Issuu on Google+

Специјална болница по хируршки болести

Аортокоронарен бајпас, зафат при стеснети коронарни артерии

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА ПАЦИЕНТОТ

Податоци за пациентот налепница

Операцијата е планирана за датум __________________

Испитувањето на срцето покажа дека кај Вас постои заболување на коронарните артерии, кое треба да се третира оперативно. Пред зафатот со Вас ќе разговара лекарката/лекарот и ќе Ве информира за неопходноста и можностите на операцијата. Вие морате да ги знаете непосредните и типичните ризици и последици од планираниот зафат, за да можете да се одлучите и да ја одобрите операцијата. Овие основни информации би требало да Ви помогнат да се подготвите за разговорот и да се документираат важните работи.

Каква функција имаат коронарните артерии?

Снабдувањето на срцевиот мускул со кислород и хранливи материи се одвива преку коронарните артерии. Човечкото срце има два главни крвни сада, кои што се расчленуваат на повеќе гранки. Тие излегуваат од главниот крвен сад (аорта) и оттаму водат кон десната и кон левата срцева комора (сл. 1). Ако дојде до стеснување на овие крвни садови, тоа влијае на снабдувањето со крв во срцевиот мускул.

Како доаѓа до стеснување на коронарните артерии? Артериосклерозата (задебелување на артериите) може да нападне повеќе артерии во телото. Фактори кои допринесуваат за настанување на ваквите промени се високиот крвен притисок, зголемени вредности на маснотии и шеќер во крвта како и пушењето. Стресот и прекумерната телесна тежина исто така можат да играат значајна улога. Ако се нападнати коронарните артерии (коронарно срцево заболување), тоа доведува до задебе-лување на ѕидот на артериите, може да дојде до стеснување на садот, па се до потполно зачепување. Срцевите болки (Ангина пекторис = чувство на стегање во градите) се чести знаци на намалено снабдување на срцевиот мускул; крајна последица е изумирање на срцевата мускулатура (срцев инфаркт). Често, ова резултира во лузна на тоа место. Во овој предел може да дојде до растегнување на срцевиот ѕид (анеуризма). Во зависност од положбата на инфарктот може и некоја срцева валвула да биде онеспособена за затворање. Генерално, намаленото снабдување со крв на срцевиот мускул може да предизвика намалена способност за пумпање како и нарушувања на ритамот на срцето, опасни по живот.

Кои други можности за лекување постојат?

За подобрување на снабдувањето со крв на срцето постојат различни методи: ► давање на лекови. ► отстранување на стеснетите места со растегнување со балон-катетер (балон-дилатација) и евентуално стабилизирање, со помош на стент. ► отстранување на стеснетото ткиво со помош на специјален срцев катетер или ласерски . После разгледување на сите можности, во Вашиот случај, најпогодна метода на лекување е операција на премостување (бајпас). Blok vo desna koronarna arterija

Regija vo srceto kade nema dotok na krv

испитувањето на срцето покажа дека кај Вас постои заболување на коронарните артерии, кое треба да се третира оперативно. Пред зафатот со Вас ќе разговара лекарката/лекарот и ќе Ве информира за неопходноста и можностите на операцијата. Вие морате да ги знаете непосредните и типичните ризици и последици од планираниот зафат, за да можете да се одлучите и да ја одобрите операцијата. Овие основни информации би требало да Ви помогнат да се подготвите за разговорот и да се документираат важните работи.


Како ќе се изведе операцијата?

Дали може да се очекува Операцијата се изведува во потполна наркоза. За трансфузија на крв?

