Issuu on Google+

 

Промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Новаци Котевски—стр.3 Се одржа промоцијата на Лазар котевски за кандидат за градоначалник на општина Новаци со трет мандат—стр.4

Градоначалникот Котевски со пратениците од И.Е 4 и 5 во Добромири– стр.5

Привршува изградбата на монтажното училиште во Далбеговци—стр.7

Се спасува Гнеотино од поплавување—стр.8

Започна да се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци—стр.10

1


ИГРОТЕКА „БАМБИ“с.НОВАЦИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10 ДО 12 :30 ЧАСОТ ЦЕНА 400 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Првиот број на весникот „Општински информатор“ излезе во јуни 2012 година Весникот излегува како едномесечник Редакција : Катерина Чукалеска,Мирјана Кузмановска, Елена Николовска Техничка поддршка : Игорче Ристевски Издава : Општина Новаци Градоначалник: Лазар Котевски Печати : Графопром – Битола Тел/фaкс: 20 30 60 e-mail: novacio@t-home.mk

web: www.opstinanovaci.gov.mk

адреса: Општина Новаци, 7211 с.Новаци

2


Промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Новаци Котевски ВМРО-ДПМНЕ вечерва во општина Новаци го промовираше кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и програмата за работа во наредниот мандатен период. Котевски е актуелен градоначалник на оваа локална самоуправа. Промовирајќи го Котевски како потврден и докажан градоначалник, вреден и работлив човек, заменикминистер за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски посочи Котевски целосно ја преродил општината. - Општина Новаци се движи во добар правец затоа што тоа го прави Котевски со советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Со развојот на оваа општина се создава една нова демографска слика во Република Македонија, односно не се дозволува исселување на луѓето од руралните средини и се овозможува да работат во местото каде што живееле и нивните претци, истакна Коњановски. Во периодот 2013-2017 година кандидатот за градоначалник на општина Новаци планира завршување на почнатите проекти и реализација на нови дела кои се содржани во

програмата изработена од идеите на жителите на таа пелагониска општина. - Една од поголемите инвестиции во Новаци ќе биде индустриската зона која со работа ќе почне во најкусо време, ќе се продаваат парцели и ќе сеотвораат нови работни места. Ќе овозможиме урбанизација на поголемите села со можност за

градба на индустриски капацитети. Ќе спроведеме акција за пошумување на околината на општината и создавање заштитни појаси околу рударскиот комбинат, а за учениците ќе извршиме реконструкција на училиштата, вклучувајќи и изградба на ново монтажно училиште во селото Далбеговци, рече меѓу другото кандидатот за градоначалник Лазар Котевски. На партиската конвенција во општина Новаци присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците во Собранието на Република Македонија Лилјана Kузмановска и Михајло Џолонга, претседателот на Сојузотна земјоделците на Македонија Вељо Тантаров, како и други поддржувачи на владејачката партија. 3


Се одржа промоцијата на Лазар котевски за кандидат за градоначалник на општина Новаци со трет мандат Владечајката партија ВМРО-ДПМНЕ во присуство на владини претставници, сопартијци и мноштво гости во салата на општина Новаци го промовираше Лазар Котевски за кандидат за градоначалник со трет мандат. Котевски му се заблагодари на партијата за укажаната доверба и дадената можност да го исполни ветеното и доврши започнатото. Направи и осврт на сите досегашни проекти и активности во претходните два мандати. „ Со секојдневна макотрпна работа, Општина Новаци успеавме да ја воздигнеме на едно

повисоко ниво. Таа се трансформира во Општина која е отворена за инвестирање, полека но сигурно станува урбана и современа Општина во Република Македонија, посакувано место за живеење која им нуди достоен живот на своите жители. Во изминатите 8 години од мојот мандат како градоначалник на општина Новаци реализиравме многу проекти од областа на инфраструктурата, водоводната и канализационата мрежа, образованието, спортот, културата, односно од сите сегменти на општественото и социјалното живеење. “ рече Лазар котевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци.Пред присутните се обрати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци, Пеце Мицевски кој го повика членството на локалните избори во март да го заокружат бројот зад кој стои името на Лазар Котевски.„ Јас верувам дека жителите на општина Новаци знаат да препознаат кој работи за нивно добро, за обезбедување подобри и поквалитетни услови за живот и нови работни места. Верувам дека овие карактеристики ги препознавате во кандидатот за градоначалник на

ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци Лазар Котевски. Верувам дека на денот на изборите ќе го заокружите името на кандидатот за градоначалник кој денеска го промовираме, а тоа е ЛАЗАР КОТЕВСКИ.Да покажеме уште еднаш дека можеме да извојуваме уште една голема победа, победа за

општина Новаци и Лазар Котевски. “ рече Пеце Мицевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци.Пред стартот на предизборната кампања за локалните избори 2013 ќе следи промоција на изборната програма на кандидатот за градоначалник Лазар Котевски и листата за советници за општина Новаци.

