Issuu on Google+

39

www.esport.com.mk

Број 39 I АПРИЛ 2008

ТОП 5 ЕП2008 дебитанти E фудбалот во иднината E нба плејоф распоред E фудбалери на myspace


 ESPORT АПРИЛ 2008


КОМЕНТАР Иван Димитров

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ Магазинот Еспорт се печати еднаш месечно со одобрение од Глобал Медиа и е во правна сопственост на издавачката куќа. Еспорт е интернационално регистрирана трговска марка во сопственост на Глобал Медиа и нејзиното користење е дозволено само со писмено одобрение, на начин и стандарди утврдени од сопственикот на правата. Содржините и структурата на Еспорт се интелектуална сопственост на Глобал Медиа и не е дозволено нивно копирање, скенирање и пренесување на било какви други форми на медиум без одобрение од сопственикот на правата. Првиот број на списанието излезе на 04 АПРИЛ 2005 година под името Club Football.

Број 39 I АПРИЛ 2008

ivan.dimitrov@esport.com.mk

ИЗДАВАЧ

Адреса: Васил Ѓоргов 21-2 /7, 1000 Скопје, Македонија E-mail: contact@esport.com.mk Директор Александар Попов aleksandar.popov@esport.com.mk

РЕДАКЦИЈА Главен и одговорен уредник Иван Димитров ivan.dimitrov@esport.com.mk

Заменик Дарко Василевски darko.vasilevski@esport.com.mk

Графички уредник Коста Стаматовски kosta.stamatovski@esport.com.mk

Уредници Фудбал Иван Димитров ivan.dimitrov@esport.com.mk

Кошарка Енес Каракаш

enes.karakas@esport.com.mk

Автомобили Дарко Јаконов darko.jakonov@esport.com.mk

Колумнисти Милорад Стојмановски michel.stojmanovski@esport.com.mk

Александар Табаковски

aleksandar.tabakovski@esport.com.mk

Јазичен соработник Ана Манасиевска ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Фото-сервис

Иднината на фудбалот

Печатено во Печатница „Софија” Дистрибуција Плус Продукција Тел: 02/2580 020, 2580 023, 2580 024 ISSN 1857-5765 Закуп на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@esport.com.mk

Жиро-сметка: 300000001963413 Депонент: Комерцијална банка Даночен број: 4030004522240 КОНТАКТ Телефон: +389 (2) 3223-575 E-mail: redakcija@esport.com.mk SMS-контакт: 070/14 55 85

Горан Пандев е иднината на нашиот фудбал

Случајно или намерно, во ова издание на Еспорт обработивме неколку теми кои се однесуваат на иднината на фудбалот и спортот воопшто. Тргнавме со тоа како напредокот на технологијата ќе влијае на фудбалот во следните 15-тина години. Не измислувавме ништо, туку само ги земавме размислувањата и истражувањата на научници и експерти во областите кои можат да влијаат на спортот. Според сите параметри, за 15 години човекот ќе ја има технологијата за да направи драстични измени во спортот, а ќе остане само на луѓето кои го водат фудбалот да одлучат колку од тие промени ќе сакаат да имплементираат и да го променат целиот лик на спортот. Нешто кое е неразделен дел од фудбалот е и бизнисот, особено оној со ТВ права. Така, направивме осврт на тоа како ќе изгледаат телевизиските преноси на натпреварите во иднината. Ако денеска сме зависни од она што нашите телевизиски станици ќе сакаат или ќе бидат во можност да ни го понудат, за 10-тина години од денес ние самите ќе бидеме режисери на натпреварите, уредници на телевизиите (ќе го бираме натпреварот кој сакаме да го гледаме), а ќе можеме да го следиме нашиот омилен тим преку директен пренос и на мобилен телефон, мп3 плеер и секаква друга направа која во себе има интернет врска и дисплеј. Кога сме кај иднината на фудбалот, а сакаме да се свртиме кон она што е наше, домашно, можеме да се свртиме само кон еден човек – Горан Пандев. Тој е иднината на нашиот фудбал. На само 24 години, Горан Пандев веќе има три сезони во Серија А во кои постигнува двоцифрен број на голови, успеа да му даде три гола на Реал Мадрид на два натпревари, два гола на Јувентус... Пандев е човекот од насловната страна и го заслужува тоа. Тој покажа дека за да се постигнат врвни резултати не е потребно само талент, туку и напорна работа, трпение, нерви и карактер. Тој ги има овие особини и успеа да стане еден од најдобрите фудбалери во Европа. Неговото време допрва доаѓа. Сега се наоѓа пред најдобрите години од неговата фудбалска кариера и сите ние треба да се молиме дека ќе продолжи да се труди исто како и досега и летово ќе ја донесе правилната одлука во однос на трансфер во друг клуб. Пандев е нашата надеж и светол пример за сите деца кои сега се заљубуваат во фудбалот и сонуваат да станат како него. Придобивката е најголема кај најмалите кои сега гледаат дека не е важно какви се состојбите во домашниот фудбал и какви се условите во фудбалските школи – доволно е да се има желба за да се успее и да се лови сонот сé додека не стане реалност, онака како што стана реалност за Горан Пандев. E АПРИЛ 2008 ESPORT 


 ESPORT АПРИЛ 2008


содржина АПРИЛ 2008

34

} euro countdown Преглед на Групата Ц: Италија, Франција, Холандија, Романија

3 6

КОМЕНТАР Фото на месецот

КОЛУМНИ

20 МИЛОРАД СТОЈМАНОВСКИ 88 АЛЕКСАНДАР ТАБАКОВСКИ СТАРТ

9

Мајкл Џордан Леброн Џејмс Мишел Платини

ФУДБАЛ

20 горан пандев

Сите голови на нашиот интернационалец во Серија А и линкови до видеата со головите на интернет

24 ТОП 5 дебитанти

Фудбалерите кои ќе го имаат своето деби на Европското првенство ова лето, а нивното време допрва доаѓа...

82

} нба плејоф Кој ќе ја освои титулата?

26 отпишаните од еуро2008

Најдобрите фудбалери кои нема да настапат на Европското првенство во Австрија и Швајцарија од разни причини...

34 euro countdown

Преглед на групата Ц - групата на смртта во која се Холандија, Франција, Италија и Романија...

38 арсен венгер

Второ од шесте продолженија извадоци од биографијата на Арсен Венгер. Овој извадок за двојната круна....

64 фудбалот во 2020

Интересна анализа и најава на разни експерти за тоа како ќе изгледа фудбалот во иднината...

68 водич до европа

Како да присуствувате на најголемите дерби натпревари во Европа. Комплетен водич за се што ви е потребно

ПОСТЕРИ

стивен џерард нба плејоф

КОШАРКА

82 нба плејоф најава

Преглед на сите тимови кои обезбедија пласман во плејофот и нивните шанси за освојување на титулата...

МОТОСПОРТ

20

} горан пандев Сите голови во Серија А

88 старт на сезоната

Заклучоците по првите три трки во новата сезона. Кои тимови изненадија, кои разочараа и што можеме да очекуваме во понатамошниот тек на сезоната?...

AUTO FOCUS MINI

Специјален додаток за автомобили СЕРВИС

92 РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ 96 КВИЗ 98 INSIDE

30

} тв права: Иднина Ќе гледаме ли фудбал преку мобилен телефон?

АПРИЛ 2008 ESPORT 


фото на месецот AP Photo / Chris Jackson

 ESPORT АПРИЛ 2008


Олимписката шампионка Кели Холмс трча со Олимпискиот оган на О2 Арената во Лондон. Оваа арена порано беше позната како Милениум Дом, а во 2012 година ќе биде еден од домаќините на Олимписките игри кои ќе се одржат во Лондон. Инаку, Олимпискиот факел и оган се соочуваат со огромни проблеми на патот низ светот. Главна причина е спорот помеѓу Кина, домаќинот на Олимпијадата и нивната соседска држава Тибет. Имено, многу луѓе ширум светот го осудуваат односот на Кина со Тибет и бараат нивните земји и спортисти да ги бојкотираат игрите, со цел да престане насилството. Олимпискиот оган кој ќе патува до Кина е идеална прилика за сите протестанти да го изразат својот гнев, па затоа овој пат оганот патува со огромна полициска придружба и обезбедување. Во еден дел од Париз каде беше собрана поголема маса на протестанти, оганот дури и беше изгаснат и префрлен во автобус, па потоа одново упален. Не се памети кога патувањето на факелот било волку бурно и со волку политика. E

АПРИЛ 2008 ESPORT 


 ESPORT АПРИЛ 2008


Прашања од читателите

Победничкиот гол на Ѕола

Q

Кој беше составот на Челзи кога ја освои последната титула во Европа?

A

Последните две децении не се особено трофејни за Интер, ако се исклучат последните две сезони со трофеи од Серија А. Најплоден период во историјата на клубот се 60-тите години од минатиот век кога три пати успевале да го освојат скудетото во Италија: во 1963, 1965 и 1966 година. Освен тоа, во овој период два пати триумфираат во тогашниот КЕШ (Куп на Европски шампиони) во 1964 и 1965 година. Севкупно, Интер има освоено 30 трофеи – од кои 15 се титулите од домашното првенство (Серија А), 5 во Купот на Италија, 2 во КЕШ, 3 во Купот на УЕФА, 2 во Интерконтиненталниот Куп и 3 во Суперкупот на Италија.

