Broshura inspekcisko telo mak

Page 1

Меѓународна организација за акредитација на лаборатории

Зошто да станете акредитирано инспекциско тело?


Што е акредитација?

Акредитацијата на инспекциски тела е алатка за одредување на техничка компетентност, независност и непристрасност на организацијата која извршува специфични инспекциски активности. Инспекциските услуги обезбедени од вашата организација се основа за обезбедување на оперативната безбедност на многу нешта кои јавноста ги употребува во секојдневниот живот. Вашата услуга вклучува: испитување на дизајн, производ, услуга, процес или инсталација и оцена на нивната сообразност со специфичните барања. Многу типови инспекции вклучуваат и професионална оцена за сообразност со стандарди и општи услови. За да се акредитира, вашата организација мора да му демонстрира на телото за акредитација дека ја има потребната компетентност за да ги исполни наведените задачи.


Кои видови на инспекциски тела можат да бараат акредитација? Инспекциски активности кои најчесто имаат бенефит од акредитацијата се: инспекција на опрема која работи под притисок, кранови и патнички жичници, инспекција на платформи за експлоатација и производство на нафта и гас, инспекција на механичка опрема, недеструктивно тестирање, инспекција на месо, млечни производи и други прехранбени производи, био-безбедност и контрола на гранични премини и други. Акредитацијата на инспекциското тело е формално средство за демонстрација на техничката компетентност на вашето инспекциско тело за извршување на специфични типови на инспекции и со тоа им овозможува на вашите клиенти да се стекнат со доверба во квалитетот на инспекциските услуги што ќе ги добијат. Доколку размислувате да побарате акредитација за вашата инспекциска организација, првото нешто што треба да го сторите е да контактирате со телото за акредитација за да дознаете дали тоа може да го акредитира вашиот опсег на инспекциски услуги. Повеќето национални тела за акредитации можат да обезбедат целосна акредитација на: организации кои спроведуваат било каков вид инспекција; приватни или владини инспекциски тела; оддалечени теренски операции и привремени инспекциски операции; мали/микро организации или големи мулти-дисциплинарни организации.


Како да се акредитирате?

Вашата организација може да се акредитира целосно или да акредитира само дел од своите инспекциски активности. Процесот на оценување вклучува користење на технички оценувачи/експерти кои ги оценуваат специфичните типови инспекции кои се изведуваат. Критериумите на оценување се базираат врз меѓународниот стандард ISO/IEC 17020: Оцена на сообразност - барања за различни типови на тела кои спроведуваат инспекција, кој се користи за оцена на инспекциските тела ширум светот и вклучува целосна оцена на сите елементи на инспекциското тело кои придонесуваат за изработка на точни и веродостојни инспекциски извештаи, задолжително земајќи го предвид и следното: техничка компетентност на персоналот (вклучително квалификации, обука и искуство) соодветност на инспекциските методи користење на соодветна опрема (правилно калибрирана и одржувана) заштитни мерки за да се обезбеди непристрасност и доверливост кодекс на однесување и процедури за безбедна работа ефективни процедури за обезбедување на квалитет При акредитацијата на инспекциски тела се користат критериуми и процедури кои се специјално развиени за да ја одредат техничката компетентност. Техничките оценувачи/експерти спроведуваат целосна евалуација на сите фактори во работењето на инспекциското тело кои влијаат на добивањето веродостојни инспекциски резултати. На крајот на оцената, телото за акредитација на инспекциското тело му презентира детален извештај, во кој се потенцираат сите области, за кои е потребно дополнително внимание и преземање на корективни мерки, пред да се даде препорака за акредитацијата на телото. Откако ќе биде акредитирано, инспекциското тело редовно се контролира за да се обезбеди негова континуирана усогласеност со стандардите и да се провери дали стандардите на работењето се одржуваат. Сите овие фактори придонесуваат инспекциското тело да биде формално признаено како технички компетентно за извршување на специфични инспекциски активности.


