Page 1

9 771409 656006

+

60

НБА анти-рекорди


содржина

Декември 2009

4

КОМЕНТАР

8

Фото на месецот

26

СТАРТ

10 Албиол&Марчена

Не ги потценувајте забите Погрешни одлуки

18 топ 10

фудбалска династија Берлускони & Галијани

Пресврти

20 Интервју

20

Златан Ибрахимовиќ

26 Фудбалска династија

Силвио Берлускони & Адријано Галијани

интервју

30 Егзекутори со ангелско лице

Златан Ибрахимовиќ

Фудбалски ѕвезди

34 Фудбалска девалвација Нечисти игри

41 Фабрика за чуда Ла Масија

44 Златна топка

Најдобрите 10 во историјата

48 Липи во црно и бело

Најдобриот период на Јувентус

52 Швајцарија У17

Светски шампион со увезен состав

48

Липи во црно и бело Најдобриот период на Јувентус

54 За изборите, бојкотот и дисквалификациите

Искушенија и исклученија

54 Избори во ФФМ Хари четири пиштоли

56 СП 2010

Враќање во старото друштво

58 Карате

Маваши за медали со кои ја освоивме Европа

60 Моите идеални XI Никола Илиевски-Џиџи

61 Еспорт скаут

Нестор Калдерон & Расмус Јонсон

62 Inside

Герд или Раул?

64 НБА

Анти-рекорди

68 Мотоспорт

Трки за паметење

70 9 црни дијаманти

Африканско фудбалско богатство МЕГА ПОСТЕР

Лионел Меси

постер


68

мотоспорт Трки за паметење

64 нба

70

Анти-рекорди

9 црни дијаманти Африканско фудбалско богатство

56

враќање во старото друштво СП 2010


интервју

ИНТЕ РВЈУ 

Златан Ибрахимовиќ

Злата

н Иб

рах и

мо в и

Англичаните ме мразат Швеѓанецот никогаш не се плашел да го каже тоа што го мисли. Според него, Барселона е вистинското место да ги замолчи сите дежурни критичари

Ибра гарантира голови

предмет „Како да станам нов Ван Бастен“. Тој ми рече: „Мора да постигнуваш повеќе голови“. Уште на првиот тренинг ме стави пред голот и морав да тренирам секој ден. Удари, волеи, скокови, удари со глава, сите можни начини да се постигне гол“. „Еден ден ме повика во канцеларија, а јас помислив – Добро, што направив сега? Ми рече да седнам и да погледнам една видео-снимка. Мислев дека сака да ми укаже на моите грешки, но тој ми пушти компилација од голови на Марко ван Бастен. Ми нареди да ги простудирам сите детали поврзани со неговата игра, движењата, завршниците, тајмингот и сите останати работи. Побара од мене да ги правам истите движења и да постигнувам голови на ист начин“. Капело пред новинарите потврди дека тоа не е негов тренерски трик и едноставно смета дека Ибрахимовиќ и Ван Бастен имаат сличен фудбалски талент.

„Кога прв пат го тренирав Швеѓанецот беше необработен дијамант, но сега е комплетен играч, најдобриот светски напаѓач кој никој не може да го спречи во шеснаесетникот. Знаев дека споредбата меѓу Златан и Марко е како да ги споредиш Пабло Пикасо и Марк Ротко, но со толку години пред него, тој може и да го надмине Ван Бастен“. „Во времето кога го тренирав Ван Бастен, тој веќе беше маж, 27-годишен фудбалер и лидер на теренот. Златан се уште мора да учи и да напредува, но тој е интелигентно момче и фудбалер чии квалитети да се загради, да асистира и поентира се неверојатни“, надополнува актуелниот англиски селектор. Аферата „Калчополи“ му ги одзема двете титули во Серија А на Јувентус освоени во времето кога Капело беше тренер, а Ибрахимовиќ беше продаден во Интер каде подоцна настапуваше во тимовите предводени од Роберто Манчини и Жозе Мурињо. Постигнатите голови во дресот на

Новата ѕвезда на Барселона, Златан Ибрахимовиќ никогаш не постигнал гол во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, но сезонава ќе има уште подобра можност да го прекине тоа проклетство. Истовремено, Ибрахимовиќ на дуелот против Рубин потврди дека лесно ја продолжува традицијата да постигна гол во најелитниот европски куп Фудбалери со најмногу голови за различни екипи во ЛШ Фудбалер

