Issuu on Google+

Број 57 I септември 2009

 Распоред на натпревари 

www.esport.com.mk

Сезона 2009/10

Комплетен водич за

лигата на

шампи ните

32 екипи  125 натпревари  800 фудбалери  1 трофеј

А РУВ ОДА ЛЕН П И В ГИНА ОРИ ЕС НА ДР

ИЦА вРБ НОВ А СТЕФСТР. 25

Фудбалски трагедии Харке, Фо, Фехер... Интервју

Жртви на синдромот „SDS“

Дарко Тасевски

Лига Европа е повеќе од утеха

Полска 2009

ЕП во кошарка

Распоред, статистика, историјат....

досие „комити“

E

индија

E

јусеин болт

E

диего

E

даника патрик

СЕПТЕМВРИ 2009 90 ДЕНАРИ

9 771409 656006

57


КОМЕНТАР Блашко Вељановски

blasko.veljanovski@esport.com.mk

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Магазинот Еспорт се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Еспорт е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Содржините и структурата на Еспорт се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Првиот број на списанието излезе на 04 март 2005 година под името Club Football. Списанието Esport е дел од групата на списанија на Глобал Медиа заедно со компјутерското списание Click, списанието за автомобили AutoFocus и онлајн медиумите www.autovision.mk и www.notformen.mk.

Број 57 I септември 2009

ИЗДАВАЧ

Адреса: Васил Ѓоргов 21-2 /7, 1000 Скопје, Македонија www.gmp.mk E-mail: contact@gmp.mk телефон: +389 (2) 5209 705 Директор Александар Попов aleksandar.popov@gmp.mk

РЕДАКЦИЈА Главен и одговорен уредник Блашко Вељановски blasko.veljanovski@esport.com.mk

Графички уредник Маргарита Сотировска marga.sotirovska@esport.com.mk

Колумнист Милорад Стојмановски michel.stojmanovski@esport.com.mk

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Фото-сервис Печатено во Печатница „Пропоинт” Дистрибуција MПМ дистрибуција Тел: 02/3089 313 ISSN 1409-6560 Закуп на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@gmp.mk

Жиро-сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 5209 706 E-mail: redakcija@esport.com.mk SMS-контакт: 070/14 55 85

Атлетичарите го трчаат последниот круг Допинг скандалите ја ранија Кралицата на спортовите, но не успеаја да ја усмртат. Затетеравена и залечена со помош на напредната технологија и почестите допинг контроли, атлетиката повторно го враќа стариот сјај кој ја донесе на толку престижна позиција во спортската фамилија. Нечесните обиди за инстант успех ќе бидат дел од спортот како што лакомоста е дел од човечкиот карактер, но светското првенство во Берлин докажа дека тревата и тартанот се стадионска комбинација која привлекува голем број љубители на спортот. Илјадници атлетичари од целиот свет се натпреваруваа во германската престолнина која следниот месец ја одбележува 20-годишнината од паѓањето на берлинскиот ѕид, а Јусеин Болт и неговите колеги докажаа дека во овој спорт никогаш нема да постојат ѕидови кои не можат да се срушат. Што се случува со атлетиката во Македонија? Ништо, пред изумирање е! Звучи трагично, ама така е. На веќе завршеното светско првенство имавме само еден претставник, а Ивана Рожман немаше машка придружба затоа што ниту еден нејзин колега од посилниот пол нема доволно тренинзи или не се наоѓа во добра форма за настап на атлетскиот мундијал. Замислете, никој не бара од нас да поставуваме рекорди, ама нашите атлетичари немаат мотив ниту да ја исполнат олимписката премиса за учество. И никој не смее да ги обвини нив, бидејќи услови за овој спорт во Македонија воопшто и не постојат. Патеката на „Филип Втори“ е уништена, а допрва ќе треба да чекаме да биде изградена најавената патека во Охрид. Велат дека степенот на култура и цивилизираност на една земја може да се измери според бројот на гледачи на атлетските натпревари. А, замислете, ние немаме патеки, а на некаков импровизиран натпревар не можат да се соберат ниту 100 гледачи. Натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин обично се инспирација за величење на атлетиката и придобивките од неа, но ние повторно мораме да потсетуваме дека огледалото на човечкиот менталитет кај нас одамна е скршено. По атлетското светско првенство, сега на ред е европското кошаркарско првенство, а најавата за настаните кои не очекуваат до 20 септември ќе ја пронајдете на 26 страна од овој број на Еспорт. Ве подготвуваме и за новата сезона од Лигата на шампионите, а во Еспорт ќе го прочитате и ексклузивното интервју со Дарко Тасевски.

