Page 1


Содржина

Table of Contents

Предговор

2

Introduction

3

Организациja на ИАРМ

5

Organization of IARM

5

Акредитациски активности

6

Accreditation activities

7

Институционални капацитети

10

Institutional capacities

11

Активности за зајакнување на компетенциите

12

Actions to strengthen the competencies

13

Национална соработка

16

National cooperation

17

Меѓународни активности

18

International activities

19

Промотивни активности

22

Promotional activities

23

Знаци за акредитација

24

Accreditation marks

24


1


Почитувани,

М-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ Borce Razmoski M.Sc., President of the IARM’s Council

2

Нагорниот позитивен тренд во работата на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) одбележа уште една деловна година што остана зад нас. Оттука, дозволете со Вас да споделиме краток осврт на сите наши активности кои ја одбележаа 2015-та година. Имено, согласно нашите стратешки цели и правци и Годишната програма за работа на ИАРМ за 2015 година ги изведовме: планираните акредитациски активности, секако со зголемен број на обработени пријави за акредитација и доделени сертификати на ново акредитирани тела за оцена на сообразност, како и редовните реакредитации и надзори; ги зајакнавме и институционалните капацитети на ИАРМ, пред сè преку обуки за надградба на компетентноста на оценувачите; паралелно се изведуваа и прекугранични акредитациски активности, а на домашен план системот за управување со квалитет го надградивме во својата одржливост и конзистентност согласно барањата на меѓународните стандарди и други документи. Но, не запревме тука, туку ја спроведовме и завршната фаза од сопствениот истражувачки проект на ИАРМ ,,Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во РМ - проблеми и решенија“. На меѓународен план пак, вработените во ИАРМ активно учествуваа во Комитетите на Европската организација за акредитација (ЕА), во работата на Светската организација за акредитација на лаборатории (ILAC), а годината ја одбележа исполнување на уште една стратешка определба на ИАРМ, а тоа е стекнувањето статус на полноправен член на Меѓународниот форум за акредитaција (IAF). Улогата и значењето на акредитацијата како алатка на регулаторите од една страна, ползувана од бизнис заедницата за испорачување квалитет на пазарот од друга страна, е повеќезначна поради присутноста на акредитацијата во сите сфери на општественото живеење. Оттука, секоја година акцентот поединечно се става на одредена област. Годинава, значењето и улогата на акредитацијата како „Глобална алатка за поддршка на работата на јавниот сектор“ е во фокусот на светското внимание како водечка тема на ILAC. И тука веднаш треба да се спомене дека нашето општество е во чекор со актуелностите на меѓународен план по ова прашање. Независно пак од годинешнава тематика, уште во Годишната програма за работа на ИАРМ за тековнава 2016-та година, планирана е активност за соработка со јавниот сектор со цел негово анимирање во поглед на значењето на акредитацијата, како сегмент со кој се сретнуваат јавните служби во секојдневното работење. И оваа активност е резултат на нашите заклучоци за потребата од конкретно делување во одреден правец. Затоа можеме со задоволство да резимираме дека, нашата посветеност на работата на полето на акредитацијата не се огледа само преку бројки, туку и преку внимателно следење на состојбите на пазарот, но и пошироко на целокупната општетствена сфера, детектирање на проблемите или потребите на стопанството, државата и на граѓаните. Врз основа на нашите согледувања ги детерминираме нашите натамошни работни и развојни правци и активности. Секако дека сеопфатниот професионален пристап, заложби и резултати, на вработените во ИАРМ и надворешните соработници имаат безрезервна поддршка од Советот на ИАРМ, како највисок орган на управување и останатите стручни тела и органи кои функционираат во ИАРМ. На крај ќе порачаме дека успехот се темели на квалитетно менаџирање на сите ресурси и чинители и истиот треба горделиво да го вреднуваме и споделуваме. Со почит,