Клубови

Ернан Креспо

Парма (2), Лацио (2), Интер (11), Челзи (4), Милан (6)

Златан Ибрахимовиќ

Ајакс (6), Јувентус (3), Интер (6), Барселона (1)

Фернандо Мориентес

Реал Мадрид (17), Монако (9), Ливерпул (1), Валенсија (6)

Николас Анелка

Арсенал (1), Реал Мадрид (2), ПСЖ (5), Челзи (4)

ДЕКЕМВРИ 2009 ESPORT 21

ќ


30 години заедно

Силвио Берлускони & Адријано Галијани

Фудбалска

Династија

1 ноември, 1979 година Адријано Галијани прифаќа да му биде соработник на тогаш амбициозниот, но и веќе успешен бизнисмен, Силвио Берлускони. Двајцата дотогаш не се познавале, но Берлускони бил воодушевен од резултатите на компанијата на Галијани.

26 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

20 февруари, 1986 година Историски ден за фудбалскиот клуб Милан. Милионерот Силвио Берлускони решава да го преземе раководењето на клубот и да го спаси од банкрот. 23 години подоцна, Милан важи за еден од најуспешните клубови во светски рамки.

1 декември, 2009 година И во кризна сезона со нов тренер, тандемот Берлускони-Галијани очекува најмалку една титула. Навивачите се незадоволни од заминувањето на Кака, а сопственикот најави дека би го продал клубот само на инвеститор кој би го направил поуспешен.


фудбалски ѕвезди

о с и р о ут Егзек

на ги разнежуваат срцата е њ ва су не од и ед гл Нивниот физички из кол за противниците пе се ви ло го и ри иг е фановите, но нивнит

Давид Силва Клуб: Валенсија Земја: Шпанија Возраст: 23 години

30 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

Ш

панецот потекнува од младинската академија на Валенсија и засега останува дел од својот матичен клуб. Сепак, Силва е еден од најбараните офанзивни фудбалери во моментов и само прашање на време е кога ќе ја напушти „Месталја“. Својот талент го најави уште на Светското првенство за играчи до 17 години каде ги бранеше боите на Шпанија заедно со Сеск Фабрегас, за 5 години подоцна и двајцата да станат европски шампиони во сениорска конкуренција. Силва важи за инспиратор на играта на Валенсија и ужива статус на миленик меѓу навивачите.


е ц и л о к ангелс О

Андрес Иниеста Клуб: Барселона Земја: Шпанија

ткритието на Барселона и шпанскиот фудбал за само 7 години освои број на трофеи кои секој фудбалер ги сонува. Со каталонскиот клуб освои три шампионски титули во Шпанија, два пати е победник на Лигата на шампионите, а беше дел и од екипата на Луис Арагонес која го освои Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Иниеста е модел за современ фудбалер од средниот ред, неуморен работник и трпелив креатор на играта. Уште од времето кога неговите родители му дозволија да се пресели во младинската база „Ла Масија“ и играше плејстејшн игри со Лионел Меси, Иниеста важи за фудбалер кој не влегол во ниту еден конфликт и никогаш немал расправии со судиите. Нарушената пигментација на неговото лице му дава уште една специфика на фудбалерот чиј идол во детството бил неговиот тренер Гвардиола.

Возраст: 25 години

Томас Бролин Клуб: екс Парма Земја: Шведска Возраст: 39 години

А

ко засега не постигнува голови во бројка приближна до таа на Солскјер, Мајкл Овен е вистински пример за напаѓач со убиствен инстинкт и ангелско лице. Заклучно со ноември, Овен постигна само 2 гола во Премиер-лигата, а според минутажата се чини дека Фергусон ќе му ја додели улогата на Норвежанецот која ја одигра на дуелот против Манчестер Сити. Овен е миленик на публиката, посебно на припадничките на понежниот пол, но единствено добрите игри можат да му го сочуваат актуелниот статус во еден од најтрофејните европски клубови.