Велат дека степенот на култура и цивилизираност на една земја може да се измери според бројот на гледачи на атлетските натпревари. А, замислете, ние немаме патеки, а на некаков импровизиран натпревар не можат да се соберат ниту 100 гледачи


содржина

56

Септември 2009

фудбалски трагедии Нивното срце ќе бие вечно

4

КОМЕНТАР

6

Фото на месецот

СТАРТ

10 Голмани-тренери

Трофеи без мака Феликс Магат

18 топ 10

Трансфери во летниот преоден рок

20 Интервју

Дарко Тасевски

26 ЕП во кошарка 2009

Европскиот крем на собир во Полска

28 Премиер-лига

20

Мајстори за трошење пари

30 Индија

интервју

Фудбалот ќе го предизвика крикетот

Дарко Тасевски

34 Фудбалска поделба на Германија

Западот го истисна истокот

42 Македонија-Шпанија

Фото-репортажа

44 Лига на шампионите 2009/10

Време е за шоу!

54 Досие „Комити“

Зулумџии или само јатаци?

56 Фудбалски трагедии

Нивното срце ќе бие вечно

62 Inside

Јусеин Болт

64 НБА

Најдобри и најлоши сопственици

68 Мотоспорт Прва жена во Ф1?

70 Прв и последен пат Најголем клупски успех МЕГА ПОСТЕРИ

44

54

досие „комити“

Јусеин Болт

Диего

лига на шампионите 2009/10 Време е за шоу!

Зулумџии или само јатаци?

СЕПТЕМВРИ 2009 ESPORT 5


Фото вест AP Photo/Anja Niedringhaus Berlin, Germany

Спорт без предрасуди Савана Санитоа беше една од најпопуларните атлетичарки на светското првенство кое минатиот месец се одржа во Берлин. Репрезентативката на Индонезија не успеа да обезбеди пласман во квалификациите во нејзината матична дисциплина фрлање кладиво, па реши да се пријави во квалификациите на 100 метри. 22-годишната Санитоа патуваше 15.000 километри за да стигне во Германија, а во квалификациите истрча трето најслабо време, односно 14,23 секунди. СП во Берлин помина во доминација на американската репрезентација која освои вкупно 22 медали и беше најуспешна пред Јамајка и Кенија. Најголема ѕвезда повторно беше јамајканскиот спринтер, Јусеин Болт кој постави нови светски рекорди на 100 и 200 метри.

6 ESPORT СЕПТЕМВРИ 2009


СЕПТЕМВРИ 2009 ESPORT 7


КОЛУМНА Милорад Стојмановски milorad.stojmanovski@esport.com.mk

ТОМИ

П

ливачкиот маратонец Томи Стефановски оствари подвиг кој ќе влезе во аналите на македонскиот спорт - го преплива Ла Манш. Уште еднаш ја впиша Македонија во мапата на земји, познати по пливачките маратони и маратонци и го промовираше македонскиот спорт. Премачкан со сите масти, застанал на францускиот брег по речиси осумчасовна борба со студената и матна вода, високите бранови, густиот сообраќај (дури и танкер му го пресече патот), го освои пливачкиот Монт Еверест. Стана третиот Македонец по Нико Нестор и Атина Бојаџи кој успеал да го совлада Каналот. Скокна во водата околу 6 часот наутро во англискиот Довер за да се "исправи како јарец" на целта, како што ќе рече неговиот тренер и водач од бродот Васил Велков. На целта на францускиот брег, на 14 август, во 13:47 часот, беше скромно пречекан од неколкумина Македонци, иако го постигна 11-то најбрзо време во историјата од вкупно 1471 соло препливувања на каналот што ги поврзува Северното Море и Атлантскиот Океан. "Морам прво да се одморам", рече скромниот Томи, поранешен спортист на Македонија за освоеното петто место во вкупниот пласман на Светскиот куп во маратонско пливање. И годинава му треба уште еден маратон, тој во Дубаи, на 25 октомври, за да забележи уште еден добар пласман - веројатно некаде околу 10. место на листата на најдобрите пливачки гладијатори во светот. Како и да не се одмори, кога за само еден месец преплива четири маратони, секој долг околу 30 километри - два во Канада, Охридскиот и Ла Манш. Најголемиот дел обични смртници не испливале вкупно 120 километри за целиот свој живот. Требаше да минат четири, односно пет децении за да се повтори успехот на нашите славни маратонци. Период предолг за земја со традиција во овој спорт. Но, тоа е само одраз на состојбите во спортот, па и во земјава воопшто. Континуираното запоставување на таканаречениот "најдобар амбасадор на земјата" доведе во ситуација тој да опстојува од самофинансирање. Како што впрочем, беше и целиот подвиг на Томи. Пливачката федерација на Македониа,