A Ве интересира кој бил шампион во Ф1 пред 27 години? Кога почнале да се одржуваат светските ракометни првенства? Кој го освоил златниот медал на 100 метри на ОИ во Барселона? Слободно можете

Последната титула на Челзи во Европа е онаа од Купот на Победниците на Куповите во 1998 година. Во финалниот натпревар Челзи го совлада Штутгарт со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Џанфранко Ѕола. На тој натпревар за Челзи настапија уште и: Де Гој, Петреску, Лебеф, Кларк, Појет, Дјубери, Вајс, Гренвил, Ди Матео и Торе Андре Фло. Освен оваа титула, Челзи има уште еден трофеј во КПК и тоа во далечната сезона 1970/71. Тогаш во финалниот натпревар беа подобри од Реал Мадрид, а од попознатите фудбалери настапуваа Бонети, Бојл, Демпси, Хадсон, Болдвин, Осгуд... Трет и последен трофеј за Челзи е оној од Суперкупот на Европа во 1998, а тогаш настапуваше со истиот состав кој триумфираше во финалето на КПК неколку месеци претходно.

да поставите било какво прашање поврзано со спортот. Најинтересните ќе бидат одговорени и објавени

Златниот период на Интер

Q

Во кој период од својата историја Интер освоил најмногу титули?

старт ретките фудбалери со дури 5 освоени титули. Паоло Малдини има преку 600 настапи за Милан во Серија А и преку 160 во Европа, а е и рекордер според бројот на настапи за репрезентацијата на Италија: вкупно 126.

Домаќините на ЛШ

Q

Во кој европски град се одиграни најмногу финални натпревари од Лигата на шампионите?

Вечниот Малдини

Q

Колку трофеи во кариерата има освоено Паоло Малдини?

A

Трофејот кој го освои со Милан во Лигата на шампионите е 26 по ред во кариерата на легендарниот дефанзивец на Милан. Најмногу титули има разбирливо во Серија А – седум: првата во 1988, а последната во 2004 година. Во Лигата на шампионите е еден од

A

Доколку сметаме заедно со поранешниот Куп на Европски шампиони – натпреварување кое е претходник на Лигата на шампионите, тогаш Лондон и Париз го држат приматот со организирање на 5 финални натпревари. Зад овие градови се Брисел и Виена со по 4 организации на највозбудливиот натпревар во Европа, а неколку градови имаат по 3 организации на финалето на Лигата на шампионите: Глазгов, Мадрид, Милано, Минхен и Рим. АПРИЛ 2008 ESPORT 


10 ESPORT АПРИЛ 2008


Кусо интервју / Цитати Кусо интервју

Сем Алардајс • The Times

Од него се очекуваше да го врати Њукасл на победничките патеки, но си замина по 21 средба. Што се случи со Сем Алардајс. До вчера кандидат за селектор на Англија, а сега невработен тренер

старт

CITATI

играме против Кога разбрав дека израдував и се д Манчестер Јунајте !“ извикав: „Конечно

> Лучијано Спалети

Пред поразот од Манчестер Јунајтед од 2:0 на Олимпико, а потоа и целосната елиминација на Рома

Англиските клуб ови се како пира ти кои ни го крадат богатството

„Фудбалерите ме избркаа од Њукасл“ E Како реагираше на отпуштањето од Њукасл? Бев шокиран. Навистина, ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека се шокирав. Откако направив неколку телефонски разговори со повеќе луѓе и сите ми го поставуваа истото прашање: „Зошто“, поминав во еден период на неверување во тоа што се случи. Навистина мислам дека требаше да добијам шанса до крајот на годината. Сепак, не можам да бидам шокиран вечно. Тоа се неколку моменти после кои треба да се освестиш и да продолжиш понатаму. Не сакам тоа да ме мачи повеќе. E Која е причината што си замина? Навистина не знам. Морам да истакнам дека беше многу јасно она што го правев во Њукасл, а ние бевме далеку од зоната за испаѓање. Кога ме избркаа, имавме одиграно 21 натпревар по што бевме на 11 место на табелата. Ниту од далеку не личеше дека ќе водиме битка за опстанок, а токму тоа почна да се случува со тимот откако јас си заминав. Кога ќе погледнете наназад и Боби Робсон завршуваше на 11 место во првите две сезони откако дојде во Њукасл, па тој не доби отказ туку напротив, подоцна ги однесе во Лигата на шампионите. Кога дојдов во Њукасл барав трпение, а не го добив. Мислам дека кога сé ќе се собере, моето отпуштање не беше поради резултатски причини, туку од некои други. E Можеби е поради неатрактивниот фудбал? Фановите на Њукасл сакаат да гледаат

атрактивен фудбал... Не. Категорично тврдам дека овие фанови немаат никаков удел во моето отпуштање. Многу луѓе зборуваат разни работи за фановите на Њукасл, но единствената вистина е дека тие на крајот на сезоната сакаат да освојат некаков трофеј, без разлика на „убавината“ на играта или било што друго. Само сакаат победа. Како и секој друг – погледнете ги Тотенхем – играа убаво со Мартин Јол, но не победуваа. Сега дојде Рамос и ја капитализира целата сила на клубот. E Што беше главниот проблем во Њукасл? Мислам дека она кое најмногу ми пречеше беше односот на една поголема група фудбалери. Тие уште од стартот како да не сакаа да се прилагодат на моите системи на работа. Јас имам посебен систем кој вклучува многу теоретски подготовки за натпреварите, но имаше една група која никако не успеваше да го „проголта“ тоа. На крај, со таквите фудбалери разговорот мораше да се сведе на: „излези надвор и играј“. Но, тоа не може да ми наштети на мене. Доволно е да си ги погледнат нивните статистики и да видат самите каде се со фудбалското знаење и вештини. Доколку ги погледнат податоците, тоа може само да им влијае добро во понатамошниот тек на кариерата. Значи, според мене, дел од фудбалерите имаа голем удел во моето отпуштање.

> Маурицио Ѕампарини

Откако многу млади италијански фудбалери заминаа во младинските школи на тимовите од Премиер лигата

ите да ми Би сакал медиум велат дека ќе ве помогнат. Кога напаѓачи, да и чн ли од ст имаме ше жат и кој да ло ед ги чујам нека пр т изоставам од тимо

> Роберто Донадони

Има слатки маки за да ги донесе одлуките во врска со нападот на репрезентацијата

Чувствувам де огромна доверб ка клубот има а во мене и де ка ќе направиме неш то големо

> Алберто Малезани

На само 24 часа пред да биде отпуштен од управата на Емполи поради слаби резултати

553 Бројот на настапи во Јувентус на Алесандро Дел Пјеро, со што го помина Гаетано Скиреа и стана апсолутен рекордер на клубот

АПРИЛ 2008 ESPORT 11


12 ESPORT АПРИЛ 2008


Вести

старт

NBA Europe Live

НБА и оваа есен во Европа По трет пат по ред, четири НБА екипи своите тренинг-кампови за наредната сезона ќе ги отворат на „стариот континент“. Како дел од сега веќе традиционалниот NBA Europe Live, составите на Мајами, Њу Џерси, Њу Орлеанс и Вашингтон овој октомври ќе одиграат средби во Барселона, Берлин, Лондон и Париз. По крајот на ова издание на NBA Europe Live, НБА тимовите во последните две декади на своето конто ќе имаат вкупно 48 одиграни средби во 18 различни европски градови. Минатата година, седумте средби кои како дел од оваа манифестација се одиграа во четири европски метрополис привлекоа вкупно 75 000

гледачи во арените и одлични 10.3 милиони пред малите екрани. Оваа година програмата со свој дуел во Париз на 09.10. ќе ја отворат Њу Џерси и Мајами, кои три дена подоцна се среќаваат и во Лондон. Берлин пак, ќе биде домаќин на двобојот на Њу Орлеанс и Вашингтон, а истото задоволство ќе го имаат и НБА фановите во Барселона на 17. октомври. Покрај меѓусебните дуели, НБА тимовите ќе одиграат и уште неколку дуели со екипите од градовите во кои ќе се наоѓаат, а кои се дел од Евролигата. E

Шекил О`Нил

100 дена до Еуро2008

„Шерифот“ е пак во акција!