Мајкл Овен Клуб: Манчестер ј. Земја: Англија Возраст: 30 години

X

аризматичниот напаѓач беше дел од генерацијата која донесе забележителни успеси за шведската репрезентација во 90-те години. Бролин го предводеше нападот на викинзите на светските првенства во 1990 и 1994 година, како и на Европското првенство во 1992 година на кое Шведска беше домаќин. Бролин ги искористи добрите игри за да направи бомбастичен трансфер од Норчепинг во Парма каде со своите голови се здоби со статус на една од најголемите ѕвезди во Серија А. За жал, Бролин се пензионираше порано од планираното откако заработи тешка фрактура на ногата на натпревар од квалификациите за Европското првенство во Англија (1996).

ки ФудбалсЕСПОРТ ѕве зди

Емилио Бутрагењо Клуб: екс Реал Мадрид Земја: Шпанија Возраст: 46 години

Н

авивачите на Реал Мадрид никогаш нема да ја заборават специфичната фудбалска појава наречена Емилио Бутрагењо. Производот на младинската академија на кралскиот клуб дебитираше во белиот дрес во 1984 година, за до крајот на кариерата да одигра 341 натпревар во шпанската прва лига. Беше

член на легендарната петорка заедно со Маноло Санчис, Рафаел Васкес, Мичел и Мигел Пардеза која донесе пет титули по ред за екипата од „Сантијаго Бернабе“. Два пати го освојуваше третото место во изборот за најдобар европски фудбалер, а еднаш (1991) беше и најдобар стрелец на шпанското првенство.

ДЕКЕМВРИ 2009 ESPORT 31


Девалвација на фудбалот

Нечисти игри

Ц

рвеното светло е запалено. Фудбалот е погоден од силен земјотрес кој може да има кобни последици по најпопуларниот спорт во светски рамки. Последната афера за наместени натпревари во 9 европски шампионати е доказ дека Победа нема да биде единствената европска екипа која ќе настрада поради одигран натпревар со однапред режиран резултат. Додека Мишел Платини и неговите соработници се бореа против расизмот и хулиганизмот, доказите покажаа дека одредени структури добро профитирале од резултатите на одреден број фудбалски натпревари. Покрај фудбалот и навивачите, најголеми губитници – во финансиска смисла, секако се букмејкерите кои исплатиле големи суми на пари. Во изминатата деценија УЕФА се обиде да го контролира напливот на букмејкерски компании (обложувалници) кои негативно влијаат врз фудбалскиот морал, а сега главен непријател се одреден 34 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

Наместените фудбалски натпревари се реалност, но нивното постоење тешко се докажува. Од нив губат навивачите, букмејкерите, но најмногу самиот фудбал

број на луѓе кои се наречени „тото-мафија“ и кои се главни режисери на натпреварите каде со помош на неколку фудбалери или судиите ја остваруваат својата цел. Ако до пред некоја година фудбалските работници стравуваа дека финансиската моќ на букмејкерите можат негативно да влијае врз фудбалот, сега заедно со букмејкерите се обидуваат да ги спречат измамниците кои поминаа со благи казни по првиот судски процес во 2005 година. Единствениот фактор кој колку толку утешува е тоа што дел од наместените натпревари ги играле екипи од понизок ранг на натпреварување или пак екипи од посиромашните европски земји, како и тоа дека оштетените букмејкери најчесто се стационирани во Азија и делуваат полулегално.И покрај сигурносниот систем на европските обложувалници, тешко можат да се спречат манипулациите зашто во секој момент да се обложите на натпревар од втората парагвајска лига во Бангкок или пак на дуел

Русите заработија од поразот од Словенија!? Репрезентацијата на Словенија го приреди најголемото изненадување во баражите од европската зона за пласман на Светското првенство во Јужна Африка елиминирајќи го фаворитот Русија. Откако Словенија го доби вториот натпревар со 1:0, а Русите разочарани мораа да го признаат поразот, еден од руските парламентарци обвини дека некој од руските репрезентативци го саботирале реваншот и го одлучиле патникот на мундијалот. Антон Белјаков побара од надлежните институции да го истражат случајот затоа што смета дека еден Андреј Аршавин и уште неколку фудбалери правеле многу чудни грешки во Марибор и се сомнева дека добро заработиле кај букмејкерите со тоа што се обложиле на пласманот на противникот на СП 2010.