Кои се придобивките од добивањето акредитација? Телата за акредитација од целиот свет, кои се оценети како компетентни од страна на колегите, имаат потпишано договор со кој се подобрува достапноста на производите и услугите преку националните граници. Целта на овој ILAC договор за взаемно признавање, е да се создаде меѓународна рамка за поддршка на меѓународната трговија преку отстранување на техничките бариери. Договорот ILAC-MRA функционира како меѓународно признат „печат за одобрување” со кој се демонстрира задоволување на договорените стандарди и барања, како и можност акредитирани инспекциски извештаи да бидат прифатени на странските пазари. Ова признание помага да се намалат трошоците на производителите и извозниците чии производи биле контролирани од страна на акредитирани инспекциски тела, со што се намалува или се елиминира потребата за нивна повторна инспекција во друга економија. Акредитацијата им помага на инспекциските тела со тоа што им овозможува да утврдат дали правилно си ја извршуваат работата и дали се придржуваат на соодветните стандарди, и претставува одредница за одржување на компетентноста. Многу инспекциски тела работат во изолација од своите конкуренти и ретко или воопшто добиваат било каква независна техничка евалуација, како мерка за изведбата на нивните активности. Акредитацијата е ефективно маркетиншко средство за инспекциските организации и виза за учество на тендери кај клиенти кои бараат независно верификувана техничка компетентност и постојани веродостојни инспекциски извештаи. Акредитацијата е високо ценета на национално и на меѓународно ниво како веродостоен индикатор за техничка компетентност. Голем број индустрии и регулатори ја специфицираат акредитацијата како услов за добавувачите на инспекциски услуги. Акредитацијата користи критериуми и процедури специјално развиени за одредување на техничка компетентност и со тоа им дава гаранција на потрошувачите дека инспекциските извештаи подготвени од инспекциското тело се точни, веродостојни и објективни. Голем број тела за акредитација објавуваат список на нивните акредитирани инспекциски тела со податоци за контакт и информации за нивните инспекциски услуги. Ова е уште едно средство за промоција на акредитираните услуги на инспекциското тело пред потенцијалните клиенти.


Меѓународна организација за акредитација на лаборатории

Каде можам да добијам повеќе информации? За повеќе информации за акредитација на инспекциско тело ќе треба да го контактирате вашето тело за акредитација признаено од ILAC. За да дознаете дали вашата економија има едно или повеќе акредитирани инспекциски тела посетете ја интернет страницата на Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC) на www.ilac.org и проверете го именикот на тела за акредитација достапен на оваа интернет страница.

Повеќе информации за ILAC ILAC е врвниот меѓународен авторитет за акредитација на лаборатории, каде членуваат тела за акредитација и придружни организации ширум светот. Неговата интернет страна www.ilac.org нуди широк спектар информации за акредитација на лаборатории како и локација/местоположба на нејзините членови ширум светот.

За повеќе информации контактирајте нè на: The ILAC Secretariat PO Box 7507 Silverwater NSW 2128 Australia Факс: +61 2 9736 8373 е-пошта: ilac@nata.com.au Веб страна: www.ilac.org

ИАРМ Васил Главинов бб блок 10, мезанин 1000 Скопје Р. Македонија Тел: +389 2 3293 080 Факс: +389 2 3293 089 e-пошта: info@iarm.gov.mk www.iarm.gov.mk

© авторски права ILAC 2012 ILAC поттикнува авторизирана репродукција на нејзините публикации, или нивни делови, од страна на организации кои сакаат да ги користат овие материјали за области поврзани со едукација, стандардизација, акредитација, добра лабораториска пракса или за цели релевантни со областа на експертиза или дејствување на ILAC. Организациите кои сакаат дозвола за репродукција на материјалите и публикациите на ILAC мора писмено да го контактираат Директорот или Секретаријатот или преку електронска пошта, како на пример, имејл. Дозволата на ILAC за репродукција на материјалите се издава за она што е наведено во оригиналното барање. Секаква варијација на официјално користење на материјалите на ILAC мора да биде претходно наведена во писмено барање до ILAC за да се изаде дополнителна дозвола.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.