ПРЕД И ПО НАЈЛУДАТА НОЌ ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДАР АНЧЕВСКИ, Дерматовенеролог ЕНЗИМСКИТЕ КВАСНИ КЛЕТКИ МАЛЕЧКА ЛАБОРАТОРИЈА НА ЗДРАВЈЕТО
2 бесплатен примерок
2012
Иновативниот високо активен кофеински комплекс во шампоните АЛПЕЦИН®: • • • • • • • •
Спречува предвремено губење на косата, Спречува настанување на алопеција, Длабински го негува влакното на косата, Го спречува нас ледното губење на косата, Ја подобрува структурата на влакното, Го продолжува животот на коренот на влакното, Овозможува раст на нови влакна, Темелно ја чисти косата и кожата на главата.
ВО СИТЕ ПОДОБРО СНАБДЕНИ АПТЕКИ
ИНТЕРВЈУ со проф. д-р Александар Анчевски, дерматовенеролог
20
ЕУРОФАРМ ИЗЛОГ: Наша препорака за зимските месеци
23 ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ:
Новите козметолошки технологии се моќно оружје во служба на убавината и здравјето
Вагиналните инфекции – сé почест женски проблем
26 КОЗМЕТОЛОГИЈА:
ИНТЕРАКЦИИ: Влијанијата на лукот во комбинација со одредени лекарства
ТЕМА: Превенција на карцином на простата
ЕУРОФАРМ ПРОМО:
Како желбата за добивање дете да стане реалност?!
28
Тераписки модалитети за лекување на акни
ФЛЕШ ВЕСТИ: Најново од научните лаборатории
30ИСТРАЖУВАЊА: Беби-шишенцата со
Бисфенол А – штетни за здравјето на децата!
31
НОВО:
Моќта на ладната терапија во совладување на болката
АКТУЕЛНО: Ензимските квасни клетки – малечка биохемиска лабораторија на здравјето
РИЗИЦИ НА ПРАЗНИЧНАТА ТРПЕЗА: Испробана формула за справување со лошиот холестерол
ПОТВРДЕНО: Колострумот и бета-глуканите се најмоќни алатки за подобрување на имунитетот
32 34
МАЛИ СОВЕТИ: Пред и по најлудата ноќ
ЗА НАЈМИЛИТЕ: Како да се реши ноќното мокрење?
36
ХОРОСКОП: Време на празнувања и подарувања!
Почитувани читатели,
Новата година е на прагот. Но нејзиното доаѓање не е цел само по себе. Новата година значи можност за нов начин на размислување, на живеење... Или, тоа е исто како да почнуваш да пишуваш нова книга – ја отвараш, нејзините страници се празни, а ние на нив ги впишуваме зборовите. Книгата се вика МОЖНОСТ, а првата глава е токму Нова година. Значи, ова е вообичаено период на сумирање на резултатите, селектирање на реализираните од нереализираните планови, креирање на листи на нови предизвици, работи кои сакаме да ги смениме, желби кои посакуваме да ги оствариме, цели кои тежнееме да ги достигнеме, без разлика дали станува збор за професионалниот, емотивниот, здравствениот, личниот, семејниот живот. Во суштина сето тоа е ЖИВОТ, а желбите се неговата движечка сила. Можеби токму во новиот број на нашиот магазин „СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ“, втор по ред, ќе откриете некоја нова можност за вас, за вашиот поздрав и поквалитетен живот, бидејќи грижата за здравјето треба да ја водиме секојдневно, во текот на целата година. А можеби и ние, преку вашите мејлови, ќе откриеме некоја ваша нова желба, па ќе се обидеме да ви помогнеме да ја остварите. Бидејќи како што вели и мотото на ЕУРОФАРМ, ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје! Во таа насока, оваа година ја завршуваме и со две новоотворени аптеки, за да бидеме поблиску до вас и до вашите потреби едната во скопската населба Аеродром (зад Железничката станица), а другата во село Кадино. И, со нова линија природни и високоефикасни производи, чија основна цел е да ве ослободат од вашите болки – светски познатиот “Ice Power”, за кој подетално ќе можете да се информирате на страниците на магазинот кој е пред вас.
