Page 1

Светски ден на акредитацијата 9 јуни 2013

Акредитација: Олеснување на светската трговија На 9 јуни се одбележува Светскиот ден на акредитацијата, глобална иницијатива воведена од Меѓународниот акредитационен форум (IAF) и Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC), за да се подигне свеста за

важноста на активностите поврзани со акредитацијата. Годинава во фокусот е важноста на улогата на акредитацијата во олеснувањето на трговијата ширум светот, како на национално ниво, така и надвор од националните граници.


Важноста на глобалната трговија Меѓународната трговија е размена на капитал, добра и услуги преку меѓународните граници или територии. Глобализација значи дека ние сите уживаме и се потпираме на огромен број и широк спектар на производи и услуги од странство. Поголемиот дел од нас сметаат дека е невозможно да се замисли, а камоли да се преживее во свет во кој нашиот избор на добра и услуги е ограничен на производите во земјата во која живееме.

Секоја година се забележува зголемување во бројките на глобална трговија кои сега достигнуваат и повеќе трилиони долари. Во поголем дел земји, меѓународната трговија има голем удел во бруто домашниот производ. Поради тоа, поддршката на континуирано движење на капитал, добра и услуги меѓу земјите е од големо значење не само за здравјето и благосостојбата на поединците, туку и за економското здравје на нациите ширум земјината топка.

Кои се проблемите? Со растот на меѓународната трговија, расте и бројот на национални и меѓународни доброволни и задолжителни технички регулативи, стандарди, тестирања, инспекции и процедури за сертифицирање во сите пазарни сектори кои се однесуваат на примероци, производи, услуги, системи за управување или персонал. Генерално, овие се воведени за да се исполнат законските барања за квалитет и безбедност кои корисниците, претприемачите, регулаторите и останатите организации ги бараат од добрата и услугите, без разлика од која земја потекнуваат. Тоа е суштинско, не само за поединците и организациите, туку и за националното и меѓународното економско здравје, производите и услугите да можат да ги преминат границите за да се исполнат глобалните побарувања без да предизвикаат непотребен ризик за здравјето и безбедноста на поединците или животната средина.

Но, во овие предизвикувачки економски услови, исто така е многу важно регулативите и стандардите – кои може да варираат од земја до земја – да не се премногу скапи или да претставуваат товар за претприемачите, како и да не претставуваат технички бариери, ниту за домашните пазари, ниту за извозните можности.


Која е улогата на акредитацијата? Работејќи во прилог на јавниот интерес низ сите пазарни сектори, акредитацијата ја одредува техничката компетентност, доверливоста и интегритетот на телата за оцена на сообразност. Тоа се организации кои ја проверуваат сообразноста и усогласеноста со стандардите и регулативите преку тестирање, сертификација, инспекција и калибрација. Акредитацијата дејствува преку процес на транспарентна и независна евалуација на овие организации според меѓународно признати стандарди и други услови. Aкредитираната oцена на сообразност е алатка која им помага на претприемачите не само успешно и ефективно да се усогласат со светските регулативи и стандарди, туку и да се здобијат со конкурентска предност и со тоа да освојат нови пазари, вклучувајќи ги и странските пазари.

Примарна цел на двете организации: ILAC (во акредитација на лаборатории и инспекциски тела) и IAF (во акредитација на сертификациски тела за системи за управување, производи, услуги и персонал) е да се воведат мултилатерални договори помеѓу нивните членки, засновани на взаемна евалуација и прифаќање на меѓусебните системи за акредитација. На овој начин прифаќањето на производите и услугите преку националните граници е поедноставено со тоа што се отстранува потребата да се спроведуваат дополнителни тестови, инспекции или сертифицирање во секоја земја во којашто се продаваат.

Кои се придобивките од акредитацијата? За националните власти и регулаторите Со доверба во процесот на оцена на сообразноста поткрепен со акредитацијата, стандардите може да се употребат за поддршка на поедноставен пристап за регулација, што всушност значи дека претприемачите трошат помалку време на бирократски процедури. Мултилатералните договори помеѓу националните тела за акредитација, исто така помогнаа акредитацијата да стане меѓународно признат „печат за одобрување“ со кој се демонстрира усогласеност со договорените стандарди и барања. Овие договори на владите и регулаторите им обезбедуваат веродостојна и широка рамка врз која се развиваат и зголемуваат меѓувладините билатерални и мултилатерални меѓународни трговски договори. За потрошувачите Меѓународните договори за акредитација помагаат да се зголеми изборот на добра и услуги достапни на пазарите и помагаат во обезбедувањето сигурност дека ги исполнуваат релевантните стандарди за квалитет и безбедност, без оглед од која земја потекнуваат. За претприемачите Да се има резултат од акредитирано тело за оцена на сообразност е релевантен доказ за сообразност

со националните и меѓународните стандарди и регулативи, со што еден претприемач се разликува од неговата конкуренција. Со оглед на тоа што акредитацијата е меѓународно признаена, се отвораат вратите во странство, исто како и оние на домашните пазари. Се поголем број на организации и во јавниот и во приватниот сектор, на домашните и странските пазари бараат акредитирано тестирање, инспекција или сертифицирање, како предуслов за учество на тендер. Користењето на услуги од акредитирани тела исто така може да придонесе за оперативна ефикасност на претприемачите и на друг начин, заштедувајќи им време и пари со намалување на бирократските процедури и помагајќи им во менаџирањето со ризици и клучните аспекти во процесот на донесување одлуки. На пример, акредитацијата може да биде употребена како основа врз која ќе се направи ефикасен и информиран избор на домашни добавувачи и да се промовира довербата во увозот од другите земји. Исто така може да демонстрира претпазливост во случај на правна постапка.


Дополнителни информации Главните настани, медиумски кампањи, работилници и семинари ќе се одржат заедно со прославата на Светскиот ден на акредитацијата во над 90 држави, со цел да се зголеми свесноста за важноста на улогата на акредитацијата во поддршката на глобалната трговија. За понатамошни детали контактирајте го вашето локално тело за акредитација.

Дополнителни информаци за ILAC договорите за взаемно признавање (MRA) и списокот на потписници може да се најдат на веб страната на ILAC http://www.ilac.org/ilacarrangement.html

Дополнителни иформации за IAF мултилатералните договори за взаемно признавање (MLA) и списокот на потписници може да се најдат на веб страната на IAF http://www.iaf.nu//articles/IAF_MEMBERS_ SIGNATORIES/4

The ILAC Secretariat

The IAF Secretariat

ИАРМ

PO Box 7507 Silverwater NSW 2128 Australia

Elva Nilsen 28 Chemin Old Chelsea Box 1811 Chelsea, Quebec Canada J9В 1А0

Васил Главинов бб блок 10, мезанин 1000 Скопје Р. Македонија

Тел: + 612 9736 8374 e-пошта: ilac@nata.com.au

Тел: + 1 (613) 454 8159 e-пошта: iaf@iaf.nu

Тел: +389 2 3293 080 Факс: +389 2 3293 089 e-пошта: info@iarm.gov.mk

www.ilac.org

www.iaf.nu

www.iarm.gov.mk

Broshura svetski den 2013 mak  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you