Page 1


Содржина

Table of Contents

Предговор

2

Introduction

3

Организациja на ИАРМ

5

Organization of IARM

5

Нова димензија во улогата на акредитацијата

6

New dimension of the accreditation role

7

Акредитацијата во националните проектни рамки

8

Accreditation on the national framework

9

Акредитациски постапки

12

Accreditation procedures

13

Човечки ресурси

14

Human resources

15

Компетентноста - клучен фактор за успешна акредитација

16

Competence - Key factor for reliable accreditation

17

Национална соработка

20

National cooperation

21

Меѓународни активности

20

International activities

21

Промотивни активности

22

Promotional activities

23

Знаци за акредитација

24

Accreditation Marks

24


1


Почитувани,

М-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ Borce Razmoski M.Sc., President of the IARM’s Council

Зад нас остана уште една успешна работна година, којашто ја заокружи првата развојна деценија во работата на ИАРМ и го трасираше натамошниот развоен и работен пат на ИАРМ. Преку следните страници накратко сознајте ги главните настани и активности кои ја одбележаа 2013 година. Редовните акредитациски активности, надградбата на компетентноста на оценувачите, активностите во рамки на националната и меѓународната соработка, одржувањето и надградбата на системот за управување со квалитет, како и останатите активности, беа надополнети и со вклучување во нови проектни активности во национални рамки. Имено, како национално акредитациско тело, ИАРМ активно ги поддржа проектите на Владата на РМ и ресорните министерства, како што се Министерството за образование и наука и Министерството за здравство, за акредитација на голем број лаборатории за тестирање во рамки на високо-образовните институции и медицински лаборатории во јавните здравствени установи. Во 2013 година се бележи континуиран пораст на повеќе полиња во работата на Институтот. Зголемен е бројот на поднесени пријави за акредитација и доделени сертификати, како и зголемување на бројот на оценувачи на ИАРМ, а продлабочени се и билатералните и меѓународните активности. Воедно, се реализираа и подготовките за првиот редовен надзор по потпишувањето на Договорот за меѓусебно признавање на резултатите од акредитираните активности со Европската организација за акредитација, ЕА-МЛА. Надзорната оцена вклучува и проширување на опсегот на овој Договор и за акредитација на медицински лаборатории. Благодарение на севкупните капацитети и залагања, ИАРМ чекори во втората развојна деценија со подготвеност и ентузијазам за прифаќање на сите предизвици за реализација на зацртаните цели. Со почит

2


Dears, Behind us is yet another successful year, which enclosed the first decade of the development of IARM and paved the way for the future development of IARM. Over the following pages you will briefly learn about the events and activities that have marked 2013. The regular accreditation activities, the development of the professional competences of the assessors, the activities related to the national and international cooperation, the maintenance and upgrading of the quality management system, as well as the other activities, were complemented by new project activities on national level. Namely, as a national accreditation body, IARM actively supports the projects of the Government of the Republic of Macedonia and the line ministries, such as the Ministry of Education and Science and the Ministry of Health, about the accreditation of a large number of testing laboratories within the higher education institutions, as well as medical laboratories in the public health care institutions. In 2013 the work of the Institute experienced a continuous growth in multiple fields. The number of filed applications and awarded certificates has increased. In addition, IARM has increased the number of assessors and has developed its bilateral and multilateral activities. At the same time, IARM implemented the preparations for the first regular surveillance after the signing of the Agreement for Mutual Recognition of Accreditations with the European Co-operation for Accreditation, EA-MLA. The evaluation includes expansion of the scope of this Agreement to include medical laboratories. Thanks to the overall capacities and efforts, IARM strides towards the second development decade, prepared and enthusiastic to meet all the challenges on its way to implementing the envisioned goals.