Ла Масија

Фабрика за чуда Старата куќа изградена во каталонски стил е повеќе од архитектонски бисер. Младинската академија која прослави тридецениски јубилеј е местото каде се профилираат голем број идни фудбалски ѕвезди во дресот на Барселона

Т

оа е местото од каде започнале многу успешни фудбалски приказни. Тоа е името на кое се горди фановите на Барселона. Тоа е начинот на кој каталонскиот гигант го заработи местото меѓу европските великани. Дел од навивачите се убедени дека камената куќа изградена во 1702 година има повеќе заслуги за клупските резултати од стадионот „Ноу Камп“. Не се далеку од вистината, затоа што Барса победувала на многу битки одржани на својот стадион, но дел од главните војсководци биле креирани во соседството. Шпанските медиуми често потенцираат дека последниот триумф во Лигата на шампионите во Рим е само последица на изградбата на куќата пред 307 години. Во изминатиот век, Ла Масија била местото каде архитектите го подготвувале проектот за изградба на стадионот „Ноу Камп“, но по неговото пуштање во употреба во 1957 година, архитектонскиот бисер ја чекаше својата вистинска мисија

цели 22 години. Тогаш челниците на Барселона решаваат во Ла Масија де Кан Планес да бидат стационирани членовите на младинската академија, а токму од тоа место да започне процесот кој идните ѕвезди на тимот ќе ги подготви за фудбалските, но и животните предизвици. Еден Пеп Гвардиола кој е поранешен капитен, а сега тренер на Барселона прв пат пристигнал во Ла Месија на 13-годишна возраст, односно во 1984 година. Родителите на Гвардиола дале согласност тој да се пресели 70 километри подалеку од својот дом во местото Кантпедор, за во младинската база на Барса да ја добие потребната едукација. Претходно, пред во неа да се преселат членовите на младинската академија, цели 11 години во неа било сместено раководството на клубот откако таква одлука во 1966 година донел тогашниот претседател, Енрик Љодет. Неговиот наследник, Луис Нуњес морал да ги пресели клупските канцеларии во друг

Реал Мадрид заборава на „Кантера“ Младинската академија на Барселона важи за најугледна во европски рамки, а каталонскиот клуб успеа да го засени и својот најголем ривал, Реал Мадрид. Академијата на Реал Мадрид го носи името „Кантера“, а од неа постојано излегуваат талентирани фудбалери. Единствената разлика е во клупската политика, односно одлуката на последните претседатели Флорентино Перес и Рамон Калдерон да купуваат скапи фудбалери. Тоа индиректно значи дека се помалку таленти од младинската академија на Реал добиваат шанса да ги покажат своите квалитети во својот матичен клуб и се приморани да ја бараат среќата во друга средина. Фактите говорат дека од младинската академија на Реал изминативе години излегоа фудбалери како Хуан Мата (Валенсија), Алваро Негредо (Севилја), Роберто Солдадо (Хетафе), Диего Лопес (Вилјареал), Хуанфран (Осасуна) и Хозе Мануел Хурадо (Атлетико Мадрид).да се врати во Бордо, иако Милан можеше да го откупи неговиот договор за само 6 милиони евра. За само еден месец, цената на Гуркуф на трансферпазарот е околу 20 милиони евра.

