Page 1

Образование без униформа

Студии на

моден дизајн Универзитет „Евро-Балкан“ Академска година 2012/2013


Содржина на документот

Универзитет „Евро-Балкан“ Структура и студиски програми Студии од прв циклус (додипломски студии) Студии од втор циклус (последипломски студии) Студирање на Универзитетот „Евро-Балкан“ 

Мрежи и размена

Учество во активностите на Универзитетот

Ресурси

Поволности за нашите студенти

Висока стручна школа за моден дизајн Запишување Студиска програма Наставен кадар Контакти

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


УНИВЕРЗИТЕТ „ЕВРО-БАЛКАН“

Универзитетот „Евро-Балкан“ природно израсна од децениските образовни и истражувачки искуства на Институтот „Евро-Балкан“ и, како производ на долгогодишниот сериозен научен и истражувачки ангажман на вработените, во најчиста форма го отсликува критичкиот дух и залагањето за академски квалитет кои отсекогаш биле водечките идеи на Институтот. Охридскиот летен универзитет, првата меѓународна академска институција која веќе 15 години во Македонија ги носи најквалитетните академски содржини од светот, како и бројните алтернативни и неформални образовни програми, го умрежија „Евро-Балкан“ со водечките образовни институции во светот и ги обликуваа студиските програми на Универзитетот. Во својата дејност „Евро-Балкан“ промовира интердисциплинарен пристап во изучувањето и истражувањето на сложените проблеми со кои се соочуваат Македонија и регионот на Југоисточна Европа. Како наставно-научна целина, во структурата Универзите тот обединува наставна и истражувачка единица. Институто т „Евро-Балкан“ е практичната, апликативна страна на Универзитето т, преку која се реализираат истражувачки проекти и во рамките на која студентите имаат можност и самите да ги применуваат стекнатите знаења и вештини. Универзитетот „Евро-Балкан“ е насочен кон развој на најсовремените научно-истражувачки програми и на интердисциплинарното учење во општествените и хуманистичките науки, особено во областите кои пионерски ги воведе во Македонија и кои се отсликуваат во структурата на неговите студиски програми: родовите студии, културните студии на Балканот, византолошките студии, антрополошките студии и политичките студии на Југоисточна Европа. Наставнио т кадар на Универзитетот го сочинуваат етаблирани научници, стручњаци во своите области, кои со својата работа поставиле високи академските стандарди, но и млад научнонаставен кадар, составен од доктори на науки и докторанди, чија мисија е доследно спроведување на стандардите за академски квалитет и критичко мислење. Целта која пред себе си ја постави Универзитетот „Евро-Балкан“ е да придонесува за преобразба на националната и регионалната научна и образовна реалност преку нејзино доближување кон европските стандарди. -

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


СТРУКТУРА И СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

А. Студии од прв циклус (тригодишни додипломски студии)

Факултет за студии на Југоисточна Европа, Студии на Југоисточна Европа Факултет за студии на културата, Студии на културата Факултет за социјална антропологија, Студии на социјалната антропологија Висока стручна школа за моден дизајн, Стручни студии за моден дизајн

Б. Студии од втор циклус (едногодишни и двегодишни последипломски студии, организирани на

Институтот за општествени и хуманистички истражувања

Родови студии (филозофија и род, социологија и род) Студии на Југоисточна Европа Византолошки студии Студии на културата

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


СТУДИРАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ На Универзите тот „Евро-Балкан“ студентите ги третираме како личности. Ја стимулираме креативноста, независноста и оригиналноста, поттикнуваме критичко мислење и размена на мислења. Притоа, наставниот кадар им е постојано на располагање на студентите, а малите групи и форматот на наставата овозможуваат директен и непосреден контакт и индивидуална работа според потребите и интересите на студентите. Мрежи и размена Студентите можат да ги користат широките меѓународни контакти на на Универзитето т „ЕвроБалкан“, да учествуваат во активностите на партнерските институции или дел од студирањето да го поминат на некој од европските универзитети. Универзитетот „Евро-Балкан“ има воспоставено општа соработка со следните универзитети: • • • •

Нов бугарски универзитет, Софија, Бугарија Универзитет Константин Преславски, Шумен, Бугарија Филозофски факултет на Универзитетот во Марибор, Словенија, Факултет за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум, Белград, Србија

Преку мрежата на Еразмус, студентите можат да поминат дел од студиите на некој од следните факултети со кои Универзитетот „Евро-Балкан“ има воспоставено билатерална соработка • • • • •

Факултет за хуманистички студии, Универзите т Приморска, Копер, Словенија Нов бугарски Универзитет, Софија, Бугарија Институт за етнологија и фолклористички студии со етнографски музеј, Бугарска академија на науки, Софија, Бугарија Филозофски факултет, Универзитет во Љубљана, Словенија Факултет за општествени науки, Универзитет во Љубљана, Словенија

