Page 1

ВЕСНИК ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

2.3.2012

Година I,

www.medium.edu.mk

1

Бр. 11

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

ЗА АЕДНИЧК КИ ПР Р1ОIЕбр. КТ 11 НА ВИСОКА ВИСОКАТ ВИСОКАТА ИСОКА СОКАТА Ш ШКОЛА КОЛА ОЛА З ОЛ ЗА НОВИНАРСТВО О И АРСТВО РСТВО И З ЗА О ОДНОСИ ОДНОС ОДНО ОД Д СО Ј С ЈАВНОСТА И НА „НОВА ЈА А МАКЕДОНИЈА Д А“ 2.3.2012 I година


2

НИЗ ХОДНИЦИТЕ Александра ТЕМЕНУГОВА координатор на „Медиум“

ВО КРУШЕВО СЕ ИЗГРАДИ

ХУМАНИ ЗА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА

НОВ СНЕЖЕН ГРАД

„ЕДНО ЛЕТО“

Е

ве ги првите 365 дена, или 8.760 часа, или 525.600 мину ти, во кои идејата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на „Нова Македонија“ е дел од медиумската сцена. Освен кратката пауза за летниот распуст, „Медиум“ редовно стигнува до вас средношколците, секогаш со различни и интересни содржини. Во ова „едно лето“ со гордост можеме да кажеме дека вашиот „Медиум“ ја постигна првичната цел: допревме до вас, до новинарските секции, до вашите училишта. Но уште поважно, заслугата не е наша, туку – ваша. Видовме дека сакате да пишувате, да читате, да фотографирате, да се изразувате. Затоа „Медиум“ е весник на средношколците, на тинејџерите, а сакаат да го читаат и наставниците. Токму поради овие елементи успешно се најдовме. Во последниве 12 месеци имаше многу работа. Прво, за да ви ја претставиме идејата. Посетивме многу училишта, исконтактиравме со многу професори, педагози, директори и ученици за да ја направиме големата средношколска редакција достојна на својата задача. За неколку месеци следуваше уште пообемна работа: како да го одржиме контактот со сите вас. Се испраќаа стотици мејлови, фотографии, интервјуа, написи за средношколски активности. Се објавуваше она што во моментот беше „ин“, „топ“, „кул“... Селекцијата за осумте печатени страници беше тешка, но протекции немаше. Она што не се отпечати се најде на средношколската веб-страница. Верувам дека имавме и пропусти, бидејќи некаде не стигнавме навремено да одговориме. Но не лу тете ни се. „Медиум“ продолжува да живее со уште поголема енергија и динамика за да ја поттикнува креативноста кај младите. Ќе ја прошируваме редакцијата и тука сме отворени да соработуваме со сите што се гледаат во „Медиум“. Се подготвува нов дизајн на стариот средношколски сајт www.medium.edu.mk, кој ќе биде зборно место на тинејџерите со склоност кон мултимедијално изразување, на новинарските секции, на професорите. Се планираат проекти за средношколци, нови натпревари, конкурси, меѓународни активности во рамките на Светската асоцијација на весници и Мрежата на млади читатели. Но за сето ова дозволете ни да ве информираме преку наредните изданија на „Медиум“. Нека се множат.

АНАСТАСИЈА ДИМИТРИЕВСКА I-1, СУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје

С

помен-куќата на поплегендата Тодор Проески, стара крушевска куќа и тврдината околу столбот на Крушевската Република го збогатија снежниот град во центарот на Крушево. Големите количества снег помогнаа да се израбо-

тат неколку снежни фигури, кои ги фасцинираа многу те туристи во градот. Снежниот град го изработија средношколците од училиштата „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево, „Ванчо Питошески“ од Охрид, „Јосиф Јосифоски“ од Гевгелија и „Добри

Даскалов“ од Кавадарци. За сите нив, крушевските ученици, како добри домаќини, обезбедија 30 литри топол чај. Оваа соработка меѓу училиштата постои долго време и е во рамките на проектните активности од одржлив развој на туризмот.

ХОРОТ НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ВООДУШЕВУВА СО РИТАМОТ И СО ПЕСНАТА ТЕА СТОЈКОВСКА II 2, СУГС „Орце Николов“ Скопје

Х

орот на средното училиште,,Орце Николов“ од Скопје имаше свој музички настап на завршната манифестација со која се заокружи шестгодишниот проект на УСАИД за подобрување на образованието. Гостите на настанот, меѓу кои имаше ученици, наставници и претставници на Министерството за образование и на американската амбасада, на нозе ги поздравија хористите и речиси пееја со нив, воодушевени од ритамот и од песната на најголемиот хор од Македонија. УСАИД го заокружи шестгoдишниот проект за подобрување на квалитетот на македонското образование преку инвестирање во подобрена настава, училишта и вештини кај учениците, за тие да одговорат подобро на пазарот на трудот во земјава.

КАВАДАРЕЧКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ИМ ПОМАГААТ НА СВОИТЕ СОГРАЃАНИ МОНИКА ПЕТКОВСКА СОУ „Добри Даскалот“, Кавадарци

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Ж

ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Уредник на „Медиум“: Александра Теменугова, тел. 02/ 30 90 004 Технички уредник: Љубен Димановски Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска, Кристина Јовановска Маркетинг: Марија Георгиевска, тел. 02/ 5511723 www.medium.edu.mk E-mail: medium@medium.edu.mk

С

ФАНИ АНГЕЛЕСКА Втора година во „Наум Наумовски Борче“ Крушево

редношколците од скопската гимназија „Браќа Миладиновци“ го прославија Денот на љубовта и на виното и ја покажаа својата хуманост на дело. Од училиштето велат дека првпат, на настанот „Подари љубов“, ученици од различни етнички заедници работеа и славеа заедно. Учениците-членови на младинската организација изработија црвени картички со форма на срце на кои беа напишани љубовни пораки. Големи хамери со форма на срце беа прикачени на паното во училиштето на кое учениците, а и професорите, се потпишуваа и запишуваа љубовни пораки. Средствата што беа собрани на настанот учениците ќе ги донираат во хуманитарни цели.

