Page 1


Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

1


Почитувани,

М-р Борче Размоски, Претседател на Советот на ИАРМ Borce Razmoski M.Sc., President of the IARM’s Council

Повторно на наше големо задоволство со Вас споделуваме уште еден позитивен индекс за реализираните работни и развојни активности на ИАРМ во 2014 година, со поента на позитивниот извештај од првата редовна надзорна оцена реализирана од страна на Европската организација за акредитација (ЕА) по потпишувањето на ЕА МLА Договорот. Во рамки на надзорот беше оценето и проширувањето на опсегот на важноста на овој Договор и за областа за акредитација на медицинските лаборатории. Покрај тоа, во фокусот на нашето работно секојдневие останаа редовните акредитациски активности, надградбата на компетентноста на оценувачите, активностите во рамки на националната и меѓународната соработка, одржувањето и надградбата на системот за управување со квалитет, како и останатите активности. Позитивната констанца се бележи во бројот на поднесени пријави за акредитација и доделени сертификати, квантитативно и квалитативно зајакнување на човечките ресурси, проширување и зајакнување на билатералните и меѓународните активности. Притоа, акцент во работата беше ставен и на следење и апсолвирање на потребите на стопанството и другите заинтересирани субјекти за развој на нови шеми и области за акредитација, од една страна, а од друга страна редовно и успешно се реализираа редовните надзори за усогласување на работата на акредитираните тела согласно барањата на новите изданија на одредени стандарди. Потребата од акредитацијата во работата на лабораториите во здравствената област, значењето и придобивките од неа, како и социјалната заштита, годинава е во фокусот на светското внимание од аспект на акредитацијата, како водечка тема на ILAC. „Акредитацијата: Поддршка во обезбедувањето на здравствената и социјалната заштита“ е годинешното мото под кое се одбележува Светскиот ден на акредитацијата и промоцијата на активностите поврзани со неа. И тука веднаш треба да се нагласи дека Република Македонија е во чекор со овие актуелности, односно веќе делува на полето на промоција на значењето на акредитацијата и придобивките од неа во јавното здравство како значаен општествен сегмент. На крајот, би сакале да нагласиме дека професионалното залагање и ангажман на вработените во ИАРМ и надворешните соработници во прифаќање и апсолвирање на предизвиците и потешкотиите во работата, имаше безрезервна поддршка од Советот на ИАРМ, како највисок орган на управување и останатите стручни тела и органи кои функционираат во ИАРМ. Благодарение на доброто менаџирање на сите ресурси и чинители, зад нас имаме уште една успешна работна година. А тоа секако е уште еден исчекор напред кој влева поттик, сигурност и доверба во сопствените потенцијали за нови работни предизвици. Со почит

2

Институт за акредитација на Република Македонија


Dears, Again it is our great pleasure to share with you yet another positive indicator of the realized tasks and development activities of IARM in 2014, with an emphasis on the positive report from the first surveillance evaluation by the European co-operation for Accreditation (EA) after the signing of the EA MLA Agreement. The surveillance also included an evaluation of the extension of the scope of this Agreement to include the medical laboratories accreditation area. In addition, our everyday work still focuses on the regular accreditation activities, the assessor competence upgrading, the activities related to the national and international cooperation, the maintenance and the upgrade of the quality management system, as well as all the other activities. The number of applications for accreditation and issued certificates has increased, the human resources have been quantitatively and qualitatively strengthened, the bilateral and international activities have expanded and strengthened. At the same time, the work also focused on monitoring and absolving the needs of the economy and other interested parties in the development of new accreditation fields and schemes and we also successfully implemented the regular surveillance of the compliance of the work of the accredited bodies with the requirements of the new editions of the specific standards. The need for accreditation of the work of the laboratories from the healthcare area, its significance and benefits, as well as the social care, has, this year, been in the focus of the international accreditation community and a leading topic of ILAC. “Accreditation: Support in the provision of healthcare and social care” is the annual motto of the International Accreditation Day and the promotion of accreditation related activities. Here we need to point out that the Republic of Macedonia keeps up with these developments, i.e. it is active in the field of promoting the importance of accreditation and its benefits in public health as a significant segment of society. Finally, we would like to stress that the professional commitment and efforts of the IARM staff and the external associates in accepting and overcoming the challenges and the difficulties of our work had the unreserved support of the IARM Council and the highest management authority, as well as the other professional bodies and authorities functioning in IARM. Thanks to the good management of all resources and stakeholders, we had yet another successful work year behind us. This certainly represents yet another step forward, which instils motivation, reliability and confidence in our potentials to brave new professional challenges.