4


Градоначалникот Котевски со пратениците од И.Е 4 и 5 во Добромири Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со претседателот на Советот и пратениците во Собранието на РМ од четвртата и петтата изборна единица, Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на село Добромири. „Ние сме еден од тимовите кои ги има формирано централата на нашата партија и секојдневно сме излезени на терен со цел да оствариме средби со граѓаните и одблиску да се запознаеме со нивните проблеми за да помогнеме во решавање на истите а за кои општината нема надлежност“ рече Лилјана Кузмановска, пратеник во Собранието на РМ. Актуелниот но и кандидатот за градоначалник за општина Новаци Лазар Котевски присутните ги запозна со изборната програма и со сите проекти кои планира да ги направи за време на неговиот трет мандат. „Ја промовиравме програмата и вие сте запознати со сето она што го планираме за понатаму.Како поголем проект кој сакам да го споменам е префрлањето на системот за наводнување од ХМС Стрежево од кој ќе имате многу корист потоа во тек е изградбата на модерното тениско игралиште со трибини во Добромири и уште многу други проекти“ рече Лазар Котевски, кандидат за градоначалник.Жителите пред пратениците повторно проговорија за еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваат а тоа е оштетениот регионален патен правец НовациТополчани. „Сакаме да се заложите регионалниот патен правец Новаци-Тополчани кој води до селата Добромири, Горно,Долно Агларци и Далбеговци да побарате да се санира бидејќи сме соочени со голем проблем , ги искршивме колите врвејќи по него секојдневно по неколку пати на ден.Општината ни излезе во пресрет и го санираше колку што можеше но нема надлежност бидејќи станува збор за регионален пат“ велат жителите на село Добромири.

5


Се одржа последната 60-та седница на Советот на општина Новаци Се одржа 60 тата која е воедно и последна седница на сегашниот состав на Советот на општина Новаци на која присуствуваше сегашниот но и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазар Котевски. „На дневен ред има 15 точки меѓу кои и неколку точки кои се однесуваат на одбележувањето на празникот на општината 30 март.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.„Ова е последна седница во сегашниот состав а новиот состав ќе ни биде познат по одржувањето на локалните избори закажани за 24 март оваа година “ рече Пецо Мицевски,претседател на Советот на општина Новаци. Една од точките на дневен ред беше и донесувањето на завршната сметка на Буџетот на општина Новаци за 2012 година. „Ќе бидат поднесени 9 завршни сметки меѓу кои:завршна сметка која за прв пат ја изготвуваме а тоа е за Заем-кредитот од Министерство за финансии на РМ, три посебни наменски завршни сметки и една донаторска сметка.Во 2012 година според годишниот извештај планираното во однос на оствареното се движи околу 70-80%, успешно се реализирани сите планирани проекти, исплатени се сите плати на вработените и советниците ,обврските кон добавувачите се во целост наплатени со исклучок на работи кои се во тек“ рече Оливера Димитровска, раководител на одделение за финансиски прашања.ПОкрај завршната сметка на општината, пред советниците се најде и завршната сметка на ЦОУ„Славко Лумбарковски“ и на ЗЈКП„Пела Хигиена“. 6


Привршува изградбата на монтажното училиште во Далбеговци Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска на терен ја скенираше состојбата и текот на изградбата на монтажното училиште во село Далбеговци.Изградбата и градежните работи се веќе при крај, се завршуваат некои работи во внатрешноста на објектот. “Со средства од Министерството за образование и наука на РМ и со свој сопствен удел го градиме ова монтажно училиште во село Далбеговци, кое за скоро време ќе биде готово а со работа ќе стартува од следната учебна година.Со изградбата на овој објект ќе им се овозможи настава да следат во своето родно место 13 ученици од прво до петто одделение.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Новото монтажно училиште е одговор на барањето на родителите да се изгради училиште за да се спречи секојдневното патување по 3 км на децата во разни временски непогоди. „ Благодарение на градоначалникот на општина Новаци ни направи училиште децата тука ќе ни бидат прибрани, ни направи игралиште, лулашки се благодарение на градоначалникот “ вели жителка на село Далбеговци.„Многу е убаво што ни го направи училиштето за да не ни одат децата секој ден до Дедебалци, постојано се мачеа а сега кога ќе се отвори школото ќе ни биде многу убаво.“ вели жителка на село

Далбеговци.

Отворањето на подрачното училиште во с. Далбеговци ќе помогне за развој на образованието во руралните средини и ќе придонесе за спречување или намалување на миграцијата од општина Новаци. 7


Се спасува Гнеотино од поплавување Заради преполнување на 10-тиот канал и кинење на насипот започна прелевање на водата во земјоделските површини кои се наоѓаат во непосредна близина на село Гнеотино. Од утринава градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со директорите на ЗК Пелагонија и претставници од кризниот штаб на Дирекцијата за заштита и спасување ја разгледуваа состојбата, излегоа на терен и се договорија за преземање конкретни мерки со цел да се спречи поплавување на селото. „Се пушти затворачницата од 10-тиот канал кој е во надлежност на РМ – Битолско поле поради постоење ризик од поплавување на село Гнеотино.Доколку не се отвореше затворачницата, постоеше голема опасност да се случи поголемо кинење на насипот кој веќе е скинат а во таков случај контролата со водата ќе се изгубеше и ќе настапеше поплавување на село Гнеотино.“ рече Томислав Давков – генерален директор на ЗК Пелагонија. „Со оваа одлука односно со отворање на затворачницата водата свесно ќе се пренасочи кон поплавување на околу 200 хектари земјоделски површини на ЗК Пелагонија, но станува збор за нешто неизбежно затоа што се работи за избегнување на поплавување на едно село“ рече Ристо Бошевски помошен генерален директор по земјоделство во ЗК Пелагонија. Последиците и штетите кои настанаа од обилните врнежи од дожд кои ја предизвикаа појавата на поплавите се огромни и дополнително ќе се утвруваат. „Моментално според последните податоци доставени до Влада на РМ од страна на хидрометеоролошкиот завод е дека нивото на река Црна кое сега изнесува 3,98 метри ќе започне да опаѓа доколку врнежите од дожд престанат со што полека состојбата ќе се нормализира а ќе се избегнат и понатамошни поплавувања. Најгорната граница на Црна е 4,40 м и доколку се достигне ќе настане префрлање и опасност од поголеми размери.“ рече Димче Јошевски од кризниот штаб на Дирецијата за заштита и спасување. На територијата на општина Новаци поплави има и во селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци.

