Page 1

НЕШТО СМРДИ! ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА БАТЕРИИТЕ ВАЛКАНА ЕНЕРГИЈА


2


Содржина Анкета за загадување

стр. 4

Нешто смрди дали институциите се спремни да преземат мерки за спас од загадувањето? стр. 6 Загадени градови и затруени реки стр. 8 Екоземјоделство

стр. 10

ГОУ КЛИН проект за воспоставување систем за отпадни батерии стр. 12 Што е ОБА рециклирање

стр. 14

Постер - што треба да знаете за батериите стр. 16 Гоу Клин продолжува и во 2014 стр. 18 Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија стр. 20 Валкана енергија

стр. 22

Пасивни еколошки куќи

стр. 23

Заврши осмата сезона на ПролеттаДоаѓа!

стр. 25

Биди Зелен

Екологија и одржлив развој Импресум: Здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животна средина - Гоу Грин Скопје СПИСАНИЕ БИДИ ЗЕЛЕН Екологија и одржлив развој УРЕДНИК: Фране Јовановски РЕДАКЦИСКИ КОЛЕГИУМ: Антонио Јовановски Емилија Јосифоска Дена Крстеска Бранкица Василева Маријана Аспровска Марко Соколовски Снежана Гиевска ДИЗАЈН И ПОДГОТОВКА: Григор Унковски (grigor_unkovski@yahoo.com) ЛЕКТОР: Мила Голчева Зорица Манаскова

И Македонија основаше тело кое ќе ги претставува младите! стр. 26

3


Анкета за загадување Анкетирани над 150 скопјани Преку интернет-анкета беа добиени информации за знаењата на тема „Загадување“ кај над 150 жители на Скопје, главно средношколци. Анкетата се состоеше од 5 прашања, од кои 4 беа стандардизирани. Клучното прашање се однесуваше на тоа од каде ги црпат информациите за загадувањето. Најголем број од испитаниците одговорија дека се информираат од електронските медиуми и во училиште, а потоа следуваа невладините организации, печатените медиуми и семејството и пријателите. Интересен е фактот што 84 испитаници, односно 54%, одговорија дека веќе имаат направено истражување на некоја тема поврзана со загадувањето. Меѓутоа, фактот што 46%, речиси половина, не истражувале ништо на оваа тема, потврдува дека сè уште има граѓани што не се доволно информирани во врска со некои еколошки проблеми. На прашањето „Дали сметате дека во училиште учениците се доволно информирани за загадувањето?“, 45% одговорија дека се информирани, но може и подобро, а 33% – дека учениците се слабо информирани; 14% сметаат дека информираноста е на задоволително ниво, а останатите 8% сметаат дека оваа тема не се експлоатира воопшто. Кога им беше дадено да ја „оценат” загаденоста на Скопје на скала со вредности од 1 до 10, каде што 10 означува екстремно загадено, најголем број од нив се изјаснија дека Скопје е на осмиот степен. Интересно е што мал број од испитаниците сметаат дека загаденоста е на 3. степен, но немаше такви коишто загаденоста ја оценија со 1 или со 2. На последното, нестандардизирано прашање побаравме одговор кои се, според нив, најголемите загадувачи во Скопје. Иако од отворен тип, на повеќе од половина од анкетираните одговорите им се совпаднаа: автомобилите и старите автобуси и индустриските објекти. Голем број од испитаниците сметаат дека најголеми загадувачи се и жителите и начинот на греење во нивните домаќинства, а беше споменато и неконтролираното градење. Анкетата ја спроведоа Маријана Аспровска и Ангела Апостолоска. Според тебе на скала од 1 до 10 колку е загадено Скопје?

4

1: 2: 3: 4: 5: 6: 7: 8: 9: 10:

/ / 2 5 4 13 27 48 22 36


Каде најчесто го слушаш терминот „загадување“?

