Page 1

Дали прегледот може да му наштети на вашето здравје Овој преглед нема јонизирачко зрачење ниту, пак, може да предизвика трајни штетни последици по здравјето на човекот. Можно е да почувствувате некои несакани ефекти од процедурата: • почесто мокрење, печење при мокрењето; • непријатност во скротумот- мошниците; • крв или кафеава пребоеност на спермата што може да потрае 30-90 денови. Сите наведени компликации се транзиторни и занемарливи.

С п е ц и ј ал н а б ол н и ц а

„Филип Втори“

Тел: +389 2 3091- 484 www.cardiosurgery.com.mk

ТРАНСРЕКТАЛЕН УЛТРАЗВУК И БИОПСИЈА НА ПРОСТАТА

Кои се придобивките од овој начин на преглед Единствен начин за намалување на смртноста од рак на простата е неговото рано откривање. Успех во лекувањето се постигнува само доколку заболувањето е откриено во почетните стадиуми на болеста, кога клинички е без симптоматологија. Класичните хируршки интервенции - радикална простатектомија, со која во целост се вади простатата заедно со нејзината капсула, е лекување од избор во раните стадиуми на болеста. Не само што постои софистицираност во дијагностички рамки, туку трансректалниот преглед и биопсијата на простатата е единствната пропишана процедура (според упатствата на Европската асоцијација за урологија) со која може да се докаже ракот на простатата.

ПРОСТАТАТА е жлезда во машкиот генитален систем која учествува во формирањето на ејакулатот - семената течност. Низ неа поминува дел од уретрата - каналот низ кој поминува урината и спермата. Простатата се наоѓа пред ректумот дебелото црево, а под бешиката. Во задолжителните систематски прегледи e индициран и прегледот на простатата кој опфаќа дигиторектален преглед на простатата, трансректален ултразвук на простатата и одредување на вредноста на туморскиот маркер - ПСА. 201a


Кога треба да се направи редовен преглед на простатата Секој маж над 50-годишна возраст еднаш годишно треба да го посети матичниот уролог, за контрола на простатата, за рано откривање на бенигни и малигни промени на жлездата. Дотолку повеќе што карциномот на простатата е едно од водечките малигни заболувања кај машката популација.

Техника на изведување на прегледот: Се користи ултразвук - ехо, со т.н. ендоректална сонда којашто пред прегледот се покрива со гел и кондом, а потоа со неа се влегува во ректумот, на околу 2 см. Сондата генерира ултразвучни бранови преку кои се добива слика на вашата простата на екран. Преку таа слика се добива информација за големината, формата, структурата, ограниченоста, тежината на простатата, како и можните патолошки промени во ткивото кои можат да имаат малигни карактеристики. Само на овој начин може да се добијат потребните информации за состојбата на простатата, додека ехо-прегледот на простатата преку стомакот (трансабдоменален ултразвук на простата) има бројни недостатоци, т.е. може да се одреди исклучиво само големината и тежината на простатата.

Биопсија на простатата

Биопсија се прави во случај да постои сомневање за рак на простатата и со цел да се исклучи или докаже таквото сомневање, а се изведува со земање на ситни парчиња на ткиво од простатата. Доколку земате антикоагулантна терапија аспирин или други препарати, тоа треба да му го кажете на урологот. Самата процедура се изведува со истата опрема, со тоа што се користи и игла за биопсија која се монтира на опишаната сонда. Со боцкање на простатата, во моментот додека иглата поминува низ простатата, лекарот зема дел од ткивото на простатата. Потоа, тој примерок се испраќа кај патолог кој го анализира и поставува дијагноза. За резултатите од испитувањето ќе ве информира вашиот уролог.


Transrektlen ultrazvuk  

Transrektlen ultrazvuk

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you