Dears, The upward positive trend in the work of the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia (IARM) described another business year behind us. Therefore, let us to share with you a brief overview of all our activities that marked the year 2015. Namely, in accordance with our strategic goals and directions and the Annual Work Program of the IARM for 2015 we brought out the following: the planned accreditation activities, certainly with increased number of processed applications for accreditation and awarded certificates to the newly accredited conformity assessment bodies, as well as regular reaccreditations and surveillance; we have also strengthened the institutional capacities of the IARM, primarily through trainings to upgrade the competence of the assessors; cross-border accreditation activities were performed in parallel, whereas domestically, the quality management system was upgraded in its sustainability and consistency acording to the requirements of international standards and other documents. We did not stop there, and we have realised the final phase of the research project, ”Quality management systems of industrial enterprises in the Republic of Macedonia – problems and solutions”. However, internationally, the IARM employees actively participated in Committees of the European Co-operation for Accreditation (EA), in the work of the International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC), and the year was marked by the fulfillment of another strategic goal of the IARM, and that is gaining a status of a full member of the International Accreditation Forum (IAF). The role and significance of accreditation as a tool to regulators on the one hand, used by the business community to deliver excellence on the market on the other hand, is ambiguous because of the presence of accreditation in all of the areas of social existence. Thus, every year the emphasis is separately placed on a specific area. This year, the significance and role of accreditation as “global tool to support the work of the public sector” is the focus of the global attention as a leading topic of ILAC. And here, one should immediately mention that our society is in line with the latest developments at the international level on this issue. Regardless this year’s theme, back in the Annual Work Program of the IARM for the current 2016, an activity for cooperation with the public sector was planned with a view to its animation within the meaning of accreditation, as a segment which the public service meets in its dayly operation. This activity is also a result of our findings on the need for concrete action in a certain direction. So we can gladly summarize, that our commitment to the work in the field of accreditation, is evident not only in numbers, but also, by carefully monitoring the market conditions, on the overall social area, detecting problems or needs of the economy, state and citizens. On the basis of our findings we determine our further work and development directions and activities. Certainly the comprehensive professional approach, commitment and results of the IARM employees and external associates have full support from the Council of the IARM, as the highest organ of management and other professional bodies operating in IARM. Finally, we will send out the message that success is based on quality management of all the resources and actors and it should be proudly valued and shared. With respect,

Д-р Трпе Ристоски, Директор на ИАРМ Trpe Ristoski Ph.D., Director of IARM

3


4


Организација на ИАРМ

Organization of IARM

5


АКРЕДИТАЦИСКИ АКТИВНОСТИ На почетокот, информираме за нашата основна дејност – акредитација на тела за оцена на сообразност. Како што веќе споменавме, и изминатата година бележиме ,,бројка плус“ на новоакредитирани тела за оцена на сообразност, при што достигнавме број од вкупно 188 доделени сертификати. Прикажано поединечно според стандарди по кои се доделени сертификати за акредитација, состојбата е следна:  12 инспекциски тела акредитирани според стандардот MKC EN ISO/IEC 17020,  14 лаборатории за тестирање стандардот MKC EN ISO/IEC 17025,

според

 3 лаборатории за калибрација според стандардот MKC EN ISO/IEC 17025,  1 медицинска лабораторија според стандардот MKC EN ISO 15189,  1 сертификациско тело за производи според стандардот MKC EN ISO/IEC 17065 и  1 сертификациско тело за системи за управување со квалитет според стандардот EN ISO/ IEC 17021-1.

Реакредитирани се 30-тина тела за оцена на сообразност, а кај останатите тела за оцена на сообразност, ИАРМ ги реализираше редовните надзори. Во рамки на прекуграничните активности, ИАРМ изведе заедничка оцена за акредитација со Албанското тело за акредитација во Република Албанија, по нивно барање, а телото ја докажува својата компететност со сертификат издаден од ИАРМ. ИАРМ разви шема за нова област - сертификација на градежни производи. За таа цел беше изготвен План за проширување на активностите за развој на истата, а веќе се постапива по поднесени пријави за акредитација на тела за оваа област. ИАРМ изготви План на активности за промена на барањата за акредитација- имплементација на новиот стандард ISO/IEC 17021-1:2015 Оцена на сообразност – Барања за телата кои обезбедуваат проверка и сертификација на системи за управување – Дел 1: Барања. ИАРМ започна со оценки според новиот стандард ISO / IEC 17021-1: 2015 на барање на клиенти од 1-ви декември, 2015 година, а од 1-ви април 2016 година сите иницијални оценки ги изведува согласно барањата на стандардот. Транзициониот период завршува на 08 јуни 2017 година.

Акредитирани тела 2005 - 2015

*Бројот на акредитирани и реакредитирани тела за оцена на сообразност е даден заклучно со месец април 2016 година.

6


ACCREDITATION ACTIVITIES At the beginning, we inform about our main activity - accreditation of conformity assessment bodies. As already mentioned, over the past year we have noted an increased number of new accredited conformity assessment bodies, which reached the number of 188 certificates. Shown separately by standards according to which the accreditation certificates are awarded, the situation is as follows: 12 inspection bodies accredited according to the standard MKC EN ISO/IEC 17020, 14 testing laboratories, according to the standrad MKC EN ISO/IEC 17025,  3 calibration laboratories, according to the standard MKC EN ISO/IEC 17025, 1 medical laboratory according to the standard MKC EN ISO 15189, 1 certification body for products according to the standard MKC EN ISO/IEC 17065 and 1 certification body for quality management systems by their standard EN ISO/IEC 17021-1.