„Појава на поплави има и кај Агларци каде има вишок на вода од испустните канали.Во моментот таму ќе се монтираат нови оплати кои ќе се набијат со цел да се затворат цевките и да се спречи понатамошен проток на вода. Вакви оплати на 9 тиот канал имавме поставено претходно но заради несовесно однесување на жителите тие беа украдени и еве до што доведе тоа.“ рече градоначалникот на општина Новаци , Лазар Котевски. За да се спречат поплавите во Пелагонија потребно е итно чистење на дното на река Црна која не е чистена од 1983 година а е главен реципиент на водите од сите реки и канали во околината.Според последните истражувања на дното има талог од 110 метри разни наноси и вегетација кои треба да се отстранат. Владата на РМ оваа година одобри средства за чистење на река Црна односно одобри соодветна количина нафта од стоковите резерви за таа намена.Чистењето ќе се спроведува од село Брод до вливот на река Драгор. 8


Успешно расчистени поплавите во Далбеговци

Цела ноќ со тешка механизација до доцна во ноќта се работеше во атарот на село Далбеговци, општина Новаци на расчистување на поплавените дворови,подруми и куќи во ова населено место.„Од поројните дождови и невремето кое вчера го зафати пелагонискиот регион се поплавија неколку куќи во село Далбеговци.До доцна во ноќта со тешка механизација интервениравме на терен и ја испуштавме водата со цел да ги расчистиме поплавените подрачја и да им помогнеме на жителите од ова населено место.Активностите ќе ги продолжиме и понатаму се додека има потреба за тоа“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Метеоролозите нови врнежи од дожд најавуваат и за денеска, па затоа ситуацијата ќе се следи будно вели градоначалникот Котевски.За спречување на вакви несакани појави општина Новаци редовно врши чистење на каналската мрежа на нејзина територија, но тоа не помогна во овој случај заради интензивните поројни дождови. Се работи на поставување на новоите тротоари во Новаци Со подобрувањето на временските прилики се продолжи со поставување на новите тротоари во Новаци и уредувањето на бехатон патеката долж главната улица на селото. Тротоарите кои се поставуваат изнесуваат 1 км само во село Новаци. Средствата за овој градежен зафат за обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Покрај тротоарите главната улица во Новаци која е дел од регионалниот пат кој води до најголемиот производител на електрична енергија во Република Македонија РЕК доби и нова бехатон патека наменета за безбедно движење на пешаците, ново улично осветлување и хортикултурно уредено островче.

9


Започна да се реконструира пензионерскиот клуб во Новаци Започна реконструкцијата на пензионерскиот клуб во Новаци.Се промени старата и дотраена дограма со нова PVC .Се врши промена на електричната инсталација, водоводната и канализационата инсталација и се изведуваат и молеро-фарбарски работи. Проектот започна од 1 февруари и ќе трае 6 месеци. „ Со средства добиени од Програмата за мали грантови на Мировниот корпус во РМ и сопствени средства во сразмер 50:50 започна да се реконструира пензионерскиот клуб во с. Новаци. Оваа просторија се наоѓаше во незавидна руинирана состојба.Со проектот „ За долг здрав живот“ ќе се обнови водоводната и електричната инсталација, санитарниот чвор, просторијата ќе се опреми со мини кујна , нов под и таван, ќе се обезбеди греење и на тој начин пензионерите ќе

добијат простор каков што од секогаш заслужуваат“ рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски.

На овој начин ќе се подобри квалитетот на живот на пензионерите од општина Новаци. „Грижата за највозрасната категорија население во општина Новаци отсекогаш била една од приоритетните заложби на локалната самоуправа, а таа грижа несебично ќе продолжи и во иднина.“ рече градоначалникот на општина Ноавци, Лазар Котевски. Покрај реконструктивните зафати со проектот е планирано да се организираат и 3 едуактивни семинари и работилници.Во општина Новаци има едно пензионерско здружение во кое членуваат околу 300 членови.Општина Новаци секогаш ги помага пензионерите во разните туристички обиколки и им обезбедува бесплатен превоз.

10


Ќе се гради сала за крштевки, свадби и венчавки во манастирот во Новаци Општина Новаци наскоро ќе ја добие потребната и долго очекувана сала за крштевки,свадби и венчавки во манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.Темелите за објектот се ставени минатата година а со донација на општина Новаци во висина од 50 000 евра наскоро ќе започне и изградбата на објектот. „Манастирот е изграден а во 2009 година е осветен под покровителство на Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски.Сега во рамките на манастирот планираме да изградиме уште три нови објекти:конаци, камбанарија и современа сала за крштевки,свадби и венчавки.Салата е навистина неопходна бидејќи во последните 3 години имаме зголемен интерес за венчавки во Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица а оваа сала ќе ја користат жителите на трите пелагониски општини Новаци, Битола и Могила а и пошироко.„ рече Вељо Тантаров, претседателот на црковниот одбор на манастирот. Тантаров е задоволен од досегашната соработка, залагањето и помошта на градоначалникот Котевски, кој го реконструирал патот кој води до манастирот а кој бил целосно пропаднат од движењето на тешка механизација. Салата ќе биде изградена по современи стандарди со капацитет за 400 гости, ќе располага со современа кујна со сите пропратни елементи. „Општината за почеток ќе помогне со средства да се започне со изградбата на салата чии темели се турени минатата година.Понатаму ќе бараме средства преку спонзорства и донации за да ја завршиме изградбата на салата која навистина им е потреба не само на жителите на општина Новаци туку и на околните општини.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Локалните власти очекуваат на овој начин да го заживеат овој регион и да ги привлечат иселенеиците во селото.Со изградбата на овој објект како и со завршувањето на конаците на манастирот, ќе се одговори на потребите на жителите на 50 села од регионот покрај македонско-грчката граница кои со мес��ци чекаат да ги организираат своите свечености и верски прослави.Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица е препознатлив белег на општина Новаци а со својата убавина покрај локалните жители ги привлекува и намерниците кои тука доаѓаат во туристичка посета.