75

71

31

62 46

38 15

ТВ и радио

Весници и Училиште Интернет Семејство Невладини Друго списанија и пријатели организации

Дали сметаш дека учениците во улилиштата се доволно информирани на оваа тема? Да: 21 Да, но може и подобро: 70 Не баш: 52 Не се воопшто: 14 Според тебе кои се најголемите загадувачи во Скопје:

Индустриските објекти Сообраќај Жителите Домаќинствата Градење Депонијата Дрисла

5


НЕШТО СМРДИ ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ ЗА СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО ? Во изминатиот период загаденоста на воздухот достигнува аларамнтно високи нивоа а со тоа расте загриженоста на граѓаните во градот Скопје за ефектите на загадувањето врз нивното здравје. Суспендираните честички1, попознати како ПМ10, се еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје. Тие претставуваат честички со дијаметар од 10 микрони и содржат прашина од патиштата и индустриите, како и честички создадени при согорување1. Според тоа, најчести извори на загадување се моторните возила, индустриските капацитети, градилиштата и користењето неквалитетни горива за затоплување на домаќинствата. Се прашуваме како Македонија, особено градот Скопје планира да ја намали емисијата на суспендирани честички под граничната вредност од 50 μg/m3 или да ја сведе во согласност со маргината на толеранција чија часовна вредност изнесува само 25 μg/ m31 кога само во изминатата недела во Скопје беа измерени фрапантни 800 μg/m3. Главни причинители на загадувањето на воздухот во Скопје се:

6

 Сообраќајот  Малите и големи индустриски капацитети  Градежните зафати Во продолжение ги препорачуваме конкретните ИТНИ мерки кои градо-

началникот на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, како и Центарот за управување со кризи МОЖАТ и ТРЕБА да превземат во оваа аларманта состојба со која се соочуваме деновиве. Воедно посочуваме и системски, среднорочни решенија кои треба да се преземат. Итни решенија Следните решенија треба ИТНО да се спроведат од институциите почнувајќи од денешниот ден! Од Град Скопје бараме:  Советот на Град Скопје и Градоначалникот да донесат одлука за привремена делумна или целосна забрана на сообраќајот во поширокиот центар на градот, и да воведат системот на парни и непарни возила (односно режим кога во текот на еден ден може да возат само возила со парен број на регистарската табличка, а наредниот ден оние со непарен број).  Дополнително, мора да се посвети внимание на старосната година и да се воведе ограничување на автомобилите чии мотори имаат непотполно согорување на горивото (на пример забрана за управување возила со ЕУРО I, II и III стандард).  Јавниот сообраќај да биде бесплатен со што ќе се стимулира неговата масовна употреба.


 Да ја засили контролата над градежните зафати на територијата на град Скопје, во соработка со Општините на градот и да инсистира на поставување на соодветна заштитна мрежа околу објектот за намалување на прашината.  Да ја засили инспекцијата над малите индустриски капацитети (подложни на Б интегрирана дозвола) на територијата на градот и во случај на идентификација на зголемено загадување, да изрече привремена забрана за работа или намалување на обемот и времетраењето на работниот ден на индустрискиот капацитет.  Да започне примена на течноста „ЦМА“. „ЦМА“ претставува течност (калциум магнезиум ацетат) со која се прскаат површини каде е регистрирано големо присуство на честичките PM10. Оваа течност се нанесува на коловозите, градилиштата и неасфалтираните површини и има функција на „врзувач на честичките прашина“, со што не им се дозволува да се шират во воздухот. Покрај оваа функција, ЦМА служи и за одмрзнување на коловозите што значи дека може да се користи и

во летните и во зимските месеци во годината. Течноста ЦМА е биоразградива, некорозивна и не е штетна за почвата, воздухот и водата. Апликацијата на оваа течност е едноставна бидејќи е возможна преку адаптирање на постоечката механизација за чистење на улиците.  Привремено да забрани користење на службените возила на Град Скопје. Во делот на законската рамка, укинување на норматив ЕУРО 2 и воведување на норматив ЕУРО 4 за увоз на стари автомобили ќе придонесе со дополнително намалување на емисите од сообраќајот. Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за транспорт и врски треба заеднички да ја засилат контролата на техничкиот преглед на возилата. При тоа, поставување посебни налепница за исправност на возилото и исполнување на еколошките стандарди ќе ја олесни идентификацијата на технички исправните возила присутни во сообраќајот од страна на Министерството за внатрешни работи, односно Полицијата.

