дебарско и Гостиварско-тетовско, со прст ги означи териториите на картата на Македонија, а остатокот да го носиме кај нашите во Бугарија. Ова особено го истакна Димовска. Георгиевски, пак, рече дека тоа сега конечно треба да се одработи, а главната работа е да се извадат сите тенкови во најкраток можен рок, за ден-два, и да се постават по должината на патот Скопје-Гостивар, на еднакви растојанија од левата страна на патот гледано кон Гостивар“, вели Пауновски во обраќањето до јавноста.“ - Фросина Цветковска „Георгиевски не негираше дека работел на поделба на Македонија“, Нова Македонија, број 21746, 24.7.2009 година. И Арбен Џафери е дециден дека Љубчо Георгиевски му понудил поделба на Македонија: „Џафери првпат јавно призна дека разговарал со Георгиевски за поделба на Македонија, но војната ги спречила да го реализираат планот... "Војната не спречи да го реализираме планот. Ќе се избегнеше насилството и ќе се постигнеше мирна поделба помеѓу Албанците и Македонците. Не верувавме во функционирање на мултиетничка држава, која е фикција на меѓународните


креатори", рекол Џафери. Тој тврдел дека за планот бил известен и тогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ и тој ја одобрил поделбата.“ - Дневник, Број 2776, 18 март 2006 година. Звучи апсурдно но според ова тврдење на Џафери во тоа време целовитоста на Македонија посилно ја бранел еден српски политичар одошто македонскиот премиер кому што граѓаните му ја дале довербата. За велепредавство поради неговите планови за поделба на Македонија, Љубчо Георгиевски беше обивинет и од Тодор Петров, претседателот на Македонскиот Светски Конгрес: „Од Конгресот не штедат зборови ниту за Љубчо Георгиевски. За него велат дека е пародија на демократијата, бидејќи не бира средства за ширење на лаги за Македонија на македонскиот народ. -Човекот кој во 2001 година беше изршител на специјална воја против државата за нејзината етничка кантонизација, нудејќи внатрешна редистрибуција и размена на територии и население, а подоцна сосема јасно декларира дека Македонците се етнички Бугари обвинувајќи го македонскиот народ за пројугословенски, кој државноста ја чувствува за товар а не како израз на вековниот стремеж за слобода, треба да одговара за велепредавство и за неосновано богатење, да лежи во Идризово, а не да дели лекции по историја и демократија на Македонија, рече претседателот на СМК, Тодор Петров“ Курир, 10.07.2012 година. Тодор Петров и во уште еден наврат го обвинува дека сакал да ја подели Македонија:


„Јавниот обвинител има обврска да се пробуди од длабокиот зимски сон, макар и во ова пеколно топло лето, да изврши проверка на потеклото на богагството на Георгиевски и на заговорот за етничка кантонизација и територијална дезинтеграција на Македонија во времето кога бил премиер на државата.“ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година. Георгиевски своите предавнички иницијативи за поделба на Македонија без ниту трошка срам ги соопштува и во неодамна издадена „автобиографија“: „Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, кој има и бугарско државјанство, открива низа непознати работи од новата историја на државава, вклучувајќи го и податокот дека со својот српски колега, покојниот Зоран Ѓинѓиќ, разговарал за размена на територии меѓу Македонија, Албанија и Косово.“ - Ирена Чачкова „Георгиевски: Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја“, Без Пардон, 06.29.2012 А по промоцијата на книгата ваквите ставови за поделба на Македонија ги презентира и во интервју на Хрватската Телевизија од 14 јули 2012 година: “Водителот на ХТВ: Во книгата опишувате како со српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и со Албанците сте разговарале за размена на територии. Кој, што, требал да добие? Љубчо Георгиевски: Па видете, со господинот Ѓинѓиќ двапати ја отворивме таа тема. Знаете, тоа беше во време кога косовската војна заврши, на некој начин македонската војна почна. И ние разговаравме за таа тема и сметавме дека ако


