Page 1

Игор Станојоски ГАРГАРА

1

Издавач ПАНИЛИ Скопје, 2014

Игор Станојоски

Главен уредник Никола Павлески Уредник Илина Павлеска Ликовен уредник Кочо Фиданоски Електронска реализација Методија Николовски

ГАРГАРА

Изданието е финансиски помогнато од Министерството за култура на Република Македонија 2

3

ЗАБЕЛЕШКА НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

С

о авторот на овој роман се запознав во еден хостел во Прага. Единственото свое име што ми го остави е Орест, и само така можам да го нарекувам, иако тоа е неговото измислено име од романот. Бевме сместени во соба со 6 двојни кревети 12 туристи со различни биоритми, навики и планови. Некој сакаше да се врати пијан ноќта во 4, а некој мораше да стане во 6 утрината за на воз. Со Орест се запознавме навидум случајно. Паметам дека запознавајќи се со една Французинка на име Виржинија, го забележав остриот поглед на Орест во моментот кога се претставив како Македонец. Во следниот миг Орест со итар чекор ни се приближи, а јас бев сигурен дека не го направи тоа за да ми создаде ривалство околу Виржинија, туку дека го интересирам токму јас, или поточно моето потекло. Го прашав директно: „Сигурно си бил некогаш во Охрид, зашто кога реков дека сум од Македонија, веднаш ме погледна?“ „Не, едноставно ретко среќаваме Македонци во Европа. Мислам дека ти си првиот што сум го сретнал. А секогаш е интересно да запознаеш некого од толку мала земја, за нас толку непозната.“ 4

5

Веднаш имав чувство дека се обидува да се извади, но ми беше сеедно. Всушност, ми олесна кога сфатив дека најверојатно нема ни да го спомене македонско-грчкиот спор ниту која било друга политичка тема од жешкиот Балкан. Го доближив своето шише пиво кон неговото и наздравивме. Ни се претстави како Орест од Данска. Продолживме да се дружиме и со Виржинија и добивме еден интересен пивски разговор кој тргна од тетоважите на Виржинија (го имаше истетовирано мостарскиот Стари мост токму над задникот), па предвидливо се пренасочи кон патувањата, убавината на номадскиот живот и изучувањето странски јазици. Потоа игравме пинг-понг. Ми останаа во сеќавање неколкуте партии што ги одигравме со Орест. Играм пинг-понг релативно добро и обично победувам, освен кога ќе ми се погоди за противник левучар или некој што силно ги врти топчињата. Со Орест беше како да играм против огледало. Имавме идентичен стил, еднакво брз рефлекс и партиите беа драматични и главно завршуваа на два поени разлика. Вечерта си легнав во 2, но до 4 се враќаа пијани туристи. Негде околу 4 беше кога на соседниот кревет од горното легло Шпанецот што се беше вратил пред малку гргна да повраќа одозгора, а повраќаниците шлакаа на ламинатот. На англиски со изразит полски изговор овој што спиеше на леглото под него почна да му вика на Шпанецот дека му повратил во влечките и да слезе да исчисти. Шпанецот навистина сакаше да биде коректен, но, обидувајќи се да слезе да исчисти, ја промаши скалата и полета директно на подот. Ги прелета притоа исповраќаните влечки и не верувам дека почувствува болка со толкаво количество алкохол во крвта, но несомнено на подот го забележа вирчето крв кое брзо се точеше од неговиот нос. Полјакот ја викна рецепционерката, а оваа 6

дотрча бргу зашто веројатно имаше изработен рефлекс за станување во секој миг во ноќта. 20-ина минути подоцна итна помош го собра пијаното тело на Шпанецот. Не знам колку беше часот, но паметам дека се чувствував како да бев спал само 2-3 часа кога некој ме тупкаше по рамото. Отскокнав во креветот како што отскокнува патник. Тоа беше Орест. Во рацете држеше нешто како книга, како да сакаше да ми прочита приказна за добро утро, наместо за добра ноќ. „Извини што те будам сега, но треба да стигнам на аеродром. Види, моето име не е Орест и јас не сум од Данска. По потекло сум од Украина. Не можам да ти кажам во која земја живеам во моментов ниту кое е моето актуелно име ниту кое е моето поранешно, т.е. вистинско име. Знам дека си искрен и чесен човек. Имам голема молба до тебе. Сакам да ја земеш папкава. Во неа е мојата животна приказна, раскажана најубаво што умеев. Сакам да ја објавиш како роман кога ќе се вратиш во Македонија. Напишана е на англиски, па нема да имаш проблем со преводот. Кога ќе го прочиташ текстов, ќе ти стане јасно зошто не можам да ти го кажам своето име, ни поранешното ни сегашното. Неколку имиња во романов се измислени затоа што по некои од ликовите сè уште трага Службата за безбедност на Украина. Ако го побараш моето име на рецепција, можеби и ќе ти го дадат, но не барај го и не дозволувај никој да дознае дека тоа е на некој начин поврзано со романов. Кога ќе го прочиташ романов, ќе ти стане јасна мојата реакција кога ѝ кажа на Виржинија дека си од Македонија, а ќе ти биде јасно и зошто сакам оваа книга да излезе токму во Македонија и зошто не можам да ја објавам јас. Затоа, те молам, објави ја како свој роман, но онака како што ти ја давам.“ – О-океј. – Одговорив издивнувајќи, со поспан мамурен полушепот. 7