ДЕКЕМВРИ 2009 ESPORT 41


С

татистиката ја потврдува неправдата. Три порази во финалето на Лигата на шампионите наспроти една победа (во 1996) потврдуваат дека не само што Јувентус во времето на Марчело Липи беше најдобар италијански, туку и европски клуб. Оваа ера се карактеризира со храбри трансфери и флексибилна тактика основана на цврста одбрана и динамичен напад. Назначувањето на Липи за нов тренер на Јувентус беше клучен дел од реорганизацијата која ја означи новата ера во влијанието на фамилијата Ањели во клубот. Таа го водеше Јуве од 1923 година, но во раните 90-ти, Умберто го презема раководењето од неговиот брат Џани. Липи пристигна во Торино во 1994 година, по едногодишен престој во Наполи и откако претходно во 80-те години таложеше искуство во неколку италијански нисколигаши. Резултатите дојдоа веднаш откако уште во првата сезона му донесе двојна титула на торинскиот клуб, нешто што претходно во клупската историја се случило само еднаш. Новиот тренер изгради тим околу двајца одлични странски фудбалери од средниот ред: Португалецот Пауло Соуса кој и освојуваше топките и ги доставуваше до Французинот Дидие Дешамп, кој пак испраќаше употребливи топки до Роберто Баџо, најдобриот светски фудбалер за 1993 година и идолот на навивачите. Иако комбинацијата беше повеќе од потентна, Липи не беше задоволен. Не се согласуваше најдобро со генијалниот Баџо и го продаде во Милан, убеден дека го има перфектниот наследник. И не погреши. Алесандро дел Пјеро се уште е дел од Јувентус, постигнувајќи 250 голови на официјални натпревари. Како клупски капитен и идол на навивачите, Дел Пјеро е вистински претставник на Јувентус од времето на Липи. На почетокот, Липи не ја промени 1-3-3-3 формацијата која ја поставуваше неговиот претходник Џовани Трапатони. Во одбраната Масимо Карера и Морено Торичели, а во нападот Баџо (или Дел Пјеро), Џанлука Вијали и Фабрицио Раванели формираа тројка кој добиваше поддршка од вредните Анџело Ди Ливио (кој го доби прекарот војник) и Антонио Конте (кој му беше помошник на Липи на теренот). Подоцна, тренерот на Старата дама започна со своите тактички замени. Неговата филозофија беше комбинација меѓу два карактеристични италијански стила, силната одбрана на Трапатони и динамичниот напад на Ариго Саки. Додека овие двајца тренери ги одбираа своите фудбалери според замислената формација, Липи ја одбираше формацијата според фудбалерите со кои располага. Тој избегна формација која вклучува либеро и се одлучи за 4-3-3, засилувајќи ги крилните позиции со Владимир Југовиќ кој дојде од Сампдорија. Вешт во одбрана и во напад, активен низ целиот терен, Србинот знаеше да ги заврши нападите со силни и прецизни удари. Југовиќ го постигна и решавачкиот гол од пенал во финалето на Лигата на шампионите против Ајакс на „Олимпико“ во Рим. Тогашниот тренер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано со метафора ги објасни разликите меѓу тогаш двата најдобри европски клубови: „Ајакс на Ван

48 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

Гал ве принудува постојано да ја вртите главата поради постојаното движење на фудбалерите со одлична техника, но тимот на Јувентус ќе ве скрши со физичката сила“. Сепак, Липи постојано ја адаптираше формацијата. За сезоната 1996/97 во која Јувентус го прославуваше 100-годишниот јубилеј, тој ја промени формацијата во 4-4-2 за да ги вклопи новите засилувања, Уругваецот Паоло Монтеро во одбраната, Зинедин Зидан во средниот ред и напаѓачите Кристијан Виери и Ален Бокшиќ. Овие промени донесоа две сензационални победи, понижувањето на ПСЖ со победа од 6:1 среде Париз за победа во европскиот Супер-куп и триумф против Ривер Плата (1:0) за победа во Интерконтиненталниот куп. Но, сезоната заврши разочарувачки откако тактичките одлуки на Липи се свртеа против него. Фудбалерите од кои тој се откажа, Јирген Колер, Андреас Мелер и Пауло Соуса го предводеа тимот на Борусија Дортмунд кој го победи Јувентус со 3:1 во финалето на Лигата на шампионите во Минхен. Тренерската политика носеше брилијантни резултати, базирајќи се на постојани промени во тимот кои беа правени за да се дојде до гарантирани успеси и да се обезбеди добра заработка од трансферите на најдобрите фудбалери. Како пример се трансферите на Филипо Инзаги (го замени Виери кој го засили Атлетико Мадрид) и Едгар Давидс (го замени Југовиќ кој стана нов член на Лацио). Давидс беше непродуктивен во Милан по неколку брилијантни сезони во Ајакс, но Липи го извлече најдоброто од Холанѓанецот. За возврат, игрите на Давидс го правеа Зидан уште подобар фудбалер. По слабиот старт на сезоната, талентот на Зидан експлодираше за да ја продолжи традицијата на големите 10-ки на Јуве како што се Омар Сивори, Мишел Платини, Роберто Баџо и подоцна Дел Пјеро. Иако го имаше најдобриот светски фудбалер за таа година во своите редови, Липи не застана со промените. Откако загуби двајца моќни напаѓачи (Виери и Бокшиќ), формацијата 4-3-1-2 беше прифатена за да овозможи максимална искористеност на Инзаги и Дел Пјеро. Тоа успеа, но само до последниот предизвик. Иако Јуве доминираше во Италија и Европа, Италијанците го загубија финалето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, екипа која како и Борусија претходната сезона не претставуваше сериозен кандидат за трофејот во претходните фази. Поразот беше дефект, сите беа убедени дека Јувентус и натаму е најдобар европски клуб. Но, се појави и еден непријатен глас. Дојде од чешкиот стручњак Зденек Земан кој обвини дека фудбалерите на торинскиот клуб ги постигнале успесите со систематско користење допинг. Започна и истрага, но Спортскиот арбитражен суд во Лозана ги ослободи од обвинението клупскиот генерален менаџер Антонио Џираудо и клупскиот лекар Рикардо Агрикола, откако беше утврдено дека на фудбалерите им биле давани супстанци кои не се забранети. Шпекулациите беа демантирани, но остана фактот дека Едгар Давидс сепак користел допинг. Беше откриено дека Холанѓанецот користел нандролон и тоа додека настапуваше за својата репрезентација. Контроверзите си го направија своето,


