Page 1

Декември 2011

Информатор Бр. 1

ФАКОМ ИНФО Стипендии за најдобрите ФАКОМ е компанија која секогаш e на страната на младите инженери

Согласно Рамковниот договор за научна и техничка соработка во областа на развојот и унапредувањето на челичните конструкции, потпишан помеѓу ФАКОМ АД – Скопје и Машинскиот и Градежниот факултет на УКИМ-Скопје, а со цел да се стимулира едукацијата во рамките на производното и конструктивното инженерство, ФАКОМ АД – Скопје, водечка компанија за производство и монтажа на челични конструкции и опрема во овој дел на Европа, додели по две стипендии на најдобрите студенти од Машинскиот и Градежниот факултет за учебната 2011/2012 година. Стипендиите во износ од 40% од просечната нето плата во ФАКОМ ги добија Ристо Анастасов и Филип Кедиоски од Градежниот факултет. Постапката за селекција на Машинскиот факултет сеуште е во тек. Ова доаѓа како резултат од долгогодишната соработка на компанијата со овие два факултета, како на полето на размена на студенти така и во поглед на техничкото и едукативно унапредување на инженерскиот кадар кој работи во ФАКОМ АД – Скопје. Ова стипендирање, со тенденција да стане традиционално уште еднаш потврдува дека ФАКОМ е компанија која постојано вложува во својата ефикасност, но истовремено ја поддржува едукацијата и професионалното усовршување на идните инженери во Република Македонија.

Ќе читате: ФАКОМ продолжува со стимулирање на најдобрите

2

ФАКОМ воведува модерна метрологија

2

Посета на Германија

3

Арена за големи победи

3

ФАКОМ гради големи индустриски објекти

4

ФАКОМ на меѓународни научни собири

5


ФАКОМ ИНФО

ФАКОМ продолжува со стимулирање на најдобрите Доделени наградите „ФАКОМ“ за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции на Градежниот и Машинскиот факултет за 2010/2011 година

На 6 Октомври 2011 година, годишнината на Градежниот факултет во Скопје, на студентката Александра Цветановска и беше доделена наградата „ФАКОМ“ за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции за 2010/2011 година, со наслов „Висечка покривна конструкција – настрешница.“ Иста ваква награда, на 17 Јуни 2011 год, денот на Машинскиот факултет, му беше доделена на Мартин Петрески за дипломската работа со наслов „МИГ-МАГ заварување на елементи од конструктивен челик.“ Мартин Петрески сега е вработен во ФАКОМ. Наградите „ФАКОМ“ кои се состојат од плакета, диплома и парична награда во висина од една просечна нето плата во ФАКОМ, на пригодни свечености во присуство на еминентни гости ги врачи Генералниот директор на ФАКОМ АД – Скопје, м-р Златко Симоновски.

ФАКОМ воведува модерна метрологија ФАКОМ набави современа и софистицирана опрема и софтвер од „ФАКОМ АД Скопје ја реализира стратешката одлука за целосно имплементирање на модерната метрологија. “

последната генерација на модерната метрологија: Ласерски апсолут тракер Leica AT401, Ласерска тотална станица Leica TDRA 6000 и наменски софтвер PolyWorks за инспекција и моделирање. Опремата е целосно преносна и со поддршка на софтверот овозможува на едноставен начин, интерактивно, во реално време и прецизно – во делови од милиметар, да се измерат 3D (x,y,z) просторни податоци на постоечки објекти, објекти во градба или нивни делови (конструкции, склопови, елементи, точки) во текот на одделни фази на производство и монтажа, да се изврши моделирање, инспекција, споредба на изработениот/монтираниот со проектираниот 3D модел, да се изврши виртуелна симулација на пробна монтажа или измерените податоци на веќе изградени објекти да се искористат за потребите на проектирањето на

Leica absolute tracer

реконструкции, поправки и санации, поточно за реверзно инженерство / проектирање. Оваа опрема и софтвер е единствена во поширокиот регион и услугите за 3D мерења, инспекција, моделирање, виртуелна симулација на пробна монтажа, се достапни и за надворешни корисници.

Стр. 2


ФАКОМ ИНФО

Посета на Германија Од 10 до 12 Октомври 2011 година, стручен тим на ФАКОМ ја посети компанијата Кјелберг во Финстервалде, Германија која се занимава со производство на електроди и поседува цели постројки за изработка на производи од челик, ветерници, тврдо наварени лимови и друго. Кјелберг соработуваат со повеќе познати производители на опрема за CNC машини за сечење, ESAB, MESSER, MICROSTEP и други. Кјелберг нуди адекватни техничко-технолошки решенија за повеќето компании со слична дејност меѓу кои и ФАКОМ, кој истите ќе Групацијата Кјелберг Финстервалде

ги користи во својата техничка надградба.