Д-р Трпе Ристоски, Директор на ИАРМ Trpe Ristoski Ph.D., Director of IARM

Respectfully yours

3


4


Организација на ИАРМ

Organization of IARM

5


НОВА ДИМЕНЗИЈА ВО УЛОГАТА НА АКРЕДИТАЦИЈАТА Следејќи ги светските трендови, во овој период акцентот е ставен на улогата на акредитацијата во системите за управување со енергија. Имено, тргнувајќи од правилниот избор на компанија за извршување на некоја работа за енергетска ефикасност во домот, па сé до прашањето за квантитетот и квалитетот на горивото што го ставаме во нашите автомобили, акредитацијата е таа што ни ја обезбедува довербата при изборот. Од друга страна, соочени со глобалната потреба од развој на обновливи енергетски ресурси, кои пред сé ќе бидат економични и ефикасни, преку повеќе владини проекти интересот на домашното стопанство веќе е свртен кон искористување на природните енергетски ресурси, како на пример ветрот, сонцето, речните водени ресурси, алтернативно користење на тутунот за производство на биодизел, биомаса и друго. Притоа, гаранцијата за економскиот успех треба да се бара во довербата што ја обезбедува акредитацијата и тоа преку користење на акредитирани услуги за тестирање и инспекција на опрема и сертификација на производи. На компаниите и на граѓаните достапни им се акредитирани услуги за тестирање, испитување и сертифицирање на прехранбени производи, медицински производи, фармацевтски производи, текстил, нафта и нафтени деривати, градежни материјали, животна средина и заштита и безбедност при работа, радиоекологија, руда, злато, сребро, електрична опрема (громобранска инсталација, заземјување), опрема под притисок, лифтови, дигалки, транспортери, рударска опрема, системи за управување и други. Горенаведените области се само дел во кој акредитацијата игра клучна улога за обезбедување на доверба во квалитетот на производите што се употребуваат, животната средина во која се живее, здравствените, образовните и сите други видови услуги. Воедно, таа доверба е и извозна дозвола за пласман на истите на светските пазари, благодарение на меѓународните договори за признавање на резултатите од акредитираните активности кои ИАРМ ги има потпишано со европската и светската организација за акредитација (EA-MLA и ILAC-MRA). Како деклариран партнер на стопанството, ИАРМ ги следи потребите од различни економски двигатели на економскиот раст и токму од аспект на својата основна дејност – акредитацијата придонесува за истиот.

6


NEW DIMENSION OF THE ACCREDITATION ROLE Following the international trends, the emphasis has been placed on the role of the accreditation in the energy management systems. Namely, starting from the choosing the right company to perform some energy efficiency activities in your home, all the way to the issue of the quantity and quality of the fuel that we put in our cars, it is the accreditation that provides our confidence in the selection. On the other hand, facing the global need to develop renewable energy sources, which will primarily be cost effective and efficient, the interest of the national economy, through several government projects, turns to the utilization of the natural energy resources, such as the wind, the sun, river water resources, alternative uses of tobacco to produce biodiesel, biomass etc. At the same time, the guarantee for the economic success should be sought in the confidence that the accreditation provides, particularly by using accredited equipment testing and inspection services and product certification. Companies and citizens have access to accredited services for testing, examination and certification of food products, medicinal products, pharmaceutical products, textile, oil and oil products, construction materials, the environment and protection and safety at work, radioecology, ore, gold, silver, electrical equipment (lightning installations, grounding), pressurized equipment, elevators, lifters, transporters, mining equipment, management systems etc. These areas are only one part where accreditation plays a key role in providing confidence in the quality of the products we use, the environment we live in, the health, education and other types of services. At the same time, that confidence also represents a permit to export these products and services to international markets, thanks to the international agreements for mutual recognition of accreditations that IARM has signed with European and the International organization for Accreditation (EA-MLA and ILAC-MRA). As a declared partner of the economy, IARM follows the needs for various economic drivers and contributes to the economic growth it from the point of view of its core business, i.e. accreditation.

77


АКРЕДИТАЦИЈАТА ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ПРОЕКТНИ РАМКИ Акредитација на лаборатории за тестирање и лаборатории за калибрација ИАРМ е стратешки партнер на Владата на Република Македонија во проектот „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност“. Според анализите, од околу 80 лаборатории опремени со најсофистицирана опрема преку овој проект, 50-тина лаборатории треба да се акредитираат со цел да го подигнат нивото на услугите кои ги нудат пред сé на стопанството.

