Page 1

2014

Информатор Бр. 5

ФАКОМ ИНФО

Нов челичен мост ФАКОМ изработи и монтира челичен мост за општина Берово

ФАКОМ АД—Скопје го монтира првиот мост од проектот „Адаптибилни челични мостови“ на ФАКОМ, специјално дизајниран од инженерски тим на ФАКОМ а наменет за општините во Репубила Македонија. Проектот предвидува изградба на мали мостови (од 10 до 25м) од неколку типови: F1, од еден дел, F2 –модуларни и FU- урбан. Со овој проект се нудат сообраќајни решенија за руралните и помалите урбани општини во државата. Мостот е до должина од 17,5 метри , ширина 2,5 метри и носивост од 5 тони осовински притисок. Монтиран е на реката Брегалница во Близина на селото Митрашинци на местото викано Чифлик. За монтирање на конструкцијата претходно се поставени бетонски стопи, додека пак самиот проект предвидува тампонирање на пристапниот пат Берово—Виница до мостот како и на дел од патот после мостот. По целата должина на патот поставена е заштитна челична ограда.


ФАКОМ ИНФО

Во рамки на проектот „Скопје 2014’“ предвидена беше изградба на три бродски—сплава по течението на реката Вардар, сместени во близината на самиот кеј на реката. Концесијата за изградба на едниот од трите брода го доби фирмата „Воденица ОНЕ“ а изведувач на работите е ФАКОМ АД—Скопје. Изградбата започна во февруари 2014 и се приврушва кон крајот на годинава. Вкупно се монтирани 130т челична конструкција со крути и заварени спојувања. Движењето на сплавот е ограничено со специјални лежишта и систем на валци и пружини околу јарболите . Монтажата на ваквата специјална конструкција е изведена со две дигалки и специфично

с. 2


ФАКОМ ИНФО

Како се одвиваше монтажата на бродската конструкција на кејот.

с3


ФАКОМ ИНФО

Систем за отпрашување во МАКСТИЛ Со цел исполнување на барањата со B.A.T. Европската регулатива за заштита на животната средина, МАКСТИЛ АД започна со редизајнирање и обновување на системот за отпрашување во челичарницата. Овој систем претставува единица која ќе ги зафаќа примарните и секундарните емисии од печките во производствениот погон “Челичарница“ како и изградба на склад за филтерната прашина, инсталирање на опрема за континуирано мерење на протокот на прашина од оџакот. ФАКОМ учествува во изработката на оваа сложена единица која се состои од повеќе сегменти: филтер, оџак, природен ладилник, сепаратор, примарен канал, секундарен канал и затворен топилнички простор наречен „Elephant house”. Во овој целосно затворен простор ќе се обезбедува проток на свеж воздух по потреба и истиот ќе ја редуцира бучавата во областа на електролачната печка и надвор од неа.

Составни единици на системот за отпрашување

с. 4


ФАКОМ ИНФО

Центрифугален сепаратор и секундарен вод

Нова зграда на Филхармонијата По повод седумдесетгодишнината на Македонската Филхармонија , Министерството за култура најави изградба на нова зграда на Филхармонијата со две концертни хали со капацитет од над 1000 посетители во големата и околу 400 во малата концертна сала. За идејниот проект во реализација на „Македонија проект“ а во изведба на ГРАНИТ, челичната конструкција и останатите занатско-челичарски работи ги изведува ФАКОМ. Се работи за исклучително сложен проект каде е потребна голема прецизност при производството и монтирањето на конструкцијата за чија изведба се користи најсофистицирана опрема за ласерско мерење и проектирање.

Изглед на идејното решение на новата зграда на Македонска Филхармонија

с5


Нова монографија на д-р Златко Симоновски Во издание на „Економски институт“ од Белград кон крајот на годинава излезе од печат и новата публикација на д-р Златко Симоновски, Генерален директор и Претседател на управен одбор на ФАКОМ АД—Скопје на англиски јазик, под наслов „Organization and Planning” (Leadership and managerial dimensions). Како коавтори на книгата покрај Симоновски, се јавуваат и професор д-р Јанко М. Цвијановиќ од Еконмскиот институт во Белград и М-р Јелена Лазиќ, истражувач на истиот институт. Во публикацијата авторот го става акцентот врз две главни теми: организационата структира во компаниите и процесот на планирање како цел за што поквалитетно управување и пронаоѓање адекватни решенија кога настапуваат глобални промени. Книгата претставува опширна студија која вклучува емпириски истражувања спроведени во неколку поголеми стопански гранки за тоа во колкава мера македонските компании го користат планирањето како менаџерска алатка во процесот на управување. Монографијата може да се смета и како секојдневен прирачник за секој менаџер, која ќе му укаже за непроценливата вредност на планирањето во

Нова катна гаража „Солунски конгрес“ ФАКОМ АД—Скопје учествуваше во изградбата на најновата катна гаража „Солунски Конгрес“ во Скопје. Оваа катна гаража претставува најмодерно архитектонско -инженерско решение со најсовремени технологии за автоматско паркирање , гаражирање на лесни моторни возила. Гаражата располага со 280 паркинг места сместени на едно подземно и девет надземни нивоа, управувано со висока електронска технологија за паркирање со влезно излезни терминали, терминали за предавање на возилата, наплатен терминал, информативен систем за следење на процесот на превземање на возилата, идентификација на слободен лифт како и целокупен „паркинг менаџмент систем“. ФАКОМ произведе и монтира околу 130 тони челична конструкција за платформи и шини за лифтовите за подигање и распределба на возилата.

с6


ФАКОМ ИНФО

ФАКОМ АД—Скопје Бул. Александар Македонски бр.18 Скопје Tел. 02 55 13 100; 55 13 103; Faкс: 02 55 13 144 E-mail: info@fakom.com.mk

• • • •

Повеќе од 50 години традиција и развој Континуирано инвестирање во најмодерни технологии и обука на персоналот Бесплатни совети и концептуални решенија за вашите идеи Од ФАКОМ добивате најдобар квалитет, најбрза испорака и гаранција за производите и опремата Тоа е ФАКОМ

www.fakom.com.mk

Кон крајот на 2013 година во издание на CRC Press Taylor&Francis Group од печат излезе монографија за изградба на мостови во светот или „Прирачник за меѓународната мостоградба“. Како уредници на прирачникот се јавуваат ВаиФах Чен и Лиан Дуан. Во монографијата на повеќе од 1400 страници прикажана е мостоградбата во 26 земји во светот, меѓу кои и Македонија, како и неколку интересни додатоци за најголемите и најдолгите мостови во светот, највисоките и спрегнатите мостови. Тринаесеттата глава во монографијата се однесува на мостоградбата во Македонија и ја напишаа професор д-р Тихомир Николовски, советник за развој во ФАКОМ АД – Скопје и професор д-р Драган Иванов, поранешен професор на Градежниот Факултет во Скопје. Промоцијата на делот за мостоградбата во Македонија ја изврши Блашко Димитров, претседател на Инженерската комора на Македонија во рамки на прославата 65 години од основањето на Градежниот факултет.

Newsletter mk 5  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you