За повеќе информации: www.gogreen.mk www.ekosvest.org.mk www.front.org.mk www.reactor.org.mk Контакт лица: Марко Соколовски Ана Чоловиќ Лешоска Искра Стојковска Неда Коруновска 7


Загадени градови и затруени реки нус-продукт на индустријата наменета за богатите луѓе Последните европски и американски истражувања покажуваат дека делови од Аргентина, Индонезија и Нигерија се на листата на 10-те најзагадени области на планетата. Во овие невообичаено загадени места животниот век е краток. Болестите и вирусите се шират бргу помеѓу милиони луѓе кои живеат и работат таму за да ги произведат производите кои подоцна се користат во високо развиените земји. Во Калимантан, Индонезија, локалното население го ископува златото употребувајќи жива, отровен невротоксин. ,,Тие го вршат извлекувањето во нивните домови, несвесни за опасноста‘‘ , вели Брет Ериксон, директор за проекти во Блексмит Институтот. Мерењата од страна на институтот покажале дека во домовите нивото на живата е 350 пати повиско од дозволеното. Ова директно влијае на здравјето на 10-15 милиони луѓе. Точно е дека постојат начини и евтини методи за ископување на злато без употреба на жива, но тие не се доволно познати во светот.Откако ќе се најде во животната средина, живата може да заврши во

8

рибата и останатата храна која ја конзумираат луѓето. Претходните извештаи покажале дека бројот на заболени од загадувањето е еднаков на оној од туберкулозата и маларијата, изложувајќи на опасност дури 200 милиони луѓе во светот. Глобално, една петтина од заболувањата од рак и 33 проценти од детските болести се последица на негативното влијание на средината во која живеат тие луѓе.За жал, овие броеви се многу повисоки во ниско развиените земји. Ситуацијата не е ништо подобра ниту кај нас, на Балканот. На полуостровот Халкидики, постои силен отпор против проектот за изградба на рудник за злато и фирма која ќе го преработува истото на територијата на прастарата шума Скурос која се наоѓа во западниот дел на островот .Локалните жители се противат на рудникот бидејќи, според нив, тој ќе ја уништи животната средина.. Пред неколку години мултинационалната компанија за ископување злато Елдорадо Голд се населила во шумата


и започнала рударски активности на големи површини. Така започнало неповратното уништување на екосистемот и контаминацијата на земјиштето и подземните води со тешки метали. Жителите веднаш реагирале. Локалните земјоделци и населението организирале протести, со блокада на сите влезови и излези на туристичките местата Побарале информации за златните рудници во областа, но наишле на молк од страна на државните органи. За разлика од нив, независните научни и академски институции изјавиле дека последиците од потенцијалните влијанија на ископувањата можат да бидат непоправливи за човечките животи и еко системите . Од август оваа година водата во селото Неохори не е веќе за пиење поради токсичната концентрација на арсен како резултат од дупчењата на земјата од Елдорадо Голд кои се вршеле на мала оддалеченост од изворите на вода. Дали е можно во иднина истото да се случи и во Македонија?

www.theguardian.com/environment/pollution www.lenka.mk/2013/11/megunaroden-den-na-akcija-skouries/ www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/83187 www.dnevnik.mk/?ItemID=6638334C9D0A6C4196E12013AC8D08B8

Тенки златни нишки и со голо око видливи кријат карпите на Иловица, која се издига над истоименото село во општина Босилево. Kоријата прекриена со ниско дабово дрво за неколку години, според најавите, треба да

стане еден од поголемите рудници за злато и бакар во Југоисточна Европа. Сите досегашни испитувања ги потврдија очекувањата дека падините на Огражден кријат големи резерви на злато и на бакар. Локалитетот Иловица од 2017 година, кога се планира да започне експлоатацијата на рудата, ќе биде површински коп, од кој постапно ќе се врши ископ на рудата која ќе се третира со метод на преработка познат како флотација, односно истата ќе се дроби и ќе меле и од неа ќе се добива концентрат, кој потоа ќе се топи во специјализирани топилници. Канадскиот инвестициски фонд Еуромакс рисорсис лтд (EurOmax Resources Ltd.), засега единствената заинтересирана компанија објаснува дека новиот рудник ќе користи најсовремена технологија за експлоатација, што е во согласност со највисоките стандарди за заштита на животната средина. За проектирање на таа технологија се ангажирани компании од највисок ранг од Обединетото Kралство. 6 проценти од концесискиот надоместок што „Еуромакс рисорсис“ ќе го уплаќа во државниот буџет ќе се издвојуваат за проекти за заштита на животната средина. Жителите од Босилово и Ново Село со нетрпение го чекаат рудникот.