Акредитација на медицински лаборатории Во соработка со Министерството за здравство отпочнат е процес за акредитација на 8 медицински лаборатории во јавните здравствени установи, а на сите останати лаборатории како од јавниот, така и од приватниот сектор им се препорачува да се акредитираат. Ова од причина што давањето акредитирани услуги за една медицинска лабораторија, всушност значи демонстрирање на квалитет, компетентност и сигурност во нејзините услуги и во тој процес она што е најбитно е издавање технички валиден тест или резултат од испитување. Воедно, акредитацијата претставува белег за препознавање на квалитет и компетентност на пазарот, што кај корисниците на услуги несомнено е примарен услов за избор, особено во услови на конкурентност. Токму како одговор на пројавените барања за акредитирање на овој вид услуги, во 2013 година ИАРМ го прошири опсегот на акредитирани дејности со нова област – акредитација на медицински лаборатории. Врз основа на развиена шема за акредитација согласно барањата на стандардот MКС ISO 15189 акредитирани се првите две медицински лаборатории во земјата (за дијагностичка биохемија и ин витро фертилизација). Со ова се направи значаен исчекор од аспект на акредитацијата, но и од аспект на корпоративната општествена одговорност на здравствената дејност за пружање на стандардизирани здравствени услуги по однос на квалитет. Тежината и предноста во значењето на акредитацијата по овој стандард се базира на фактот што стандардот е развиен од медицинската, научната и клиничката заедница во глобални/меѓународни рамки, што значи ги сублимира искуствата и потребите на високоразвиените здравствени центри и стручната фела.

8


ACCREDITATION ON THE NATIONAL FRAMEWORK Accreditation of testing and calibration laboratories IARM is a strategic partner of the Government of the Republic of Macedonia in the project named “Equipment of Laboratories for Scientific, Research and Applied Activities”. According to the analyses of about 80 laboratories equipped, through this project, with the most sophisticated equipment, about 50 laboratories need to be accredited in order to raise the level of the services they offer primarily to the economy.

Accreditation of medical laboratories In cooperation with the Ministry of Health, an accreditation process has been initiated to accredit 8 medical laboratories in the public health care institutions. All other laboratories, both from the public and the private sector are advised to become accredited. This is because the provision of accredited services by a medical laboratory in fact means a demonstration of quality, competence and professionalism when providing the services. The most important element in this process is the issuance of a technically valid test or test results. At the same time, the accreditation is a mark for recognition of the quality and competence on the market, which undoubtedly is the primary condition for customer selection in a competitive environment. As a response to the requests for accreditation of this type of services, in 2013 IARM expanded the scope of accredited activities to include a new area, i.e. accreditation of medical laboratories. Based on a developed accreditation scheme, the first two medical laboratories in the country (for diagnostic biochemistry and in vitro fertilization) have been accredited in accordance with the requirements of MKC ISO 15189. This represents a significant step forward in terms of accreditation, but also in terms of corporate social responsibility in healthcare to provide standardized healthcare services with standard quality. The weight and the benefits of the accreditation according to this standard is based on the fact that the standard has been developed by the international medical, scientific and clinical community, which means that it accumulates the experiences and the needs of the highly developed healthcare centers and the healthcare profession in general.

9


Акредитација на сертификациски тела Во областа на сертификацијата, со донесување на „Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба“ кој е во надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, се воведе барањето за задолжително акредитирање на сертификациските тела кои ќе ги сертифицираат менаџмент системите за квалитет во јавниот сектор. Покрај акредитација на тела за сертификација на системи за управување со квалитет (ISO 9001), ИАРМ на барање на клиентите може да акредитира и тела за: сертификација на системи за управување со животна средина (ISO 14001); сертификација на системи за управување со безбедност и здравје при работа (OHSAS 18001); сертификација на системи за управување со безбедност на храна (ISO 22000); сертификација на системи за управување со безбедност на информации (ISO/IEC 27001) и др. Откако ќе се усогласи националната легислатива, се очекува ИАРМ да започне со акредитација на верификациски тела, согласно ISO 14065:2013, како и акредитација на ЕМАС верификатори. Акредитацијата на ЕМАС верификаторите ќе се врши во согласност со ISO/IEC 17021:2006 (хармонизиран стандард). Како новина во областа на акредитацијата на сертификациските тела, потенцираме дека ИАРМ од 1-ви јули 2014 година сите оценувања ќе ги врши согласно новиот стандард, МКС EN ISO/ IEC 17065:2012 - „Оцена на сообразност – Барања за телата за сертификација на производи, процеси и услуги“, кој го заменува стандардот MKС EN 45011 : 2006 „Oпшти критериуми за сертификациски тела кои работат на сертифицирање на производи“.

