Monography FAKOM

Page 1


2

Монтажа на Мост Лисиче, 1972/73 година


50 години во светот на челикот

ПОРАКА НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

В

о изминатите 50 години, Фабриката за челични конструкции, опрема и монтажа ФAKOM – Скопје, од мала училишна работилница израсна во водечка компанија во металопреработувачката индустрија во регионот на Југоисточна Европа, афирмирана како на домашниот, така и на странските пазари. Тоа е резултат на посветеноста и залагањето на неколку генерациии. Низ целиот овој период, потпирајќи се на најсовремените знаења и сопствените достигнувања и искуства, стратегијата на развојот е насочувана кон примената на нови технологии, развојот на нови производи и целосната примена на важечките технички стандарди за квалитет. Во текот на своето постоење ФАКОМ доживуваше неверојатни успони но и тешки моменти на опстојување. Тешките моменти беа последица на надворешни влијанија кои ФАКОМ не можеше да ги избегне: распадот на Југославија, блокадата од Грција, општата економска и политичка состојба во транзициониот период и, во последно време, глобалната криза. Денеска можеме да согледаме дека тие економски и политички турбуленции не го уништија ФАКОМ, туку напротив - го направија поцврст и го научија како да опстои и како да се спротивстави, не само на надворешните влијанија туку и на предизвиците на пазарот и на жестоката и често пати нелојална конкуренција и во земјата и во странство. Сакаме сите да бидат уверени дека, без оглед на економската клима и актуелните услови на пазарот, нашата трајна цел и понатаму останува постигнувањето на најдобри резултати преку перманентно подобрување на нашата пазарна позиција, инвестирање во нови и најсовремени машини и опрема за производство и монтажа, ефикасна работа и смалување на трошоците по единица производ и постигнување на оптимална профитабилност. Нашата определба одсекогаш била и останува: најдобри услуги за нашите клиенти. Вработените на ФАКОМ секојпат биле високо мотивирани да го дадат најдоброто од себе и да бидат високо продуктивни затоа што секојпат знаеле да го препознаат значењето на нивниот придонес. Со вакви вработени, и досега и во иднина, ФАКОМ може да очекува само најголеми успеси. М-р Златко Симоновски

3


Така започна ФАКОМ, К1 – Стар објект кај Главна капија – околу 1970 година

ПОЧЕТОЦИ

С

о решение бр. 03/1-0853 од 23.08.1960 год на општината Саат Кула – Скопје, во рамките на Претпријатието во основање и изградба Рудници и железарница „Скопје“, формирана е Електро – машинска работилница. Работилницата била сместена во просториите на тогашниот Училиштен центар на Претпријатието и имала само 20 вработени од кои 11 висококвалификувани и квалификувани работници. Освен за потребите на Претпријатието, Работилницата се користела и за практична обука на првите генерации техничари. Забележано е дека прв раководител – управник на Работилницата бил Воислав Ѓоргиевски. Според сеќавањата на најстарите вработени, првиот елемент од челична конструкција е изработен и испорачан на Железарницата на 26.09.1960 год. Подоцна, овој ден е земен како јубилеен ден.

4

Во почетокот на 1962 год, согледувајќи ги позитивните резултати од работењето, но имајќи ги предвид и сè поинтензивните активности за изградбата на Претпријатието, донесена е одлука Електро – машинската работилница да прерасне во Режиско – инвестициона група (РИГ). За раководител на РИГ е именуван инж. Петар Тренчевски. Дека формирањето на РИГ претставувало визионерска одлука со далекосежно стратегиско значење зборува и фактот дека инж. Тренчевски бил истовремено и помошник на Генералниот директор на Претпријатието за металопреработувачка дејност. Во овој период, РИГ ги отпочнува и првите поголеми зафати во изградбата на Рудници и железарница и веќе на крајот на 1962 год е регистрирана изработка на околу 800 тони челични конструкции и монтажа на околу 500 тони конструкции и опрема. Според документите, првата задача била монтажата на челични конструкции и увозна опрема од Западно-


50 години во светот на челикот

Железара во изградба германско производство во рудникот Дамјан. Во наредните неколку години се бележи експлозивен развој: се набавува модерна опрема, апарати за заварување и машини за обработка на метали. Во периодот од 1962 до 1966 год произведени се околу 8320 тони челични конструкции и опрема, извршена е монтажа на околу 7400 тони и покривање на преку 160.000 м2.

До крајот на 1967 год, со мали исклучоци, извршените работи се реализирани само на објекти во Железарницата. Оспособеноста на кадарот, високиот квалитет и исполнувањето на роковите многу брзо ја донесуваат и заслужената афирмација на добар и солиден изведувач, не само во Македонија туку и на просторите на поранешна Југославија и надвор од неа.

Во почетокот на 1967 год се бележи нов исчекор: РИГ прераснува во Централни механички работилници. Промената на името не е од формално значење бидејќи, од средината на 1966 год со влегувањето на Рудници и железарница во пробно производство основната дејност на организационата единица – изработка и монтажа на челични конструкции и опрема, се проширува и на одржувањето на станиците. Само за две години (196768) произведени се околу 8300 тони челични конструкции и опрема, монтирани се околу 7100 тони и извршено е покривање на 163.000 м2.

До почетокот на 1970 год произведени се околу 20.000 тони челични конструкции и опрема, извршена е монтажа на 17.000 тони и покривање на близу 420.000 м2, и остварени се околу 440.000 машински часови, а бројот на вработените од 20 во 1960 год нарасна на 680. Во поглед на можностите и капацитетите, планираните предвидувања од Основната инвестициона програма од 1960 и 1962 год – задоволување на тековните потреби во изградбата Железарницата, беа надминати до незамислив степен.

5


Градски трговски центар, Скопје, 1972 година

Мост Лисиче во производна хала, 1972/3 година

6


50 години во светот на челикот Монтажа на дел од издувен систем

ФАКОМ на Белградски саем 1972/73 година

Нова железничка станица, Скопје 1977/78 година

7


РАЗВОЈ

В

о почетокот на 1970 год, нашата организација го добива називот кој и денес го носи: ФАКОМ – Фабрика за конструкции, опрема и монтажа. Со одлука бр. 70252 од 26.5.1970 год формиран е Инженеринг ФАКОМ во чиј состав се Фабриката за челични конструкции, опрема и монтажа (со Погон за машинска обработка, одржување, ремонти и реконструкции, Погон за тешки и лесни конструкции, Погон за монтажа и Проектантско биро) и Погонот Електро работилници. Договарањето, Техничката подготовка, контролата и надзорот е остварувана преку Инженерингот во чиј состав биле Комерцијално-техничката подготовка и Бирото за контрола и надзор. Организацијата има статус на основна организација во рамките на Рудници и железарница „Скопје“, без статус на правно лице, но со право самостојно да склучува договори за продажба на своите производи и услуги во име и за сметка на Претпријатието. Прв директор на Инженеринг ФАКОМ бил инж. Томислав Бундалевски, подоцна професор на Машинскиот факултет на Универзитетот во Скопје и доктор по технички науки. Забележано е, исто така дека раководител на Погонот за машинска обработка, одржување, ремонти и реконструкции бил инж. Драги Данев, подоцна професор и декан на Машинскиот факултет, доктор на технички науки, а потоа и сојузен министер за транспорт и врски и ректор на Универзитетот во Скопје. ФАКОМ веќе располага со работен простор од близу 16.000 м2, мосни дигалки од 4 и 25 тони, широк дијапазон на опрема за машинска обработка (стругалки, глодалки, рендисалки, длабилки, брусилки итн.), најсовремена опрема за изработка на металуршка, рударска и индустриска опрема, а големо внимание се посветува на имплементирање на современите техники за заварување. Погонот за монтажа веќе располага со

8

повеќе мобилни дигалки со носивост до 27 тони. Вкупниот производствен капацитет на фабриката изнесува 8500 тони конструкции и опрема годишно, до 200.000 часови машински и преку 400.000 браварски и заварувачки часови, а капацитетот за монтажа изнесува до 12.000 тони конструкции и опрема и преку 60.000 м2 покривачки работи. Во 1971 год е пуштена во погон автоматската линија за заварени носачи, во тој период една од најмодерните во Европа, која користи ЕРР постапка (заварување со потопен лак): пред-деформација, заварување, вртење, заварување и сечење на проектна должина, со капацитет од 11.000 тони годишно, а во 1972 год автоматската линија за брановиден и трапезно профилиран поцинкуван и пластифициран лим за покривање и облагање, со капацитет од околу 3500 м2 или преку 1.200.000 м2 годишно, во една смена. Во тој период, според месечникот на Рудници и железарница „Металург“, оваа линија била единствената во Европа со можности за пластифицирање. Резултатите кои ги постигнува ФАКОМ не остануваат незабележани. Така, во 1971 год ФАКОМ ја добива 13-то Ноемвриската награда на град Скопје, а во 1978 год Првомајската награда за вонредни стопански остварувања на Стопанската комора на Македонија. Развојот на ФАКОМ во овој период го следи невидена експанзија. До крајот на оваа деценија, само за потребите на Железарницата произведени се и монтирани преку 40.000 тони челична конструкција, огромни количества увозна опрема и преку 250.000 м2 покривка, од кои треба да се истакнат ладната валавница, полуконти и топлата валавница. Понатаму, ФАКОМ е ангажиран во изградбата на повеќе капитални индустриски и други објекти во Македонија и поранешна Југославија. Да споменеме само некои: Топилницата за олово


50 години во светот на челикот

РЕК Битола, рудник Суводол, монтажа на одлагач на багер

и цинк во Велес, со повеќе од 5000 тони челична конструкција и монтажа на околу 7000 тони увозна опрема; Градскиот трговски центар во Скопје, со околу 4.000 тони челична конструкција и преку 60.000 м2 корисен простор и меѓукатни конструкции, во тој период најголем во Европа; Термоелектраната во Плевље, Црна Гора, со околу 4000 тони монтирана конструкција за машинскиот и бункерскиот дел; Термоелектраната Осломеј кај Кичево, вклучувајќи го и вградувањето на 120тонскиот статор на турбината; Рудникот за бакар Бучим – Радовиш, каде ФАКОМ-ци ги проектираа, изработија и монтираа челичните конструкции и ја монтираа целокупната металуршка и рударска опрема, багери и дампери. Веројатно најкомплесни задачи ФАКОМ имаше на објектите во РЕК – Битола, пред се во котлар-

ницата и цевководите под висок притисок. Освен тоа, изработката на виталните делови и монтажата на рото – багерите за ископ на јаглен и јаловина. Не со помало значење e и комплексност се објектите на ОХИС, каде за првпат е применето заварување под инертен гас (аргон) за заварување на високолегирани челици, инокс и алуминиум, потоа Рафинеријата Миладиновци, ФЕНИ – Кавадарци каде покрај челични конструкции е извршено покривање на 90.000м2, Стакларницата во Панчево, железничките мостови на пругата Белград – Бар, преку Вардар кај Лисиче, на пругата Зајас – Тајмиште, итн. итн. Покрај перманентната грижа за подобрување и унапредување на техничко – технолошката опременост, особено внимание се посветува на човечките ресурси.

