Page 1

Mај 2013

Информатор Бр. 3

ФАКОМ ИНФО

Реконструкција на собраниската зграда ФАКОМ ја конструираше геодетската купола на собраниската зграда

Во склоп на реконструкцијата и доградбата на зградата на Собранието на Република Македонија, во нејзиниот централен дел предвидена е изградба на повеќе административни содржини во функција на работата на Собранието, како и собраниска сала за репрезентативни намени. Она што е интересно кај реконструкцијата е собраниската сала за репрезентативни намени, која комплетно е изработена во челична конструкција, со кружен облик во основа и се состои од подна конструкција и покривна конструкција од типот геодетска купола. Ваков тип на покривна конструкција за прв пат се гради во Република Македонија. Геодетската купола датира уште од времето после Втората светска војна и е дело на генијалниот американски инженер, мислител и иноватор Бакминстер Фулер. Геометриската структура на геодетската купола е всушност икосахедрон, едно од петте Платонови идеални геометриски тела со 20 идентични рамнокраки триаголници како страни.

ФАКОМ го направи комплетниот дизајн на геодетската купола Собранието на Република Македонија.

Во овој број ќе читате: Реконструкција на собраниската

1

зграда Конструкција на нова собраниска сала

2

Континуитет од три години на наградата ФАКОМ

3

Нови компании—нови проекти

4

на


ФАКОМ ИНФО

Куполата на Собранието на Република Македонија претставува геодетска купола со фреквенција V16 5/8. Куполата всушност претставува сегмент (калота) со дијаметар (на калотата) 32,0m и височина 10,0m. со однос радиус/височина = 5/8. Комплексната челична конструкција (купола, решетки, подна конструкција) се потпира, во еден дел на ново изградената АБ конструкција преку неподвижни лежишта (ослободени од моменти), а во преостанатиот дел на вкупно шест АБ столбови со височина 12.80m.

Двете мали куполи беа изработени и монтирани од ФАКОМ централната, големата купола е производ на соработката на ФАКОМ со шпанската компанија ЛАНИК.

с. 2


ФАКОМ ИНФО

Три години континуитет на наградата „ФАКОМ“

Никола Георгиев, Комерцијален директор на ФАКОМ АД—Скопје ја врачува наградата на дипломецот Добре Ристов

23 Јуни, 2013 година во Хотелот Александар Палас во Скопје, во присуство на Американскиот амбасадор во земјава господинот Пол Волерс, и Министерот за образование, г-н Спиро Ристовски, Машинскиот факултет одржа свечена церемонија на која беа промовирани дипломираните инженери и магистри кои успешно ги завршиле предвидените студии. Според рамковниот договор што ФАКОМ АД—Скопје го има со машинскиот факултет веќе трета година ја доделува добро познатата награда „ФАКОМ“ за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции. Комисијата составена од професори на факултетот и претставник на ФАКОМ секоја година ги прегледуваат дипломските работи пријавени на конкурсот и одлучуваат која ќе биде наградена со престижната награда „ФАКОМ“. Оваа година таа чест ја имаше дипломираниот машински инженер Добре Ристов за својата дипломска работа „Сочелно РЕЛ заварување на плочи од челик HARDOX 600. “ с3


ФАКОМ ИНФО

Нови компании - нови проекти Со холандската компанија, Векома, една од водечките светски фирми за изработка на различни видови луда железница за забавни паркови, ФАКОМ потпиша договор за изработка на 400 тони челична конструкција—столбови за забавен парк во Ирак. Во Векома развиваат нови забавни возови со модуларни седишта и специјално интегрирани заштитни елеци. ФАКОМ произведе голем дел од оваа челична конструкција. За време на изработката се користеа софистицираните уреди за метрологија (apsolut traker ). Соработката со Векома продолжува со слични проекти за Јужна Кореја и Јапонија. Со француската компанија Технип, ФАКОМ започнува нов проект за предфабрикација на плаштеви за резервоари со и без жарeње, за рафинерија лоцирана во Сиди –Акрин во источен Алжир. Алжирската рафинерија во моментов оперира со 2.7 MMTPA и е лоцирана на 10 км од аеродромот во Алжир и 15 км од пристаништето. Рафинеријата располага со различни единици како единица за дестилација на сурова нафта, единица за HARDOX 600, гасна станица, единица за каталитичко реформирање како и помошни станици. Како дел од проектот за рехабилитација и адаптација на рафинеријата се планира да заживеат некои од горенаведените единици но и да се отворат нови. На ваков начин капацитетот на рафинеријата би се зголемил за 35%.

Челична конструкција за лудата железница во Ирак

Проект за рехабилитација и адаптација на рафинеријата во Алжир с. 4


ФАКОМ ИНФО

ФАКОМ АД—Скопје Бул. Александар Македонски бр.18 Скопје Tел. 02 55 13 100; 55 13 103; Faкс: 02 3173 564 E-mail: info@fakom.com.mk

• • • •

Повеќе од 50 години традиција и развој Континуирано инвестирање во најмодерни технологии и обука на персоналот Бесплатни совети и концептуални решенија за вашите идеи Од ФАКОМ добивате најдобар квалитет, најбрза испорака и гаранција за производите и опремата Тоа е ФАКОМ

www.fakom.com.mk

ФАКОМ повторно на италијанскиот пазар ФАКОМ контакти Ансалдо од

со

оствари италјанската

Енергија, компанија

Финмеханика

најголемиот генератори

групацијата,

производител за

струја,

на

нивни

единици и компоненти во Италија кој истовремено е и голем играч на интернационалната сцена. www.ansaldoenergia.it

Корисни линкови: http://www.metalbulletin.com/

Newsletter mk 3  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you