Page 1

7

HR zapovedi

na~ini kako da go ubiete sopstveniot kredibilitet

Има некои детали што го разграничуваат еден одговорен за човекови ресурси од дефиницијата за добар или лош одговорен за човекови ресурси. Токму сензитивноста во работата со луѓе бара посебен професионален однос. Тоа особено е потребно и поради фактот што нашиот еснаф е нов и токму Вие сега сте должни ем да го изградите имиџот на оваа професија - ем да ги урнете лошите стереотипи што другите сектори во вашата фирма го имаат за тоа што вие, всушност, секојдневно работите. Ако не сакате да си ја исечете гранката на која седите и да си го уништите сопствениот професионален кредибилитет како одговорен за човекови ресурси, тогаш почитувајте ги следниве правила. Тоа што е Хипокритовата заклетва за медицинската фела, тоа се наведените 7 правила за фелата на човекови ресурси. Објаснувањата се на „ти“ зашто се однесуваат само и единствено на тебе, а дури потоа на колегата од ЧР што седи до тебе:

1

1. Немој да донесуваш одлуки базирани на туѓи емоции. Најчеста варијанта е кога менаџерот или директорот се лути на некој вработен и бараат тој веднаш да се казни или избрка од работа. Во вакви случаи, исклучително е важно одговорниот за ЧР да ја задржи непристрасноста и правниот пристап, и да не го урне својот кредибилитет. Крајно е погрешно нивните емоции да влијаат на твојата професионална одлука. Место тоа, задолжително: прво разговарај со самиот вработен, истражете ги фактите и проучете ги правните мерки точно по закон или правилник. Дури потоа ќе ги информираш директорот или менаџерот за конечниот став. Во спротивно, ти,

Број 7 | СЕПТЕМВРИ | 2009

можеби, ќе му се „пикаш“ на директорот, но ќе го загубиш целосно твојот кредибилитет и доверба кај вработените. Ваквите случаи се најбитен тест на твојот кредибилитет – кој ќе значи разлика: дали сте навистина менаџер за ЧР или само обична техничка секретарка, која ги исполнува желбите на директорот.

2

2. Немој да одговараш на прашања без да имаш доволно факти и никогаш не претерувај во реакцијата. Ова само им оди на рака на стереотипите за одговорните за ЧР дека се само администрација што нема познавање од бизнис и од економски прашања. Затоа најдобро е ако не сте сигурни да не одговарате веднаш туку речете „Дозволете ми да ви одговорам на тоа прашање подоцна“, и да го разберете точниот одговор место да импровизирате. Важно е и да не избувнувате, а да бидете сталожени и трпеливи и кога нешто ќе те вознемири, не брзај да објаснуваш „тоа се глупости“!. Поради две работи: под 1) Го навредуваш другиот и правиш непријател од него, а 2) Ги тераш сите други вистински да се посомневаат во твојата зрелост. Немој да шпекулираш и нагаѓаш: Ако те прашаат за мислење, биди секогаш подготвен истото да го поткрепиш со докази. Немој да зборуваш повеќе од што, навистина, знаеш, само колку да се направиш паметен. Немој да зборуваш до половина, само колку да се направиш мистичен и да ги импресионираш другите со твојата клучна позиција од типот: „знам една доверлива работа, да ви кажам?...хмм, ај подобро не“.