Се поткренав на лакт и се поздравивме машки. Папката ја пикнав под перница, онаму каде што ми беа паричникот и пасошот. Во себе си реков: „Можеби и ќе ми стане јасно нешто некогаш, но сега не ми е јасно апсолутно ништо.“ Кога се разбудив повторно, во собата немаше никого освен мене. Сега забележав дека собата е на поткровје. Низ прозорците на покривот се распрскуваа портокаловите сончеви зраци. Под перницата ги напипав пасошот, па паричникот, па папката. Трите највредни работи што ги имав со себе во тој момент. Усните ми беа прилепени, па помислив дека морам да отидам до чешма да направам гаргара пред што и да е друго. Љубопитноста ме испревари, па уште пред да отидам, ја отворив папката што ми ја остави пријателот. На првата страница со големи букви беше напишан насловот на романот – ГАРГАРА. Кимнав потврдно и отидов на чешма. Кога се сместив во удобната втора класа на возот Интерсити, кој требаше да ме однесе од Прага до источнословачкиот град Кошице, размислував за смислата на моето патување. Ова беше едно од најчудните патувања во мојот живот токму во поглед на смислата – изгледаше бесмислено. Во Кошице требаше да се сретнам со пријателка што ја бев запознал ланилето во Бугарија, но таа ниту ми беше девојка ниту нешто слично требаше да ми стане. Целото патување требаше да чини поскапо од 10-дневен аранжман во Охрид, Грција или Црна Гора. Кога го договаравме патувањето, ја прашав Ана дали можам да спијам кај неа. Ми одговори дека живее со мајка си и дека затоа подобро би било да си најдам хотел. Согледувајќи ги сопствените финансиски можности што ми ги обезбедуваа хонорарите од судски преводи и приватни часови по англиски, се одлучив за повеќекреветна соба во хостел. Со тоа и самиот си се откажав од евентуалните амбиции кон Ана. Практично, 8

одев од Скопје во Словачка на кафе со Ана и тоа беше единствената видлива цел на моето патување. Хостелот во Прага беше попатна станица до која стигнав со авионот на ЧСА од Скопје. „Што бараш во таа Словачка?“ – Упорно ме прашуваа пријателите додека го гледавме полуфиналето на Европското првенство меѓу Шпанија и Португалија во едно од стотиците безразлични скопски кафулиња. Ме ставаа во незгодна положба зашто навистина не знаев што да им одговорам. Да бидам искрен, повеќепати се обидов да се разберам самиот себеси, да си одговорам на прашањето што е тоа што ме тера на ова патување или барем да се премислам – да не патувам. И до ден-денес тврдам дека тогаш некоја недефинирана сила ме тераше да заминам. Тоа беше сила на која не можев да ѝ се спротивставам и која беше глува за сите мои бројни контрааргументи. Возот елегантно се пробиваше низ часовите и низ прекрасните ридови и долини на поранешна Чехо­сло­ вачка, кои и на почетокот на летото не го губеа неодоливиот зелен сјај. Седејќи во возот, се сетив на една анегдота што ми ја беше раскажал дедо ми некогаш порано, за некој охриѓанец што се вљубил во загрепчанка во Охрид. По неколкуте заеднички денови во Охрид му рекла: „Ај да одиме и до Битола, не сум била никогаш. Купи карти, резервирај некаде, да си поминеме убаво.“ Поминале во Битола некое време, па потоа пак му рекла: „Ај да одиме и до Скопје, не сум била никогаш. Купи карти, резервирај во некој хотел, да си поминеме убаво.“ По неколку дена во Скопје: „Море, ние вака да не се шетаме по хотели, туку штом толку се сакаме, купи две карти и да одиме до Загреб. Јас таму имам куќа, да живееме како луѓе.“ Охриѓанецот ги дал последните пари за возот до Загреб. Кога стигнале таму, ги пречекал сопругот на загрепчан9

ката. Оваа му се заблагодарила на охриѓанецот и си заминала. Охриѓанецот со прстите в уста тргнал да бара начин да спечали за да може да се врати дома. Видел некаде граделе куќа или зграда, па отишол да помогне. Токму тогаш ставале нешто метално в земи, па ги прашал што е тоа. „Громобран“, му рекле. „И за што е тоа, за што служи?“. „Па кога ќе удри гром, нема да удри право в куќа, громобранов ќе го повлече и ќе го отера под земја.“ „И до колку може да повлече?“ – се интересирал натаму охриѓанецот. „Па, до 500 метри може да повлече.“ Охриѓанецот се подзамислил и рекол: „Па што не ставите една загрепчанка, и до 800 километри може да повлече.“ Со секој изминат километар кон градот на Ана сè повеќе се пронаоѓав во оваа анегдота. За да ги растерам негативните мисли, ја извадив од ранецот папката со машинописот што го добив во прашкиот хостел. Погледнав уште еднаш низ прозорецот во прекрасниот пејзаж налик на детски цртеж, а потоа се вдадов во читање. Минуваа километри и часови, а јас ги голтав редовите од романот на човекот што со секоја страница ми стануваше сè поблизок пријател. Полека ми стануваше јасно сето она што ми го кажа изутрината, а што го паметев како сонето. Го изгубив интересот за ридовите и долините зад прозорецот и за заоблените колкови на деловните дами што се движеа низ вагонот во тесни здолништа до над колена, а молбата на кондуктерот да го покажам билетот ја слушнав можеби од третпат. Навидум безопасниот машинопис насловен како Гаргара го запоседна моето внимание целосно и неодложно. Се надевам дека ќе ме разберат сите што ќе ја прочитаат книгава. Некаде пред Кошице го дочитав машинописот и дури тогаш ја осетив вкочанетоста во вратот и дехидрираноста во устата. Погледнав во мобилниот: една нова порака од Ана: „Ќе те чекам кај шалтерот за информа10

