Светски ден на акредитацијата 9 јуни 2014
Акредитација: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија
Aкредитација: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија На 9 јуни се одбележува Светскиот ден на акредитацијата, како глобална иницијатива воведена од страна на Меѓународниот форум за акредитација (IAF) и Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC), за да се подигне свеста за важноста на активностите поврзани со акредитацијата. Оваа година темата се фокусира на улогата на акредитацијата во обезбедување на доверба во снабдувањето на енергија.
Кои се темите? Дали снабдувањето со енергија е современо и еколошки безбедно? Дали енергијата е безбедна за јавна употреба? Дали степенот на емисија е безбеден и дали се врши до утврденото ниво? Можеме ли да имаме доверба во квалитетот и квантитетот на горивото што го ставаме во нашиот автомобил? Дали мерењата на протокот на горивото се точни и прецизни, така што корисниците го добиваат она за што платиле, а владите добиваат соодветни приходи од оданочување? Дали обновливите енергетски производи ја одредуваат вредноста на парите и нивоата на излез? Дали микрогенеративните производи се инсталирани безбедно и ефикасно за да произведуваат енергија? Можеме ли да имаме доверба во тврдењата за енергетска ефикасност добиени од страна на индустријата?
Побарувачката за енергија расте секоја година, наспроти сооченоста со речиси исцрпени ресурси на гориво. Врз индустријата се врши притисок за намалување на емисиите и за воведување на мерки за енергетска ефикасност. Владата и приватниот сектор се соочуваат со предизвикот како да се обезбеди повеќе енергија за повеќе луѓе а во исто време да се намалат емисиите на стакленички гасови (GHG) и загадувањето. Обезбедувањето на енергијата вклучува сложени синџири на снабдување и процеси, честопати вклучувајќи ја прекуграничната трговија и дистрибуцијата на испарливи материи. Комерцијалниот развој на алтернативни обновливи извори на енергија треба да биде еколошки и да демонстрира вредност во однос на трошоците, сигурноста, издржливоста и перформансите. Суровините, примероците, производите, услугите, системите за управување и персоналот, можат да се оценат по специфични барања од страна на лаборатории за тестирање и калибрација, сертификациски и инспекциски тела (општо познати како тела за оцена на сообразност). Оцената на сообразноста се користи за проверка дали производите се соодветни и безбедни за употреба согласно стандард, код на пракса или регулаторни барања, што резултира со доверба на пазарот. Затоа, услугите за оцена на сообразност, обезбедуваат алатка со која се спречува влез на пазарот за небезбедни, штетни или еколошки опасни производи. Регулаторите можат да воспостават политика на општи или детални технички барања и да се потпрат на лабораториите, инспекциските тела или телата за сертификација, за проверка на усогласеноста.
Која е улогата на акредитацијата? Акредитацијата е независна евалуација од страна на стручно/овластено тело за оцена на телата за сообразност за изведување специфични активности, која се спроведува согласно национални и меѓународно признати стандарди, со што се обезбедува нивниот интегритет, непристрасност и компетентност. Како резултат на на овој процес, владите, приватниот сектор и корисниците можат да имаат доверба во резултатите од калибрација и тестирање, инспекциските извештаи и сертификатите обезбедени во снабдувањето со енергија. Тестирање на гориво Акредитираните лаборатории вршат широк спектар на тестирања на горива и масла, со цел да се утврди дали тие ги исполнуваат спецификациите за нивната намена. Овие тестирања се движат од тестирање на содржината на сулфур со цел да се утврди/ испита присуството на одредени адитиви во соодветни концентрации, па се до испитување на присуство на бактериски или дериватни деградирачки загадувачи. Овие испитувања вклучуваат хемиски тестови, како што се тестови за определување на содржина на сулфур и тестови за растворливост во вода, со цел да се утврди присуство на адитиви растворливи во вода во горивата, или микробиолошки тестови, како што се тестовите за определување на присуство на бактериски загадувачи или степенот на деградација на горивата, па се до физички тестови, како што е определување на релативната густина на примероци од гориво.