10


Accreditation of certification bodies In the area of certification, the “Law on the Introduction of a Quality Management System and a Common Framework for Performance and Service Provision Evaluation in the Civil Service”, under the jurisdiction of the Ministry of Information Society and Administration, has introduced the application for mandatory accreditation of certification bodies which will then certify the quality management systems in the public sector. In addition to the accreditation of certification bodies for quality management system (ISO 9001), IARM, at the request from clients, can also accredit: certification bodies for environmental management system (ISO 14001); certification bodies for health and safety at work management system (OHSAS 18001); certification bodies for food safety management system (ISO 22000); certification bodies for information security management system (ISO/IEC 27001) etc. After the harmonization of the national legislation, IARM is expected to start accrediting verification bodies, in accordance with ISO 14065:2013, as well as EMAS verifiers. EMAS verifiers will be accredited in accordance with ISO/IEC 17021:2006 (harmonized standard). As a novelty in the area of accreditation of certification bodies we would like to emphasize that IARM, starting from the 1st of July 2014 will perform all assessments in accordance with the new standard, MKC EN ISO/IEC 17065:2012 – “Conformity Assessment Requirements for bodies certifying products, processes and services”, replacing the standard MKC EN 45011: 2006 “The general criteria for bodies operating product certification systems”.

11


АКРЕДИТАЦИСКИ ПОСТАПКИ ИАРМ досега има акредитирано вкупно 138 тела за оцена на сообразност. На тринаесет од нив акредитацијата им е повлечена. Во 2013 година на вкупно 17 тела за оцена на сообразност им е доделена акредитација*: 8 инспекциски тела акредитирани по стандардот МКС EN ISO/IEC 17020; 5 лаборатории за тестирање акредитирани по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025; 1 медицинска лабораторија акредитирана по стандардот МКС ISO 15189; 1 сертификациско тело за системи за управување со квалитет акредитирано по стандардот МКС EN ISO/IEC 1702; 2 лаборатории за калибрација акредитирани по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025. Реакредитирани се 17 тела за оцена на сообразност, а кај останатите тела за оцена на сообразност, ИАРМ ги реализираше редовните надзори. Со ново доделените акредитации, како и со извршените реакредитации, се зголеми понудата на опсегот на акредитирани дејности во РМ од основните области во кои ИАРМ изведува постапки на акредитација.

Акредитирани тела 2005 - 2013

*Податоците за акредитираните тела се дадени заклучно со месец април 2014 година.

12


ACCREDITATION PROCEDURES IARM has accredited a total of 138 conformity assessment bodies. Thirteen of them are withdrawn. In 2013, accreditation has been awarded to a total of 17 conformity assessment bodies*: 8 inspection bodies accredited in accordance with the MKC EN ISO/IEC 17020 standard; 5 testing laboratories accredited in accordance with the MKC EN ISO/IEC 17025 standard; 1 medical laboratory accredited in accordance with the MKC ISO 15189 standard; 1 quality management system certification body accredited in accordance with the MKC EN ISO/IEC 17021 standard; 2 calibration laboratories accredited in accordance with the MKC EN ISO/IEC 17025 standard. Seventeen conformity assessment bodies have been reaccredited. For all other conformity assessment bodies IARM performed regular surveillance. The newly granted accreditations, as well as the performed reaccreditations have increased the supply and the scope of accredited activities in the Republic of Macedonia, from the basic areas where IARM performs accreditation procedures.

Accredited Bodies 2005 - 2013

Инспекциски тела Inspection bodies Лаборатории за тестирање Testing Laboratories Сертификациски тела Certification bodies Лаборатории за калибрација Calibration Laboratories Медицински лаборатории Medical Laboratories

*The data on the accredited bodies includes data by April 2014.

13


ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Како и досега, покрај редовно вработените, за спроведување на акредитациските активности во ИАРМ се вклучени и надворешните соработници – оценувачи и експерти. Вкупниот број на оценувачи и експерти постојано се зголемува. Јавниот повик за пријавување на кандидати за оценувачи на ИАРМ е постојано отворен. Eвидентен е голем број на поднесени пријави од заинтересирани лица, а нивната селекција, обука и градација е во надлежност на Комитетот за оцена на лица на ИАРМ. Членовите на техничките комитети (ТК): ТК за лаборатории за тестирање, ТК за калибрација, ТК за сертификациски и ТК за инспекциски тела, активно учествуваа во работата на ИАРМ, давајќи стручна помош во изготвувањето на документите во системот за управување со квалитет на ИАРМ. Благодарение на квалитетните и компетентни човечки ресурси, ИАРМ успеа ефикасно да одговори на сите барања со кои се соочи. А токму за надградувањето и зајакнувањето на компетентноста и стручноста на оценувачите, во 2013 година ИАРМ обезбеди нивна едукација по пат на учество на обуки, семинари и работилници. Еден дел од нив беа реализирани во рамки на соработката на меѓународните проекти во кои ИАРМ е активен партнер.

