Семејно Здравје бр. 64

Page 1

Почитувани читатели, Иако септември според температурите донесе продолжение на топлите летни денови, поттикнувајќи ја желбата за уште некој викенд на плажа, новата учебна година е на прагот, а со неа и предизвиците на родителите околу нивните најмили кои ќе се соочат со зголемен психо-физички напор, нови обврски, ризици од инфекции. Дел од прашањата на кои нашите експерти во овој број на „Семејно здравје“ ќе понудат одговор е каков училишен ранец да се избере, како да се создадат здрави навики кај детето, особено во исхраната, дали генетиката е виновна за нашата здравствена состојба и сл. Меѓу содржините кои ги засегаат поедини наши пациенти во овој број ќе можете да прочитате за синдромот на немирни нозе, болката во рамо, интимната хигиена, денталното здравје, некои од покарактеристичните кожни проблеми поврзани со сончевата светлина, подигање на свеста за промената на животот што го носи карциномот на дојка кај заболените и лекувани од оваа болест. Секако, и во овој број ќе можете да се информирате за производите кои можете периодов да ги набавите по акциски цени во нашите аптеки. Што се однесува до новитетите во нашите аптеки, за вас имаме нов производ кој нуди решение за мрзливите црева, кои се честа возрасти, а чии најчести причини се: промена на секојдневните навики (патувања, промена на исхраната); исхрана сиромашна со овошје и зеленчук, односно оброци што се количински мали, недоволни; хормонален дисбаланс (менопауза, андропауза, пубертет); анксиозност, депресија и стрес; терапија (апсорпција) на специфични лекови и сл. Станува збор за Fave di Fuca, а линијата ги вклучува таблетките Fave di Fuca Classico, од добро познатите лаксативни растенија: сена, каскара и франгула, за лицата што бараат ефективно решение за кратко време (ефектот настапува за само неколку часа, односно од вечер до утро) и гранули (прашок) за подготовка на раствор HydraLax, чија формула е базирана врз макрогол, инертен полимер што дава брз ефект на празнење на Ацревата.когазборуваме за довербата што ја ужива фармацевтскиот супербренд ЕУРОФАРМ, таа се докажува и со бројката на 74.000 фанови на Фејсбук страната на 03 нашите аптеки, со кои интерактивно комуницираме за нашите производи и придобивките од нив, новитетите во нашето работење и предизвиците со кои пациентите се соочуваат за да обезбедат здрав живот за себе и своите Љубителитенајмили.наракометот, пак, во претходниот месец ги израдувавме со победа на РК Еурофарм Пелистер над Мешков Брест во четврт финалето од СЕХА лигата, па заеднички нè очекува жежок ракометен септември. До следниот број, останете во добро здравје и убаво расположение! Со ЕУРОФАРМСрдечнопочит,ваши,АПТЕКИ СЕМЕЈНО ЗДРАВЈЕ септември - октомври 2022 64

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.