Во многу земји телата за акредитација се основани со примарна цел да се осигура дека телата за оцена на сообразноста се предмет на надзор од страна на компетентно и овластено тело. Лабораториите, инспекциските и сертификациските тела играат клучна улога во синџирот на снабдување со енергија, како во обезбедување на традиционалните извори на енергија, така и во развојот на обновливите извори на енергија. Енергетските провајдери се потпираат на точни тестирања за контрола на сите степени во производството, од мерење на проток и притисок до излезниот производ. Инспектирањата се изведуваат со цел да се осигура дека постројките се безбедни. Додека пак сертификацијата демонстрира дека провајдерите имаат соодветни процеси и процедури за испорака на производи и услуги. Телата за акредитација, кои се оценети како компетентни од страна на евалуатори, потпишуваат договори кои ја подобруваат прекуграничната размена на производи и услуги, со што создаваат рамка за поддршка на регулаторните трговски процеси и довербата во пазарот. Овие договори се управувани од страна на Меѓународниот форум за акредитација (IAF) во областа на сертификација на системи за управување, производи и услуги и Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC) во областа на акредитација на лаборатории и инспекциски тела. Двете организации работат заедно во меѓународни рамки и ги координираат своите напори за прифаќање на акредитацијата и услугите за оцена на сообразноста во целиот свет.
Која е придобивката од акредитацијата? За националните власти и регулатори: Регулаторите можат да воведат политика на општи или детални технички барања и да се потпрат на акредитираните лаборатории, инспекциски тела или тела за сертификација, за проверка на усогласеноста со тие барања. Регулаторите можат да ги намалат трошоците со намалување на кадарот и изведување на нивните инспекции посигурно и поефикасно. Користењето на акредитирани услуги, исто така може да ја намали потребата од дополнително озаконување и ризикот од ненамерни последици. Исто така, во секторот за нафта и гас, акредитираното тестирање, може да се користи за точна пресметка на приходите за оданочување.
Акредитацијата во акција: Гасна сигурност Операторите со гас демонстрираат компетентност пред субјектите за оцена сертифицирани од страна на акредитирани сертификациски тела. Регистрацијата им обезбедува “лиценца за тргување”, со што се минимизира потребата од владини инспектори или програми за лиценцирање.
Меѓународните договори за акредитација со широка и веродостојна рамка ги поттикнуваат регулаторите да ги прифатат резултатите од тестирањата, извештаите од инспекциите и сертификатите од повеќе странски даватели на услуги кои се акредитирани од страна на потписниците на IAF и ILAC договорите, со еднакво ниво на доверба како да биле извршени во локалната економија. На крајот, акредитацијата обезбедува сигурна следлива алатка за поддршка на индустриите и економиите во истражувањето на обновливи извори на енергија.
Акредитацијата во акција: Инспекција на нуклеарни објекти Како одговор на потребите на нуклеарната индустрија, акредитацијата на инспекциски тела и инспекциски агенции, демонстрираа дека компонентите вградени во нуклеарните централи се дизајнирани, контруирани и тестирани во согласност со важечките технички спецификации. Опсегот на оценување вклучува инспектирање на предмети набавени во нови нуклеарни централи, како и инспекција на опремата што е веќе во употреба во постоечките нуклеарни централи. Акредитацијата значи дека телата кои ги изведуваат инспектирањата, претходно самите биле оценети според меѓународно договорени стандарди за компетентност, непристрасност и способноста за изведување.
Која е придобивката од акредитацијата? За снабдувачите со енергија: Во повеќе области акредитацијата е услов кој треба да се исполни пред да се почне со понуда на одредени услуги; во други области таа е всушност “дозвола” за трговија со клучните купувачи. Акредитацијата обезбедува диференцијација на пазарот и е објективен доказ дека компанијата работи во согласност со најдобрата пракса. Тоа е меѓународно признат систем кој се користи да се развиjат и да се одржат високи стандарди на перформанси.
Тоа е добитна формула за докажување подобност за добивање на тендер и за меѓународната трговија. Со акредитацијата се стекнува признание од страна на регулаторите и со неа операторите можат да демонстрираат усогласеност. Во некои случаи, ова може да резултира во делот на намалување на царините или ревизиите.
Акредитацијата во акција: Потврдување на нови технологии
Акредитацијата во акција: Оф-шор верификација
Потребата од развој на нови извори на енергија доведе до развој на разни видови системи за црпење на енергија од ветер, море и други обновливи извори на енергија. Акредитацијата на специјално изградените објекти за тестирање во Шкотска, наменети за тестирање на бранови и системи за претворање на морската енергија е само еден пример за главната улога што ја има акредитацијата во оваа развојна фаза на обновливи извори на енергија.
Акредитирањето на тела за верификација обезбедува доверба за оф-шор клиентите во секторот за нафта и гас кои работат во сурови работни средини. Довербата се базира на инспекција на опремата и апаратурите во однос на тоа дали тие ги исполнуваат барањата за критични перформанси и безбедност.