20 ESPORT СЕПТЕМВРИ 2009

преокупирана со борбата за власт и поделеноста меѓу неколку центри на моќ во пливањето, речиси и не го одбележа овој датум за историјата. Само колегите на Томи - тренери, му оддадоа признание, покрај она од државата, која му додели национално спортско признание - врвен спортист. Томи ја заслужи спортската пензија и претходно, но овој подвиг му беше неопходен за лична сатисфакција и за мирно напуштање на активното пливање, по долгогодишната кариера како пливач, маратонец, дури и ватерполист. Неговиот хероизам ќе остане парадигма како да се успее и без пари, и без логистика, и без соодветни услови за тренинг (базените кај нас не функционир��ат в зиме). Да им затвори уста на сите што постојано се жалат на нешто.

Неговиот хероизам ќе остане парадигма како да се успее и без пари, и без логистика, и без соодветни услови за тренинг


Соништата стануваат реалност Дарко Тасевски годинава ќе биде наш претставник во Лига Европа. Македонскиот репрезентативец оправдано има големи очекувања од периодот кој следува во неговата кариера

21


и

КФМ ви доделуваат дрес на Врбица Стефанов

1. Одговорете на наградното прашање 2. Исечете го купонот и испратете го на адреса: ул. Васил Ѓоргов 21 2/7, Скопје 1000

3. Името на добитникот на дресот на Врбица Стефанов ќе биде објавено во следниот број на Еспорт Наградно прашање:

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! Во следниот број на Еспорт: Купон за учество во наградната игра во која ќе ви доделиме дрес на Дарко Тасевски.

Со кој клуб, Врбица Стефанов стана шампион на Турција? а) Фенербахче б) Мерсин в) Улкер ИМЕ ................................................................................................. ПРЕЗИМЕ ......................................................................................... АДРЕСА ............................................................................................ Телефон ....................................... Град ........................................


ПРЕМИЕР-ЛИГА

Мајстори за трошење пари Откако управуваат со Манчестер Сити, арапските сопственици потрошија над 500 милиони евра. Сепак, и оваа сума не е доволна за да се купи волшебното стапче со кое Сити преку ноќ ќе стане трофеен клуб

А

нглиската Премиер-лига доби инвеститори со длабоки џебови во семејството Ал Нахјан кое реши да се натпреварува со членовите на големата четворка. Една година подоцна, Манчестер Сити се уште е просечен клуб кој носи атрактивни засилувања, но досега нема освоено ниту еден трофеј. „Би бил задоволен и со освојување на Лига купот“ – изјави пред неколку месеци менаџерот Марк Хјуз кој призна дека клубот има потреба од првата титула која би им ја зголемила самодовербата на фудбалерите, но и би докажала дека Манче-

28 ESPORT СЕПТЕМВРИ 2009

стер Сити е способен да се бори за високи дострели. 550 милиони евра потрошија новите сопственици на Сити откако го купија клубот од Таксин Шинаватра и по започнувањето со купување нови фудбалери. Робињо и Крег Белами во претходниот и Тевес, Бери, Санта Крус, Лескот, Адебајор и Туре во последниот преоден рок се скапите засилувања на екипата која последната сезона ја заврши на 10. место. „Абу Даби јунајтед груп“ е компанијата зад која стојат шеиците од Дубаи и која реши да го следи патот на Роман Абрамович, за кого

