Page 1

СПЕЦИЈА ЛНА БОЛНИЦА

ФИЛИП ВТОРИ

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

АНЕВРИЗМА НА АБДОМИНАЛНА АОРТА

Abdominalna aorta.indd 1

22.10.2010 11:22:35


ШТО ПРЕТС ТАВУВА АНЕВРИЗМ А Н А АБДОМИН АЛН А АОР ТА (ААА)?

Аортата е најдолгата артерија во вашето тело која ја разнесува испумпаната крв богата со кислород, надвор од, или далеку од вашето срце. Вашата аорта поминува низ вашиот граден кош каде таа се нарекува торакална аорта. Кога ќе достигне до вашиот абдомен, се нарекува абдоминална аорта. Абдоминалната аорта ја носи крвта до пониските делови на телото. Во абдоменот, веднаш под папокот, аортата се дели на две гранки, наречени илијачни артерии, кои ја носат крвта до секоја нога. Кога заслабениот дел од абдоминалната аорта ќе се прошири или набабри, тоа се нарекува аневризма на абдоминална аорта (ААА). Притисокот од дотокот на крв низ абдоминалната аорта може да предизвика заслабениот дел од аортата да набабри, толку многу како еден балон. Нормалната аорта е околу 2 сантиметри во пречник. Сепак, ААА како што се проширува, може да ја растегне аортата над нејзините безбедни граници. Аневризмите претставуваат ризик за здравјето бидејќи можат да прснат или да пукнат. Пукнатата аневризма може да предизвика внатрешно крварење, кое може да доведе до шок, дури и до смрт. Не толку често, ААА може да предизвика друг сериозен здравствен проблем наречен емболизација. Во внатрешниот дел може да се формира засирена грутка или остатоци кои патуваат низ крвните садови што водат до другите органи ви вашето тело. Доколку некој од крвните садови се блокира, може да предизвика оштра болка, или дури и многу посериозни проблеми како што е губење на екстремитетите. Секоја година, лекарите во Соединетите Американски Држави дијагностицираат приближно 200.000 лица со ААА. Од овие 200.000, доколку таа не се лекува, кај близу 15.000 лица, ААА претставува закана доволна да предизвика смрт поради нејзиното напукнување. За среќа, особено кога е рано дијагностицирана пред да ги предизвика симптомите, ААА може да се третира, дури и да се излекува со високо ефикасен и безбеден третман.

Abdominalna aorta.indd 2

22.10.2010 11:22:36


Какви се нејзините симптоми?

Во почетокот е можно да не почувствувате ниеден симптом за ААА, но ако се појават, можете да почувствувате еден или повеќе од следните симптоми: Пулсирачко чувство во абдоменот, слично на силно чукање на срце, ненадејна болка во вашиот абдомен или долниот дел на грбот. Во тој случај, можно е вашата аневризма да е блиску до напукнување. Во ретки случаи, може да почувствувте болка во вашите стопала, обезбојување, или да се појават рани на прстите или стопалата поради пролевање на материјал од аневризмата. Ако вашата аневризма прсне, може одеднаш да почувствувате слабост, гадење, или болка, и евентуално да изгубите свест. Оваа состојба претставува закана за вашиот животот и би требало веднаш да побарате медицинска помош.

Што ја предизвикува аневризмата на абдоминалната аорта?

Лекарите и истражувачите не се сосема сигурни што всушност предизвикува ААА да се создаде кај некои луѓе. Водечка мисла е дека аневризмата може да е предизвикана од воспаление на аортата, што може да допринесе нејзинит ѕид да ослабне или да пукне. Некои истражувачи веруваат дека ова воспаление може да се поврзе со атеросклерозата (исто така наречено стврднување на артериите) или со ризик факторите кои допринесуваат за атеросклероза, како високиот крвен притисок (хипертензија) и пушењето. Кај атеросклерозата, мрсните наслаги, наречени плочки, се таложат во артеријата. Со текот на времето, ова таложење, прави артеријата да се стесни, вкрути а може и да ослабне. Покрај атеросклерозата, други фактори кои може да го зголемат ризикот од ААА се: • Да се биде маж постар од 60 години • Да се има непосреден роднина, како мајка или брат, кои имале ААА • Високиот крвен притисок • Пушењето • Вашиот ризик за ААА се зголемува со годините. • ААА е почеста кај мажите отколку кај жените.