Бранкица Василева

9


Екоземјоделство “Only after the last tree has been cut down. Only after the last river has been poisoned. Only after the last fish has been caught. Only then will you find that money cannot be eaten.” индијанска поговорка

Земјоделството како загадувач

За да се намали ова загадување, во поново време се зборува за екоземјоделство или органско земјоделство, кое всушност не претставува нов метод. Датира од пред многу години, кога секое семејство поседувало своја земја на којашто одгледувало култури и остварувало производство на храна за лични потреби. Комерцијалното земјоделство кое применува хемиски ѓубрива се појавило во текот на минатиот век. Што е тоа екоземјоделство? Екоземјоделството има тенденција да ја зачува животната средината, но и да ги развива руралните средини. Придобивки од екоземјоделството се зачувување на биодиверзитетот, зголемено земјоделско производство и подобар начин на живеење. Органското производство го избегнува загадувањето на животната средина и го подобрува опстанокот на меѓусебно поврзаните заедници на растенија и животни, како и на човекот. Благосостојбата на животните е еден од клучните принципи на органското земјоделство и нивната благосостојба е пропишана во правилата и процедурите кои задолжително мора да се следат.

10

http://www.peta.org/issues/animals-used-for-food/meat-wastes-natural-resources/ http://anima-mundi.org.mk/

Загадениот воздух ги загадува почвата, водите и сето она што расте и што се движи на земјата. Со години наназад загадениот воздух предизвикува проблеми во земјоделството и ги загадува прехранбените производи коишто ги внесуваме во нашиот организам секојдневно. Меѓутоа, освен автомобилите и фабриките, во улога на загадувач може да се јави и самиот начин на одгледување на храната и на животните. Земјоделското загадување настанува од земјоделското работење што ја деградира животната средина. Самото работење со разни моторни направи може да ја уништи и да ја загади почвата. Традиционалните системи на земјоделско производство често предизвикуваат нарушување на здравјето поради интензивната употреба на синтетички препарати кои го форсираат производството на неприроден начин.


Оние на коишто благосостојбата на животните им е особено битна одлучуваат да не консумираат животинско месо, т.е. да станат вегетаријанци или, пак, сосема да ги исфрлат животинските производи од секојдневјето (во исхраната, облекувањето и сл.), односно да станат вегани. Може да се каже дека ваквата одлука не е само етички и морално исправна туку и еколошки, ако се земе предвид фактот дека одгледувањето животни во фарми за исхрана претставува голем трошок со огромни последици за животната средина и за човештвото. Вегетаријанството не е само етичка туку и еколошка одлука!

http://www.fpopm.com http://www.equalearth.org/agriculturepollution.htm

Одгледување животни за исхрана бара огромна површина на земја и големи количества храна, енергија и вода, а од друга страна, животните трпат ужасни услови при одгледување. Чувањето во тесни кафези со цел да се заштеди простор е еден од многуте видови мачења што ги претрпуваат животните пред да бидат убиени. Само во Америка, повеќе од 260 милиони хектари шума се сечат годишно за да се обезбеди место за фармите. На глобално ниво, пак, се смета дека речиси секоја минута се уништува природа со површина колку 7 фудбалски терени за да се обезбеди и да се посади храна за добитокот. Што се однесува до енергијата, потребно е 11 пати повеќе фосилно гориво за да се произведе една калорија од животниски протеин отколку една калорија од растителен протеин. Вода се користи за наводнување на храната што ја јадат животните, за самите животни, но и при изработката на животинските производи. Едно истражување покажало дека исто количество вода се троши при изработка на половина килограм месо и при туширање во период од 6 месеци. Според овие сознанија, со сигурност можеме да утврдиме дека доколку се намали одгледувањето на фармски животни за исхрана, ќе се намали загадувањето, но ќе се зголеми и нашата морална свест. Човекот ќе живее во хармонија со животните и со природата.

11


ГОУ КЛИН проект за воспоставување систем за отпадни батерии Проектот Гоу Клин во 2013 година беше поддржан од Амбасадата на Кралството Шведска во РМ, Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и од Градот Скопје. Проектот имаше за цел да воспостави систем за собирање отпадни батерии во јавните институции во Град Скопје и да ја развие свеста кај јавната администрација. Во рамки на проектот се поставија канти за отпадни батерии во јавните институции и се одржаа едукативно-информативни состаноци за вработените во министерствата, јавните претпријатија, културните институции и средните училишта. За собирање на отпадните батерии е одговорен колективниот постапувач „Нула Отпад“, кој потпиша договор за управување со отпадни батерии со Градот Скопје. Сега може да се ослободите од вашите празни батерии на следниве места: Министерства на РМ

Културни институции во Скопје

Министерство за животна средина Влада на РМ Министерство за надворешни работи Министерство за внатрешни работи Министерство за труд и социјала Министерство за образование и наука Министерство за информатичка технологија Министерство за здравство Министерство за култура Министерство за Економија