30 conformity assessment bodies have been reaccredited, whereas with the remaining conformity assessment bodies, the IARM has conducted its regular surveillance. Within the cross-border activities the IARM performed a joint assessment of accreditation with the Albanian accreditation body in the Republic of Albania, at their request, and the body proves its competency with a certificate issued by the IARM. The IARM has developed a scheme for a new area the certification of building products. For this purpose, a Plan for the expansion of activities for its development was prepared and it is already acted upon submitted applications for accreditation bodies for this area. The IARM has prepared a Plan of action to change the requirements for accreditation - implementation of the new standard ISO/IEC 17021-1:2015 Conformity assessment - Requirements for bodies providing audit and certification of management systems – Part 1: Requirements. At the request of customers, from December 1st, 2015 the IARM has started with assessments according to the new standard ISO/IEC 17021-1:2015, and from 1st April 2016, all of the initial assessments are performed according to the standard requirements. The transition period ends on June 8, 2017.

Accredited Bodies 2005 - 2015

Инспекциски тела Inspection bodies Лаборатории за тестирање Testing Laboratories Лаборатории за калибрација Calibration Laboratories Сертификациски тела Certification bodies Медицински лаборатории Medical Laboratories

* The number of accredited and reaccredited conformity assessment bodies is given as of the month of April 2016.

7


ИАРМ изготви Процедура за примена на МКТC CEN/TS 15675 во постапка за акредитација на лаборатории за тестирање по што беа реализирани обуки за телата и оценувачите. Имено, Техничката спецификација МКTС CEN/TS 15675:2009 ги надополнува барањата на стандардот МКС EN ISO/ IEC 17025:2006 и истата е задолжителен документ за докажување на компетентност на лабораториите кои вршат периодични мерења на емисија од стационарни извори, вклучувајки земање примероци и понатамошна анализа на гасови и честички, како и одредување на референтни големини како што се температура, притисок, количина на водена пареа и кислород во тестираното подрачје. Оценувањето на лабораториите за тестирање во согласност со барањата на МКTС CEN/ TS 15675 ќе се изведе како проширување на опсегот на акредитација за сите акредитирани лаборатории за тестирање. Сите лаборатории за тестирање, акредитирани согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006, а кои во опсегот на акредитација имаат

8

отпаден гас, односно вршат периодични мерења на емисија од стационарни извори, до 31.05.2017 година мора да бидат оценети според МКTС CEN/ TS 15675 за да се утврди дали ги исполнуваат нејзините барања. Почнувајки од 01.02.2016 година ИАРМ сите оценувања на лабораториите за тестирање кои вршат периодични мерења на емисија од стационарни извори ќе ги реализира со користење на МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и МКTС CEN/TS 15675:2009. Со севкупните акредитациски активности реализирани изминатата година, меѓу кои се вбројуваат и активностите за развој на нови шеми за акредитација, како и следење на измената на барањата на стандардите и останатите меѓународни документи, ИАРМ го зголеми опсегот на акредитирани услуги на пазарот, што секако оди во прилог на широко пројавените потреби за тоа на заинтересираните страни. Зад вака реализираните активности и постигнати резултати стојат ресурсите со кои располага ИАРМ.


The IARM has prepared a Procedure for application of the standard MKTC CEN/TS 15675 in a procedure of testing laboratories accreditation followed by trainings for bodies and assessors. Namely, the MKTC CEN/TS 15675: 2009 complements the requirements of the standard MKC EN ISO/IEC 17025: 2006 and is a mandatory document to prove the competence of laboratories performing periodic measurements of emissions from stationary sources including sampling and further analysis of gases and particles as well as determining the reference magnitudes such as temperature, pressure, amount of oxygen and water vapor in the test area. The assessment of testing laboratories in accordance with the requirements of MKTC CEN/TS 15675 will be carried out as an extension of the scope of accreditation for all accredited testing laboratories. All testing laboratories accredited in accordance with the standard MKC EN ISO/IEC 17025:2006 having waste gas in the scope of

accreditation or performing periodic measurements of emissions from stationary sources till 31.05.2017, must be evaluated according to MKTC CEN/TS 15675 to determine whether they meet its requirements. Starting from 01.02.2016, the IARM will realize the assessments of testing laboratories performing periodic measurements of emissions from stationary sources using the MKC EN ISO/IEC 17025: 2006 and MKTC CEN/TS 15675: 2009. With the overall accreditation activities realised last year, among which are the activities for development of new accreditation schemes and monitoring the change in the requirements of the standards and other international documents, the IARM has increased the range of accredited market services, which favors the improved needs of the interested parties. Behind these accomplished activities and achievements stand the IARM’s available resources.