ции.“ Отидов в тоалет да ги измијам забите, земајќи ги со себе највредните работи за да ги заштитам од кражба. Меѓу нив беше и Гаргара. Во миговите кога возот долго, мачно и со одвратно цвилење сопираше на железничката станица во Кошице, веќе ми беше јасна смислата на моето патување. Ја сфатив и онаа нејасна сила што ме влечеше и на која не можев да ѝ одолеам. Верувам дека од истата сила бил туркан и Орест кон Прага на средба со мене. Веќе ми беше сеедно што ќе правам во Кошице: дали ќе се дружам со Ана или ќе ставам громобрани. Важно ми беше само да го донесам во Македонија во читава и читлива форма машинописот Гаргара. Средбата со Орест во прашкиот хостел и примопредавањето на машинописот беше смислата на моето патување. Бев оној избраниот. Медиумот или мостот меѓу приказната на Орест и македонската читателска јавност. Пријателе, не ти го знам името, ни вистинското ни сегашното, ниту пак знам во која земја живееш. Објавувајќи го твојов роман, јас ќе станам тоа што никогаш не сум се надевал да станам – писател. Читателите ќе мислат дека сум ја измислил целава приказна, па и средбата со тебе, колку и да ги убедувам во спротивното. Впрочем, и твојата желба беше да го објавам романов како свој. Пријателе, гледај, јас ја исполнив твојата желба. Никогаш во животот нема да можам да те најдам. Но, сега кога ќе станам писател, ти веќе ќе имаш нишан на мене. Побарај ме кога ќе можеш. Можеби никогаш нема да биде доцна. Ако не можеш порано, побарај ме кога ќе имаме по седум-осумдесет години. Можеби ќе имаме сила за уште една партија пинг-понг, којзнае. Игор Станојоски 11

12

13

ГАРГАРА

12

13

В

о времето кога во Лемберг1 се случуваше револуција на угостителските објекти на почетокот на XXI век, поголем дел од моите пријатели мечтаеја еден ден да раководат со свое кафуле и да се вклучат во битката со идеи и пари. Ако размислиме добро за потеклото на оваа идеја, ќе сфатиме дека не треба ниту да се чудиме ниту којзнае колку сериозно да ја приемаме. Едноставно редот на нештата е таков што младиот човек кој води вообичаен стил на живот мора барем еднаш да дојде до таквата идеја, и тоа сосема спонтано. Замислете го младиот човек кога ќе испие неколку пива и кога со тетеравење ќе тргне в тоалет. Моментот кога мочниот меур е преполнет обично прецизно се поклопува со моментот кога мозочните ќелии почнуваат да ја наметнуваат мислата за блискоста со Супермен. Идејата за Супермен е поврзана со моќта, а моќта е поврзана со поседот, раководењето и евентуално уште и со креативноста. Наоѓајќи се во пивница која го прави среќен, младиот човек ќе помисли да создаде своја пивница, кафуле, ресторан или рок-група. 1 [Забелешка на преведувачот Игор Станојоски: Лемберг е гер­ман­ ското име на западноукраинскиот град Лавов. Преведувајќи го романов од англиски на македонски, прибегнав кон вакво решение од две главни причини. Прво, просечниот Македонец е многу слабо запознат со овој град. Тоа е така и поради вечните проблеми со визните режими и поради свртеноста на современиот Македонец и на туристичките агенции кон побогатиот и побезбеден Запад. Го избрав германското име зашто претпоставував дека тоа ќе биде по вкусот на прозападниот македонски читател. Втората причина е поголемото удопство во образувањето на придавката: лембершки е в ред, додека лавовски премногу се асоцира со именката лав.]

14

15

Отворањето свое кафуле во Лемберг не е толку забавна работа како што изгледа однадвор. Понекогаш е потребно да си и повеќе од Супермен. Вистина, тоа е и доста креативна работа во која шансата за кикс е релативно мала. Избираш мебел каков што ти се допаѓа, пушташ музика каква што ти се допаѓа, создаваш свој ред, свој свет што потоа ќе го споделуваш со другите. Решенијата со организацијата на останатите кафулиња, колку и да се оригинални, не се патентирани. Можеш да вклопиш една своја идеја, а десет да препишеш од конкуренцијата или да увезеш од странство, и пак да се чувствуваш како голем изумител. Иако сите мои другари ја спомнуваа идејата за отворање кафуле, знаев дека само јас живеев со таа идеја и дење и ноќе, и не само кога пиев пиво, туку и кога пиев јогурт и кога останував жеден. Сонот да станам сопственик на кафуле ми се исполни во 2004 година. Сега, осум години подоцна, не можам да речам дека се каам што го отворив кафулето, а сигурно не и дека сум многу среќен поради тоа. Едно знам: тогаш не можев ни да замислам колку кафулето ќе ми го измени животот.

Се сеќавам добро на тоа попладне кога седев со својата пријателка Кристина во кафулето Златен дукат, близу до стариот Плоштад ринок во Лемберг. Занесено ја листав книгата за пофалби и поплаки на кафулето кога женска смеа ме оттргна од занесот. Кристина и келнерката, која веројатно долго постоја над нашата маса очекувајќи ја нарачката, се смееја поради мојата задоцнета реакција. Дента избрав портокалово-црна топла чоколада, а Кристина – индонезија тораја тонг кафе. Келнерката беше на граница на полнолетство, а височка 175, тело на 16

танчерка, слатко мило лице. Враќајќи ги двете менија, нежно ги легна прекрасните меки гради на шанкот. Две работи од цела Украина се најдобри во Лемберг: девојките и кафето. Ние во Лемберг со особена гордост се нарекуваме жители на градот на кафето. Во подземното кафуле Златен дукат го имаат можеби и најубавото кафе во Лемберг. Дента кога седевме со Кристина, паметам дека долго се забавував читајќи ја книгата за пофалби и поплаки. Најмногу пишувале луѓе од Киев и од Полска: „превкусно кафе, фантастична арома, пријатна атмосфера“, но се пишувало и поезија и проза, и глупости и мудрости. На почетокот на книгата за пофалби и поплаки сопствениците ја напечатиле легендата за Јузефа, која се врзува со кафулето. Пред 400 години овде бил станот на родот Коркеси. Јузефа била најубава девојка во Лемберг, но неосвоива. Доаѓале и доаѓале мажи, нуделе богатства за раката на Јузефа. Останала неосвоива сè до оној ден кога почувствувала мирис на кафе. Кога ѝ кажале дека мирисот е од зрната што ги донесол некој трговец, Јузефа се согласила да се омажи за трговецот уште пред да го види. – Нешто си ми расеан денес. – Ми забележа Кристина, прекривајќи си го лицето со топла безгрижна насмевка. – Кога ќе отворам кафуле, ќе ставам некоја ваква интересна книга за пофалби и поплаки. – ѝ реков на Кристина, менувајќи ја темата за мојата расеаност. – Добра идеја. А знаеш што! – Татко ми уште чува дома некоја стара книга за пофалби и поплаки од некое старо кафуле што постоело порано, сега не постои веќе. Вели дека му ја дал сопственикот на кафулето за објавување, ама после не се појавил веќе да си плати за објавувањето ниту да објасни како да изгледа книгата. Некои тврделе дека бил ликвидиран уште истиот ден. Според 17