Најдобрите денови на Јувентус

Липи

во црно бело

Освоија само една европска титула, но Јувентус под водство на Липи беше најдобар светски клуб, вели директорот на италијанската федерација, Серџо ди Чезаре

ДЕКЕМВРИ 2009 ESPORT 49


СП 2010 Јужна Африка ЕСПОРТ

о тв ш дру о т о стар о в е Враќањ

Кој чека ќе дочека. Оваа изрека ја потврдија неколку репрезентации кои по долга пауза повторно изборија пласман на завршница на едно светско првенство

Т

радиција, непресушен извор на таленти и квалитетна национална лига. За дел од светските репрезентации, оваа комбинација заедно со задолжителната национална стратегија е добитна и најчесто значи сигурен пласман на големите натпреварувања. Но, што е со оние национални селекции и држави кои не исполнуваат неколку од наведените фактори, какви се нивните шанси да се израдуваат на едно мундијалско учество? Шансите секако постојат, но тие се минимални. Зашто и големите репрезентации понекогаш имаат неусешни квалификации, па иако ретко знаат и да пропуштат големо натпреварување. Таквите случаи ги претставивме во минатиот број на Еспорт, а во овој ќе потсетиме на репрезентациите кои во Јужна Африка ќе ги 56 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

освежат сеќавањата на своите фанови кои долго чекаа на нов пласман на едно светско првенство. Не забораваме ниту на оние селекции кои веќе заборавија што значи поимот „мундијалска треска“.

Северна Кореја

Отсуство од мундијалите: 44 години Зона: Азија Скор во квалификации: 2. место (група Б) ФИФА ранкинг: 91 Последен пласман: четврт-финале СП 1966 Селектор: Ким Јонг-Хун Противници во Јужна Африка: Бразил, Португалија, Брег на слоновата коска Квота кај букмејкерите: 2001 Апсолутистичка власт, комунизам, лоша економска ситуација и изолација

од останатиот дел од светот. Тоа се карактеристиките на азиската земја Северна Кореја, која се уште е управувана од „црврстата рака“ на Ким Јонг-Ил и која својот најлут ривал го има во соседот Јужна Кореја. Ако побогатите соседи досега можеа да се пофалат со редовно учество на големите натпреварувања, па дури и коорганизација на мундијалот во 2002 година на кој го освоија четвртото место, Северна Кореја конечно има свој адут за Јужна Африка. По цели 44 години, земјата чиј главен град е Пјонгјанг ќе биде презентирана од своите најдобри фудбалери на едно светско првенство, а нивната и задачата на селекторот Ким Јонг-Хун ќе биде далеку од лесна. Покрај прашањето на квалитет во игра се и последните потези на лидерот на земјата кој во диктаторски стил уште отсега


НБА анти-рекорди

Црнила

Кошаркарите и клубовите секојдневно се обидуваат да подобрат некој актуелен рекорд. Од друга страна, никој не сака да биде запаметен како сопственик на некој анти-рекорд

У

редно водената статистика во НБА лигата овозможува секојдневно да бидеме во тек со поставувањето нови рекорди брз разлика дали тие се однесуваат на кошаркарите или клубовите. Постојано дознаваме дека играчи од типот на Коби Брајант и Леброн Џејмс ги подобруваат рекордите на нивните славни идоли, а дел од екипите се обидуваат да стигнат до победничка серија или перфектна игра со која ќе влезат во историјата. Но, што е со анти-рекордите, или црната статистика во која ниту еден актер или колектив од НБА лигата не сака да биде вклучен, катастрофалните серии кои се ноќна мора за навивачите. Последниот случај на влез во книгата на анти-рекорди е поврзан со сезонава ужасниот тим на Њу Џерси нетс кој нанижа 18 порази по ред без да оствари ниту една победа од почетокот на сезоната. Еспорт ве потсетува на легендарните анти-рекорди во НБА лигата, статистиката во која сите екипи посакуваат да не се пронајдат.