9


ИНСТИТУЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ Персоналот на ИАРМ го сочинуваат 17 редовно вработени, од кои 14 лица се со статус на административни службеници. Извршена е и измена и усогласување на Правилниците за организација и систематизација на работните места со новата законска регулатива согласно Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Пул на оценувачи и експерти Комитетот за оцена на лица покрај ажурирање на досиејата на сите членови на листата за оценувачи и експерти, ја следеше и реализацијата на Планот и програмата за обуки за оценувачи, чиј краен резултат е надградба на листата на оценувачи и експерти на ИАРМ, согласно процедурите на ЕА.

Категорија на оценувачи

број

Водечки оценувачи

20

Технички оценувачи

51

Технички оценувачи во обука

10

Вкупно

81

Експерти

71

Кандидати за оценувачи

6

Како резултат на одржаните обуки евидентно е зајакнување на компетентноста на домашните оценувачи и експерти од повеќе области, поради што при изведување на оценките во оценувачките тимови се ангажираат поголем број домашни оценувачи/експерти. Истото беше и приоритетна цел на ИАРМ во сите овие изминати години на делување. Ангажирањето на оценувачи-експерти од регионот се сведува на случаи од неопходна потреба за тоа, како што е судир на интерес помеѓу оценувачот и телото за оцена на сообразност или при развој на нови шеми за акредитација. Согласно пројавените потреби на ИАРМ и постојаниот оглас за оценувачи објавен на интернет страната на ИАРМ, во 2015 година бројот на поднесени пријави за оценувачи е видно зголемен. Од вкупниот број на водечки оценувачи, 10 се редовно вработени во ИАРМ. Работата на ИАРМ и оваа година беше стручно поддржана од членовите на техничките комитети (ТК): ТК за лаборатории за тестирање, ТК за калибрација, ТК за сертификациски и ТК за инспекциски тела.

Вработени во ИАРМ

10


INSTITUTIONAL CAPACITIES The IARM staff consists of 17 full-time employees, 14 of which are persons that have the status of administrative officers. An amendment and compliance to the Regulations is made for the organization and systematization of jobs with the new legislation under the Law on public employees and the Law on Administrative Officers.

Pool of assessors and experts The Personnel Evaluation Committee besides updating files of all members on the list of assessors and experts, monitored the implementation of the plan and training program for assessors, with final result - an update of the list of IARM’s assessors and experts pursuant to the EA procedures. As a result of the trainings, a strengthening of the competence of domestic assessors and experts from many areas is evident, so many domestic assessors/ experts are engaged in assessment teams. This was a priority objective of the IARM in all these past years

of operation. The engagement of expert assessors in the region amounts to a case of necessity like conflict of interest between the evaluator and the conformity assessment body or developing new accreditation schemes. Pursuant to the needs of the IARM and the constant call for assessors published on the IARM web site, the number of applications for assessors in 2015 is visibly increased. 10 of the total number of leading assessors are fulltime employees in the IARM. The work of the IARM this year again was supported by the expert members of the technical committee (TC): TC for testing laboratories, calibration TC, TC for certification and TC for inspection bodies.

Category of assessors

Number

Lead assessors

20

Technical assessors

51

Technical assessors in training

10

Total

81

Experts

71

Candidates for assessors

6

IARM’s Employees

11


АКТИВНОСТИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОМПЕТЕНЦИИТЕ Грижата за квалитетни и компетентни човечки ресурси како дел од потенцијалот на ИАРМ беше во фокусот на вниманието. Вложувањето во градењето на своите капацитети е обврска на секое национално тело, па ИАРМ и во 2015 година обезбеди соодветна едукација на оценувачите по пат на учество на обуки, семинари и работилници.

Дел од нив беа реализирани во рамки на соработката на меѓународните проекти во кои ИАРМ е активен партнер. Во согласност со Годишниот план за обуки на ИАРМ за 2015/16 година, реализирани се следниве обуки:

Назив на обуката

Организатор

Обука за вработените во ИАРМ на тема ,,Имплементација на стандардот МКС EN ISO/IEC 17011“

ИАРМ

Хармонизација на оценувачи на ИАРМ

ИАРМ

Обука за медицински лаборатории

ИАРМ

Обуки за вработените во ИАРМ за примена на DMS софтвер на ИАРМ

ИАРМ

Обуки, семинари и работилници реализирани во рамки на меѓународни проекти:  ПТБ – активности

12

Назив на обуката

Организатор

Мерна неодреденост во микробиологија и за примена на барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025

ПТБ проект

Обука за органско производство

ПТБ проект

Обука за сертификација на градежни производи

ПТБ проект-ИАРМ

Учество на Тркалезна маса на Акредитационите тела на Југоисточна Европа

ПТБ проект

Обука за флексибилен опсег

ПТБ проект

Работилница за регионална соработка за органско производство во Сараево

ПТБ проект - ГИЗ

Обука на тема - акредитација на лаборатории за тестирање за издувни гасови

ПТБ проект

Обука за технички барања за медицински лаборатории по стандардот МКС EN ISO 15189