Сé е под контрола во Австрија и Швајцарија Изминатиот месец свечено започна одбројувањето до стартот на Европското првенство во Австрија и Швајцарија следното лето. „Уште 100 дена“ беше мотото на повеќе манифестации кои се одржаа низ повеќе градови од земјите домаќини. Она што е важно е дека на 100 дена пред стартот на натпреварувањето, во посета доаѓа последната контрола на УЕФА и според увидот кој е направен, сé тече во најдобар ред. „Спијам мирно бидејќи сé оди според планот. Последните 100 денови ќе бидат уживање за нас организаторите, бидејќи три години се трудиме околу организацијата да дојдеме до ова ниво кога во последните 100 денови ќе бидеме подготвени за старт на шампионатот во кое било време“ – изјави Мартин Кален, директорот на натпреварувањето. E

Преселбата во Аризона не значеше и крај на активностите вон теренот за Шекил О’Нил. Новиот центар на Феникс на 20. март поднел службено барање да биде дел од доброволците во полициската станица во до Феникс блискиот Темпи. Тоа ги изненадило локалните полициски власти, кои сé уште не знаат во кој капацитет и кога Шек би можел да им помогне во спроведувањето на законот. Според претставниците на полициската станица, О’Нил како доброволец ќе добие улога за каква што ќе се покаже како најспособен, но и во каква најмногу ќе им биде од корист. Претходно, Шекил служеше како дел од резервниот состав на полицијата во Мајами Бич, додека беше дел од Мајами Хит, а слични активности имаше и кога беше дел од Лејкерси. E АПРИЛ 2008 ESPORT 13


14 ESPORT АПРИЛ 2008


Вести СП 2010

Јужна Африка ќе потроши 3,7 милијарди

старт

Бундеслига

Тимовите побогати за 15% Бундеслигата некако се наоѓа во сенка на останатите големи првенства во Европа во однос на финансиите и бизнисот. Со тоа што нема приватна сопственост на клубовите, јасно е и зошто е ситуацијата таква, но без разлика на тоа, фудбалскиот бизнис расте

Непосредно пред стартот на Европското првенство, т.е. точно две години пред стартот на следното Светско првенство, експерти ја изработија анализата која покажува колкави точно ќе бидат трошоците на домаќинот за организација на турнирот. Според овие извештаи, вкупните трошоци ќе изнесуваат 3,7 милијарди долари. Со ова, се затвора финансиската конструкција, чија вредност варираше во зависност од условите. Главниот проблем на Јужна Африка не беше градбата на нови стадиони и инфраструктура туку справување со уличниот криминал и подобрување на електро и техничката мрежа во земјата – кои се зафати што чинат премногу. Се очекува Светското првенство во Јужна Африка, кое е прво на овој континент, да привлече најмалку 450.000 посетители од странство. E

и тоа не може да ја одмине ниту Германија. Веста која дојде изминатиот месец го покажува тоа: клубовите од Германија заработиле вкупно 1,35 милијарди фунти за сезоната 2006/07. Ова е пораст од дури 15% во однос на профитот на клубовите годината пред тоа. Најголем прилив на дополнителни средства во касите на клубовите дошле од одржувањето на Светското првенство – сите клубови поделиле вкупно 34 милиони фунти. Освен ова, нешто што уште повеќе радува е новиот пораст на посетеноста на натпреварите во Бундеслигата. И онака, ова национално првенство е најпосетено во однос на останатите, а популарноста кај публиката и натаму расте. Освен тоа, рапидно се зголемува бројот на женската популација која доаѓа на стадионите и сега процентот на жени се искачи од 21% на 23%. E

Тотенхем Хотспур

За „влакно“ до банкрот! Фановите на Тотенхем не беа во многу пријатно расположение изминатиов месец. Како по обичај во последните неколку години, најпрво им се случува добра, а потоа лоша случка. Сега, тие го освоија Карлинг Купот, но еве веќе следниот месец се постави прашање за финансиската иднина на клубот поради долговите на актуелниот сопственик. Џо Луис е 16-тиот најбогат човек во Англија и во моментов живее на Бахамите, а е претседател на корпорацијата ЕНИЦ која е сопственик на 82 проценти од клубот. Токму тој се соочи со долг од половина милијарди евра, а според извештаите, Луис бил среќен и доколку не го плати и дозволи една од неговите фирми да заминат во банкрот. Токму во склоп на таа фирма е и фудбалскиот клуб и откако се сетил на ова, Луис се премислил. Сега, сопственоста е префрлена на една од неговите останати фирми, а Луис може да прави што сака со долгот од половина милијарда. Со официјална изјава излезе Даниел Леви, претседателот на Тотенхем кој вели дека бил во постојан контакт со Луис за време на кризата: „Ни на крај на памет ни ни паѓа да го уништиме клубот, фановите можат да бидат мирни“. E АПРИЛ 2008 ESPORT 15


СТАРТ

Анкета / In & Out / Кошарка Трка за МВП

Коби, Пол или Гарнет? IN

Горан Пандев Нашиот најдобар фудбалер дојде до нов рекорд во Серија А постигнувајќи 12 голови во една сезона и со тоа што веќе трета година по ред е незаменлив во нападот на Лацио и несопирлив за противничките одбрани, покажува дека заслужува да оди еден чекор напред: во поголем клуб, со поголеми амбиции, поголема плата и повеќе трофеи. Само напред!

OUT

Карло Анчелоти Милан дефинитивно ја игра најкатастрофалната сезона откако Анчелоти е тренер на тимот и освен тоа што испадна од Лигата на шампионите, големи се шансите воопшто да не обезбеди пласман за ова натпреварување за следната сезона. Ако тоа се случи, првиот што ќе „лета“ од Милано со сигурност ќе биде Анчелоти.

OUT

Џанлука Папареста Две години по Калчополи скандалот во Италија, еден од последните кои отслужуваше суспензија од фудбалот беше судијата Џанлука Папареста. Сега, таа казна е повлечена со одлука на Судот, а Папареста ќе може да му се врати на судењето. Овој човек, како и сите останати кои беа вмешани во скандалот, веќе нема право да се меша во фудбалот, но има намера повторно да суди. Затоа, го сместуваме во АУТ.

прашање од претходниот број

> АНКЕТА од 07 до 25 март

Дали сметате дека Слободан Брацо Вујчиќ и Борче Ристевски треба конечно да го напуштат Вардар

Не

0%

Да, барем едниот

20%

Да, и двајцата

80%

ДОБИТНИЦИ Дарко Соколовски, Жарко Јуруковски, Велимир Илиевски, Дејан Соколов, Мартин Адамов, Адриана Бошкова, Димитар Танев, Љупчо Трпков, Анева Мирјана, Стефан Талев

16 ESPORT АПРИЛ 2008

Еден од триото Коби Брајант, Крис Пол и Кевин Гарнет, на крајот од оваа сезона ќе ја добие МВП наградата, а гласањето според она што се најавува, но и според начинот на кој овие тројца и нивните тимови ја играат оваа сезона, ќе биде крајно неизвесно. На крај, ќе пресудат ситници. Доколку Њу Орлеанс успее сезоната да ја заврши како прв на силниот Запад, големи шанси за освојување на најголемото индивидуално признание ќе има нивниот феноменален плеј Пол, кој од составот кој лани не ни влезе во разигрувањето направи тим кој е страв и трепет за сите фаворити. Истото се однесува и за Коби, кој со својата несебична игра од Лејкерси повторно создаде тим со реални шанси за освојување на титулата. Гарнет пак, Бостон оваа сезона го трансформираше во најдобриот тим во Лигата, и иако неговите бројки не се така добри како тие на Пол и Брајант, ќе има големи шанси по втор пат да стане МВП. Како и да е, ова сигурно ќе биде една од најнеизвесните МВП трки во историјата на НБА. E


Фудбал

старт

Цените поскапуваат

Леброн како Кинг Конг на насловната на VOGUE Една од работите кои предизвикаа доста внимание во изминатите месец дена, а е поврзана со лајфстајлот на една од најголемите ѕвезди на Лигата, е насловната на модниот магазине VOGUE на која се појави Леброн Џејмс во друштво со бразилскиот супермодел Жизел Бундхен. Покрај фактот дека суперстарот на Кливленд стана само третиот маж кој во 94-годишната традиција на магазинот се нашол на неговата насловна страна (по Ричард Гир и Џорџ Клуни), многумина, пред сé од афро-американско потекло, вознемири начинот на кој Леброн позира на насловната. Многумина неговата поза ја нарекоа „дивјачка“ која во многу детали наликува на таа на Кинг Конг кога тој, со бесен израз на лицето, во едната своја рака ја држи убавицата. Критиките беа бројни, а уредниците на VOGUE се вадеа на тоа дека никако не сакале таква цел да постигнат со насловната и начинот на кој на неа се претставени Леброн и Жизел. Сепак, се наметнува прашањето дали тие навистина биле до толку „слепи“ за да не можат да видат каква конотација и последици може да има нивната насловна или сето тоа е направено намерно, како еден вид на маркетиншки трик.. E

Битка за таленти

Реал Мадрид пријавен Доста неочекувано, фудбалскиот клуб Васко де Гама од Бразил се реши да поднесе пријава против Реал Мадрид пред ФИФА. Се работи за случај во кој од Васко тврдат дека Реал Мадрид незаконски сакал да го привлече 15-годишниот Филип Котуињо да потпише за нивниот клуб, а правилата на ФИФА се јасни: интернационални трансфери за фудбалери под 18 години се недозволени. „Од Реал Мадрид пристапија до семејството на нашиот фудбалер и направија многу убави понуди за нив, доколку се решат да се преселат во Шпанија, а нивниот син да продолжи да игра во Реал Мадрид. Но, сето ова е незаконски и ние го пријавивме Реал“ – стоеше во официјалното соопштение. Вообичаената „шема“ на големите клубови за привлекување на младите фудбалери се понуди за работа со голема плата за членовите на неговото семејство кои потоа би се преселиле во градот од каде доаѓа клбот и би го пратиле своето дете да продолжи да тренира во младите категории на клубот. E

НБА Рекорди

Џордан прв на уште една листа Пред речиси десет години, начинот на кој НБА допираше до фановите целосно се смени со отварањето на првата овластена продавница на Лигата во центарот на Њујорк. Како дел од одбележувањето на првата деценија на успешна работа на својот NBA Store, НБА челниците ја објавија листата на најдобро продавани дресови од отварањето на продавницата. Така, никакво изненадување не претставуваше податокот дека прв на оваа листа е дресот на Мајкл Џордан, како тој од Чикаго, така и тој од Вашингтон. Ова е голема потврда на популарноста на „Најголемиот на сите времиња“ ако се знае дека NBA Store постоеше само во последните три сезони од неговата кариера. По него следуваат Коби Брајант, Ален Ајверсон, Леброн Џејмс и Шекил О’Нил, кој ја заокружува првата петорка според популарноста. Од овие четворица, најмногу од аспект на продажбан а дресови има постигнато Леброн, кој ја игра својата само петта НБА сезона. Првите десет се надополнети со Трејси Мекгрејди, Двејн Вејд, Џејсон Кид, Винс Картер и Тим Данкан. Според некои од имињата јасно е дека освојувањето на титули не игра главна улога при одлуката чиj дрес да се купи, што е најзабележливо кај Мекгрејди и Картер, кои го немаат ни помирисано Големото финале. На листата нема ниту еден играч на Никси, иако таа се наоѓа сред Њујорк, што доволно кажува за состојбата во која се наоѓа тимот на Њујорк последниве години. E

прашање за овој број Дали мислите дека со новото раководство Вардар ќе се врати на старите победнички патеки?