Арена за големи победи ФАКОМ беше дел од победничката екипа која работеше на реконструкција на Арената Филип II

Конечно нашата земја доби достојна спортска арена. Благодарение на комплетната реконструкција и реновирањето на Јужната трибина и изградбата на новите Северна, Источна и Западна трибина, изведени според најстрогите стандарди на ФИФА, Арената доби нов и модерен изглед. На објектот кој свечено беше предаден во употреба на 24 Април 2011 година, ФАКОМ изработи и монтира околу 1.700 тони челична конструкција и преку 12.000 м2 кровна покривка од лексан и профилиран лим, како и носечката челична конструкција на два дисплеја, најголеми во овој дел на Европа.

Стр. 3


ФАКОМ ИНФО

ФАКОМ гради големи индустриски објекти За потребите на новиот производствен погон за преработка на месо и месни производи на Пекабеско АД – Скопје, ФАКОМ изработи и монтира 850 тони челична конструкција и вгради околу 21.000 м2 покривни и обложни панели. ФАКОМ учествува и во изградбата на производствените хали, изработката на кранови и останата опрема за капацитетите на ИГМ Трејд Кавадарци, а во соработка со германскиот гигант за производство на рударска опрема TyssenKrupp Fördertechnik, ФАКОМ оваа година работеше на монтажа на 10 километарска транспортна лента со пет пресипни станици на јагленокопот Брод Гнеотино во РЕК Битола, проект на јавното претпријатие Електрани на Македонија. ФАКОМ е активен и надвор од територијата на нашата земја. За хрватската „Монтмонтажа“ од Загреб оваа година изработи околу 7.000 тони челична конструкција за резервоари за нафтоводот ЈАНАФ – Сисак. Во текот на 2011 ФАКОМ оствари и повеќе помали проекти покажувајќи уште еднаш

дека

не

случајно

веќе

пет

децении

претставува

релевантен

сегмент

во

металопреработувачката индустрија во Европа и светот.

Стр. 4

Нова производствена хала на Пекабеско


ФАКОМ ИНФО

ФАКОМ на регионалните и меѓународните научни собири Веќе станува традиција ФАКОМ да ги презентира своите достигнувања на регионалните научни и стручни собири. Така, во 2011 год, вработените од ФАКОМ се претставија на советувањето ГЕД-2011 (Скопски саем, мај 2011) со предавањето “Воведување на BIM / FIM концептот во ФАКОМ“, потоа на 13-тиот Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежните конструктори на Македонија (Струга, септември 2011) со четири соопштенија: за Проектот за челичната конструкција на геодетската купола на Собранието на РМ, за Примената на BIM / FIM и ласерската метрологија во ФАКОМ и за Монтажно-демонтажните паркиралишта. Соопштенијата за Геодетската купола и монтажно-демонтажните паркиралишта беа објавени во списанието Порта3. ФАКОМ учествуваше и на 3-тиот Евро-Азиски форум за градежништво EACEF-2011 (Индонезија, септември 2011) со соопштението „Национална спортска арена во Скопје, Македонија. Примена на концептот за рентабилност.“ На Тркалезната маса на тема “Како до подобар Закон за градење“ во организација на Инженерската комора на Македонија и ДГКМ (септември 2011), ФАКОМ учествуваше со воведно излагање. Воведното излагање беше исто така објавено во списанието Порта3. .

Проектот за геодетската купола на собраниската зграда— прв проект од ваков тип во Македонија , изработен од проектантската екипа на ФАКОМ

Максимално приспособливо и економично Проектот монтажно— демонтажни паркиралишта— идејно и конструкциско решение на ФАКОМ

Стр. 5


ФАКОМ АД - Скопје

ФАКОМ АД—Скопје Бул. Александар Македонски бб Скопје Тел. 02 55 13 100; 55 13 103; Факс: 02 3173 564 E-mail: info@fakom.com.mk

• • • •

www.fakom.com.mk

50 годишна традиција, успешност и развој Континуирано инвестирање во нови технологии и обука на кадри Бесплатни совети и идејни решенија за реализација на Вашите идеи Затоа што со ФАКОМ добивате врвен квалитет, најкраток рок на испорака и сигурност при експлоатацијата на произведената опрема. Тоа е ФАКОМ

Одлична можност за средба со гигантите на челичната индустрија На 10 Ноември во CCD конгресниот центар во Дизелдорф се одржa интернационален годишен симпозиум STAHL 2011 за компаниите од челичната индустрија во Германија, оваа година под мотото „знаења, материјали, вредности“. На неколку панел дискусии се дискутираше за новите технологии во металургијата, најновите трендови во производството како и иднината на челичната индустрија во светски рамки. www.stahl-online.de

Корисни линкови: http://www.metalbulletin.com/ http://www.steelonthenet.com/ http://www.icnbm.com/

ФАКОМ информатор  

Ова е првиот број на newsletter (ФАКОМ информатор)

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you