деталите и посебните ризици на наркозата ќе Ве информира посебно анестезиологот. За да се ослободи срцето се разделува градната коска по должина. Срцето привремено се става во состојба на мирување, а крвотокот се одржува со помош на машина за вонтелесна циркулација која ја превзема работата на пумпање на срцето и функцијата на белите дробови, така што ја снабдува крвта со кислород и го извлекува јаглерод диоксидот. Принципот на операција се состои во вградување на заобиколен крвоток околу стеснетото место (бајпас). За таа цел постојат две технички можности: Употреба на артерија: една не толку важна артерија се одделува од задната страна на градниот ѕид и нејзиниот крај се поврзува со коронарната артерија. Поретко, се употре-буваат артерии од стомачниот ѕид, стомачната празнина, или раката. Употреба на вена: една не толку важна вена се зема од ногата (или ретко од раката) и се вградува помеѓу главната артерија и заболената коронарна артерија (сл. 2). Bajpas so Vnatre{no Mamarnata Arterija Bajpas so Radijalna Arterija

Bajpas so Vena Safena

Mesta koi se zapu{eni

Генерално, двете можности се комбинираат според потреба, бидејќи најчесто е потребно за време на истата операција да се премостат повеќе стеснети садови. Неочекувано, може за време на операцијата да бидат потребни и други зафати, кои што не можат да се предвидат. Кога не постои друг избор, ние мораме да претпоставиме дека Вие се согласувате со дополнителните мерки. Инаку, операцијата би требало да биде прекината, за да можеме повторно да разговараме со Вас. Тогаш би биле потребни нови подготовки и уште една наркоза. Со тоа, лекувањето би се одолковлекла и ризикот нешто да се случи се зголемува. Ова може под одредени околности да биде опасно по живот за Вас. Ако во Вашиот случај, се очекуваат дополнителни мерки, како на пр. отстранување на анеуризма или замена на една срцева валвула, Вашиот лекар ќе ве информира за тоа во текот на разговорот. На крајот од зафатот, градната коска се затвора со помош на жичани или пластични копчи. Пред затворањето на раната се ставаат дренажи (црева од пластика), за да се извлекува секретот од раната неколку дена.

При операција со машина за вонтелесна циркулација неопходно е да се обезбедат резерви на крв. Преку пренесување на крв или крвни продукти може во крајно ретки случаи да дојде до инфекции, на пр. со хепатитвируси или екстремно ретко со ХИВ. Прашајте го Вашиот лекар, дали обезбедувањето на сопствена крв е потребна.

Општи опасности на оперативните зафати

Ризикот при лекарските зафати зависи од конституцијата на телото и претходните оштетувања. За да може да се препознаат можните извори на опасност, Ве молиме да ги одговорите следниве прашања: 1. Дали се познати кај Вас нарушувања на метаболизмот (на пр. шеќерна болест) или на важните органи (бубрези, црн дроб, бели дробови, штитна жлезда, нервен систем)? не да Ако да, кои?_________________________________ 2. Дали страдате од инфективна болест (на пр. хепатит, СИДА)? не да 3. Дали имате забележано алергии / неподносливост (на пр. спрема фластер, латекс, лекови, храна, средства за анестезија)? не да 4. Дали при претходните операции или повреди (лекување на заби) дошло до засилено крварење? не да Дали имаше потреба од трансфузија на крв? не да Како го поднесовте тоа?______________________ __________________________________________ 5. Дали кај раните порано доаѓало до гноење, долготрајно зараснување, абсцеси, цисти, изразени лузни? не да 6. Дали дошло до создавање / откачување на згрутчена крв (тромбоза, емболија)? не да 7. Дали земате редовно лекови (на пр. средства за срце, болки, средства против згрутчување на крвта како Маркумар или Аспирин, хормони)? не да Ако да, кои?________________________________ Ве молиме предадете ги лековите! 8. Дали пушите цигари? не да Ако да, колку на ден? ________________________ 9. Пиете ли алкохол? не да Ако да, што и колку на ден?___________________ __________________________________________ 10. Жени на репродуктивна возраст: Дали може да сте бремени? не да


Дали може да настапат компликации?