Категорија на оценувачи

број

Водечки оценувачи

18

Технички оценувачи

34

Технички оценувачи во обука

14

Вкупно

66

Експерти

40

Кандидати за оценувачи

6

Вработени во ИАРМ

14


HUMAN RESOURCES As before, besides permanent employees, the external colaborators – assessors and experts were also included in accreditation activities. The total number of assessors continuously increases. The public advertisement for the application of candidate assessors of IARM is always open. A large number of applications from numerous interested parties have been submitted. The selection, training and advancement of the candidates are under the jurisdiction of the Personnel Evaluation Committee of IARM. The members of Technical Committees (TC): TC for Laboratory Testing, TC for Calibration, TC for Certification and TC for Inspection, actively participated in work of IARM, providing professional assistance in the preparation of the documents for the quality management system of IARM. Thanks to the quality and competence of its human resources, IARM managed to efficiently respond to all requests it received. For the purposes of upgrading and strengthening of the competences and professionalism of the assessors, in 2013 IARM ensured their education by providing training, seminars and workshops. Some of these events were implemented in cooperation with the international projects where IARM is an active partner.

Category of assessors

Number

Lead assessors

18

Technical assessors

34

Technical assessors in training

14

Total

66

Experts

40

Assessor candidates

6

IARM’s Employees

15


КОМПЕТЕНТНОСТА - КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА УСПЕШНА АКРЕДИТАЦИЈА Во согласност со Годишниот план за обуки на ИАРМ за 2013 година, реализирани се следниве обуки:

16

Назив на обуката

Организатор

Работилница за примена на новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17020:2012 наменета за вработените во ИАРМ

ИАРМ

Обука за водечки оценувачи на лаборатории и инспекциски тела

ИАРМ

Обука за имплементација на новиот стандард МКС EN ISO/IEC 17020:2012 „за тела кои вршат инспекција и инспекциски методи за тахографи и таксаметри“ во корелација со стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006

ИАРМ

Обука за „мерна следливост и пресметка на мерната неодреденост при калибрација на мерила со помош на референтни материјали и на мерила за бучава“

ИАРМ

Семинар за опрема под притисок

Енергетика маркетинг, Загреб

Обука за акредитација, инспекција и сертификација на производи со Географски индикации

Истражувачки институт за органско земјоделско производство (Швајцарија)

Обука за заштита на здравје и безбедност при работа - за сите вработени во ИАРМ

ИАРМ

Обука за примена на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006

МАКЛАБ-ИАРМ

Обука за „Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010-акредитација на медицински лаборатории“

МАКЛАБ-ИАРМ

Обука за акредитациски систем: Полски примери

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Семинар за заштита на квалитет

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Регионална работилница за оцена на сообразност и компетентност на лабораториите

Хрватското здружение на лаборатории – КРОЛАБ


COMPETENCE – KEY FACTOR FOR RELIABLE ACCREDITATION In accordance with the Annual Training Plan of IARM for 2013, the following trainings were conducted:

Name of training

Organizer

Workshop on the application of the new standard MKC EN ISO/IEC 17020:2012 intended for the IARM staff

IARM

Training for lead assessors of laboratories and inspection bodies

IARM

Training for the implementation of the new standard MKC EN ISO/IEC 17020:2012 for bodies that apply inspections and inspection methods to tachographs and taximeters in correlation with the standard MKC EN ISO/IEC 17020:2006

IARM

Training about “Traceability of Measurement and Calculation of Uncertainty of Measurement in Calibration of Measuring Instruments, by using Reference Materials and Noise Measuring Instruments”

IARM

Seminar on pressurized equipment

Energy marketing, Zagreb

Training on accreditation, inspection and certification on products with geographic indications

