Issuu on Google+

Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локални избори

2013-2017

дарко митевски

НОВИ ДЕЛА

ЗА нов напредок,

НОВИ ДЕЛА

за подобра македонска каменица!


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ОПШТИНА македонска каменица 2013-2017

ф е в р у а р и

2 0 1 3


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

6

А. ВОВЕД

7

I.

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

9

II.

Обраќање на кандидатот за градоначалник

11

Б.

ПОЛИТИКИ И ВИЗИИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

14

В. ПРОГРАМА

14

I.

17

II. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

ПРИОРИТЕТИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

21

III.

25

IV. СПОРТ И МЛАДИ

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

31

V.

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ

35

Vi.

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

43

VIi. ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

47

VIIi. ТУРИЗАМ

49 iX. КУЛТУРА 53

X.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

55

Xi. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

57

XIi. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА

61

XIIi. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

65

XIv.

ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

69

XV.

ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

5


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

I.

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани граѓани, Изборите се врвно демократско право. Тие се празник за демократијата, можност граѓаните давајќи го својот глас да ја креираат својата иднина. Секој од вас ја има можноста за избор. Иако некој сака да ги потцени овие локални избори, тоа не е така, таквиот пристап не е правилен ниту, пак, има оправдување. Токму од вашата одлука ќе зависи за каква иднина ќе се решите и во какво место сакате да живеете. Изборот не е никогаш едноставен, ниту лесен, но тој е препознатлив и е секогаш резултат на промислено и мудро однесување. Во изминатите четири години максимално се вложивме за изградба на современи општини. Нашата цел беше да ги придвижиме работите, да почне да се решаваат напластените проблеми со кои се соочуваа граѓаните преку вложување во инфраструктурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос. Нашата цел беше облагородување на просторот со нови паркови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите, со содржини за народот и за неговите потреби, за секој дел од населението. Создаваме повеќе простор каде што нашите деца безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот. Јас, искрено, верувам дека секој од вас го препознава тој чесен и одговорен пристап кон работата. Знам дека има и уште многу да се работи, но работите се придвижија и ние го вложуваме секој атом од својата сила за да овозможиме натамошен прогрес. Секој од вас е одговорен пред самиот себе и пред своето семејство. И знам дека го посакувате најдоброто. На локалните избори што ни претстојат ја имате можноста за избор, да ги поддржите напредокот и развојот. Директно да донесете одлука за тоа во какво место сакате да живеете. Ние не ветуваме дека преку ноќ ќе направиме чуда, но тоа што го ветуваме го исполнуваме, со напорна и посветена работа, со беспоштедно вложување во решавањето на проблемите на граѓаните. Ние не говориме за измислени работи, туку за конкретни проекти, голем дел од нив предложени од самите граѓани, видливи, со прецизна динамика на нивна реализација, со рокови кон кои се обврзуваме. Така ќе биде и овој пат. Тоа е тоа што нè прави поинакви од другите. Оценувајте нè според тоа што го имаме во нашите програми, кои се реален одраз на потребите на граѓаните. Дадениот збор за нас е закон. Нашата вредност, во која јас цврсто и непоколебливо верувам, е ветеното. Од овој принцип нема отстапување ниту милиметар. Ние сè што ветуваме го има во нашите програми. Програмите што ви ги нудиме се такви какви што им се потребни на граѓаните. Вие може да ги видите и оцените и, тоа што е најбитно, да знаете дека тоа што го има во нив ќе се оствари затоа што сме докажале дека ние реализираме. Тие се нашата визија за развој на местото во кое живеете. Таа визија е гаранцијата за развој, визија што е преточена во стотици конкретни проекти, кои треба да се реализираат. Јас не сум човек што ветува сè и сешто. Дадениот збор е голема работа. Од него нема отстапки ниту колебања. Тоа е тоа што јас го барам и од моите соработници, тоа е тоа што ќе го барам и од кандидатот за градоначалник, за кој при одлуката за избор

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

7


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

беше пресудно тој да биде чесен и одговорен човек, да ги споделува вредностите на нашата работа и да си стои не ветеното. Тие личности што се кандидати на овие избори, а кои и досега беа градоначалници, направија конкретни работи што го подобрија секојдневието, а тие што се кандидираат за првпат имаат богато професионално и лично искуство и сработени проекти во нивната кариера што е гаранција за нови резултати и токму овој личен кредибилитет на кандидатите беше значаен услов за да се здобијат со партиската поддршка затоа што тие мора да постапуваат во согласност со нашите вредности, кои по секоја цена ги браниме и од кои не отстапуваме, а тоа се искреноста, чесноста, работливоста, посветеноста и блискоста со народот. Можам да ви ветам дека нивната главна задача ќе биде да го реализираат тоа што е во програмите, а моја главна цел ќе биде постојано и постојано да ги потсетувам на обврските што ги преземале спрема граѓаните и да обезбедам да ги исполнат ветувањата што ги дале. Во оваа програма ќе видите многу проекти што ќе го разубават вашето место, од секоја сфера на општественото живеење, а што е во рамките на финансиските можности. Разгледајте ги внимателно и увидете што сè ќе се подобри и унапреди во вашата општина. Тоа ќе биде направено. Сакам да нагласам дека во идниот период стратегиски ќе се фокусираме на отворање нови работни места со учество на општината, на отворање нови општински развојни зони во кои ќе може да се отвораат нови фабрики и капацитети, кои ќе носат нови вработувања, на можности за искористување на природните ресурси за отворање капацитети во кои ќе се вработуваат луѓе, на поддршка на приватната иницијатива и развој на бизнисот, за што Владата, како ѝ досега, ќе дава огромна поддршка. Ќе се осврнеме и на инфраструктурните проекти од секој вид, кои ќе ги модернизираат општините и ќе го променат ликот на местото во кое живеете градејќи го во модерно европско населено место, а посебно ќе се фокусираме на новите можности и мерки за обезбедување домови за населението, за нови населби во кои земјиштето ќе може да се откупува по поволна цена и да се градат домови за семејствата, таму каде што е тоа изводливо и каде што има потреба, односно побарувачка.

Драги пријатели, Во изминатите четири години покажавме дека успесите се достижни, понекогаш за нив треба труд и време, но кога се работи се постигнуваат резултати и, дополнително, успесите се поголеми кога се заслужени. Покажавме дека со заеднички сили, Владата, општините и, пред сè, граѓаните знаат како, и знаат да имаат успех. Во период кога треба да продолжиме уште посилно, соочени со предизвиците на новото време, со европската должничка криза и предизвиците во евроинтеграциите, ние треба обединети и сплотени да ги збиеме своите редови и да продолжиме со создавањето нови дела и вредности, кои се трајни и се за народот и кои се наш најдобар одговор. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот и да постигнеме нови достигнувања за нас и за нашите семејства, за нашата држава Република Македонија. Тоа е влогот на нашата генерација за кој сум сигурен дека ќе го исполниме. Со мудрост, со чесност и со работа.

Со почит, Никола Груевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ

II.

Обраќање на кандидатот за градоначалник Почитувани сограѓани, Поминуваат четири години откако со вашата доверба ја добивме одговорноста да ја водиме општина Македонска Каменица. Задоволство е денес да говориме за нашата општина затоа што со посветеност, сериозност, трудољубивост и со одговорност, за само четири години, таа е со нов лик. При преземањето на локалната власт ја затеков општина Македонска Каменица во многу незавидна финансиска состојба. Имено, општина Македонска Каменица беше во прва фаза на децентрализација, со блокирана општинска сметка, со генериран долг кон физички и правни лица од 40.000.000,00 денари, со четири неисплатени плати на општинската администрација и со распродадени општински објекти. Изминатите три години за мене претставуваа вистински предизвик затоа што не почнавме да работиме од почеток, но моравме да се вратиме еден чекор наназад. Пред да почнеме да создаваме моравме да ги исплатиме затечените долгови. Имено, 2009 година и првата половина на 2010 година беа период кога моравме да ги регулираме должничко-доверителските односи, да ја деблокираме општинската сметка и да создадеме предуслови за реализација на проектите што беа дел од нашата изборна програма. Во јули 2010 година општина Македонска Каменица помина во втора фаза на децентрализација и почнавме со решавање на комуналните и на инфраструктурните прашања. Во 2011 година и во првата половина на 2012 година целосно се посветивме на решавање на инфраструктурните проблеми и денес со право можеме да кажеме дека тоа што го ветивме во изборната програма во делот на инфраструктурата, целосно го реализиравме. Денес, нашата општина го има најубавиот плоштад, уредена патна мрежа, како и еден од најубавите пазари во републиката. Посебно задоволство е што нашата општина е лидер по добиени проекти од програмите на ИПА за прекугранична соработка. Во периодот што е пред нас целосно ќе се посветиме на создавање услови за подобрување на социо-економската состојба во општина Македонска Каменица со формирање и уредување индустриска зона како еден од предусловите за алтернативни вработувања и економски просперитет. Покрај тоа, ќе продолжиме со реализација на инфраструктурни проекти и целосно ќе ја реконструираме водоводната мрежа во централното подрачје на општината. Социјалните, образовните и културните активности ќе продолжат со нови содржини, според потребите на вас, граѓаните. Отвореноста, транспарентноста и добрата комуникација со граѓаните и понатаму ќе бидат високо на нашата агенда. Програмата што ви ја нудиме за наредниот период не е програма на празни ветувања, туку програма настаната врз основа на вистинските потреби и можности на општина Македонска Каменица и чијашто реализација ќе ја следите во наредните четири години. Носени од задоволството дека во нашата општина се враќа сјајот на општина лидер по проекти и општина на горди и трудољубиви граѓани, уште повеќе сме мотивирани со искуството и со знаењето да покажеме дека можеме и многу повеќе.