Д-р Трпе Ристоски, Директор на ИАРМ Trpe Ristoski Ph.D., Director of IARM

Respectfully

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

3


4

Институт за акредитација на Република Македонија


Организација на ИАРМ

Organization of IARM

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

5


OДРЖУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ НА EA MLA И ILAC MRA ДОГОВОРИТЕ ЗА МЕЃУСЕБНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АКРЕДИТАЦИИТЕ Прв редовен надзор на ИАРМ од ЕА МЛА тим Во периодот од 10-14 март и 01-03 јули 2014 година оценувачки тим за ЕА МLА спроведе редовна евалуација на постапките за акредитација на ИАРМ, прва по потпишувањето на EA MLA Договорот во мај 2012 година за областите: лаборатории за тестирање, калибрација, сертификација на производи и инспекција. На претходно барање на ИАРМ за проширување на опсегот на EA MLA Договорот, во рамки на оваа евалуација беше спроведено оценување и на подрачјето за меѓусебно признавање на резултатите од медицинските лаборатории кои имаат систем за управување со

6

Институт за акредитација на Република Македонија

квалитет во согласност со стандардот ISO 15189. Покрај водечкиот оценувач во тимот за оцена беа вклучени оценувачи за сите пет различни области кои беа предмет на евалуацијата. Преку преглед на документација во просториите на ИАРМ и директно сведочење на оценувачите на ИАРМ на конкретни локации, EA MLA тимот доби сознанија за целокупната активност на ИАРМ во спроведување на акредитациските активности. Посетата заврши со позитивни резултати за ИАРМ, односно со крајни согледувања кои беа брзо и рационално решени што на крај резултираше со позитивна препорака на EA MLA тимот за одржување на потпишаниот опсег и проширување на EA MLA Договорот за областа медицински лаборатории.


MAINTENANCE AND EXTENSION OF SCOPE OF THE EA MLA AND ILAC MRA AGREEMENTS

First regular surveillance of IARM by the EA MLA team During the period from the 10th to the 14th of March and the 1st to the 3rd of July 2014, the EA MLA team of evaluators performed a regular evaluation of the IARM accreditation procedures, first after the signing of the EA MLA Agreement in May 2012 in the areas of: testing and calibration laboratories, certification of products and inspection. Upon a previous request by the IARM for extension of the the scope of the EA MLA Agreement, this evaluation also included an evaluation of the area for mutual recognition of the results from the medical laboratories that have a

quality management system compliant with the ISO 15189 standard. In addition to the lead evaluator, the evaluation team included evaluators for each of the five areas subject to the evaluation. After reviewing the documentation in the oďŹƒces of IARM and on site witnessing on IARM assessors at proper locations, the EA MLA team perceived the entire IARM operation regarding the accreditation activities. The visit finished with positive results for IARM, i.e. with final findings that were swiftly and eectively resolved which resulted in a positive recommendation of the EA MLA team for maintenance of the signed scope and extension of the EA MLA Agreement to include the area of medical laboratories.

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

77


АКРЕДИТАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИИ Како исклучителен успех на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) може да се издвои акредитацијата на медицински лаборатории согласно стандардот МКС EN ISO 15189:2013 Медицински лаборатории - Посебни барања за квалитет и компетентност. Стандардот МКС EN ISO 15189:2013 ги опфаќа основните елементи за медицинските лаборатории да го демонстрираат квалитетот и компетентноста на своите услуги, како и постојано да обезбедуваат валидни резултати од тестирањето или „испитувањето“ според барањата на стандардот. Стандардот кој е развиен со комплетна инволвираност на медицинската, научната и клиничката заедница е наменет да им помогне на медицинските лаборатории во развојот на нивните системи за управување со квалитет и одржување на сопствената компетентност, како и за телата за акредитација да ја потврдат или препознаат компетентноста на овие лаборатории преку нивна акредитација. Во Република Македонија постојат три акредитирани медицински лаборатории, истите се од приватниот сектор, но и државниот сектор го следи овој тренд. Имено, со одлука на Министерството за здравство осум лаборатории од јавното здравство се во подготовка за акредитација. За да дојде до ова ниво, ИАРМ напорно работеше изминатите три години на полето на развој на нова шема за акредитација - акредитација на медицински лаборатории, а активноста беше

8

Институт за акредитација на Република Македонија

заокружена и воедно позитивно потврдена од тим на оценувачи на Еврoпската организација за акредитација (ЕА) кои ја евалуираа работата на Институтот за областа медицински лаборатории. Официјалното потпишување на EA-MLA договорот, ќе биде проследено и со потпишување на ILAC-MRA договорот за истата област.