0-18 Анти-рекорд: Најлош почеток Сопственик: Њу Џерси нетс Сезона: 2009/2010 Кризата во редовите на Њу Џерси се прелеа на паркетот и прерасна во вистинска резултатска агонија. Нетси си обезбедија виза за најнеславниот дел од НБА статистиката откако сезонава претрпеа 18 порази по ред, без притоа да остварат ниту една победа од почетокот на сезоната. Екипата која се обиде да направи позитивен шок со отпуштањето на тренерот, никако не можеше да ја открие формулата за остварување победа и успеа да го собори рекордот чии „горди“ сопственици досега беа екипите на Мајами хит од сезоната1988/89 и Л.А клиперс од сезоната 1998/99 чиј почеток беше запаметен по 17 порази без ниту една победа. Американските медиуми сметаат дека овој скор не е изненадувачки откако раководството на Њу Џерси изминативе сезони се откажа од ѕвездите кои го носеа тимот и во плејофот, а притоа не доведоа замени кои би можеле да му го зачуваат статусот на конкурентен тим.

49 Анти-рекорд: Најмалку поени Сопственик: Чикаго булс 64 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009


и т н е м о м и к историс ЕСПОРТ

Трки за паметење Додека Џенсон Батон ја прославува својата прва Ф1 титула, а тимовите се подготвуваат за новата сезона, Еспорт направи преглед на највозбудливите трки во последната деценија

Спа-Франкошамп

2000

Земја: Белгија Главни актери: Мика Хакинен и Михаел Шумахер Победник: Хакинен Епилог: Прва титула за Финецот Целата сезона беше одбележана со големото ривалство меѓу Мекларен и Ферари, односно нивните први возачи, Мика Хакинен и Михаел 68 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

Шумахер. Возбудувањата кулминираа во тринаесетата трка од таа сезона која се возеше на легендарната белгиска патека Спа Франкошамп. На 27 август, Хакинен стартуваше прв откако ја освои пол-позицијата додека Шуми беше во втората линија. Дождот беше главен актер, па откако трката започна со безбедносното возило, лизгавата писта ги отстрани Батон и Трули што му овозможи на Германецот да изврши поголем притисок над Хакинен. Откако еден потег на Шумахер го натера Финецот да вози по трева, веќе на истиот свиок во следниот круг се случи вистинска драма. Шумахер се обиде да го искористи моментот кога требаше да го претрка заостанатиот болид на Рикардо Зонта и тргна да го заобиколува од левата страна, но следуваше страшен

одговор. Хакинен тргна од десната страна и излезе пред легендарниот Германец, а според многумина тоа беше и најгенијалниот потег во кариерата на Хакинен.

Интерлагос 2008 Земја: Бразил Главни актери: Фелипе Маса и Луис Хамилтон Победник: Маса Епилог: Прва титула за Хамилтон


Африканско ЕСПОРТ фудбалско богатство

9 црни дијаманти

Емануел Адебајор

Земја: Того Клуб: Манчестер Сити Позиција: напаѓач Роден: 26 февруари 1984, Ломе Иако последното лето размислуваше најмногу за парите кои ќе ги заработи со потпишувањето договор со Манчестер Сити, Адебајор важи за еден од најдобрите свет-

ски напаѓачи. Според италијанските медиуми, неостварената желба на Милан се уште се адаптира на играта на својот нов клуб, но навивачите на Сити очекуваат да постигнува и повеќе голови од она што го имаше како учинок во дресот на Арсенал. Токму менаџерот на топчиите, Арсен Венгер е заслужен за пресвртот во неговата кариера откако реши да му даде шанса во силната Премиер-лига

Дидие Дрогба

70 ESPORT ДЕКЕМВРИ 2009

изминатиот период беше наградата Африкански фудбалер на годината чиј актуелен носител се уште е токму Адебајор чиј идол во детството бил Нванкву Кану.