овие две држави, Македонија и Србија, заедно влезат во тој проект, а мислевме дека Албанците во тоа време, би го прифателе многу лесно, бидејќи немаа решени проблеми со Косово, немаа решени проблеми со Македонија, полесно би ја убедиле меѓународната заедница дека тој проект е доста успешен. За жал, Ѓинѓиќ набргу после тоа несреќно загина, така да не можевме да влеземе во некоја поголема реализација на тој проект. Инаку, што се однесува, се работеше за еден концепт на размена на територии и население, народи, при што од македонска страна беше класична ситуација, Гостивар, Тетово и Дебар, а за возврат, да добиеме делови околу Преспанското езеро. Додека во Косово требаше само да се формализира таа поделба која почна да функционира, но не беше оцртана така како што денес функционира.“ Во врска со неговото залагање за размена на територии, од СМК, на Љубчо Георгиевски му поднесоа кривична пријава: Светскиот македонски конгрес (СМК) денеска поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски за кривично дело загрозување на територијалната целина на државата согласно од членот 307 на Кривичниот законик. Во периодот на 2001 година, како што се наведува во пријавата, Георгиевски „како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 1998 до 2002 година, преземал дејствија за отцепување на територијата на Република Македонија и дел од таа територија да ја припои кон Република Албанија, на начин што откако стапил во разговори со тогашниот премиер на Република Србија Зоран Ѓинѓиќ, договорил дел од таа територија на општините Гостивар, Тетово и Дебар да се отцепи од Република Македонија и да се припои кон Република Албанија, а територијата на Мала


Преспа, односно делови околу Преспанското Езеро, да се отцепи од територијата на Република Албанија и да се припои кон територијата на Република Македонија“. - „СМК поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски“, Македонска Нација, 20 јули 2012 година. Каде ли ќе е крајот на неговата анти-македонска дејност? I-Macedonian.Blogspot.com


„ФАЛСИФИКАТОРИ“ НАПРАВЕТЕ ФАЛСИФИКАТ - Александар Стеванов Георгиевски својата книга ја промовираше како исправка на фалсификатите кои се правеле во Македонија: „Првата автобиографија, насловена „Тоа сум јас“, на Љубчо Георгиевски денеска ја претстави како израз на политичка култура, но и своевидна исправка на фалсификувањето на историските факти кои според него се случуваат во последниве години.“ - „Георгиевски: Автобиографијата e исправка на фалсификуваната историја“, А1ON И без никакви докази ги обвини Македонците дека биле најголеми фалсификатори на Балканот:


„Наместо осуда за грчката политика, Љубчо Георгиевски, излегува со антимакедонски став и изјавува дека Македонците се најголеми фалсификатори на историјата на Балканот.“ Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 4 јули 2012 Ова тврдење на Георгиевски го искористија грчките медиуми за да и` нанесат штета на Македонија: „Грчкиот „Елефтерос Типос“ вчера објави текст во кој, базирано на изјавите на екс премиерот Георгиевски, се наведува дека „Во ФИРОМ се фалсификува историијата“. -Последните години бевме бомбардирани со документарци во кои гледавме лажни херои и со книги со фалсификувана историја која што се базира на лажни факти. Мојата автобиографија не содржи такво нешто, вели Георгиевски во изјавата цитирана од грчкиот весник. Во текстот се потенцира дека ова не е изјава на Грк, туку на екс премиер на Скопје. Грчкиот медиум пишува и дека би било добро грчкото МНР да ги употреби изјавите на Георгиевски, за блокада на Македонија во ЕУ и НАТО“ - „Македонците се најголеми фалсификатори на историјата“ , Иди види (извор МИА, 06.07.2012 година). Георгиевски не е историчар за неговото мислење да биде релевантно, но како бивш премиер на земјава, со ваквите негови испади, тој прави огромна штета на Македонија. Во една негова колумна, Георгиевски објаснува зошто треба да се откажеме од дел од нашата историја:


„Но дали македонската етногенеза треба да ја бараме во Античка Македонија? Категорично сум против! Зошто? Најпрвин, затоа што актуелно политички ја загрозува државата.“ - Љубчо Георгиевски „За внуците на Аминта“, Фокус, 27 март 2009 година. Обрнете внимание, Георгиевски не вели дека треба да го заборавиме нашето древно минато затоа што со него немаме никаква поврзаност, туку затоа што според него, демек тоа политички ја загрозувало Македонија. Зарем треба да ја менуваме историјата поради политички причини? Љубчо Георгиевски, кој ги обвини Македонците дека се најголеми фалсификатори на Балканот, сега ги повикува истите тие Македонци поради некакви си политички причини да извршат фалсификат на сопствената историја. Ваквиот случај може да се смета за дефиниција за абсурд. I-Macedonian.Blogspot.com