се сметаше дека ќе биде првиот и единствен инвеститор кој вложил многу пари во англиски клуб, притоа очекувајќи инстант резултати. Американските сопственици на Ливерпул и Манчестер јунајтед исто така имаат дебело банкарско конто, но не ми помислуваат да се расфрлаат со своите пари, додека посиромашните клубови никогаш нема да можат да се доближат до резултатите на побогатите. Богатството на арапските инвеститори во Манчестер Сити е неспоредливо поголемо од тоа на Абрамович или Глејзер, а според анализите фамилијата Ал Нахјан е сопстве-


Индија

Фудбалот ќе го

предизвика крикетот Најважната споредна работа во светот е само споредна во Индија. Таму се уште царува крикетот 30 ESPORT СЕПТЕМВРИ 2009


Индија

крикетот е спорт број еден, па ривалството ја зацврстува позицијата на овој спорт пред сите останати. Голем број Индијци живеат низ Европа и тие се дел од армијата фудбалски фанатици кои уживаат во Лигата на шампионите, а дека фудбалската страст не недостасува и во Индија говори фактот што на прошталниот натпревар на Оливер Кан во Калкута присуствуваа 125.000 гледачи. 50.000 фудбалски фанови го пречекаа Диего Армандо Марадона на аеродромот во главниот град, а кумулативната бројка за тв гледачи на последното светско првенство изнесувала 675 милиони гледачи. Еден од водечките во мисијата фудбалот да го добие заслуженото место во Индија е Боб Хаутон, тренерот кој го одведе Малме до финалето на Купот на европските шампиони во 1979 година. „Сите фудбалери во тој тим потекнуваа од Малме. Градот има 300.000 жители, но успехот беше доказ дека Шведска има можност да напредува“, вели Хаутон. Главен двигател на фудбалскиот напредок во

„Кој ќе го пронајде индискиот Дејвид Бекам, ќе пронајде златен рудник“

З

емјата со застрашувачка бројка од над 1 милијарда жители и понатаму каска со своето влијание во фудбалскиот свет, откако националниот тим на Индија се уште не може да избори пласман меѓу 100-те најдобри репрезентации во светот. Азиската земја досега не се обиде да направи некој посериозен пресврт во вниманието кое му ја посветува на фудбалската едукација и барем засега, фудбалот се уште е најпопуларен спорт само меѓу најмладата популација. Исклучок е секоја четврта година, односно одржувањето на светските првенства, кога мундијалската треска ја зафаќа и Индија, па гледаноста на овој настан ги руши сите рекорди. Како и во сите други земји кои не учествуваат на завршниот

турнир и Индијците си имаат свои фаворити и активно ги следат сите натпревари меѓу најсилните светски репрезентации. Доказ дека фудбалот се уште не може да се носи со за европски услови не многу атрактивните хокеј на трева и крикет е податокот дека првиот важи за национален спорт, додека крикетот е најпопуларен спорт повеќе од две децении. Главен фактор за етаблираноста на крикетот во втората земја во светот според бројот на жители е освојувањето на светското првенство во 1983 година, што беше доволно за насочување на многу средства и популаризација преку домашното првенство. Индијците сметаат дека еден од факторите за подредената улога на фудбалот е и тоа што во соседните земји исто така