} ДА } НЕ } Никогаш нема да се врати Во анкетата можете да учествувате преку испраќање на СМС на бројот 070 14 55 85 со впишување на зборот АНКЕТА и еден од можните одговори. Секој месец по десет учесници ќе бидат наградени со подароци од Rexona

АПРИЛ 2008 ESPORT 17


СТАРТ

Вести

УЕФА

Премиер лига

Платини загрижен за вештачката трева

Бирмингем под истрага за корупција! Акциите на фудбалскиот клуб Бирмингем беа „замрзнати“ на берзата во Лондон откако полицијата објави дека во клубот се спроведува контрола на сите финансиски состојби и транскации. Неочекувано, единици на полицијата од одделот за економски криминал „влетаа“ во канцелариите на клубот и ја „чешлаа“ документацијата. Се очекува во текот на април официјално да заврши истрагата и тогаш ќе се знае дали ќе бидат покренати кривични пријави против Дејвид Саливен (ко-сопственик) и Карен Брејди (директор) за незаконско работење. Ако се покаже дека работата на овие двајца била и против правилата на Премиер лигата и ФА, тогаш ќе следуваат и санкции. E

Изминативе години во подем е употребата на вештачка трева на стадионите ширум Европа. Откако пред неколку години оваа технологија доби „зелено светло“ за употреба на натпревари од највисоко ниво, се повеќе клубови и сопственици на стадиони се решаваат да ја користат. Мишел Платини изминатиот месец свика специјален состанок на кој се дискутираше за тековната ситуација и беа извлечени два заклучоци. „Вештачката трева е одличен изум, но во зависност од тоа каде се користи. Мислам дека е во ред доколку се користи во Москва – град кој нема многу поволна клима за одигрување фудбалски натпревари и постои ризик од сериозно оштетување на теренот со природна трева. Истото важи и за Јужна Африка која е домаќин на следното Светско првенство“ – изјави Платини, но го посочи и лошиот момент: „Ме плаши тоа што користењето на вештачка трева е побудено од чисто финансиски причини. За мене секогаш природната трева ќе остане основа на фудбалот и не би сакал да дозволиме најголемите стадиони да го променат тоа, само поради финансискиот интерес“. Кога вели финансиски интерес, Платини мисли на тоа што оние кои стопанисуваат со стадионите на нив сакаат да одржуваат многу повеќе манифестации од само фудбалски натпревари, па затоа ја користат оваа технологија. На состанокот не беа донесени конкретни заклучоци, но познавачите велат дека Платини сака да го почувствува пулсот кај останатите и во блиска иднина да ја ограничи употребата на вештачка трева. E

Серија А

Руси влегуваат во Јувентус? На почетокот на април многу често низ Италија кружи информацијата за можниот влез на голем спонзор во Јувентус. Се работи за руска компанија за производство на челик, а последни во Торино се видени претставници на „Северстал“ – втората по големина групација во Русија. Инвестицијата би била по пат на откупување на дел од сопственоста клуботАПРИЛ на берзата. 18на ESPORT 2008 Така, Север-

стал би добиле мал процент од акциите, но за Јувентус тоа ќе значи огромна финансиска инјекција со која ќе се овозможат понатамошни инвестиции во клубот. Конкретни суми не се спомнуваат, но сигурно е само дека во Јувентус се расположени за соработка, а од Северстал веќе подолго време бараат фудбалски клуб со реноме преку кој ќе можат да се рекламираат. E


PEUGEOT 207 SW. GENIJALEN.

so klima ured

www.peugeot.com.mk

III Makedonska brigada br.72, 1000 Skopje tel: 02 3111-000 02 3112-000 faks: 02 3113-666

12.990 € 802.782 den.

Peugeot 207 SW ]e Ve iznenadi so svoite sposobnosti, blagodarenie na ogromniot vnatre[en volumen i modularnost. Negovata neverojatna genijalnost ]e Vi ovozmo`i da se spravite so neo~ekuvani situacii. Vie isto taka ]e u`ivate vo negovite v~udoneviduva~ki vozni performansi posveteni na zadovolstvoto i bezbednosta. Nad seto ova, negoviot staklen panoramski krov* ]e Vi donese isklu~itelna osvetlenost. GENIJALEN BEZ OGRANI^UVAWE.

*opcija Potro[uva~ka (l/100km): od 4.0 do 9.8. Emisija na CO2 (g/km) od 106 do 231.

АПРИЛ 2008 ESPORT 19


ФУДБАЛ Сторија

КОЛУМНА Милорад Стојмановски

Сите голови на Пандев

milorad.stojmanovski@esport.com.mk

Алсат М Алсат М ги доби ексклузивните права за телевизиски преноси од Европското фудбалско првенство во Швајцарија и Австрија. Уште една шанса за младата ТВ-куќа со национална концесија во Македонија да докаже дека оди чекор напред пред другите, како што докажа со покривањето на домашното фудбалско првенство со извештаи од натпреварите, нешто што го практикува само Македонската радио телевизија. Токму кризата во националниот јавен сервис е причината што за првпат еден така значаен спортски настан ќе се емитува на фрекфенцијата на двојазичната телевизија. Уште во 1999 година за првпат МТВ ги загуби ексклизивните права за едно Европско првенство, и тоа кошаркарското во Франција, на кое за прв и единствен пат се пласира македонската репрезентација. Настрана квалитетот и нивото на преносите, сецкањето со рекламни пораки и другите слабости на кои не се имуни комерцијалните ТВкуќи, остана неодговорено прашањето - колкава покриеност на територијата имаше тогаш Сител, а подоцна и А1-телевизијата, кога вршеше преноси од Евробаскетот во Турција. Како што и сега не знаеме дали Алсат М покрива 98 отсто од територијата на Македонија, колку што покрива МТВ. Треба да се има превид и фактот што поново време, во градските средини сигналот претежно се добива преку кабловските оператори. Обидот за двојазичност на албанската Алсат М е за пофалба. Нивниот интерес за спортот е исто така несомнен. Оттука, не треба да се сомневаме дека колегите од оваа телевизија ќе сторат се да ги задоволат и гледачите кои говорат македонски. Иако законот за јазиците може и да се донесе додека овој Еспорт излезе од печат, сепак, македонскиот јазик и кирилското писмо се уште се уставна категорија. Самата телевизија сигурно ќе загуби на гледаноста, што значи и ќе заработи помалку пари, ако не најде соодветно решение за коментари на македонски јазик. И не само коментари, туку и експертски мислења, дебатни емисии, најави на натпреварите, анимација на публиката, 20 ESPORT АПРИЛ 2008

наградни игри итн. Зашто, факт е дека сегашните преноси од германското фудбалско првенство што одат двојазичнио на Алсат М, не се вистинско решение за публиката која не разбира албански. Тоа што сега се прави со помош на Спортското радио 90,3 е само импровизација. Не може да се нарече пренос од натпревар програмата што оди во живо на радиото, а која ги следи сите актуелните резултати од сите можни првенства во тој термин, наменети за играчите во обложувачниците. Уште посуштествен проблем е тоа што сите македонски семејства што немаат телевизори со опција за бирање алтернативен јазик ќе мораат само да гледаат, а тоа што ќе го слушаат нема да го разбираат. Европските и светските првенства придонесуваат за зголемување на продажбата на ТВ-приемници во цел свет, па и кај нас. Сепак, тоа би било значајна ставка во скромниот буџет на годинава уште посиромашното просечно македонско семејство поради порастот на инфлацијата и поскапувањето на трошоците за живот. E

Нема вистинско решение за публиката која не разбира албански

Нашата најголема реклама во Европа е едно 24 годишно момче чие време допрва доаѓа, но и покрај тоа ни ги донесе најголемите фудбалски радости во изминативе 17 години. Горан Пандев најдоброто од Македонија!


Сезона 2004/05 Тежок старт во Лацио Само три постигнати голови на 25 натпревари на кои настапи беше ефектот во првата сезона за Горан Пандев во Лацио. Нашиот интернационалец грчевито се бореше за шанса во првиот тим, а доволно за тоа колкава шанса добиваше говори податокот дека ниту еден натпревар не одигра цели 90 минути. Деби-погодокот за Лацио го постигна во поразот од Каљари на Олимпико во Рим, а веќе следното коло следуваше гол против Јувентус.