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

9


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Почитувани, Јас цврсто верувам и силно сум убеден во светлата иднина на нашата oпштина. Ве повикувам да го довршиме почнатото, да направиме од Македонска Каменица град во кој ќе се почитуваат способноста, стручноста и креативноста, а напредокот и перспективата ќе бидат императив. Сосема на крај би сакал да ви посакам многу здравје, благосостојба и хармонија во годините што доаѓаат, да ве повикам на локалните избори да излезете и да го остварите вашето право на глас гласајќи за тој за кој вие мислите дека е најдобро, а јас и понатаму останувам посветен на Македонска Каменица, јас и понатаму останувам на ваше располагање бидејќи мене местото ми е токму меѓу вас, граѓаните на Македонска Каменица. ДА ОСТАВИМЕ ДЕЛАТА ДА КАЖАТ ПОВЕЌЕ ЗА НАС! Со почит и искрено ваш, Д-р Дарко Митевски

Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модернизација на општините. Во четиригодишниот период, Владата на Република Македонија спроведе амбициозна реформска агенда и доследно и посветено ги реализираше ветените проекти во сите области значајни за локалната самоуправа. Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години резултираа со напредок во развојот на локалната самоуправа, што придонесе 99 проценти од општините да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не стои само на ветувања за финансиска поддршка на општините. Општините добија повеќе средства, кои ги управуваат на поприспособлив начин. Зголемен е обемот на трансфери и на дотации во областа на образованието, културата, социјалната заштита и противпрожарната заштита. Покрај издвојувањето три проценти од средствата од персоналниот данок на доход, како ниту една друга влада досега, ВМРО-ДПМНЕ одвои 50 проценти повеќе средства од ДДВ за општините, односно од три птоценти на 4,5 проценти од собраните приходи од данокот на додадена вредност. Со тоа голем дел од данокот платен од граѓаните повторно се враќа директно во буџетот на локалната самоуправа за да се користи за локални проекти и потреби. На полето на образованието, основните и средните училишта веќе целосно се наоѓаат во комплетна надлежност на локалните власти. Денес граѓаните самостојно донесуваат одлуки за образованието на своите деца водејќи се од сопствените потреби и приоритети. Навременото исполнување на финансиските обврски ја прави Владата на Република Македонија партнер во остварувањето на заедничките цели – современо и квалитетно образование. Покрај основните образовни потреби, Владата се грижи за секој ученик поединечно, со обезбедување бесплатни учебници најдоцна до 1 септември, бесплатен пристап до интернет, компјутери во образованието, се грижи градејќи спортски сали и терени... Како никогаш досега, учениците имаат можност за високо образование на некој од новоотворените факултети или дисперзирани студии, по завршувањето на средното училиште. Во сферата на социјалната грижа и заштита, успешно е совладана првата фаза од децентрализацијата: грижата за најмладите и за највозрасните членови на нашата заедница сега е целосно во надлежност на општините. Детските градинки, домовите за стари и изнемоштени лица, домовите за згрижување деца без родители... ги финансира општината со поддршка на трансфери од централната власт. Локалната власт најдобро знае кои се нивните главни потреби и желби. Со крупни чекори, во изминатите четири години, се спроведе децентрализација и во областа на културата. Не дозволивме да се препуштат на заборавот нашата традиција и славно минато. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРОДПМНЕ, се погрижи да има доволно средства за финансирање на многубројни

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

11


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

културни манифестации, проекти за зачувување на фолклорот и на народното паметење... Нашите новоизградени плоштади станаа места за културни настани, собиралишта за споделување значајни моменти од секојдневниот живот, места за одмор и за дружење, места каде што секој граѓанин наоѓа свое катче...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иницирање дополнителни мерки за унапредување на развојот на локалната самоуправа што, несомнено, ќе придонесе кон создавање услови за економски, културен и за социјален напредок на општините, како и за зацврстување на демократијата воопшто.

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој. Проектот за модернизација на локалните и на регионалните патишта е само еден од нив. Во многу блиска иднина, сообраќајот ќе се одвива побрзо и побезбедно, што ќе ги олесни нашите секојдневни потреби, а особено потребите на локалниот бизнис. Подобрувањето на инфраструктурата во многу општини беше и останува еден од главните приоритети. Со изградба на инфраструктурата, општината непосредно му помага на деловниот сектор имајќи предвид колку е тој важен дел од развојната стратегија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на соработката меѓу централната и локалната власт и на соработката меѓу општините како услов за обезбедување поквалитетни и поекономични услуги за граѓаните, но и на соработката за подготовка на заеднички проекти, кои ќе бидат конкурентни во обезбедувањето средства од фондовите на Европската унија.

Во иднина продолжуваме со работа и понатаму посветени на развојот на локалната самоуправа преку заокружување на процесот на децентрализација и на политиката на рамномерен регионален развој низ целата држава со цел надминување на развојниот диспаритет. Тоа значи поголема самостојност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Фискалната децентрализација бележи напредок во последните пет години, од аспект на зголемување на капацитетите на општините за собирање и за менаџирање на локалните даноци и такси, на грантовите од централната власт, како и зголемување на изворите на финансирање по основа на концесии, продажба на државно градежно земјиште и др. Така, успеавме да ја подобриме наплатата на даноците од имот за повеќе од 50 проценти на ниво на Република Македонија, со што сега можеме да финансираме идни проекти од локално значење. Општините денес, по четиригодишното успешно засилување на фискалната автономија, се самостојни во донесувањето одлуки и во распределбата на општинските финансиски средства. Секоја општина сама донесува одлуки за финансирање на локалните приоритети, според желбите и искажаните сугестии од вас, граѓаните. Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од 1 јули 2011 година им го даде правото на управување на државното градежно земјиште на општините. За нас, управувањето на градежното земјиште е одговорност кон идните генерации, со што се отвора патот за реализација на нови инвестиции и за подобрување на економската благосостојба. Искрениот и партнерски однос на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при пренесувањето надлежности и финансиското засилување на општините е препознатлив во низа други чекори што ги презеде. Во согласност со економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години, ќе се реализира проектот „поволни заеми за општините“. Со него ќе се обезбедат поволни кредити за општините наменети за подобрување на општинските услуги и услови за спроведување дополнително финансирање со општински обврзници. Ќе се обезбед��т финансиски средства за низа капитални проекти за кои граѓаните и локалната деловна заедница имаат голема потреба.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на спроведување конкретни мерки за поттикнување на локалниот економски развој преку кој би се подобрил квалитетот на живеење во општините. Со тоа ќе се обезбеди поголема финансиска стабилност на општините, намалување на диспаритетот во планските региони, поттикнување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и воспоставување партнерства како меѓу општините така и меѓу општините и граѓанскиот сектор. Како и досега, ВМРО- ДПМНЕ во остварувањето на својата програма на локално ниво целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност, чесност и на транспарентност во работата. Транспарентноста и отчетот на органите на општините се препознаени како основни начела во работењето. Бевме, сме и ќе бидеме во постојана комуникација со вас. Вложен е огромен напор за да им се излезе в пресрет на приоритетните општински потреби. Но, не застануваме тука, сакаме да внесеме што поголема демократија и свежина во локалното донесување одлуки. Денес во нашата општина е отфрлен стереотипниот начин на донесување одлуки во канцеларии и во кабинети. Локалните претставници се секојдневно на терен, меѓу вас, граѓаните, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределбата на локалните буџетски средства. Тоа е партиципативното буџетирање. Со него СИТЕ граѓани имаат еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето одлуки за намената на општинските финансии. Преку партиципативното донесување одлуки, граѓанинот го добива местото што го заслужувал отсекогаш: тој е централна клетка, од која поаѓаат и се разменуваат информации меѓу креаторите на локалната политика и корисниците на услугите. За сето тоа што е ветено, остварено, потрошено, општините полагаат и ќе полагаат отчет, но не само пред централната власт, туку, многу поважно, пред ВАС, граѓаните. Тоа се врши на најтранспарентен начин, при што секој може бесплатно да пристапи кон информациите за донесените одлуки, акти и буџет. Општините во Република Македонија, предводени од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека со ентузијазам и со посветеност се постигнуваат резултати, кои граѓаните високо ги ценат и вреднуваат. Горди сме на постигнатото, но имаме уште многу идеи и иницијативи, кои ќе ги оствариме со ваша помош. Ни претставува чест и задоволство во продолжение да ви ги претставиме нашите поединечни проекти и програми.