11


Спортската сала во Новаци наскоро ќе започне да се гради Со подобрување на временските прилики ќе се започне со градба на спортската сала во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.Стручни лица и претставници од Министерството за боразование , надзорот и изведувачот извршија увид на терен и ја презедоа целосната техничка документација.Градежните работи се очекува да започнат за многу кратко време а изградбата на овој објект ќе има големо значење особено за младите со оглед дека во овој регион спортот има долга и успешна традиција, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. „Се радувам што ќе започнеме со изградба на спортската сала чиј камен темелникот беше ставен минатата година во присуство на премиерот Никола

Груевски.Очекуваме за кратко време да започнат градежните работи со подобрување на временските прилики.Овој спортски објект ќе биде единствен од ваков вид во оваа општина и од него ќе имаат благодет околу 300 деца.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Спортската сала во Новаци е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали во цела Република Македонија.Салата ќе има површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, спортски помагала, соблекувална, тушеви и други 12


Соработката помеѓу општина Новаци и градот Рокделј од Австралија продолжува понатаму

Влатко Неделкоски од Македонското Хуманитарно Здружение „Св.Арханѓел Гаврил“ од градот Рокдејл од Австралија по препорака на градоначалникот Бил Саравиновски, оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. На состанокот се разговараше за досегашната меѓусебна соработка, возвратните посети и можностите за идни активности. „Претставник сум на хуманитарно здружение од Австралија кое досега му има многу помогнато на граѓани од Македонија на кои им биле потребни парични средства за лекување.Досега имаме испратено околу 80 илјади долари за таа намена, а планираме таа наша поддршка и помош да продолжи и понатаму.Дојдов тука по препорака на градоначалникот на градот Рокдејл Бил Саравиновски кој минатата година беше во посета на градоначалникот Котевски и општина Новаци.“ рече Влатко Неделкоски од Македонското Хуманитарно Здружение „Св.Арханѓел Гаврил“ од Рокдејл,Австралија. „Многу ме радуваат ваквите посети посебно затоа што значат продолжување на веќе започнатата соработка и продолжување на воспоставените контакти со градоначалникот на градот Рокдејл од Австралија.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Градоначалникот на градот Рокдејл, Благоја Бил Саравиновски пред неполна година ја посети општина Новаци како возвратна посета на градоначалникот Котевски кој пак пред 2 години беше во Австралија.Тој е родум од пелагониското село Лажец, и е првиот австралиски градоначалник македонец.Со одлука на Општина Новаци е прогласен за почесен граѓанин а високото признание му го врачи неговиот домаќин, градоначалникот Лазар Котевски. 13


Се одржа првиот технички состанок во рамките на проектот „Жива природа-Жива историја“ Во просториите на JTS во Солун на заедничка маса во рамките на првиот технички состанок седнаа претставници од двете локални самоуправи Новаци и Алмопиа, од Заедничкиот технички секретаријат и проектните и финансиските менаџери на проектот „Жива природажива историја“ од двете страни. Целта на состанокот беше подобро меѓусебно запознавање, разменување на контакти,меѓусебно информирање за активностите преземени од грчка страна како и потпишувањето на договорот за Македонија кое треба да се реализира до крајот на месец февруари. Надлежните ги појаснија основните процедури кои ќе треба да се почитуваат во текот на спроведувањето на проектот, обврските и правата на

партнерите,дозволените модификации кои првичниот проект може да ги претрпи, начинот и временската рамка за испраќање на извештаи за спроведените активности, начинот на кој ќе се информира јавноста и публицитетот како и процедурите за трошење на одобрените средства. 14


Средба на градоначалникот Котевски и пратениците со жителите на Горно и Долно Агларци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски кој воедно е и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕво оваа општина заедно со пратениците од изборната единица број 4 и 5 Лилјана Кузмановска, д-р Михајло Џолонга и Димитрија Стевананџија остварија средба со жителите на селата Горно и Долно Агларци. „Разговаравме за нивните проблеми и потреби со цел да ги запознаеме пратениците да побогнат во решавањето на рпоблемите на овие жители за чие решавање општина Новаци нема ингеренции“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Присутните на средбата побараа асфалтирање на регионалниот пат Новаци-Тополчани, беа информирани за префрлањето на хидросистемот Стрежево за наводнување на олбработливото земјиште во новачкото поле а побараа и чистење на тн „суво каналче“ за што добија ветување од градоначалникот дека тој проблем ќе биде решен во најскоро време. Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Маково и Рапеш Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во рамките на својата работна агенда и предвидените средби со жителите на неговата општина оствари средба со месното население на мариовските села Маково и Рапеш. „ Ова е моја редовна практика на определен временски рок да ги посетам селата кои спаѓаат под општина Новаци, да остварам средба со нивните жители, да поразговарам со нив со цел да се запознаам со нивниот живот, потребите и проблемите со кои се соочуваат. Оваа моја посета секако ја искористив за да ги информирам за мојата кандидатура за градоначалник со трет мандат, за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март, за проектите кои ги нудам во мојата програма, за планираните инфраструктурни и комунални дејности и промоцијата на мојата програма која ќе се одржи во петок на 15 февруари.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски продолжува и понатаму да остварува средби со жителите согласно планираната агенда. 15