некои гласини, убил КГБ-ист, па скапал в затвор додека туберкулозата не го извлекла оттаму право на небо. – Кога било тоа? – Не знам точно. Ама можеме во секое време да ја побараме книгата од татко ми оти тој таквите работи ги чува како очите. Може ќе добиеш дури и некоја идеја за твоето кафуле што сакаш да го отвориш, може и некоја легенда ќе смислиш. Тоа се бара во денешно време. – Се насмевна Кристина со насмевка на бизнис-лејди. Ми падна чудно со каква живост и стил се изразуваше, па претпоставив дека првата голтка кафе низ усната слузокожа експресно ѝ се пливнала во крвотокот. Кога излеговме од подземјето, веќе беше преврнало. Млаките сончеви зраци креваа лесна пареа над шините од трамвајот број 2. Во таа сонлива релаксираност почувствував сплет од мириси и вкусови на кафе, чоколада, дожд и евтин женски парфем. Две суви девојки на превисоки потпетици се тетеравеа по калдрмата, како во натпревар која (побргу) ќе стигне до целта. „Кокошки“ – прокоментира Кристина во свој стил. Други луѓе немаше, дождот како да ги беше успал сите. Сончевите зраци си пронаоѓаа откршени огледалца во нерамната калдрма. Однекаде се слушаше мрзеливото ѕвечење на ’рѓосаниот трамвај во неговото бесмислено наближување или оддалечување.

Веќе следниот ден итав кон споменикот на Данило Галицки, погледнувајќи нервозно во часовникот. 13:15 – веќе 15 минути доцнев на договорената средба со Кристина, а и натаму тешко се пробивав низ масата народ. Милионскиот град се беше собрал во центарскиот вриеж од трамваи, автомобили, велосипеди, корпулентни баби, просјаци, убави другарки фатени за рака. 18

Во издавачката куќа Муза стигнавме половина час подоцна од времето за кога бевме најавени. Просториите на Муза беа сместени во стара станбена зграда на почетокот на улицата Кнез Роман. Вратата беше обложена со вештачка кожа, невозможно беше да се чукне, а ѕвончето не работеше. Кристина само што беше почнала да го бара татка си во именикот на мобилниот, кога низ вратата се проби слаб сноп светлина и силен мирис на изгниено дрво. – Повелете, добар ден, како сте?“ – Ми ја подаде старечката рака – Генадиј Коваљук. – Мило ми е, јас сум Орест. – Се претставив. Целата канцеларија мирисаше на друго време. Буквално сè ќе го издадеше татко ѝ на Кристина дека тоа е само дневна соба на еден осамен дедо што тврдоглаво одбива да се пензионира, колку и да се потрудеше да ни ја претстави како своја канцеларија. На работната маса лежеа книги и листови хартија, за кои веднаш добив чувство дека таму лежат со месеци. Црвите крцкаво живееја во мебел што со сигурност беше постар од 1900 година. Седнавме на кауч каков што бев видел кај баба ми во детството, додека Генадиј бавно се пресигаше да го притисне копчето на електричниот чајник. Почувствував олеснување кога сфатив дека моето доцнење на средбата кај споменикот на Данило Галицки нема никакво значење, освен тоа дека Генадиј мораше да ја презагрее остинатата вода во чајникот. – Сте се интересирале за книгата од Гаргара. – Со неочекувана деловност забрза Генадиј. Погледнав со неразбирање прво во Генадиј, а потоа кон Кристина, како да очекував превод. – Кристина ми објасни дека доаѓате за книгата од подземното кафуле од 60-тите години. – Да, така нешто зборувавме. – Заговорив колебливо. Ни самиот не бев сигурен дали оваа моја посета 19

во Муза има некаква смисла. Дојдов со убедување дека можам само нешто да придобијам, а ништо не можам да изгубам. Во секој случај, времето поминато со Кристина никогаш не ми било здодевно. – Кафулето Гаргара беше едно од најмистериозните кафулиња во Лемберг уште од самото отворање. А сепак, не отворањето, туку затворањето на Гаргара, односно нејзиното исчезнување е тоа што ѝ обезбеди место меѓу најголемите мистерии на градот. Стави си шеќер во чајот, Орест. За Кристина знам дека го пие без шеќер. – Имаше намера во оваа дигресија на Генадиј само што забележа дека молсна огнот на љубопитноста во моите очи. Се смести во фотелјата и шмркна од чајот, па продолжи со приказната, овојпат од почеток. – Гаргара ја отвори човек со име Иван Володимирович во 1962 година. Сопственикот на Гаргара е личност обвиена во тајни. Се знае дека пред да го отвори кафулето заработувал за живот работејќи како виолончелист во црковен оркестар, иако не сум чул некој да знае во која црква свирел ниту пак сум чул во лембершка црква да се свирело на таков инструмент. Целото негово семејство беше постојано репресирано од режимот. Нивниот дом на преминот Крива липа бр. 7 во тоа време беше една од многуте омилени станици на агентите на КГБ. Едно претпладне легнат на грб, дрнкајќи како дете на виолончелото, Иван Володимирович ја осмислил Гаргара. Истата вечер догуша во прав го расчистувал подрумот. По три ноќи напорна подземна работа добил една мала соба и една поголема просторија од триесетина метри квадратни. Неговата соба во станот на третиот кат ја затрупале тегли со зимница донесени од подрумот. На Иван Володимирович веќе му било сеедно како изгледа неговото дотогашно живеалиште оти во мигот кога ја создал Гаргара под земи, престанало за 20