9


Во архивите на ФАКОМ е забележано дека во овој период се оспособени преку 280 врвни заварувачи за сите техники на заварување (РЕЛ, ЕПП, МИГ, ТИГ, МАГ), од кои многумина учествуваа на натпреварите во поранешна Југославија и се стекнуваа со престижните признанија за повеќекратни прваци за заварување во своите категории. Во овој контекст е интересно да се истакне еден факт кој ги изненадил, според нивното признание, и испорачателите на опремата од Полска за Термоелектраната Осломеј кај Кичево: при изработката на монтажните завари е регистриран значително повисок квалитет и помалку поправки отколку на (нивните) работилнички завари. ФАКОМ-ци се особено горди на проектирањето и изградбата на вистинската убавица меѓу спортските објекти: покривната конструкција на

10

фудбалскиот стадион Маракана во Белград со капацитет од 30.000 седишта и покриена површина од 25.000м2. Од позначајните објекти во странство треба да се истакнат Фабриката за целулоза во Камерун (3000 тони), Челичарницата во Триполи – Либија (1150 тони), 24 мостови за Виетнам (4000 тони), Термоцентралата во Алжир, Фабриката во Варен – Белгија, мостовите во Чехословачка (7), челичниот скелет на дваесеткатниот деловен комплекс Ареско во Бејрут – Либан (1300 тони) итн. Во овој период, генерални директори биле инж. Анастас Куртевски (1972-1976) и инж. Гаврило Гавриловски (1976-1981), подоцна професор и декан на Машинскиот факултет на Универзитетот во Скопје и доктор по технички науки, уште ед-


50 години во светот на челикот ФАКОМ – изградба на производни хали, 1982/83 година

на потврда дека ФАКОМ бил и останува вистински расадник на кадрови од сите нивоа на стручност и образование. Во 1976 год ФАКОМ доживува нова организациона трансформација. Прераснува во Работна организација со три основни организации ФАКОМ – Инженеринг, ФАКОМ – Производство и ФАКОМ – Монтажа и Заеднички служби, во состав на Сложената организација Рудници и железарница Скопје. Интензивното работно ангажирање на ФАКОМ продолжува и понатаму, со тоа што организацијата се повеќе се ориентира кон изработка и монтажа на челични конструкции и индустриска опрема за надворешни купувачи од земјата и странство, а во матичната организација Рудници и железарница - на реализација на третата фаза од изградбата

и на тековно и инвестиционо одржување, реконструкции и ремонти. Во овој период се изработени и монтирани спортските сали во Велес и Кичево, објектот на денешната Влада на РМ, пливачкиот базен во Карпош, стадионот на ОФК Белград во Белград, хотелот Радика во Маврово, Клиничкиот центар Ребро во Загреб, пероните на новата железничка станица во Скопје, Фабриката за акумулатори во Пробиштип, Минекс во Урошевац, рудникот Велики Кривељ во Бор, Фабриката Киро Ќучук во Велес, Силика во Гостивар, Термоелектраната Никола Тесла во Обреновац, се врши монтажа на повеќе објекти во Иво Лола Рибар во Железник, Србија, за Иван Милутиновиќ од Белград, а значителни работи се изведуваат и на бродоградилиштето Бијела, итн.

11


Стадион Маракана –Белград 1977 година

ФАКОМ развива голем број сопствени иновативни производи: високо профилирани лимови, нисконапонски електроди за електрофилтри, одбојни огради за патишта, ладно-обликувани тенкоѕидни „C“ и „Z“ рожници, контејнери, ниско носечки шасии за камиони и кипер – корпи итн. Многу атрактивен производ за пазар стануваат челичните силоси за житарици, развиени во сопственото Проектантско биро, кои во голем број се монтираат во Скопје, Битола, Штип, Белград, Гостивар, Тетово, Кичево, како и во подрачјето на Комотини, Грција и во Турција. Потпирајќи се на производството на топловалани лимови од Топлата валавница во Железарницата, ФАКОМ произведува и испорачува повеќе од 10.000 тони годишно автоматски заварени носачи за бродоградилиштата во Хрватска: Пула, Ријека, Трогир и Сплит. Хрватските бродогради-

12

лишта се наши традиционални партнери и оваа соработка никојпат не била прекината и продолжува и опстојува до денес, без оглед на распадот на Југославија, блокадите, санкциите и економските и други тешкотии во изминатиот период. Крајот на седмата деценија од минатиот век, 20 години од основањето, ФАКОМ го дочекува со преку 1000 вработени во производство и монтажа, со годишно производство од 8000 тони (?) челични конструкции, 5000 тони (?) процесна опрема, 12000 тони (?) заварени носачи и преку 25.000 (?) еквивалентни тони монтирани челични конструкции и опрема. Во текот на 1978 год отпочнува голем инвестиционен циклус. За потребите на ФАКОМ – Монтажа набавени се повеќе моќни мобилни дигалки и, во тој период, во „ергелата“ има ду-


50 години во светот на челикот ри 14 „убавици“ со носивост од 40 до 200 тони. Нешто подоцна, во 1980 год, се подготвува инвестициона програма и отпочнуваат проектирањето и подготовките за новите производствени хали со преку 22.000 м2 корисен простор, 11.000 м2 отворен складиштен простор за лимови, профили и готови производи и 14 мостни кранови со носивост од 5 до 40 тони. Дел од оваа инвестициона програма ја опфаќа и халата во која, според тогашните преговори, требала да биде инсталирана опремата за производство на носечки компоненти на авто-дигалки од програмата на германската фирма ДЕМАГ. Во новите хали е инсталирана модерна производствена опрема: Платонов борверк за машинска обработка 3150/10500mm, борверк 2636G,12-метарска апкант преса 400 тони, долгоодна рендисалка, машини за обработка на рабови и машина за виткање профили, карусел струг, голема валц-машина за дебелини до 80mm, модерна пескара, десетина машини за гасно сечење, автомати и полу-автомати за заварување, многубројна друга опрема и машини за обработка на метали итн. Во новите погони, се преселени и линиите за автоматски заварени носачи и профилирани лимови. Со редовно производство во новата фабрика се отпочнува во текот на 1983/84 год. Во текот на 1982 год, со решение на Окружниот стопански суд од 16.09.1982 год ФАКОМ се конституира во Работна организација за проектирање, производство и монтажа на конструкции и опрема, со неограничена супсидијарна одговорност според тогашните законски прописи и со тоа организационо се издвојува од својата матица Рудници и железарница Скопје. Во 1983 год ФАКОМ продолжува со својот експанзивен развој и во тој момент има 1861 вработен, најголем во целокупниот период од своето постоење. По повод пуштањето во погон на Блок 1 на РЕК Битола 1 во 1982 год, во посебниот прилог на Стопански весник посветен на ФАКОМ како најголем изведувач и монтажер на термоелектраната и рудникот со околу 15400 тони че-

лични конструкции и опрема, се наведува дека до 1985 год ФАКОМ Производство ќе има капацитет за производство од над 8000 тони челични конструкции, 6000 тони типски челични конструкции, 5500 тони процесна опрема, 15000 тони силоси, 7000 тони профилирани лимови, 14000 тони автоматски заварени заварени носачи и 200.000 часови од заварувачки и други услуги, а ФАКОМ Монтажа капацитет за монтажа од над 6000 тони челични конструкции, над 25000 тони процесна опрема, 15000 тони силоси и над 200.000 м2 покривање и облагање со профилиран лим, и во земјата и во странство. Во овој период, од 1982 до 1988 год, генерален директор бил инж. Ѓорѓи Савов. Меѓутоа, во заднината на овој експанзивен развој и изградбата и опремувањето на новата фабрика, економската криза во поранешна Југославија почнува да ги покажува своите негативни ефекти на целокупниот општествен живот. Најпрво скоро незабележано, но со перманентно и постапно зголемување, преку тешкотии во снабдувањето, рестрикции на увозот на опрема и машини, енергенси и полупроизводи од црната металургијата, висока инфлација која во 1985 год е преку 100% и, како крајна последица перманентно смалување на инвестициите. Покрај редовните активности на одржување и ремонти во Рудници и железарница и изградбата на Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола 2, големи објекти во овој период се Јекларната 2 во Јесенице, Словенија (1986 год, со Искра – Куманово – 9500 тони) и Бродоградилиштето во Бијела, Црна Гора (1983-86 год, хали R1, R2, BZ, магацин). Излезот се бара и во ангажирањето во странство. До крајот на оваа деценија, како поголеми договори се забележани Кувајт, во периодот 1984 – 1986 год, Ирак, во 1983 год (Јусуфија, 1983 год) и 1985-87 (Проект 946), Норилск, Русија во 1990 год (Покривна конструкција за фабрика за мебел), челичарницата во Новокузњецк, Русија и други.

13


Силоси Лознани- Битола

ТЕ Осломеј, Кичево, кос мост

14


50 години во светот на челикот

Монтажа на мостот “Вардар“ преку Влтава, Чехословачка Ремонт на дампери во рудник Бучим, 1982/1983 година

ФЕНИ Кавадарци

15


Пробна монтажа на портален кран , после 1984 година

Монтажа на мостен кран

16


50 години во светот на челикот

ОПСТОЈУВАЊЕ

Д

одека периодот од 60-тите до 80-тите години можат да се обележат како години на раст, 90-тите години можат да се обележат како години на големи општествени промени и борба за опстојување. Големите инвестиции во новите хали и производствена опрема по 1980 год кои означуваа логичен и природен раст и развој на претпријатието, се случуваа во услови на сè подлабока економска криза како предвесник за распадот на поранешна Југославија – настани на кои претпријатието не можеше да има никакво влијание. Дополнително, распадот на Социјалистичкиот блок и настаните на Блискиот исток и Заливската војна доведоа, во многу кус период, до губење на веќе традиционалните пазари, прекин во реализацијата на големи договори и драстичен пад во производството. Во овој период (1988 – 1991) Генерален директор е инж. Бранко Иванов. ФАКОМ бара решенија за надминување на последиците и стабилизирање на состојбите преку нови форми на организација. Во 1989 год се извршени усогласувања со Законот за претпријатија и трите основни организации се здружуваат во Работна организација, а истата година со решение бр.СРЕГ 705/89 ФАКОМ прераснува во Општествено претпријатие. Трансформацијата на Општествено претпријатие во Акционерско друштво во мешовита сопственост извршена е со Решение бр. 7463/90, а на 28.12.1990 година започната е приватизацијата на ФАКОМ. Во текот на 1991 год формирани се четири друштва со ограничена одговорност: ФАКОМ – Производство, ФАКОМ – Инженеринг, ФАКОМ – Монтажа и ФАКОМ – Проект. Генерален директор е инж. Киро Трајковски (1991 – 2005). Меѓутоа, исклучително тешкиот период на опстоју-