Градоначалникот Котевски на средба со жителите на Долно Агларци и Далбеговци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со својот тим беа во посета на селата Долно Агларци и Далбегови. Целта на посетата беше увид на состојбата со поплавите кои се појавија заради неповолните временски услови и средба со жителите на овие села.„Остваривме средба со жителите на селата Долно Агларци и Далбеговци со цел да видиме каква е сега состојбата со поплавите кои тука се појавија заради обилните врнежи од дожд деновиве. Пред два дена со механизација интервениравме во Далбеговци а вчера интервениравме на 9 тиот канал каде поставувавме оплати со цел да се затвори префрлањето на водата и поплавување на Д.Агларци.“ рече градоначалникот Котевски.Денеска градоначалникот Котевски кој е и кандидат за градоначалники со трет мандат за општина Новаци претстојните локални избори ќе ги посети селата Горно Агларци и Добромири. Градоначаланикот Котевски во посета на дечињата од Агларци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги посети дечињата кои посетуваат редовна настава во основното подрачно училиште „Славко Лумбарковски“ во село Горно Агларци.„Ова е моја редовна практика на одреден временски период да остварувам средба со просветните работници и дечињата во училиштата кои се на територија на мојата општина, со цел да видам колку се задоволни од условите во кои учат и работат, што им е потребно, постоење на евентуални проблеми со цел навремено решавање и слично“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Во агендата на градоначалникот Котевски за денеска планирана е и осета монтажното училиште во село Далбеговци чија изградба е при крај. 16


На 12 годишнината од смртта на Пеце Матичевски ќе се постави спомен обележје во негова чест

На денот кога се навршуваат 12 години од загинувањето на припадникот на резервниот состав Пеце Матичевски во конфликтот во 2001 година, претставниците на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија во негова чест на гробиштата во Новаци ќе постават спомен обележје и јарбол со знаме. „ На годишнината од смртта на 5 јуни кога се навршуваа долги и тешки 12 години поминати без Пеце Матичевски сакаме да поставиме спомен обележје и јарбол со државното знаме кое ќе биде подигнато со сите почести, на местото каде се наоѓа неговото вечно почивалиште .На овој начин сакаме да му оддадеме почит на овој голем човек кој животот го даде за ние денес слободно и во мир да живееме“ рече Ѓорѓи Милковски претседател на општинската организација на резервни офицери на Република Македонија. Покрај спомен обележјето се планира во ЦОУ„Славко Лумбарковски“да се распише литературен конкурс на кој учениците ќе можат да ги испраќаат своите творби во поезија и проза за ликот и делото на херојот Пеце Матичевски, кој е родум од Новаци. Општина Новаци максимално ќе се заложи сите потребни одобренија и дозволи да се обезбедат во најркаток можен рок. На состанокот покрај мајката на Пеце, Весела присуствуваа секретарот на општина Новаци Стевче Анѓелевски ,претседателот и тројца делегати од општинската организација на резервни офицери на Република Македонија.

17


Општина Новаци одбележа 109 години од смртта на војводата Дедо Кољо Добровенски

На денешен ден 21 февруари се навршуваат 109 години од смртта на мариовсколеринскиот војвода Дедо Кољо Добровенски.Тој бил голем јунак и силен војвода овој крај а негов потомок од трето колено е градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. „Денеска се навршуваат 109 години од загинувањето на војводата Дедо Кољо Добровенски чиј гроб се наоѓа во с.Брод.Многу ме радува фактот што јас сум негов потомок односно потекнувам од неговата лоза. Војводата дедо Кољо Добровенски на 21 февруари 1904 година отишол во селото Скочивир заедно со својата чета и таму бил поткажан од гркоманските шпиони. Почнала потерата по него и тој постепено почнал да се повлекува кон селото Петалино. Престрелките започнале, дедо Кољо бил ранет и потоа убиен. “ раскажува Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци. Книгата за Дедо Кољо војводата која минатата година беше издадена под покровителство на општина Новаци ја напиша писателот Ѓорѓи Лазаревски .

„Минатата година издадовме книга во која е опишан животот и делото на овој голем војвода а годинава ќе изградиме фонтана и негов споменик во дворот на општинската зграда “ рече Лазар Котевски , градоначалник на општина Новаци. Покрај фонтаната и 2,5 метараскиот споменик кој ќе биде поставен на постамент ќе биде направено и партерно уредување со клупи, мал рекреативен центар и комплетно уредување на паркот.Градежните работи се очекува да започнат во најскоро време во зависност од временските услови.

18


Општина Новаци, РЕК Битола и ЈП Стрежево на заедничка маса

По директива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски а по барање на жителите на општина Новаци упатено на неодамна одржаната трибина на ВМРО-ДПМНЕ , се одржа средба помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, генералниот директор на РЕК Битола Мирко Ристевски и претставник од ХМС Стрежево на која се разговараше за можностите за префрлање на хидросистемот Стрежево за наводнување на обработливите површини во Новачкото поле. „Ова е наша долгогодишна желба, со чие остварување ќе им се олесни работата на земјоделците,ќе им се зголемат приносите на земјоделските култури а ќе имаат и поголема профитабилност , со цел да се заменат бушотините за наводнување кои воедно претставуваат поголем трошок, за разлика од наводнувањето од хидросистемот.Очекуваме да се покријат околу 500 хектари обработлива површина од новачкото поле.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. РЕК се наоѓа на територијата на општина Новаци и е релевантен фактор.Затоа раководниот тим стои на располагање за решавање на овој проблем. „ На барање на министерот Димовски формиравме стручен тим од присутните на денешниот состанок со цел да се излези на терен и да се скенира состојбата.“ вели претставникот на ХМС Стрежево. Претходно во општина Новаци беше дојдена Комисија од Министерството за земјоделство која побара изработка на проект. „ Претставниците од Министерството за земјоделство од нас побараа изработка на проект а ние таков проект веќе имаме изработено, па затоа очекуваме брза реализација на оваа активност “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Општина Новаци веќе располага со изработен идеен проект за префрлање на хидросистемот Стрежево на нејзина територија, па оттаму реализацијата на овој зафат ланираат за 2013/2014 година. 19