3

3. Немој да молчиш во критичен момент и да покажеш недостиг од деловно знаење. Разговарај активно за проблемите во компанијата. Ако ти со својот став се поставиш само како обичен административец, тоа и си! Твојот став е твојот опис на работата (Job Description). Без твојот став, твојата „бомбастична“ титула ќе остане таква само на хартијата на твојата визит-карта со која ќе ги фасцинираш твоите другари, но секако не и другите менаџери или директорот на твојата компанија. Затоа и различни луѓе различно ја работат една иста позиција. Не плаши се да ги искажеш и да се бориш за своите ставови, аргументи и факти, особено ако се и надвор од сферата на ЧР. Не дозволувај твоите колеги менаџери од „профитните“ продажните сектори да те стават во агол да молчиш на состаноци со забелешка дека ти си само „администрација“. Избори се по секоја цена за твоето рамноправно место и збор на масата за состаноци. Менаџерот за ЧР треба да се надоградува и со знаења од сферата на бизнисот, економијата, менаџментот за да го задржи својот кредибилитет во дискусиите со менаџерите од другите сектори. Ако финансиската страна не е твоја силна страна, земи веднаш курс за и ти да може да дискутираш за: деловни планови, тековни трошоци, очекувани приливи и за буџетот на компанијата. Во денешниот суров и брз деловен свет на менаџерите – поговорката „еден лаф-еден алтан“ не вреди ни пет пари. Во таквиот случај твоето „неотворање уста“ ќе биде со поголемо задоволство протолкувано како молчење од незнаење и незаинтересираност отколку како молчење поради твојата бескрајна и вонвременска мудрост.

47


4

4. Немој да се поистоветиш и здружиш себеси само со една личност или група. Сфати дека ти си одговорен за сите работници. И за асистентите и за менаџерите. И за работниците на лента и за шефовите на смена. Ти мора да бидеш неутрален. Особено се лоши случаите кога менаџер за ЧР – затоа што му е таков називот на титулата - егото му дозволува се дружи само со менаџерите и е нивни портпарол (евентуално и потрчко на директорот). Внимавај да не паѓа в очи дека ручаш или излегуваш на пауза за цигара само со еден ист менаџер секој ден. Тоа може да создаде недоверба кај другите. За полемиката дали еден менаџер на ЧР треба да биде на страната на менаџментот или на работниците ќе подготвам цел еден напис. Кратко: Ти пак биди си менаџер, ама застани зад правата на работниците – тоа ти е работа: не заборавај дека ако твојата титула е „менаџер за ЧР“, таа е составена од токму два дела. Запомни: во насловот на твојата позиција побитен е делот „ЧР“ отколку делот „менаџер“. Првиот дел ја претставува твојата професионална определба, а вториот, помалку или повеќе ти е само за фалење пред пријатели или полесно вадење слика за пасош !? Во Америка чистачките за да ги мотивираат ги именуваат со менаџер за чиста околина (Clean Environment Manager). Не дозволувај вториот дел и твоето стрвно его да го засени првиот збор. На крајот на краиштата: секој може да биде менаџер, но не може секој да биде за ЧР. Затоа во срцевината на твојата професионална определба е во работно време да грижиш се за вработените. А ако веќе ти е „духовна храна“ токму титулата менаџер (како и на чистачките од Америка), тогаш менаџер биди си попладне, на кафе со пријателите.

5

5. Обиди се да преземеш иницијатива и ризик за поголем проект. Бори се за секој работник. Доста ги фасцинираш само твојот шеф и врвните менаџери. Не плаши се да преземеш пресметан ризик за почнување проекти со кои директно ќе се поправат условите за работа на вработените, кои се токму најдолу во хиерархијата (асистенти, работници во погон и сл.). Многу работници токму во тебе гледаат спас, особено ако немаат разбирање со сопствениот шеф. Очекувано е од тебе како одговорен за условите на вработените: да бидеш херој и на најобичниот работник, место полтрон на најгорниот. Со тоа ќе го забетонираш твојот кредибилитет на професионалец

48

HR ZNAEWE и на борец за подобрување на условите за работа, и твојата позиција ќе ја браниш со херојски проекти, место со кукавички полтронизам. Твојата позиција и честите контакти со директорот секогаш искористи ги за лобирање за вашите проекти, за подобрување, за заложување за добрите работници. Знам дека компанискиот паричник е кај друг, а најчесто проектите се врзани со пари или дозвола од надредените директори. Но, затоа токму најголемата способност и моќ на еден одговорен за ЧР е во неговата способност за лобирање. Искористи ги состаноците со твојот управител или надреден шеф за да лобираш за подобрување на услови за работа, права по колективен договор или сл. На таквите средби не мора само да кимаш со главата, може конечно нешто и да предложиш.