ПТБ проект


ACTIONS TO STRENGTHEN THE COMPETENCIES The concern for quality and competent human resources as part of the potential of the IARM was the focus of attention. Investing in building their own capacities is a responsibility of each national body, therefore the IARM in 2015 provided an appropriate education of evaluators through participation in

training, seminars and workshops. Some of them were realized within the cooperation on international projects where the IARM is an active partner. In accordance with the Annual Training Plan of the IARM for the year 2015/16, the following trainings have been realized:

Title of the training

Organizer

Training of IARM’s employees on the topic “Implementation of MKC EN ISO/IEC 17011”

IARM

Harmonization of the IARM’s assessors

IARM

Training for medical laboratories

IARM

Training for employees in the IARM for the application of DMS software

IARM

Training, seminars and workshops realized within the framework of international projects:  PTB – activities

Title of the training

Organizer

Measurement uncertainty in microbiology and application of the standard MKC EN ISO/IEC 17025

PTB project

Training on organic production

PTB project

Training for certification of building products

PTB project - IARM

Participation in Round table of the accreditation bodies of Southeast Europe

PTB project

Training for a flexible scope

PTB project

Workshop on Regional Cooperation for organic production in Sarajevo

TB project – GIZ

Training on the topic - accreditation of laboratories for testing of gases emission Training for technical requirements for medical laboratories according to the standard МКС EN ISO 15189

PTB project PTB project

13


ТАIEX-активности Назив на обуката

Организатор

Студиска посета односно ,,On-site assessment“ на медицинска лабораторија во Хрватска

ТАIEX

Работилница за емисија на издувни гасови согласно меѓународната техничка спецификација CEN/TS 15675

ТАIEX

Обука за новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17021-1:2015 и апликација на ИАФ документите за акредитација на сертификaциски тела за менаџмент системи

ТАIEX

Студиски посети: за акредитација на ПТ-провајдери и акредитација на производители на сертифицирани референтни материјали

ТАIEX

Студиска посета за развој на сертификациски шеми за градежни производи и акредитација на ЛТ за градежни производи

ТАIEX

 Во организација на Европската организација за акредитација (ЕА), вработени од ИАРМ учествуваа на следниве обуки:

14

Назив на обуката

Организатор

Обука за Органско производство по стандардот EN ISO/IEC 17065

EA-ДАКС


ТАIEX- activities Title of the training

Organizer

Study visit or On-site assessment of medical laboratory in Croatia

ТАIEX

Workshop on emission of gases according to the technical specification CEN/TS 15675

ТАIEX

Training for the new standard МКС EN ISO/IEC 17021-1:2015 and application of the IAF documents for accreditation of certification bodies for system management

ТАIEX

Study visit: Accreditation of PT providers and accreditation of producers of certified reference materials

ТАIEX

Study visit for development of certification schemes for construction products and accreditation of LT for construction products

ТАIEX

 Organized by the European Cooperation for Accreditation (EA), the IARM employees attended the following trainings:

Title of the training

Organizer

Training on organic production by the standard EN ISO/IEC 17065

ЕА-DAkkS

15


НАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА И во 2015 година ИАРМ учествуваше во работата на повеќе работни групи формирани од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Отпочнатите проектни активности во проектот на Владата на Република Македонија за реализација на капиталните проекти на Владата на РМ, за акредитација на лабораториите на високообразовните институции опремени од Владата на Република Македонија и за акредитација на 8 медицински лаборатории определени од страна на Министерството за здравство, продолжија со редовен интензитет. Исто така, ИАРМ продолжи со активностите во рамките на Комитетот за надзор на пазарот. Во 2015 година, ИАРМ учествуваше во работата на Техничките комитети при Институтот за стандардизација на Република Македонија.  Реализиран Проектот ,,Системите за управување со квалитет во Република Македонија – проблеми и решенија“ Во текот на 2015 година, ИАРМ продолжи со работа на Проектот на тема ,,Системите за управување со квалитет во РМ – проблеми и решенија“ и истиот го заврши успешно. Имено, Проектот се реализираше во периодот од јуни 2014 година до јануари 2016 година. Овој проект произлезе од потребата да се утврди состојбата на националната инфраструктура за квалитет, со цел да се даде квалитативен придонес за сите организации кои одржуваат систем за управување со квалитет и воедно ќе биде и водич за сите заинтересирани страни за акредитацијата.