Зошто акредитација на медицински лаборатории? Пред сè за пациентите: тие може да бидат сигурни дека добиваат квалитетна услуга, веродостојна услуга, прецизни резултати; при давањето услуга се користат најновите технологии кои ја отсликуваат најдобрата актуелна практика; услугата ја изведува компетентен персонал при што се почитуваат етиката, доверливоста и безбедноста на пациентот. Потоа за самата лабораторија: aкредитацијата обезбедува можност за надворешни перспективи на лабораториската практика; поттикнува размена на најдобри практики; стимулира иновации; го намалува ризикот и обезбедува меѓународно признавање. И крајно за регулаторите во здравството, потребата од унапредување на квалитетот во давањето услуги на пациентите е клучниот принцип. Акредитацијата може да се користи како алатка за овластување на медицинските лаборатории.


ACCREDITATION OF MEDICAL LABORATORIES An exceptional success of the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia (IARM) is the accreditation of medical laboratories in compliance with the MKC EN ISO 15189:2013 standard Medical Laboratories – Particular requirements for quality and competence. The MKC EN ISO 151895:2013 standard includes the basic elements for the medical laboratories to demonstrate the quality and competence of their services, as well as to continuously provide valid test or “examination” results in accordance to the requirements of the standard. The standard, development with full involvement of the medical, scientific and clinical community, aims at helping the medical laboratories develop their quality management systems and maintain their own competence; as well as the accreditation bodies to confirm or recognize the competence of these laboratories by accrediting them. In the Republic of Macedonia there are three accredited medical laboratories, all in the private sector, but the public sector also follows this trend. Namely, with a decision of the Ministry of Health, eight laboratories prepare for accreditation. To come to this level, IARM worked very hard, during the past three years, in the field of developing a new accreditation scheme – accreditation of medical laboratories. This activity was completed

and positively assessed by an evaluation team from the European co-operation for Accreditation (EA) which evaluated the work of the Institute in the area of medical laboratories. The official signing of the EAMLA agreement will be followed by the signing of the ILAC-MRA agreement for the same area.

Why accreditation of medical laboratories? Primarily for the patients: they can be sure that they get a good quality service, a genuine service, accurate results; the service provision makes use of the newest technologies that reflect the best current practices; the service is provided by competent staff in compliance with the ethics, confidentiality and patient safety. Then, for the laboratory itself: the accreditation provides an opportunity for external perspectives of the laboratory practice; stimulates an exchange of best practices; stimulates innovations; reduces the risk and provides for international recognition. And ultimately for the health regulators, the need to promote quality in the provision of services to the patients is the key principle. Accreditation can be used as a tool for authorizing medical laboratories.

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

9


ЗОШТО АКРЕДИТИРАНИ СЕРТИФИКАЦИСКИ ТЕЛА? Акредитираното сертифицирање на: системите за управување, производи, процеси и услуги, како и персонал, како двигател на светската економија, има позитивен одраз и врз националното стопанство. Оцената на сообразност со барањата на соодветните стандарди од страна на акредитирани сертификациски тела несомнено вродува со плод. Искуствата во светски рамки зборуваат дека овој вид на услуги се значаен влезен економски фактор (инпут), кој резултира со високо додадена вредност на крајниот производ или услуга на корисникот (аутпут). Акредитираната сертификација не е само алатка да се исполнат регулаторните барања, туку е и алатка за пораст на приходите во работењето. Токму врз овие значајни карактеристики на акредитираната сертификација, се темели разбудената свест за потребата од истата кај нас. Во таа насока и со цел за ефективен придонес и помош на стопанството да го извлече максимумот од имплементираните менаџмент системи, ИАРМ проектира истражување во една нова димензија преку сопствен проект. Имено, во интерес на поуспешна имплементација на системите за управување со квалитет во стопанските субјекти, Институтот за акредитација на Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија го спроведува

10

Институт за акредитација на Република Македонија

проектот „Системите за управување со квалитет во индустриските претпријатија во Република Македонија“. Целта на овој проект е да се согледаат состојбите и проблемите кои се јавуваат во имплементираните системи за управување со квалитет, да се откријат причините за проблемите и да се дадат препораки за надминување на истите, да се применат препораките во практика и да се согледаат резултатите од нивната примена. Формиран е тим на проектот од претставници на Институтот за акредитација на Република Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како и претставници од сертификациските тела. Изработен е анкетен прашалник кој ќе послужи како основа на истражувањето и истиот е дистрибуиран до голем број на индустриски претпријатија од областа на прехранбената технологија, металургијата, фармацијата, електро индустријата, индустријата за градежни материјали, текстилната индустрија и ИТ-технологијата. По добивање на одговорите од анкетниот прашалник и нивна обработка, ќе се одредат насоките за понатамошна реализација на проектот.