Музеј на Македонија Библиотека „Браќа Миладиновци“ Културно-информативен центар Дом на култура „Кочо Рацин“ Младински културен центар Музеј на Град Скопје Универзална сала – Скопје Зоолошка градина Детски културен центар „Карпош“ Кино Милениум

Средни училишта во Скопје „Никола Карев“ „Раде Јовчевски Корчагин“ „Јосип Броз Тито“ „Михајло Пупин“ „Боро Петрушевски“ „Орце Николов“ „Кочо Рацин“

„Панче Арсовски“ „Георги Димитров“ „Васил Антевски - Дрен“ „Марија Кири Склодовска“ „Владо Тасевски“ „Димитар Влахов“ „Браќа Миладиновци“

„Здравко Цветковски“ „Арсение Јовков“ „Лазар Танев“ „8-ми Септември“ „Цветан Димов“ „Панче Караѓозов“ „Зев Љуш Марку“

Јавни претпријатија во Скопје ЈП „Паркови и зеленило“ ЈП „Градски паркинг“ ЈП „Улици и патишта“ ЈСП - „Скопје“ 12

ЈП „Комунална хигиена“ ЈП „Водовод и канализација“ ЈП „Дрисла“


Специјални канти за отпадни батерии! отпадн тп паадн п ни б атери и ии!

контакт: info@bidizelen.org

13


Интервју со управителот на ОБА Рециклирање Што е ОБА рециклирање? “ОБА рециклирање“ е прв лиценциран колективен постапувач со отпадни батерии и акумулатори со дозвола број 11-2319/3 од 15.03.2012 година добиена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Повеќе информации за нас може да најдете на www. oba.mk Која е улогата на колективниот постапувач во едно општество? Колективниот постапувач влијае на општеството преку спроведување на едукативни кампањи за информирање и подигнување на јавната свест за постапување со отпадни батерии и акумулатори. Исто така постапувачот ги информира граѓаните за можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од супстанциите кои се користат во батериите и акумулаторите. Колективниот постапувач треба да обезбеди садови за собирање на отпадни батерии и акумулатори кои ќе бидат поставени на собирни места каде крајните корисници може да ги остават отпадните батерии и акумулатори како и да обезбеди редовно преземање на собраните отпадни батерии и акумулатори.

14


Koи се трите работи кои треба да се направат за да имаме успешен и функционален систем за управување со батерии? За успешен и функционален систем за управување со батерии потребни се да се преземат следниве чекори:  Садовите за отпадни батерии и акумулатори да бидат распоредени согласно густината на населението  Редовно собирање на отпадни батерии и акумулатори од поставените садови за ваков вид отпад.  Континуирано развивање на свест кај населението и промоција на одговорно однесување Кои би биле вашите препораки за младите во Македонија? Пораката која сакаме да ја пренесеме до младите во Македонија е да редовно и навремено се вклучат во акцијата на ОБА за собирање на отпадни батерии и нивно оставање во садовите наменети за отпадни батерии и со своето учество да дадат придонес кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Исто така едукацијата има голема улога во подигнување на јавната свест особено кај најмладата популација бидејќи стекнатите навики од младоста остануваат цел живот.

15


www.

16

.mk


17


Гоу Клин продолжува и во 2014 Со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка во Р. Србија проектот за отпадни батерии ГОУ КЛИН продолжува и во 2014 година. Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на 7 општини, да се развие свеста кај младите луѓе и граѓаните и да се собере 1500 КГ на отпадни батерии. Проектот ќе овозможи систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани и ќе опфати 40.000 млади луѓе од 76 училишта. Проектот е составен од три столбови. Првиот столб е фокусиран на општините, односно нивна поддршка во процесот на исполнување на обврските од Законот за батерии и акумулатори. Вториот столб е фокусиран кон младите и вклучување на училиштата во процес на едукација. Третиот столб е промотивна кампања и натпревар за собирање на батерии помеѓу општините и училиштата. Активностите под секој столб се следните: I Зајакнување на капацитетите на општините Потпишување на договор со лиценциран колективен постапувач за управување со отпадни батерии и акумулатори Поставување на специјални садови (канти) за собирање на отпадни батерии во училиштата и јавните институции Прирачник (брошура) за воспоставување на систем за управување со отпадни батерии Едукативни состаноци за јавната администрација II Младинска едукација и вклучување Биди Зелен Списание Еднодневен семинар за средношколци Лидерски камп Едукативно-промотивна кампања во училиштата