16

Целта на проектот беше да се согледаат состојбите и проблемите кои се јавуваат во имплементираните системи за управување со квалитет, да се откријат причините за проблемите и да се предложат препораки за надминување на истите, да се применат предложените препораки во практика и да се согледаат резултатите од нивната примена, или со други зборови, крајната цел беше менаџерите да ги откријат слабостите на постоечките системи за управување со квалитет, да научат како да ги откриваат причините за неквалитет и со тоа квалитетот да го обезбедуваат соодветно на барањата и со најниски трошоци на работење. Проектот се реализираше според предвидената динамика и соодветна научно-истражувачка методологија за работа, при што ИАРМ соработуваше со релевантни субјекти во Република Македонија, компетентни институции и експерти од областа на системите за управување со квалитет. Во рамки на Проектот беа одржани две работилници и по завршување на истиот ИАРМ издаде наменска брошура. Успешната реализација на Проектот, како и потребата од неговата реализација, се мери преку постигнатите позитивни ефекти за надградба на знаењата на менаџерите за квалитетите, а преку нив и на врвното раководство кај стопанските субјекти за правилниот пристап и примена на системите за управување со квалитет во нивните работни средини. Како резултат на тоа би требало да се подобрат постоечките системи за управување со квалитет во истражуваните индустриски претпријатија на Република Македонија. Паралелно тој ќе добие и додадена вредност, бидејќи воедно ќе биде и водич на другите заинтересирани страни по ова прашање.


NATIONAL COOPERATION In 2015, the IARM participated in the work of several working groups established by the Government of the Republic of Macedonia, the Ministry of Economy, the Ministry of Environment and Physical Planning and the Ministry of Agriculture, Forestry and Water Management. The initiated project activities by the Government of the Republic of Macedonia for the realization of the capital projects for laboratory accreditation of higher education institutions equipped by the Government and accreditation of 8 medical laboratories designated by the Ministry of Health, continued with regular intensity. Also, the IARM continued its activities within the Committee for market surveillance. In 2015, the IARM participated in the work of the Technical Committees within the Standardization Institute of the Republic of Macedonia.  The project “Quality management systems in Macedonia – problems and solutions” is realized During 2015, the IARM continues its work on the project entitled “Quality management systems in Macedonia - problems and solutions” and has completed it successfully. Namely, the Project was implemented in the period from June 2014 to January 2016. This project arose from the need to determine the state of the national quality infrastructure in order to provide a qualitative contribution to all organizations that maintain a system of quality management and at the same time will be a guide for all stakeholders regarding accreditation.

The aim was to review the situation and the problems that arise in the implemented systems for quality management, to discover the causes of the problems and propose recommendations to overcome them, to apply the proposed recommendations into practice and to see the results of their application, in other words, the ultimate goal was that the managers can reveal the weaknesses of the existing systems for quality management, to learn how to uncover the reasons for the lack of quality and therefore to provide quality according to the requirements and with the lowest cost of operation. The project was realized according to the envisaged dynamics and proper scientific research methodology for work, while the IARM was closely cooperating with stakeholders in the country, competent institutions and experts in the field of systems for quality management. Within the project, two workshops were held and after their completion the IARM issued a brochure intended. The successful implementation of the project and the need for its realisation is measured by the achieved positive effects on upgrading the knowledge of managers about quality, and through them on top management of the commercial entities for the right approach and application of systems for quality management in their working environments. As a result the existing systems for quality management in the surveyed industrial enterprises of the country are supposed to improve. At the same time it will receive added value because it will also be a guide of the other interested parties in this issue.

17


МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ Следниве точки ги одбележуваат главните активности на меѓународен план и истите зборуваат за интензивен меѓународен ангажман, што е пак во корелација со статусот на ИАРМ како меѓународно признат и рамноправен член на нему еднаквите:

 На 22 јуни 2015 г. потпишан е Договорот за користење на ILAC-MRA знакот помеѓу International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ);

 ИАРМ активно ја следи и учествува во работата на Eвропската организација за акредитација (ЕА). Вработените од ИАРМ учествуваа во работата на Комитетите на Eвропската организација за акредитација (ЕА МАК-Комитетот за мултилатерални договори, Комитет за лаборатории, Комитет за инспекциски тела, Комитет за сертификациски тела, Комитет за хоризонтална хармонизација);

 На 11 септември 2015 г. ИАРМ стана полноправен член на Меѓународниот форум за акредитација ( IAF);

 ИАРМ како полноправен член учествуваше во работата и на Светската организација за акредитација (ILAC - International Laboratory Accreditation Cooperation) и Меѓународниот форум за акредитација (IAF);  На 23 април 2015 г. ИАРМ официјално со ЕА го потпиша Multilaterаl Agreement Arrangement (ЕА МLА) - Договорот за продолжување и проширување на опсегот на неговата важност и за областа на акредитација на медицински лаборатории по стандардот МКС EN ISO 15189;

