Page 1

Specijalna Bolnica

ФИЛИП ВТОРИ

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

02 / 3091- 484

141

АБП ХОЛТЕР МОНИТОРИНГ (следење на крвниот притисок) 24 - ЧАСОВЕН ХОЛТЕР ЕКГ (следење на срцевиот ритам)


Што е ЕКГ Холтер мониторинг ЕКГ Холтер-мониторинг претставува континуирано снимање на срцевиот ритам во тек на 24 часа, додека ги извршувате вашите секојдневни

активности. Се користи за детектирање на неправилниот срцев ритам и одредување на терапија.

Што можам да очекувам при поставување на апаратот Апаратот за ЕКГ холтер-мониторинг ќе ви биде наместен во амбулантата при ургентно дијагностичкиот центар “Филип Втори”. Со себе треба да ги понесете наодите од последниот интернистички преглед и листата на терапија доколку ја примате. ЕКГ холтерот се мести на тој начин што неколку мали самолепливи електроди ќе бидат ставени на градниот кош за да ги детектираат електронските сигнали на срцето и да ги пренесат до портабл рекордерот кој го носите во футрола на појасот. Тој не го снима вашиот глас, ниту било каков друг звук, освен работата на вашето срце. По

завршување на снимањето, преку електронска картичка снимените податоци се пренесуваат во компјутер каде се врши читање и анализа на резултатите. Неопходно е да водите евиденција за вашите активности: времето на физичките активности, одмор, времето на земање на терапијата (доколку земате) и сите симптоми кои ќе ги почувствувате. Покрај секојдневните активности неопходно е да направите неколку епизоди на замор во траење од 15-30 мин (одење по угорнина, брзо пешачење, качување и симнување по скали). По 24 часа се враќате назад за да се извади Холтерот и да се анализираат резултатите.


Што не треба да се прави додека се носи апаратот • • • •

не треба да се фаќаат електродите и апаратот; не треба да се туширате додека го носите холтерот; треба да го пазите од физички удар; избегнувајте кревање на голем и тежок товар и долготрајно кревање на рацете нагоре. Мобилниот телефон и компјутерот не ја попречуваат работата на холтерот

Што можам да очекувам по добивање на резултатот По добивањето на резултатот вашиот лекар ќе ги прочита и објасни резултатите и соодветно на нив ќе ја одреди терапијата и вашиот понатамошен третман.

Што е АБП мониторинг

АБП мониторинг е континуирано следење на крвниот притисок во тек на 24 часа, додека ги извршувате вашите секојдневни активности. Со него се откриваат варијации во вредностите на крвниот притисок и се дијагностицира хипертензивната болест. Тој помага препишаната терапија да се дозира според дневниот ритам и да се постигне ефикасно лекување на високиот крвен притисок, кој ако не е соодветно третиран доведува до срцеви или мозочни инфаркти, заболувања на бубрезите итн.


Што може да очекувам при поставување на апаратот Апаратот за АБП мониторинг ќе ви биде наместен во амбулантата при ургентно дијагностичкиот центар “Филип Втори”. Испланирајте го денот кога ви е закажано испитувањето да не возите автомобил на долги релации и да не вршите тешки физички работи. Апаратот се состои од манжетна која се става на вашата рака и портабл рекордер кој ги регистрира мерењата на крвниот притисок (стои во футрола на појасот). Во дневниот период мерењата се вршат на секои 30 мин, а во ноќниот период на секои 60 мин. Неуспешните мерења се повторуваат во интервал од 3 мин. Секогаш кога ќе почне мерење то, сведете ја моменталната физичка

активност на минимум, а раката на која носите манжетна нека мирува. Резултатите од мерењата нема да се прикажуваат на дисплејот. Неопходно е да водите евиденција на вашите активности и тоа: времето на физичките активности, одмор, времето на земање на терапијата ( доколку земате) и сите симптоми кои ќе ги почувствувате. Покрај секојдневните активности неопходно е да направите неколку епизоди на замор (одење по угорнина, брзо пешачење, качување и симнување по скали). По 24 часа се враќате назад за да се извади апаратот и компјутерски да се обработат податоците.

Што е потребно да знам додека го носам апаратот

Доколку апаратот почне да мери постојано, на секои 5 мин, контактирајте не на тел 02/3091-484 и консултирајте се со медицинска сестра како соодветно да постапите. Треба да внимавате да не ја движите раката на која имате манжетна и да не носите товар во неа додека трае самото мерење.

Што може да очекувам по добивањето на резултататот

По обработка на податоците, резултатот го чита лекар, кој ја одредува терапијата и вашиот понатамошен третман. Доколку е потребно, тој ќе ве упати на понатамошни испитувања.


Upatstvo za sledenje na krvniot pritisok  

Upatstvo za sledenje na krvniot pritisok

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you