ГОЛ НА МЕСЕЦОТ Ја „сработи“ комплетната одбрана на Јувентус - Канаваро, Турам и Зебина и ја заби топката зад грбот на Буфон. Голот беше прогласен за најубав во Италија и Европа тој месец, а Пандев за првпат се најде на насловните страници на спортските дневни весници. http://tinyurl.com/3v5m9q

Сезона 2005/06 Раѓањето на стрелецот Со доаѓањето на Делио Роси, Пандев почна почесто да добива шанса и иако повторно не комплетираше ниту еден натпревар со цели 90 минути, за разлика од претходната сезона дури 20 пати беше стартер во тимот. Нашиот интернационалец на тоа возврати со одлични 11 голови. Тим кој му „лежеше“ најдобро беше Ливорно против кои постигна 3 гола на 2 натпревари.

Сите 11 голови Компилација од сите голови на Пандев во оваа сезона. Она што вреди да се обележи е фактот што во оваа година се оформува страшниот тандем на Лацио: Роки - Пандев.

http://tinyurl.com/45xbzq

Сезона 2006/07 Потврдување на квалитетот Да се постигнат 11 голови во Серија А две сезони по ред е неверојатно остварување. Тоа му успеа на Пандев, а со тоа ги потврди квалитетите. За обележување е што веќе оваа сезона, Пандев беше стартер на сите, освен на два натпревари.

10 голови Поводот за оваа сторија беше едноставен. Откако една сезона се прилагодуваше на животот во Лацио, а потоа во следните две постигнуваше по 11 голови во Серија А, Горан Пандев поставува нов личен рекорд: 12 голови во првенството во кое според многумина е најтешко да се биде напаѓач и да се постигнуваат голови. Во интервјуто кое го правевме со него пред неполни два месеци, Пандев кажа дека најголема желба оваа година му е да оди чекор подалеку

т.е. да постигне повеќе од 11 голови. На неколку натпревари пред крајот на шампионатот, тоа се оствари. Рекордниот за него 12. гол го прослави со неговата девојка Надица на трибините, а го посвети на оние кои му значат најмногу: семејството, девојката, цела Македонија и навивачите на Лацио. Интерактивно, преку фотографии и интернет линкови до познатиот видео-сервис YouTube ве потсетуваме на сите голови на Горан Пандев во Серија А оваа година. E

Рангирање на најдобрите 10 голови на Пандев во оваа сезона. Сега успеа да се запише во листата на стрелците и на натпреварот против Интер. За разлика од претходната сезона, сега Лацио повеќе победуваше со головите на Пандев и обезбеди излез во Лигата на шампионите. http://tinyurl.com/4m7dku АПРИЛ 2008 ESPORT 21


ФУДБАЛ Сторија

Сите голови на Пандев

Торино • 25 август

Каљари • 26 Септември

1

2

На единствениот натпревар на кој влезе како замена оваа сезона, Пандев повторно се запиша во листата на стрелците, а Лацио победи со 2:0 против Катанија.

По еуфоријата поради пласманот во Лигата на шампионите, следниот гол дојде на натпреварот против Каљари, овој пат за победа од 3:1.

http://tinyurl.com/5qkt2e

http://tinyurl.com/5vnlks

Ливорно • 21 октомври

Сиена • 2 декември

3

4

По Реал Мадрид, Пандев во Серија A го „начека“ тимот кој најмногу му „лежи“ - гол против Ливорно за вредна победа на гости од 1:0. Голот е посветен на Тоше Проески.

Уште еден гол во ЛШ против Олимпијакос, а потоа веднаш и во Италија против Сиена, но овој пат само за нерешен резултат 1:1 на гости.

http://tinyurl.com/67zee5

http://tinyurl.com/6xujre

Катанија • 8 декември

Јувентус • 15 декември

5

6

На единствениот натпревар на кој влезе како замена оваа сезона, Пандев повторно се запиша во листата на стрелците, а Лацио победи со 2:0 против Катанија.

Еден од најдобрите моменти оваа сезона: првиот од двата гола против Јувентус, некарактеристично за него - со глава.

http://tinyurl.com/5skhz8

http://tinyurl.com/5pvwu5

Јувентус • 15 декември

Наполи • 20 јануари

7

8

Вториот гол против Јуве беше почесен, а Лацио за првпат загуби кога Пандев постигнува гол.

http://tinyurl.com/5rpnqm 22 ESPORT АПРИЛ 2008

Нерешен резултат против Наполи на гости, а Пандев најзаслужен со гол и асистенција.

http://tinyurl.com/5pq2as


ФУДБАЛ Сторија

Сите голови на Пандев Аталанта • 16 февруари

Ливорно • 9 Март

9

10

Голот против Аталанта го доведе до бројката од 9 голови, а Лацио повторно победува, овој пат со убедливи 3:0 на Олимпико.

Како и по обичај против Ливорно, Пандев постигнува гол, а Лацио победува, овој пат со 2:0.

http://tinyurl.com/63o4vs

http://tinyurl.com/55bao9

Рома • 19 март

Парма • 6 април

11

12

Конечно остварување на желбата - гол во дербито против Рома! Не само што е гол за израмнување на дотогашниот рекорд од 11, туку и за победа од 3:2.

Пандев сигнализира „12“ - го поминува сопствениот рекорд, а Лацио повторно не знае за пораз кога тој постигнува гол.

http://tinyurl.com/567gka

http://tinyurl.com/6z39p3

реал мадрид на колена Иако во Серија А може да се пофали дека е моментално најдобар стрелец на Лацио (а освен тоа и не ги изведува ударите од белата точка), постигна два гола на еден натпревар против Јувентус, а беше стрелец и во Римското дерби против Рома, сепак од посебно значење се двата гола кои ги постигна против Реал Мадрид. Кралскиот клуб е нешто сосема поразлично, а Пандев докажа дека знае да се снајде и против најголемите. Бу-

квално сам го понесе товарот и успеа да го задржи Лацио во игра и да се избори за нерешен резултат против Реал Мадрид. И на вториот натпревар во фазата по групи постигна гол, но тогаш само Пандев не беше доволен за нов поволен резултат против Реал Мадрид. Три гола против Реал Мадрид на само два натпревари и тоа во Лигата на шампионите е нешто на кое можат да подзавидат и најголемите фудбалски ѕвезди на планетава.

ПРВ ГОЛ

ВТОР ГОЛ

http://tinyurl.com/6x95nl

http://tinyurl.com/6z2cm4

Промоција

Врвни резултати за спортистите со новиот аdidas Како иноватори на спортски чевли, адидас го применува неговото знаење за заштита на стопала со создавање своја сопствена линија на спрејови за заштита на стопала. Со овој нов асортиман, adidas со својата умешност и знаење им нуди на спортистите многу повеќе од комплетна понуда и зголемен

комфорт. ОСВЕЖУВАЧОТ ЗА ЧЕВЛИ – SHOE REFRESH е спреј за секојдневна употреба кој помага во контролирање на непријатните мириси со свежо, 24-часовно дејство. СПРЕЈОТ ЗА ЗАШТИТА НА СТОПАЛА – FOOT PROTECT

со неговата антиперспирантска и антигабична формула го регулира потењето, ја намалува влажноста, помага во контролирањето на непријатните мириси и ја намалува иритацијата. Тоа им обезбедува на стопалата моментален освежителен ефект и ја чува Вашата кожа заштитена, удобна и свежа. АПРИЛ 2008 ESPORT 23


КОЛУМНА Иван Димитров ivan.dimitrov@esport.com.mk

Вардар Иницијативата на навивачите на Вардар која од сé срце ја поддржував успеа! Но, не сум сигурен дека сето тоа се случи на правилен начин. Иако многумина се обидуваат да ги претстават работите многу покомплицирано, наједноставното објаснување за сé што се случи е дека Орце Камчев го презема клубот од Слободан Вујчиќ и Борче Ристевски. Собранието се одржа, а беа избрани и привремени органи и тела на клубот кои се неопходни за нормално функционирање, ако воопшто еден клуб може да функционира нормално во вакви состојби. Каде не води сето ова? Едната, онаа посветла варијанта е дека ќе се исполнат најавите на Камчев за тоа како ќе изгледа Вардар за неколку месеци од сега. Според неговите најави, ќе бидат најдени силни спонзори кои во Вардар ќе гледаат маркетиншки интерес, а не профит, со што ќе се соберат доволно средства да се комплетира буџетот на клубот. Освен тоа, Камчев најави дека навивачите ќе имаат големо влијание во однос на раководењето со клубот. Ако тука се додаде и средување на сите документации, двојни сметки, печати, долгови и слично, можеме да очекуваме дека за неколку месеци од сега во Вардар ќе тече „мед и млеко“. Но, целава оваа приказна, барем на мене, ми личи премногу добра за да биде вистинита. Она што ме буни најмногу е довербата која многумина ја имаат во одредени структури кои сега влегуваат во раководството на Вардар, кога во многубројни прилики во минатото се покажало дека во спортот влегувале само од личен интерес. Во ред е некој да работи во свој интерес, но не е во ред тоа да биде во Вардар, клуб кој е од јавен интерес. Второто можно сценарио е она негативното – новите раководни структури да работат слично како и претходните (бидејќи и тие имаа ветувања дека Вардар ќе биде голем клуб, а го опустошија), само со раз24 ESPORT АПРИЛ 2008

лично име и презиме. Некаде на средината се наоѓаат навивачите. Многу нормално, тие решија да им веруваат на новите луѓе и да им помогнат да ги оттргнат старите структури од клубот. Ме плаши само тоа што новите структури многу лесно успеаја да ја придобијат довербата од навивачите. Во принцип, не сакам да бидам песимист, но велат дека оптимистите се само лошо информирани песимисти. А каде е местото на Брацо Вујчиќ и Борче Ристевски во сево ова. Познато е дека Ристевски само ги користеше придобивките на системот на функционирање на клубот за свој личен интерес, па со оглед на тоа што тој е човекот што само земаше од Вардар, а не даваше ништо, веројатно е дека нема да има обид за враќање на позицијата. Прашањето сега е што ќе прави Брацо? Тој е човекот кој (наводно) инвестираше милиони евра во клубот, (наводно) не виде никаков профит, а сега некој друг му го зема клубот пред нос. E

Можеме ли да очекуваме дека од сега во Вардар ќе тече „мед и млеко“?