Преку мрежата на CEEPUS, студентите можат да аплицираат за кратки студиски престои на универзитети во земјите кои се членки на мрежата. Во текот на студирањето, студентите постојано ќе бидат известувани за ваквите можности. Учество во активностите на Универзитетот На Универзите тот „Евро-Балкан“ постојано нешто се случува: се организираат академски (летни школи, зимски колоквиуми, семинари, научни конференции, дебати и тркалезни маси) и истражувачки проекти, се организираат промоции, проекции, изложби. Студентите на Универзитетот, преку посебните привилегии за учество во активностите кои ги организира Универзитетот, можат да ја дополнат својата студиска програма со воннаставни активности и на тој начин да освојат дел од кредитите неопходни за комплетирање на студиската програма. Студентите можат и сами да осмислуваат активности кои Универзитетот организациски ќе ги поддржи. Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


Преку својата издавачка програма, Универзитетот на студентите им нуди можност да ги објавуваат своите трудови. Ресурси Универзитетот „Евро-Балкан“ ја обезбедува задолжителната литература во облик на читанки за секој од поединечните курсеви застапени во наставната програма. Студентите имаат на располагање богата библиотека (повеќе од 4500 книги, списанија, монографии, енциклопедии, речници) која се обновува двапати годишно. Станува збор за најголем фонд странска научна литература од областа на студиските програми што ги нуди Универзитетот. Библиотеката е опремена со компјутери и со фотокопир, а студентите можат да ја користат и како читална. Универзитетот располага и со електронска библиотека која содржи повеќе од 5000 наслови од реномирани светски автори. За своите истражувања, како и за изработка на есеите, семинарските трудови и презентациите, студентите ќе можат да ја користат и Електронската новинска архива (ЕНА), единствена од ваков вид во Македонија. ЕНА е архива на повеќе од 300 000 статии од дневните и неделните весници објавени на македонски и албански јазик од 1999 година, пребарлива по неколку критериуми. Библиотекарката им е на располагање на студентите секој работен ден. Поволности за нашите студенти Универзитетот „Евро-Балкан“ се грижи и за животниот стандард и за квалитетот на живот на своите студенти, па обезбедува и поволности, попусти и привилегии при користење на спортски објекти (на пример, сите содржини на салата „Борис Трајковски“, попусти за јавање), поволности при сместување во „Урбан хостел“ и различни членски карти.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски) Години на студирање: 3 (6 семестри) Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180 Звање што се стекнува: Дипломиран/а моден/на дизајнер/ка на стручната студиска програма за моден дизајн

Изучувањето на модниот дизајн на додипломско ниво на идните дизајнери им овозможува да стекнат темелни технички, естетско и проектантски знаења и вештини, кои се применливи во секоја модна категорија, за секоја целна група и за секаков специфичен пазар. Преку практичната подготовка во рамките на студирањето, студентите ќе усвојуваат знаења за сите аспекти на модното дизајнирање: на теориско ниво, за историјата на костимите, теоријата на боите и за модната илустрацијата, но и практични знаења за ткаенините, шиењето и конструкцијата на шаблони, дизајнирањето со помош на компјутерски алатки, дизајн на различни типови облека и додатоци и за нивната презентација. Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање ДИПЛОМИРАН/А МОДЕН/НА ДИЗАЈНЕР/КА НА СТРУЧНАТА

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН. Стекнатите знаења овозможуваат кариерата и вработување во области во кои се бара теориско или практично познавање на модата и модниот дизајн, па завршените студенти можат да работат како костимографи, стилисти, дизајнери, модни критичари и новинари во модни списанија. Студиите на моден дизајн се организираат за група од 15 студенти.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


ЗАПИШУВАЊЕ Услови за запишување Право на запишување имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РМ, државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани. Кандидатите треба да го познаваат англискиот јазик. Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. По потреба, Универзитетот може да определи и дополнителни услови при рангирање на кандидатите. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите. На додипломски студии на Универзитето т можат да се запишат и кандидати кои имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи. Овие кандидати се запишуваат според успехот од претходното образование. Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити. За пресметување на бодовите од постигнатиот успех од средното образование, Универзитетот „Евро-Балкан“ формира конкурсни комисии за секој од факултетите и високата стручна школа одделно. Рангирањето на кандидатите го вршат конкурсните комисии почитувајќи ги одредбите на Конкурсот. Секоја од конкурсните комисии на огласната табла на факултетот ги објавува поените од средното образование (среден успех). По објавувањето на прелиминарната ранг-листа, секој од кандидатите има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорот се однесува само на технички пропусти. Решението на управата по приговорот е конечно. Запишувањето на студенти се врши врз основа на конечната ранг листа – секоја од конкурсните комисии објавува решение за прием на студенти. Потребни документи за запишување Кандидатите ги поднесуваат следниве документи: - Пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот) - Диплома за завршено средно образование и оригинални свидетелства од сите класови (со положена државна матура) - Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл. - Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) - Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани; - Потврда за познавање на англиски јазик. Државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странските државјани треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно образование во