18


III Промотивна кампања и собирање на батерии Јавен настан за промоција на проектот Натпревар за собирање на батерии Церемонијален настан за доделување награди за најуспешните 7 (седум) општини кои се вклучени во проектот се: Општина Центар (Скопје) Општина Кисела Вода (Скопје) Општина Карпош (Скопје) Општина Ѓорче Петров (Скопје) Општина Штип Општина Кичево Општина Прилеп Останатите партнери на проектот се: Колективните постапувачи за управување со отпадни батерии: ОБА рециклирање (www.oba.mk) Нула Отпад ДОО (www.nulaotpad.com.mk) Невладините организации: АИЕСЕК Скопје Еко Тим Исток - Штип Центар за развој на заедницата – Кичево АИЕСЕК Прилеп Маркетинг агенција Креатиф (www.kreatif.mk) Институционални партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ Амбасадата на Кралството Шведска во РМ

19


Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија 3 милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија1. Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места. Еколошките невладини организации Гоу Грин Скопје и ФРОНТ 21/42 подготвија публикација на тема “Ниско јаглеродна економија - висок бизнис потенцијал” поддржана од Фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг. “Мора да се пристапи посистематски на еколошко образование во Република Македонија за да имаме една подготвена генерација која максимално ќе ги искористи бизнис можностите кои произлегуваат од енергетската трансформација” – изјави Антонио Јовановски од Гоу Грин Скопје, еден од авторите на публикацијата. Публикацијата беше промовирана во рамки на “Европската недела на мали и средни претпријатија” со отворена дискусија на тема “Младите, претприемништвото и обновливите извори на енергија”.

1 http://www.master.eurec.be/en/Careers-and-EUREC-Awards/Articles-and-useful-links/-print/

20


Како главни препораки и заклучоци се издвоија: Наставната програма да се ревидира од аспект на информации и знаење кое го нуди за обновливата енергија Да се искористат ткн. Денови на кариера и да се организира штанд за промоција како заедничка соработка на сите факултети кои нудат вакви студии и невладините организации кои работат на оваа тема Компаниите да почнат со (дури и скромна) програма за стипендирање на млади луѓе кои сакаат да се образуваат на оваа тема, како и програма за пракса на студентите кои веќе студираат или само што завршиле Да се засили поддршката за кампањи на невладиниот сектор во соработка со медиумите, за тоа да биде на начин кој ќе биде атрактивен и близок за младите Акциите на Министерството за економија за делумно субвенционирање на сончеви колектори да продолжи и се зголеми. Публикацијата е издадена на англиски, македонски и албански јазик и може да ја преземете на www.gogreen.mk или www.kas.de/ mazedonien

21


Валкана енергија

Европската Унија во регионот на Југоисточна Европа планира во наредниве 10 години да потроши 30 милијарди евра за енергетски проекти. Најголемиот дел од нашиот регион има над 250 сончеви дена годишно и одлични ресурси за моќта на ветерот. Иако овие се бесплатни, чисти и неисцрпни извори на енергија со голем потенцијал во нашиот регион се речиси целосно неискористени. Интересен факт е дека земјата добива повеќе енергија од Сонцето во еден час, отколку што целата планета користи за една година. 22

проектот е од невладините организации: SEE Change Net, Фронт 21/42, Еко-Свест

http://www.seechangenetwork.org/images/publications/infographic/ Macedonia%20-%20Infographic%20-%20Macedonian.pdf

Валканата електрична енергија е онаа енергија која што е произведена од цврсти горива(јаглен). Во Македонија се троши 65% валкана енергија за разлика од ЕУ која троши 25%. Согорување на јаглен, особено оној вид кој го имаме во регионов, создава огромни здравствени проблеми како оштетување на срцето, белите дробови и мозокот. Наводно валканиот јаглен се употребува бидејќи е евтин. Меѓутоа откако ќе ги согледаме податоците од Алијансата за здравје и околина (HEAL) сфаќаме дека лигнитот и не е така евтин додавајќи ги здравствените трошоци кои ги повлекува неговата експлоатација. Економските трошоци на здравствените последици од согорување на јаглен во ЕУ се повеќе од 50 милијарди евра годишно.