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

13


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Изградба на современ дом на култура Опис: Општина Македонска Каменица веќе има подготвено проектна документација за изградба на современ дом на култура во кој ќе биде рестартирано градското кино со современа опрема и модерен изглед.

I. ПРИОРИТЕТИ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Средства: 30.000.000,00 денари Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, Буџет на Општината

Проект: Отворање индустриска зона во општината Опис: Во насока на отворањето и оспособувањето на индустриската зона и нејзино ставање во функција, општината веќе изработи детален урбанистички план. Ние ќе продолжиме со активности во насока на нејзино инфраструктурно оспособување, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на оваа зона е околу 10 ха, со намена за лесна и незагадувачка индустрија.

Проект: Хортикултурно уредување на кејот на реката Каменичка Опис: Со реализација на овој проект ќе се овозможи хортикултурно уредување на кејот на реката Каменичка, како и поставување урбана опрема и осветлување.

Средства: 12.000.000,00 денари

Извори на финансирање: Буџет на Општината

Извор на финансирање: Буџет на Општината

Рок: 2015–2017 година

Средства: 1.500.000,00 денари Рок: 2015 година

Рок: 2013- 2014 година

Проект: Реконструкција на градска водоводна мрежа во Македонска Каменица Опис: Градската водоводна мрежа е изградена уште во шеесеттите години на минатиот век. Општината подготви квалитетна проектна документација, аплицираше и преку Министерството за транспорт и врски, обезбеди финансиски средства за целосна реконструкција на второстепената водоводна мрежа во општината. Со реализација на овој проект недостигот од вода ќе биде минато. Средства: 16.150.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапен пат и уредување на манастриско–туристички комплекс во место Еленец, с. Цера Опис: Овој проект опфаќа изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на екопатеки до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, поставување урбана опрема и осветлување, како и туристичка промоција. Средства: 17.000.000,00 денари Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции, Буџет на Општината Рок: 2013 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

15


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

II. ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Локалниот економски развој значи потреба од директна работа за економско засилување на локалните области за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните. Успехот на општеството денес зависи од способноста на локалните средини да се приспособуваат на брзите промените во светот и во способноста да ја засилат сопствената конкурентност. За подобрување на конкурентноста, главниот импулс за економски пораст мора да произлезе од приватниот сектор затоа што само тој може да создаде економска благосостојба и нови работни места на долг рок. Со отворањето индустриска економска зона за лесна и незагадувачка индустрија во општина Македонска Каменица, придобивките ќе бидат значително забележливи за економскиот развој на општината, како и за подобрување на животниот стандард на нашите жители. Во оваа насока, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе вложува напори и ќе се залага за промоција на индустриската зона, нејзините карактеристики и поволности со цел привлекување странски инвеститори, кои ќе отворат нови производствени погони или фабрики. Дополнително ќе се залагаме за ослободување на потенцијалните инвеститори од одредени комунални давачки, како и надомест за земјиште и овозможување на целосна логистичка поддршка за инвеститорите. Дополнително, во периодот што следува локалната администрација ќе ги стави на располагање своите ресурси да даваат поддршка за нови детални геолошки истражувања на осоговскиот масив за создавање услови за експлоатација на минералните суровини, со единствена цел за искористување на рудните богатства на територијата на општина Македонска Каменица и заживување и продолжување на рударската традиција на населението. Најважни проекти на кои ќе посветиме значајно внимание во идниот четиригодишен мандат ќе бидат: Проект: Изработка на нова стратегија за развој на локалната економија Опис: Досега не е изработена стратегија што претставува најважен документ за локален развој. Со изработката на оваа Стратегија ќе ги предвидиме главните правци и ресурси со кои ќе го унапредиме развојот на локалната економија. Средства: 300.000,00 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

17


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Отворање индустриска зона во општината Опис: Во насока на отворањето и оспособувањето индустриска зона и нејзино ставање во функција, општината веќе изработи детален урбанистички план. Ние ќе продолжиме со активности во насока на нејзино инфраструктурно оспособување, кое ќе вклучува патна и комунална инфраструктура. Планираната површина на оваа зона е околу 10 ха со намена за лесна и незагадувачка индустрија. Средства: 12.000.000,00 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- 2014 година

Проект: Изградба на Косевичка брана Опис: Преку изградбата на Косевичка брана, ќе се овозможат услови за развој на земјоделство, за обезбедување чиста вода за пиење, како и услови за производство на електрична енергија. За овој проект е веќе изработена студија за економска оправданост, донесен е ДУП за воннаселено место. Проектот ќе биде понуден за реализација преку моделот за јавно-приватно партнерство. Средства: 120.000.000,00 денари Извор на финансирање: ЈПП Рок: 2013- 2017 година

Проект: Организирање денови на дијаспората (во текот на летните месеци) Опис: Преку овој проект ќе се спроведува осмислена два- тридневна програма за дружење со сонародниците што се иселени во странство. Оваа програма ќе опфаќа културни дружења, а особен акцент ќе биде даден на деловни средби и состаноци. Проектот ќе има за цел да се соберат средства (добротворни прилози од дијаспората) со кои ќе се реализира некаква цел од локално значење Средства: 150.000,00 денари годишно Извори на финансирање: Буџет на Општина/ донации од иселеници Рок: 2013 - континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

19


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

III.

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Основни приори��ети на ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието се осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес на сите степени (основно, средно и високо образование), создавање млади кадри, кои ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот, и развивање здрава психофизичка личност. Спроведената децентрализација на основните приоритети од областа на образованието ќе биде поттик за спроведување и на локално ниво. Покрај проектите: „Бесплатни учебници за сите ученици од основно и од средно образование“, „Бесплатен интернет во сите основни и средни училишта“, „Опремување на училиштата и на училишните кабинети“, кои континуирано ќе се спроведуваат во наредниот период и ќе се финансираат со средства обезбедени од програмите на Владата на Република Македонија, од особено значење за нас ќе бидат и: Проект: Организирање локални натпревари по математика, природни науки и по иновации, во соработка со основните училишта Опис: Локалната самоуправа на Македонска Каменица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди награди и ќе биде патрон на локалните натпревари по математика, природни науки и по иновации. Училиштата, како соработници во овој проект, ќе вршат осмислување на методологијата на оценување на натпреварувачите, додека, пак, целосниот концепт на натпреварите би требало да го осмислат општината и училиштата заедно. Извор на финансирање: Буџет на Општина Рок: 2013- континуирано

Проект: Субвенционирање курсеви по информатика, англиски и по германски јазик за возрасни и за лица од посебни категории Опис: Силно ќе се залагаме за подобрување на образованието и за зголемување на прагот на знаење на учениците од предучилишна возраст, на лицата со посебни потреби, лицата што се корисници на социјална помош, постари луѓе, како и на подолго невработените лица. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- континуирано

Проект: Бесплатни курсеви по странски јазици за децата од предучилишна возраст Опис: Силно ќе се залагаме за подобрување на образованието и за зголемување на прагот на знаење на учениците од предучилишна возраст. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

21


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Зголемување на фондот на книги во училишните библиотеки Опис: Преку овој проект ќе овозможиме зголемување на фондот на книги во основното и во средното училиште во општината, со што ќе овозможиме достапност на потребната литература за учениците, но ќе обезбедиме и наслови од стручната литература, потребни за дополнителна едукација.

Проект: „Сакам да бидам“ Опис: Со цел учениците што го завршуваат своето основно или средно образование да ги осознаат своите можности, ќе им овозможиме преку одржување соодветни бесплатни предавања од страна на соодветни предавачи да добијат визија за својата идна ориентација во школувањето.

Средства: 400.000,00 денари

Извори на финансирање: Буџет на Општината

Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

Проект: Реконструкција на ОУ „Кирил и Методиј“ Опис: Реконструкцијата на основните и на средните училишта од страна на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО- ДПМНЕ, овозможува подобрување на условите за реализација на наставата и создавање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Сето тоа придонесува за правилен психофизички пораст и развој на учениците и нивно образовно профилирање. Преку овој проект ќе извршиме реконструкција на ОУ „Кирил и Методиј“, односно реконструкција на покривната конструкција. Средства: 3.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2014 година

Проект: Изградба на едно монтажно училиште во село Моштица Опис: Со изградбата на ова монтажно училиште ќе овозможиме услови за квалитетна настава за сите ученици во одделенска настава од с. Моштица бидејќи постојното не ги исполнува условите за нормално следење настава.