Започна да се реализира проектот на УСАИД за Експанзија на Мали Бизниси во Општина Новаци

Претставниците на УСАИД започнаа со подготвителните активности за старт на проектот„Експанзија на мали бизниси“ во кој општина Новаци е избрана за пилот општина.Тие одржаа состанок со земјоделците кои ќе ги одгледуваат двете избрани култури:индустриски домат и пченка при што се изврши мерење на нивните ниви. „Во општина Новаци гледам голем потенцијал каде во иднина можеме да размислуваме да спроведеме и други проекти, да опфатиме и други земјоделски култури како на пример памукот кој не е карактеристичен за овие предели или пак повторно засадување на шеќерната репа“ рече Карл Ларкинс , директор на проектот. Следен чекор во реализацијата на овој проект ќе биде проектирање на системот „капка по капка“ врз основа на согледаните состојби и добиените параметри добиени во претходната фаза. „Целосно ја подржувам реализацијата на овој проект кој значи афирмација на земјоделецот како занимање со кое многу добро може да се заработува. Многу ме радува фактот што општина Новаци се покажа како доста интересна за реализација, спроведување и имплементирање на разни проекти, но овој ми е особено драг проект затоа што ги развива малите бизниси но и го модернизира земјоделството“ вели градоначалникот Котевски. По спроведувањето на пилот проектот и промоцијата на постигнатите резултати се очекува масовна прифатеност на начинот на работа од страна на другите земјоделци.Општина Новаци во овој проект е вклучена со двајца земјоделци кои произведуваат индустриски домат и пченка. 20


Општина Новаци-Најпопуларна рурална општина Општина Новаци е добитник на престижното признание „Најпопуларни за 2012 година“ во организација на ТВ Орбис. Манифестацијата е традиционална и се одржа по седми пат, а и претходеше јавна анкета на телефон и социјалните мрежи на која гледачите ги предлагаа и гласаа за наградените. „Наградата за Најпопуларна рурална општина ми причинува големо задоволство и им благодарам на сите оние кои не предложија и кои гласаа за општина Новаци да биде дел од оваа манифестација и да го добие ова признание“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. Плакетите за наградените ги обезбеди ТВ Орбис , а Малиот битолски монмартр на сите добитници им подари по една слика.

21


Градоначалникот Котевски и општина Новаци добитник на „Битолски оскар“ Во супер луксузниот ресторан “Вавилон”, на свечен начин, беа прогласени најуспешните битолчани за 2012 година, во областа на политиката, бизнисот, економијата, образованието, здравството, естрадата, спортот, новинарството, невладините организации, здруженијата...во организација на Битолски весник. Во најголем број се познати и добитниците на признанијата, а Битолски весник веќе е покажан и докажан организатор на оваа престижна традиционална манифестација, која многумина ја нарекуваат битолски “Оскар”. За тоа најдобра потврда е што и овојпат, како и во изминатите 13 години, интересот за манифестацијата беше над сите очекувања. „ Навистина ми е драго што денеска османаа написи во некои медиуми дека ако Скопје ја има Златна бубамара на популарноста Битола ги има оскарите битолски."- вели Васка Младеновска уредник на Битолски весник. Индивидуалниот успех и афирмацијата на градот, се причина за наградите од разни сфери на живеењето. „Многу ме радуваат ваквите награди затоа што тие се потврда за нашата успешна работа„рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. „ Навистина ми е драго што сум вечерва овде и што добивам награда бидејќи е заслужена."вели Оливера Наковска Бикова параолимпиец. „ За прв пат сум на оваа манифестација и ми е драго што сиот овој гламур е тука јас би посакал уште многу години да се организира оваа манифестација."- вели Димитар Андоновски пејач. „ Многу луѓе во денешно време ако се забележи успех се јавува за жал кај нив завист љубомора и да се има една ваква манифестација каде успехот се наградува и да опстојува толку години навистина е нешто."- вели проф.д-р Златко Жоглев ректор. „ Па ова е супер слушнав дека оваа манифестација го носи епитетот битолски оскари и кога дојодов овде видов навистина за каков гламур станува збор."- вели Тамара Тодевска пејач. Покрај наградата за спорт, музика, култура, стопанство, занаетчиство, новинарство, невладин сектор се доели и наградата „ Ајри Демировски". „ Можам со задоволство да кажам дека вакава мнаифестација која опстојува толку години е навистина за поздравување."- вели Сефедин Бајрамов пејач. Наградата за животно дело овој пат заврши во рацете на адвокатската фела. „ Јас започнав со професијата новинарство во Битолски весник тогаш беше организација за подоцна завршам како адвокат која се бореше против криминалот."- вели Сотир Главинче адвокат. Во иминативе 14 - години околу 400 граѓани се наградени а синоќа 30 понесоа награди, и други лица кои не влегоа во конкуренција на одредена категорија.Најуспешни битолчани манифестацијата се организира секоја година последниот петок од февруари. Над 600 влезници за Изборот веќе одамна беа буквално распродадени. Секој сакаше да б��де дел од оваа престижна манифестација.Како и секоја година за сите оние кои не успеаја да обезбедат влезници за манифестацијата, Битолски весник во договор со ТВ “Тера” вршеше директен ТВ пренос, а ќе биде емитувана и одложена телевизиска снимка. Како и минатата година, така и оваа година, манифестацијата ја следеа и бројни новинарски екипи и “Бекстејџ” од ТВ “Сител”, која, покрај повремените директни вклучувња за време на Изборот, наредниот ден ќе прикаже одложена снимка на оваа национална телевизија 22