Пасивни еколошки куќи ШТО Е ТОА ПАСИВНА КУЌА? Пасивна куќа е еколошка градба, изградена и дизајнирана со модерни материјали и технологија кои го намалува производството на јаглерод диоксид користејќи обновливи извори на енергија. Пасивна куќа е објект со висок коефициент на термоизолираност, односно со минимизирани можни загуби на енергија, а кој воедно е и комфорен и еколошки. Ова е објект кој има до дваесет пати помали трошоци за греење и за ладење, константна температура во просторот, чист и квалитен воздух, кој не е подложен на надворешни влијанија. Поимот пасивна куќа се употребува за секоја куќа која не троши повеќе од 1,5 литри гориво за греење или 1,5 м³ плин по м² станбена површина годишно. Пасивна куќа е објект во кој без греење или климатизација се постигнува добра температура во зимските и летните услови. Градењето на вакви куќи е побрз и гарантира висок квалитет со добра издржливост од надворешните влијанија. Ова се само дел од предностите што ќе ги имаат оние што ќе се одлучат својот дом или деловен простор да го изградат по стандардот за пасивна куќа. КАКО ФУНКЦИОНИРА ТАА? За реализација на ваква куќа потребни се високо квалитетни градежни материјали. Сите надворешни елементи, особено стаклените површини , треба да бидат добро топлински изолирани така што коефициентот на пропустливост на топлина да не биде поголем од 0,15 W/m²K. Што се однесува до вентилацијата , куќата треба да си има посе-

бен систем кој се грижи за набавување на нов свеж воздух. Овој систем функционира на база на размена на топлина. Воздухот кој излегува од внатрешноста може да пренесе 80% од својата топлина на воздухот кој влегува . Ова може да се објасни преку прост пример: доколку во просторијата температурата изнесува 20°С а надворешната 0°С , тогаш температурата на влезниот воздух може да се зголеми и до 16°С . Процесот во лето е обратен, излезниот воздух не превзема топлина на влезниот, со што се одржува пријатна температура и нема потреба од клима уред. Прозорците во ваквите видови објекти овозможуваат температурата во просториите да биде минимум 20°С дури и кога надвор температурата изнесува -5°. Ова се должи на нивната структура, односно поради трослојното застаклување со стаклени панели наполнети со племенит плин аргон. Нивните предности не се состојат само во спречувањето на топлинските губитоци туку и на зголемената термичка удобност во домот. Во ектремно ладни услови внатрешната површина нема да падне под 17°С. Изолацијата игра најголема улога во ваквите градби. Од квалитетот на изолацијата зависи и степенот на пропустливост, на влага , топлина и бука. Правилното вградување на изолација од темел до кров овозможува пријатно живеење. Материјалите кои се употребуваат во изградбата на овие еколошки куќи се поквалитетни и поевтини, на пример таков материјал од природни влакна е исовер минералната волна која овозможува многу добра изолација. За да се постигне добра изолација потребно 23


24

ЗОШТО ДА ГРАДИМЕ ПАСИВНИ КУЌИ? Заштеда за загревање до 85% , заштеда во ладење до 100%, заштеда во осветлување до 30%. Заштеда во однос на применети материјали за градба (околу 10% од класичните)Долготрајност на објектот, безбедност (отпори на силни ветрови и земјотреси), здрави за живеење ( зеленилото кое ги обвива во голем процент штити од електромагнетни зрачења, вибрации и бука), поради нивната положба нема потреба од громобранска инсталација, мала веројатност за опожарување поради неможноста за ширење на оган во овие градби, нема кондензација на водена пареа на ѕидовите или појава на влага, ниски трошоци за одржување, се градат побрзо од класичните градби и се поевтини. Според многу експерти ова е единствениот тип на куќа кој со минимална инвестиција се добива најголема заштеда и ефикасност. Исто така овие видови на куќи немаат темел а ни покривна конструкција како што имаат класичните туку повеќенаменска хидроизолирана армирана плоча која е обвиена со земјена обвивка на која има тревник. Трошоците за одржување на тревникот се значително помали од оние за одржување на покрив.

http://energetskaefikasnost.info/samogrejni-eko-kuki/ http://energetskaefikasnost.info/eko-kuki/

е 30cm во дебелина од исовер минерална волна наместо бетон со дебелина од 105cm. Се постигнува одличен екобаланс со користење на оваа природна волна бидејќи така се намалува емисијата на СО2, се смалува потрошената енергија и се продолжува животниот век на објектот. Изградбата на фасадата е исто така многу важна. Што се однесува до неа, развиен е систем пакет кој го сочинуваат леплива трака смеса за дихтување и клима- мембрана Vario КМ направена од интелегента фолија која се прилагодува на сите годишни времиња. Функционира како парна брана, спречува продирање на влага на кровот и ѕидовит, а понекогаш функционира како пропустлива фолија која овозможува сушење на конструкцијата при што се ослободува вишокот влага. Се разбира дека вакви куќи препорачливо се градат во јужните делови, каде што има доволно сончеви денови преку цела година поради потребата од сончевата енергија. Меѓутоа, водата од дождовите во некои еко куќи исто така се употребува и преработува и ветерот се користи како обновлив извор на енергија.


