Issuu on Google+

Политика и протокол за вработените и волонтерите кои живеат со ХИВ на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А

Вовед Х.Е.Р.А. со воведувањето на оваа посебна политика во пракса ги потенцира своите суштински вредности кои се засноваат на почитување, промовирање и застапување за човековите права. Ова е прв документ што го разработува ова прашање и со него сакаме да ги подржиме лицата кои живеат со ХИВ во остварувањето на своето право да бидат вработени како и сите останати, не само во рамки на нашето Здружение туку воопшто во Македонија. Затоа ќе се заложиме оваа политика да биде широко прифатена од граѓанските организациии, приватниот сектор и државните институции. Цел а) Сите вработени во Х.Е.Р.А се сеопфатно информирани и едуцирани за ХИВ/СИДА и создаваат подржувачка и поттикнувачка работна атмосфера за лицата кои живеат со ХИВ. 1 (GIPA принцип) б) Х.Е.Р.А. ќе ги елиминира предрасудите и стереотипите, односно стигмата и дискриминацијата на работното место, а во однос на ХИВ статусот или во однос на ранливоста од ХИВ. Опсег Оваа политика и наведените протоколи се однесуваат на сите вработени во Здружението.

1

GIPA принцип: Greater Involvement of People Living with HIV/AIDS

1


I.Доверливост и обелоденување а) Вработените во Здружението не се должни да го обелоденат својот ХИВ статус пред раководителите или колегите б) Х.Е.Р.А. ќе обезбеди доверлива атмосфера во која вработените можат отворено да зборуваат за ХИВ/СИДА и нивните ХИВ/СИДА животни искуства. в) Ако вработениот го обелодени својот или ХИВ статусот на своите блиски оваа информација ќе биде чувана во доверливост според условите според кои е споделена. Ако постои нејаснотија пред понатамошното споделување на информацијата вработениот што ја споделил мора да биде консултиран. г) Секоја информација поврзана со ХИВ статусот на некој од вработените или волонтерите која е во сознание на раководителите на Здружението ќе се чува во доверливост и нема да се споделува без одобрение на засегнатата индивидуа. д)Секоја ХИВ/СИДА информација поврзана со вработените и волонтерите, нивните штитеници или кандидатите за вработување ќе се чува во строга доверливост ѓ) Доверливоста за ХИВ/СИДА информациите мора внимателно да се одржува од сите вработени. Секое прекршување на овој протокол од страна на вработен во Х.Е.Р.А. ќе се смета за причина за раскинување на договорот. е)Х.Е.Р.А. номинира лица кому членовите, волонтерите и вработените, ќе можат да го обелоденат својот ХИВ/СИДА статус, при што овие лица ќе го договорат начинот со засегнатата индивидуа на кој таа информација ќе се чува или споделува. Во име на Извршниот комитет оваа функција ќе врши Милена Стефановиќ, а во име на вработените Драшко Костовски. ж) Х.Е.Р.А. ја препознава и ја поддржува извонредната улога, храброста и придонесот на сите вработени и волонтери кои со обелоденувањето на својот ХИВ/СИДА статус посветено влегуваат во активна борба со сите предизвици поврзани со ХИВ/СИДА во земјата и пошироко.

2


II. Жигосување и дискриминирање а) Согласно Член 6 од Законот за работните односи сите вработени ќе бидат третирани подеднакво без разлика на возраст, инвалидитет, род, одговорност кон домот и семејството, брачен /партнерски статус, националност, раса, религија и сексуална ориентација. б)Х.Е.Р.А. не смее да ги дискриминира вработените врз база на моментален или претпоставен ХИВ/СИДА статус в) Лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, а кои се способни за работат, нема да бидат исклучени од процесот на вработување. Ниту пак ќе бидат прескокнати при унапредување, развој и обука, или било која можност која ќе им се отвори со текот на работата. г) Секоја дискриминација на вработен кој живее со ХИВ/СИДА од страна на друг вработен нема да биде толерирана. Под дискриминација се подразбира се од озборување и ширење на гласини за ХИВ статусот на колегата до одбивање на соработка со колега кој живее со ХИВ/СИДА. Ваквото однесување ќе се смета за сериозно прекршување на правилата за работното место и ќе биде причина за дисциплински мерки, па дури и за раскинување на договорот за работа. III. Образование и обуки а) Х.Е.Р.А. ќе обезбеди обука и пристап до информации за ХИВ/СИДА за сите вработени и сите оние кои ќе бидат вработени. Обезбедувањето на нови информации за сите вработени на организиран начин ќе се остварува најмалку 2 пати годишно. Новите вработени ќе мораат да поминат низ еднодневен курс за ХИВ/СИДА. б) Обуката на вработените и оние кои ќе бидат вработени ќе ги покрие следниве теми: основни ХИВ/СИДА информации, превенција, раководење со ХИВ/СИДА протоколи при ХИВ инфекција, универзални упатства за претпазливост, правни и морални прашања, род и сексуалност, жигосување и дискриминирање, лекување, грижа и поддршка. Присуството на овие обуки ќе биде задолжително.

