Studii na moden dizajn

Page 7

ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски) Години на студирање: 3 (6 семестри) Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180 Звање што се стекнува: Дипломиран/а моден/на дизајнер/ка на стручната студиска програма за моден дизајн

Изучувањето на модниот дизајн на додипломско ниво на идните дизајнери им овозможува да стекнат темелни технички, естетско и проектантски знаења и вештини, кои се применливи во секоја модна категорија, за секоја целна група и за секаков специфичен пазар. Преку практичната подготовка во рамките на студирањето, студентите ќе усвојуваат знаења за сите аспекти на модното дизајнирање: на теориско ниво, за историјата на костимите, теоријата на боите и за модната илустрацијата, но и практични знаења за ткаенините, шиењето и конструкцијата на шаблони, дизајнирањето со помош на компјутерски алатки, дизајн на различни типови облека и додатоци и за нивната презентација. Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање ДИПЛОМИРАН/А МОДЕН/НА ДИЗАЈНЕР/КА НА СТРУЧНАТА

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН. Стекнатите знаења овозможуваат кариерата и вработување во области во кои се бара теориско или практично познавање на модата и модниот дизајн, па завршените студенти можат да работат како костимографи, стилисти, дизајнери, модни критичари и новинари во модни списанија. Студиите на моден дизајн се организираат за група од 15 студенти.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.