него да постои сè што е повисоко од 0 метри. Се преселил во подземјето. Не знам колку сте вие двајцата запознаени со тоа дека во подземјето на Лемберг има неколку километри ходници и разни простории од кои барем три четвртини се неоткриени. Се зборуваше едно време и за постоење на изгубена мапа на подземниот град сместен под Лемберг. Се сметаше дека оној што ја поседува изгубената мапа од подземјето би можел да има контрола врз животот во градот. Во тоа време најактуелно беше токму контролирањето на сè и секого. Сите бевме под постојан мониторинг, живеевме од сослушување до сослушување. Сега, пред 2-3 години... 2001-та ли беше... истражувачите на подземјето открија 5-метарска акустична цевка за прислушување монтирана во подот на Преображенската црква токму на местото кај што се исповедаат верниците. – А што знаете за изгледот на Гаргара? – Се заинтересирав дали имало нешто оригинално во изгледот, што можеби би можел да го преземам. – Никогаш лично не сум бил во Гаргара, а тоа што го знам за изгледот е од прекажување. Сум чул дека не веднаш од почетокот, но нешто подоцна во Гаргара имало жива музика најчесто од клавир и виолина. Ова ми е малку чудно зашто на толкав мал простор тешко е да најдеш место за музичари. Факт е дека никогаш не сум бил во Гаргара, но знам колкави се подрумите под зградите на Крива липа. Во кафулето имало десетина маси, две-три од нив на шијачки машини. На ѕидовите имало врамени постери од Елвис Присли, Мерилин Монро, која почина токму таа 1962 година, и Реј Чарлс, кој почина нели сега пред некој ден. Името Гаргара Иван Володимирович го избрал затоа што му звучело ефектно, но и симболизирало една од основните потреби што ја имаа интелектуалците во тоа време. На првата страница од книгата за пофалби и поплаки пишува: Во Гаргара доаѓаат тие 21

што имаат најголема потреба да си ја исплакнат устата, грлото и душата од секојдневната порција лајна што ја добиваат од власта, од претрпените неправди и угнетувања. Сопственикот на Гаргара сум го видел двапати. Обете средби беа во 1963 година и беа поврзани со објавувањето на неговата книга. Во тоа време нашата издавачка куќа беше најпозната од оние што објавуваа украинска литература. Уште тогаш превладуваа рускојазичните автори. Со Иван Володимирович се сретнавме првпат кон крајот на јуни. Тој дојде кај мене на разговор и седеше токму каде што седите сега вие. Од таа прва средба ми остана во сеќавање чувството дека тој човек е овладеан од некаков свет спокој. Не можам да погодам колку години имаше зашто физички личеше на дваесет и седум-осум, но според разговорот оставаше впечаток на многу позрел, па претпоставувам дека едноставно беше младолик. Лицето ми беше познато и цело време се прашував од каде. Но, ако не сум се сетил тогаш, нема да се сетам ни сега. Ми кажа дека сака да објави книга, што звучеше нормално зашто впрочем за тоа доаѓаат кај нас. Сепак, кога ми ја објасни целата идеја, го погледнав скептично. Иван Володимирович не сакаше да објави своја книга, туку книгата за пофалби и поплаки од своето кафуле. Го сфатив тоа како обид за маркетинг на кафулето. Не се знае точно по кои канали Иван Володимирович успеал да ја прошири информацијата за постоењето на Гаргара, а сепак таа да се држи во тајност. Разбирам дека тогашните, да ги наречеме „хипици“ или „алтернативци“ (со подоцнежна терминологија зашто ниеден од овие два термини тогаш уште не се употребуваше) си имале свои кругови, но невозможно е да се замисли тие кругови да се издигнат на ниво на угостителски објект, а КГБ за тоа да не дознае. Нема теорија! Во тоа време постоеја здру22

женија, на пример во Порохова вежа се собираше т. н. Здружение на шахистите. Членуваа украински националисти кои се собираа таму божем за да играат шах. Но и во таквите случаи беше само прашање на време кога ќе паднат маските. И покрај подземниот карактер, Иван Володимирович се трудел Гаргара да ги има сите елементи на еден угостителски објект. Меѓу другото, уште од почетокот покрај менито ја направил и книгата за пофалби и поплаки. Една таква книга може да биде корисна за газда што ретко влегува во своето кафуле, но во конкретниов случај книгата за пофалби и поплаки на Иван Володимирович не можела да му каже ништо повеќе од тоа што самиот го забележувал седејќи секоја вечер со гости што се повторуваат. Затоа и проверувал што ги весели и што ги нервира гостите само првиот месец. Освен неколку афоризми, еден виц, две-три вистински пофалби за Гаргара, не нашол ништо друго. Потоа, како сега кога отвораш на интернет некоја веб-страна некое време, а потоа сфаќаш дека темпото на актуализација е пребавно, па престануваш да ја посетуваш, така и Иван Володимирович престанал да ја отвора книгата за пофалби и поплаки. – Овде Генадиј направи мала пауза продлабочувајќи ги брчките на десниот образ во лукава насмевка, со гордост на старец кој се разбира од интернет. – Кога ја отворил пак по три месеци, била испишана речиси целосно. Покрај глупавите афоризми и забелешки дека некој некого сака, дека некој бил тука, дека келнерката не се насмевнала или дека келнерката има убави атрибути, јасно се забележувале два ракописи кои исполнувале деведесет насто од целата книга. Било очигледно дека двајца од гостите имале посебна потреба да ја раскажат својата или нечија животна приказна. Пишувањето е еден вид гаргара на душата. 23