АНГЕЛ ДИМИТРИЕВСКИ Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“

У

чениците од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци ја покажаа својата хуманост во неколку акции. Тие најпрво му помогнаа на осумчленото семејството на Беким Сејфулов, во кое има шест малолетни деца, и обезбедија храна и топла облека. Потоа организираа хуманитарна акција за собирање стари алишта под мотото „За доблест без мана покажи ја твојата хумана страна“. За само неколку дена беа собрани голем број алишта и им беа предадени на семејствата на кои им се неопходни. Младите ентузијасти успешно реализираа и акцијата за собирање парични средства за операција во Словенија на 27-годишниот Дејан Ангелов од Неготино, кој боледува од тешка болест. Освен тоа, учениците им помагаат на стари и снеможени лица, со нивна посета и донирање храна и лекови, а на Денот на вљубените тие ги посетија децата со посебни потреби во Дневниот центар и им подарија цеде-плеер и училиштен прибор.

СЕ БАРААТ УЧИЛИШТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ПРОЕКТИ

А

кадемијата за европски средни училишта (ACES) почнува нов проект за прекугранични училишни партнерства, а училиштата во Македонија се поканети да бидат меѓу учесниците од 15 земји. Училиштата се повикуваат да ги поттикнат учениците да ги анализираат содржините со кои се соочуваат во медиумите и да направат и да дистрибуираат сопствени медиумски производи. Средните училишта може да најдат партнерско училиште со кое заедно ќе учествуваат на проектот, на сајтот www.aces.or.at. Меѓународно жири ќе ги избере најдобрите проекти, а победниците ќе добијат финансиски средства, поддршка во текот на спроведувањето на проектите, а ќе имаат можност и да учествуваат на состаноците на ACES.

УСПЕХ или ЗНАЕЊЕ?

ивееме во време на голем број општествени промени, притисоци и поттикнувања. Сакаме да се избориме да стигнеме до она што ни е приоритет, да бидеме спомнати, да се слушне за нашето име и крајно да бидеме успешни во едно нешто што нас ќе нè исполни. Гледано низ призмата на еден средношколец, имаме еден и единствен приоритет што се однесува до училиштето. Не, тоа не е да бидеме поуспешни во она што сме се одлучиле да го учиме, туку да ја добиеме дипломата на крај онака „светкава“, исполнета со петки, кои не секогаш ќе ни го отворат патот кон посакуваниот факултет. Ниту јас не сум исклучок, се борам за успех, за „светкавата диплома“, за која сè помалку верувам дека ќе ми ја отвори онаа врата на која јас сакам да тропнам. Остануваат прашањето и мистеријата за големата улога што порано, но не и сега, ја имаше завршеното средно образование. И денес во голем број многу успешни држави оваа група на граѓани со завршено средно образование претставува движечка сила на

едни од најголемите фабрики. Уште од времето на античките филозофи се вели дека добриот состав треба да има почеток, средина и крај. Кога се гради една куќа се ставаат темелите, ѕидовите, па дури на крајот покривот. Едно мало дете постојано од лебот ја бара средината, затоа што е највкусна. Тоа е она што нам ни фали, средината, ѕидот што ќе го држи овој дом. Наместо да ја зацврстиме средината, односно да се имаат доволно шанси оние со завршено средно образование некаде да просперираат, се прави нешто сосема различно. Речиси 95 проценти од средношколците заминуваат да студираат на некои од факултетите, принудени од ситуацијата што нималку не е добра. И на крајот ќе завршам со нешто што го прочитав сосема случајно и ме испровоцира да ја зачнам оваа тема: „Нема да ме изненади ако некогаш, кога ќе заминам на очен лекар да се пожалам на левото око, ме вратат со образложение дека лекарот е специјалист само за десно, и тоа за десно зелено, а не за десно кафеаво око“.

2.3.2012 I Година 1 I Бр. 11


3

ЈУБИЛЕЈ

Изминатата година во рубриката „Фаца на месецот“ секој месец читавте за познатите личности, дознававте што е актуелно кај нив, понекоја пикантерија од нивниот приватен живот и за нивните убави и лоши спомени од средношколските денови. Редакцијата на „Медиум“ реши во овој роденденски број за фаци на месецот да ги прогласи сите оние што изминатите 12 месеци учествуваа во подготовката на содржините на весникот – средношколци, професори, студенти на Високата школа. За жал, на оваа страница нема доволно простор за сите вас, па затоа издвоивме само неколку впечатоци. Меѓутоа веруваме дека и вие ги споделувате истите импресии.

ФАЦИ НА МЕСЕЦОТ веав како еден непознат свет за мене во почетокот. Подоцна видов дека тоа е само место преку кое можам да си го искажам мислењето, да го покажам талентот и да стекнам нови пријатели, нови искуства што подоцна ќе се рефлектираат на мојата личност, социјализација и едукација во општеството. Можноста да запознаеш личности што ги гледаш во секојдневието, таканаречените јавни личности, ми покажа дека тие се едноставни и обични луѓе и дека всушност само масовната комуникација ја менува сликата за нив.

за училишниот весник. Тој беше ѕиден и никогаш не дознав дали некој воопшто ме чита, но ете сега го имаме „Медиум“ – средношколски весник што стигнува до сите краишта низ Македонија. Затоа ви препорачувам: искажете го својот став, раскажете ја својата приказна, споделете фотографии... Ние студентите од Високата школа и вие средношколците го градиме „Медиум“. Ајде да бидеме креативни и заедно да славиме уште многу родендени.