Понекогаш, при рутински преглед, вашиот лекар може да почувствува голема пулсирачка маса во вашиот абдомен. Ако вашиот лекар се посомнева дека можеби имате ААА, тој или таа може да ви препорача едно од следните испитувања за да се потврди сомневањето: • Абдоминален ултразвук • Компјутерска томографија (КТ) • Снимање со магнетна резонанца (МР)

Како се третира аневризма на абдоминална аорта?

„Watchful Waiting” - Будно чекање Ако вашата аневризма е мала, лекарот може да препорача „Watchful Waiting” , што значи дека ќе бидете прегледувани секои 6-12 месеци за да се воочат знаци на промена во големината на аневризмата. Вашиот лекар може да ви закаже редовни КТ скенирања или ултразвук за да ја следи аневризмата. Обично, овој метод се користи за аневризми помали од 5 сантиметри во пречник. Ако имате исто така и висок крвен притисок, вашиот лекар може да ви препише лекови за висок притисок за да го намали притисокот на заслабениот дел од аневризмата. Ак пушите, треба да добиете помош за да престанете со пушење. Аневризмата нема да „си отиде“ самата од себе. Од извонредна важност е да продолжите да ја следите со вашиот лекар како што е одредено бидејќи таа, со текот на времето, може да нарасне до опасна големина. Доколку не е детектирана и третирана, таа евентуално може да прсне.

Какви испитувања треба да направам?

Аневризмата на абдоминалната аорта која не пројавува никакви симптоми, најчесто се открива кога лекарот прави снимање поради други заболувања како ултразвук или КТ скенирање.

Abdominalna aorta.indd 3

22.10.2010 11:22:38


Отворен хируршки третман

Ако вашата аневризма пројавува симптоми, таа е поголема од 2 инча (приближно 5 до 5,5 сантиметри), или ако обсервирањето покажува дека се зголемува, васкуларен хирург може да препорача да се подвргнете на таканаречено отворено лекување на аневризмата. Во текот на отворена интервенција на аневризма, исто така позната како хируршки третман на аневризма, вашиот хирург прави инцизија во вашиот абдомен и го заменува заслабениот дел од вашата аорта со цевче – замена наречена аортен графт. Овој графт е направен од цврст, траен, пластичен материјал, како Dacron® , изработен специјално во големина и форма на здравата аорта. Цврстото цевче го завзема местото на заслабениот дел од вашата аорта и овозможува крвта полесно да поминува низ неа. По операцијата, можете да останете во болница 4 до 7 дена. Во зависност од вашата состојба, можеби ќе ви биде потребно 6 недели до 3 месеци за целосно закрепнување. Повеќе од 90 проценти на отворени интервенции на аневризма се успешни за долг период.

Ендоваскуларен стент графт

Наместо отворена интервенција на аневризма, вашиот васкуларен хирург може да процени дека поновата процедура, наречена ендоваскуларен стент графтинг, е подобра. Зборот ендоваскуларен означува дека третманот се врши во внатрешноста на артеријата користејќи долги, тенки цевчиња наречени катетери кои се провлекуваат низ вашите крвни садови. Оваа процедура е помалку инвазивна, односно вашиот хирург обично треба да направи минимална инцизија во делот на препоните, низ кој ќе ги провлече катетерите. Во текот на процедурата, вашиот хирург ќе користи рентген снимки на видео екран за да го усмерува изработеното метално цевче, наречено ендоваскуларен стент графт (или еднографт) до местото на аневризмата. Како графтот во отворена операција, и ендоваскуларниот стент графт исто така ја стеснува аортата. Времето за закрепнување кај ендоваскуларниот стент графтинг е обично пократко отколку кај отворената интервенција, а вашиот болнички престој може да се намали на 2 до 3 дена. Сепак, по поставувањето на ендографтот, оваа процедура бара почести следења со снимање, обично КТ скенирање, како би се осигурале дека графтот продолжува правилно да фунционира. Исто така, ендографтот бара процедури на периодични одржувања за разлика од отворената интервенција. Во надополнување, вашата аневризма можеби нема форма која е погодна за оваа процедура, и не сите пациенти, поради проширување на аневризмата, нејзина врска со реналните (бубрежни) артерии, или други причини, се кандидати за ендоваскуларен третман. Додека ендоваскуларниот стенг графтинг може да претставува добра опција за некои од пациентите кои имаа погодна аневризма и чија здравствена состоба го зголемува нивниот ризик, во други случаи, отворената интервенција на аневризмата може и понатаму да биде најдобриот начин таа да се лекува. Вашиот васкуларен хирург ќе ви помогне да одлучите кој метод е најдобар за вашиот индивидуален случај.

Abdominalna aorta.indd 4

22.10.2010 11:22:38

Аневризма на абдоминална аорта  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you