Page 1

Образование без униформа

Студии на

културата Универзитет „Евро-Балкан“

Академска година 2012/2013


Содржина на документот

Универзитет „Евро-Балкан“ Студиски програми Студии од прв циклус (додипломски студии) Студии од втор циклус (последипломски студии) Студирање на Универзитетот „Евро-Балкан“ 

Мрежи и размена

Учество во активностите на Универзитетот

Ресурси

Поволности за нашите студенти

Факултет за студии на културата Запишување Студиска програма Листа на професори Контакти

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


УНИВЕРЗИТЕТ „ЕВРО-БАЛКАН“

Универзитетот „Евро-Балкан“ природно израсна од децениските образовни и истражувачки искуства на Институтот „Евро-Балкан“ и, како производ на долгогодишниот сериозен научен и истражувачки ангажман на вработените, во најчиста форма го отсликува критичкиот дух и залагањето за академски квалитет кои отсекогаш биле водечките идеи на Институтот. Охридскиот летен универзитет, првата меѓународна академска институција која веќе 15 години во Македонија ги носи најквалитетните академски содржини од светот, како и бројните алтернативни и неформални образовни програми, го умрежија „Евро-Балкан“ со водечките образовни институции во светот и ги обликуваа студиските програми на Универзитетот. Во својата дејност „Евро-Балкан“ промовира интердисциплинарен пристап во изучувањето и истражувањето на сложените проблеми со кои се соочуваат Македонија и регионот на Југоисточна Европа. Како наставно-научна целина, во структурата Универзите тот обединува наставна и истражувачка единица. Институто т „Евро-Балкан“ е практичната, апликативна страна на Универзитето т, преку која се реализираат истражувачки проекти и во рамките на која студентите имаат можност и самите да ги применуваат стекнатите знаења и вештини. Универзитетот „Евро-Балкан“ е насочен кон развој на најсовремените научно-истражувачки програми и на интердисциплинарното учење во општествените и хуманистичките науки, особено во областите кои пионерски ги воведе во Македонија и кои се отсликуваат во структурата на неговите студиски програми: родовите студии, културните студии на Балканот, византолошките студии и политичките студии на Југоисточна Европа. Наставнио т кадар на Универзитетот го сочинуваат етаблирани научници, стручњаци во своите области, кои со својата работа поставиле високи академските стандарди, но и млад научнонаставен кадар, составен од доктори на науки и докторанди, чија мисија е доследно спроведување на стандардите за академски квалитет и критичко мислење. Целта која пред себе си ја постави Универзитетот „Евро-Балкан“ е да придонесува за преобразба на националната и регионалната научна и образовна реалност преку нејзино доближување кон европските стандарди. -

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


СТРУКТУРА И СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

А. Студии од прв циклус (тригодишни додипломски студии)

Факултет за студии на Југоисточна Европа, Студии на Југоисточна Европа Факултет за студии на културата, Студии на културата Факултет за социјална антропологија, Студии на социјалната антропологија Висока стручна школа за моден дизајн, Стручни студии за моден дизајн

Б. Студии од втор циклус (едногодишни и двегодишни

последипломски студии, организирани на Институтот за општествени и хуманистички истражувања

Родови студии (филозофија и род, социологија и род) Студии на Југоисточна Европа Византолошки студии Студии на културата

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


СТУДИРАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ На Универзите тот „Евро-Балкан“ студентите ги третираме како личности. Ја стимулираме креативноста, независноста и оригиналноста, поттикнуваме критичко мислење и размена на мислења. Притоа, наставниот кадар им е постојано на располагање на студентите, а малите групи и форматот на наставата овозможуваат директен и непосреден контакт и индивидуална работа според потребите и интересите на студентите. Мрежи и размена Студентите можат да ги користат широките меѓународни контакти на на Универзитето т „ЕвроБалкан“, да учествуваат во активностите на партнерските институции или дел од студирањето да го поминат на некој од европските универзитети. Универзитетот „Евро-Балкан“ има воспоставено општа соработка со следните универзитети: • • • •

Нов бугарски универзитет, Софија, Бугарија Универзитет Константин Преславски, Шумен, Бугарија Филозофски факултет на Универзитетот во Марибор, Словенија, Факултет за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум, Белград, Србија