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација. При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: - Две фотографии; - Доказ за уплатени средства за студирање. Висина на школарината Висината на школарината за една академска година на сите факултети и на високата стручна школа изнесува 1900 евра во денарска противвредност. Рокови за пријавување и запишување I УПИСЕН РОК Пријавување на кандидатите 28.07-20.08 Објавување прелиминарна листа 25 август Објавување решение за прием на кандидатите 27 август Запишување на кандидатите 29-31 август

II УПИСЕН РОК 21.08-10.09 15 септември 17 септември 19-21 септември

III УПИСЕН РОК 11.09-01.10 6 октомври 8 октомври 10-12 октомври

При уписот, студентите ќе го добијат Правилникот за студирање на студии од прв циклус при Универзитетот „Евро-Балкан“, во кој се детално изложени правата и обврските на студентите, системот на напредување низ студиите и начините и постапките на проверка на знаењата.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ПРВА ГОДИНА Прв семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

1.

H111

2. 3.

ЕКТС

Опт оварување

Ист орија на визуелнит е умет ност и 1

30+30

2+2

6

180

F111

Модна конст рукција 1

30+30

2+2

6

180

F112

Основни т ехники на шиење

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

F113

Техники на модна илуст рација

30+30

2+2

6

180

5.

F114

Црт ање на човечки фигури

30+30

2+2

6

180

6.

F115

Развој на основнит е модни форми

30+30

2+2

6

180

7.

F116

Црт ање на мрт ва природа

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

Вкупно

Втор семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

ЕКТС

Опт оварување

1.

H121

Ист орија на визуелнит е умет ност и 2

30+30

2+2

6

180

2.

H122

Ист орија на кост имит е 1

30+30

2+2

6

180

3.

F121

Модна конст рукција 2

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

F122

Проект ирање и дизајн на спорт ска облека

30+30

2+2

6

5.

F123

Модна илуст рација

30+30

2+2

6

180

6.

F124

Форми и т еорија на облека

30+30

2+2

6

180

7.

F125

Техники на боење

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн

180


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ВТОРА ГОДИНА Трет семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

1.

H231

2. 3.

ЕКТС

Опт оварување

Ист орија на кост имит е 2

30+30

2+2

6

180

F231

Техники на шиење во високат а мода

30+30

2+2

6

180

F232

Конст рукција и изведба

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

F233

Проект ирање и дизајн на висока мод а

30+30

2+2

6

180

5.

O231

Фот ографија 1

30+30

2+2

6

180

6.

F234

Текст илна т ехнологија

30+30

2+2

6

180

7.

F235

Техники на боење за модна илуст рација 1

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

Вкупно

Четврти семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

ЕКТС

Опт оварување

1.

F241

Примена на ком пјут ерски програми во моден дизајн

30+30

2+2

6

180

2.

F242

Проект ирање на гот ова луксузна облека

30+30

2+2

6

180

3.

F243

Шапкарст во

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

F244

Техники на напредна конст рукција и шиење

30+30

2+2

6

180

5

O241

Фот ографија 2

30+30

2+2

6

180

6.

F245

Техники на боење за модна илуст рација 2

30+30

2+2

6

180

7.

F346

Мода и маркетинг

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ТРЕТА ГОДИНА Петти семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

1.

F351

2. 3.

ЕКТС

Опт оварување

Дипломски проект (прв дел)

30+30

2+2

6

180

F352

Графички т ехники на презент ација 1

30+30

2+2

6

180

F353

Професионал на модна изведба 1

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

K351

Моднит е стилови на XX век

30+30

2+2

6

180

5.

O351

Техники за личен и професионален развој 1

30+30

2+2

6

180

6.

F354

Дизајн на моднит е додат оци 1

30+30

2+2

6

180

7.

K352

Визуелни комуникации

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд

Вкупно

Шести семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

ЕКТС

Опт оварување

1

F361

Дипломски проект (вт ор дел)

30+30

2+2

6

180

2

F362

Графички т ехники на презент ација 2

30+30

2+2

6

180

3.

F363

Професионал на модна изведба 2

30+30

2+2

6

180

Два изборни предмет и од следнава лист а 4.

K361

Ест етика

30+30

2+2

6

180

5.

O361

Техники за личен и професионален развој 2

30+30

2+2

6

180

6.

F364

Дизајн на моднит е додат оци 2

30+30

2+2

6

180

7.

F365

Современ мод ен дизајн – перспект иви и визии

30+30

2+2

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


НАСТАВЕН КАДАР Предавачи м-р Никола Ефтимов м-р Методи Чилиманов м-р Душица Димитровска Гајдоска м-р Александар Расковиќ м-р Мери Георгиевска Соработници Велимир Жерновски Росица Мршиќ

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн


КОНТАКТИ Универзитет „Евро-Балкан“ Бул. „Партизански одреди“ бр. 63 1000 Скопје Тел: (02) 3075570 Факс: (02) 3075570 локал 102 www.euba.edu.mk contact@euba.edu.mk Лица за контакт: Драгана Каровска Чемерска и Ивана Крајчиновиќ (лок. 104 и 115)

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на моден дизајн

Studii na moden dizajn  
Advertisement