WHY ACCREDITED CERTIFICATION BODIES? Accredited certification of: management systems, products, processes and services, as well as personnel, as a driver of the world economy, also have a positive reflection on the national economy. The assessment of the conformity with the requirements of the appropriate standards by accredited certification bodies undoubtedly bears fruit. The international experiences suggest that these types of services represent a significant economic input resulting in a high added value of the final product or the service (output). Accredited certification is not only a tool to fulfill the regulatory requirements, but it is also a tool that helps increase the operational revenues. These significant characteristics of the accredited certification are the basis for the awakened awareness for the need of accreditation in Macedonia. In this regard and in order to effectively contribute to, and help the economy take full advantage of the implemented management systems, IARM designs research in a new dimension through its own project. Namely, in the interest of successful implementation of the quality management systems in the business entities, the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia, with the support of the Government of the Republic of Macedonia implements the “Quality

Management Systems in Industrial Facilities in the Republic of Macedonia” project. The objective of this project is to gain an understanding of the situation and the problems related to the implementation of quality management systems, to detect the reasons for the problems and to provide recommendations to overcome the problems, implement the recommendations in practice and to consider the results of their implementation. A project team was formed with representatives from the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia, the Chamber of Commerce of the Republic of Macedonia, the Macedonian Chambers of Commerce, representatives from the “Ss. Cyril and Methodius” University in Skopje, as well as representatives from the certification bodies. A survey questionnaire was prepared, which will serve as the research basis. This questionnaire was distributed to a large number of industrial facilities working in the field of food technology, metallurgy, pharmacy, electrical industry, construction materials industry, textile industry and IT. The future project implementation directions will be determined after collecting the responses to our questionnaire and after processing the data.

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

11


АКРЕДИТАЦИСКИ АКТИВНОСТИ ИАРМ досега има акредитирано вкупно 156 тела за оцена на сообразност*. На деветнаесет од нив акредитацијата им е повлечена. Во 2014 година доделени се 18 нови сертификати за акредитација: 7 инспекциски тела акредитирани по стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 8 лаборатории за тестирање по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 1 лабораторија за калибрација по стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 1 медицинска лабораторија по стандардот МКС ЕN ISO 15189 1 сертификациско тело за сертификација на процеси на производство за органско земјоделско производство по стандардот МКС EN 45011. Реакредитирани се 33 тела за оцена на сообразност, а кај останатите тела за оцена на

сообразност, ИАРМ ги реализираше редовните надзори. Притоа, оценувачките тимови ја оценуваа работата на инспекциските тела, поточно нивното прилагодување - усогласување за работа согласно барањата на новото издание на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2012. Во меѓувреме тече уште еден транзиционен период и за примена на стандардот MKC EN ISO/ IEC 17065:2012 во постапките за акредитација на сертификациските тела за производи, процеси и услуги. Веќе од 01 јули 2014 г. акредитацијата на телата се врши по овој стандард, а до 15 септември 2015 г. ќе се реализираат редовните надзорни оцени по овој стандард на постојните акредитирани тела. Како и досега, со ново доделените акредитации, како и со извршените реакредитации, се зголеми понудата на опсегот на акредитирани дејности во РМ од основните области во кои ИАРМ изведува постапки на акредитација.

Акредитирани тела 2005 - 2014

*Бројот на акредитирани и реакредитирани тела за оцена на сообразност е даден заклучно со месец април 2015 година. 12

Институт за акредитација на Република Македонија


ACCREDITATION ACTIVITIES IARM has accredited a total of 156 conformity assessment bodies *. Out of them nineteen have their accreditations withdrawn. In 2014, a total of 18 new accreditation certificates were awarded: 7 inspection bodies accredited in accordance with the MKС EN ISO/IEC 17020 standard 8 testing laboratories accredited in accordance with the MKС EN ISO/IEC 17025 standard 1 calibration laboratory accredited in accordance with the MKС EN ISO/IEC 17025 standard 1 medical laboratory accredited in accordance with the MKС ЕN ISO 15189 standard 1 certification body for certification of production processes for organic agricultural production accredited in accordance with the MKC EN 45011 standard. Thirty three conformity assessment bodies were reaccredited, and IARM implemented regular

