Issuu on Google+

ЕХОКАРДИОГРАФИЈА

Секој пациент заслужува да добие максимално квалитетна здравствена услуга и кога ќе излезе од една здравствена институција да има поставено дијагноза со одреден правец за нејзино третирање или да се констатира одлична здравствена состојба на пациентот и тој да се советува за регуларни годишни контролни прегледи.Во ПЗУ „Филип Втори“, за да се постави комплетна дијагноза на еден пациент, тој треба прво да направи амбулантски преглед во кој е вклучено: • лекарска анамнеза (историја на болеста на пациентот) • ЕКГ

Ehokardiografija Filip Vtori 2012.indd 1

• мерење на крвниот притисок, пулс и сатурација на кислород во крвта • ехокардиографија • доплер на артериски крвни садови • коронарен стрес-тест • 24-часовен ЕКГ холтер • 24-часовен НБП • лабораториски анализи (крвна слика, ензимски и липиден статус, гликемија, тироидни хормони итн.) • РТГ • 64 МСКТ • консултативни прегледи од страна на други специјалистички дејности во ПЗУ „Филип Втори“ Кај секој кардиолог, основен апарат за дијагностицирање на заболувања на срцето претставува ЕХО апаратот или ехокардиографијата. Ехокардиографијата претставува неинвазивна дијагностичка процедура за иследување и дијагностицирање на болестите на срцето и околните ткива. Оваа процедура е безболна за самиот пациент, а од него се бара: • да ја соблече гардеробата од горната половина на телото; • да легне на претходно подготвен амбулантски кревет; • да легне прво на грб, додека трае ехо-доплер испитувањето на крвните садови на вратот и нозете, а потоа да се сврти на левата страна, со левата рака под главата, а десната покрај телото, за да

07.03.2012 09:21:27


се изврши ехокардиографскиот преглед ; • да биде смирен и релаксиран за време на прегледот;

• во текот на прегледот се нанесува воден гел на кожата на пациентот (за да се добие потребниот контакт помеѓу кожата на пациентот и сондата), кој не остава траги по гардеробата. Со оваа процедура можат да се дијагностицираат и откријат голем број на срцеви заболувања и да се процени тежината на тие заболувања, за подоцна да се одлучи за понатамошен третман. Ехокардиографијата претставува само еден дел од еден кардиолошки преглед. Принципот на делување на ЕХО апаратот е преку рачна сонда од која се ослободуваат пулсни, високофреквентни звучни бранови (> 20.000 Hz), кои не се во слушното поле на човечкото уво. Овие високофреквентни пулсни бранови поминуваат низ ткивата, се рефлектираат од нив и се враќаат назад во сондата, од каде што се прикажува соодветната структура на ткивото на монитор, во форма на видео запис.

Ehokardiografija Filip Vtori 2012.indd 2

Со помош на ехокардиографијата лекарите добиваат многу важни податоци за структурата, формата и моториката на срцето. Со соодветни мерења на димензиите и со различни проекции на сондата се добива една глобална претстава за срцето како орган кој е сместен во средниот дел на градниот кош, опкружен со белите дробови и заштитен со коскените ребра и мускули на градниот кош. Сондата (трансдјусер) се поставува на соодветни места на градниот кош и од тие места се прикажуваат различни пресеци на срцето. Постојат 3 главни пресеци: • Лонгитудинален пресек: сондата се поставува во вториот меѓуребрен простор, близу до градната коска, при што, во надолжен пресек , се прикажуваат десната комора, левата комора, левата преткомора, митралната валвула и аортната валвула. • Кратка оска: сондата се поставува под стернумот и во напречен пресек се гледаат десната комора и левата комора. • Четирикоморна оска: сондата се поставува во левиот 5 меѓуребрен простор, на ниво на предната аксиларна линија, при што во надолжен пресек се гледаат левата комора, левата преткомора, десната комора и десната преткомора, митралната и трикуспидната валвула. • Петтокоморна оска: сондата се поставува во левиот 5 меѓуребрен простор, на ниво на предната аксиларна линија, при што во надолжен пресек се гледаат левата комора, левата преткомора, десната комора и десната преткомора, митралната и трикуспидната

07.03.2012 09:21:28


валвула и отворот на аортната валвула во напречен пресек (се гледа како петта комора). • Со помош на овие оски лекарот може да добие солидни информации за срцевиот мускул и срцето како орган.

Со ехокардиографијата лекарот ги добива следните информации: 1. Димензии на срцевите комори (шуплини) и големите крвни садови кои излегуваат и влегуваат во срцето: А.Големина на лева преткомора (< 40 мм) Б. Големина на десна комора (25-35 мм) В. Големина на лева комора (ЛК) - големина на ЛК во дијастола LVDD 45-50 mm - големина на ЛК во систола LVDS 25-35 mm - вкупен волумен на крв во комората за време на дијастола (EDV 80-120 ml) - вкупен волумен на крв во комората за време на систола (ESV 40-80 мл) Г. Големина на аорта асценденс (25-35 мм) Д. Големина на аркус на аорта (2030мм)

Ehokardiografija Filip Vtori 2012.indd 3

Ѓ. Големина на аорта десценденс (20-30мм) Е. Големина на вена кава инфериор (< 20 мм) Ж. Ежекциона фракција 50-70% Со посебни пресметки на горенаведените димензии се добива таканаречената ежекциона фракција.

2. Срцеви валвули (клапи): А. Аортна валвула - проток на крв низ самата валвула - позиционираност и состојба на самите залистоци на валвулата Б. Митрална валвула - проток на крв низ самата валвула - позиционираност и состојба на самите залистоци на валвулата

В. Трикуспидна валвула - проток на крв низ самата валвула - позиционираност и состојба на самите залистоци на валвулата

07.03.2012 09:21:29


Г. Пулмонална валвула - проток на крв низ самата валвула - позиционираност и состојба на самите залистоци на валвулата 3. Срцеви дефекти на меѓукоморни и меѓупреткоморни ѕидови и перзистентни артериски канали

А. Atrijalen septalen defect – претставува вродена аномалија во вид на отвор во меѓупреткоморниот ѕид и прави комуникација помеѓу левата и десната преткомора, со таканаречен лево-десен шант.

Б. Ventrikularen septalen defect – претставува вродена срцева аномалија во вид на отвор на меѓукоморниот ѕид и прави комуникација помеѓу левата и десната комора, т.н. лево-десен шант.

Ehokardiografija Filip Vtori 2012.indd 4

В. Ductus arteriosus persistens – претставува канал кој ги поврзува аркусот на аортата и пулмоналната артерија при што се мешаат артериската крв од аортата и венската крв од пулмоналната артерија. 4. Подвижност на срцевиот мускул или кинетика на срцевиот мускул - Апикален ѕид: уредна кинетика (добра подвижност), хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид); - Антериорен ѕид: уредна кинетика (добра подвижност), хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид); - Септален ѕид: уредна кинетика (добра подвижност), хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид); - Инфериорен ѕид: уредна кинетика, хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид); - Постериорен ѕид: уредна кинетика, хипокинезија (намалена подвижност) и акинезија (неподвижен ѕид).

07.03.2012 09:21:29


Ехокардиографија