Issuu on Google+

Што после колоноскопијата? Во ПЗУ Филип Втори пациентот после колоноскопијата останува уште 1,5 – 2 часа во дневна болница, се додека не биде хемодинамски и респираторно стабилен, а потоа се пушта од болницата со придружба од најблиските. Се препорачува да не се управува со моторно возило непосредно после прегледот. Можна е надуеност на стомакот поради воздух кој бил инсуфлиран во цревото за време на прегледот. По испуштање на гасови сите тегоби исчезнуваат. Генерално не е забрането јадењето по прегледот со мала можност од рестрикција во диетата, особено после полипектомијата.

С п е ц иј ал н а б олни ц а

„Филип Втори“

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ЕНДОСКОПСКИ ПРЕГЛЕД НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО КОЛОНОСКОПИЈА

КОЛОНОСКОПИЈАTA претставува метода за ендоскопското испитување на дебело црево (колон) и завршните партии на тенкото црево (терминален илеум). Претставува златен стандард за дијагностицирање на болестите на дебелото црево. Апаратот претставува високо софистициран флексибилен инструмент со должина од 130160см и пречник до 13 мм, со CCD камера. Овој се пласира низ анусот (чмарот) и овозможува слика со висока резолуција (HD) која се пренесува зголемена на монитор и на тој начин може да се видат и најситните промени, бојата или обликот на слузокожата на цревото. Во колоноскопот постои и т.н. работен канал низ кој се провлекуваат различни инструменти со кои се отстрануваат промени, се прават биопсии и се отстрануваат полипи.

Kolonoskopija Filip Vtori.indd 1

02.02.2012 13:36:41


Кога да се направи колоноскопија?

Дали колоноскопијата е болна?

Кога постојат тегоби како: појава на свежа крв во столицата, болки при празнење на цревата, зачестени празнења (проливи), изненаден запек (опстипација), лажни позиви на столица, болки во долен дел на абдомен, надувување на стомакот, наизменично појава на пролив и затвор, нејасна слабокрвност, кркорења во цревата, генетска оптовареност за рак на дебело црево.

Колоноскопијата е класифицирана во болните прегледи. Во ендоскопската амбуланта во ПЗУ Филип Втори колоноскопските прегледи и сите интервенции се изведуваат со интравенска анестезија (седација) вклучително и лекови како Fentanyl и Midazolam. Некои анестезиолози вклучуваат и SEVOFLURAN или Propofol. Ова се принципите на работа во сите модерни европски болници.

Припрема за колоноскопски преглед Припремата на пациентот е многу важна процедура и започнува 1-2 дена пред прегледот, поради потполно прочистување на дебелото црево. Подготовката подразбира различни методи на чистење вклучително диета и осмотски лаксативи (Fortrans). Пред прегледот пациентот се поставува на лева, бочна положба со свиткани нозе.

Kolonoskopija Filip Vtori.indd 2

Кои се можни компликации? Компликациите се многу ретки кога прегледот го изведува искусен лекар-специјалист. Можна е појава на лесни крвавења од местото на биопсијата или од местото на отстранување на полипот. Обично тоа се минимални крвавења и обично ретко има потреба од понатамошни следења. Многу ретка компликација е перфорација на црево за која е потребна хируршка интервенција (0,2%). Други компликации се: реакција на лековите кои се примени во тек на колоноскопијата, компликации од страна на срцето и белите дробови.

02.02.2012 13:36:45


Ендоскопски прегед на дебелото црево - колоноскопија