на своето време. „Медиум“ ќе ги памети. „Медиум“ ќе продолжи да открива и да пишува една нова историја за средношколците на новото време. АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ, студент на Високата школа

ПАВЛИНА БУЦЕВСКА, средношколка ЈАСНА АНАСТАСОВА, студентка на Високата школа МАРКО ПЕТРЕСКИ, студент на Високата школа

Ви благодариме на сите за вашиот придонес во „Медиум“. ЕМИЛИЈА ПЕТРЕСКА, средношколка

Да се пишува, а никој да не ти кажува што да пишуваш е нешто што секој писател и новинар го бара. Овде, во „Медиум“, токму тоа можат да го пронајдат љубителите на пишувањето. Пишувајќи, сите ние ги искажуваме нашите гледања на сенешто, без влијание на некој друг. Она што треба да се бара секогаш се вистината и брзината. Колку е веста повистинита и посовремена, толку е и поквалитетна. Но што можам да кажам повеќе јас. Вие сами го согледувате тоа читајќи. Единствено што можам да кажам е „Среќен роденден ’Медиум’ и да ти се множат годините, страниците и читателите”.

АНГЕЛ ДИМИТРИЕВСКИ, средношколец

Ние, Јасна и Марко, работиме од самиот почеток на средношколскиот весник „Медиум“. Ова искуство ни овозможува да се усовршуваме како новинари. Она што го одвојува овој весник од другите е токму тоа што е за средношколци и е единствен во Македонија од ваков тип. Весникот нуди постојано актуелни информации што ги засегаат средношколците, нуди забава, конкурси и ги доближува и запознава учениците од сите градови. Се трудиме секој месец да допреме до младите и да ги истражиме темите за кои тие размислуваат. Покрај тоа, отворени сме за соработка со средношколците, кои досега успешно ни испраќаа вести, подготвуваа интервјуа, пишуваа свои ставови и предлагаа теми за истражување. МАРИНА ЛОТЕСКА, професорка

САШКА ЦИБИШЕВА, средношколка

Гледајќи на реалната страна, средношколците не се оние што секојдневно прелистуваат весник за да се информираат за политика, инвестиции, промени во здравството... Но „Медиум“ како проект наменет исклучиво за оваа возраст успеа да изгради цврста врска помеѓу тинејџерите и весникот. Оваа врска стана цврста токму поради интересните содржини во весникот што се привлечни за учениците. Преку „Медиум“ една година се информиравме за тоа каде ќе се забавуваме за викендот, каде може да отпатуваме за симболични 100 евра, дознавме за приватниот живот на многу познати личности... „Медиум“ успеа да го „уништи“ стереотипот дека весниците се здодевни. СА РА ЛОКВЕНЕЦ, средношколка

ЅВЕЗДИЦА АЛЕКСОСКА, средношколка

ТАМАРА ЌУПЕВА, професорка

Весникот „Медиум“ ни дава можност нам, на средношколците, да го искажеме јавно нашиот став за одредено нешто и да бидеме слушнати. Пишувајќи за „Медиум“, добив подлога во новинарството и ги научив основните правила како треба да изгледа еден новинарски текст, а тоа многу ми помогна на приватен план. Се запознав со новинарството како професија и стекнав убаво искуство. МАЈА КУЗМА НОВСКА, студентка на Високата школа

Никогаш не би помислила дека ќе работам за еден весник како што е „Медиум“, но и тоа го искусив и го дожи-

За списанието „Медиум“ како заеднички проект на „Нова Македонија“ и на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста можам да кажам едно големо „браво“. За нас средношколците отвора простор многу да дознаеме, по нешто да кажеме, да се искажеме, да се запознаеме. Лично мојата соработка со „Медиум“ ми донесе две награди, многу задоволство и радост. Им препорачувам на сите средношколци да го читаат, во него да ја покажат својата креативност, да се забавуваат и сами да ги откријат можностите што ни ги отвора „Медиум“.

Убави искуства, нови пријатели и запознавање со актуелни личности од македонската јавност – е она што го добив од соработката со „Медиум“. Одличен проект, кој не само на студентите на Високата школа туку и на сите средношколци во Македонија им дава можност за дружење и проект преку кој можеме да почнеме со сложување на сложувалката за нашата новинарска кариера. Читајте, но и пишувајте и соработувајте со „Медиум“ за заеднички да врежеме низа професионални авантури и да запалиме уште многу, многу роденденски свеќички.

Како средношколка мојата потреба за пишување ја задоволував пишувајќи

Интересна година за сите што сме дел од „Медиум“. Од број во број, запознавме интересни и успешни средношколци, поттикнавме многу од нив да се запознаат со новинарските вештини и, како резултат на сета таа меѓусебна соработка, направивме одличен весник. Нека ни е честит роденденот, со желба „Медиум“ да продолжи да информира, образова и забавува.

Една година „Медиум“, една година нови и поинакви средношколци, кои ни даваа секојдневна инспирација за еден поинаков весник. Објективен, произведен од секојдневието во училиштата низ Македонија, запишан од критичките, различните, објективните, креативните, бунтовните – од најдобрите, кои преку своите запишани редови станаа лидери на својата генерација. „Медиум“ е искуство што им даде шанса на младите да мислат и да дејствуваат за „отворено училиште“, за поквалитетно образование, за нови општествени стандарди. Тие ги отворија сите затворени и неодговорени прашања – за учениците, за наставниците, за семејството, за пријателството... За животот, воопшто. Сретнав многу нови лица, кои со својот однос кон реалноста дефинитивно стануваат препознатливи ликови

Ми се допаѓа „Медиум“ затоа што спојува четири генерации во едно. Тоа е место каде што сите можат да го поделат своето мислење со другите и во исто време да дознаат некои новости, да добиваат награди... Односно, да се забавуваат. Им го препорачувам „Медиум“ на сите средношколци бидејќи знам дека секој ќе се пронајде во него. ИВА ПЕТРОСКА, средношколка „Медиум“ им го препорачувам на сите средношколци поради сите информации што се достапни, лесната достапност до весникот и, пред сè, поради изобилството од корисни и интересни информации што го интересираат секој средношколец со отворени хоризонти. „Медиум” ни овозможува да се релаксираме, слободно да се изразиме и ни дава шанса преку многубројните интервјуа да стекнеме искуство како да станеме добри новинари. Имавме прекрасна година со овој весник, се надевам ќе има уште многу јубилеи и понатаму. Дечки, читајте „Медиум”.