вање го зема својот данок: во 1995 год две друштва прогласуваат стечај: ФАКОМ – Производство (26.01.1995) и ФАКОМ – Проект (12.10.1995). За среќа, стечајната постапка во ФАКОМ – Производство се заклучува многу бргу (06.05.1995) и тоа продолжува да работи во склоп на ФАКОМ – Инженеринг, на кој нешто подоцна се приклучува и ФАКОМ – Проект. Слична, но не толку драстична ситуација постои и во ФАКОМ – Монтажа која го избира патот на консолидирање со прогласување на технолошки вишок. Во целиот период бројот на вработени осетно се намалува: од 1429 во 1990 год и 1143 во 1994 год, на 610 во 1995 и 551 во 1997 год. Бројот на вработени е намален за скоро 2,6 пати и, според објективните показатели претставува реален одраз на тогаш актуелната економска состојба во земјата и регионот и побарувачката на пазарот. Но и во настаната ситуација, иако со огромни тешкотии, ФАКОМ продолжува да исполнува своите обврски. ФАКОМ е незаменлив во многу тешките моменти во РЕК Битола: Обновата на електрофилтерот на Блок 2 во 1989 год (1600 тони); Обновата на косиот мост на Блок 1 и 2 во 1993 год (550 тони), произведен и монтиран заедно со Искра - Куманово за само 19 дена; Санацијата на багерот CRC 2000 во рудникот Суводол во 1995 год. По распадот на Југославија во 1991 год ФАКОМ практично целосно ги губи странските пазари и пазарите во поранешна Југославија. Според сеќавањата од тој период, се случувало по цела недела од производствените хали да не излезе ниедно парче челична конструкција. Нема големи проекти, оние поголеми од 150-200 тони се реткост но му овозможуваат на ФАКОМ да опстои: 10-тина казани за Топилницата во Велес, Санација на електропечките во Топилницата, Цевковод за ХМС Стрежево, Транспортни мостови

17


во Цементарницата Усје, покривна конструкција за Алкалоид. Се изработува практично се: бензински пумпи, индустриски оџаци, антенски столбови, силоси, оранжерии, резервоари за мазут и битумен итн. Како под-изведувач, ФАКОМ настапува на многу помали објекти во Македонија, особено со градежните организации Бетон и Илинден. По ослободувањето од баластот на долгови и вишокот вработени, со потпишувањето на Договорот со Агенцијата за приватизација во 1996 год ФАКОМ прераснува во акционерско друштво според моделот на откуп на претпријатијата од лица кои го преземаат управувањето. Друштвото е приватизирано со вкупен капитал од 6,7 милиони DEM. Издадени се вкупно 67000 акции со номинална вредност од 100 DEM/акција од кои: 50015 акции на 613 акционери од лица кои го презеле управувањето со друштвото; 7373 приоритетни акции на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ); 9613 акции на акционери кои платиле акции според Законот на Анте Марковиќ. Пр вото Акционерско собра ние било конститу ира но на 16.01.1997 год и било соста вено од 1123 акционери. На 17.11.1998 година Собра ние то го именувало пр виот Одбор на директори во состав: Киро Трајков ски, извршен член и Генерален директор; Милорад Пе тров ски, Пре тседа тел на Управниот одбор, неизвршен член и Заменик на генералниот директор; двајца неизвршни членови од ФАКОМ – Инженеринг: Владимир Михајлов, Директор и Зоран Тозија, Комерцијален директор; двајца членови од ФАКОМ – Монтажа: Гоце Димески, директор и Слободан Георгиев, Технички директор; Ангел Стоја нов, неизвршен член и Директор на КПОР.

18

Трансформацијата на ФАКОМ во Акционерско друштво со два ДООЕЛ-и ФАКОМ – Инженеринг и ФАКОМ – Монтажа го означува почетокот на интензивната консолидација и повторен раст. И покрај евидентните тешкотии, пазарот на црната металургија и металопреработувачката индустрија полека се стабилизира, се враќаат традиционалните деловни партнери и се јавуваат нови. Но, најважно од сè и покрај стечајните постапки и драстичното смалување на бројот на вработените, ФАКОМ успеа да ги сочува производствените хали, машините и производствената опрема, но и она најдрагоценото: своите инженери и раководители, своите заварувачи, бравари и специјалисти за монтажа. Од овој период до денес и покрај природниот одлив заради пензионирање, просечниот број на вработените во ФАКОМ изнесува околу 650. Дури од 1996 год почнуваат да се враќаат традиционалните партнери од странство и поранешна Југославија. Најпрво Хрватските бродоградилишта со нарачка на заварени профили (900 тони во 1996 год и сса 3000 тони во 1998 год), а потоа и српските и словенечките партнери. Но, вистинскиот крај на борбата за опстојување се случува кон крајот на 2001 и во текот на 2002 год: Изработени се 3200 тони мостовски конструкции за Италија (СПИТ – Нова Горица, Словенија), сса 3000 тони конструкции, преку разни инвеститори за повеќе објекти и мостови во Хрватска (Цементара Нашице, мост на Уна, мост преку Сава во Загреб, мост на автопатот Ријека – Мартиншчица итн.), и многу други. Во периодот 2002-2003 год произведени се и испорачани преку 13500 тони заварени носачи за бродоградба и други намени. Следуваа многу задачи кои го потврдија квалитетот и ја зацврстија довербата на инвеститорите во ФАКОМ: Фабриката за цемент Титан - Ус-


50 години во светот на челикот

Обнова на кос мост, РЕК Битола, 1993 година

је во Скопје, Индустријата за фероникел во Глоговац, Косово, Цементарата во Холцим, Србија (475 тони), елементи за мостот Слобода во Нови Сад (сса 1000 тони) доводниот цевковод за ХМС Лисиче, Велес (300 тони), Рафинеријата Окта во Миладиновци, објекти во Пивара Скопје, Топлификација Скопје, изработката и монтажата на пешачкиот мост преку Вардар (Газела) и др. Значајна референца за ФАКОМ се системите на гасни

издувни турбини за термоелектрани по нарачка на Higgot Kane (Канада) и Bachmann Ind. (САД), реализирани во периодот 2001 – 2005 год, секој со околу 150 – 350 тони челична конструкција и опрема, за проектите Ајзенхутен - Германија (1), Азито - Брег на слоновата оска (2), Завиа - Либија (4), Комотини – Грција (4) и Радес - Тунис (1), каде ФАКОМ по кој знае кој пат се покажа и докажа и во подрачјето на енергетските објекти.

19


20


50 години во светот на челикот

Тимот на ФАКОМ во РЕК Битола, блок 1, котел, октомври 1978 година

21


НОВИОТ ЛИК

В

о текот на 2006 год компанијата REPRO ONE Ltd регистрирана според Законот за меѓународни трговски друштва, на официјалната Македонска берза за хартии од вредност изврши откуп на мнозинскиот пакет акции на ФАКОМ во висина од 94,97% со Проспектот за откуп на обични акции. Во овој период (2005 – 2007) Генерален директор е инж. Владимир Михајлов. Акционерското собрание на ФАКОМ АД, на ден 12.10.2006 год донесе Одлука за избор на Одбор на директори во состав: Златко Симоновски, Претседател на Одборот; Владимир Михајлов, извршен член и Генерален директор; Мино Дамјановски и Убавка Бојаџиевска, неизвршни членови

22

и Александар Николовски, независен неизвршен член. Со промената на сопственичката структура, ФАКОМ се трансформира во акционерско друштво со четири работни единици: РЕ Производство, РЕ Инженеринг, РЕ Монтажа и РЕ Логистика. Со преструктурирањето, настанува период на инвестирање во нова напредна технологија и модерна опрема и подобрување на работните услови. Од 2007 до средината на 2010 год инвестирани се близу 7 милиони евра. Најголеми инвестиции во РЕ Производство се: еден CNC плазма секатор Messer Griessheim, два CNC секатори за гасно сечење, CNC 3D машина за сечење и дупчење на профили и лимови, CNC ма-


50 години во светот на челикот

Мост преку река Сава кај Сремска Рача, 2008 година

шина за обработка на краеви на кружни цевки до Ф600mm, уште еден Борверк, нов мостен магнетен кран во погонот Припрема, комплетна реконструкција и осовременување на линиите за автоматски заварени носачи, изградба и покривање на две нови полиња во Пескарата, Нов портален кран во Отвореното складиште за готови производи, Комплетно реновирање на тоалетите и замена на кровното осветлување во производствените хали, голем број апарати за RЕL, MIG и MAG заварување и многу други. Опрема и машини како за една сосема нова фабрика за производство на челични конструкции. Најголеми инвестиции во РЕ Монтажа се: Нова и најсовремена телескопска авто дигалка DEMAG

TEREX со носивост од 300 тони, најголема во регионот, со височина на дигање до 130 метри и радиус на дофат до 90 метри, уште една модерна дигалка со носивост од 40 тони, две современи мобилни машини за полуавтоматско заварување со потопен лак, два автобуси за превоз до градилиштата, две pick-up возила со носивост до 2 тони, повеќе комплети монтажно скеле, голем број апарати за заварување, повеќе комплети опрема за вградување на заковки при ремонти на стара опрема и многу други. 2009 година се формира Сектор за Информациони и Комуникациони Технологии при што се инвестира во набавка на современа компјутерска опрема, лиценци за софтвер, сигурносен

23


24

Реконструкција на ротобагер SRS2000, Рудник Суводол, 2010 година


50 години во светот на челикот систем од надворешни неовластени влегувања, антивирусна заштита и други заштити, со што е изграден современ компјутерски центар. Паралелно со оформување на центарот се инвестира и во делот на комуникациони технологии, набавена е опрема и изградена е локална оптичка мрежа за поврзување на производствените хали, управна зграда на производство, кампусот бараки, барака и работилници на монтажа со гигабитни врски. По ставање во функција на оптичката мрежа, инсталирана е ИП телефонска централа со повеќе од 100 локали и систем за видео надзор со 20 ИП мегапикселни камери и сервер за снимање на видео материјалите. Втората половина на 2009 година е период на воведување во работа на Интегриран Информационен Систем, со кој е обезбедена компјутерска поддршка на поголемиот дел од деловните процеси. Во тек е имплементација на софтвер за планирање, следење и управување со проекти. Успешната имплементација на овие два система е прва фаза од проектот за имплементација на современо ЕРП (Enterprise Resource Planning) решение и негова надградба со систем од типот на БИ (Business Intelligent) како стратегиска определба на менаџментот, со што максимално би се опфатиле сите деловни процеси во работењето на ФАКОМ. Во овој период отпочнува реализацијата и на еден нов, долгорочен и стратегиски исчекор: воведување на софистицирана информатичка технологија и премин кон BIM / FIM концептот (Building Information Modeling / Fabrication Information Modeling) на интегрирано мултидициплинарно проектирање и разработка на цртежи, производство и монтажа на челични конструкции. По сеопфатно истражување и тестирање на можностите на софтверот за поддршка на актуелните и идните потреби и развој на ФАКОМ избрана е софтверската платформа на АUTODesk. Веќе е набавен лиценцираниот софтвер, реализирана е обука на Машинската група, а во тек е обуката за Архите-