Обука:„Како да се троши грантот од ИПА програмата“

Во Хотел Милениум во Битола се одржа обука за начинот на кој треба да се имплементираат проектите кои се добиени од ИПА програмата за Прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013 година. Обуката беше организирана од канцеларијата на ЕУ Делегацијата во Скопје и JTSЗаедничкиот технички секретаријат во Солун, Грција. На семинарот присуствуваа сите добитници на грантови во државата од ИПА програмата за Прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013 година од вториот повик, кои веќе го потпишале договорот или тоа треба да го направат во најскоро време. Присутните беа информирани за начинот на имлементација на проектите, кои се прифатливи а кои неприфатливи активности и трошоци, како да се чуваат документите, како да се објавуваат тендерите,кои се дозволени а кои недозволени модификации кои може да ги претпри првичниот договор,финансиските извештаи и временскиот рок во кој треба да се испраќаат,за публицитетот на проектните активности, визибилити и слични информации. Општина Новаци е добитник на грант од ИПА програмата за проектот „Жива природа-Жива историја“ со кој е предвидено реконструкција на куќата на Калеш Анѓа во Старавина, филмскиот мост и воденицата во Зовиќ и црквата Св.Димитрија во Градешница .Со проектот е планирано да се направи обележување на историска, природна и комбинирана патека со цел развој на алтернативниот туризам во Мариовскиот крај.

23


Се подготвува нова книга „ Исчезнати населби“ за општина Новаци „Исчезнати населби“ во општина Новаци е новата книга која ја подготвува писателот проф.Ѓорѓи Лазаревски кој потекнува од овие простори. Книгата ќе биде готова за една година,а ќе ги опфати сите населени места кои се исчезнати а биле дел од територијата на оваа општина. „Подготвувам нова книга за сите населби во општина Новаци кои се веќе исчезнати.Тука ќе бидат опфатени селата:Билјаник, Суводол, Полог, Врањевци, Петалино, Совиќ, Сливица, Велесело, Старосело, итн. Ќе бидат опфатени податоци за движењето на населението , славни личности кои потекнуваат, живееле или работеле во овие предели и лсично.При пишувањето користам литература која е веќе издадена, податоци црпам и од стари турски документи, интернет, Државен завод за статистика„ вели писателот Ѓорѓи Лазаревски.Писателот Ѓорѓи Лазаревски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.„Денеска се сретнав со авторот Лазаревски кој ме информираше за неговите проекти и многу ме радува што повторно работи на дело кое има за цел да создаде една комплетна слика за општината на чие чело сум јас.Тоа е многу важно „ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Ѓорѓи Лазаревски е автор на книгата за мариовско-леринскиот војвода Дедо Кољо Добровенски,а градоначалникот Лазар Котевски е потомок на неговата лоза. Три награди за учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги пофали дечињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за постигнатиот успех на литературниот и ликовниот конкурс на тема:„Тоше , со љубов со ѕвездите“, на кој учество зедоа ученици од Битола и околните општини. Литературната и ликовната секција при ова училиште се закитија со дури 3 дипломи.Осмоодделенката Анѓела Јончиќ и Мартина Бошевска ученик во 7 одделение освоија прво место на литературниот конкурс за прозна и поетска творба , додека Кристијан Ристовски освои награда на ликовниот конкурс. Градоначалникот Котевски ги охрабри наградените деца да продолжат и понатаму успешно да работат и да земаат активно учествои на други вакви слични конкурси. 24


Општина Новаци продолжува да го помага културниот живот

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска оствари средба со претставничката на Културно уметничкото друштво „Новаци“ од Новаци на која се разговараше за програмата и потребите на ова здружение.

„Во рамките на денешниот разговор со градоначалникот Котевски го запознав со програмата за работа на КУД Новаци за следните шест месеци,го известив за плановите во месец април да организираме турнеја, побаравме општината да ни отстапи една просторија на користење во објект кој е во нејзина сопственост и истата да ја реновира. Едно од поважните барања се разбира ние комплетирање на машката носија и купување на уште 7 нови носии, како и комплетирање на женската носија, со оглед на тоа што нашето членство бележи зголемување.“ рече Маја Петровска од КУД Новаци од Новаци. „Ние редовно ги помагаме културните друштва од општина Новаци, а едно од нив е КУД Новаци, а така ќе продолжиме и во иднина. Со денешнито разговор се запознав со потребите и проблемите со кои се соочуваат и во рамките на нашите можности ќе се обидеме да им помогнеме и да им ги решиме проблемите“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци. КУД Новаци е доста активно културно здружение во општина Новаци.Мината година имаа гости свои колеги од Хрватска и Словенија.