БЛИЦ ВЕСТИ СМЕЈТЕ СЕ СЕКОЈ ДЕН! Смеењето ве прави привлечни Насмевката на лицето може да ја скрие исцрпеноста, ако сме под стрес или сме преморени. Со тоа што повеќе се смеете, го подобрувате вашиот изглед. Покрај тоа, мускулите што ги користиме кога се смееме го подигнуваат лицето,

2.3.2012 I година 1 I бр. 11

па така личноста што се смее изгледа помладо.

се смеете и изгледате среќно.

Смеењето ослободува од стрес Стресот навистина може да се одрази на вашето лице. Смеењето може да го измами вашето тело и да помогне да го промените расположението. Вие ќе бидете изненадени колку е тешко да останете под стрес додека

Насмевката е добра за вашето здравје Секој пат кога ќе се насмевнете, функцијата на имунолошкиот систем се подобрува, бидејќи се релаксирате, и на тој начин помага да се спречи настинката. Насмевката го намалува и крвниот притисок.

ИВА ПЕТРОСКА, СУГС „Георги Димитров“


4

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР - ФЕВРУАРИ КРИСТИНА БОБОЛКОВА

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

КРУШАТА ПОД КРУША ПАЃА

М

ајка ми е „тинејџер“. Секое утро се буди во шест часот и веднаш по испиената чаша свежо цеден портокал се качува на орбитрекот и вози цели триесет мину ти. Вози, вози сè додека не дојде време да се измие, облече и нашминка, па да тргне на работа. Татко ми е како во раните 1980-ти. Ќе стане во седум часот ќе го пушти радиото и слушајќи понекоја вест и понекоја мелодија што го потсетува на неговото време подигрува по малку и се подготвува гризејќи препечен леб и маргарин. И тој ќе оди на работа ама многу ми е чуден, ниту се брза, ниту пак се грижи дали ќе задоцни. Јас, пак, сè уште сум средно, трета година. Понекогаш мислам, кога ги гледам вака моите родители, дека не сакам да тргнам по нивните патеки. Таа, мајка ми, е лекар по општа медицина, татко ми, пак, работи во пошта. Кога бев мала моите роднини постојано ми велеа дека треба да ја заменам мама кога ќе пораснам, дека треба да студирам медицина. Ми велеа така потврдувајќи со онаа народната „крушата под круша паѓа“. Бев мала и не можев да ја разберам оваа фраза. Денес ми е јасно дека тоа е само симболика на животот, дека синот оди по таткото, а ќерката по мајката. О, тешкото, тешко го живееме ние Македонците животот кога се огледуваме на традицијата, а не на разумот. Па зарем никој не видел дека резултатот на една индивидуа не се темели врз придобивките од родителот, туку од способноста колку може да постигнеме во една дејност и колку сме талентирани за тоа. А желбата? Желбата на младите некогаш и не се почитува, па затоа имаме промашени генерации со неелоквентни професори, неедуцирани службеници и нервозни лекари. Моето презиме било „звучно“, па требало да ја продолжам традицијата на зачувување на семејното име за да имам висок статус во општеството. Ама не! Мојата иднина не е моето презиме, туку работата и желбата што сакам да ја остварам без влијание на родителите, без реперкусии врз мојата животна определба. Ми здодеа веќе од насоки што само ме оддалечуваат од мојот вистински пат, ми здодеа да го креирам мојот ден онака како што вели некој друг, затоа ќе продолжам да го учам она што го избрав - туризмот, а средношколските клупи ќе ги заменам со факултет што ќе ми отвори можност да се надградам на ова поле затоа што мислам дека развојот на мојот град се движи поткрепен од потенцијалите што ги има: бањски, зимски и казино-туризам. А, ако мислите дека ова го правам од инает, сте погрешиле, претходно кажав дека секоја

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ОД КОМИСИЈАТА Текст со свежи идеи и со интересен ироничен стил на согледување на состојбите во општеството на кои им требаат промени. Анализата на современиот живот е дадена врз призма на еден аспект – професионалната ориентација на младиот човек. Зрелоста на авторот е очигледна – тој одбрал преку секојдневен, дијалошки стил да се обрати до врсниците, за да упати апел и да повика на промени на застоените навики од минатото. Членови на комисијата: Тамара Ќупева, Драгица Панова, Марина Лотеска, професорки по македонски јазик во гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ од Скопје, и Дејан Андонов од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ Студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

ДИМИТАР АНДОНОВСКИ, ПЕЈАЧ ДИМИТА

ДА М МОЖЕВ, ЌЕ СПИЕВ Н УЧИЛИШТЕ НА

МЕДИУМ: Што прави Димитар во моментов? ДИМИТАР: Премногу сум ангажиран околу мојот прв албум. Станува збор за производ што е работен долго време, со многу љубов и посветеност. Ќе биде албум со квалитетна музика благодарение на мојот композитор и продуцент Лазар Цветковски. Најавувам многу интересни соработки со блиски колеги од македонската естрада, но не откривам за кого станува збор. Често патувам низ градовите и гостувам по локалните дискотеки низ Македонија заедно со мојот бенд. Едноставно, уживам во тоа што го правам затоа што тоа сум јас, музиката е мојот живот. МЕДИУМ: На што се сеќаваш од средношколските денови? ДИМИТАР: Бев темпераментен и ќе останам таков човек. Многу спомени ме врзуваат со средното музичко училиште. Да можев, ќе спиев во тоа школо. Меѓу моите омилени професори беа Пеце Митревски, Вилма Костова, Зоран Манев и Ванчо Стоилков. Се сеќавам дека во тинејџерските денови сите живеевме во некој свој филм. Секогаш покрај мене била сестра ми, која отсекогаш се грижела за мене и на моменти се однесувала како да ми е мајка. Но секој сака да има сестра како мојата, особено кога и двајцата работите уметност, а тоа нè спојува уште повеќе.