И покрај најголемо внимание може, за време и по операцијата, да настапат компликации, кои најчесто веднаш се препознаваат и се третираат. Ризикот од повреди (на пр. на крвните садови или нервите) е зголемен кај несекојдневни анатомски услови и кај големи сраснатини. Поради потребната положба на телото за време на операцијата може да дојде до оштетувања на меките ткива (кожа, нерви), кои што најчесто исчезнуваат за неколку недели и многу ретко оставаат трајни последици (на пр. чувство на утрнатост, па се до одземеност). После операцијата, ќе имате извесно време помош при дишење и ќе бидете набљудувани на одделението за интензивна нега. Во поединечни случаи може да настапат нарушувања, кои може да бидат и опасни по живот. Треба да се споменат: • Слабост на крвотокот, која не може да се совлада со медикаменти и бара вклучување на механички системи за поддршка; • Рано затворање на некој бајпас со евентуална потреба за повторна операција; • Настапување на инфаркт непосредно по операцијата; • Одземеност (преодна или исто така трајна) на рацете и/или нозете (на пр. како последица од недоволна снабденост на ткивото со крв); • Оштетувања на мозокот (последица: пречки во говорот и движењето) како последица од недоволна снабденост на ткивото со крв после пречки во крвотокот/емболија; • Тромбоза, емболија (создавање на згрутчувања на крвта и затворање на некој сад поради нивно откачување); • Крварења на местата на шиење, модрици на местата на земање на крв од вена; • Гноење и подолго заздравување на раните на кожата; • Аритмии на срцето, кои бараат давање на дополнителни медикаменти или вградување на пејсмејкер; • Изливи во плеура и/или во пер��кардот, кои некогаш мора да се дренираат; • Зарипнатост (ретко проблеми со дишењето) при одземеност на гласните жици; • Забрзано дишење поради одземеност на дијафрагмата. Може да бидат потребни понатамошни операции, на пр. повторно отворање на градниот кош заради запирање на крварењето, стабилизирање на нестабилната градна коска, коректура на лузната од козметички аспект, или подоцна повторен зафат на коронарните садови.

Какви се шансите за успех?

Ризикот при една плански подготвена бајпас операција е низок. Шансите да се подобри снабденоста на срцето со крв и неговата издржливост, и со тоа да се намалат Вашите тегоби, се доста добри. Бидејќи ос-

новната болест на крвните садови (артериосклероза) има склоност кон напредување, траен успех е можен само доколку строго ги почитувате основните начела на пост-оперативната нега. Посебно треба да се настојува да трајно се отстранат сите фактори на ризик.

Прашања кон информативниот разговор:

Во информативниот разговор би требало да прашате за се она што Ви се чини важно или се уште нејасно, на пр.: • Колку е итна операцијата? • Дали постојат посебни лични ризици, кои не се споменати во информативната документација? • Дали постојат други можности за лекување? • Колку е голем потребниот рез? • Кои мерки (на пр. централен венски катетер, инфузии, вшприцувања, медикаменти, замена на крв) се потребни при подготовката или за време на операцијата? Дали тука може да се очекуваат компликации? • Дали може да се очекува проширување на планираниот зафат за време на операцијата? • Колку долго трае болничкото лекување?

Ве молиме прашајте пред отпуштањето:

• Кога треба да се извадат конците/копчите? • Кога може да се туширате или капете? • Дали е потребна промена на стилот на живеење? • Дали е потребна специјална исхрана? • Колку долго треба да се почитува телесното мирување/поштеда? • Дали треба да се земаат медикаменти? Кои и колку долго? __________________________ ____________________________________________ • Кога можете повторно да почнете со работа? • Дали се потребни контролни испитувања? Кога и каде? ________________________________ ____________________________________________

Лекарски забелешки за информативниот разговор

(на пр. индивидуални ризици и со нив поврзани можни компликации, посебни прашања од пациентот, споредни зафати, понатамошни мерки, можни последици во случај на одбивање/одложување на операцијата, ограничување на согласноста за операција, на пр. во поглед на трансфузија) __________________________________________ __________________________________________ __________________________________________ __________________________________________


Аортокоронарен бајпас