Page 1

ГРАД СКОПЈЕ

QYTETI I SHKUPI

Покана: Форум за граѓани на град Скопје ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Град Скопје имаат чест да Ве поканат на настанот Форум за граѓани на град Скопје на којшто ќе биде презентиран проектот Прв семеен центар во Град Скопје, како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа и е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот предвидува отворање на семеен центар кој ќе претставува иновативен модел во третирањето на проблематиката на семејно насилство каде ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка и третман како за жртвите така и за сторителите на семејното насилство. Целта на настанот е да им се даде можност на граѓаните и граѓанските организации активно да се вклучат и да дадат свој придонес во процесот на изработка на Акциониот план што ќе претставува основен документ за отворање и понатамошно развивање на семејниот центар. Локација и датум: НВО центар Скопје (Младински културен центар - МКЦ, први кат бр.12), 11:00 часот, 4 април (четврток) 2013 година.

Програма: 11:00 -11:05 Воведно обраќање Елизабета Божиноска, програмски координатор, ХЕРА 11:05 -11:10 Воведно обраќање Елеонора Панчевска Николовска, Раководител на Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, Град Скопје 11:10 -11:20 Презентирање на Акциониот план за воспоставување на Семејниот центар Мила Царовска, програмски координатор, ХЕРА 11:20 - 11:40 Отворена дискусија Ве молиме да го потврдите вашето присуство на следнава електронска адреса: kristina.plecic@hera.org.mк, најдоцна до 3 април 2013, до 13:30 часот. Со почит, Бојан Јовановски Извршен директор

1

Програмата ја спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија

Покана за форум на граѓани  

Покана за форум на граѓани

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you