ктонската и Градежната група. Напредната обука е планирана за почетокот на 2011 год. Во овој контекст, ФАКОМ бележи уште една значајна инвестиција која е пред непосредна реализација до крајот на 2010 год: воведување на софистицирана ласерска геодетска опрема од фирмата LEICA: Tракер и тотална геодетска станица со која ќе се елиминира или сведе на најмала можна мерка пробната монтажа во работилница и значително ќе се олесни монтажата на нови и ремонтите на постојните челични конструкции и индустриска и процесна опрема. Во овој период (2008 – 23.02.2010 год) Генерален директор е инж. Зоран Стојановски. Истовремено, отпочнува добро подготвена и агресивна кампања за запознавање на партнерите во странство со можностите и производствените и монтажните капацитети на ФАКОМ. Посетени се повеќе Европски земји и остварени се плодни контакти со бродоградилиштата во Пула, Сплит, Ријека и Трогир, како и со повеќе фирми во Германија, Франција, Италија и Холандија. Така, во организација на Стопанската комора на Баварија и под покровителство на Генералниот конзулат на РМ во Германија, во март 2009 год во Регенсбург одржана е презентација под име: „Баварија и Македонија - Еднакви можности во извозната економија“. На презентацијата беа присутни околу 30тина реномирани германски фирми од металопреработувачката индустрија и сродните дејности меѓу кои DSD, MAN-TAKRAFF, FAM, THUESSEN-KRUPP, SHB и други. Подоцна, кон крајот на септември 2009 год, на платото пред хотелот Александар Палас во Скопје, пред повеќе угледни домашни и странски гости и во присуство на г-дин Минчо Јорданов, извршена е презентација на ФАКОМ и новата 300-тонска дигалка DEMAG TEREX. Стратегиска и долгорочна определба на ФАКОМ претставуваат и добро подготвените настапи пред стручната и научната јавност во земјата и странство. Само во 2009 и 2010 год, стручњаци-

25


те на н ФАКОМ настапија на 13-тиот Симпозиум на ДГК ДГКМ во Охрид, 3-тиот Меѓународен симпозиум ГН ГНП2010 во Жабљак, Црна Гора и 13-тиот Конгрес на ДГКС на Златибор, Србија со вкупно осум реферати. На 13-тиот Меѓународен симпозиум на ДГКМ му беше доделено Посебно признание за конструкторско остварување за изградбата на челичниот мост преку Сава кај Сремска Рача. Освен ова, стручњаците од ФАКОМ настапија со воведни излагања на Трибината „Одржлив развој во градежништвото“ во рамките на саемот Build & Construct 2010 во Скопје (март 2010), и на Конференција ГЕД 2010 (мај 2010) год каде ФАКОМ беше претставен како прва компанија во земјата која го воведува BIM / FIM концептот. Дополнително, следејќи го концептот на доживотно учење на инженерите од практиката, реализирани се уште три стручни предавања и тркалезни маси со присуство на еминентни професори од Машинскиот и Градежниот факултет на теми: Механички методи за подобрување на квалитетот на заварените врски (септември 2008), Инектирани завртки (мај 2009) и Конструирање на челичните конструкции за најниска цена (септември 2010). Во почетокот на 2010 год поведена е постапка за трансформација на управувачката структура во ФАКОМ. Со статутарната одлука донесена на 17.02.2010 год, едностепениот систем на управување е заменет со двостепен: Надзорен одбор и Управен одбор. Истиот ден, Акционерското собрание го избира Надзорниот одбор на Друштвото во состав: Минчо Јорданов, претседател, Мино Дамјановски, Наташа Јорданова, Убавка Бојаџиевска и Александар Николовски – независен член. Со одлука на Надзорниот одбор од 17.02.2010 год, за членови на Управниот одбор се избрани: М-р Златко Симоновски, Претседател на Управниот одбор - Генерален директор; Зоран Стојановски, Заменик претседател на

26

Управниот одбор - Заменик генерален директор; Мартин Велковски, член - Директор на РЕ Инженеринг; Коста Антовски, член – Директор на РЕ Производство и Гоце Димески, член – Директор на РЕ Монтажа. Во периодот по промената на сопственичката структура, ФАКОМ реализира редица големи и значајни задачи: Изработка и монтажа на челична конструкција и силоси за цементара во Албанија (450 тони), Специјална опрема за Скопски легури (250 тони), Изработка на канали за термоцентрали за Германија (Th.Arens, 1280 тони), Елементи за бродови за Хрватска (Semwick, 600 тони), Потисна печка во Топла валавница – Макстил (400 тони изработка и 700 тони монтажа), Когенеративна гасна централа во Железарница (200 тони изработка и 700 тони монтажа), Резервоари за нафта за Италија (Tanko, 1000 тони), Гасна централа ГАМА – Скопје (850 тони монтажа на челична конструкција), Челична конструкција на рото багер CRC2000 во РЕК Битола (TAKRAF – Германија, 2200 тони), Елементи за бродови за Холандија (IHC, 550 тони), Резервоари за нафта за Хрватска (Ѓуро Ѓаковиќ, 3500 тони), како и голем број други. ФАКОМ е перманентно ангажиран на редовните ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј, Цементарницата Усје, Макстил и други. Од објектите од јавен интерес треба да се споменат мостот преку Сава кај Сремска Рача (Интермост – Белград, 2040 тони) и Покривната конструкција на северната трибина на Националната арена Филип II во Скопје (670 тони конструкција и 4000 м2 покривка). Една од последните задачи е изработката на челичната конструкција за хали на ИГМ - Кавадарци (1900 тони), а во тек се изработката и монтажата на Националната арена Филип II (јужна, западна и источна трибина) и доградбата на Собранието на РМ (со Бетон како главен изведувач). Во 2008 год, според официјалната листа на Еуро Бизнис Центар, ФАКОМ е 8-мо рангирана


50 години во светот на челикот

Национална арена Филип II, Скопје, 2009/2010 година

меѓу 200 најуспешни компании во РМ, единствена од металопреработувачката индустрија меѓу првите 67 компании и највисоко рангирана од градежните компании во Републиката. ФАКОМ прославува 50 години од своето постоење. Во целиот овој период доживеа највисоки дострели и раст, но и огромни тешкотии и падови. Сите вработени кои во минатото биле и денеска се дел од неговиот колектив се гордеат со сè она што е совладано и постигнато: 70% извозно ориентирана компанија; Близу 500.000 еквивалентни тони произведени и монтирани челични конструкции и индустриска и специјална опрема;

Преку 250.000 тони автоматски заварени профили за различни намени; Околу 5.000.000 м2 профилирани лимови за покривање и облагање; Сопствено школо за заварување во кое се обучени преку 3.000 заварувачи за РЕЛ, ЕПП, МИГ и МАГ техники за заварување; Врвни бравари и заварувачи, специјалисти за монтажа, инженери и раководители, извонреден спој на младост, знаење и искуство; Сертификати за квалитет ISO 9001/2008 и ISO 14001/2004, DIN 18800/7 класа Е, DIN ISO 3834-2, сертификати на регистри на бродови: Loyd Register, GLO - Germanischer Loyd, Hrvatski registar brodova, Руски морски регистар и други.

27


CNC машина, VOORTMAN V630/12500 за сечење и дупчење

Демонтирање на Багер СРС2000, Рудник Суводол, Битола, 2009 година

28


50 години во светот на челикот

Сечење со плазма MESSER-GRIESHEIM Потисна печка, МАКСТИЛ, Скопје, 2009 година

Гасна централа, ГАМА, Скопје, 2009/2010 година

29


Сеќавања Проф. д-р Гаврило Гаврилоски Генерален директор на ФАКОМ од 1976 до 1981 год

Сеќавања за подемот и растот на ФАКОМ Прво вработување во ФАКОМ: 12 јули 1964 год. Како стипендист на Рудници и Железарница, веднаш по дипломирањето на Машинскиот факултет во Скопје во мај 1964, бев повикан да се јавам на работа. Во одделението за кадрови ми рекоа „Од утре доаѓај на работа„. Ме упатија во тогашната Режиско инвестициона група – РИГ. Мошне љубезно ме прими тогашниот управник на техничко технолошката подготовка во електро-механичката работилница, инж.Томислав Бундалевски, подоцна професор на Машинскиот факултет во Скопје. Следуваше краток разговор за оцена на моите стручни квалификации и афинитети во струката. Направено беше првото насочување кон производство на челични конструкции. Прв контакт со посложена проектна документација за челични конструкции и металуршка опрема и први знаци на збунетост. Се чудам, како може дипломиран инженер како мене, да не разбира детали од проектната документација. Но, со мал напор успешно беше совладано и тоа. Рудници и железарница беше во полн инвестиционен развој. Градби на сите страни, почнувајќи од Рудниот двор, Топилница, Челичана, Топла валавница. Со повеќемесечно присуство и активно учество во тие градби ми беше исполнет приправничкиот стаж, како ретко кога што може да му се случи на еден млад дипломиран инженер. Интересот да се ѕирне секаде и да се види се беше голем. За време на приправничкиот стаж се стекнав со голема практика.

30

Заврши приправничкиот стаж и се вратив во ФАКОМ, со постојано столче и работна маса на работно место технолог за техничко-технолошка подготовка. Првпат во средина, опкружен со мошне искусни стручни лица во таа струка. Разговори со сите за да се стане и биде најмалку рамен на секој од нив во струката, од секого да се извлече полезното. При изработката и монтажата на челичните конструкции и вградувањето на рударската и технолошко-металуршката опрема, се јавуваат проблеми со квалитетот на техниката на заварување. Нов предизвик … Како да се стане прв на тоа поле? Со поддршка на раководните структури на Рудници и железарница и ФАКОМ, успешно завршив двомесечен семинар на тема „Заварување на метални конструкции“ во Институтот за заварување во Љубљана, 1965 год. Специјалните постапки за заварување ги утврдив со завршувањето петнаесетдневен семинар во Загреб во Друштвото за заварување на Хрватска, 1966 год. Квалитетот на заварените споеви го совладав со посета на двомесечен семинар на тема „Испитување на напонската состојба и квалитетот на заварените метални конструкции“ во Институтот за термотехника и нуклеарна техника „Енергоинвест“ - Сараево, 1967 год. Во овој период бев назначен на работно место инженер за заварување, што беше и законска обврска за фирмите што се занимаваат со изработка и монтажа на челични конструкции.


50 години во светот на челикот

ФАКОМ Проектанско – околу 1982/83 година

Технологијата за заварување доби нов квалитет. Заварувањето во ФАКОМ се потврди како сигурно, надежно и економично и како технолошка постапка со трајна ориентација. Тоа постојано се потврдуваше со примена на заварувањето при производство на носечките челични конструкции и при репаратурното заварување на разни делови и опрема од конструктивни, високо легирани челици и обоени метали вградени во станиците на Рудници и железарница - „Скопје“. Се роди нова идеја. Автоматска линија за производство на заварени носачи. Идејата беше поддржана од тогашниот генерален директор Страшо Христов и веднаш беше купена најсовремена опрема и технологија за производство на заваре-

ни „I“, „Т“ и „L“ носачи за потребите на бродоградбата. Каков успех и каков квалитет се доби во производството на ФАКОМ потврдуваат добиените признанија и атести од најпознатите светски фирми и регистри: Биро Веритас, СССР регистар на бродови, Германскиот регистар на бродови, Југословенскиот регистар. Паралелно со активностите за автоматската линија за заварени носачи мошне ангажирано се работеше и на набавката и усвојувањето на технологијата на автоматската линија за профилирани лимови. Својата стручност и способност вработените во ФАКОМ ја потврдуваа со постојана искрена ангажираност и со заложба за навремено квалитетно завршување на производствените обврски.

