Еднаш сертифициран, насекаде прифатен
Како Регулаторите имаат корист од акредитираната сертификација?
Како Регулаторите имаат корист од акредитираната сертификација? Државните органи и регулаторите се постојано повикани да донесуваат одлуки коишто се однесуваат на: заштита на здравјето и благосостојбата на потрошувачите и јавноста заштита на животната средина развивање на нови прописи и барања мерење на усогласеност со регулаторните и законските барања распределба на техничките и финансиските ресурси.
Владите и граѓаните кои тие ги штитат, сè повеќе се насочени кон нула ризик на толеранција. Регулаторите воведуваат сè построги и посеопфатни прописи и барања за известување. Затоа од бизнисите се бара да покажат правна и регулаторна усогласеност. Речиси сите земји имаат правила и прописи кои се однесуваат на безбедност за речиси сите производи. Постојат сè поголеми барања во однос на животната средина, од рециклирање на амбалажата, па до потрошувачката на енергија. Затоа, усогласеноста со прописите повеќе не е исполнување на спецификациите, но таа може да се однесува на животниот циклус на производот. Акредитираната сертификација се користи за да се оцени сообразноста согласно стандард, кодекс на работа или регулаторни барања. Регулаторите можат да постават генерална политика на барања или детални технички барања и да се потпрат на акредитираните тела за сертификација за да се обезбеди усогласеност. Усогласеноста се докажува со доделување на сертификат или знак.
Акредитацијата е независна оцена на сертификациските тела согласно признати стандарди за да се обезбеди нивната непристрасност, компетентност и конзистентност. Регулаторите сè повеќе се потпираат на независни декларации од трета страна за усогласеност, за поддршка на нивната примена и следење на активностите што демонстрираат усогласеност со законодавството и перформанси според индустриски репери и индикатори. Како главни набавувачи на стоки и услуги, владите исто така, се потпираат на акредитираната сертификација, што преовладува во нивните одлуки за купување, со што се обезбедува сигурност дека снабдувачите имаат воспоставени соодветни контроли на испорака според барањата.
Придобивки од користење на акредитирана сертификација
Владата и регулаторите бенефитот од користење на акредитирана сертификација го добиваат преку: можноста регулаторите да постават генерална политика на барања или детални технички барања, потпирајќи се на акредитираните тела за сертификација во приватниот сектор за оцена на усогласеноста намалување на неизвесности поврзани со одлуки кои влијаат на заштита на здравјето на луѓето и на животната средина отстранување на потребата регулаторите да вработуваат сопствен персонал за проверка, како и елиминирање на двојни проверки зголемување на јавната довербата, бидејќи акредитираната сертификација е препознатлив начин за демонстрирање на сообразност обезбедување на доверба врз основа на која се базираат одлуките за јавни набавки
Користењето на акредитираната сертификација, исто така, ја олеснува трговијата и економскиот раст. Процесот на акредитација се потпира на унифициран пристап за утврдување на компетентноста на сертификациското тело - пристап што е прифатен и имплементиран прекугранично. Употребата на IAF MLA знакот значи дека резултатите можат да бидат земени како еквивалентни. Ова ги намалува трошоците и го олеснува извозот и увозот, како што се намалува или елиминира потребата за ре-сертификација во друга земја.
Акредитацијата во поддршка на регулирањето Акредитацијата вообичаено се гледа како доброволна активност, меѓутоа, во многу економии, акредитацијата стана широко прифатена од страна на владите и е „задолжителна” во многу регулирани области, како што се повеќе и повеќе владите и регулаторите ги ценат предностите што таа ги носи, за да им помогне на владите да ги исполнат своите надлежности и да ја заштитат јавноста.
На пример, во Азиско-Пацифичкиот регион, ASEAN (Здружение на југоисточните азиски нации) со своите десет земји-членки, во секторскиот ASEAN-мултилатерален договор за признавање (МRА) има вклучено акредитација за електрични и електронски уреди како средство за задоволување на задолжителните барања за секој член и да се олесни спроведувањето на ASEAN зоната за слободна трговија (AFTA). Во Европа, Советот на Европската унија и Европскиот парламент донесоа Регулатива, која обезбедува правна рамка за обезбедување на акредитациски услуги низ цела Европа. Регулативата ги опфаќа акредитациските активности во поддршка на доброволната оцена на сообразност, како и законски пропишаната оцена на сообразноста. Регулативата ги прифаќа придобивките од акредитацијата преку озаконување на тоа дека акредитацијата се користи како алатка за да се покаже усогласеност со задолжителните барања. Регулативата, исто така ја признава Европската организација за акредитација (ЕА), како Организација за координација на националната европска инфраструктура за акредитација.