ПОГРЕШНИТЕ СТАВОВИ НА ГЕОРГИЕВСКИ

ЗА Т.Н. АНТИКВИЗАЦИЈА - Александар Стеванов Георгиевски, откако се пишманеше во врска со македонската историја, во колумна во која ги исмева Македонците, тврди дека нашите преродбеници, за разлика од ние денес, не се поистоветувале со античка Македонија на Александар и Филип: „Чудна работа, како овие генијални идеи досега не му паднале на ум на никој од столбовите на нашиот национален идентитет! ... Таква генијална идеја исто така не им текнало ниту на браќата Миладинови, на Прличев, на Шапкарев, на Џинот…“ Љубчо Георгиевски, „За внуците на Аминта“, Фокус, 27.04.2009 година. Во друга негова колумна Георгиевски исто така ја негира нашата поврзаност со античка Македонија и не` обвинува дека сме скршнале од патот зацртан, меѓу другите и од Прличев и браќата Миладиновци:


„Секој следен ден, со се` поголемата антиквизација стануваме отстапници од Заветите на Св.Климент и Св.Наум, од Заветите на Браќата Миладинови, Прличев, Шапкарев… Отстапуваме и од Заветите на Делчев и на Груев“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година. Значи тој во овие две негови колумни тврди дека т.н. антиквизација е нов феномен и дека нашите предци од пред сто години не чувствувале никаква поврзаност со античка Македонија. Но дали е навистина така? Има многу докази дека ова што Георгиевски го пишува во врска со поменот на антиката меѓу Македонците не е точно, но да се задржиме само на оние личности кои што тој ги спомнува во своите колумни. По повод 1000-годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже: „Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!“ Георгиевски вели дека со славењето на нашето античко македонско минато стануваме отстапници од идеите на Прличев, а самиот тој Прличев ја слави античка Македонија и нејзиниот најголем крал - Александар III Македонски. Ако веруваме во тоа што Георгиевски го пишува ќе треба и Прличев да го сметаме за отпадник од сопствениот завет.


Георгиевски не` обвинува дека со славењето на античките македонски великани ние сме отстапиле од заветот и на браќата Миладиновци, но дали е ова точно? „Малку е познато дека Димитар Миладинов покажувал голем интерес кон историјата на античките Македонци.“ Александар Донски, Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци, втор дел, Македонска Нација, 20 октомври 2010 година. Очигледно дека и Георгиевски не слушнал за тоа или пак не му одговара да го спомне. „Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар...“ - Рајко Жинзифов (цит. Блаже Ристовски), за полемика помеѓу Димитар Миладинов и еден Грк. Како што гледаме и еден од браќата Миладиновци чувствувал поврзаност со античка Македонија и ја знаел нејзината историја. Дали самиот Миладинов со тоа отстапува од својот завет или пак, поверојатно, Георгиевски пишува за работи кои што воопшто не ги познава? I-Macedonian.Blogspot.com Дополнително: Историја на т.н. антиквизација


ОД ПОБОРНИК ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ ВО ПРОМОТОР ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО - Александар Стеванов Во инструкција на ВМРО ДПМНЕ од 1993 година потпишана од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, најостро се осудуваат оние кои сакаат да го променат името на нашата татковина и истите се именувани како предавници: „На домашните предавници и на целиот свет конечно треба да им стане јасно дека Македонците немаат друга татковина, така што нема да дозволиме никакви „кумови“ и "кумчиња" однадвор и однатре повторно да не крстат и прекрстуваат. Ние сме одамна крстени и нашето вековно исконско име било, е и ќе биде Македонци.Ние со векови сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и само Македонци и ништо друго.“ - „Љубчо Георгиевски во 1993 година бил против промена на името“, Mn.mk, 11 Јули 2012 година.