surveillances in the remaining conformity assessment bodies. At the same time, the assessment teams evaluated the work of the inspection bodies, particularly their adaptation – compliance to the requirements of the new edition of the MKС EN ISO/ IEC 17020:2012 standard. In the meantime, another transition period is running for the application of the MKС EN ISO/ IEC 17065:2012 standard in the procedures for accreditation of certification bodies for products, processes and services. Since the 1st of July 2014 the accreditation of the bodies is performed according to this standard, and up to 15th of September 2015 the regular surveillance assessments of the already accredited bodies will be conducted in accordance with this standard. Like in the past, the newly awarded accreditations, as well as the reaccreditations have increased the scope of accredited activities in the Republic of Macedonia within the basic areas wherein IARM performs accreditation procedures.

Accredited Bodies 2005 - 2014

Инспекциски тела Inspection bodies Лаборатории за тестирање Testing Laboratories Сертификациски тела Certification bodies Лаборатории за калибрација Calibration Laboratories Медицински лаборатории Medical Laboratories

*The number of accredited and reaccredited conformity assessment bodies is provided as of April 2015.

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

13


ИНСТИТУЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ Во 2014 година во Република Македонија стапија на сила нови законски решенија за вработените во јавниот сектор и за административните службеници, во чии рамки организациски спаѓа и Институтот како јавна установа, за што се извршени соодветни законски усогласувања. Во таа насока од организациски аспект, а врз основа на пројавените потреби се бележи надградување на Секторот за акредитација на лаборатории со ново формираното одделение за медицински лаборатории, а се назначи и лице на позиција заменик – менаџер за квалитет во ИАРМ.

Пул на оценувачи и експерти Од редот на редовно вработените лица десетмина се водечки оценувачи во постапките за акредитација, а за спроведување на акредитациските активности во оценувачките тимови се вклучени и надворешните соработници – оценувачи и експерти. Во следниве табели е даден бројот на активно вклучени оценувачи и експерти во постапките за акредитација.

Категорија на оценувачи

број

Водечки оценувачи

19

Технички оценувачи

48

Технички оценувачи во обука

11

Вкупно

78

Експерти

60

Кандидати за оценувачи

6

Вкупниот број на оценувачи и експерти постојано се зголемува. ИАРМ има отворен јавен повик за пријавување на експерти и кандидати за оценувачи. Eвидентен е голем број на поднесени пријави од заинтересирани лица, а нивната селекција, обука и евалуација е во надлежност на Комитетот за оцена на лица на ИАРМ. Работата на ИАРМ и оваа година беше стручно поддржана од членовите на техничките комитети (ТК): ТК за лаборатории за тестирање, ТК за калибрација, ТК за сертификациски и ТК за инспекциски тела. ТК за лаборатории за тестирање беше проширен со претставници од медицинските лаборатории. 14

Институт за акредитација на Република Македонија

Вработени во ИАРМ


INSTITUTIONAL CAPACITIES Four new laws became legally effective in 2014 in the Republic of Macedonia. These laws refer to public sector employees and administrative officers. The Institute is a public institution and therefore it belongs in this organizational framework. This required appropriate legislative harmonization. In this regard, from an organizational point of view and pursuant to the expressed needs, the Laboratory Accreditation Department was upgraded with a newly formed medical laboratory section and also IARM nominated deputy quality manager.

Pool of assessors and experts From the pool of regular employees, ten persons are lead assessors in accreditation procedures. The accreditation teams also include external associates – assessors and experts. The following tables provide the number of actively involved assessors and experts in the accreditation procedures.

IARM’s Employees

Category of assessors

Number

Lead assessors

19

Technical assessors

48

Technical assessors in training

11

Total

78

Experts

60

Assessor candidates

6

The total number of assessors and experts continuously increases. IARM has an open public announcement for experts and assessor candidates. Many applications from interested persons were received. The selection, training and evaluation of the candidates are the responsibility of the IARM Personnel Evaluation Committee. The work of the IARM this year was professionally supported by the technical committees (TC): ТC for testing laboratories, TC for calibration, TC for certification and TC for inspection bodies. The technical committee for testing laboratories was expanded to include representatives from medical laboratories. Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

15


ЕДУКАЦИЈА И КОМПЕТЕНТНОСТ Неспорен факт е дека ИАРМ располага со квалитетни и компетентни човечки ресурси, благодарение на кои ефикасно и ефективно одговара на сите работни предизвици. Со оглед на тоа што компетентноста е клучен фактор за успешна акредитација, ИАРМ и во 2014 година обезбеди нивна едукација по пат на учество на обуки, семи-

