Page 1

ГРАД СКОПЈЕ QYTETI I SHKUPIT

ПРЕКИНИ ГО МОЛКОТ, ОСЛОБОДИ СЕ ОД НАСИЛСТВОТО Овој проект е овозможен со грант од програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC


ПРВ СЕМЕЕН ЦЕНТАР ВО ГРАД СКОПЈЕ – ПСЦ на Град Скопје ШТО ПРЕТСТАВУВА ЦЕНТАРОТ? Центарот претставува прво специјализирано советувалиште кое нуди психосоцијална поддршка и третман на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело семејно насилство. Услугите ги нуди професионален тим од психотерапевти кој низ психосоцијален третман базиран врз соодветна техника на психотераписка работа ги зајакнува поединечно сите членови од семејството.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ОБРАТИ ВО СОВЕТУВАЛИШТЕТО?

Социјалниот работник во центарот, во текот на целото работно време, врши прием на клиенти и закажува средби со психотерапевтите.

Во центарот може да се обрати секој којшто чувствува дека во неговото семејство постои ризик од насилство, бил жртва или сторител на насилство во рамките на семејството.

Доколку имате потреба од: - советување и поддршка од социјален работник или - советување и поддршка од психотерапевт

Корисници на центарот можат да бидат и лица препратени од Центар за социјална работа и Здруженија на граѓани кои работат на семејно насилство Советувалиштето работи секој работен ден, од понеделник до петок.

контактирајте нe на: тел. 02 321 5 905, е-адреса: infopsc@hera.org.mk или директно во просториите на центарот на улица „29 Ноември“ бр. 51, Скопје (на уличката кај Вучко, позади Универзална сала).

Прв семеен центар [македонски]  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you