31


Периодот од 1967 до 1972 година се карактериззира со изработка и монтажа на челични констру струкции и опрема за погоните на Рудници и железарница - „Скопје“, како и со изработка на: - железнички и патни мостови во Југославија, мост преку река Вардар кај село Драчево, железнички мост „Ринг-Исток“-Скопје, железнички мост на пругата Кичево-Рудник Тајмиште, патен мост кај село Калиманци; - челични конструкции за Tопилница за олово и цинк во Велес, Фабрика за акумулатори Пробиштип, Фабрика за стакло Панчево, Tрговски центар Скопје, дом на ЈНА Скопје, зградите на ЦК СКМ (сегашна зграда на Влада на РМ) Скопје, - производство и монтажа на силосни станици за потребите на „Жито Македонија“ во Скопје, Гостивар, Тетово и Кичево; - производство и монтажа на челична конструкција за челичарница во Либија; производство на челична конструкција за челичарница и магацински простор во Полска; - производство и монтажа на челична конструкција за изложбен павилјон во Белгија. Во периодот после 1972 година се извршија големи рационализаторски зафати применувајќи напредни технолошки постапки и применувајќи нови технологии. Беше воведена работа по економски единици. Таквата концепција на работење се покажа за исправна. Се почувствува голем подем, беа преземени и завршени голем број објекти: - единаесет железнички и патни мостови во ЧССР; - железнички мостови на пругата Белград-Бар; - покриен пливачки базен Скопје; - покривна кровна конструкција за стадионот „Маркана“-Белград; - изработка и монтажа на деловниот „Ареско“ центар во Либан; - изработка и монтажа на челична конструкција и опрема во рудникот за бакар „Бучим“-Радовиш;

32

- изработка на носечки конструкции за термоелектрана во Ирак; - изработка на 26 железнички мостови со распон од 64 м за Виетнам; - изработка и монтажа на комплетни силосни станици изработени од синусоидален поцинкуван лим во Лознани - Битола, Крупиште - Штип, „Уљарица“-Обреновац; - успешно беа завршени градбите на објектите и опремата во РЕК „Битола“, ТЕ „Плевље“-Црна Гора, „Фени“-Кавадарци, Рафинерија „Скопје“, „Охис“-Скопје, станицата за континуирано лиење на челик - железарница „Скопје“. Во периодот после 1972 година беше изработена и испорачана челична конструкција за два објекта за термоелектрана во Мец-Франција. За кратко време пристигна рекламација заради откриени пукнатини на автоматско заварените споеви. За поправка се бара голем износ на пари. Што да се прави? Одлучив лично, со претставник на извозникот од Белград да одиме директно во Мец-Франција. Со посетата се виде дека обемот на грешки не е голем за што инвеститорот за неквалитет сакаше да задржи 10% од вкупната договорена вредност. Навистина големи трошоци. Лично барам да ми се даде електрична брусилка. Облекувам работничко одело, ја земам брусилката и почнувам да брусам за да ги отстранам грешките. Работата со брусење се заврши за 2 часа. Заварувањето го изведе заварувач на инвеститорот за 1 час. Така, на задоволство на сите, проблемот беше успешно решен. Следува нов предизвик. Како да се влезе во енергетскиот сектор? Треба да отпочне градба на РЕК „Осломеј“-Кичево. „Електростопанство на Македонија“ само што немаше потпишано договор со друг изведувач. Тогашниот генерален директор на Електростопанство Џоџа Николовски на ФАКОМ му даде рок да достави понуда за два дена. Со деноноќно работење на сите служби на ФАКОМ понудата беше навреме доставе-


50 години во светот на челикот на. ФАКОМ е избран за главен изведувач. Голема среќа и радост се чувствуваше кај сите нас. Со авансното плаќање на договорените работи се набавија особено моќни мобилни дигалки. Така растеше и се развиваше ФАКОМ. Меѓународен проект: челична конструкција за 24 објекти за фабрика за целулоза во Камерун. Инвеститор „Фест Алпине“-Австрија. Прифатена е понудата на ФАКОМ. Инвеститорот бара гаранција за роковите и термините за испорака. Прифатено беше настојувањето на инвеститорот во договорот да стои обврска за плаќање на пенали од 4% за секој ден ненавремено испорачана конструкција. ФАКОМ ја прифати и таа клаузула. Почна изработката на челичната конструкција. Квалитативниот и квантитативниот прием го врши стручен надзор на „Фест Алпине“ во Скопје. Напредува изработката и испораката на челичната конструкција. Доаѓа критичниот ден. Надзорниот орган на „Фест Алпине“ испраќа факс дека ФАКОМ доцни 14 дена со испорака на одделни конструкции. Што да се прави? … Потребно е да се мобилизираат работниците. Завршува и втората смена за тој критичен ден... Замор. Секој од работниците сака што побрзо да се врати дома. Се организира заеднички состанок со сите од втората смена, за да се продолжи со работа и во трета смена. Донесен е заеднички заклучок: кога директорот е со нас остануваме и ние. Браво и само браво!!! Тоа гласно и со гордост го кажувам и денес. Како да се даде дополнителен импулс. Уште една мала тајна, за која верувам дека нема да биде погрешно разбрана; купив по едно шише тиквешка жолта и струмичка мастика. Само по една голтка и работниците како да се исполнија со неисцрпна енергија и моќ. Работата беше навреме завршена и конструкцијата испорачана согласно договорните обврски. Нема, нема плаќање на пенали! Следуваше признание за таквото ангажирање на ФАКОМ од „Фест Алпине“-Австрија.

Лично сметам дека не бев во прашање јас како директор, туку пред се едно исклучително чувство на заедништво на сите вработени и нивната идентификација со сè она што претставува ФАКОМ, чувство кое е еднакво силно изразено и денес и, како што ми се чини, го препознаваат само ФАКОМ-ците, без оглед дали се директори или обични работници. За реализација на проектот за фабриката за целулоза - Камерун и за сите други објекти не би бил правичен ако не ја истакнам стручната способност на Проектантското биро на ФАКОМ, кога за еден ден проектантите вршеа целосна и комплетна статичка пресметка на еден објект. За раководителот на проектантското биро Васо Василев претставниците на „Фест Алпине“ се чудеа на неговата стручна способност и секогаш велеа ова е „жив компјутер“. За мене не само споменатите, туку и сите вработени во ФАКОМ се заслужни за неговиот постојан развој и подем. Во ФАКОМ работев повеќе од 17 години. Заминав за професор на Машинскиот факултет на 1.11.1981 година. Моите врски со ФАКОМ никојпат не се прекинаа и јас сум постојано присутен тука, и професионално и приватно, а секое доаѓање во ФАКОМ го доживувам како празник, со радост. … Минуваа и минуваа децении растеж. ФАКОМ и понатаму грандиозно и гигантски продолжува да му дава белег на времето како стожерен субјект во металната и челичната индустрија во Република Македонија и пошироко во светот. ФАКОМ прославува 50 годишен јубилеј на постојан развој и подем. Тоа искрено ме радува. Се гордеам со успесите на ФАКОМ. Го споделувам времето и растежот на ФАКОМ како мое време и како мој растеж. Честитки за 50 годишниот јубилеј со желби за понатамошен просперитет и постојан раст и развој.

33


Сеќавања Проф. д-р Драги Данев Поранешен директор на погонот за Машинска обработка, одржување, ремонт и реконструкции до 1976 година

Чест и задоволство да бидеш Факомец Големите успеси и постигнувања што ги оствари Факом во изминатиот педесет годишен развој секако се резултат на посебното несебично ангажирање, на меѓусебната доверба, цврстата сплотеност и придонесот што го даваше секој факомец кон своето претпријатие. Ваквиот мој став произлегува од богатото лично искуство кое го стекнав работејќи во Факом и во железарницата во периодот од јануари 1966 до август 1976 година. Во тој период Факом веќе ја беше поминал фазата на трансформација од Режиско инвестициона група во Машинска работилница, а потоа и во Централни механички работилници. Поради визијата за развој на металната индустрија и поради потребата за пласман на производите од железарницата со повисоко ниво на преработка, Централните механички работилници од 01.01.1969 година се организираа во Фабрика за конструкции, опрема и монтажа ФАКОМ, а од 26.05.1970 година се основа како Инеженеринг - ФАКОМ која во својата фабрика ги имаше погоните за: - Машинска обработка, одржување, ремонт и реконструкции - Изработка на челични конструкции - Монтажа Таквата организациона целина на Факом функционираше до моментот на поцелосна реорганизација на Рудници и железарница Скопје, кога производниот погон за машинска обработка, одржување, ремонт и реконструкции влезе во составот на машинското одржување на

34

железарницата, а Факом во основа се здоби со физиономијата која ја има и денес. Наведените динамички организациони промени кои произлегуваа од потребите и од визиите за развој, од сите вработени бараа несебично и целосно ангажирање пред се поради предизвиците на новата проблематика која постојано се појавуваше пред Факомци. Во тој период одпочна производството во челичарницата и во сите валавнички погони. Се појавија првите сериозни потреби за капитално одржување на опремата како што се електро-редукционите печки во топилницата, конверторските постројки и електро печката во челичарницата, валавничките станови во преработувачките погони, крановите и др. Посебен проблем во тој период беше појавата на првите хаварии кои се јавуваа од процесот на работењето и од пожари, кога затечени од настанот, без доволно искуство, документација, резервни делови и опрема, постројките мораа да профункционираат „вчера“. Соочени со таквата проблематика, погонот на Факом за машинска обработка, одржување, ремонт и реконструкција постојано беше во мобилна состојба. Секоја задача погонот ја прифаќаше како предизвик и истата успешно, квалитетно и со високо ниво на стручност секогаш, во најкус можен рок ја извршуваше. Може да се нагласи дека секоја нова задача беше влез во непознатото што од вработените на Факом, како и од вработените на матичните погони, на конструктивното биро и набавната служба на железарницата бараше


50 години во светот на челикот

ФЕНИ-Кавадарци околу 1976

тимска соработка и координација и тој метод секојпат успешно функционираше. Во тој контекст, како впечатливо сеќавање може да се спомене првата хаварија на линеалите од валавничкиот стан во топла валавница. Случајот беше неочекуван, погонот застана, резервните делови за таквата постројка сеуште не беа испорачани, странските испорачатели за испорака на потребните делови и опрема нудеа неприфатливо долги рокови. Во тој момент Факом се мобилизираше го презеде предизвикот и со континуирано деноноќно работење на посебна група работници, проблемот се надмина само за неколку дена. Исто така, сакам да го напоменам случајот при ремонтот и реконструкцијата на вертикалниот валачки стан кога се оцени дека ќе настапи доцнење со роковите за пуштање на погонот во работа. Во истиот момент со целата група на работниците од втора смена од машинската работилница заминавме на самиот објект, продолживме со монтажата и работата беше успешно завршена следниот ден во 05 часот, така да погонот можеше да стартува со работа во 06 часот.