6

6. Не смееш да покажеш недостиг на правно знаење. Педантно архивирај документи. Без разлика дали ќе се вадиш на фактот дека си или не си правник - штом работиш ЧР, императив е (!!!) ти лично и детално да ги знаеш законите од областа на работните односи (безбедност, здравје при работа, социјално осигурување), Колективниот договор, како и правилници (начин на пријавување/одјавување, повреда при работа, боледувања, одмори, службени патувања). Ако не ги знаеш наизуст, секако треба во секој момент барем да знаеш во кој закон да ги побараш, па затоа ќе треба да ги следиш законите постојано. Можеш да се вадиш со твојот прекрасно накитен и модерен назив за ЧР: „оперативен HR“, „тренинг план“, „360 дигрис (демек: степени) фидбек“ и „перформанс евалуејшн“ – ама ако не знаеш да напишеш едно обично решение за распоредување од 1 страница (со диспозитив, правна поука и сл.) – тогаш жалам, ама ти не си ЧР. И друг да го напише - пак токму ти треба да го кажеш последниот збор дали е во ред или не. Немој да дозволиш да се посрамиш за таква работа. А, што е, пак, со решенијата за отказ, за дисциплински мерки, технолошки вишок, М1/М2 обрасци, ППР обрасци за пријавување... Затоа прочепкај малку по терковите или посоветувај се со компаниските правници или адвокати. Во овој дел, кратко, само би посочил и уште нешто: Навистина мора да знаеш педантно да ги средуваш и архивираш документите. Во регистар а не твоето биро. Не дај Боже за појадок да јадете бурек на нечиј Договор за работа или шолји за гледање

кафе да превртувате на нечие Решение за технолошки вишок. Растурено биро со купови хартија = несериозен и непедантен одговорен за ЧР. На документите им е место во регистар.

7

7. Немој да споделуваш со секого доверливи и лични информации. Биди дискретен. Избегнувај да се сопнеш од својот долг јазик... Одговорниот за ЧР по суштината на работите секојдневно има увид во доверливи документи, кадровската архива или е на состаноци од доверлив карактер. Најбрз начин да го загубиш својот професионален кредибилитет е да прекажуваш и озборуваш заедно со другите вработени за овие доверливи работи, планови, бројки и стратегии. Ти автоматски со тоа губиш на два фронта: и во очите на менаџментот (дека пред тебе треба да се внимаваат што зборуваат, зошто сè ќе прекажеш), и во очите на обичните работници (зошто ќе сфатат дека штом озборуваш, прашање на време кога и работи поврзани со нив ќе ги прекажеш на други – и тоа на пауза за пушење). Научи да се запреш себеси, пред да ти дојде нагон „другарски“ да откриеш лична информација за некого или да дискутираш за деликатни информации. Пред да разговараш за отсутни лица, замисли дека тие се присутни. Кажувај го за отсутните само тоа што би им го кажал и в лице. Научи се (!!!) да ги контролираш нивото и видот на информации што го споделуваш со други (п.с.: ајде сега прочитај ја уште еднаш последнава реченица и, навистина, запомни ја). *** Погорниве правила се, всушност, еден вид тест-евалуација. Колку вкупно точки исполнувате вие од овие 7, толку вие сте силен одговорен за ЧР, рангирано од 1 до 7, и тоа суштински одговорен на ЧР, а не тој според вашата извикана официјална титула и без разлика на вашиот официјален звучен назив на позиција. Еве резултат : исполнувате ли 1 од погорните точки (1 поен) - вие сте само обична секретарка што се преправа дека е одговорен за ЧР само зашто води евиденција за годишни одмори. Ги исполнувате ли сите 7 – вие сте вистински ѕвер за ЧР! Дарко Гавровски Директор за човекови ресурси, Урбан инвест darko_gavro@yahoo.com

Број 7 | СЕПТЕМВРИ | 2009


HR Global # 7  

7 HR заповеди

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you