18

 Во периодот 28 октомври - 06 ноември 2015 г. за време на Годишното собрание на ILAC/IAF во Милано, официјално беше потпишан Договорот за продолжување и проширување на важноста на Мултилатералниот договор со Светската организација за акредитација на лаборатории (ILAC) Multilaterаl Recognition Arrangement ILACMRA и за областа на медицински лаборатории;  На 5-ти ноември, 2015 г., во рамките на годишниот состанок на IAF/ILAC, ИАРМ како член на IAF, го потпиша Договорот за меѓусебно признавање на резултатите на сертификационите тела за производи, процеси и услуги, (Multilaterаl Recognition Arrangement) IAF-MLA;


INTERNATIONAL ACTIVITIES The following items mark the main international activities implying intensive international engagement, which is in turn correlated to the status of the IARM as internationally recognized and equal member among those of the same rank:  The IARM actively monitors and participates in the work of the European Cooperation for Accreditation (EA). The Employees from the IARM participated in the work of the Committees of the European Cooperation for Accreditation (ЕА Multilateral agreement Committee, Laboratories Committee, Inspection and Certification Committee, Horizontal Harmonization Committee).  As a full-fledged member, the IARM participated in the work of the International Accreditation Organization (ILAC - International Laboratory Accreditation Cooperation) and the International Accreditation Forum (IAF).  On April 23, 2015 the IARM officially signed the Multilateral Agreement Arrangement with EA (EA MLA) - An agreement to extend and expand the scope of its importance in the field of accreditation of medical laboratories according to the standard MKC EN ISO 15189.

 On June 22, 2015, an agreement was signed for the use of ILAC-MRA mark between the International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) and the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia (IARM). On September 11, 2015, the IARM became a full member of the International Accreditation Forum (IAF).  In the period from 28 October to 6 November 2015, during the Annual Meeting of ILAC/IAF in Milan, it was officially signed the Agreement for extending and expanding the importance of Multilateral agreement with the World Organisation for Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC) Multilateral Recognition Arrangement ILAC-MRA and the field of medical laboratories. On 5 November, 2015, within the annual meeting of the IAF/ILAC, the IARM as a member of the IAF, signed an agreement for a mutual recognition of the results of certification bodies for products, processes and services (Multilateral Recognition Arrangement) IAF-MLA;

19


ИАРМ навремено ги подмири обврските на име годишна членарина за 2015 година во Европската и Светската организација за акредитација, како и надоместоците за апликација за членство во Меѓународниот форум за акредитација; ИАРМ учествуваше во работата на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и даноци, како и во преговорите за потпишување на ACАA Договорот со Европската Комисија;

Заеднички сведочења при изведување на оцени; Заеднички активности регионалниот ИПА проект;

во

рамките

на

Размена на експерти со акредитационите тела на Србија, Хрватска и Бугарија;

ИАРМ учествува во работна група за акредитација и оцена на сообразност- експертска група за внатрешен пазар во рамки на Европската комисија;

Организација и учество на Втора Меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2015 во Охрид, во чии рамки се одржа и Редовна Регионална средба на телата за акредитација од регионот;

Оценувачи од ИАРМ учествуваа на обуки во организација на ЕА за peer evaluation (обуки за оценувачи на ЕА).

Учество на редовен Годишен состанок на телата од регионот во Белград;

Со останатите Институти за акредитација од регионот, со кои ИАРМ веќе има потпишано билатерални договори, соработката се одвива континуирано. Во рамките на овие договори, ИАРМ ги реализира следниве активности:

20

Учество во заеднички обуки;

Тркалезна маса на телата од регионот во организација на ПТБ во Црна Гора; Реализирана заедничка оцена за акредитација на барање на Албанското тело за акредитација.


The IARM timely paid the fees in the form of annual fee for 2015 in the European and World organizations for accreditation, as well as the fees for application in the International Accreditation Forum. The IARM took part in the accreditation working group of the Subcommittee on Trade, Industry, Customs and Taxation as well as in the negotiations for signing of the ACАA with the European Commission. The IARM took part in the working group for accreditation and conformity assessment – expert group for internal market within the European Commission. The IARM’s assesors participated on trainings organized by the EA for peer evaluation, (trainings for EA assessors). The remaining regional accreditation bodies, with which the IARM has already signed bilateral agreements, the cooperation is continuous and ongoing. Within these bilateral agreements, the IARM delivered the following activities:

Participation in joint trainings Mutual witnessing during assessments Shared activities under the regional IPA project Exchange of experts with the accreditation bodies from Serbia, Croatia and Bulgaria Organization and participation on the Second International Conference on Quality and Competence 2015, in Ohrid, during which a Regular Meeting of the Regional accreditation bodies was held. Participation at the regular annual Meeting of the accreditation bodies from the region in Belgrade Round table of the regional bodies organized by PTB in Monte Negro. Implementation of a joint assessment for accreditation at the request of the Albanian accreditation body.