нари и работилници. Еден дел од нив беа реализирани во рамки на соработката на меѓународните проекти во кои ИАРМ е активен партнер. Во согласност со Годишниот план за обуки на ИАРМ за 2014/15 година, реализирани се следниве обуки:

Назив на обуката

Организатор

Обука за вработените во ИАРМ на тема ,,Имплементација на стандардот МКС EN ISO/IEC 17011”

ИАРМ

Хармонизација на оценувачи на ИАРМ вклучени во оцената за peer-evaluation за EA-MLA

ИАРМ

Работилница за водечки и технички оценувачи на ИАРМ за примена на стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012

ИАРМ

Обуки за вработените во ИАРМ за примена на DMS софтвер на ИАРМ

ИАРМ

„Идентификувани недостатоци во секторот животна средина“ Обука за контрола/надзор врз контролните/сертификациски тела

16

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Семинар за Европската регулатива за органско производство и улогата на надлежните институции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Анализа на контаминенти во храна и храна за животни – Правен и истражувачки аспект; Вклучувајќи валидација на методи и мерна неодреденост

Институтот за референтни материјали во рамки на Европската Комисија

Обука за измени во стандардот 9001: 2015

ИСРМ

Институт за акредитација на Република Македонија


EDUCATION AND COMPETENCE IARM undoubtedly has good quality and competent personnel that efficiently and effectively respond to all work related challenges. Considering that competence is a key factor for successful accreditation, IARM provided for education of the staff in 2014 through training events, seminars and workshops. Some of

these events were implemented within the framework of the cooperation in the international projects where IARM is an active partner. According to the IARM Annual Training Plan for 2014/15, the following trainings were implemented:

Training title

Organizer

Training of the IARM staff on the topic “Implementation of the MKS EN ISO/IEC 17011 standard”

IARM

Harmonization of the IARM assessors in the EA-MLA peer-evaluation

IARM

Workshop for IARM leading and technical assessors for the application of the MKS EN ISO/IEC 17020:2012 standard

IARM

Training of the IARM staff for the application of the IARM DMS software

IARM

“Identified environmental deficiencies”

Ministry of Agriculture, Forestry and Watereconomy

Training for control/surveillance of control/certification bodies

Ministry of Agriculture, Forestry and Watereconomy

Seminar on the European Regulation on Organic Production and the Role of the Competent Institutions

Ministry of Agriculture, Forestry and Watereconomy

Analysis of contaminants in the food and feed – Legal and research aspect; Including validation of methods and measuring uncertainty.

Institute for reference materials within the European Commission

Training on changes to the 9001: 2015 standard

ISRM

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

17


Обуки реализирани во рамки на меѓународни проекти:

Назив на обуката

Организатор

Обука за сертификација на шеми за производи во доброволна област, одржана во Шпанија

ИПА Регионален проект

Обука за новата верзија на стандардот ISO 17065:2012

ИПА Регионален проект

Тркалезна маса на телата за акредитација од југоисточна Европа – Годишна размена на искуства

ПТБ проект-ИАРМ

Обука за стандардот МКС EN ISO/IEC 17065:2012

ПТБ проект

Трибина за размена на искуство на оценувачи за стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2012

ПТБ проект

Обука за ЕУ легислатива и акредитација на лаборатории за тестирање на храна

ПТБ проект

Регионален настан за квалитет на инфраструктура

ГИЗ

Во организација на Европската организација за акредитација (ЕА), вработени од ИАРМ учествуваа на следниве обуки:

Назив на обуката

Организатор

Обука за Органско производство

ЕА-ДАКС

Како резултат на реализираните обуки, ИАРМ ги надгради институционалните капацитети преку едукација како на редовно вработените, така и на надворешните соработници.

18

Институт за акредитација на Република Македонија


Trainings realized within the framework of international projects:

Training title

Organizer

Training for certification of voluntary products scheme, held in Spain

IPA Regional Project

Training for the new version of the ISO 17065:2012 standard

IPA Regional Project

Round table of the Southeastern Europe Accreditation Bodies – Annual Experience Exchange

PTB Project - IARM

Training on the MKS EN ISO/IEC 17065:2012 standard

PTB Project

Discussion about the exchange of experiences of assessors about the MKS EN ISO/IEC 17020:2012 standard

PTB Project

Training on the EU legislation and accreditation of food testing laboratories

PTB Project

Regional event on infrastructure quality

GIZ

The IARM sta participated in the following training organized by the European co-operation for Accreditation:

Training title

Organizer

Organic Production Training

EA-DAkkS

As a result of the implemented trainings, IARM upgraded the institutional capacities through the education of the regular employees, as well as the external associates.