Рок: континуирано

Проект: Целодневна настава во основното училиште во општината Опис: Во согласност со потребите на учениците и на родителите, општината ќе овозможи просторни и кадровски услови за реализација на целодневна настава во сите паралелки од одделенска настава, во зависност од потребите и пројавениот интерес. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Наградување наставници и професори Опис: Со цел да се поттикне мотивираноста на наставниот кадар со учениците, општината ќе обезбеди парични награди за наставници и за професори, кои се ментори на ученици што постигнале високи резултати на државни и меѓународни натпревари. Средства: 100.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Средства: 3.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2013 година

Проект: „Општината ги стипендира најдобрите“ Опис: Со цел да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спортисти, општинската администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со капацитетите и со можностите на општината, ќе обезбедува средства за стипендирање на најдобрите три ученици, три средношколци, три студенти и три спортисти. Со овој проект ќе го поттикнеме засилувањето на свеста кај граѓаните на локално ниво за значењето на образованието; Средства: 300.000,00 денари годишно Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

23


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

IV. СПОРТ И МЛАДИ Идеите и моќта што со себе ја носат младите луѓе се нашиот главен сојузник во остварувањето на визијата за создавање економски развиена, перспективна општина, која за младите ќе обезбеди услови за квалитетен и модерен живот. Вложувањето во здравјето на младите и поттикнувањето на спортскиот дух е инвестиција во иднината на нашата општина. Затоа што спортот создава здрави луѓе, создава успеси и натпреварувачки дух, создава силни индивидуи подготвени за победи, издржување на поразите и повторно одење кон победа. Поведени од тезата „Во здраво тело здрав дух“ и со предностите што ги има општина Македонска Каменица, ќе се потрудиме и во идниот период да продолжиме со исто темпо како и претходно. Во наредниот период ќе работиме на остварување на следниве проекти: Проект: Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште Опис: Повеќенаменското игралиште ќе им биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштето ќе може да се користи деноноќно и ќе биде место за собирање и за дружење на младите генерации, како и основа за создавање здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење Средства: 5.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2013- 2015 година

Проект: Изградба на еден двоен терен за тенис Опис: Со изградбата на тениски терен на нашите млади тениски таленти им овозможуваме да се развиваат во идни професионални тенисери, но истовремено им овозможуваме на сите рекреативци, кои се во сѐ поголем број, да се занимаваат со овој интересен спорт. Тенискиот терен ќе биде современ, целосно инфраструктурно поврзан, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичана ограда и, што е најбитно, најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. Средства: 6.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2013 – 2015 година

Проект: Поддршка на спортски клубови Опис: Ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка за ФК Каменица Саса, на кошаркарскиот клуб, клубот за футсал, како и на сите други клубови од дејноста на спортот, кои ќе се реализираат на територијата на општина Македонска Каменица. Средства: 1.200.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

25


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Изградба на нови спортски мини-игралишта Опис: Ќе бидат изградени четири спортски игралишта за мини-фудбал и за баскет на периферијата од градот. Средства: 4.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- 2014 година

Проект: Проект „Спортско лето – спорт за сите“ Опис: Тргнувајќи од стратегиските приоритети изнесени во Националната програма за развој на спортот, предвидена е реализација на проект преку кој ќе се изврши популаризација на повеќе спортови. Проектот „Спортско лето - спорт за сите“, има за цел, на едно место, во период од неколку денови, во летниот период да се врши презентација на различни спортови и да се одржуваат бесплатни часови за обука. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Училишни лиги во голем фудбал, футсал, кошарка, ракомет, шах, тенис и во други спортови Опис: Во соработка со федерацијата за училиштен спорт и со единиците на локалната самоуправа, низ координиран систематски пристап ќе се унапреди развојот на училишниот спорт преку одигрување општински, зонски и регионални натпревари меѓу училишните екипи во повеќе спортови. Средства: 300.000,00 денари Изв��ри на финансирање: Буџет на Општината и Буџет РМ Рок: континуирано

Проект: Основање училишни спортски клубови Опис: Во насока на унапредување на системот на натпревари во училишниот спорт, предвидено е основање училишни спортски клубови во повеќе спортови, кои треба да претставуваат основа за остварување на огромните општествени придобивки што ги претполага развојот и негувањето на училишниот спорт како национална определба. Извори на финансирање: Буџет на Општината и Буџет на РМ Рок: континуирано

Проект: Кампања „Чист спорт – борба против допингот во спортот“ Опис: Во последниве години, допингот во спортот зема огромен замав во светот и стана еден вид софистициран проблем. За штетните последици од допингот не треба да се говори. Тие се познати и за нив постои општ светски консензус. Неподелено е мислењето на повиканите од сферата на допингот дека во нашата земја се употребуваат недозволени супстанции и методи во спортот. Голем е бројот на спортистите што го прават тоа на своја рака, што воедно претставува и непосредна опасност за самите спортисти. Повикувајќи се на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО – ратификувана од страна на Република Македонија на 19 август 2008 година – со што стана дел од македонското законодавство, покрај обврските произлезени преку споменатите инструменти за вршење контроли за допинг, нашата земја, преку Националната антидопинг-комисија при Агенцијата за млади и спорт, ќе реализира годишни програми, кои опфаќаат вршење контроли за допинг врз македонски спортисти, вклучително кампањи за подигање на свеста на сите повикани страни вклучени во спорот. Извори на финансирање: Буџет на Општината и Буџет на РМ Рок: континуирано

Проект: Организација на спортски натпревари и турнири, кои ќе се одржуваат на територијата на општина Македонска Каменица. Опис: Ќе даваме свој придонес при организацијата на повеќе спортски манифестации и турнири. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 – 2017 година

Проект: „Вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и младинско информирање“ Опис: Овој проект ќе се спроведе преку: Формирање локален младински совет: За да се обезбеди институционално учество на младите во донесување одлуки во локалната самоуправа ќе се формира локален совет на млади. Преку локалниот младински совет би се обезбедило активно учество на младите во процесите на донесување одлуки во општествениот јавен живот. Во рамки на поддршка на локални младински проекти, единицата на локалната самоуправа ќе обезбеди средства преку својот буџет, со што би ги поттикнала младите луѓе да бидат активни и да размислуваат и да дејствуваат кон подобрување на средината и на заедницата во која живеат. На тој начин, се создава партнерство преку кое младите и единицата на локалната самоуправа заеднички ќе го подобруваат квалитетот на живеење во општината. Овој проект ќе се спроведува од страна на единицата на локалната самоуправа, а во соработка со Агенцијата за млади и за спорт и на невладините организации.

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

27


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Подготвување локална младинска стратегија: Целта на локалната младинска стратегија е посеопфатно третирање на проблемите на младите и изнаоѓање решенија. Иницијативата произлегува од Агенцијата за млади и спорт преку приоритетите изложени во Националната стратегија за млади и во Акцискиот план за нејзино спроведување. Овој проект ќе се спроведува од страна на општината, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со невладините организации. Формирање младински информативни и советодавни центри: Преку овие центри младите ќе имаат пристап до сеопфатни, разбирливи, точни, навремени и употребливи информации, дизајнирани според нивните потреби, како и нивно директно учество во процесот на младинско информирање на неформален начин, во пријателска атмосфера, при што ќе имаат можност за размена на најдобрата практика и искуства, проблеми и можности за соодветна обука. Овој проект ќе се спроведува од страна на општината, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и со невладините организации. Средства: 300.000,00 денари

Проект: Трибини за подигнување на свеста кај младите за претприемаштво Опис: Целта на трибините ќе биде на нив да се истакнат можностите за младите, кои се создаваат преку развивање на претприемачката иницијатива. На нив ќе се презентираат позитивните примери на успешни претприемачи и ќе се дискутира за поволностите што ги нуди државата за почнување на сопствен бизнис. Средства: 200.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на општината Рок: 2013- 2017 година

Проект: Организирање доброволна крводарителска акција во која ќе учествуваат и спортистите Опис: Организирање доброволни крводарителски акции во Македонска Каменица во соработка со спортистите и со Црвен крст, со цел давање позитивен пример кај младите за подигнување на хуманитарната свест. Рок: 2013- 2017 година

Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Организирање хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства - „Донирај!“ Опис на проектот: Ќе овозможиме објавување известувања на веб-страницата на општината за потребата и за начинот на донирање парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити и друго. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013-2017 година

Проект: Кампања „Стоп за пороците“ Опис на проектот: Преку системот на образование, но и преку одржување трибини во населените места во општината, ќе се влијае врз младите со цел избегнување на штетните последици од консумирање наркотични средства и алкохол, како и други пороци. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013-2017 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