Тенденцијата на прифаќање на акредитацијата од страна на пан-регионални тела и домашни регулатори во рамките на одделни влади, исто така, им помага на владите-членки на Светската трговска организација (СТО ), да ги исполнат своите одговорности согласно Спогодбата за технички бариери во трговијата (ТБТ Спогодба). Самиот договор за ТБТ ( 6.1.1 ) ја идентификува акредитацијата како алатка за централните власти да ги признаат и да имаат доверба во телата за оцена на сообразност при извозот од членките на економијата.
Како функционира акредитираната сертификација? Акредитацијата најчесто се изведува од страна на едно тело за акредитација во земјата. Во некои економии во развој, каде нема основано тела за акредитација, сертификациските тела можат да побараат акредитација од основано тело за акредитација од друга земја.
Оценувачи од телото за акредитација спроведуваат темелна оцена на практиките, персоналот и на менаџментот на телото за сертификација. Сертификациските тела се оценуваат според специфични меѓународни стандарди кои се користат низ светот, ISO/IEC 17021 “Оцена на сообразност – Барања за телата кои изведуваат проверка и сертификација на системи за управување”, или ISO/ IEC 17024 “Оцена на сообразност – Општи барања за телата кои изведуваат сертификација на лица” или ISO/IEC Упатство 65 “Општи барања за телата кои работат на системи за сертификација на производ”.
Акредитираните тела за сертификација редовно се преоценуваат за да се осигура дека тие одржуваат високи стандарди на техничка експертиза. Владините претставници, по нивен избор, се добредојдени да учествуваат во тековните оценки, со цел одржување на нивната доверба во системот за акредитација.
Како можам да најдам акредитирано сертификациско тело? За да дознаете дали вашата земја има тело за акредитација, посетете ja интернет страната на Меѓународниот Форум за акредитација (IAF) на www.iaf.nu и користете ја листата на земјите-потписнички на IAF MLA, за да идентификувате тело за акредитација во вашата земја или регион.
Во поголемиот број земји, телата за акредитација објавуваат листи или директориуми на телата за сертификација кои се акредитирани од нивна страна, кои често вклучуваат податоци за контакт и опсег. Акредитацијата е независна оценка на сертификациски тела според признати стандарди, за да се обезбеди нивната непристрасност, компетентност и конзистентност.
Целта на IAF –MLA мултилатералниот договор за признавање, е да се обезбеди меѓусебно признавање на акредитираните сертификации помеѓу потписниците на MLA, а последователно на тоа прифаќање на акредитираните сертификации на многу пазари врз основа на една акредитација. Акредитацијата и IAF MLA им помагаат на регулаторите да ги исполнат нивните законски обврски преку обезбедување на глобално признат систем за прифаќање на акредитирана сертификација.
Еднаш сертифициран, насекаде прифатен
Повеќе информации за IAF и акредитацијата Меѓународниот форум за акредитација (IAF) е глобална асоцијација на тела за акредитација, на здруженија на сертификациски тела и други организации кои се вклучени во активности за оцена на сообразност во различни области, вклучувајќи системи за управување, производи и персонал.
Членките на IAF работат заедно на светско ниво да се постигнат заеднички цели за олеснување на трговијата преку развивање на принципите и практиките за спроведување на оцената на сообразност, што ќе ја испорача довербата, потребна за прифаќање на пазарот.
За повеќе информации јавете се на: Секретаријат на IAF Elva Nilsen 28 Chemin Old Chelsea Box 1811 Chelsea, Quebec CANADA J9B 1A0 Тел: +1 (613) 454 8159 E-пошта: iaf@iaf.nu
www.iaf.nu
IAF на светско ниво го промовира прифаќањето на сертификатите за сообразност издадени од страна на сертификациски тела акредитирани од потписник на IAF MLA и се обидува да ја зголеми вредноста на сите заинтересирани страни преку своите активности и програми.
ИАРМ Кеј Димитар Влахов бр. 4, зграда 2, спрат 3, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: ++389 2 3293 080 Факс: ++389 2 3293 089 E-пошта: info@iarm.gov.mk
www.iarm.gov.mk
© Заштитени авторски права 2011 IAF IAF ја поттикнува овластената репродукција на своите публикации, или нивни делови, од страна на организации кои сакаат да ги користат како материјал за области поврзани со образование, стандардизација, акредитација, добрата лабораториска пракса или за други цели релевантни за областа на експертиза на IAF. Организациите кои бараат дозвола за репродуцирање на материјали од публикациите на IAF мора писмено или преку електронски средства, како што е е-мејл да го контактираат Претседателството или Секретаријатот на IAF. Дозволата на IAF за репродуцирање на нивниот материјал се однесува само за она што е наведено во првичното барање. За било која варијација на наведената намена на материјалот, IAF мора однапред да биде писмено известен за дополнителна дозвола.