Иван Володимирович живо се заинтересирал за напишаното. Веднаш знаел дека тоа не се ни пофалби ни поплаки за сервисот во Гаргара. Тоа биле две нарации, два животни патишта раскажани на два различни јазици. По кратко разгледување заклучил дека текстовите напишани на руски ги пишувала жена. Другите текстови биле напишани на чешки или на словачки. Ова го заклучил Иван по цртичките кои значат должина – ги има во чешкиот, словачкиот и унгарскиот, но овде тоа бил словенски јазик. Го раздвижив вратот за да се ослободам од дремката во која ме туркаше пријатниот тембр на старецот, додека мирис на никотин и вишна ми ги преплави ноздрите. Кристина пушеше кафена цигара со поглед бледо насочен во неодредена точка. Како да ја знаеше напамет приказната или како да не беше заинтересирана. Познавајќи ја Кристина, оценив дека се работи само за стил на самоуверено и сезнајно однесување на една 23-годишна девојка. Генадиј продолжуваше: – Го прочитал првин тоа што било напишано на руски. Тоа бил автобиографски расказ на педесетина страници за мало девојче што го преживеало Аушвиц. Била однесена во логорот заедно со семејството. Во својот потресен расказ ги опишала понижувањата врз мајка ѝ, мачната работа, садистичките убиства и изживувања над луѓето во логорот. Татко ѝ бил убиен подоцна откако ослабел до 30-ина килограми кога го видела последен пат. Таа самата преживеала случајно, но „не за да живее, туку за да се мачи и натаму“. Ослободувајќи се од Аушвиц, се населила во Лемберг, кој, губејќи ја полскоста, станувал украинско-советски. Во Лемберг завршила училиште и факултет. Животот по војната течел како по победа, а таа носејќи ја тетоважата со бројот од Аушвиц, лузната на левиот образ и длабоките рани на душата кои до лудило 24

го разнишале нервниот систем, никогаш не се почувствувала како победник. Се омажила во Лемберг. Понатаму продолжува да раскажува за својот живот во брак без љубов. Чувствувајќи потреба од замена за недобиената родителска грижа и сакајќи првпат во животот да почувствува вистинска заштита од проклетствата на човековата природа, се омажила за силен и влијателен маж вработен во КГБ. Се надевала дека силата ќе ја употребува против другите, не против неа. Се излажала. Бргу престанала да чувствува каква било радост во бракот. Иван Володимирович се заинтересирал за другиот расказ. Претчувствувал дека не може да биде случајно двајца во исто време да раскажуваат толку, во исто кафуле, во иста тетратка толку да испишат. Не можејќи да го разбере напишаното, едно пладне се упатил од преминот Крива липа кон Универзитетот Иван Франко. Не знам од кои причини, иако можеби и би сум погодил, но влезот во Универзитетот му бил забранет. Се упатил на вториот кат кон катедрата за славистика. Шефот на катедрата, бохемист, го препознал чешкиот јазик во ракописот. Иван Володимирович ја дал месечната заработка од Гаргара за превод, а бохемистот се пожалил на лошиот ракопис, но не можел да ги одбие парите. Авторот на овој расказ започнува да го опишува својот животен пат од самото детство. Се викал Сарафил, се родил во едно село во Солунско во Грција во 1932 година. Животот во Солунско го опишува во светли бои. Необично детално го опишува другарството со девојче од селото, Марика, најверојатно приближно на иста возраст со него. Ги опишува игрите што ги играле и како капејќи се скришум во бучалото во реката се заколнале дека еден ден заедно ќе избегаат од селото и ќе живеат во Солун. Куќите им биле една спроти друга на две благи височинки на растојание од педесетина метри воздушна 25

линија. Секое утро кога ќе станел, излегувал од дома, погледнувал што се случува отспротива, па одел зад куќа на мочање. Лапнувал нешто брго-брго и гледал да се измолкне набрзина од дома додека не го заповеле, за да се види со неа. Таа го правела истото. Комуницирале од рид на рид со мавтања и светкања со огледало, развивајќи ги во знаковен систем вреден тукуречи колку јазикот. Едно утро кога погледнал, отспротива немало никого во дворот. Никој не се појавил до ручекот ни по ручекот. Вечерта не се запалило ниедно светло. В село може да се случи денски никого да не видиш во двор, значи отишле на нива или на сено. Ама навечер барем во еден прозорец мора да затрепери светлина од газиена ламба. Следните денови Сарафил ги минувал гледајќи отспротива. Немало движење со денови. На врвката за сушење алишта висела една кошула. Освен неа, немало трага од Марика. Така било со денови. Не прашувал никого каде е Марика. Од мал почнал да се срами од другарството со неа, поради постарите братучеди и другарите. Така сфатил дека штом му се смејат и викаат „Сарафил и Марика“, значи тоа е за срамота. Не истрајал и го прашал татка си: „Отидени се во Солун на гости кај роднини, ќе се вратат“ – бил првиот одговор. Вториот по две недели гласел: „Се преселија во Солун.“ Сарафил чувствувал дека татко му нешто крие. Не можела Марика да отиде без него во Солун – му ветила. Но, била Марика во Солун или каде и да била, таа во селото веќе не се појавила. Кошулата на врвката во нејзиниот двор висела една година сè дури ветрот не ја турнал и неа и врвката и столбот на кој била врзана. Минувале години, а на Сарафил му останала навиката кога ќе стане наутро пред мочање да погледне таму, пред ручек да погледне, по ручек да погледне, навечер да погледне. Ни мајка си не ја погледнал толку пати, колку што го погледнал прозорчето од куќата на 26