Што се однесува до нашата листа на професионални планови за Новата 2012 година, таа е долга и интересна. Ви ветуваме многу нови проекти, асортиман збогатен со нови, познати светски брендови од најреномираните фармацевтски куќи и висококвалитетни производи во функција на вашето здравје, убавина и виталност и свежина, врвна услуга од нашиот професионален персонал и нови, стручни и корисни содржини во магазинот „СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ“. И, секако, по некое изненадување! Првото изненадување, драги читатели, ви го приредуваме уште во овој број, во кој ќе најдете купон за наградна игра. Бидејќи нашата цел е да ја наградиме вашата лојалност, ваша задача е да го пополните купонот и, заедно со сметки во износ од 1.200 денари, направени во рок од месец дена, да ги доставите во најблиската аптека на ЕУРОФАРМ. За нашите најсреќни верни купувачи обезбедивме три награди, и тоа првонаградениот ќе ужива во 10-дневно зимување во Банско, Република Бугарија, второнаградениот добива 5-дневен, а третонаградениот викенд престој во истиот зимски туристички центар. А што е со желбите?! Нив ги имаме цел куп и насочени се кон вас, драги наши читатели. Од име на ЕУРОФАРМ од срце ви посакувам одлично здравје, бистар ум и смирен дух, кои ќе ви помогнат да пронајдете одговори на сите ваши предизвици, да ги исполните сите зацртани желби, да ги реализирате направените планови. Ви посакуваме и искрена љубов, бидејќи само со неа ќе бидете доволно мотивирани МОЖНОСТИТЕ да ги претворите во ДОСТИГНУВАЊА.
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
ХОРОСКОП
ВРЕМЕ НА ПРАЗНУВАЊА И ПОДАРУВАЊА!
Овен: Вечниот авантурист, секогаш подготвен за акција, Новата година вообичаено ја дочекува со големо друштво, на некое бучно место, каде има изобилство храна и пијалаци. За нив важи правилото дека се’ е дозволено во најлудата ноќ. Сепак, мора да внимаваат да не претераат повторно, особено со алкохолот! Изненадувањата се секогаш добредојдени, а за опаковката немојте да се грижите залудно. Овните се премногу нетрпеливи да дознаат што има внатре, Сакаат се’ што е поврзано со предизвици, натпревари и хобија, ја обожаваат црвената боја, сакаат екстравагантна долна облека. Бик: Гурмани по природа, Биковите со нетрпение ја очекуваат празничната трпеза. Секогаш најдобро се чувствуваат меѓу својот одбран круг на пријатели, во домашна атмосфера, не ги сакаат метежите. Сакаат скапи, но практични и долготрајни подароци, а ги возбудуваат работи изработени специјално за нив но се доволно учтиви и нема да ви замерат ако им купите поевтин подарок. Со главниот подарок подарете им и бонбони, вино или квалитетен коњак. Притоа, обрнете внимание и на опаковката. Биковите ја сакаат зелената боја, накитот и се’ што потсетува на комфор. Близнаци: Расположени и разиграни, тие се секогаш “дежурниот” шоумен во своето друштво, па и обичното излегување им личи на дочек на Новата година. Уште повеќе им се зголемува адреналинот ако друштвото се збогати со нови и непознати лица, особено од спротивниот пол, со кои редовно ја тестираат својата харизма. Близнаците сакаат подароци кои одговараат на нивниот огромен интелектуален потенцијал. Сакаат необични нешта и многу обрнуваат внимание на пораките на картичката. Сепак, личноста која подарува, а и нејзината фантазија, се многу поважни за нив отколку подарокот. Нивната боја е жолтата. Рак: Прослава со боемски дух со слободните, во прегратките на саканата личност за семејните. Тоа е формулата за најлудата ноќ на овој хороскопски знак. Не ретко тие се домаќини на новогодишните прослави. Вечните емотивци сакаат подароци со лично значење, а рачно изработените предмети се секогаш добредојдени. Притоа, цената на подарокот воопшто не е важна, а поважен е начинот на кој го подарувате предметот и она што сакате да го порачате со него. Бојата на раковите е сребрената (сивата), а имаат афинитет кон пијалаци од секаков вид. Лав: Го сака гламурот, забавите на висока нога и спектаклите, каде ќе предизвикаат воодушевување со нивната појава. Затоа прославувањата ги планираат навремено и детално. Нивната гардероба редовно е од сјајни или светкави материјали, а гардеробата е дополнета со скап накит или додатоци. И нивниот дом е посебно декориран. А кога сме кај подароците, Лавовите се великодушен знак, па истото го очекуваат и од другите. Никогаш не се уморни од накит, крзно, а омилени бои му се златната и црвената. Не зборавајте - подарокот треба да го отслика кралскиот статус на лавот.