Research Institute for Organic Agriculture (FiBL) Switzerland

Training on health and safety at work – for all staff in IARM

IARM

Training on the application of the standard MKC EN ISO/IEC 17025:2006

MAKLAB- IARM

Training on the application of the international standard MKC ISO 15189:2010-accreditation of medical laboratories

MAKLAB- IARM

Training on accreditation systems: Polish examples

Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy

Seminar on quality protection

Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy

Regional workshop on conformity assessments and laboratory competences

Croatian Laboratory Association – KROLAB

17


Обуки реализирани во рамки на меѓународни проекти:

Назив на обуката

Организатор

Обука за „Пост ПТ провајдери“

ИПА Регионален проект

Меѓународна конференција „Квалитет и компететност 2013“, на која што беше организирана и Тркалезна маса - Регионална средба на телата за акредитација

ИАРМ-МАКЛАБ - ИПА Регионален проект

Обука за документот EA 1/22 за нови секторски шеми за акредитација

ПТБ проект

Обука на тема „Информација за EU-Барања за пишување на извештаи од оценување на контролни/сертификациски тела со опсег органско земјоделско производство“

ПТБ проект

Ревизија на ISО/IEC 17021:2011 и примена во регулирано подрачје

ПТБ проект

Тркалезна маса со цел размена на искуства помеѓу телата за акредитација кои се учесници во ПТБ проектот

ПТБ проект

Во организација на Европската организација за акредитација (ЕА), вработени од ИАРМ учествуваа на следниве обуки:

18

Назив на обуката

Организатор

EA обука за ISO/IEC 17065:2012

ЕА

Обука за оценувачи на ЕА

ЕА


Training realized within the framework of international projects:

Name of training

Organizer

Training on post PT providers

IPA Regional Project

International Conference “Quality and Competence 2013”, including a round table – regional meeting of accreditation bodies

MAKLAB- IARM - IPA Regional Project

Training on the document EA 1/22 on new sector accreditation schemes

PTB Project

Training on the topic “Information about the EU Requirements for Writing Reports on the Assessment of Control/Certification Bodies in the Area of Organic Farming”

PTB Project

Revision of ISО/IEC 17021:2011 and application in regulated areas

PTB Project

Round table aimed at exchanging experiences between the accreditation bodies participating in PTB Project

PTB Project

IARM staff participated in the following trainings organized by the European Co-operation for Accreditation (EA):

Name of training

Organizer

EA training on ISO/IEC 17065:2012

ЕА

Training for EA team members

ЕА

19


НАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА Соработката со другите национални институции продолжи со вообичаен тек. Имено, ИАРМ учествуваше во работата на повеќе работни групи формирани од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација. ИАРМ е активен учесник во проектот на Владата на Република Македонија „Македонско сонценце“.

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ ИАРМ активно ја следеше и учествуваше во работата на Eвропската организација за акредитација. Вработените од ИАРМ учествуваа во работата на Комитетите на Eвропската организација за акредитација (Комитет за лаборатории, Комитет за инспекциски тела, Комитет за сертификациски тела, Комитет за комуникација и публикација, Комитет за хармонизација и Комитет за мултилатерални договори). ИАРМ како полноправен член учествуваше во работата и на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC - International Laboratory Accreditation Cooperation). ИАРМ учествуваше во работата на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и даноци, како и во преговорите за потпишување на ACАA Договорот со Европската Комисија. Со институтите за акредитација од регионот, со кои ИАРМ веќе има потпишано билатерални договори (АТС, АТЦГ, БАТА, ХАА, ДАКС, ДАА, ТУРКАК, БАС, МОЛДАК), соработката се одвива континуирано. Во рамките на овие договори, ИАРМ ги реализираше следниве активности: Размена на експерти; Организација и учество на Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2013“ во Охрид, Р. Македонија; Учество на Регионална конференција за акредитација, на која учествуваа претставници од телата за акредитација од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска; Учество на редовен Годишен состанок на телата од регионот во Белград; Работна посета на Молдавското тело за акредитација.

20


NATIONAL COOPERATION IARM continued its usual cooperation with the national institutions. Namely, IARM participated in the work of several working groups formed by the Government of the Republic of Macedonia, the Ministry of Economy, the Ministry of Environment and Physical Planning, the Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy and the Ministry of Information Society and Administration. IARM is an active participant in the “Macedonian Sun Project” supported by the Government of the Republic of Macedonia.