Дали знаевте: Адебајор добиваше смртни закани од навивачите на репрезентацијата на Того откако најави дека ќе ги бојкотира натпреварите поради неисплатени премии.

Сејду Кејта

Земја: Брег на слоновата коска Клуб: Челзи Позиција: напаѓач Роден: 11 март 1978, Абиџан Голгетерските квалитети беа доволна причина за комплетна промена на животот на момчето кое имаше тешко детство. Роден во главниот град на својата земја, Абиџан пред 31 година, Дрогба постојано патувал на релација Брег на слоновата коска- Франција и тоа поради сиромаштијата која била присутна и во неговиот дом. Родителите го праќале Дидие кај неговиот чичко во Франција, но носталгијата го враќала назад, се до комплетното иселување на семејството Дрогба во „ветената земја“ за сите поранешни француски колонии. Головите во дресот на Олимпик Марсеј го доведоа Дрогба во Челзи, а за издржаноста на трансферот говори и фактот дека во ситуација кога е далеку од својот последен збор, Дидие е веќе седми најдобар стрелец во историјата на лондонскиот клуб. Без Дрогба и репрезентацијата на неговата татковина би била значително послаба и тешко би го имала статусот кој сега го ужива, меѓу другото и за традиционален учесник на светските првенства. Од неговото деби во 2002 година, Дрогба досега постигна 41 гол на 60 натпревари за националниот

и да го повлече од анемичниот Монако. Трансферот вредеше само 3 милиони фунти, а Адебајор ја исплати секоја фунта од овој договор со 46 голови во Премиер-лигата за три сезони. Иако имаше право да настапува за Нигерија, Адебајор го одбра Того, на кого пред три години му донесе и пласман на Светското првенство во Германија. Потврда за одличните игри во

Земја: Мали Клуб: Барселона Позиција: среден ред Роден: 16 јануари 1980, Бамако

тим и го зацврсти статусот на фудбалска икона во својата земја. Дрогба има двајца браќа, Жоел и Фреди, кои истотака се фудбалери. Жоел последно настапуваше за Металург Доњецк, но оттогаш нема ангажман, додека Фреди е член на младинскиот тим на Ле Ман и ќе ги следи стапките на својот речиси двојно постар брат кој исто така ја започна кариерата во овој француски клуб. Дидие Дрогба досега само еднаш (2006) ја освои наградата „Африкански фудбалер на годината“.

Дали знаевте: Дрогба престојувал во Франција кај својот чичко, Мишел Гоба. Тој бил негов ментор, а во рамките на фудбалската кариера настапувал за француските второлигаши Брест и Данкерк.

Втората голема ѕвезда на репрезентацијата на Мали, која за разлика од Кануте е родена во главниот град на оваа земја, Бамако. Внукот на легендарниот Салиф Кејта, Сејду беше забележан во младинските категории од француските клубови, меѓу кои најупорен беше Олимпик Марсеј. Подоцна настапуваше и за Лориен и Ленс, а вистинските квалитети ги покажа во единствената сезона во која го носеше дресот на Севилја. Барселона го доведе Кејта без премногу да преговара за откупната цена (14.000.000 евра) и тоа во пакет со Бразилецот Дани Алвеш. Кејта веќе 9 години настапува за својата репрезентација, а покрај неуспехот да ја одведе својата селекција на мундијал, може да биде горд поради трофеите освоени со Барса.

Дали знаевте: Дедото на Сејду, Салиф е еден од најголемите африкански фудбалери во историјата. Настапуваше за Ст. Етјен со кој освои три титули во Франција, а подоцна беше член и на Олимпик Марсеј, Валенсија и Спортинг Лисабон.


најава

број о следниот в г о л и р п н Специјале

Кој е вистинскиот Супер Марио? Баслер, Гомес или Балотели

Фудбалскиот пазар се активира Јануари е месец за исправање на грешките

Холанѓани во Милано

Ван Бастен, Снајдер, Сидорф, Гулит, Хунтелар...

Шевченко

се врати дома По Милан и Челзи, Динамо е последниот предизвик


Esport 60  

sport, football

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you