Во ова издание, издвојуваме простор да ви ги претставиме највозбудливите дебитанти на Европското првенство кое ќе се одржи ова лето во Австрија и Швајцарија. Ова се имињата од кои се очекува да бидат следните големи фудбалски ѕвезди Фабио Кваљарела (Италија)

Конечно шанса кај сениорите Откако ги помина сите репрезентативни категории на Италија и постигна гол во секоја конкуренција, Кваљарела конечно добива шанса да се докаже во првиот тим. Вистинскиот развој на овој фудбалер започна во Серија Ц2 во тимот на Флорент Виола (денешна Фиорентина) во 2002 година. Се врати во Серија А и Торино во 2004 и веднаш постигна осум голови во Серија Б. Финансиските проблеми кои ги имаше Торино се можеби најсреќниот момент за Фабио. Тој доби шанса без оштета да го напушти клубот и тоа го стори преминувајќи во Удинезе. По две години како позајмен во Асколи и Сампдорија (каде постигна 13 голови во Серија А) се докажа дека е подготвен да му биде партнер во нападот на Антонио Ди Натале. Оваа година, веќе има 10 гола зад своето име и тоа беше доволен повод за Донадони да му даде шанса на натпреварот против Шкотска. Познавајќи го Донадони и неговата досегашна работа во која имаше честа ротација на напаѓачките позиции, сигурно е дека Кваљарела ќе добие шанса, а негово е да ја искористи. Роден: 31 јануари 1985; висина: 180 см; тежина: 75 кг; позиција: напаѓач.


ФУДБАЛ Сторија Топ5 таленти Бојан Кркич (Шпанија)

Европскиот Меси? Веќе се наоѓа на поширокиот список на Арагонес и се почесто добива шанса во првиот тим на Барселона. Тоа е само поради фактот што Кркич се развиваше онака како што сите предвидуваа. Сега, Бојан е еден комплетен фудбалер, што е многу ретко кај фудбалерите на негова возраст и во многу наврати во Примера докажуваше дека навистина е подготвен да ја добие шансата во националниот тим. Барем засега, Арагонес не се одлучи да го „фрли“ во „оган“, но имајќи го предвид талентот на Бојан, ништо чудно не би било доколку селекторот се труди да го зачува и да го користи како „тајно оружје“ на Европското првенство. Во секој случај, едно е сигурно: ова Европско првенство ќе биде запаметено по тоа што Европа за првпат ќе го види Бојан Кркич во дресот на Шпанија. Роден: 28 август 1990; висина: 170 см; тежина 68 кг; позиција: напаѓач.

Хатем Бен Арфа (Франција)

Новото чудо од Лион Најдоминантниот клуб во Франција, Олимпик Лион не престанува да „произведува“ одлични фудбалери. Најнов во низата е Хатем Бен Арфа кој во Австрија и Швајцарија ќе го има своето деби на едно Европско првенство. По потекло од Тунис, Бен Арфа е човекот, кој можеби незаслужено, му го одзема местото на Давид Трезеге во репрезентацијата. Иако природно игра како лево офанзивно крило, сепак најголемата придобивка од неговите настапи се головите кои ги постигнува. Тој е најдобриот од новата генерација млади напаѓачи на Франција (заедно со Менез, Бензема и Насри) и се очекува со сигурност да има еден од главните зборови во репрезентацијата на Еуро 2008. Доменеш е познат како селектор кој не размислува премногу пред да уфрли некој млад фудбалер желен за докажување (Рибери и Малуда беа вистинско освежување на СП во Германија), па може да го очекуваме и настапот на Бен Арфа. Роден: 7 март 1987; висина 173 см; тежина 68 кг; позиција: лево крило.

Марио Гомез (Германија)

Иван Ракитиќ (Хрватска)

Нов натурализиран Германец

Хрватска опасност во Бундеслигата

Марио Гомез ќе го прославува 23-тиот роденден во Австрија и Швајцарија. Неговиот татко е Шпанец, а мајка му од Германија и за среќа на „швабите“, Гомез се реши да игра за земјата во која живее. Гомез е можеби најпознат од сите кои ќе дебитираат на Еуро 2008 бидејќи тој беше еден од предводниците на Штутгарт во изненадувачкото освојување на титулата минатата сезона. Со веќе 35 голови во Бундеслигата зад своето име и 6 гола во 9-те настапи за Германија, Гомез ги надминува очекувањата на фудбалските експерти. Пред него, за најголем талент се сметаше Лукас Подолски, но откако не доби адекватна шанса во својот клуб, Подолски некако влезе во сенка на Гомез. Новиот селектор Јоаким Лев верува во способностите на Марио Гомез и се очекува тој да има главен збор во нападот, заедно со Мирослав Клосе. На Гомез му останува да ја искористи шансата и да се претстави пред Европа. Роден: 10 јули 1985; висина 189 см; тежина 78 кг; позиција: напаѓач.

Откако лично успеа да го убеди тренерот на Шалке 04 Мирко Сломка, дека може да биде замина за Линколн, кој тогаш замина во Галатасарај, Иван Ракитиќ е назаменлив во првиот состав на претендентот за титулата во Бундеслигата. Ракитиќ е Хрват, но роден е и живеел во Швајцарија. Таму и ја започнува својата професионална кариера, а како младинец се изборува за место во првиот тим на Базел. Таму е забележан од страна на тренерот Сломка кој веднаш посакал да го види во своите редови. Ракитиќ е вистинско освежување за репрезентацијата на Хрватска откако подолго време Фудбалската Федерација на оваа земја се бореше да го доведе во своите редови. Имено, Ракитиќ зад своето име веќе има 4 настапи и еден постигнат гол за младинската репрезентација на Швајцарија. Шансата да се претстави пред Европа ја добива сега.

АПРИЛ 2008 ESPORT 25


ФУДБАЛ Сторија Кој не патува во Австрија и Швајцарија?

Кои се фудбалерите кои паднаа во немилост на селекторите, медиумите и јавноста и ги загубија шансите за настап во Австрија и Швајцарија летово?

Доменеш го отпиша Трезеге! Ако се знае дека еден фудбалер е најдобар стрелец во Серија А, по логиката на нештата може да се претпостави дека тој е репрезентативец за некоја земја. Но, оваа логика не важи кај селекторот на Франција, Рајмон Доменеш. Давид Трезеге ја игра една од најдобрите сезони во својата кариера, но не може да се избори за место во националниот тим. Тој е најдобриот стрелец во репрезентацијата на Франција од сите активни фудбалери (освен Анри) и сите статистички податоци укажуваат на тоа дека за него мора да постои место, барем на клупата за резерви. Во изминатиот период, Доменеш во селекцијата повика дури 36 различни фудбалери, меѓу кои Бензема, Анелка, Сисе, Анри и Бен Арфа, но не и Трезеге. Математиката е проста. Трезеге постигна 15 голови на последните 20 среби за Франција – исто колку и Бензема, но тој на 23 натпревари. Анелка има 10 гола на 20 средби, Сисе има 8 на 21 натпреварм Анри 6 на 16 натпревари, а Бен Арфа 6 гола на 17 натпревари. Сé е јасно, само нејасна е одлуката на Доменеш. 26 ESPORT АПРИЛ 2008

Откако завршија квалификациите за Европското првенство, селекторите на земјите кои обезбедија пласман „се опуштија“ и на пријателските средби кои следуваат, без притисок се обидуваат да дојдат до идеалниот состав на фудбалери. Неколку работи паѓаат во очи. Ако најинтересно нешто во врска со репрезентативниот фудбал на почетокот на годината беше одно-

сот Капело - Бекам, тоа сега паѓа во сенка. Англија нема да настапува на Европското првенство, а Бекам го доби својот 100-ти репрезентативен настап. Во центарот на вниманието се селекторите кои допрва треба да бираат. Поточно, во центарот на вниманието се оние кои се чини веќе донесоа неколку конечни одлуки кои го разбрануваа фудбалскиот свет. E

Само Лев го сака Леман Иако не би требало да биде така, можеби најрадосна вест за Јоаким Лев во последно време беше пензионирањето на Оливер Кан. Ова е поради фактот што целокупната јавност (преку анкетите), медиумите и фудбалските експерти беа против одлуката да му се додели голманската позиција на Јенс Леман. 38-годишниот голман веќе не е ниту прв избор на Арсен Венгер и ова беше иницијална каписла за оние кои се против него да започнат уште пожестока иницијатива за негово отстранување од националниот тим. Јоаким Лев оддолеваше на нападите, но притисокот е преголем и се чини дека шанса пред Леман ќе добијат Роберт Енке (Хановер), Тимо Хилдебранд (Валенсија) или Рене Адлер (Баер Леверкузен). Селекторот Лев е тој што ќе мора да пресече и да ја донесе конечната одлука. Според неговите изјави, тој нема намера да го повика Леман доколку не е кандидат за стартните 11-мина, а како што одминува времето се чини дека Лев ќе се одлучи комплетно да го изолира голманот на Арсенал од репрезентацијата.