29


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

V. ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ Информатичкиот развој е многу брз и приспособувањето кон современите информатички трендови значително ќе придонесат за отворање поголем број работни места и за привлекување странски инвестиции. Денес речиси не може да се замисли каква било работа без основни познавања од областа на информатичката технологија, без користење компјутери и интернет. Во новата ера на брз информатички развој, водечки ќе бидат тие што благовремено ќе донесат исправни одлуки базирани на разбирањето и на искористувањето на трендовите на информатичката технологија. Тие што нема да го направат тоа ризикуваат да останат на маргините на развојот. Општина Македонска Каменица, во соработка со Владата на Република Македонија, мора да се развива и ќе се развива во насока на информатичко општество. Во наредниот период ќе работиме на остварување на следниве проекти: Проект: Спроведување бесплатни обуки за информатичка технологија за сите категории граѓани Опис: За сите заинтересирани граѓани ќе организираме курсеви за основно запознавање со информатичката технологија и со општинските веб- апликации. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Отворање интернет-клубови во Македонска Каменица и во поголемите селски средини Опис: Со реализација на овој проект на граѓаните ќе им се овозможи олеснета и брза комуникација, а во исто време и информирање за актуелните секојдневни настани. Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013-2014 година

Проект: Продолжување на проектот за безжичен интернет на целата територија на општината Опис: Во досегашниот период, интернетот беше спроведен само на централното градско подрачје, а со овој проект ќе се обезбеди бесплатен интернетпристап на територијата на целата општина. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

31


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Изработка на повеќенаменски веб-апликации за потребите на локалната самоуправа во доменот на нејзините надлежности Опис: Со овие апликации, граѓаните ќе добијат олеснет и поефикасен начин за реализација на своите административни барања. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 -2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

33


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Vi.

УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА Убав и плански уреден простор е наша визија за современо општество, како и за интегрирање на нашите семејства во него. Со работа и одговорност ќе воспоставиме нов систем на вредности во општината. Грижата за заштита на животната средина на секој граѓанин на Македонска Каменица мора да претставува императив на современото живеење. Ако сакаме да изградиме модерна општина, мора да ги почитуваме принципите на заштитата на животната средина и притоа ќе мора да создадеме услови и механизми за планирање и за уредување на просторот така што ќе се овозможи негово одржливо користење. На проблемот со цврстиот отпад ќе му посветиме значајно внимание, најнапред преку модернизирање и осовременување на техничката база и на организациската основа во Јавното комунално претпријатие „Македонска Каменица“, со што услугите на граѓаните ќе ги подигнеме на уште повисоко ниво, како и во санирање на дивите депонии, како предуслов за изградба на мрежата на регионални депонии, кои ќе работат по стандардите на ЕУ со воспоставување интегриран систем на управување отпад, со што отпадот веќе нема да претставува проблем, туку ќе има економска валоризација. Во делот на урбанистичкото планирање, во Општина Македонска Каменица ќе се донесат повеќе урбанистички планови на кои посебен акцент ќе ставиме на: Проект: Изградба на типски мостови Опис: Се планира изградба на три моста на Каменичка Река, кои ќе бидат сместени во местото Долен Павлиш Дол, местото Раздол, како и во Саса 2. Средства: 3.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

Проект: Уредување на новите градски гробишта и изградба на капела Средства: 4.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на просториите од градскиот базен Опис: Ќе бидат реконструирани гардеробите и санитарните јазли и ќе извршиме урбано доуредување на простор околу градскиот базен. Средства: 3.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

35


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Продолжување на проектот за изградба на згради на месните заедници Опис: Во сите селски средини ќе ги изградиме или реконструираме зградите на месните заедници, со што ќе им создадеме услови на жителите да ги реализираат своите потреби и интереси. Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2016 година

Проект: Нов Генерален урбанистички план и проширување на сегашниот. Опис: Ќе се овозможат услови на целата територија од општината и ќе се зголеми опфатноста да се планира намената на површините за натамошно изработување детални урбанистички планови. Средства: 1.500.000,00 денари

Проект: Систем за набљудување на реката Каменичка Опис: Овој систем ќе овозможи континуирано следење на квалитетот на водата од река Каменичка. Средства: 1.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Поддршка на невладиниот сектор во делот на заштита на животната средина Опис: Со цел подигнување на еколошката свест кај жителите на општината, како и заради континуирано набљудување на потенцијалните загадувачи, во делот на заштита на животната средина, ќе дадеме поддршка на НВО. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината

Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- 2016 година

Проект: Нови урбанистички планови Опис: Подготовката на нови ДУП за населените места во општината има за цел да почне постапка за донесување и за спроведување урбанистички планови во деловите од градот каде што се од постар датум или се несоодветни, како и вклопување на дивоградбите во урбанистичкиот план. По завршување со легализацијата на дивоизградените објекти, ќе се пристапи кон изнаоѓање решенија за решавање на инфраструктурата и на пристапните патишта до објектите со заедничко учество и со можности за плаќање на повеќе рати. Воедно, ќе се изработи и програма за изработка на приоритетни урбанистички планови на голем број атрактивни локалитети - кои ќе поттикнат вложување од инвеститорите. Ќе бидат изработени ДУП за локалитетот источно од ул. „Каменичка“, за локалитетот Стружница, за локалитетот меѓу ул. „14 Јуни“ и ул. „Вера Јоциќ“, за локалитетот Ливада, за локалитет меѓу ул. „Индустриска“ и ул. „Миле Јаневски“, за локалитет Цинкара, дел од блок 3 и блок 7 и 8. Средства: 1.000.000,00 денари

Рок: континуирано

Проект: Продолжување на проектот за поставување големи контејнери во селските средини Опис: Во најголем дел од селските средини веќе се поставија контејнери за смет, со тоа и се подобри управувањето на отпадот, овој проект ќе продолжи и во другите селски средини. Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Продолжување на проектот за селективно собирање на комуналниот смет Опис: Управувањето на отпадот е значајно за секоја општина, со селективноста на отпадот овозможивме рециклирање определени материјали и почиста околина. Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

Извор на финансирање: Буџет на Општината/ донации

Средства: 250.000,00 денари

Проект: Ангажирање сезонски работници за одржување на јавните површини и за подобрување на јавната чистота. Опис: Огромните зелени површини во општината, како и кејот на река Каменичка, се обележја на општината и е потребно континуирано наводнување и одржување. Покрај ова, сезонските работници учествуваат при прочистување на локалните патишта, чистење канали, уредување и одржување на Градскиот плоштад и на цветните насади.

Извор на финансирање: Буџет на Општината

Средства: 250.000,00 денари

Рок: 2013- 2015 година

Проект: Донесување ДУП за викенд-населба околу езерото Калиманци Опис: Имајќи ги предвид убавините околу езерото Калиманци, општината за определен локалитет ќе подготви ДУП и инфраструктурно ќе го уреди со цел да се изгради викенд-населба.

Рок: 2014 година

Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

37


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Доизградба на кеј на реката Каменичка Опис: Со изградбата на оваа стационажа на река Каменчка, целосно ќе се уреди речното корито по течението на реката во централното градско подрачје, а тоа ќе придонесе и за превенција од поплави. Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Континуирано порибување на езерото Калиманци Опис: Со овој проект општината, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе донира средства за зголемување на рибниот фонд на езерото Калиманци. Средства: 300.000,00 денари годишно Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: во континуитет

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА

Проект: Реконструкција на градската водоводна мрежа во Македонска Каменица Опис: Градската водоводна мрежа е изградена уште во шеесетите години на минатиот век. Општината подготви квалитетна проектна документација, конкурираше и преку Министерството за транспорт и за врски обезбеди финансиски средства за целосна реконструкција на второстепената водоводна мрежа во општината. Со реализација на овој проект, недостигот од вода ќе биде минато. Средства: 16.150.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2013 година

Проект: Изградба на водоводна мрежа во маало Павлиш Дол Опис: Старата и дотраена водоводна мрежа во тој дел од општината целосно ќе се реконструира, со што ќе се овозможат нови приклучоци и ќе се подобри квалитетот на водата. Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината

СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА И КАНАЛИЗАЦИСКИ СИСТЕМ Благовременото решавање на проблемите на граѓаните преку изградба на системи за снабдување со вода и на канализациски системи создаваат услови за поздрава и почиста животна средина за граѓаните. Снабдувањето со вода во општина Македонска Каменица е еден од основните проблеми, кој и во нaредниот мандат ќе се потрудиме целосно да биде решен. Приоритет ќе се даде на следниве проекти: Проект: Изградба на зафат за зафаќање на дополнителни води на река Горештица Опис: За надминување на проблемите со количеството на вода во летниот период, веќе е подготвена проектна документација, добиена е водостопанска согласност и од Горештица ќе се обезбедат дополнителни количества квалитетна вода. Со ова и целосно ќе се стави во функција прочистителната станица за вода за пиење. Средства: 3.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