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

19


НАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА И во 2014 година продолжи активниот ангажман на ИАРМ во работата на повеќе работни групи формирани од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии.

Отпочнатите активности во проектот на Владата на Република Македонија „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност“ кој треба да се заокружи со нивна акредитација, продолжија со редовен интензитет. Со него се опфатени поголем број лаборатории за тестирање во рамки на високо-образовните институции и медицински лаборатории во јавните здравствени установи, а истиот е во ресорна надлежност на Министерството за образование и наука и Министерството за здравство.

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ Исто така, и на меѓународен план активностите се одвиваа со несмален интензитет. ИАРМ продолжи со следење и учествуво во работата на Eвропската организација за акредитација. Вработените од ИАРМ учествуваа во работата на Комитетите на Eвропската организација за акредитација (Комитет за лаборатории, Комитет за инспекциски тела, Комитет за сертификациски тела, Комитет за комуникација и публикација, Комитет за хармонизација и Комитет за мултилатерални договори). ИАРМ како полноправен член учествуваше во работата и на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC - International Laboratory Accreditation Cooperation). ИАРМ учествуваше во работата на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и даноци, како и во преговорите за потпишување на ACАA Договорот со Европската Комисија. На билатерален план ИАРМ ја прошири соработката со уште едно национално тело за акредитација. Имено во септември 2014 година во Калининград, Руска Федерација, ИАРМ потпиша Меморандум за разбирање со Федералната служба за акредитација на Руската Федерација. Меморандумот е потпишан

20

Институт за акредитација на Република Македонија

во рамки на осмата седница на меѓувладината Руско-Македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Потпишувањето на овој Меморандум е израз на добрата волја на потписниците за воспоставување на информативна, аналитичка и организациска соработка во областа на акредитацијата, во согласност со релевантните документи на меѓународните и регионалните организации за акредитација. Настанот беше заокружен и со семинар на тема „Хармонизација на националните системи за акредитација на земјите од евроазискиот регион“, на кој директорот на ИАРМ д-р Трпе Ристоски имаше посебно излагање за презентација на националниот систем за акредитација во Република Македонија при што беше промовиран и промотивниот видео материјал за работата на ИАРМ. Со институтите за акредитација од регионот, со кои ИАРМ веќе има потпишано билатерални договори (АТС, АТЦГ, БАТА, ХАА, ДАК, ДА, ТУРКАК, БАС, МОЛДАК), соработката се одвива континуирано. Во рамките на овие договори, ИАРМ на 18 и 19 февруари 2014 година беше домаќин на Тркалезна маса на телата за акредитација од југоисточна Европа – Годишна размена на искуства.


NATIONAL COOPERATION In 2014 IARM continued to be active in several working groups formed by the Government of the Republic of Macedonia, the Ministry of Economy, the Ministry of Environment and Physical Planning, the Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy, the Ministry of Information Society and Administration and the Ministry of Finance. The activities in the project of the Government of the Republic of Macedonia “Equipping Laboratories

for Scientific and Research Activities” which should be finalized with their accreditation, continued with undiminished intensity. It involves a large number of testing laboratories within the framework of higher education institutions and medical laboratories in the public healthcare institutions and this project is the responsibility of the Ministry of Education and Science and the Ministry of Health.

INTERNATIONAL ACTIVITIES In addition, the international activities also unfolded with an undiminished intensity. IARM continued to track and participate in the work of the European co-operation for Accreditation (EA). The IARM employees participated in the work of the EA Committees (Laboratory Committee, Inspection Committee, Certification Committee, Communication and Publication Committee, Horizontal Harmonization Committee, and Multilateral Agreements Committee). IARM, as a full-fledged member, also participated in the work of the International Laboratory Accreditation Cooperation (ILAC). IARM participated in the work of the Trade, Industry, Customs and Taxes Subcommittee, as well as in the negotiations for the signing of the ACAA Agreement with the European Commission. Bilaterally, IARM expanded the cooperation with yet another national accreditation body. Namely, in September 2014, in Kaliningrad, the Russian Federation, IARM signed a Memorandum for Understanding with the Federal Accreditation Service of the Russian Federation. The Memorandum was signed within the framework of the eighth session