Вакви и слични примери може да се наведат повеќе кога целиот погон деноноќно останувал да ги извршува присутните задачи, поради што погонот на Факом за машинска обработка, одржување, ремонт и реконструкции во очите на железарницата, на поширокото опкружување и на странските експерти стекна углед за квалитетот на своето работење. Поради стекнатиот углед и поради високиот степен на техничка опременост со капитални машини за машинска обработка и со стручен кадар, погонот често беше ангажиран да разрешува определени проблеми за индустријата, при што поголем дел од капацитетите ги користеа:Цементарница Усије - Скопје, Цементарница Шар- Генерал Јанковиќ, Јастребац - Ниш, Карпош - Скопје, Иднина Кратово, Жито Македонија - Скопје, Комуна - Скопје, Пролетер - Скопје, Глажањ - Брана Липково и др. Навраќајќи ги сеќавањата за многуте успеси кои се остваруваа во една деловна и пријатна атмосфера, со висок степен на меѓусебна доверба и одговорност, мислам дека на секој вработен во Факом, му беше чест и задоволство што и самиот е факомец.

35


Сеќавања Ѓорѓи Савов, дипл.маш.инж. Генерален директор на ФАКОМ од 1982 до 1988 год.

ФАКОМ – убава македонска приказна ФАКОМ е убава, значајна и успешна македонска приказна. Колку некој подолго бил дел од таа приказна, толку има повеќе право да се гордее со својот живот. Особено, ако целиот свој работен век го поминал во ФАКОМ. А колку е пак подолг пензионерскиот стаж, толку повеќе се станува свесен за правото на тоа гордеење. Првиот „date“ со ФАКОМ ми беше во 1967 год кога, при пуштањето во погон на Челичарницата, кога со група студенти од Машинскиот факултет во Скопје, ги посетивме Конструктивната (К -1) и Машинската работилница. Во ФАКОМ дојдов на 01.02.1969 год. Два месеци ми требаа да сфатам дека Вардар Увоз – извоз не е вистински предизвик за млад инженер. Се сеќавам и на првиот работен ден, сабајлето во 05:45 часот. Патот од Автокоманда до Управната зграда на Железарницата беше како река од забрзани луѓе на чии лица пламените од погоните им даваа некој израз на победничка гордост. Буквално, тоа беше „пламено утро“. Малку подоцна, железарската кадровичка која ме упатуваше во погон, ме збуни со: „Ајде со среќа, па да станеш главен инженер“. Приправничкиот стаж, како и другите млади инженери, го поминав само во ФАКОМ. Веќе во тие години ФАКОМ беше ангажиран во изградбата на импозантни објекти како зградата на ЦК (денешната Влада на РМ), конструкција која изгледа како да има огромни конзоли, а всушност е обесена на моќни решеткасти носачи на покривот, потоа Трговскиот центар во Скопје, објект од околу

36

5000 тони заварени челични носачи и столбови и преку 60.000 м2 меѓукатни конструкции со профилирани лимови. Во ФАКОМ вриеше како во кошница. Брзо станав Раководител на техничка подготовка за конструктивните работилници. Сепак морав да направам пауза: служењето војска и престојот во Холандија ги направив по наговор на раководителите: „Сакаме да знаеме дека можеме да сметаме на тебе, оди во војска“, а за специјализацијата во Холандија за раководење со производството, каде што не сакав да одам затоа што се поклопуваше со изградбата на Трговскиот центар, ме убедија дека ако чекам период кога ќе нема објекти, можеби никојпат нема да одам. Значи, покрај големата динамика, во ФАКОМ се мислеше и на кадровите. Секако дека развојот на ФАКОМ и развојот на неговите кадрови во голем дел се должи на Железарницата. А принципите за работа и задачите што ни се поставуваа, како и ентузијазмот што владееше во Железарницата беа предуслови коишто ФАКОМ ги прифати и максимално ги искористи. Практично, со изградбата на Железарницата, се градеше и ФАКОМ, и технолошки и организационо. Затоа и беше можно за релативно кусо време да се стигне и до позицијата Генерален директор. Така, во 1973 станав Главен инженер за техничка подготовка, во 1976 – директор на ООЗТ ФАКОМ Производство, а во 1982 станав Генерален директор. Тоа е времето кога бевме 1700 луѓе, кога се заработуваше и плата и норма и прекувремени саати и кога јас бев на 150


50 години во светот на челикот

Потпишување самоуправна спогодба ФАКОМ- Бетон 1983 година

и некое место по височината на вкупните примања. Тоа е и времето кога многу често се радувавме на завршените објекти, но и времето на големи самоуправни и пазарни тешкотии. Но, меѓу потешките денови во ФАКОМ беа прославите на Новите години во погоните на Производство. Тогаш директорот на ФАКОМ мораше, наздравувајќи од бригада до бригада, да ги проба сите вина и ракии од скопското Црногорие. Кој издржа, сега може да прикажува за тоа. Во технолошки смисол објектите се разработуваа по теркот земен од Ѓуро Ѓаковиќ од Славонски Брод. Се правеа посебни листи за материјал за браварски и за заварувачки работи. Секоја листа беше со норма и се чукаше на машина.

Во тоа време, а дефинитивно и подоцна ФАКОМ практично немаше ефективен Сектор за развој. Цело време развојот го подразбиравме како нормално напредување на знаењето, вештините, искуството, дека ние можеме да направиме сè, но треба само да се чека прилика тоа некој да го нарача и, се разбира, да го плати. Но, стандардни производи за непознат купувач и долгорочна стратегија за таков развој немало во производството на ФАКОМ. Добро се инвестираше во технологијата на заварување, сите инженери ги поминаа највисоките специјализации по заварување во Југославија. Во заварувањето совладавме се што требаше да се знае.

37


Мостот Лисиче преку Вардар околу 1973

38

луваат на привилегирани и несоодветни произведувачи. Не сакам ни да се потсетувам на тимовите од МЗ „Тито“ – Скопје кои узурпираа по повеќе основи.

Се формираа тимови за заварување и на котловски екрани од термоцентралите, се воведе МАГ техника за заварување. Тоа беше времето кога учеството на домашните производители и во најкомплицираните објекти во државата беше легална обврска на инвеститорите. Сметам дека тоа беше многу правилна политика, затоа што ние, домашните производители можевме да учиме, понекогаш и да грешиме, но и да се оспособиме за најкомплексни зафати во одржувањето, реконструкциите и ремонтите на највиталните индустриски и енергетски капацитети во државата. Гледајќи наназад на тој период, дури сметам дека, денешното одржување на овие капацитети во оперативна функција, без таквото оспособување би било практично невозможно.

Но, интересни моменти од развојот на ФАКОМ беа преземањето на 150 вработени од пропаднатиот „Коце Металец“, како и неуспешниот обид да го припоиме и „Благој Давков“. Значи, тоа беше време кога ФАКОМ беше шанса за развој на металопреработувачката индустрија во Македонија. Постојано бевме присутни на странските пазари, имавме најкомпетентен стручен кадар на сите нивоа и навистина бевме конкурентни на сите пазари како инженеринг фирма по системот клуч на рака.

За жал развојот на ФАКОМ не успеа во стандардното производство на контејнерите за живеење, во надградбата на возила, во стандардната рударска опрема. А се чини дека не можеше ни да се успее. И во Југославија и во Македонија и развојот и пазарот тогаш почнаа често да се доде-

Голема опструкција на развојот на ФАКОМ ни направија ГП „Пелагонија“ – Скопје и СДПРБеоград кога ни ја одземаа номинацијата за ирачкиот проект. Тоа беше дефинитивно најтешкиот момент во мојот работен век, кога големата неправда едвај ја преживеавме.


50 години во светот на челикот Во ФАКОМ, трошењето пари, па и за инвестиции, секогаш било рационално и домаќински. Затоа и инвестирањето во развојот повеќе може да се оцени како недоволно отколку како големо или со промашувања. Така, првобитната опрема што ФАКОМ ја имаше, била купена на старо. А првата нова опрема треба да е линијата за заварени носачи (погонот К-3), и тоа само опремата, а целокупниот „челик“ сами си го изработивме. Оваа станица толку ја совладавме што малку требаше исто таква да произведеме и да извеземе во Северна Кореја. Не се погодивме за цената, а не реагиравме ни на апелот на нивниот Амбасадор да имаме разбирање за нивната положба на развој на комунизмот. Од сегашен аспект, се чини дека згрешивме. И како референца, но и како понатамошен развој на производот: Cordioli од Италија денес заварува цели блокови од мостовски конструкции на слични автоматски линии. При крајот на 70-те години се реализираше и инвестиционата програма на Монтажа. Одлични автодигалки, апарати за заварување, потребен алат и сè тоа придонесе успешно да се реализираат ТЕЦ Осломеј, боковите 1, 2 и 3 на РЕК Битола. Но, главниот развоен момент на ФАКОМ беше новата производствена хала која се реализираше на почетокот на 80-те години. Нејзината изградба фактички беше и потреба, не само развој. Ги направивме проектите, ги дефиниравме технолошките линии, финансиската конструкција се обезбеди, а сепак се мислевме дали да започнеме со реализација. Затоа што тоа беше време кога беше извесно дека поранешна Југославија влегува во нерешливи задолжувања во странство, што значеше дека претстои период на смалени инвестиции. Овие дилеми не само што го одлагаа почетокот, туку не беше далеку и идејата новата фабрика и воопшто да не се гради. И, одеднаш, гром од ведро небо: Искра од Куманово, нашата конкуренција за

која сметавме дека ни се плетка околу нозете, ги добила банкарските гаранции и кредити за својата нова фабрика за челични конструкции. Дополнително, и Металец од Прилеп доби кредити за својата нова фабрика. Се уште мислам дека во Републиката тогаш немаше ниту здраво размислување, ниту одговорно однесување за тоа што сè може да предизвика таквото дуплирање на капацитетите на металопреработувачката индустрија. И јасно, моравме да го прифатиме овој предизвик и да ја изградиме новата фабрика за челични конструкции и опрема за да го задржиме приматот во регионот. Излегува дека и најголемиот развоен проект на ФАКОМ практично го направивме од инает. И како и што знаевме, периодот после пуштањето на новата фабрика претставуваше почеток на растурањето не само на Југословенскиот пазар, ами и на пазарите каде што ФАКОМ беше присутен: Ирак, Либија, СССР, Средниот Исток. Нејзиното одржување во статус на исплатлива функционалност до периодот на приватизацијата, навистина е дело за респект на раководството на ФАКОМ од тој период. Уште повеќе, што успеа да опстои покрај сите тешкотии и предизвици и да го сочува најголемото богатство – супстанцијата неопходна за денешното повторно раѓање: своите врвни инженери, работоводители, бравари, заварувачи и монтажери. И за крај, имам три главни пораки за овој Јубилеј - ФАКОМ 50 години: За да се биде генерален директор на ФАКОМ, покрај високите интелектуални квалитети, широчина при разрешување на проблемите, мора да се има јако срце, голема храброст и голема физичка кондиција; ФАКОМ мора повторно да ја стекне способноста за самостоен настап во странство; Нека ни е честит Јубилејот. Пожелувам ФАКОМ-ците што ќе ја прославуваат 100-годишнината од основањето да бидат толку горди колку што сме и ние денес.