МАЈА АНДОНОВСКА, АКТЕРКА

СЛЕДЕТЕ ГО ВАШЕТО СРЦЕ, ТОА НАЈДОБРО ЗНАЕ ШТО САКА!

индивидуа се гради според своите квалитети и способности, а не според предците, кои можеби и грешат. Ако било досега, лекарите да ги прават синовите лекари, директорите директори, тогаш кој крал во Македонија ќе го направи својот син крал. Нели никој од нив не се родил со педигре!?

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ

Е

кипата на „Медиум“ ѝ додели мобилен телефон и пакет книги на матурантката Емилија Петреска од неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Ученичката ја доби наградата за нејзиниот текст „Каде на факс: На приватен или на државен?“, кој беше избран како најдобар на јануарскиот конкурс „Најдобар млад новинар“. Иако Петреска ја очекувала нашата посета на училиштето, сепак не успеала да го открие изненадувањето што ѝ го приредивме на една од средбите на новинарската секција. Во училницата беше пречекана со аплауз од нејзините соученици. „Им порачувам на сите средношколци да пишуваат за конкурсот. Бидете отворени во текстовите и напишете го тоа за што разговарате со другите. Добро е да употребите и понекој збор од дијалектот, заради малку хумор, зашто на читателите тоа им се допаѓа“, им порача Петреска на соучениците. Тоа го напиша и комисијата во образложението - дека со доза на промислен хумор, текстот на лесен начин продира до срцевината на денешницата, кога младите се ставени на крстосница – приватен или државен факултет.

МЕДИУМ: Дел си од многу театарски проекти: комедии, трагедии, современи драми, кабаре-претстави. Те видовме и во народните приказни на ТВ Сител. Што претставува за тебе магијата на актерската професија? MАЈА: Театарската магија за мене е како глад, кој со годините се зголемува. Секој театарски проект е како патување во непознат правец. Со театарските проекти растев, се радував, се заљубував, сонував будна, си играв со животот и смртта и открив дека соништата се исполнуваат. Ако се обидам да кажам само една реченица, тоа би била следнава: Театарот е мојот најголема зависност. Инаку, 2011 година ја заокружив со 103 изиграни театарски претстави и околу 15 снимени епизоди од „Народните приказни“. МЕДИУМ: Што би им советувала на сите средношколци што сонуваат да станат актери? MАЈА: Има многу млади деца, претежно средношколци, од мојот град што подготвуваат аматерски претстави и ме бараат за совет. Јас им ги посетувам претставите и им ги давам мојата поддршка и совети, затоа што и јас така почнав, како средношколка што живее за еден ден да игра на штиците што живот значат. Па така, мислам дека најголемиот совет што можам да му го дадам некому, без разлика дали сака да стане актер или да одбере некоја друга професија, е: Следете го Вашето срце, тоа најдобро знае што сака!

2.3.2012 I Година 1 I Бр. 11


5

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА ЈАСНА АТАНАСОВА и МАРКО ПЕТРЕВСКИ

ИЗБОР Повеќемина сметаат дека државните факултети ќе им понудат поквалитетно знаење применливо во иднина и подобар кадар на професори. Додека, пак, за приватните факултети велат дека имаат подобри услови за учење и поголеми шанси за вработување.

С

е ближи матурата. Полека почнуваат подготовките за свечената вечер, како и за полагање на државната матура. Веројатно повеќето матуранти веќе се имаат одлучено за професија. Но тука се јавува дилемата на кој факултет да се запишеме, на државен или на приватен. Според анкетата што „Медиум“ ја спроведе меѓу средношколци, тие сметаат дека државните факултети ќе им понудат поквалитетно знаење применливо во иднина и подобар кадар на професори. Додека за приватните факултети велат дека имаат подобри услови за учење и поголеми шанси за вработување. Кристијан Јунузовски, од скопското средно училиште „Георги Димитров“, смета дека државните факултети се подобри од приватните. „Мислам дека има пореален систем на оценување и вистинско знаење што ќе се примени понатаму. Во последно време се вложува во државните факултети, се отвораат нови и се подобруваат условите за работа“, вели тој. За разлика од него, Валентина Алаѓова од струмичката гимназија „Јане Сандански“ образованието на приватните факултети го става пред тоа на државните. „Мислам дека на приватните факултети е подобро зашто имаат поврзаност со индустријата и по студиите може полесно да се најде работно место“, вели таа. Изминатата година стручен тим од шангајскиот универзитет „Џао Тонг“ работеше на рангирање на квалитетот на 19 високообразовни институции во земјава. Според нивната листа, државните универзитети сè уште се пред приватните. Рангирањето опфаќа анализа на научноистражувачката дејност на научниот кадар, процентот на професорите со повисоко звање и колку од студентите нашле работа по дипломирањето. Ненад Новковски, поранешниот министер за образование, вели дека и државните и приватните факултети имаат свои предности. „Државните се повеќе теоретски настроени. Тука студентите можат да го продлабочат своето знаење за некоја област. Приватните се повеќе практично ориентирани, и со помалку труд може да се завршат студиите“, вели тој. Новковски, за Радио Слободна Европа, има кажано дека државата нема ист третман кон државните и приватните универзитети. Тој го оправдува тоа, бидејќи „тие имаат различна улога во системот и не се работи за слободна конкуренција“, но смета дека треба односот да биде правичен. Од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста велат дека студирањето на овој факултет овозможува студентите да најдат професионален ангажман уште за време на студиите. Раководителот на наставна програма Дејан Андонов смета дека одличната соработка на факултетот со индустријата се должи на студиските програми во кои се применуваат меѓународни академски стандарди и кои се базираат на потребите на индустријата.