Преку мрежата на Erasmus, студентите можат да поминат дел од студиите на некој од следните факултети со кои Универзитетот „Евро-Балкан“ има воспоставено билатерална соработка • • • • •

Факултет за хуманистички студии, Универзите т Приморска, Копер, Словенија Нов бугарски Универзитет, Софија, Бугарија Институт за етнологија и фолклористички студии со етнографски музеј, БАС, Софија, Бугарија Филозофски факултет, Универзитет во Љубљана, Словенија Факултет за општествени науки, Универзитет во Љубљана, Словенија

Преку мрежата на CEEPUS, студентите можат да аплицираат за кратки студиски престои на универзитети во земјите кои се членки на мрежата. Во текот на студирањето, студентите постојано ќе бидат известувани за ваквите можности. Учество во активностите на Универзитетот На Универзите тот „Евро-Балкан“ постојано нешто се случува: се организираат академски и истражувачки проекти (летни школи, зимски колоквиуми, семинари, научни конференции, дебати и тркалезни маси), се организираат промоции, проекции, изложби. Студентите на Универзитетот, преку посебните привилегии за учество во активностите кои ги организира Универзитетот, можат да ја дополнат својата студиска програма со вакви воннаставни активности и на тој начин да освојат дел од кредитите неопходни за комплетирање на студиската програма. Студентите можат и сами да осмислуваат активности кои Универзитетот организациски ќе ги поддржи. Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


Преку својата издавачка програма, Универзитетот на студентите им нуди можност да ги објавуваат своите трудови. Ресурси Универзитетот „Евро-Балкан“ ја обезбедува задолжителната литература во облик на читанки за секој од поединечните курсеви застапени во наставната програма. Студентите имаат на располагање богата библиотека (повеќе од 4500 книги, списанија, монографии, енциклопедии, речници) која се обновува двапати годишно. Станува збор за најголем фонд странска научна литература од областа на студиските програми што ги нуди Универзитетот. Библиотеката е опремена со компјутери и со фотокопир, а студентите можат да ја користат и како читална. Универзитетот располага и со електронска библиотека која содржи повеќе од 5000 наслови од реномирани светски автори. За своите истражувања, како и за изработка на есеите, семинарските трудови и презентациите, студентите ќе можат да ја користат и Електронската новинска архива (ЕНА), единствена од ваков вид во Македонија. ЕНА е архива на повеќе од 300 000 статии од дневните и неделните весници објавени на македонски и албански јазик од 1999 година, пребарлива по неколку критериуми. Библиотекарката им е на располагање на студентите секој работен ден. Поволности за нашите студенти Универзитетот „Евро-Балкан“ се грижи и за животниот стандард и за квалитетот на живот на своите студенти, па обезбедува и поволности, попусти и привилегии при користење на спортски објекти (на пример, сите содржини на салата „Борис Трајковски“, попусти за јавање), поволности при сместување во „Урбан хостел“ и различни членски карти.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


ФАКУЛТЕТ ЗА СТУДИИ НА КУЛТУРАТА Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски) Години на студирање: 3 (6 семестри) Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180 Звање што се стекнува: Дипломиран/а на студии за културата

Студиите на културата претставуваат академска дисциплина која ги проучува културните феномени во различни општества, користејќи го интердисциплинарниот пристап, односно, во својот приод комбинирајќи ги перспективите на уметноста, политиката, историјата, теоријата на книжевноста, филозофијата... Студиите на културата подлабоко ја анализираат културата и начинот на кој таа се менува во различни општествени состојби, заемните влијанија на културните феномени и различните односи на моќ, преку проучување на нејзините клучни теми – прашањата на идентитето т, на глобализацијата, на културната историја. Иако е осмислена да покрие широко и богато проблемско подрачје, нагласката на оваа студиска програма е ставена на регионот на Југоисточна Европа. Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање ДИПЛОМИРАН/А НА СТУДИИ НА КУЛТУРАТА. Стекнатите знаења овозможуваат широки перспективи за напредување во кариерата и вработување во многу области во кои се бараат широки познавања на културата, како што се медиумите, комуникациите, односите со јавноста, во областа на културното наследство и туризмот, меѓународниот, урбаниот и регионалниот развој, како во јавиот сектор, така и во независните културни и образовни институции и во невладиниот сектор. Студентите можат да изберат образованието во истата област да го продолжат и на студиите од втор циклус (последипломски магистерски студии) на Институтот „Евро-Балкан“. Студиите на културата се организираат за група од 25 студенти.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