of the intergovernmental Russian – Macedonian committee for trade, economy, scientific and technical cooperation. The signing of this Memorandum is a reflection of the good will of the signatories to establish an informative, analytic, and organizational cooperation in the area of accreditation, in accordance with the relevant documents of the international and regional accreditation organizations. The event was finalized with a seminar on the topic “Harmonization of the national accreditation systems of the countries from Europe and Asia region”, where the IARM director Dr. Trpe Ristoski presented the national accreditation system of the Republic of Macedonia and the promotional video material promoting the work of the IARM. IARM has signed bilateral agreements with the accreditation institutes in the region (ATS, ATCG, BATA, HAA, DAK, DA, TURKAK, BAS, MOLDAK) and it cooperates with them continuously. Within the framework of these agreements, on the 18th and the 19th February 2014 IARM hosted the Roundtable of the Accreditation Bodies from Southeastern Europe – Annual Experience Exchange.

Потпишување на Меморандум за соработка со Федералната служба за акредитација на Руската Федерација, септември 2014, Калининград, Руска Федерација Signing of the Memorandum for Understanding with the Federal Accreditation Service of the Russian Federation, September 2014, Kaliningrad, Russian Federation

Тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа, февруари 2014, Скопје, Р. Македонија Roundtable of the Accreditation Bodies from Southeastern Europe, February 2014, Skopje, Republic of Macedonia

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

21


ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ 2014-та година ја одбележаа следниве промотивни настани: Под мотото ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“, на 9 јуни Институтот за акредитација на Република Македонија со пригодна свеченост го одбележа Светскиот ден на акредитацијата. На настанот присуствуваа бројни гости, претставници на Владата на Република Македонија, претставници од електроенергетскиот сектор, на високообразовните институции, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност. Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата, ИАРМ издаде соодветна брошура под мотото „Акредитација: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“. На настанот ИАРМ организираше промоција за доделување на Сертификатите за акредитација на телата за оцена на сообразност акредитирани во текот на 2013/2014 година, а беше промовиран и

годишниот билтен за работата на ИАРМ за 2013 година. На настанот кој беше и медиумски покриен, беше промовиран и првиот официјален видео запис за работата на ИАРМ. Поради пројавениот интерес, видео материјалот покрај преводот на англиски јазик, беше преведен и на руски јазик за потребите на земјите од руското говорно подрачје. Интересот за истиот произлезе од активностите во рамки на воспоставувањето на соработката помеѓу ИАРМ и Рускиот акредитациски сервис. Во 2014 година, ИАРМ издаде редовен „Годишен извештај за работењето на ИАРМ во 2013 година“. ИАРМ издаде две брошури на тема: „Акредитација во Европа - Олеснување на усогласеност со прописите и на меѓународната трговија“ и „ISO 15189 - Акредитација на медицински лаборатории“. Интервју со директорот и вработените во ИАРМ за телевизиска емисија на теми од стопански карактер.

Промотивно видео за ИАРМ Публикации на ИАРМ во 2014 година 22

Институт за акредитација на Република Македонија

IARM’s Promotional Video


PROMOTIONAL ACTIVITIES The following promotional events marked the year 2014: Under the motto “Accreditation: Delivering confidence in the provision of energy”, on the 9th of June, the Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia, celebrated the World Accreditation Day. Numerous guests were present at the event, including representatives of the Government of the Republic of Macedonia, representatives from the electricity sector, the high education institution, associates, and representatives of the conformity assessment bodies. On the occasion of the World Accreditation Day, IARM issued an appropriate brochure under the motto “Accreditation: Delivering confidence in the provision of energy”. At the event, IARM organized the award of the Accreditation Certificates to the Conformity

Assessment Bodies accredited in 2013/2014. In addition, IARM promoted the IARM work bulletin for 2013. At the event, which received media coverage, IARM also promoted the first official video record of its work. Due to the expressed interest, the video material was translated in English and in Russian for the purposes of the Russian speaking countries. The interest for this material arised from the activities related to the establishment of the cooperation between IARM and the Russian Accreditation Service. In 2014, IARM issued the regular “Annual Report on the work of the IARM in 2013”. IARM published two translated brochures on the topic “Accreditation in Europe – Facilitating regulatory compliance and international trade” and “ISO 15189 – Accreditation of Medical Laboratories”. Interview with the director and the IARM staff for a television broadcasting of commercial character.

IARM publications in 2014

Institute for Accreditation of the Republic of Macedonia

23


Знаци за акредитација

24

Институт за акредитација на Република Македонија

Accreditation Marks


Godisen izvestaj  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you