Сега Љубчо Георгиевски, со неговите ставови дека треба да го промениме државното име, самиот си се сместува во клубот на предавниците. За разлика од некогаш, денес Георгиевски покрај останатите свои антимакедонски ставови, заговара и промена на името на нашата земја. „Ги замолувам сериозно да седнат и отворено да разговараат за предлогот на Метју Нимиц, „Република Северна Македонија“ кој е достоинствено решение – рече Георгиевски. Тој истакна дека е подготвен на сите телевизиски дебати да објасни дали идентитетот на земјата се загрозува со решението „Република Северна Македонија“. Георгиевски на прес-конференцијата потенцираше дека програмската шема на телевизија Сител и антиквизацијата која моментно се врши во Македонија, три пати повеќе го загрозува идентитетот за разлика од името Северна Македонија.“ - „Георгиевски: Република Северна Македонија е достоинствено решение, прифатете го!“, Инфо Плус, 23.05.2012 година. Промената на името, нешто со кое што најголемиот дел од македонските граѓани не се согласуваат, ги промовира како „нишо страшно“, а со тоа ги поткопува и македонските преговарачки позиции. „Апсолутно сметам дека Северна Македонија не е ништо страшно, ништо катастрофално, по ниедно прашање за Македонија, меѓутоа за жал очигледно тоа што го сметаме во Македонија сме малцинство, вели Љубчо Георгиевски во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), пренесе МИА.“ “Георгиевски: Северна Македонија не е ништо страшно“, Дневник, 05.07.2012 година.


Се чини дека патот од македонски патриот до национален предавник, барем кога се работи за Георгиевски, и не е така долг. „Од непоколеблив патриот и македонист стана аналитичар кој се залагаше за промена на македонското име за да сме го фателе последниот воз за Европа“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012 година. I-Macedonian.Blogspot.com Дополнително: Најпатриотско решение за името ??? Внимавајте! Политички зомби кружи низ Македонија


ВО ВМРО-ДПМНЕ НЕМА БУГАРОФИЛСТВО, ПУ, ПУ НЕ ВАЖИ - Александар Стеванов Во 1991 година, Љубчо Георгиевски, понизно ги убедуваше Македонците дека во партијата чиј претседател е нема бугарофили: „Во ВМРО-ДПМНЕ верувајте навистина нема никакво бугарофилство. Нашата политика е многу јасна. Ако веќе први ја исфрливме идејата за една потполно независна, самостојна македонска држава, верувајте дека ние немаме намера никогаш да скршнеме од таа идеја... Кои се интересите на ВМРО-СМД во Бугарија и во Македонија да се докаже, дека ВРМО-ДПМНЕ е бугарофилска партија, навистина не ми е јасно...“ - Љубчо Георгиевски, МТВ, 1991 година. По само една декада Георгиевски изнесе сосема спротивен став, дека ВМРО-ДПМНЕ е основано од бугарофили:


„Од 1990-та па до 2002-та година кога јас заминав, можам слободно да ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија на бугарофили. Слободно можам да ви кажам дека две-третини од членовите на Извршниот комитет перманентно биле т.н. бугарофили, 50% од членовите на ЦК биле т.н. бугарофили.“ Љубчо Георгиевски, Во центар (со Васко Ефтов), Канал 5, 28 мај 2010 година. Во истото интервју со Васко Ефтов тој додава: „Па еве, јас ви кажувам дека Владата 1998-2002 година, 50 посто беше бугарофилска.“ - Љубчо Георгиевски, Во центар (со Васко Ефтов), Канал 5, 28 мај 2010 година. Па еве, тој ни кажува дека еднаш ја кажал вистината, а друг пат излажал. Кога ја зборувал вистината, а кога излажал вие одлучете. Бугарофилството на Љубчо Георгиевски уште во 1992 година, е забележано од таткото на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски: „Директно учествував во организирањето на неговите настапи пред Макдонците во Канада и се ќе минеше како што беше планирано, ако гостот Љупчо Георгиевски со една своја срамна постапка не ги револтираше до крајни граници Македонците во Торонто. Ние го донесовме Љупчо Георгиевски во Канада и Америка да зборува пред нашето иселеништво, за целите и борбата што ја води ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и ние не бевме ни сонувале дека главната цел на неговата посета тој ќе ја посвети за братимење со бугароманската организација на Ванчи Михајлов, таканаречената Македонска Патриотическа Организација (МПО).“ - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк.