2.3.2012 I година 1 I бр. 11

Студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

НА ДРЖАВЕН ИЛИ НА ПРИВАТЕН ФАКУЛТЕТ?

ВИСОКАТА ШКОЛА Е МЕЃУ 10-ТЕ НАЈДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ФАКУЛТЕТИ „Студентите учат преку многу практика и работа на терен, од предавачи што доаѓаат директно од практиката и стажираат во медиуми, компании и во институции. Наставата се одвива во мали групи и во технички опремени предавалници за практична работа. Гаранција за високите академски стандарди е тоа што при Високата школа е основана Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање. Меѓународната соработка

овозможува и студентите да поминат еден семестар во САД, Холандија и во Данска и да се стекнат со додаток на диплома од странски универзитети“, вели Андонов. И државните и приватните факултети имаат свои предности и недостатоци. Во Македонија има избор за студирање од најразлични области, а изборот останува на матурантите каде ќе го продолжат своето идно образование.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста e на деветтото место, според рангирањето што го спроведе Министерството за образование и наука. На листата на високите образовни школи, Високата школа е второрангирана. Високата школа е најмлада високообразовна установа, која е акредитирана само пред четири години. Местото меѓу првите десет е резултат на квалитетот и иновативноста на студиските програми и на дополнителните активности што школата ги спроведува во наставната програма, на меѓународните проекти, истражувачката дејност, како и на поврзаноста со индустријата - медиумите и секторот за односи со јавноста.


6

ВОЛОНТЕР ОД АМЕРИКА ГИ ПОДУЧУВА НОВИНАРСТВО СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД НЕГОТИНО

НИЕ ИСПРАШУВАМЕ ЕМИЛИЈА ПЕТРЕСКА IV година, СОУ „Св. Кирил и Методиј”, Неготино Дипломираниот новинар Остин Фаст, освен што го пренесува своето искуство во неготинската гимназија „Свети Кирил и Методиј“, задоволен е што запознал некои од идните новинари во Македонија

А

мериканскиот волонтер Остин Фаст од Охајо на младите во Неготино им помага во изучувањето на новинарството и на англискиот јазик. Откако еднаш бил во Македони-

ја како турист, посакал повторно да се врати во земјата, но овој пат да оформи клуб на млади новинари и да волонтира. Фаст дипломирал новинарство и сега предава во средното училиште „Св. Кирил и Методиј” од Неготино. Тој вели дека е задоволен со младите новинари и го восхитуваат нивната посветеност и енергија за изработка на училишното списание. „На секоја средба подготвувам некои активности и предавања за некој дел од новинарството, без разлика дали станува збор за фотографија, пишување, правење интервју, работење со програмите за компју терски дизајн, новинарска етика итн. Се трудам да наоѓам интересни активности така што учениците може да уживаат додека учат нешто ново. Tука сум само како советник – сето тоа што го имаме е направено од самите ученици и нивната иницијатива“, вели Фаст. Тој вели дека во Америка волонтерството е важна вредност што ja учат

уште како млади. Дури бил ученик во средно училиште со другарите оделе во домови за стари лица за да им помогнат на луѓето. Тој дошол во Македонија преку мисијата Мировен корпус, која овозможува млади луѓе да волонтираат надвор од нивните земји. „Тоа беше долг процес, со пишување есеи и интервјуа. Не знаев дека ќе дојдам во Македонија, но им кажав дека сакав да дојдам во Источна Европа. Кога стигна писмото од Мировниот корпус во кое пишуваше дека ќе дојдам во Македонија бев многу среќен, бидејќи сакав да правам нешто различно со мојот живот“, раскажува американскиот волонтер. Остин Фаст вели дека во Македонија секоја есен доаѓаат околу 40 нови волонтери што се испраќаат во различни градови во Македонија. Тој, освен што го пренесува своето искуство, задоволен е што научил повеќе за културата во Македонија и што запознал дел од идните новинари во земјата.

ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „НАЈКУЛ ПРОФЕСОР“ ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ

К

ога и часовите за наставата се скратени поради студеното време, професорката по англиски јазик Менче Зафирова не очекуваше дека на нејзиниот час атмосферата ќе ја згрее едно пријатно изненадување. Екипата на „Медиум“ ненајавено се прикраде за време на часот, за да ѝ ја додели дипломата за најкул професор за јануари. Професорката остана речиси без здив кога средношколците од неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“ ја пречекаа со громогласен аплауз и ги кренаа весниците „Медиум“. „Чувството е супер, зашто најголемата награда доаѓа од учениците. Тие најдобро знаат да проценат како изгле-

ИЗБРАН НАЈКУЛ ПРОФЕСОР ЗА МЕСЕЦ

КОНКУРС за

НАЈДОБАР МЛАД НОВИНАР 1. Напиши еден или повеќе оригинални текстови на следниве теми: •

Дали секојпат целта ги оправдува средствата? Дозволени ли се сите средства за остварување на целите; до каде се етичките граници на човекот во борбата да успее; дали важи изреката „успех по секоја цена“? Униформи за професорите Има ли врска надворешниот изглед на наставниците со квалитетот на наставата; ако толку се инсистира на униформи кај учениците, дали треба тоа да се примени и кај професорите? Еден ден без техника Може ли да издржи човек во денешно време еден ден без мобилен, Интернет, компјутер, телевизија, радио? Колку техниката ни дава, а колку ни зема, дали таа не е еден од виновниците за отуѓувањето на луѓето еден од друг?