39


Сеќавања Проф. д-р Тихомир Николовски Советник за развој во ФАКОМ АД

ФАКОМ и патриотизмот: како јас ги видов На 13 јули 1993 год, наутро околу 4 часот, во РЕК Битола се случи тешка хаварија. Косиот транспортен мост кој ги храни со јаглен Блок 1 и Блок 2 од Термоелектраната се сруши, според очевидците, за помалку од половина час откога во неговата внатрешност изби силен пожар. Дури и на лаиците им беше јасно што значи ако два блока на РЕК Битола се вон погон: нејзините три блока обезбедуваат близу 70% од потребите на Републиката за електрична енергија. Дали се сеќавате на тој период? Млада независна држава, непризната, Бадинтер, влез во Обединетите Нации, војна во Југославија, нема инвестиции, нема суровини, четирицифрена инфлација, полека се гасат печките во Железарницата, индустријата пред колапс, невработеност, девизни резерви нула, некои се предавници и „југо-носталгичари“, а некои „патриоти“ што ќе одат на Солун, ама повеќето само на митинзи. Но најважно за косиот мост – нема челик. Дали од ова би можеле да согледате какви последици можеше да донесе оваа хаварија? Со колегите од Катедрата за челични конструкции на Градежниот факултет тргнавме за Битола веднаш штом ја чувме веста на радио. Стигнавме во РЕК и - останавме. Мојот прв впечаток беше дека таму владее вистински хаос. Конструкцијата тешка околу 550 тони, со околу 250 метри должина, која од претоварните ленти се искачува до бункерите за јаг-

40

лен на 60 метри височина, беше еден голем куп железо. Мојот втор впечаток кој, дефинитивно, остана до крај беше дека во таа брканица од луѓе, крш, опрема, викање и по некој тежок збор владее некој своевиден, денеска би рекол, совршен ред. ФАКОМ веќе беше таму, ИСКРА на пат, почнаа да пристигнуваат тешките дигалки на ФАКОМ. Не повикаа од РЕК, а на сите присутни раководителот на РЕК кусо ни „соопшти“: Работата мора да се заврши за 20 дена, три дена за расчистување на кршот и за препроектирање – одете и гледајте што не чини на оваа што падна и коригирајте, имате по десет дена, со преклоп, за изработка и монтажа и комплетно завршување со сите инсталации внатре и транспортните ленти. Технички прием закажувам на 2 август.“ А шефот на Монтажа од ФАКОМ му одговара: „Може, ако дишеме како еден.“ А по две-три минути, веќе се скара со РЕК-овци. Си помислив: „Па овие се нетокму, за да се изработи и монтира мост од 550 тони потребни се најмалку 2-3 месеци. Па уште бараат препроектирање. Ај што се нетокму, туку се и многу сериозни.“ Не реков ништо, ама во ова второво се уверив, максимално. По состанокот, ми пријде раководителот од РЕК и ми вели: „Вие од Факултетот ќе бидете задолжени за надзор овде и за преглед и прием во Скопје и Куманово. Дали знаеш колку и како треба да работите?“. „24 часа дневно“ – му одговорив, „да не пречиме и да не кочиме – поточ-


50 години во светот на челикот

Обнова на кос мост, РЕК Битола, 1993 година

но, да толерираме сè што во поглед на крајната носивост и стабилност може да се толерира.“ Ми приоѓа асистентот: „Што ти рече?“. „Па, приближно тоа дека сите овде се мобилизирани, бетер од војска“ – му одговорив. Утредента се најдовме во бараките на ФАКОМ. Таму веќе беа сите од ФАКОМ Проектантско и Производство и уште некои колеги од ИСКРА. Многу бргу се договоривме како да се коригираат лошите дисконтинуитети на конструкцијата над потпорите (кои, според мене, имаа најголемо дополнително влијание на хаваријата), подовите од бетонски монтажни плочи да ги заменивме со ребрест лим, а фасадната покривка

да ја поставиме од внатрешната страна за да се зголеми отпорноста на пожар. Но најважно, да има што помалку сегменти: со максимални должини зависно од носивоста на полуприколките и со комплетен попречен пресек со широчина од 6 метри и височина од околу 3,5 метри. „Нема да поминат под надвозниците, ни требаат нископрофилни полуприколки“ – се јавува еден колега од Искра. „Имаат во Белград“ – додава друг од ФАКОМ. На крајот, Комерцијала извади два листа: „Ова се лагер – листи од ФАКОМ и ИСКРА, тоа е целокупниот челичен материјал со кој располагаме и од него треба да се изработи мостот“.

41


По два дена, ми се јавува колегата од Скопје: „Пр ектот готов, ревизијата на проектот заврше„Про на сегментите се работат во три смени, за 3 дена на, најмногу чекајте ги во РЕК“. Не ми се веруваше.

стот, кој јас не го бев видел само еден ден и две ноќи и го оставив недовршен, го најдовме обоен, исчистен, со монтирани фасади и покрив, со монтирани транспортни ленти и, со осветлување.

На 19 јули околу пладне, само 6 дена по хаваријата пред главната капија на РЕК се појавија два огромни влекачи со милициска придружба. Ракоплескање, еуфорија, извици, по некоја солза. Можеме – како што рече шефот на монтажа од ФАКОМ, ако дишеме како еден. Сите македонски челичари на едно место. Така започна обновата на косиот мост. Со 24 часовна работа, со дишење како еден, со многу ентузијазам и пожртвуваност. Така и заврши но, останаа многу спомени:

Но, најсилен ми е споменот на еден врвен заварувач од ФАКОМ, мустаклија, мажиште. После 18 часови непрекидна работа, со потечени очи, седна малку да се одмори потпрен на една дијагонала на мостот и задрема. Беше околу полноќ и јас дојдов до него да го покријам со едно ќебенце. Се разбуди, скокна налутено и по малку засрамено како да сум го фатил во некаков престап ми се развика: „Бегај бе, професоре. Мора да се работи. „НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА СТРУЈА.“

Кога ФАКОМ-ци го подигнуваа шестото поле на мостот со три дигалки и недостигаа уште 20 сантиметри, па во воздух го презакачија на две витла за да го постават врз столбовите; Кога, откога се монтираше последното, петто поле на мостот, ноќта околу 4 часот наутро, со силна експлозија, се раскинаа заварите на профилите со кои конструкцијата на шестото поле се придржуваше за јаките столбови на бункерите, едноставно затоа што не му дозволивме да дилатира; Кога полицаец, на пат кон Скопје, ме запре пред Прилеп за брзо возење и, кога му кажав дека се враќам од РЕК и ме виде целиот маслосан во работнички алишта, само ми рече: „Браво за тоа што го работите таму. Ми изгледаш многу уморен, да не сакаш да те префрлиме со наше возило до Скопје“; Кога мојот професор дојде во РЕК сабајлето на 2 август со Комисијата за технички прием и ми рече: „Знаеш, ние разговаравме по пат. Ја разбираме ситуацијата и се договоривме, дури и ако има некои поситни пропусти и недовршени работи, сепак да го примиме“. А кога отидовме на мо-

42

Обичен работник и голем човек. ФАКОМ-ец. Како многу други во ФАКОМ. Како и шефот на монтажа од ФАКОМ кој до денеска ми остана голем пријател и никогаш не можам да му се налутам, иако понекојпат греши. Сите тие се причини зошто го засакав ФАКОМ. И една од битните причини зошто сега работам во ФАКОМ, како морален и професионален предизвик да се биде со тие луѓе, со големо Л и велемајстори за челик. Да се биде ФАКОМ-ец. И затоа што од нив научив кој е ФАКОМ и што, всушност, претставува вистинскиот патриотизам. Да се дише како еден, кога е најтешко. Кажувајќи ви го ова не споменав ниедно име. Според мене, така е најправедно. Никого не сакав, не би ни смеел, посебно да издвојувам ако има макар и најмала можност некого ненамерно да заборавам. Не само од ФАКОМ, туку и од РЕК, и од ИСКРА, и од сите други што учествуваа во оваа приказна со трагичен почеток и херојски завршеток. Сепак, не можам поинаку. Ова сеќавање им го посветувам на оној мустаклијата, на Гоце од ФАКОМ и на Панде од РЕК. Честитки за Јубилејот 50 години ФАКОМ. Со благодарност до сите од ФАКОМ и гордост што сум еден од нив.


50 години во светот на челикот

РАКОВОДИТЕЛИ НА ФАКОМ ОД 1960 – 2010 год. 1960 – 1962 Воислав ЃОРГИЕВСКИ Управник на Електро – машинска работилница во Електро – машинскиот училишен центар на Рудници и железарница „Скопје“. 1962 – 1969 Петар ТРЕНЧЕВСКИ Раководител на РИГ – Режиско – инвестициона група Помошник на Генералниот директор за металопреработувачка дејност на Рудници и Железарница „Скопје“. 1969 – 1972 Томислав БУНДАЛЕВСКИ Директор на Инженеринг – ФАКОМ 1972 – 1976 Анастас КУРТЕВСКИ, Директор на Инженеринг – ФАКОМ 1976 – 1981 Гаврило ГАВРИЛОСКИ Директор на Инженеринг – ФАКОМ 1982 – 1988 Ѓорѓи САВОВ Директор на РО ФАКОМ 1988 – 1991 Бранко ИВАНОВ Генерален директор на РО ФАКОМ 1991 – 2005 Киро ТРАЈКОВСКИ Генерален директор на АД ФАКОМ 2005 – 2007 Владимир МИХАЈЛОВ Генерален директор на АД ФАКОМ 2008 – 23.02.2010 Зоран СТОЈАНОВСКИ Генерален директор на ФАКОМ АД од 24.02.2010 Златко СИМОНОВСКИ Генерален директор на ФАКОМ АД Претседател на Управен одбор на ФАКОМ АД

43


Железара Полуконти

ВРАБОТЕНИ СО НАЈДОЛГ НЕПРЕКИНАТ РАБОТЕН СТАЖ И ПРВО И ЕДИНСТВЕНО ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФАКОМ МБ. Име и Презиме