Па сепак Георгиевски, служејќи се со манипулации, во тоа време вешто го прикрива своето бугароманство: „Во својот одговор на мојата изјава, исто така објавен во „Нова Македонија“, Љупчо Георгиевски се послужи со лага, тврдејќи дека сум бил јас тој што сум го навел да се сретне со бугароманите!Ни на соне не си замислував дека тој ќе биде толку нечесен, па така безобразно да лаже, но се покажа дека многу не сум го познавал мојот млад „пулен“…“ - - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк. Сомнежите за бугарофилството на Георгиевски, во 2000 година се потврдени и од Драги Радински: „Со Георгиевски на власт дојде Ванчо Михајлов“ - Драги Радински, Today, 4. јули 2000 година. I-Macedonian.Blogspot.com


МЕТАМОРФОЗАТА НА АНТИЗАПАДНИОТ ПОЛИТИЧАР ВО ЗАПАДЕН ПОСЛУШНИК - Александар Стеванов Љубчо Георгиевски сега ја критикува македонската власт затоа што не се однесувалa сервилно кон ЕУ. Но некогаш истиот овој Георгиевски, за разлика од денес, беше свесен за лицемерието на одредени западни политичари и за тоа дека со амин од запад беше исцениран конфликтот во Македонија: „Георгиевски во последното интервју за Плус-инфо ќе констатира дека, цитирам: „попушта концентрацијата на државната структура на Македонија, посебно на премиерот, што се гледа од речникот кон дел од меѓународната заедница.„ И ајде тоа да го каже некоја политичка личност која држи до своите ставови кон проевропските текови е можеби во ред, но кога ова доаѓа од политичар кој своевремено беше антизападно расположен, тогаш неговиот коментар е несоодветен. Еве еден напис колку за потсетување


...„Во случајот со киднапираните Македонци, Георгиевски нема намера да ги повикува командантите на ОНА, туку ќе ги повика вистинските команданти - Џејмс Пердју и Питер Фејт - кои цело време ги командуваа масакрите во нашата земја и управуваа со УЧК и со крвавото сценарио врз нашата земја.„ (Дневник, 18 март 2006 година). Ова не личи баш за став даден со политичка концентрација и прозападно расположение.“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012 година. Па сепак Георгиевски кој сега ни порачува да сме си го сменеле името за да го фатиме последниот воз за Европа, промовира антиевропски вредности преку иницијативите за размена на територии: „Чашуле категорично ја отфрла било која идеја за размена на територии и население. - Идеите или разговорите за размена на територии и население се антиевропски, поради тоа што темелна вредност на ЕУ е обединување на сите држави и бришење на границите, изјави Чашуле за Курир.“ - „Експертите со жестоки критики за скандалозните изјави на Љубчо“, Курир, 16 Јули 2012 година. Уште еден апсурд во низата. I-Macedonian.Blogspot.com


ПСИХИЈАТРИСКИ СЛУЧАЈ - Александар Стеванов Во една своја колумна Љубчо Георгиевски се дрзнува македонскиот народ да го прогласи за психијатриски случај, односно сите нас, Македонците, не` прогласува за луди!?! Замислете човекот кој како шизофреничар менува ставови небаре се чорапи има храброст една цел народ да го прогласи за луд! Еве што точно вели: „Да бевме современици на Фројд, на Јунг или на Адлер, безбели ќе пристигнеа на студиски престој во Македонија, така што ќе ја збогатеа психијатријата со нов термин (од типот “македонски комплекс“). Затоа што насилството на кое што е изложен идентитетот на македонскиот народ навистина заслужува стручен надзор или лонгитудинално повеќедецениско истражување!“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година.


Прогласувањето на еден цел народ за психијатриски случај (за луд) е класичен пример за говор на омраза, но во овој случај, како и во многу други, самопрогласените борци за човекови права најмногу што ќе направат е да се направат на глуви. Всушност, за иронијата да биде уште поголема, според бугарскиот Фокус, не македонскиот народ туку Љубчо Георгиевски е оној кај кого биле дијагностицирани психички проблеми: „In 2002, Ljubco Georgievski experienced numerous health issues; was diagnosed with schizophrenia.“ (превод: „Во 2002 година Љубчо Георгиевски имаше бројни здравствени проблеми, кај него беше дијагностицирана и шизофренија“) - focus-fen.net, 01.07.2012 година. I-Macedonian.Blogspot.com


Тоа е тој  

Љубчо Георгиевски

Advertisement