21


На крајот осврт и на уште еден многу важен сегмент од нашата работа, составен дел на секој професионален, и деловен пристап во работењето, а тоа е промоцијата или кажано со речникот на стопанствениците, информирање на јавноста за она што го нудиме на пазарот како производ или услуга.

ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ Под мотото ,,Акредитацијата: Поддршка во обезбедувањето на здравствена и социјална заштита“, на 09 јуни Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост го одбележа Светскиот ден на акредитацијата; На настанот присуствуваа бројни гости, претставници на Владата на Република Македонија, претставници од здравствениот сектор, на високообразовните институции, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност; Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата, ИАРМ издаде соодветна брошура под мотото “Акредитација: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“. На настанот ИАРМ организираше промоција за доделување на Сертификатите за акредитација на телата за оцена на сообразност акредитирани во текот на 2014/2015 година; Во 2015 година, ИАРМ издаде редовен „Годишен извештај за работењето на ИАРМ во 2014 година“; ИАРМ издаде две брошури на теми; ,,Зошто да се користи акредитирано сертификациско тело“ и ,,Како Регулаторите имаат корист од акредитираната сертификација?“;

Публикации на ИАРМ во 2015 година

22

Издадена наменска брошура на тема на сопствениот истражувачки проект ,,Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија-проблеми и решенија“; Од 17 дo 19 септември 2015 г. во Охрид е oдржана Меѓународна конференција за квалитет и компететност. Конференцијата, која по втор пат беше организирана во земјава, предизвика широк интерес кај заинтересираните субјекти пред се кај лабораториите и инспекциските тела, но и кај државните институции и други субјекти-чинители на националната инфраструктура за квалитет и на истата беа презентирани вкупно 35 трудови пред околу 120 учесници. Меѓу презентираните трудови, се вбројуваат и два труда на вработените од ИАРМ, кој ја имаше двојната улога на организатор и активен учесник на настанот. Во рамките на настанот, ИАРМ беше домаќин на редовната Регионална средба на телата за акредитација. Средбата редовно се организира врз основа на Договорите за билатерална соработка на националните тела за акредитација од регионот и пошироко (Србија, Хрватска, Црна гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Турција, Бугарија и Русија).


Finally, a focus on another very important segment of our business, an integral part of every business and professional, working approach, and that is promoting оr speaking with the vocabulary of businessmen, informing the public about what we offer on the market as a product or service.

PROMOTIONAL ACTIVITIES Under the motto “Accreditation: Support in providing of health and social protection” on 9th June, the Institute for accreditation of the Republic of Macedonia celebrated the World Accreditation Day with a ceremony. The event was attended by numerous guests, representatives of the Government of the Republic of Macedonia, representatives of the health sector, the higher education institutions, associates and representatives of conformity assessment bodies. Within the celebration the International Accreditation Day, the IARM issued an appropriate brochure under the motto “Accreditation: Providing confidence in energy supply”. The IARM at the very event organized a promotion of awarding Accreditation Certificates to conformity assessment bodies accredited during 2014/2015; In 2015, the IARM issued the regular “Annual Work Program of the IARM for 2014” The IARM issued two brochures on the following topics: “Why to use an accredited certification body” and “How Regulators benefit from the accredited certification?”

A targeted brochure on a subject of its own project “Quality management systems in industrial enterprises - problems and solutions” was issued. From 17 to 19 September 2015, in Ohrid, an International Conference on Quality and competency was held. The conference that was organized for the second time in the country has caused wide interest among the stakeholders, especially among laboratories and inspection bodies, as well as state institutions and other entities, stakeholders of the national quality infrastructure and there were presented 35 papers in front of about 120 participants. Among the presented papers are included the two works of the IARM’s employees, which had the dual role of organizer and active participant of the event. Within the event, the IARM hosted a regular meeting of the Regional accreditation bodies. The meeting is organized regularly on the basis of agreements on bilateral cooperation of national accreditation bodies in the region and beyond (Serbia, Croatia, Montenegro, Bosnia and Herzegovina, Albania, Kosovo, Turkey, Bulgaria and Russia).

IARM publications in 2015

23


Знаци за акредитација

24

Accreditation Marks


Извештајот за реализираната Програма за работа на Институтот за акредитација на Република Македонија за 2015 година, е усвоен од страна на Владата на Република Македонија.

The Annual report of the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia for 2015, is officially adopted by the Government of the Republic of Macedonia.


Godisen_Izvestaj_2016  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you