3


б) Х.Е.Р.А. ги поттикнува сите вработени да се самообрзуваат и да бараат нови информации за ХИВ/СИДА, при што Здружението ќе обезбеди пристап до соодветни пишани и дигитални материјали. в)Вработените имаат пристап до бесплатни кондоми кои се наоѓаат на пристапно место во секоја од канцелариите на Здружението. IV.Доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА, континуирано советување и лекување а) Х.Е.Р.А. нема да бара задолжително и недоброволно тестирање за ХИВ/СИДА од своите вработени. Тестирањето или откривањето на ХИВ статусот нема да биде услов ниту за вработување ниту пак услов при унапредување. Недоброволното тестирање може да биде побарано од вработените во случај на издавање на странска виза. Во овој случај вработените самостојно ќе донесат одлука дали ќе прифатат недоброволно тестирање. б)Х.Е.Р.А. ќе ги поттикне вработените да ги користат сервисите за доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА како и останатите сервиси за сексуално и репродуктивно здравје. Вработените можат да ги користат следниве сервиси кои се бесплатни и работат на принципот на доброволност и доверливост: - Советувалиште за ХИВ/СИДА Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Ул. 50 Дивизија, бр 6, 1000 Скопје тел: 02/3 147 752 Бесплатна СОС линија за ХИВ/СИДА и Сескуално преносливи инфекции 0800 33-444 13.00 – 21.00 часот Теренско советување и тестирање за ХИВ Тел: 0800 33-444

4


Младински центри за сексуално и репродуктивно здравје “Сакам да знам“ •

„Сакам да знам – Водно“

Амбуланта Водно Елисије Поповски бр.2 Тел: 02/3 176 950 •

“Сакам да знам – Шуто Оризари“

Амбуланта Шуто Оризари б.б. Тел: 02/2 651 955 V.Поддршка за вработените кои живеат или се засегнати со ХИВ/СИДА а) Сите одредби од Правилник за работното место во однос на боледување, одмор и отсуство од работното место ќе важат за сите вработени вклучувајќи ги оние кои живеат или се засегнати со ХИВ/СИДА б)Во одредени случаи, по проценка на Зружените, да речеме при отсуство поради болест лицата кои живеат со ХИВ/СИДА ќе имаат привилегии в)лицата кои се засегнати со ХИВ/СИДА, односно имаат некои од нивните блиски или штитеници кој живее со ХИВ/СИДА, ќе имаат на располагање дополнителни 8 платени дена отсуство г) Лицата кои живеат или се засегнати со ХИВ/СИДА ќе треба да го откријат својот статус на номинираното лице од вработените за овие посебни одредби да влезат во функција VI Посебни одредби а)ХИВ/СИДА може да предизвика неработоспособност под што се подразбира неможност за остварување на работните задачи на некој или сите работените задачи

5


б)Во овој случај Х.Е.Р.А. ќе се направи посебни прилагодувања за лицата кои ќе бидат неработоспособни поради ХИВ/СИДА в)претставникот за контакт со вработените кои живеат или се засегнати со ХИВ/СИДА, задно со уште едно вработено лице ќе направат проценка за работните капацитети на индивидуата за која станува збор г)Врз основа на проценката Х.Е.Р.А. ќе обезбеди: -флексибилно работно време -дополнителни часови за одмор -од останатите вработени ќе номинира помошник д)во случај да вработениот не во состојба да ја извршува својата работа Х.Е.Р.А. се обврзува да му најде соодветна замена на работната позиција во Здружението, закоја ако е потребно ќе обезбеди и дополнителна обука VII Поднесување на жалба а) При поднесување на жалба која е поврзана со ХИВ/СИДА статусот на ваботениот ќе се почитуваат сите одредби дефинирани во Член 38 од Правилникот за работното место б) Х.Е.Р.А. ја гарантира доверливоста во текот на целата постапка VIII Безбедност на работното место a) Х.Е.Р.А. ќе обезбеди колку што возможно побезбедна работна средина за сите вработени како што е дефинирано во Член 44 од Правилникот за работното место, при тоа ќе се преземат мерки за намалување на ризиците за лицата кои живеат со ХИВ/СИДА б)Ако дојде до изложеност и контакт со ХИВ на работното место Х.Е.Р.А. ќе го упати вработеното лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за третман со ПЕП (постекспозициона профилакса)

6


VIII Редовен преглед и обновување на овој документ а) Документот на годишна основа ќе биде разгледуван од страна на номинираните лица за контакт од Извршниот комитет и вработените, како и одговорното лице на одделот за ДДТС б)Документот ќе биде преработуван со нови податоци од легислативата, добрата пракса и регулативи на Здружението в) Извршниот директор ќе биде одговорен за спроведување на овој документ

7


Политика и протокол на вработените кои што живеат со ХИВ/СИДА