Марика. Сега во Лемберг во книгата за пофалби и поплаки Сарафил се прашува дали било вистина сето тоа, дали Марика навистина постоела. Дали Марика била реално девојче или ангел, привид, детски сон. И селото почнало да заборава дека во таа куќа некој живеел. Срцето му се стегнало на Сарафил кога соседите Стевановци, на кои им беше изгорела плевната, почнале да го раскосуваат зарастениот пат до куќата на Марика за да ја претворат во сопствена плевна. Годините по исчезнувањето на Марика минувале во немири. На 15 години Сарафил изгубил два прста од левата рака кога во дворот нашол запалка за која се покажало дека е подметнат експлозив. Тоа била само една од низата закани дека ако останат како Македонци во Грција, ќе мора да прифатат живот со проблеми. Кога имал 16 години заедно со голема група деца меѓу кои и неговата 3-месечна братучетка, сите оттргнати од родителите и од родната земја, Сарафил бил испратен на сигурно во Југославија, а оттаму во Чехословачка. Во Чехословачка го довршил образованието, завршил средно училиште. Во книгата за пофалби и поплаки опишува убави спомени од средното училиште во Брно. Особено посветено ги опишал пријателствата и првите љубовни искуства со убавите соученички. Се разликувал од Чесите по црната бујна виткана коса. Чехинките го натерале барем на моменти да помислува дека Грците му направиле добра услуга со егзодусот. За жал, интелигентните момчиња, покрај потребите за забава, имаат потреба да го изразат и своето штотуку формирано мислење за некои општествени појави. Бунтот против недемократското однесување во училиштето и во државата, против апсурдите на чехословачкото социјалистичко секојдневие, го лишиле од можноста да се запише на филозофскиот факултет. Неможноста да гради кариера и притисоците од диктаторскиот режим и од новодоселените Грци го 27

натерале да си ја проба среќата во Лемберг, каде што во подземното кафуле Гаргара ја опишал својата животна приказна. Иван Володимирович почна да размислува да ја објави книгата за пофалби и поплаки како роман. Тоа се две животни приказни во кои заедничка е борбата за демократија и човекови права. Книгата за пофалби и поплаки во Гаргара првично требаше да сведочи за недостатоците во услугата и уредувањето на подземното кафуле, а стана сведоштво за две големи човечки злосторства на 40-те години. Таков роман, со добар предговор, би постигнал успех! – Ме убедуваше Иван Володимирович на првата наша средба. Јас лично навистина не бев сигурен што да му одговорам. Од една страна, идејата беше оригинална, но од друга страна тоа беше несвесно напишан роман кој концепциски можеше да биде и сосема неуспешен. Се договоривме Иван Володимирович да започне да работи на предговорот и да се потруди некако со предговорот да ги ублажи нерамностите и концепцискиот неред и на некој начин да ги стави под една капа сите наратори. Тогаш беше 1963 година. Истата година, по една година успешно сокривање во подземјето, Гаргара им станува позната на двајца агенти на КГБ – Желваков и Панчишин. Оквалификувана е како сектантско здружение на украински националисти и наркомани, предводено од млад девијант и црковен виолончелист, кој и претходно бил под сомнение за ширење антисоветска пропаганда. Единствено што им остана непознато беше локацијата на Гаргара. И воопшто, беа во заблуда зашто Гаргара не беше здружение, туку кафуле, иако гостите пиејќи заедно, спонтано беа создале нешто налик на здружение. Притисокот, заканите и сослушувањата се засилуваа. За Иван Володимирович, но и за некои од гостите 28

во Гаргара животот стануваше кошмарен. Голем дел од редовните гости до летото 1963 престануваа да доаѓаат поради страв. Книгата за пофалби и поплаки како готово уметничко дело веќе била засолната од можен упад на КГБ и од оштетувања од пијани клиенти, кога жена на возраст од околу 30 години, со еден симпатичен образ и со лузна на другиот, ја побарала од келнерот. Овој, хипнотизиран од длабокиот поглед и од некоја еротска мистериозност на оваа жена, ја прекршил наредбата на Иван Володимирович никому да не ја дава книгата. Истата вечер книгата преноќила надвор од Гаргара, во станот на Иван Володимирович. Утрото требаше да ми ја донесе книгата, преводот од чешки на украински и својот предговор. Се договоривме да се најдеме кај споменикот на Данило Галицки во 10 часот ако добро се сеќавам. Во книгата немаше елементи што не би ја поминале цензурата. Сè беше чисто – кога ќе се исфрли, се разбира, воведното: Во Гаргара доаѓаат тие што имаат најголема потреба да си ја исплакнат устата, грлото и душата од секојдневната порција лајна што ја добиваат од власта, од претрпените неправди и угнетувања. Истиот ден Гаргара требало да престане да постои. Покрај тоа што беше опасна за животот на неколцина, сигурно станала и многу нерентабилна. Претходните денови агентите на КГБ беше дознале што всушност претставува и каде се наоѓа Гаргара. Обидувајќи се да разберам што се случило дента на 29 јули, што доведе и до создавање на една од најголемите загатки во историјата на градот, многупати сум се обидувал да го реконструирам утрото на Иван Володимирович. Ќе ви ја раскажам својата визија. Простете што ќе ви раскажувам сликовито до детали што не ги знам, како да сум бил сведок, но по толку години работа како издавач, ете, 29

сфатете го тоа како професионална деформација. – Иван Володимирович станува околу 9, се доближува до прозорецот. Гранките на кривата липа се свиснати надолу, а капки дожд непрекинато се цедат од нив. Врнело долго, не сетил, но сега ги забележува сивите облаци во одразот од огромните вирови во преминот Крива липа. Се враќа в кревет, ја зема книгата за пофалби и поплаки, ја отвора одназад како по обичај. Ги ококорува очите на последната страница. Ова тука не беше! – си вели, и почнува да го чита напишаното на руски. Келнерот, од страв да не го налути, не го предупредува претходно дека уште некој нешто допишал. На последната страница од книгата за пофалби и поплаки жената со лузна, во нешто попоетска форма од тоа што го пишувала претходно, изразила жалење за земјотресот во нејзината татковина. На 26 јули 1963 година сите украински медиуми известуваа за земјотрес во Скопје. Кога била мала не знаела разлика меѓу неа и момчето со кое го поминувала времето – не знаела дека некој ќе види таква разлика, поради која ќе ја одведе толку далеку од него. Го прекршила ветувањето што му го дала кога биле мали дека сами заедно и само заедно ќе го напуштат родното село и ќе живеат во Солун. Последната страница на Еврејката ги потврдилa насетувањата на Иван Володимирович дека ништо не е случајно во неговата книга за пофалби и поплаки. Таа последна страница го натерала да ја измени концепцијата на необјавениот роман и да остави сè, да ја даде книгата на објавување таква, каква што беше. Тоа значеше дека во неа требаше да остане и сè што напишале пијаните клиенти. Во оваа книга ништо не е случајно. Затоа ја објавувам таква, каква што ја зедов од под моливот на клиентите. Им останувам верен во потполност на сите нив. Пијани или трезни, паметни или глупави, весели или 30