февруари

да еден час. Навистина е предизвик да се работи со деца. Секој ден е различен, не можете да очекувате едно исто. Тие се еликсир на младоста. Покрај нив, и јас научив многу, особено за новите технологии. Значи заемно учиме и си помагаме“, изјави Зафирова преку насмевка. Таа смета дека од карактеристиките наведени во дипломата за најкул професор, неа најмногу ѝ прилегаат правична и забавна. „Медиум“ секој месец му ја доделува наградата „најкул професор“ на професорот што ќе освои најмногу гласови на онлајн-анкетата на средношколскиот веб www.medium.edu.mk.

ВАСИЛКА ДИНЕВА

В

асилка Динева, професорка во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, е НАЈКУЛ ПРОФЕСОР за февруари. Според анкетата на веб-страницата www.medium.edu.mk, Динева доби најмногу гласови од учениците, според кои таа ја заслужува оваа почесна награда. „Како професорка дели голема амбициозност и ентузијазам, нè гледа како необработени дијаманти и нè длаби до совршенство. Предава одлично, разбирливо и успева да нè поттикне на критичко размислување. Предавањата се премногу мотивирачки, знае да го задржи нашето внимание и има пријатна атмосфера на часот. Поседува авторитет, но сепак знае да се постави со нас учениците. Професорка со која можеме да разговараме за сè. Секогаш позитивна и насмеана“, се дел од коментарите во анкетата за најкул професор. Меѓу фаворитите за февруари беа и Натали Трајковска, професорка во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, професорот Љупчо Целески од скопското средно училиште „Марија Кири Склодовска“ и Соња Фиданова од струмичката гимназија „Јане Сандански“.

КАДЕ БЕВМЕ?

МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ТИКВЕШИЈАТА – ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНСКАТА И НА КАВАДАРЕЧКАТА ГИМНАЗИЈА

2. Освоj награда: Секој месец награда: мобилен телефон Само за матуранти: две целосни стипендии за студирање новинарство на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во академската 2012/2013 година 3. Право на учество имаат сите средношколци од I до IV година 4. Критериуми за избор: Оригинален текст во кој ќе ги препознаеме вашиот став и критичкото размислување за темата за која пишувате, начинот на кој ја разработувате и вашиот стил на изразување. Должина на текстот: од 40 до 50 реда, потпишан со име и презиме, училиште и година, град и контакт-телефон. Рок за испраќање на првиот месечен конкурс е 22 март 2011 година, на е-адресата: medium@medium.edu.mk 5. Изборна комисија Комисијата е составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и од професори од средни училишта. 6. Наградениот текст ќе биде објавен во печатеното месечно издание на „Медиум“, а другите текстови од потесниот избор на www.medium.edu.mk 7. Контакт: Дејан Андонов 02/3090-004, medium@medium.edu.mk

Д

али е вистина дека неготинчани и кавадарчани не се обожаваат најмногу, зашто овие два града постојано се натпреваруваат да докажат кој е подобар? „Медиум“ ги посети за да го фрли врелиот костен, овој пат меѓу средношколците од неготинската и кавадаречката гимназија. Во средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино бевме да ги награди-

ме најдобриот млад новинар и најкул професорот, што се случува првпат да ги доделиме во исто училиште истовремено. Но веднаш продолживме и во кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“, за и нив да ги предизвикаме да пишуваат и да се вклучат во редакцијата на „Медиум“. Екипата на весникот се сретна со новинарските, литературните и драмските

секции во двете училишта. Ако судиме по големата посетеност на средбите, може да се надеваме на ривалски текстови за „хероите од нивните улици“, за професорите што ќе ги „испрашуваат“, за конкурсот за најдобар млад новинар... Сите училишта што се заинтересирани за соработка може да ни пишат на medium@medium.edu.mk.

2.3.2012 I Година 1 I Бр. 11


7 ХРИСТИНА АЛАЃОЗОВСКА и ХРИСТИЈАН АЛАЃОЗОВСКИ

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

ИВАН МИТЕВСКИ

СО МИРНА ГЛАВА НА МЕЃУНАРОДНА С

ОЛИМПИЈАДА „Почни уште денеска ако сакаш да успееш утре“ е мотото на средношколецот Иван Митевски од Гевгелија. Љубовта кон физиката му создаде страст да се натпреварува и да добива успеси, но и да се изгради како личност.

НАШ ПРЕДЛОГ

редношколецот Иван Митевски од гевгелиското училиште „Јосиф Јосифовски“ ужива во решавањето задачи по физика. Иако на многумина можеби ова ќе им биде чудно, тој вели дека за него тие претставуваат „заробени“ загатки што сакаат да бидат „ослободени“. „Брзо напредував и одев на натпревари каде што добивав солидни резултати. Најважното што го научив е дека за да постигнеме успех не треба секогаш премногу да работиме, туку потребно е само подлабоко да размислиме за она малку што сме го сработиле“, вели Митевски. Тој секоја година учествува на натпреварите по физика и по математика и речиси секогаш освојува едно од првите три места. Поради постигнатиот успех во натпреварите по физика на републичко ниво, Друштвото на физичари на Македонија го избра Митевски да ја претставува нашата земја на Меѓународната олимпијада по физика во Тајланд минатата година. „Еднаш се разочарав од моите очекувања. Кикснав, доживеав мал неуспех, а длабоко во себе бев уверен дека можам повеќе. Затоа не се откажав од натпреварите, туку се посветив малку повеќе на физиката, која ми донесе и многу повеќе од очекуваното. Најголема благодарност од натпреварите не се наградите и успехот, туку пронаоѓањето на себеси како личност и градењето цврст натпреварувачки дух“, смета Митевски. Тој вели дека ќе продолжи да се натпреварува и бори, и тоа не само на натпреварите, туку во целиот негов живот.

КАДЕ ЗА

ГЕВГЕЛИЈА

100 ЕВРА

ВО МАКЕДОНСКИОТ ЛАС ВЕГАС ПЕТАР ЈАНЧЕВ И СОФИЈА ДОЈРАНЛИЕВА Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија

А

Добра журка, Негорски Бањи, скијање на Кожув. Сето тоа го нуди Гевгелија, градот што го нарекуваат македонскиот Лас Вегас.