ЗАПИШУВАЊЕ Услови за запишување Право на запишување имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РМ, државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани. Кандидатите треба да го познаваат англискиот јазик. Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. По потреба, Универзитетот може да определи и дополнителни услови при рангирање на кандидатите. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите. На додипломски студии на Универзитето т можат да се запишат и кандидати кои имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи. Овие кандидати се запишуваат според успехот од претходното образование. Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити. За пресметување на бодовите од постигнатиот успех од средното образование, Универзитетот „Евро-Балкан“ формира конкурсни комисии за секој од факултетите и високата стручна школа одделно. Рангирањето на кандидатите го вршат конкурсните комисии почитувајќи ги одредбите на Конкурсот. Секоја од конкурсните комисии на огласната табла на факултетот, ги објавува поените од средното образование (среден успех). По објавувањето на прелиминарната ранг-листа, секој од кандидатите има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорот се однесува само на технички пропусти. Решението на управата по приговорот е конечно. Запишувањето на студенти се врши врз основа на конечната ранг листа – секоја од конкурсните комисии објавува решение за прием на студенти. Потребни документи за запишување Кандидатите ги поднесуваат следниве документи: - Пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот) - Диплома за завршено средно образование и оригинални свидетелства од сите класови (со положена државна матура) - Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл. - Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) - Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани; - Потврда за познавање на англиски јазик. Државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странските државјани треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно образование во

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација. При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: - Две фотографии; - Доказ за уплатени средства за студирање. Висина на школарината Висината на школарината за една академска година на сите факултети и на високата стручна школа изнесува 1900 евра во денарска противвредност. Рокови за пријавување и запишување I УПИСЕН РОК Пријавување на кандидатите 28.07-20.08 Објавување прелиминарна листа 25 август Објавување решение за прием на кандидатите 27 август Запишување на кандидатите 29-31 август

II УПИСЕН РОК 21.08-10.09 15 септември 17 септември 19-21 септември

III УПИСЕН РОК 11.09-01.10 6 октомври 8 октомври 10-12 октомври

При уписот, студентите ќе го добијат Правилникот за студирање на студии од прв циклус при Универзитетот „Евро-Балкан“, во кој се детално изложени правата и обврските на студентите, системот на напредување низ студиите и начините и постапките на проверка на знаењата.

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ПРВА ГОДИНА Прв семестар Реден број

Код

Назив

Вкупен фонд на часови

1.

O111

Вовед во општ ест вено хуманистичкит е науки

45+30

3+2

8

240

2.

M111

Академско пишување и критичко мислење

45+30

3+2

7

210

3.

L111

Англиски јазик 1

30+45

2+3

6

180

Практикум 1

Неделен фонд на часови

ЕКТС

3

Опт оварување

90

Еден изборен предмет од следнава лист а на предмет и 4.

L112

Албански јазик 1

30+45

2+3

6

180

5.

L123

Грчки јазик 1

30+45

2+3

6

180

6

O112

Примена на информат ички т ехнологии во општ ест вено – хуманистичкит е науки

30+45

2+3

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Втор семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

1.

K121

Теории за културат а

45+30

3+2

8

240

2.

K122

Култура на говор и јавен наст ап

45+30

3+2

7

210

3.

L121

Англиски јазик 2

30+45

2+3

6

180

Практикум 2

Вкупен фонд на часови

Неделен фонд на часови

ЕКТС

3

Опт оварување

90

Еден изборен предмет од следнава лист а на предмет и 4.

L122

Албански јазик 2

30+45

2+3

6

180

5.

L123

Грчки јазик 2

30+45

2+3

6

180

6.

O121

Нови медиуми и комуникации

45+30

3+2

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ВТОРА ГОДИНА Трет семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

1.