Рок: 2014 година

Проект: Изградба на пречистителна станица за отпадни води Опис: Ќе биде лоцирана на местото каде што се влева реката Каменичка во езерото Калиманци и ќе го опфаќа главниот колектор со отпадни води од општина Македонска Каменица со цел да се намали загадувањето на езерото Калиманци и да се одржи здрава и чиста животна средина. Средства: 50.000.000,00 денари Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, буџет на Општината Рок: 2017 година

Проект: Изградба на канализациска мрежа во маалскиот дел во М. Каменица Опис: Со овој проект се планира изградба на канализациски мрежи во следните маала: Грчко маало, Тепеѓовци, Буќерска маала, Тачовци, Ситновци, Командирци и Стипцарска маала. Средства: 3.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

Проект: Изградба на канализациска мрежа во с. Моштица Опис: Со овој проект ќе се зафатат отпадните води од с. Моштица и пред вклучување во Каменичка Река ќе се направи филтер за прочистување. Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

39


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

УРЕДУВАЊЕ ПАРКОВИ И НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ Со уредувањето на парков��те и на зелените површини, како хортикултурно, така и со поставување урбана опрема, обезбедуваме катче за релаксација за сите генерации. Остануваме посветени и во оваа област преку континуирано одржување на веќе постојните паркови, детски игралишта и зелени површини низ Македонска Каменица. Но, и нашите граѓани што живеат во другите населби надвор од централното градско подрачје заслужуваат убаво уредени јавни површини. Затоа, во наредниот четиригодишен мандат посебен акцент ќе дадеме на реализација на следниве проекти: Проект: Изградба на систем за централно наводнување на зелените површини Опис: Целосно е подготвена проектна документација и со реализација на овој проект зелените површини ќе се наводнуваат со техничка вода и нема да се товар на централната водоводна мрежа. Средства: 4.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Хортикултурно уредување на кејот на реката Каменичка Опис: Со реализација на овој проект ќе се овозможи хортикултурно уредување на кејот на реката Каменичка, како и поставување урбана опрема и осветлување. Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

Проект: Реконструкција на старото детско игралиште и изградба на ново на улица „Осоговска“. Опис: Оваа реконструкција на старото детско игралиште опфаќа поставување урбана опрема и осветлување на игралиштата. Средства: 1.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

41


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

VIi. ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Крупните промени и значајната политика во земјоделството, кои за првпат владата на ВМРО-ДПМНЕ ги постави во изминатиот мандат и кои веќе придонесуваат кон развој и поголема конкурентност на македонското земјоделство, ќе продолжиме да ги спроведуваме и во иднина на локално ниво во нашата општина, преку практичен придонес при спроведувањето мерки за поддршка на земјоделството. Ќе понудиме можност секој земјоделец посветен на својата работа да развива квалитетен и одржлив агробизнис. Придонесот што го дава земјоделството во секојдневниот живот на граѓаните е огромен и поради тоа оваа област продолжува да биде меѓу приоритетните за порастот и за развојот на општината. Земјоделството претставува клучен фактор за зголемување на економскиот пораст и на вработеноста во нашата општина, за обезбедување поквалитетен и посигурен живот на нашите граѓани. Како општина, ќе овозможиме максимална поддршка на нашите земјоделци со цел да помогнеме во практичното реализирање и промовирање на мерките за финансиска поддршка и за субвенционирање на земјоделството во насока на структурно приспособување од традиционално кон модерно конкурентно земјоделство и создавање подобри услови за живот во руралните подрачја. При тоа, се определуваме за остварување на следниве конкретни заложби: - Поддршка на земјоделците преку отворање посебен центар за редовно информирање на првичните производители, обука на земјоделците за подготовка на проекти за искористување на средствата од програмата на ИПАРД за изградба на производствени и на преработувачки капацитети и други мерки на поддршка на Владата на Република Македонија, советувања за употреба на добра земјоделска и хигиенска практика за сточарите за подобрување на квалитетот на млекото; - Општината особено ќе ги поддржи иницијативите за почнување нов сточарски бизнис во делот на говедарството, овчарството и на козарството; - Поддршка при формирање земјоделски задруги заради подобрување на статусот на ситните земјоделци на пазарот и подобрување на пласманот на нивните производи во насока на обезбедување основни услови за работа и за функционирање (простории, помош за патувања и др); - Промоција и популаризација на развојот на органското производство, сточарството, собирањето и третманот на самоникнатите растенија, на руралниот туризам, како и на искористувањето на средствата од програмите за финансиска поддршка и од програмата на ИПАРД преку советувања со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и од други стручњаци,

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

43


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

- Поддршка во формирање машински прстени за заедничко користење на механизацијата на земјоделците поддржани од програмите на Владата на Република Македонија и на ИПАРД; - Привлекување инвеститори (домашни или странски) преку олеснување на условите за градба и објавување локација за отворање откупен центар за земјоделски производи со што треба да се подобри пласманот на земјоделските производи во општината и да се овозможи поквалитетна понуда за потрошувачите; - Константно посредување и засилување на соработката меѓу индивидуалните земјоделци и преработувачите од РМ како и соработка со странски преработувачи и увозници на земјоделски производи од нашиот регион.

Проект: Одржување јавни трибини за органско производство на храна со заинтересираните земјоделци Опис: За зголемување на интересот кон земјоделството, но и за подобра информираност, во континуитет ќе организираме трибини на разни теми од оваа област. Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Формирање мобилна екипа за посета на земјоделците Опис: Во проектната канцеларија на општината, за почеток, ќе ангажираме стручњак за посета на земјоделците и за насочување при изборот на култура, а во континуитет тоа ќе го продолжат земјоделски инженери од општината.

Најважни проекти на кои ќе посветиме внимание во наредниот мандат:

Средства: 400.000,00 денари

Проект: Донесување програма за локален рурален развој Опис: Со четиригодишната програма ќе се опфати изградба на полски патчиња на територијата на општината, кои треба да го олеснат пристапот на земјоделците до обработливите површини, изградба на патчиња во населените места од општината и други инфраструктурни објекти што ќе придонесуваат за подобрување на условите за живот.

Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Извори на финансирање: Буџет на Општина; Буџет на Република Македонија Рок: 2013 година

Проект: Подготовка на планска документација за изградба на фарми за ситен и за крупен добиток Опис: Во согласност со потребите на заинтересираните, општината ќе подготви планска документација за тој локалитет и ќе овозможи услови за градење фарми. Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2016 година

Проект: Отворање канцеларија за информирање на земјоделците и за помош при конкурирање за субвенции и за проекти Опис: Отворањето ваква канцеларија ќе претставува значајна помош за земјоделците да можат секојдневно, од страна на стручни лица, да се информираат за начинот и за условите за конкурирање, но и да им се помага правилно да ги пополнуваат потребните документи за конкурирање за субвенции и за проекти. Средства: 250.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година, континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

45


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

VIIi. ТУРИЗАМ За идеални дестинации се сметаат тие земји каде што постои одличен спој меѓу природните и културните вредности, како и другите форми на туристичка понуда атрактивна за современиот турист. Имајќи ја предвид големата улога што ја игра туризмот за локалниот економски развој, општините својата економска предноста сѐ повеќе ја препознаваат во збогатувањето на туристичката понуда и во подигнување на стандардите за квалитет во овој сектор. Во наредниот период Општината Македонска Каменица и понатаму ќе биде посветена сѐ повеќе да ги искористува своите конкурентски предности и максимално ќе се залага да ги развива и промовира најразличните видови туризам, особено спортскиот, културниот, руралниот и други алтернативни форми на туризам. Со тоа ќе ги задоволиме очекувањата и вкусовите на туристите, а нашата општина ќе настојуваме да ја направиме погодна и препознатлива дестинација на туристичката мапа на Македонија. Проект: Изградба на пристапен пат и уредување манастриско–туристички комплекс во место Еленец, с.Цера Опис: Изградба на пристапен пат во должина од 1,5 км, реконструкција на конаците, изградба на екопатеки до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, поставување урбана опрема и осветлување, како и туристичка промоција Средства: 17.000.000,00 денари Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции, Буџет на Општината Рок: 2013 година

Проект: Изработка на промотивен материјал за најатрактивните историски локалитети во општина Македонска Каменица Опис: Изработка на промотивен материјал за следните локалитети: споменкостурница во с. Цера, локалитетот Калата, како и за првиот печатар Јаков од Камена Река Средства: 500.000,00 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

Проект: Промоција на спортски риболов Опис: Со подготовка на промотивен материјал и на ме��иумско афирмирање на спортскиот риболов на езерото Калиманци, ќе го зголемиме присуството на спортски риболовци. Средства: 300.000,00 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