Заврши осмата сезона на ПролеттаДоаѓа! Африка ги пречека птиците преселници од Европа. Заврши преселбата на птиците од Европа во Африка а со тоа заврши и осмата сезона на ПролеттаДоаѓа. ПролеттаДоаѓа е кампања за сите деца еко-истражувачи од Европа, Африка и Централна Азија. Преку активностите на децата се собираат информации за птиците преселници и нивното движење. Оваа година кампањата кај нас заврши во јуни кога децата ги пречекуваа и пријавуваа птиците преселници. „Децата од Македонија пријавија рекорден број на птици преселници со што Македонија беше меѓу топ 5-те земји во светот“ – изјави Ксенија Путилин, координаторот на оваа кампања од Македонско еколошко друштво. Откако кампањата заврши во Европа таа започна во Африка, каде нашите птици се преселија кога пристигна есента. Птиците не знаат за граници и затоа тие ги обединуваат луѓето од сите земји каде прелетуваат. Петте птици преселници кои ги следиме со оваа кампања поврзуваат над 54.000 деца, 900 наставници и 500 волонтери кои заеднички ги пречекаа со различни настани и активности. Големиот птичарски пикник во Демир Хисар

Следната година повторно децата од Македонија ќе известуваат за птиците преселници, а за време на зимата ќе учат за нив преку интернет страницата www.springalive.net. Кампањата ПролеттаДоаѓа е проект на светското партнерство BirdLife International чиј партнер во Македонија е Македонско еколошко друштво.

25


И Македонија основаше тело кое ќе ги претставува младите! Што е НМСМ? Националниот младински совет е платформа чија основна улога е претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција на младинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во име на младите. Во пракса, националниот младински совете тој кој треба да ги зацртува и дискутира младинските политики, и да биде партнер на инситутциите во процесите на советување при донесување на одлуки поврзани со младите. Националниот младински совет е основан на 30 Јуни 2013 година во Струга, меѓутоа процесот на неговото основање траеше две години. Првата идеја дојде по повлекувањето на предлог Законот за млади во 2011 година, и за време на Деновите на младинско вмрежување во Дојран (25-28 октомври 2012) беше формиран Иницијативен одбор со мандат да го води процесот за создавање на младинско претставничко тело. Иницијативниот одбор низ серија на 10 јавни дискусии и 3 отворени младински денови подготви предлог статут како работен документ кој потоа 55 организации го усвоија на Основачкото собрание на НМСМ во Струга. На собранието се избра и управниот одбор на НМСМ составен од: Цели на НМСМ: Зајакнување на улогата на НМСМ како претставничко тело на младите и младинските организации; Поттикнување на процеси за создавање на политики кои овозможуваат социјален и личен развој на младите; Застапување и делување во името на интересите на младите и младинските организации преку претставување на нивните интереси кај институциите; Oбединување и развој на капацитети на младинскиот сектор преку зајакнување и промоција на улогата на младинските организации; Промоција на неформалното образование и поттикнување на креирање системи за поддршка на млади на локално и национално ниво; Промоција на младински активизам, младинско информирање и активно граѓанство помеѓу младите; Повеќе за НМС на www.nms.org.mk

26


УПРАВЕН ОДБОР НА НМСМ Ивана Давидовска – Претседател (Центар за меѓукултурен дијалог) Дона Костуранова – Потпретседател (Младински Образовен Форум) Иван Јованов – член на Управен одбор (Младите Можат) Антонио Јовановски – член на Управен одбор (Гоу Грин Скопје) Арбен Ристеми – член на Управен одбор (Центар за развој на заедницата – Кичево) Горан Ѓоргиев – член на Управен одбор (Сојуз на извидници на Македонија) Даниел Калајџиески – член на Управен одбор (ХЕРА)

27


www.gogreen.mk

Списание Биди Зелен 25.12.2013  
Advertisement