нервозни – сите тие беа мои гости. Немам право ништо да бришам. Се плашам дека и најголемата глупост може да е на некој начин поврзана со остатокот од книгава. – Вака напиша Иван Володимирович во предговорот. Понатаму, Иван Володимирович ќе ја скрие книгата под мантилот и по улицата Дорошенко стигнува до проспектот Слобода. Седнува на клупите, таму кај што е сега споменикот на Тарас Шевченко. Сè уште не може да сфати како е можно пријатели од најраното детство од далечна земја, понесени од две трагедии на нивните народи, судбината да ги донесе во исто кафуле, а пак да пишуваат на два различни јазици, не на мајчиниот. Како можам да ги најдам Сарафил и Марика? Тоа е мојата мисија, тоа била и мисијата на Гаргара. Тука требало да се сретнат, да пишуваат во истата книга, само јас да разберам за потоа да ги најдам и да им ја кажам вистината. Можеби не се ни сретнале ако доаѓале во различни денови во Гаргара, а и ако се сретнале – сигурно не се препознале. Морам да ги најдам! Станува решително и се упатува во правец на споменикот Данило Галицки, таму требаше да се сретнеме во 10. Средбата траеше кратко. Во неговиот поглед се читаше возбуда која се прелеваше од панична избезуменост до џемсбондовска сконцентрираност на нешто што наскоро треба да се случи. Ме чуди што последната страница од книгата за пофалби и поплаки воопшто не стана предмет на двеминутниот разговор кај Данило Галицки. Оној Иван Володимирович, спокоен и топол, каков што го запознав на првата средба, сигурно не би пропуштил да ме извести дека романот се здобил со клучно проширување. Но овојпат беше ем неспокоен ем студено сконцентриран на нешто друго. Веднаш потоа се враќа во Крива липа, се упатува во Гаргара, која дента требало да престане да постои. На аголот меѓу проспектот Слобода и улицата Дорошенко 31

можеби би го забележал агентот Желваков како опасно му се приближува, да не му го одвлечеле вниманието проклетите баби кои пејат за пари баш на тој агол. Демолирајќи ја Гаргара, ќе ги чуе чекорите на Желваков во ходникот на подрумите. Тоа што се случува понатаму не е подложно на никаква реконструкција. Едноставно ѝ се спротивставува на човековата логика и ја префрла Гаргара во сферата на невозможното. Оттогаш веќе никој никогаш не ги виде ни Желваков ни Иван Володимирович ни живи ни мртви. Како земјата да ги проголта правејќи гаргара. Паниката во КГБ траеше неколку дена. Набргу Желваков го проголта и гаргарата на заборавот. Оставил една вдовица која којзнае дали се расплакала или се израдувала. Во подрумите на Крива липа 7 не најдоа ниту трага од озлогласеното кафуле, како да не постоело. Кога се втурнале како крволочни кучиња колегите на Желваков, зјаела празна просторија, без мебел и без мирис на кафе. За Иван Володимирович подоцна се ширеа разни гласини, како и онаа дека е уапсен за убиство на Желваков и затворен во затворот на улицата Городоцка, каде што се разболел од туберкулоза и умрел. Вистината е, сепак, дека вистината е потполно непозната: никој потоа не го видел Иван Володимирович. Градот уште долго се прашуваше дали навистина постоеле Иван Володимирович, Желваков и Гаргара или се само ликови од уште една лембершка легенда или советска крими-серија. И онака Лемберг е познат како град на илјадници легенди. Легендата за Гаргара се разликува од другите по тоа што таа едноставно не може да биде легенда. Има сигурни докази за постоењето на кафулето. Во тонот на Генадиј се забележа интонација на привршување. Полека се навали наназад да се потпре на фотелјата, но веднаш отскокна нанапред. 32

– Има уште една работа. Иван е Володимирович по татко му. Володимир е татково име. Никогаш не сум го слушнал презимето на Иван. Мислам дека не е случајно што му се премолчува презимето. Чудно табу, нели?

Сторијата слушната од Генадиј за настаните од далечната 1963 година непопустливо ме преследуваше во текот на следните недели. Движејќи се низ градот честопати си ги премотував низ мислите тие настани и се трудев да ги замислам ликовите. Понекогаш намерно минував низ преминот Крива липа во потрага по парче атмосфера од околината на старото кафуле. Сите други идеи за можна локација или име на кафулето што планирав да го отворам ми стануваа бледи и немоќни во споредба со Гаргара во преминот Крива липа. Светот е неверојатно разновиден и само мал број луѓе се привилегирани во текот на својот животен век да пропатуваат доволно за да видат барем половина од таа шареноликост. Сепак, понекогаш упатувајќи се кон најоддалечената точка на светот одминуваме места што ни се на дофат, но се скриени зад завесата на автоматизираната перцепција, така што не умееме да им ја препознаеме вистинската вредност. Отсекогаш ме фасцинирале таквите места. Некаде блиску во нашата земја, во нашиот град, во нашиот двор, постојат такви местенца, подзатскриени од нашето внимание, кое сме ѝ го потчиниле на секојдневната рутина. Преминот Крива липа почнав да го доживувам како такво катче. Наоѓајќи се во строгиот центар на градот, Крива липа како да живееше во прегратките на градот, заштитена или запоставена од вниманието на милионското население. Мислејќи на Крива липа, се чувствував како да сум открил скришна одаја во сопствениот стан во кој живеев со децении. 33

Igor Stanojoski - Gargara 1-33  

Во 2004 година непосредно пред Портокаловата револуција, Орест, главниот лик во романот, отвора подземно кафуле во западноукраинскиот град Л...

Advertisement