Проблематичниот Касано „Петар Пан“ е најконтраверзната личност на оваа листа. И покрај огромниот број „глупости“ кои ги направи во текот на својата кариера, сегашниот напаѓач на Сампдорија поседува талент кој не може да биде оспоруван од никого. Со враќањето во Серија А се врати во старата форма која го направи незаменлив во репрезентацијата во времето на Џовани Трапатони. Но, Роберто Донадони не мисли така. Иако во медиумите постојано изјавува дека не сака да отпише никого, јасно е дека во Австрија и Швајцарија ќе нема место за Антонио Касано. Неговиот дрес ќе биде доделен или на Антонио Ди Натале или Кваљарела. Во овој случај, на Донадони може да му се замери што отпишува еден екстра-талентиран фудбалер. Но, и селекторот има неколку фактори кои одат во негова корист – честите повреди на Касано и незгодниот темперамент. Во тековната сезона Касано е фудбалерот со најмногу суспензии во Серија А и се чини токму ова му ја упропасти шансата да се најде во репрезентацијата.

„Вечно талентираниот“ Мексес Мексес и Бумсонг беа фудбалерите за кои пред неколку години се најавуваше дека се иднината на одбранбената линија на Франција, „новите Блан и Турам“. Сепак, кариерите на овие двајца не продолжија да се развиваат во очекуваниот правец, па така 25-годишниот Филип Мексес сé уште има само 8 настапи за репрезентацијата на Франција. Но, во последните две години се променија многу работи. Мексес сега е столб во одбраната на Рома, една од најсилните екипи во Италија, а и во Лигата на шампионите и со неговите игри секако дека заслужува повеќе од повик за неколку пријателски натпревари. Од Доменеш, Мексес добиваше шанса само кога некој од останатите дефанзивци е повреден и според сите прогнози, тешко дека ќе добие виза за Австрија и Швајцарија. И Мексес е еден од групата несреќници кои се во немилост кај Доменеш. Дали Гаел Клиши, Жулиен Ескуде, Матеу Делпиер и Микаел Силвестре се подобри од него, одлучете сами! АПРИЛ 2008 ESPORT 27


ФУДБАЛ Сторија

Кој не патува во Австрија и Швајцарија?

Англија е далеку за Арагонес Хозе Реина е човекот кој е еден од најзаслужните за одличното издание на Ливерпул во Лигата на шампионите последниве неколку години. Шпанецот дојде на Енфилд по желба на Рафа Бенитез и оттогаш не успеа да влезе во плановите на селекторот Арагонес. Фабрегас, Чаби Алонсо и Торес се единствените фудбалери кои играат надвор од Шпанија, а се повикани од Арагонес. Сите тие играат во Англија и чудно е како селекторот не сака да му даде шанса на Реина. Пред него секако е незаменливиот Икер Касиљас, но сигурно е дека голман од калибарот на Реина заслужува барем место на клупата на Шпанија покрај Виктор Валдес од Барселона. Ливерпул повторно е во полуфиналето од Лигата на шампионите и можеби конечно Арагонес ќе се убеди во квалитетите на Реина и ќе го повика онаму каде што заслужува.

28 ESPORT АПРИЛ 2008

Донадони не го сака Дел Пиеро А од друга страна и Дел Пиеро не го сака Донадони. Ветеранот и икона на Јувентус влезе во кавга со Донадони во однос на позицијата на која тој би играл во репрезентацијата. Дел Пиеро игра во одлична форма за Јувентус, а така беше и во репрезентацијата се додека Донадони не се реши да го префрли на крилната позиција. Играјќи на новата позиција, Дел Пиеро не се снајде најдобро, а Донадони ја искористи можноста да го посочи него како главен виновник за неколку лоши резултати, по што „Пинтуричио“ најави дека веќе нема намера да игра за Италија доколку не биде повикан како напаѓач. Местото на Дел Пиеро најверојатно ќе го преземе Џилардино, кој сезонава според формата е светлосни години зад ветеранот на Јувентус. Ова може да се промени само доколку некој од скараните попушти, што е малку веројатно. Значи, ќе следиме прво големо натпреварување без Дел Пиеро во репрезентацијата на Италија.


Honda CR-V Ko`en hидрауличен серво volan; Подесувач на воланot za вис. и длаб.; Волан со аудио команди; Cruise Control; ABS со EBD и BAS; Sистем за пролизгување VSA; ACC/CMBS*; TSA; DPS Honda - 4WD (Dual Pupmp System); Ксенон светла so prskalka; Светла за магла; Сензор за дожд; Двозонска автоматска клима; Навигација*; Радио CD MP3; Звучници 6; Zvu~nici 7; AIR Bag за возачot и совозачot; AIR Bag странични; AIR Bag на прозорциte; Ал. бандажи 17”/18” 225/65; Кодиран клуч; Далечинско центр.заклучување; Имобилајзер / Alarm; Paten kompjuter; Електрика на прозорциte; Ел.подесување на ретров.со греjачi; Електронско собирање на ретровизориte; Staklen krov; Zatemneti stakla; Кожени седишта so greja~i*; Делива задна клупа 60/40; Preden / Zaden nаслон за рака; Наслони за глава на задниte седишта; Predni i zadni parking senzori*; Osumanso~no podesuvawe na voza~ko sedi{te*; Woofer*; 6 CD charger*

од1.896.588 денари 30.990 евра

* Samo vo modelite so EXECUTIVE nivo na opremenost

tel. 02 314 61 89

АПРИЛ 2008 ESPORT 29


ФУДБАЛ Сторија ТВ преносите во иднината

Фудбал ќе се гледа на секој апарат со екран: од мобилни телефони, преку мп3 плеери до екрани во автобусите, авионите или возовите. Интеракцијата на гледачите со самиот натпревар ќе биде поголема од кога и да е 30 ESPORT АПРИЛ 2008


Поводот за оваа сторија е борбата која се водеше за откупување на ТВ правата за Лигата на шампионите од 2009 година па натаму. Конкретно, во Велика Британија, ББЦ, ИТВ и Скај се телевизиските куќи кои се бореа да го добијат ексклузивното прво на ТВ преноси од натпреварите од Лигата на шампио-

ните, луксуз кој ги чини по преку 50 милиони фунти годишно. Борбата за добивање на ТВ правата се разгорува од година во година бидејќи интересот на публиката за натпреварите е огромен. Ова посебно важи за Велика Британија откако дури четири тимови од Англија успеаја да се пласираат во четврт-финалето од

Лигата на шампионите оваа сезона. Просекот на гледачи пред ТВ екраните кога настапува тим од Англија изнесува 5,9 милиони, и тоа во обичен натпревар од фазата по групи. Финалето во Истанбул во кое Ливерпул го совлада Милан било следено од 15 милиони гледачи само преку ИТВ во Англија.

Сето ова значи само едно. Фудбалот можеби стагнира на самиот терен - во однос на правилата, воведувањето технологии и слично, но оди рапидно напред во бизнис-рамки.

Споредба: некогаш и денес

Ако се вратиме наназад, по транс-

АПРИЛ 2008 ESPORT 31


ФУДБАЛ Сторија формацијата од црно-бела во телевизија во боја, следната револуција во поглед на ТВ преносите од натпреварите се случува дури во 1998 година. Тогаш се појавува дигиталната технологија која конечно овозможува пренос во живо со „widescreen“ технологија - на телевизори со рамен и широк екран. Со ова подобрување, не постои веќе изобличување на сликата и сé што гледаме на преносот е пореално, за разлика од порано, кога едни фудбалери се чинат подебели или послаби во зависност од тоа во кој дел од екранот се нашле во моментот. Следниот чекор напред во ТВ технологијата и уште поголемо доближување на атмосферата од стадионите во домовите се случи во 2001 година со воведување на пакетот Скај+ (Sky+). Со новата технологија, на гледачите им се овозможуваше во живо да паузираат моменти од натпреварите и да се враќаат назад гледајќи забавени снимки. Всушност, со оваа технологија, секој можеше на некој начин да стане сам свој режисер во однос на преносот на натпреварите. Конечно, дојде и 2005 година, а со тоа и HD (High Definition) технологијата. Оваа технологија го носи преносот на натпреварите на едно сосема ново ниво. Овозможува резолуција на кадрите и до 5 пати поголема од претходната и доколку имате доволно голем телевизор, би се чувствувале како да се наоѓате на самиот стадион. Оваа технологија е и на некој начин лоша за оние „помирни“ луѓе бидејќи во вашата дневна соба ќе го донесе сиот звук од стадионот, за вашиот поглед ќе ја долови потта на дресовите на фудбалерите и пареата од нивниот здив во зимски услови. Ако се вратиме наназад, никој не претпоставувал дека ќе одиме толку напред во поглед на технологијата,

32 ESPORT АПРИЛ 2008

Крај на битката за ТВ правата

ТВ преносите во иднината но што ако погледнеме нанапред? Ви ги пренесуваме предвидувањата на експертите за тоа како ќе изгледа фудбалот за 10 години од сега.