земјата поделена на многу региони и земјата на многу религии треба да биде новоформираната И-лига. “И-лигата мора да биде моторот. Напредокот во последните две и пол години е очигледен и доаѓањето на странски тренери носи дополнителен квалитет“, потенцира Хаутон. Индискиот селектор кој е Англичанец ја одведе оваа азиска земја до победа во Азискиот челинџ куп и обезбеди пласман на Азискиот куп прв пат по 1984 година. Интересот кој го предизвика прошталниот натпревар на Кан во Калкута им покажа на европските гиганти дека можат да имаат голем бизнис-интерес во Индија. „Успехот на индиската крикет-лига помогна бидејќи финансискиот обрт од 1,2 милијарди евра покажува дека и во фудбалот може да се заработат истите пари“, смета индискиот новинар Арунава Чаудури. „Кој ќе го пронајде индискиот Дејвид Бекам, ќе пронајде златен рудник“ надополнува Чаудури. Англиските клубови одамна праќаат скаути за да ги следат индиските таленти, а нив треба да ги пронајдат меѓу 20 милиони фудбалери. Англиските клубови засега само експериментираат и не понудиле долгорочна програма со која ќе ги привлечат индиските фудбалери, но затоа Баерн Минхен е поконкретен. По прошталниот натпревар на Кан, одговорниот за меѓународни контакти, Мартин Хагеле изјави: „На враќање кон Германија одлучивме за долгорочна инвестиција во Индија. Имаме понуда од владата во Западен Бенгал да изградиме фудбалско училиште. Ќе наСЕПТЕМВРИ 2009 ESPORT 31


Западот

го истисна

Истокот

Поделбата на Западна и Источна, на богата и сиромашна Германија предизвика сериозни разлики во моќта на фудбалските клубови, што пак го предодреди нивниот денешен (не)успех

П

очетокот на новата сезона во германската Бундеслига и одбележувањето на 20-годишнината од рушењето на берлинскиот ѕид, повторно го актуелизираше проблемот за разликите во финансиската моќ меѓу клубовите кои доаѓаат од источниот и западниот дел на Германија. Плејоф двомечот меѓу Енерги Котбус и Нирнберг одигран по крајот на претходната сезона, претставуваше многу повеќе од обичен дуел на две екипи кои се борат за опстанок или влез во 1. германска Бундеслига. Двата натпревари значеа и последна шанса за клубовите од поранешна Источна Германија да го задржат своето единствено место во најелитната фудбалска лига во оваа земја. Екипата од Котбус не успеа да излезе како победник и оваа сезона настапува во 2. Бундеслига, со што поранешниот источен германски блок остана без ниту еден претставник во прволигашкото друштво. Кога ќе го споменеме и податокот дека 19 години по формирањето на овој систем на 1. Бундеслига, ниту еден тим од Источна Германија нема освоено шампионска титула, станува јасно дека клубовите кои пред паѓањето на берлинскиот ѕид беа во посиромашниот дел, се уште не можат да им парираат на „западњаците“.

Европски успеси Единствениот источногермански клуб кој освоил европски куп е Магдебург кој во далечната 1974 година триумфираше во Купот на победниците на куповите откако го совлада Милан со 2:0 во Ротердам. Наместо европски натпревари, Магдебург денеска настапува во регионалната лига и игра натпревари против резервите на Херта или Баерн Минхен. Во слична ситуација се Јена и Лајпциг кои своевремено играа во финалето на Купот на победниците на куповите, но загубија од Динамо Тбилиси, односно Ајакс. Покрај клупските успеси, поранешна Источна Германија е дефицитарна и во создавањето на квалитетни фудбалери. Ако во минатите децении од овој дел пристигнаа фудбалери како Андреас Том, Томас Дол, Матијас Замер и Улф Кирстен, единствената „источна“ ѕвезда во моментов е Михаел Балак кој е роден во Горлиц.

34 ESPORT СЕПТЕМВРИ 2009

Европска титула Клубовите од Источна Германија се натпреваруваа и во европските купови, но ретко кога имаа успешни резултати. Исклучок е 1974 година, кога екипата на Магдебург успеа да го освои Купот на победниците на куповите, откако во финалето во Ротердам го совлада Милан со 2:0.


ФУДБАЛСКА ПОДЕЛБА НА ГЕРМАНИЈА

СЕПТЕМВРИ 2009 ESPORT 35


Ноќ за паметење! Организациските пропусти не го уништија спектаклот. Стадионот „Филип Втори“ беше сведок на натпревар за паметење во кој европскиот шампион победи со 3:2, а навивачите уживаа во одличната атмосфера и промоцијата на новата северна трибина Фото: Мите Кузевски & AP

Македонија - Шпанија 2:3 (12 август 2009)

Најпознатиот шпански навивач, Маноло, ја бодреше својата репрезентација и во Скопје

Артим Шаќири се прости од настапите во репрезентативниот дрес и доби подарок од „Комитите“

Пред почетокот две минути молчење. Првата во чест на Даниел Харке, а втората во чест на загинатиот работник на „Бетон“

Каролина ја пееше македонската химна, но ја искористи можноста и за заедничка фотографија со Икер Касилјас

Навивачите во знакот на црвено-жолтата комбинација

Сложно за Македонија!