ко сте љубители на природата, вкусната храна и добрата журка, поминете еден викенд во Гевгелија. Добра шанса студената зима да ја поминете во Негорски Бањи и вашиот ден да го посветите на здравјето, одморот и рекреацијата. Комплексот се наоѓа во подножјето на планината Кожув, меѓу богата и ретка јасенова шума,

2.3.2012 I година 1 I бр. 11

која формира природен парк. Ви предлагаме да го посетите скијачкиот центар Кожув, планинското одморалиште со прекрасни терени за скијање и исклучителна флора и фауна, но и место каде што може да уживате во единствените медитерански мириси измешани со алпската клима. Следната дестинација нека ви биде Смрдлива Вода. Таму ќе ви-

дите „гол човек“, единствено зимзелено дрво што двапати во годината ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора. Преку ден не пропуштајте ја гурманската храна. Навечер магијата на светлосните ефекти и ритамот на музиката во дискотеките, грандиозните хотели, салоните за убавина и сауна-центрите му го даваат на градот епитетот Лас Вегас.


Paparaco

ТИКЕР 8

ВИСОКАТА ШКОЛА Е МЕЃУ 10-ТЕ НАЈДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ФАКУЛТЕТИ Високата школа за новинарство и за односи со јавноста e на деветтото место, според рангирањето што го спроведе Министерството за образование и наука. На листата на високите образовни школи, Високата школа е второрангирана. Високата школа е најмлада високообразовна установа, која е акредитирана само пред четири години. Местото меѓу првите десет е резултат на квалитетот и иновативноста на студиските програми и на дополнителните активности што школата ги спроведува во наставната програма, на меѓународните проекти, истражувачката дејност, како и на поврзаноста со индустријата - медиумите и секторот за односи со јавноста. „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕШ СТИПЕНДИЈА Високата школа во текот на март ќе почне да го реализира конкурсот за доделување стипендии „Изрази се преку медиумите“. Преку конкурсот, неколку национални медиуми и компании доделуваат целосни стипендии за студирање на Високата школа. Конкурсот ќе се презентира во училиштата во повеќе градови во Македонија и, пред сè, е наменет за матурантите што имаат афинитети и желба да студираат во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста. Матурантите треба да конкурираат со текст, фотографија или со видеоснимка на тема што ќе биде објавена со конкурсот.

ЕКО-ПАТРОЛА

МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА СЕ ПРОШИРУВА СО УНИВЕРЗИТЕТ ОД САД Високата школа и универзитетот „Западна Каролина“ од САД ќе соработуваат во развојот на студиските програми. Двете високообразовни институции потпишаа договор со кој се предвидуваат можности за студиска размена и за заеднички студии, истражувања и обуки. Примарната цел на договорот е да се воспостават програми за размена на студенти и професори, на академски и истражувачки информации, како и други образовни активности од заеднички интерес. ВИСОКАТА ШКОЛА И ОПШТИНАТА КАРПОШ ЌЕ СОРАБОТУВААТ Високата школа и општината Карпош потпишаа меморандум за соработка, кој предвидува размена на искуства и практики во наставата, во истражувачки, промотивни и продукциски проекти. Студентите ќе можат да ја реализираат практиката и да учествуваат во настани што ги организира општината, но и да го црпат искуството од општинските претставници што ќе бидат поканети како гости-предавачи во наставата. Високата школа досега има потпишано меморандуми за соработка со околу 50 медиуми, компании, државни институции, општини и универзитети од државата. ПОЧНУВААТ ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ ЗА МЕНАЏМЕНТ ВО МЕДИУМИТЕ И ВО СТРАТЕГИСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ Високата школа во март ќе почне со реализирање на првите постдипломски студии за менаџирање медиуми и мултимедија и за менаџирање стратегиски комуникации во Македонија. Студиските програми се реализираат во рамките на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање. Студиските програми се креирани во соработка со професори од универзитети од Холандија, Данска и од Велика Британија, а некои од предметите ќе ги предаваат професори од странство преку развиена веб-платформа за „учење од далечина“.

САРА ЛОКВЕНЕЦ СУГС „Георги Димитров” - Скопје

М

арт е познат како месецот на жената, па ајде да почнеме со тоа. По тој повод, во Домот на АРМ, на 4 март ќе се одржи концерт на КУД „Кочо Рацин”. На истата локација, Македонската филхармонија организира повеќе настани. На 15 март, „Лауреати“ со диригентот Пол Мејер од Франција и со солистот Алексеј Горлач, пијано од Русија, ја нудат својата програма од Лудвиг ван Бетовен. На 22 март, „Виртуози“ под диригентство на Борјан Цанев и солистот Готје Капусон од Франција, виолончело, ќе понудат дела од Сергеј Прокопиев. На 29 март во АРМ се предвидени „Денови на македонската музика”.

Каде вечер?

За сите оние што не можеа да набават карти за премиерата, овој пат на 3 март во Универзална сала имаат фантастична можност да се насмеат до солзи со феноменалната комедија „Ни срам, ни перде“ на Сашо Тасевски. Цената на билетите е 250 денари. На 17 март во хотелот „Александар палас“ се случува добро познатиот „Виенски бал“. Ќе има богата програма до доцните часови, а ќе се заврши со модна ревија на студиото „Кокев-Кадриу“ и лотарија. Цената на билетите со шведска маса и пијалаци е од 450 до 1.500 денари за студенти. И за крај, како јаготка на шлагот, на претпоследниот ден од овој месец, во киното „Милениум“ е закажана премиерата на новото филмско остварување „Скопје ремикс“. Филмот што претставува омнибус посветен на „градот на кому му е потребен римејк” ќе се прикажува до 19 април, а потоа ќе биде префрлен на репертоарот на киното „Фросина“.

2.3.2012 I Година 1 I Бр. 11

MEDIUM  

School of Journalism and Public Relation

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you