25


Проектот Жива историја-жива природа започнува да се реализира Се вршат последните подготвителни активности околу започнувањето со реализација на проектот „ Жива историјажива природа “,за кој општина Новаци доби грант од 260 000 евра од ИПА Прогрмата за прекугранична соработка со Р.Грција.Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Стојан Недановски, сопственик на воденицата која треба да се реновира со проектот.„ Јас сум сопственик на воденицата која се наоѓа во непосредна близина на мостот на Градешка река во с.Зовиќ.Денеска дојдов во општина Новаци да потпишан изјава дека се согласувам да се изврши промена на постоечкиот кровен покривач од лим со автентичен кровен покривач од камени плочи.“ рече Стојан Недановски, сопственик на воденицата.„До крајот на овој месец треба да се потпише договорот и потоа ќе следи исплата на првата транша од средствата планирани за реализација на проектот Жива историја-жива природа.Веќе се порачани проектите за реконструкција на Куката на Калеш Анѓа, Воденицата, мостот во Зовиќ и црквата св.Димитрија во Градешница“.Покрај реконструктивните зафати на објектите ќе се направи и обележување на природна, историска и комбинирана патека со цел развој на алтернативниот туризам. Наскоро ќе се реновира Куќата на Калеш Анѓа во Старавина За еден месец ќе започне да се реконструира куќата на македонската историска хероина Калеш Анѓа.Се вршат последните подготвителни активности околу започнувањето со реализација на проектот „ Жива историјажива природа “,за кој општина Новаци доби грант од 260 000 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р.Грција.Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска оствари средба со Дамчевски Љупчо, сопственикот на куќата на Калеш Анѓа која треба да се реновира со проектот.„ Јас сум сопственик на куќата на Калеш Анѓа во Старавина која ќе биде опфатена со проектот Жива природа-Жива историја. Денеска дојдов во општина Новаци да потпишан изјава дека се согласувам да се изврши реконструкција на горенаведениот објект согласно проектот на проектантското биро Иванов инженеринг и стручното мислење на НУ Завод за заштита на спомениците Битола.“ рече Дамчевски Љупчо, сопственик на куќата.„До крајот на овој месец треба да се потпише договорот и потоа ќе следи исплата на првата транша од средствата планирани за реализација на проектот Жива историја-жива природа.Веќе се порачани проектите за реконструкција на Куката на Калеш Анѓа, Воденицата, мостот во Зовиќ и црквата св.Димитрија во Градешница. Куќата планираме да биде претворена во етно музеј а ќе може да се користи и како сместувачки капацитет.Тоа ќе го договориме со сопственикот.“рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.Куќата на Калеш Анѓа е овековечена во романот на Стале Попов како синоним на македонската борба против потурчувањето.Објектот е ѕидан од камен и од бела земја, автентичен за овој крај.Досега беше оставен на забот на времето и е пред распаѓање со разнишани ѕидови, обраснат со тревишта и замандалени порти.Благодарение на општина Новаци ќе го добие заслужениот сјај.Покрај реконструктивните зафати на објектите, со проектот планирано е да се направи и обележување на природна, историска и комбинирана патека со цел развој на алтернативниот туризам.За да го врати животот во Мариово , општина Новаци на чело со градоначалникот Лазар Котевски донесоа одлука на сите оние кои сакаат да се вратат да живеат и работат во Мариово да им издаде општински згради без надомест на користе��е на долгорочен закуп од неколку децении.Општина Новаци посебен акцент става и на развојот на манастирскиот туризам, бидејќи Мариово изобилува со огромен број цркви и манастири: 59 цркви и 29 манастири од кои поголем број се под заштита. 26


Претставници на Мировниот корпус во посета на општина Новаци

Претставници на америчкиот Мировен Корпус во Република Македонија ја посетија општина Новаци и нивниот волонтер Хана Траскот која веќе повеќе од една година живее и работи во Новаци. Во рамките на нивната работна посета ја разгледаа новата општинска зграда и модерно уредените простории.Остварија средба со жителите на оваа општина како и со државните службеници.

27


Општина Новаци ќе учествува на „Саемот на цвеќето“ Општина Новаци ќе земе учество на „Саемот на цвеќето“ кој ќе се отвори на 24 април и ќе трае три дена.Сите посетители и љубители на цвеќето ќе имаат можност да уживаат во прекрасните цветни аранжмани, декорации, изложби, нови техники и разни хортикултурни решенија за уредување на дворови. „Посетителите ќе можат да се запознаат со нови техники на садење и одржување на цвеќето, да пронајдат нови хортикултурни решенија за своите дворови.Ќе има саемски попусти, многу забава, музика и дружење.Ќе има гости од Русија и Украина кои ќе ги носиме на посета во општините кои ќе земат учество на пример во Новаци со цел да се запознаат со убавините и реткостите со кои располага оваа општина“ велат организаторите- Здружението за развој на туризмот, екологијата и претприемништвото. Општина Новаци ќе се вклучи во манифестацијата со свој штанд на кој ќе бидат изложени разни креативни изработки од цвеќиња . „Планираме да ги вклучиме дечињата од Центарот за ран едукативен развој на децата „Бамби“ од Новаци кои ќе изработат предмети кои ќе ги изложиме на штандот.Имаме намера средствата кои ќе се соберат од продажба на експонатите изложени на штандот да се наменат за хуманитарни цели.“ велат од општина Новаци. Саемот на цвеќето ќе трае три дена.„Првиот ден планирано е да се организира дефиле на кое учество ќе земат деца облечени во знакот на цвеќето. Вториот ден ќе има едукативни активности односно ќе ангажираме консулстанстки групи кои што ќе прават обука за одгледување на цвеќе .Третиот ден е Саемот на цвеќето .“ велат организаторитеЗдружението за развој на туризмот, екологијата и претприемништвото. Саемот на цвеќето за прв пат се организираше минатата година во Битола со тенденција да прерасне во традиција, а годинава организаторите планираат негово отворање на христијанскиот празник Цветници.

28


СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ Општина Новаци тел/факс: 20 30 60 Матично одделение с.Новаци: 282-114

Амбуланта с.Новаци:282-870 Полициска станица с.Новаци:282-122 ОУ„Славко Лумбарковски“-с.Новаци тел:282-446, факс:203-480

Итна медицинска помош 194 Пожар и елементарни непогоди 193 Центар за известување и тревожење 195 Пријавување корупција 0800 10 100 --------------------------------------------------------------

29


Информатор бр. 10,