НАТПРЕВАРИ НА КАРИЕРАТА

Пандев:Рејна 1:0

Првиот гол предизвика голема еуфорија кај навивачите

Пандев-Рејна 2:0

Насмевките на лицата на македонските навивачи по водството од 2:0

Риера го потврди квалитетот на гостинската репрезентација и го постави конечниот резултат 2:3

По пресвртот, се смени и расположението. Торес, Касилјас и Вилја со насмевка на лицата го дочекаа крајот на натпреварот


Клубови со најголема заработка во 17-годишната историја на Лигата на шампионите:

лига на шампионите 2009/10

Манчестер јунајтед

291.900.000

Баерн Минхен

270.200.000

Реал Мадрид

251.800.000

Арсенал

236.500.000

Барселона

229.100.000

Милан

218.900.000

Челзи

201.500.000

Лион

198.300.000

Јувентус

190.200.000

ПСВ Ајндховен

159.800.000


Распоред за сезоната 2009/10:

лига на шампионите 2009/10

Фаза по групи: 15/16 септември 2009 29/30 септември 2009 20/21 октомври 2009 03/04 ноември 2009 24/25 ноември 2009 08/09 декември 2009 Осмина-финале: 16/17 и 23/24 февруари 2010 09/10 март и 16/17 март 2010 Четврт-финале: 30/31 март 2010 06/07 април 2010 Полуфинале: 20/21 април 2010 27/28 април 2010 Финале: 22 мај 2010 (Мадрид)

Време е за шоу! Периодот меѓу финалето и стартот на новата сезона секогаш е премногу долг за фудбалските фанови. Новата сезона на фудбалската Лига на шампионите на сцена повторно ќе го врати најквалитетниот европски фудбал кој ќе понуди неповторлива забава во наредните 9 месеци

С

езоната 2009/10 во Лигата на шампионите донесе нов концепт во квалификациите според кој претставниците на послабо рангираните фудбалски земји добија полесен пат за влез во фазата по групи, па покрај својата афирмација ќе имаат можност за одлична заработувачка. 32 екипи од кои 8 дебитанти, ќе се обидат да бидат конкурентни и да го постигнат најголемиот успех во клупската историја. Актуелниот шампион Барселона повторно е најголем фаворит за да ја освои европската титула, но и Каталонците се свесни дека ќе биде тешко да ја победат традицијата според која ниту една екипа не биле два пати по ред освојувач на Лигата на шампионите. Дефанзивецот на Апоел, Бобан Грнчаров ќе биде единствениот претставник на Македонија во оваа фаза.

Шампионот ќе заработи 60 милиони Финансиската криза не влијаеше врз профитабилноста на најквалитетниот европски куп, а најдобар доказ за тоа се зголемените премии за најдобрите во Лигата на шампионите. УЕФА ги одреди средствата кои ќе му припаднат на победникот, но и на останатите учесници, па клубовите знаат што добиваат со пласманот во секоја следна фаза. Најдобриот, новиот европски шампион ќе заработи цели 60 милиони евра, или над 20 милиони повеќе од екипата со најголем приход во последната сезона.

Премии во Лигата на шампионите: Фаза

2008/09

2009/10

Разлика

Национален шампион

/

200.000

/

Пласман во фаза по групи

5.400.000

7.100.000

+ 32 %

Победа во фаза по групи

600.000

800.000

+ 25 %

Реми во фаза по групи

300.000

400.000

+ 25 %

Осмина-финале

2.200.000

3.000.000

+ 37 %

Четврт-финале

2.500.000

3.300.000

+ 32 %

Полуфинале

3.000.000

4.200.000

+ 40 %

Финале

4.000.000

5.500.000

+ 37 %

Победник

7.000.000

9.000.000

+ 29 %

Вкупно:

25.000.000

31.400.000

+ 26 %

СЕПТЕМВРИ 2009 ESPORT 45



esport 57