Page 1

Информатор бр. 2 Maj 2012

ФАКОМ ИНФО Мостот на Уметноста Инфо рмат ор Б р. 2

Мост на уметноста

Како се градеше мостот

Карактеристики

Прецизна технологија

на мостот

за мерење


Мостот на Уметноста

Со почетокот на пролетта започнаа и финалните градежни и монтирачки работи на проектот „Мост

на

Уметноста“, дел од големиот проект „Скопје 2014“ на Владата на Република Македонија. Идејното решение на Мостот на Уметноста е дело на архитектонската двојка Викторија и Коста Мангаровски, а додека носител на изведувачките работи е АДГ БЕТОН од Скопје. Според идејното решение на овој проект, мостот од двете страни ќе го красат 29 бронзени статуи на македонски културни дејци. Ова е пешачки мост преку реката Вардар во центарот на Скопје што ги спојува двата брега на реката, едниот од страната на ГТЦ а другиот со зградата на Јавното обвинителство и финансиската полиција, сеуште во изградба исто така дел на проектот „Скопје 2014“.

Како изгледаше идејното решение на Мостот на Уметноста Стр. 2


Како се градеше мостот Дигалките и останатата механизација на ФАКОМ веќе два месеца се присутни на градилиштето покрај Вардар. Од раните утрински часови екипите на ФАКОМ се на теренот за монтажа. Бевме целосно подготвени со претходно изработена технологија за монтажа и окрупнување на сегментите, вели проект менаџерот, одговорен за монтирачките работи од ФАКОМ Сашо Бардакоски. Се работеше во полна пареа за работите да завршат во предвидениот рок и покрај неповолните временски услови кои сериозно влијаеа врз работата. Дури и ветрот честопати знаеше да ни предизвика проблеми со прецизноста. Снегот во првата половина на февруари значително ги одложи монтирачките работи на градилиштето, потенцира Бардаковски запрашан за текот на работите. Но ФАКОМ е доволно искусен во своето работење за да не дозволи временските услови да влијаат на квалитетот на работата. Така кон крајот на Април, ФАКОМ завршува со предвидените монтирачки работи на мостот.

Монтажа на помошната потпорна конструкција на мостот

“Подигнувањето на Мостот на Уметноста преку реката Вардар во Центарот на Скопје бараше прецизност и исклучителни техники за монтажа.„ Стр. 3


Карактеристики на Мостот Мостот на Уметноста е пешачки мост составен од три лачни носачи потпрени на зглобни лежишта со распон од 54 метри и главен носач кој е поврзан со бетонски,

крајбрежно-пристапни греди.

Челичната конструкција комплетно е изработена во работилниците на ФАКОМ со пробна монтажа по целата должина на конструкцијата. Колоритното решение, по желба на инвеститорот и конструкторот обоено е во бела боја. Со оваа боја ќе биде обоена и целата армиранобетонска и видливата челична конструкција. За да се изработи овој проект ФАКОМ најпрво направи работилничка разработка на проектот и подготви комплетна техничка документација за изработка.

Изработените сегменти на

мостот беа пренесени на градилиште каде РЕ Монтажа ги презеде понатамошните работи за склопување и окрупнување на сегментите. Се користеа автодигалки и кранови од сопствениот возен парк на ФАКОМ.

На

конструкција

почетокот и

се

лежиштата,

монтираше потоа

помошната

следеше

потпорна

монтирањето

на

крајбрежните сегменти, па средишниот дел на главниот лачен носач, левиот и десниот лак, за на крај да се монтира главниот носач на мостот кој всушност е и пешачка патека по самата должина на мостот.

Монтажа на сегментите на главните лачни носачи

Стр. 4

„Подигнувањето и спуштањето на сегментите беше најкомплицираниот дел о д пос та пка та . Цела та работа бараше неверојатна прецизност и точност. Паралелно се дигаше со две дигалки и се спуштаа сегментите над коритото на реката. За точноста на ваквата операција ФАКОМ за прв пат ја примени својата најсовремена опрема за мерење која мери со точност до стотти дел од милиметарот.


Прецизна технологија за мерење Со помош на оваа опрема сите произведени делови на мостот беа споредени со 3Д моделот на мостот и потоа „виртуелно“ склопени уште во фазата на производство, а потоа и позиционирани со голема прецизност на самиот објект. Особено, својата моќ, овие модерни алатки за метрологија ја покажаа кога требаше да се постават масивните лежишта на мостот (секое со маса од 3,2 тона) под агол од 24 степени со хоризонталата практично „лебдејќи во воздух“ на меѓусебно растојание од 3,5 метри во една насока и 53 метри во другата насока со точност (максимално отстапување од идеалната оска на лежиштата) од 0,2мм. Поставувањето на останатите сегменти беше како составување на огромни ЛЕГО коцки. За оваа цел на самиот објект беа поставени 8 реперни точки кои секогаш обезбедуваа позиционирање и репозиционирање на мерните инструменти со голема точност, работејќи со различни инструменти, а секогаш останувајќи и работејќи во ист координатен систем. Сите добиени резулати беа презентирани во визуелни 3Д извештаи, читливи и за неупатени луѓе.

ФАКОМ АД—Скопје Бул. Александар Македонски бб Скопје Тел. 02 55 13 100; 55 13 103; Факс: 02 3173 564 E-mail: info@fakom.com.mk www.fakom.com.mk

Стр. 5

Newsletter 02 mk  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you