44

Вработување во ФАКОМ од

до

1 3881

Стојан СТОЈАНОВСКИ

01.09.1962

31.05.2005

2 3636

Милан ТРАЈКОВСКИ

25.03.1961

31.07.2003

3 3668

Димитар ХАРБОВ

25.03.1961

30.06.2003

4 3592

Цветан БОЖИНОВСКИ

09.02.1963

31.08.2004

5 3093

Илија ИЛИЕВСКИ

07.08.1962

30.04.2004

6 3716

Петар БАЛОСКИ

22.09.1964

31.12.2004

7 3782

Борис НАСТЕВСКИ

23.04.1965

15.08.2005

8 3479

Вехбија МУРИЌ

01.07.1963

28.02.2005

9 3709

Киро ТРАЈКОВСКИ

01.05.1964

31.05.2005

10 5593

Томислав ДАВЧЕВСКИ

16.02.1965

30.09.2006

Вкупен стаж во ФАКОМ

Посл. раб. место во ФАКОМ

Сегашен статус

42 год 9 мес

Техн. раков. на градил. I РЕ Монтажа

пензионер

ВК Монтер РЕ Монтажа

пензионер

ВК Бравар РЕ Производство

пензионер

Технолог-бравар РЕ Производство

пензионер

Раководител на одржување РЕ Производство

пензионер

ВК Возач ВК ФАКОМ АД

пензионер

42 год 4 мес 6 дена 42 год 3 мес 5 дена 41год 6 мес 22 дена 41 год 8 мес 23 дена 40 год 3 мес 9 дена 40 год 3 мес 22 дена 41 год 7 мес 27 дена 41 год 1 мес 41 год 7 мес 14 дена

Чувар - ракувач на пропан-бутан РЕ пензионер Производство ВК Заварувач РЕ Производство

пензионер

Ген. директор ФАКОМ АД

пензионер

ВК Заварувач РЕ Производство

пензионер


50 години во светот на челикот

11 6980

Димитар ПАВЛОВСКИ

15.02.1965

31.07.2006

41 год 5 мес 16 дена

Раководител на градилиште II РЕ Монтажа

пензионер

12 8529

Страшко СТОЈАНОВСКИ

19.09.1966

31.12.2006

40 год 3 мес 12 дена

Раководител на градилиште II РЕ Монтажа

пензионер

13 6823

Борис ЕФРЕМОВ

17.09.1966

31.12.2009

43 год 3 мес 14 дена

Технолог по заварување I РЕ Монтажа

пензионер

14* 6344

Ордан ПАНЕВСКИ

19.09.1966

42 год 5 мес 9 дена

Раководител I во К-III РЕ Производство

во работен однос

15* 6421

Славчо ИЛИЕВСКИ

17.09.1966

42 год 6 мес 11 дена

Одгов. технолог нормирец РЕ Монтажа

во работен однос

16* 7237

Драгица ГЕОРГИЕВА

16.07.1970

40 год 2 мес 11 дена

Раководител за работни односи РЕ Логистика

во работен однос

17* 6575

Димче БЛАЖЕВСКИ

17.09.1966

40 год 9 мес 2 дена

Сменски раков. I во K-II РЕ Производство

во работен однос

18* 7160

Воислав СВАЌАРОСКИ

22.06.1970

40 год 1 мес 29 дена

во работен однос

19* 7308

Милан ЃИНОСКИ

01.08.1970

40 год 10 дена

Раководител I во K-IV РЕ Производство Раководител на маш. одржување РЕ Производство

во работен однос

20* 9019

Ристо ПЕТРОВСКИ

31.01.1969

40 год 1 мес 12 дена

ВК Заварувач РЕ Производство

во работен однос

21* 8436

Петре КРСТЕВСКИ

01.07.1970

40 год 2 мес 25 дена

* Заклучно со 26.09.2010 год

КВ Монтер – III РЕ во работен н Монтажа однос

45


Стаклара Панчево, 1973 година

Ротациона печка Цементарница УСЈЕ 2004 година

46


50 години во светот на челикот

Резервоари за нафта, рафинерија Миладиновци 1978

ФАКОМ Проектантско 1980 година Трговски центар Скопје

47


РЕКОА ЗА ФАКОМ Академик проф.д-р Петар СЕРАФИМОВ (1970 год – по повод 10-годишнината од формирањето) Со изградбата на Скопската железарница се создадоа можности нашите стручњаци да научат многу повеќе за примената на челикот. Овој факт беше поттик за формирање на погон кој ќе се занимава со одржување на челичните конструкции. Меѓутоа, уште од почетокот се согледа дека овој погон може да биде и производител на челични конструкции и опрема. Во текот на десетгодишното работење ФАКОМ постигна мошне значајни резултати, но тие во иднина можат да бидат уште повидливи и поголеми. Блажо РИСТОМАНОВ Генерален директор на ГП Бетон – Скопје (1970 год – по повод 10-годишнината од формирањето) Постоењето на ФАКОМ на подрачјето на нашата Република во голема мерка им ги олесни работите на нашите градежни претпријатија. Бетон одржува чести контакти со ФАКОМ и заеднички изградивме повеќе градежни објекти. Мошне сме задоволни од заедничките зафати и акции, па поради тоа и во иднина очекуваме уште понепосредна и покорисна соработка. Киро ПЕНДОВСКИ Главен инженер во ГП Маврово – Скопје (1970 год – по повод 10-годишнината од формирањето) ФАКОМ во рамките на СРМ значи многу. Во ФАКОМ најдовме вистински партнер. ФАКОМ е силен, обезбеден со солиден кадар, со јасни концепции за идниот развој. Иднината е на

48

челикот и заради тоа сметам дека ФАКОМ треба да мисли на нови, поголеми капацитети за да челикот вистински го најде своето место во градежништвото и во другите дејности во нашето секојдневно работење. Нанче ИЛИЕВСКИ Помошник на генералниот директор на Рудници и железарница Скопје(1970 год – по повод 10-годишнината од формирањето) Концепцијата да имаме своја работилница се покажа оправдана. Од некогашната мала училишна работилница, низ градбата на Железарницата израсна денешниот ФАКОМ – голема работна организација која денеска со успех може да изврши уште покрупни задачи. Во изминативе десет години ФАКОМ направи многу. Во Железарницата изгради мошне крупни објекти и вгради во неа илјадници тони и друга опрема. Денеска сите ние чувствуваме сигурност кога работите ќе минат во рацете на ФАКОМ. Таа сигурност ја чувствуваат и сите луѓе кои кои работеле со ФАКОМ. Јиржи ГАШЧУК – Полска Шеф на градилиштето на Фабриката за стакло во Панчево (1973 год – по повод завршувањето на објектот) ФАКОМ работи многу квалитетно. Тоа не е само мое мислење. И понатаму ќе работиме со вашиот ФАКОМ и со луѓето што работат во него. Проф. Борис КОЉОЗОВ Раководител на катедрата за челични конструкции на Градежниот факултет во Скопје (1993 год – при техничкиот прием на обновениот кос мост во РЕК Битола Ова е вистински херојски чин на сите оние кои учествувале во ова грандиозно дело: за 19 дена да се произведе и монтира челична конструкција од 550 тони и да се вгради целокупната опрема. Немам никакви забелешки на квалитетот. Можам да кажам само БРАВО.


50 години во светот на челикот Проф. д-р Петар ЦВЕТАНОВСКИ Декан на Градежниот факултет во Скопје (2010 год – по повод 50-годишнината од формирањето) ФАКОМ денес е лидер во областа на металопреработувачката индустрија кај нас и една од водечките компании во регионот на Југоисточна Европа. Во доменот на проектирањето, изработката и монтажата на носечки челични конструкции ФАКОМ е единствената фирма кај нас која успеа да ги надмине транзиционите потреси, да го одржи квалитетот и да обезбеди материјална и кадровска база за развој и имлементација на современите технологии. Покрај богатата традиција и искуство, еден од клучните фактори за успехот на ФАКОМ е менаџерскиот тим кој умееше да ги препознае развојните трендови и имаше визија да инвестира во вистинските вредности. Во изминатите, скоро три децении, имав прилика да соработувам со ФАКОМ на реализација на низа проекти, голем дел од нив од капитално значење. Со задоволство можам да кажам дека ФАКОМ секогаш беше на висина на задачата, покажувајќи висок професионализам, квалитет и инвентивност. Беше задоволство и секогаш ќе биде задоволство да се работи и соработува со ФАКОМ. М-р Зоран ГАПИЌ, дипл. град. инж. Директор на Freyssinet Balkans (2010 год – по повод 50-годишнината од формирањето) Фресине и ФАКОМ соработуваат веќе 10 години на пазарите во регионот и светот (Алжир, Франција и други земји). ФАКОМ покажа извонреден квалитет, стриктно почитување на роковите и високо техничко ниво во сите заеднички проекти. На мостот преку Сава кај Сремска Рача кој што претставува најголем предизвик за секој конструктор – градител на мостови, ФАКОМ уште еднаш ги покажа и докажа своите врвни квалитети. 50-те години на ФАКОМ значат и години на перманентно вложување во развој, нови технологии и кадрови, а тоа за Фресине значи и задоволство од идната соработка

на регионалниот пазар и пошироко, на проекти со врвен технички предизвик во Канада, Финска, Турција и други земји. Му посакуваме на ФАКОМ да продолжи и да го надгради патот на регионален лидер во индустријата за челични конструкции. Трајко ТРПЕВСКИ, дипл. град. инж. Генерален директор на БЕТОН АД – Скопје (2010 год, по повод 50 години од формирањето) ФАКОМ го запознав од самиот почеток на моето професионално ангажирање во БЕТОН. За ФАКОМ секојпат се зборуваше како за компанија со која не поврзува и професионално и лично пријателство и со која заеднички сме настапувале и оствариле редица големи професионални предизвици, како во земјата така и во странство. Горди сме на нашите заеднички успеси кои се, пред се, резултат на меѓусебната доверба, извонредниот квалитет и посветеност. Многу објекти, меѓу кои браната Злетовица, Националната арена Филип II и надградбата на Собранието на РМ, во овој момент претставуваат дополнителен импулс за нашата идна соработка. Искрени честитки за јубилејот. Александар ПАНОВ, дипл. инж. техн. Генерален директор на МАКСТИЛ АД – Скопје (2010 год, по повод 50 години од формирањето) Петдеценоско опстојување исполнето со постојан деловен подем, држење чекор со времето и со техничко технолошките императиви на современиот економски развој, се редок пример на овие простори. Факом тоа го прави во континуитет, успешно прилагодувајќи се на драматичните промени на историскиот премин кон новиот милениум и одржувајќи постојано растечки тренд на регионалниот и поширокиот глобален пазар. Сепак најважно од се е што во целиов овој изминат период Факом дава огромен придонес во повисока валоризација на македонскиот челик, што претставува и длабок економски национален интерес.

49


50


Одбор за прослава на јубилејот 50 години ФАКОМ: Зоран Стојановски, Мартин Велковски, Ангел Стојанов, Марјан Делевски и Тихомир Николовски. Во прибирањето на податоците и подготвувањето на Прилогот „ФАКОМ – 50 години во светот на челикот“ учествуваа: Зоран Стојановски, Мартин Велковски, Ангел Стојанов, Милорад Петровски, Драгица Георгиева, Слободан Георгиев, Коста Кочков, Зоран Делев и Тихомир Николовски.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.