Улогата на акредитираната компанија е да покаже колкава моќ се произведува кога се тестираат различни бранови и уреди за претворање на морската енергија при различни морски и временски услови. Оваа информација е од клучно значење за иноваторите, согласно нивните стремежи да вклучат прототип уреди во комерцијално достапна технологија за да остварат заработка.
Која е придобивката од акредитацијата? За стопанството:
За потрошувачите:
Акредитацијата е основна алатка за донесување на одлуки, управување со ризик и белег за препознавање. Организациите можат да заштедат време и пари со избирање на акредитиран снабдувач, кој заради тоа се смета и за компетентен. Точните мерења и тестовите што се извршени во согласност со најдобрите практики, го ограничуваат производствениот неуспех и губењето на време и на тој начин помагаат во контролата на производствените трошоци. Изборот на акредитирано сертификациско тело е со цел подобро да се сфати корисноста на воведувањето на систем за управување со енергијата.
Довербата на потрошувачите се стекнува кога стоките или услугите се придружени со сертификат или извештај издаден од страна на лабораторија, инспекциско или сертификациско тело, акредитирани од страна на потписник на меѓународните договори за акредитација управувани од страна на IAF и ILAC. Акредитацијата ни обезбедува доверба, почнувајќи од изборот на компанија за извршување на некоја работа за енергетска ефикасност во домот, па се до прашањето за квантитетот и квалитетот на горивото што го ставаме во нашите автомобили.
Акредитацијата во акција: ISO 50001 Менаџмент со енергија
Акредитацијата во акција: Микрогенерација за домот
ISO 50001 е стандард за системи за менаџмент со енергија, кој ги обезбедува организациите со систематски пристап за постигнување на континуирано подобрување на енергетските перформанси. ISO 50001 има за цел да им помогне на организациите да го намалат користењето на енергија, што резултира со намалување на енергетските трошоци и на јаглерод.
Довербата во гаранцијата за соодветноста на обновливите енергетски производи и инсталаторите што потрошувачите ја бараат, може да се стекне од акредитацијата. Производите, како што се ветерни турбини или PPV соларни панели, се тестирани во акредитирана лабораторија за мерење на ефикасност, трајност, безбедност и еколошки параметри. Инсталатерските компании ја користат акредитираната сертификација за да демонстрираат усогласеност.
ISO 50001 воспоставува работна рамка за индустриски постројки, комерцијални или јавни организации, како и владини агенции за промовирање на најдобрите практики за енергетско управување и зајакнување на добрите навики за енергетско управување. Стандардот нуди насоки за бенчмаркинг, мерење, документирање и известување за енергетските подобрувања и проектираните редукции на стакленички гасови (GHG). Акредитираната сертификација се користи за оцена на сообразноста согласно овој стандард.
Акредитацијата ги смирува и уверува и стопанството и потрошувачите дека производите и услугите кои тие ги користат во секојдневниот живот се потврдени од телата за оцена на сообразноста согласно националните и меѓународните стандарди. Тековната работа на IAF и ILAC како избрани авторитети, со која телата за акредитација се усогласуваат, обезбедува дополнителна сигурност и доверба која ги надминува границите и последователното прифаќање на акредитираната сертификација на повеќето пазари, врз основа на една акредитација.
Дополнителни информации Главните настани, медиумски кампањи, работилници и семинари ќе се одржат заедно/ во комбинација со прославата на Светскиот ден на акредитацијата во над 90 држави, со цел да се зголеми свесноста за важноста на улогата на акредитацијата во поддршката на глобалната трговија. За понатамошни детали контактирајте го вашето локално тело за акредитaција.
Дополнителни информаци во врска со Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите (MRA) и листата на потписници е достапна на веб страната на ILAC http://www.ilac.org/ilacarrangement.html.
Дополнителни иформации во врска со IAF Договорот за взаемно признавање на договорите (MLA) и листата на потписници се достапни на веб страната на IAF http://www.iaf.nu//articles/IAF_MEMBERS_ SIGNATORIES/4s
The ILAC Secretariat
The IAF Secretariat
ИАРМ
PO Box 7507 Silverwater NSW 2128 Australia
Elva Nilsen 28 Chemin Old Chelsea Box 1811 Chelsea, Quebec Canada J9B 1A0
Кеј Димитар Влахов бр. 4, зграда 2, спрат 3, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел: +612 9736 8374 Е-пошта: ilac@nata.com.au
Тел: +1 (613) 454 8159 Е-пошта: iaf@iaf.nu
Тел: ++389 2 3293 080 Факс: ++389 2 3293 089 Е-пошта: info@iarm.gov.mk
www.ilac.org
www.iaf.nu
www.iarm.gov.mk