Девица: Овој практичен и штедлив знак се заморува од самата помисла на периодот што му претходи на прославувањето. Но, не сака најлудата ноќ да ја помине дома, туку на позната територија и со сигурно друштво. Сакаат практични подароци, корисни работи кои ќе им ја олеснат секојдневната работа. Имајте предвид дека Девиците ја сакаат чистотата, елеганцијата и нешта кои ќе ги одржуваат во топ форма. Што и да им подарите, нека биде тоа избрано со стил. Вага: За нив празнувањето е прашање на престиж, па подготовките за најлудата ноќ траат цел декември. Нивен заштитен знак е широката насмевка, елегантната гардероба и префинетите манири. Убавите, уметнички предмети секогаш се полн погодок како подарок. Ја сакаат музиката и естетиката, а нивна боја е свтло сина и розова. Опаковката е исто толку важна колку и самиот подарок. Шкорпија: Не сакаат формалности и прослави без повод, па посреќни се кога седат на страна и озборуваат со познатото друштво. Тие повеќе уживаат во страсните честитки со својот партнер ’утрото потоа’ и одвиткувањето на подароците. Толку многу ги сакаат подароците што понекогаш си подаруваат сами. Најсексуалниот знак секогаш ужива во мистериозните работи, во детектиски приказни и парфеми. И секси долната облека за нив е предизвик. Стрелец: Тие однапред им се радуваат на сите празници, посебно на новогодишните. Уживаат во еуфоријата на околината и сакаат далечни дестинации. Не е чудно да тргнат на патешествие и сами, бидејќи сигурни се дека по пат ќе најдат друштво. За нив е поважен гестот, одошто цената на подарокот. Сакаат миленичиња, авантуристички патувања, егзотични подароци или колекција книги. Јарец: Најомилена дестинација им се планините, бидејќи во основа овие знаци не ги сакаат масовните собирања, бакнувања, честитки и пијанчење. Јарците сакаат подароци кои се поврзани со нивната работа и уживаат во практични предмети. Сакаат лични подароци и не сакаат да експериментираат со боите, ама уживаат да се натпреваруваат, па некоја игра или опрема на пример за тенис не е лоша идеја. Водолија: Обожаваат друштво и добра забава, многу метеж, непознати лица... Често се случува, во потрага по возбуда, да талкаат од забава до забава, а во ниедно време да се разбудат покрај луѓето на кои нема да им го знаат ни името. Нивните желби се менуваат од ден во ден, од час во час, но секогаш е актуелна современата технологија и прогресот. Ја ценат уникатноста на подароците, особено ако чинот на подарување е зачинет и со некаква приказна. Го сакаат космосот и паранормалните појави, а нивната боја е сината. Риби: Тие никогаш навреме не ги почнуваат подготовките за новогодишната ноќ. Редовно се зафатени од паника, без да знаат што ќе облечат и со кого ќе одат на дочек. Нивна најголема желба е првите мигови од Новата година бидат во друштво на саканата личност. Уживаат во мистични подароци, добри книги и филм кој ќе им помогне за момент да се одделат од реалниот живот, ја сакаат естетиката, уметноста, а посебно музиката. Уживаат во масажи, пливање, јога и патување.
декември 2011
СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