47


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

iX. КУЛТУРА Културата е неодвоив сегмент во изградбата на европскиот модел на соработка на земјите и сила што спојува бидејќи со насочување на културата против дискриминацијата и заштитата на националните културни вредности се допира до глобалните вредности на Европа. Културата не може сама да ги реши проблемите, но може да биде одличен начин на комуникација, особено во разбирањето, толеранцијата и во почитувањето на различните верски и етнички разлики на граѓаните. Општината Македонска Каменица, со големиот број историски и културни знаменитости, како и одржувањето многубројни традиционални и нови манифестации, ќе настојува да ги промовира своите можности, сѐ со цел да прерасне во позната културна дестинација, во која ќе може да се види и доживее духот на вековното културно-историско опстојување. Најважните проекти во оваа сфера, кои ќе имаа посебно значење, ќе бидат: Проект: Изградба на современ Дом на култура Опис: Општина Македонска Каменица веќе има подготвено проектна документација за изградба на современ дом на култура во кој ќе биде рестартирано градското кино со современа опрема и модерен изглед. Средства: 30.000.000,00 денари Извори на финансирање: Меѓународни финансиски институции, Буџет на Општината Рок: 2015 – 2017 година

Проект: Проект за постојани културни настани во општината и во селските средини Опис: Со усвојување на програмата на Советот на Општината Македонска Каменица, ќе се организираат по неколку културни настани секој месец, како во централното подрачје така и во селските средини. Со оваа програма ќе бидат опфатени театарски претстави, фолклорни концерти, литературни читања и сл. Средства: 600.000,00 денари годишно Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Помагање на КУД „Вера Јоциќ“ за промоција на фолклорот, обичаите и на традицијата на Македонска Каменица во земјата и пошироко Средства: 300.000,00 денари годишно Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

49


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Продолжување на организирањето Каменичко културно лето. Средства: 600.000,00 денари годишно Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Организација фестивал на забавни песни Опис: Општината ќе организира тридневен фестивал на забавни песни, на кој како гости ќе учествуваат и балкански естрадни уметници. Средства: 2.000.000,00 денари годишно Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

51


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

X.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА Интензивирањето на меѓународната соработка е едно од приоритетните прашања во рамките на заложбите за динамичен развој на Општина Македонска Каменица. Поддржувајќи ги напорите на Македонија за приближување на општеството и на граѓаните кон Европската унија, приоритет на локалните власти е да се вклучат во проекти и во активности за интензивирање на меѓународната соработка со цел развој на локалната економија и надминување на клучниот проблем - невработеноста. Во таа насока ќе се заложиме за поголема афирмација на општината со промоција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки, но, исто така, ќе пристапиме и кон размена на искуства преку продолжување и проширување на соработката со општини од соседните и од европските земји. Проект: Збратимување со општини од Италија и од Словенија Опис: Со овој проект ќе се поттикне соработката меѓу Македонска Каменица и општините од Италија и од Словенија, каде што живеат и работат поголем број наши сограѓани. Соработката ќе се одвива на полето на економијата, културата, спортот, како и на заедничко конкурирање со проекти пред европските фондови. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Обновување на соработката со рударски општини од Бугарија, Словенија и од Романија Опис: За зголемување на искуството за функционирање на рударските општини, соработката со такви општини ќе биде од полза. Средства: 400.000,00 денари Извори на финансирање: донации, Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

53


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Xi. БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА Безбедноста како императив на времето претставува предуслов за развојот на општината. Таа е гарант на човековите вредности и чувар на редот, мирот и на поредокот во вкупниот општествен систем. Безбедноста во општината ќе биде остварена со заемност и со соработка со сите фактори во системот на безбедноста на општинско и на републичко ниво. Противпожарната заштита и во наредниот период останува на листата на приоритети за изградба на ефикасен систем на превенција и на заштита од пожари во општината. Општината Македонска Каменица како носител на противпожарната заштита во рамките на своите надлежности ќе ги презема сите мерки и активности насочени кон заштита на животот и на имотот на граѓаните од настанување пожари. Проект: Курсеви за едукација на учениците во основните и во средните училишта од областа на сообраќајот Опис: Преку овој проект ќе извршиме зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на сообраќајната култура на децата и на младите во градот. Предавачи на овие едукативни часови ќе бидат членовите на општинскиот Совет за безбедност на патиштата. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година - континуирано

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

55


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

XIi. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА Најдобра социјална политика е политиката со која се отвораат нови работни места неопходни за подобрување на животниот стандард и на социјалниот статус на граѓаните на Република Македонија. Паралелно со создавањето услови за вработување на невработените, приоритет е и обезбедувањето грижа и заштита на лицата со телесни и со ментални пречки, децата без родители и родителска грижа како и на сите категории граѓани што се нашле во положба на социјален ризик. Социјалната заштита и социјалната превенција е основен императив на политиката на ВМРО-ДПМНЕ со цел создавање услови за инклузивно и за кохезивно општество преку унапредување на положбата на ранливите групи во локалниот контекст на заедница. Почнатите процеси на децентрализација продолжуваат со засилено темпо. Во оваа насока се отвораат многубројни можности и предизвици за уште поактивна улога на централната и на локалните власти, вклучително и граѓанскиот сектор, да создаваат локални стратегии и програми за социјално вклучување на граѓаните на кои сме им најпотребни. Грижата за децата останува да биде во фокусот на нашата посветеност. Секое дете треба да се вклучи во процесот на социјализација преку згрижување во предучилишните установи. ВМРО-ДПМНЕ се залага за ширење на мрежата на нови детски градинки и за подобрување на условите за престој, сѐ со цел да им обезбедиме сигурно и безбедно детство на најмалите. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон обезбедување достоинствен живот на старите лица преку развој на сервисни служби, ширење на мрежата на вонинституционални облици со социјалнозаштитна функција за лицата со инвалидност, децата без родители и родителска грижа, децата во ризик, како и обезбедување социјална превенција од можни ризици заради подигнување на квалитетот на животот на индивидуите, семејствата и на општеството во целина. ВМРО-ДПМНЕ обезбедува „БЕЗУСЛОВНИ И ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ“ Со цел остварување на заложбите и на поставените приоритети, Општина Македонска Каменица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се посвети на реализација на следниве проекти:

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

57


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Изградба на станбена зграда Опис: Веќе е донесена планска документација за зградата што ќе се гради во близина на Градскиот стадион и ќе биде наменета за издавање под поволни услови на социјални случаи и на млади брачни двојки. Овој проект ќе биде понуден на инвеститори за реализација по моделот на јавно-приватно партнерство. Средства: во согласност со проектот Извори на финансирање: ЈПП Рок: 2016 година

Проект: Отворање центар за дневен престој за деца со посебни потреби Опис: Со отворањето на овој дневен центар ќе бидат згрижени децата со посебни потреби од општина Македонска Каменица и ќе им биде обезбедена соодветна стручна помош. Средства: 1.000.000,00 денари

Проект: Организирање екскурзии за ранливите групи граѓани Опис: Со овој проект ќе се организираат екскурзии на децата со посебни потреби, пензионерите, невработени лица, социјалнозагроз��ните, самохраните мајки и сл. Средства: 300.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Доделување еднократна парична помош Опис: Со усвоениот правилник на Советот на Општина Македонска Каменица се доделува еднократна парична помош за социјалнозагрозени лица, лица со ниски примања и за лица со тешки заболувања, како и на лица погодени од елементарни непогоди. Средства: 1.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината

Извори на финансирање: Буџет на Општината, Буџет на Република Македонија Рок: 2013-2014 година

Проект: Отворање клуб за пензионери и за стари лица во с. Саса Опис: Со реконструкција на старата училишна зграда во село Саса, ќе се приспособат простории за престој на пензионерите и на старите лица на кои ќе им бидат овозможени различен вид активности. Средства: 7.000.000,00 денари Извори на финансирање: ИПА 2 Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапни рампи за лица со посебни потреби до сите јавни објекти Опис: Лицата со инвалидност имаат основно загарантирано право на физички пристап до јавните институциите на локално ниво, детските градинки, училиштата, здравствените установи и другите институции што им се неопходни за отстранување на социјалните пречки и целосен независен и интегриран живот во заедницата. Со изградба на пристапните рампи се премостува хендикепот и се овозможува достапна средина за лицата со посебни потреби во сите сфери на општественото живеење.