INTERNATIONAL ACTIVITIES IARM actively observed and participated in the work of the European Co-operation for Accreditation (EA). The IARM staff participated in the work of the EA Committees (Laboratory Committee, Inspection Committee, Certification Committee, Communications and Publication Committee, Harmonization Committee and Multilateral Agreements Committee). IARM, as a full-fledged member participated in work of ILAC - International Laboratory Accreditation Cooperation. IARM participated in work of the Trade, Industry, Customs and Tax Subcommittee, as well as in the negotiations for the signing of the ACAA Agreement with the European Commission. IARM continued its cooperation with the accreditation institutes from the region with which it has signed bilateral agreements (ATS, ATCG, BATA, HAA, DAKS, DAA, TURKAK, BAS, MOLDAK). Within the framework of these agreements, IARM implemented the following activities: Exchange of experts; Organization and participation in the International Conference “Quality and Competence” 2013 in Ohrid, Macedonia; Participation in the Regional Accreditation Conference, with representatives of the accreditation bodies from Serbia, Montenegro, Kosovo, Albania, Croatia; Participation on the regular annual meeting of the bodies from the region in Belgrade; Working visit of the Moldovan accreditation body.

21


ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ Во 2013 година беа одржани следниве промотивни настани: На 10 јуни 2013 година се одбележа Светскиот ден на акредитацијата и десет годишнината од основањето и работењето на ИАРМ, како единствено национално тело за акредитација. Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата, ИАРМ издаде соодветна брошура под мотото @@ „Акредитацијата – Олеснување на светската трговија“. На настанот ИАРМ организираше промоција за доделување на Сертификатите за акредитација на телата за оцена на сообразност акредитирани во текот на 2012/2013 година, а беше промовиран и Годишниот билтен за работата на ИАРМ за 2012 година, кој воедно како своевидна монографија ја сублимираше работата на ИАРМ во првиот децениски јубилеј 20032013; Во 2013 година, ИАРМ издаде редовен „Годишен извештај за работењето на ИАРМ во 2012 година“; ИАРМ издаде две брошури на теми; „Зошто да станете акредитирана лабораторија“ и „Зошто да станете акредитирано инспекциско тело“ кои во рамките на кампањата за промоција на системот за акредитација во РМ, ги промовираше во Тетово, Штип и Битола со соодветна медиумска покриеност; ИАРМ издаде „Водич за оценувачи“ – второ издание; Во соработка со македонското здружение на лаборатории „МАКЛАБ“ организирана е Меѓународна конференција „Квалитет и компетентост 2013“ во Охрид. На Конференцијата беа презентирани 35 трудови, меѓу кои и трудот на дел од вработените во ИАРМ. Во рамки на Конференцијата, ИАРМ ја организираше редовната Регионална средба на телата за акредитација.

Публикации на ИАРМ во 2013 година 22


PROMOTIONAL ACTIVITIES The following promotional events were held in 2013: On the 10th of June 2013, the World Accreditation Day and the tenth anniversary of establishment of IARM, as single national accreditation body, were celebrated. For this event, IARM issued an appropriate brochure under the motto “Accreditation – Facilitating World Trade”. Also the event was followed by the certificates awarding ceremony to the conformity assessment bodies accredited in 2012/2013, and Annual Newsletter of IARM for 2012, which summarized the work of IARM during its first decade 2003-2013 was promoted; In 2013, IARM issued a regular “Annual Work Report of IARM in 2012”; IARM issued two brochures titled “Why become an accredited laboratory” and “Why become an accredited inspection body” which it promoted, within the framework of the campaign for promotion of the accreditation system, in Tetovo, Shtip and Bitola with an appropriate media coverage; IARM issued the “Guide for Assessors” – second edition; In cooperation with the Macedonian Laboratory Association “MAKLAB”, IARM organized the International Conference “Quality and Competence 2013” in Ohrid. Thirty five abstracts were presented at the conference, including the abstract made by IARM staff. Within the framework of the Conference, IARM also organized the regular Regional Meeting of Accreditation Bodies.

IARM publications in 2013

23


Знаци за акредитација

24

Accreditation Marks


Извештајот за реализираната Програма за работа на Институтот за акредитација на Република Македонија за 2013 година, е усвоен од страна на Владата на Република Македонија.

The Annual report of the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia for 2013, is officially adopted by the Government of the Republic of Macedonia.


Godisen izvestaj annual report 2013  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you