M231

Мет одологија на ист ражувањет о во општ ест вено – хуманистичкит е науки

45+30

3+2

8

240

2.

O231

Филозофија

45+30

3+2

7

210

Практикум 3

Неделен фонд

ЕКТС

3

Опт оварување

90

Два изборни предмет и од следнава лист а 3.

K231

Македонска книжевност

45+30

3+2

6

180

4.

K231

Фолклор и т радиција на Балканот

45+30

3+2

6

180

5.

K233

Албанска книжевност

45+30

3+2

6

180

6.

K234

Грчка книжевност

45+30

3+2

6

180

300

20

30

900

Вкупно

Четврти семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

1.

K241

Природа и култура

45+30

3+2

8

240

2.

K242

Ист орија на умет ност а

45+30

3+2

7

210

Практикум 4

Неделен фонд

ЕКТС

3

Опт оварување

90

Два изборени предмет и од следнава лист а 3.

H241

Ист орија на свет скит е цивилизации

45+30

3+2

6

180

4.

H242

Ист орија на религии

45+30

3+2

6

180

5.

K243

Јужнословенски книжевности

45+30

3+2

6

180

6.

K244

Вовед во културна ант ропол огија

45+30

3+2

6

180

Изборен предмет 1 Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата

300

20

30

900


СТУДИСКА ПРОГРАМА, ТРЕТА ГОДИНА Петти семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

Вкупен фонд на часови

1.

K351

Пост модерни т еории

2.

K352

Урбана култура и прост ор

Практикум 5

Неделен фонд

ЕКТС

45+30

3+2

8

240

45+30

3+2

7

210

3

Опт оварув ање

90

Два изборни предмет и од следнава лист а 3.

K353

Род и култура

45+30

3+2

6

180

4.

K354

Ист орија и т еорија на драма и т еат ар

45+30

3+2

6

180

5.

K355

Ист орија и т еорија на т анцот

45+30

3+2

6

180

6.

K356

Ант ропологија на секојдневнот о живеење

45+30

3+2

6

180

7.

К357

Музичкат а умет ност на Балканот

45+30

3+2

6

180

300

20

30

900

Изборен предмет Вкупно

Шести семестар Реден број

Код

Назив на предмет от

1.

Вкупен фонд на часови

Дипломски т руд

Неделен фонд

ЕКТС

6

Опт оварув ање 180

2.

K361

Ест етика

45+30

3+2

6

180

3.

K362

Сексуалност , политика и култура

45+30

3+2

6

180

Два изборени предмет и од следнава лист а 4.

K363

Ист орија и т еорија на филм

45+30

3+2

6

180

5.

K364

Модерна и современа умет ност

45+30

3+2

6

180

6.

K365

Семиотика и херменавт ика на културат а

45+30

3+2

6

180

7.

K366

Субјект ивит ет , идент итет и моќ

45+30

3+2

6

180

300

20

30

900

Изборен предмет Вкупно

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


НАСТАВЕН КАДАР Професори д-р Јане Коџабашија, редовен професор д-р Весна Матијашевиќ – Покупец, редовен професор д-р Марија Чичева – Алексиќ, вонреден професор д-р Маја Ангеловска – Панова, редовен професор д-р Лилјана Гушевска, вонреден професор д-р Софија Грандаковска, доцент д-р Иванка Апостолова, доцент д-р Бошко Караџов, доцент д-р Вангел Ноневски, доцент Соработници м-р Славчо Димитров м-р Александра Велева м-р Душица Димитровска Гајдоска м-р Јордан Шишовски м-р Марина Мијаковска м-р Соња Енџикова – Сопотска м-р Мира Гаќина Лектори м-р Јордана Шемко, лекторка по македонски и албански јазик м-р Огнен Чемерски, лектор по англиски јазик

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата


КОНТАКТИ Универзитет „Евро-Балкан“ Бул. „Партизански одреди“ бр. 63 1000 Скопје Тел: (02) 3075570 Факс: (02) 3075570 локал 102 www.euba.edu.mk contact@euba.edu.mk Лица за контакт: Драгана Каровска Чемерска и Ивана Крајчиновиќ (лок. 104 и 115)

Универзитет „Евро-Балкан“

Студии на културата

Studii na kulturata  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you