Рок: континуирано

Проект: Доделување еднократна парична помош за новородено дете Опис: Со овој проект, на секое новородено дете му се доделуваат финансиски средства во висина од 6.000,00 денари, а 12.000,00 денари на секое прво, новородено дете во календарската година. Средства: 1.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Проект: Ваучери за доделување бесплатен превоз во пазарен ден (петок) за лицата со месечни приходи пониски од 5.000,00 денари Опис: Со овој проект ќе изработиме правилник, кој ќе биде донесен од Советот на Општината и на социјалнозагрозените категории и фамилии со ниски примања со ваучер од општината ќе им овозможиме бесплатно патување до општината во пазарен ден. Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината, Буџет на Република Македонија Рок: 2016 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

59


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

XIIi. ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВМРО–ДПМНЕ во континуитет спроведува реформи во насока на подобрување и на унапредување на квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на Република Македонија, чиишто позитивни ефекти интензивно ги чувствуваат и ползуваат преку многуте проекти спроведувани од страна на Министерството за здравство, како што се: Поевтините лекови – при што продолжуваат заложбите за дополнителни намалувања на цените на лековите. Со тоа се овозможува поголема достапност на лековите, но и сериозна заштеда на финансиски средства во здравствените установи и кај граѓаните; Бесплатното болничко лекување за пензионери доколку нивната пензија е пониска од просечната во Република Македонија; Бесплатната вакцина за ХПВ за спречување рак на матката кај женската популација, скенирање, превенција на кардиоваскуларни болести; Бесплатните здравствени превентивни прегледи - за проверка на холестерол, гликемија во крв, кои се прават на пунктовите и притоа се делат брошури и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење; Националниот систем за закажување интервенции – чиј почеток претставува проектот „Мој термин“ со кој во голема мера се придонесе кон намалување на времето на чекање на пациентите за одредени здравствени услуги и дијагностички процедури; Обезбедување услови за стручно усовршување на здравствените работници и на здравствените соработници; Реорганизирањето и засилување на здравствените домови - зголемување на бројот и на видот на услугите со фокус на населението во руралните средини, вклучително и унапредување со опрема и доекипирање на поливалентна (повеќефункционална) патронажна служба во нивни рамки - проект, кој во голема мера ќе придонесе кон засилување на соработката меѓу матичните гинеколози и патронажните сестри со цел навремено меѓусебно информирање за бремени и породени жени, зголемување на бројот и на видот на услугите што ќе бидат давани од страна на патронажните сестри на населението во руралните средини. Во соработка со Владата на Република Македонија, и понатаму ќе продолжиме континуирано да го унапредуваме системот на здравствена заштита, со што ќе се овозможи граѓаните - корисници на здравствените услуги, да бидат задоволни, а нивните проблеми брзо и ефикасно решени.

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

61


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Во општина Македонска Каменица во четиригодишниот мандат ќе бидат реализирани следниве проекти: Проект: Санација на покрив на Здравствен дом „Македонска Каменица“ Опис: Покривната конструкција, заедно со зградата, е изградена во шеесеттите години од минатиот век. Со овој проект ќе се замени покривниот прекривач и Итната медицинска помош ќе добие подобри услови за работа. Средства: 1.500.000,00 денари

Проект: Набавка на теренско возило Опис: Со набавка на ова возило ќе биде овозможен ефикасен пристап до тешкопристапните населени места и ќе биде олеснет транспортот на итните случаи до соодветната здравствена установа. Средства: 500.000,00 денари Извори на финансирање: донација Рок: 2014 година

Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2014 година

Проект: Реконструкција на санитарни јазли на Здравствен дом „Македонска Каменица“ Опис: Со реализација на овој проект ќе се обезбеди замена на дотраената водоводна и канализациска инсталација и замена на керамичките плочки и столарија во санитарните јазли во Здравствениот дом „Македонска Каменица“. Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија Рок: 2015 година

Проект: Целосна реконструкција на постојната амбулантата во с. Моштица Опис: Моментната состојба во која се наоѓа амбулантата во с. Моштица не овозможува услови за давање соодветна заштита на жителите од селото и ќе биде комплетно реконструирана. Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината, Буџет на Република Македонија Рок: 2015 година

Проект: Набавка на медицинска опрема и апаратура во Здравствена станица „Македонска Каменица“ Опис: Советот на Општина Македонска Каменица има донесено одлука за одобрување средства за набавка на медицинска опрема и апаратура со која ќе се обнови амортизираната и стара апаратура и ќе се замени со нова со која на граѓаните во општината ќе им се биде овозможена квалитетна здравствена заштита. Средства: 1.200.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

63


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

XIv. ТРАНСПОРТ И ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА Современата инфраструктура е основа за развој и за привлекување инвестиции и на локално ниво, а добрата сообраќајна поврзаност претставува нејзин најзначаен сегмент. Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ја олеснува и поттикнува мобилноста на луѓето и на стоката, ја надминува ограниченоста на локалните пазари и создава основа за рамномерен регионален развој. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ И НА ПАТИШТА Сообраќајните проблеми во општина Македонска Каменица се посебно актуелни во последниве години, така што нивното решавање и понатаму останува значаен предизвик за нас, а во идниот мандат приоритет ќе се даде на: Проект: Асфалтирање на улиците: „Ленинова“; „Пиринска“; „Индустриска кејска“; „Питу Гули“; „Струјовска маала“; „Карадачка маала“ Средства: 10.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013-2014 година

Проект: Пробивање и асфалтирање на улица Кејска и пристапен пат до Мачкарска маала Средства: 6.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2013-2014 година

Проект: Доизградба и aсфалтирање на улиците: „Миле Јаневски“ и „Даме Груев“ Средства: 2.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013-2014 година

Проект: Поврзување на улица „Гоце Делчев“ со улица „Илинденска“ Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Изградба на кружен тек на улица „Маршал Тито“ со улица „14 Јуни“ Средства: 4.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

65


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

Проект: Поврзување на улица „Маршал Тито“ со улица „М. М. Брицо“ Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Поврзување на улица „Вера Јоциќ“ со улица „Каменичка“ Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година

Проект: Изградба на пристапен пат во местото Прекопо, с. Моштица Средства: 2.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Асфалтирање крак на улица „Каменичка“ Средства: 1.500.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2014 година

Проект: Изградба и асфалтирање пристапни патишта до маала во с. Дулица; с. Костин Дол; с. Коселица Средства: 9.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013- 2015 година

Проект: Изградба на станици во селските средини Опис: Општината ќе изгради станици во с. Саса, с. Моштица, с. Луковица и с. Тодоровци, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација на граѓаните. Средства: 400.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2015 година

УРЕДУВАЊЕ ТРОТОАРИ Ќе посветиме грижа и внимание и на уредувањето на тротоарите, кои треба да бидат безбедни места за движење на пешаците, особено на децата, учениците, повозрасните лица и на лицата со телесна спреченост. Проект: Изградба на нови и уредување на постојните тротоари Опис: Изградба на тротоари на ул. „Осоговска“, ул. „Индустриска“, ул. „14 Јуни“. Средства: 5.000.000,00 денари Извори на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2016 година

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

67


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

XV. ИДЕИ ОД ГРАЃАНИ ПРОЕКТ: ЛИЧНИ ПОМОШНИЦИ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ Опис: Воведување Сервис за лични помошници, кој претставува нов тип услуга за лицата со физичка инвалидност, кој во светот постои и успешно се применува со децении. На лицата со потежок степен на инвалидност им е потребна помош од други луѓе во секојдневниот живот при станување, лична хигиена, одење в тоалет, облекување, купување, подготовка на храна, чистење, чување деца или помош на остарен родител. Помошникот му помага на корисникот на работа, при излегување в град, на патувања, помага при комуникација и сл. Општата цел на проектот е поддршка на самостојниот живот на лицата со инвалидност преку воведување нова вонинституционална форма на социјална заштита на лицата со телесна инвалидност, а во втора фаза и на слепите лица и намалување на проблемот на невработеноста. ПРОЕКТ: „24 ЧАСА ДОСТАПНА ОПШТИНА“ Опис: Идната општинска администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по завршувањето на локалните избори ќе го спроведе овој проект, кој подразбира радикално поедноставување на процедурите за детектирање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а со тоа и нивно забрзано решавање. Имено, со овој проект, граѓаните преку телефонски повик, преку СМС или преку испраќање електронска порака до општинската администрација за јавен проблем од областа на осветлувањето, јавната чистота и други надлежности од делокругот на локалната администрација ќе можат да ја информираат Општината. Општината, пак, во рок од дополнителни 24 часа, ќе биде должна да го реши конкретниот проблем. ПРОЕКТ: ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА СТОЧАРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО Опис: Идната општинска администрација во руралните општини, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а во соработка со Владата на Република Македонија, ќе ги укине комуналните такси за сите објекти што се градат на село, а кои служат за одгледување жива стока. ПРОЕКТ: „НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ“ Опис: Во секое село да се одреди место каде би можел да се транспортира отпадот. Во ваквата акција да се вклучат сите фирми што се занимаваат со ваквата дејност, како и сите фирми што се во состојба да помогнат за целосна реализација на акцијата. Преку јавен оглас треба да се повикаат и сите граѓани, врз основа на доброволна работа, да учествуваат во реализацијата на проектот. По завршување на проектот, да се формира Општинска еколошка контролна служба, која ќе врши дневна контрола.

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

69


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

НОВИ ДЕЛА ЗА нов напредок, нови дела за подобрА македонска каменица!

71


Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ 2013-2017

www.vmro-dpmne.org.mk


Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Македонска Каменица!