Поголем и полесен избор за гледачите

Најреалната и најзначајната промена ќе биде зголемувањето на изборот. За разлика од денес, телевизиите ќе ги нудат сите натпревари од едно првенство во живо, а вие како гледач ќе можете да се вклучувате кога сакате и на кој натпревар сакате, па дури и да гледате неколку натпревари истовремено користејќи го системот „слика во слика“. Тоа е нешто слично на „плати па гледај“ системите кои се нудат и денеска, но оваа технологија уште повеќе ќе се усоврши. HD технологијата е веќе тука и ќе остане. Во следните десетина години оваа технологија ќе напредне до тој степен што да се гледа натпревар на телевизија со правилната опрема ќе биде еднакво како да се биде на самиот стадион. Со текот на годините, HD преносите на натпревари ќе бидат овозможени и за помалите тимови, а не само сега за големите настани како Лигата на шампионите или Светските првенства. На крај, сигурно е дека за 10 години од денеска ќе имаме можност да гледаме фудбал на многу поголеми телевизори. Пред 12 години, просечната големина на телевизорите во Велика Британија изнесуваше 25 инчи, а сега тој просек е 32. Што поголеми телевизори - толку пореално доживување од стадионите.

Нема повеќе ТВ во 2020!

Според Оли Слипер, претседател на Премиум ТВ од Велика Британија, зборот „ТВ“ веќе нема да се користи како термин бидејќи фудбалот веќе нема да се гледа на обичен телевизор, туку само на екрани - без разлика

ИТВ пред Скај и ББЦ Токму ИТВ е телевизиската мрежа која успеа да ги добие ТВ правата. Многу работи одеа во прилог на ИТВ. Прво и основно, да се пренесуваат натпревари од Лигата на шампионите значи да се пренесуваат и рекламите исклучиво од спонзорите на ова натпреварување, што, пак, се коси со правилниците на националната ББЦ, па така, за нив оваа зделка тежи 10 милиони повеќе поради компензацијата која ја плаќаат на УЕФА за да можат да ги прикажуваат и своите реклами. Малку недостигаше пакетот да биде доделен на Скај, а тоа малку е расположението на УЕФА. Претседателот Мишел Платини веќе во неколку наврати истакна дека предност при откупувањето на ТВ правата ќе имаат оние телевизии кои слободно ќе ги прикажуваат натпреварите (не по системот плати па гледај) и иако ова не е правило во УЕФА, сепак влијаеше доволно за правата да заминат кај ИТВ. ИТВ ги доби правата од 2009 до 2012 година за сума која се шпекулира дека е од 80 до 90 милиони фунти годишно.

Ситуацијата во Македонија

Далеку сме од светските трендови Македонија сe уште е неколку чекори назад во однос на западниот свет кога се во прашање фудбалските преноси. Кај нас, сe уште не се практикува ниту дигиталната технологија, а не можеме ниту да размислуваме за HD технологијата - за вторава е тешко да се пронајде дури и снимка од филм на ДВД, а не да се гледа натпревар во живо. Во моментов, ниту една од телевизиите не најавила вакви или слични новини, па останува само на индивидуалци кои се подготвени да платат добра сума на пари да си овозможат некој од најновите системи во своите домови. Со една реченица: Македонија во 2020 ќе биде она што е Велика Британија денес.

дали станува збор за ЛЦД, екран од мобилен телефон, мп3 плеер, екран во автобус, авион... Сите оние кои ќе гледаат фудбал ќе имаат можност со неколку допири на далечинскиот управувач да го променат аголот под кој го гледаат натпреварот, да следат само еден фудбалер, да гледаат забавени

снимки по своја желба, да ги следат статистиките на фудбалерите и да се обложуваат во живо! Touch-screen (екран на допир) технологијата ќе биде интегрирана во скоро сите апарати, па така ќе биде многу полесно за манипулирање и искористување на можностите кои ќе ги нуди идната технологија. E


АПРИЛ 2008 ESPORT 33


Steven Gerrard Liverpool

Liverpool - Luton (FA Cup, January 2008)


ÍÁÀ Ïëå¼îôîò çàïî÷íóâà íà 19 àïðèë. Ñèòå òðè ðóíäè äî Ôèíàëåòî ñå èãðààò âî ñèñòåìîò „ïîäîáàð îä 7 íàòïðåâàðè“ ÍÁÀ Ôèíàëåòî çàïî÷íóâà íà¼ðàíî íà 3 ¼óíè, à íà¼äîöíà íà 5 ¼óíè. Êðà¼îò íà ÍÁÀ Ôèíàëåòî å íà¼äîöíà íà 19 ¼óíè

Êîíôåðåíöèñêî ôèíàëå

Êîíôåðåíöèñêî ïîëóôèíàëå

Ïðâà ðóíäà


ФУДБАЛ анализа Споредба на националните првенства

АНГЛИЈА

Број на клубови во лига: 20 • Места во ЛШ: 4 • Места во Куп на УЕФА: 3 • Места во ЛШ: 3 • Места во Куп на УЕФА: 3 • Титули во ЛШ (последни 10 год.): 2 • Финалиња во ЛШ (последни 10 год.): 2 • Титули во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 1 • Финалиња во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 2 Вкупна вредност на 4-те најскапи клубови: 3,09 милијарди долари Вкупна вредност на фудбалерите: 2,87 милијарди евра • Вкупен број на посетители на стадионите минатата сезона: 13.094.307 • Просечна посетеност на натпревар: 34.459 • Вкупно голови во лига (2006/07): 931 • Просек на голови по тим (2006/07): 46,5

Сте се запрашале ли некогаш дали реално може да се одреди кое национално првенство е најдобро во Европа и кои би биле параметрите? Ние се обидовме да го добиеме одговорот на тоа прашање

шпанија

Број на клубови: 20 • Места во ЛШ: 4 Места во Куп на УЕФА: 3 • Титули во ЛШ (последни 10 год.): 4 • Финалиња во ЛШ (последни 10 год.): 2 • Титули во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 3 Финалиња во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 2 • Вкупна вредност на 4-те најскапи клубови: 1,65 милијарди долари • Вкупна вредност на фудбалерите: 2,48 милијарди евра • Вкупен број на посетители на стадионите минатата сезона: 10.958.440 • Просечна посетеност на натпревар: 28.838 Вкупно голови во лига (2006/07): 942 Просек на голови по тим (2006/07): 47,1 извори

The Forbes, Deloitte, UEFA, FIFA 62 ESPORT АПРИЛ 2008


германија

Број на клубови: 18 • Места во ЛШ: 3 Места во Куп на УЕФА: 3 • Титули во ЛШ (последни 10 год.): 1 • Финалиња во ЛШ (последни 10 год.): 2 • Титули во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 0 Финалиња во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 1 • Вкупна вредност на 4-те најскапи клубови: 1,42 милијарди долари • Вкупна вредност на фудбалерите: 1,34 милијарди евра • Вкупен број на посетители на стадионите минатата сезона: 11.518.923 • Просечна посетеност на натпревар: 37.644 Вкупно голови во лига (2006/07): 835 Просек на голови по тим (2006/07): 46,4

италија

Број на клубови во лига: 20 • Места во ЛШ: 4 • Места во Куп на УЕФА: 3 Места во ЛШ: 3 • Места во Куп на УЕФА: 3 • Титули во ЛШ (последни 10 год.): 2 • Финалиња во ЛШ (последни 10 год.): 3 • Титули во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 2 • Финалиња во Куп на УЕФА (последни 10 год.): 1 Вкупна вредност на 4-те најскапи клубови: 2,36 милијарди долари Вкупна вредност на фудбалерите: 2,05 милијарди евра • Вкупен број на посетители на стадионите минатата сезона: 7.019.740 • Просечна посетеност на натпревар: 18.473 Вкупно голови во лига (2006/07): 961 Просек на голови по тим (2006/07): 48,1

Сер Алекс Фергусон и неговата изјава дека Премиер лигата е најдобрата лига на планетата беа директен повод да ја направиме оваа анализа. Најчесто, секој си вели за својата лига каде што настапува дека е најдобра, но се работи за изјави кои не се темелат на некакво истражување, туку на лично искуство или интерес. По долго размислување, решивме да ја направиме оваа анализа. Како параметри во одмерувањето на силите помеѓу лигите земавме повеќе фактори. Ги анализираме успесите на тимовите во континенталните натпреварувања во последните 10 години, а освен тоа, ја анализираме посетеноста на стадионите, вредноста на клубовите и фудбалерите, бројот на репрезентативци кои настапуваат во одредена лига и т.н. Шоубизнисот во Англија, резултатите во Шпанија Според податоците кои ги добивме, Премиер лигата не е најсилната на „Стариот континент“. Ако се земат предвид резултатите во континенталните натпреварувања од последните 10 години, Шпанија го држи тронот со дури 4 трофеи во Лигата на шампионите, два други тимови кои биле финалисти, како и три трофеи во Купот на УЕФА и два финалисти. Најслаби резултати во Европа имаат тимовите од Германија. Во однос на посетеноста, пак, Германија го има приматот во Европа со просечна посетеност од дури 37.644 гледачи по натпревар – двојно повеќе од просекот во Италија. Италија, пак, е земја со двојно побогати клубови од Германија. Највредните четири клубови во оваа земја чинат 2,36 милијарди долари, во однос на 1,42 милијарди во Германија. Во оваа категорија, приматот го држи Англија со вкупна вредност на четирите најдобри клубови од цели 3,09 милијарди долари! E

АПРИЛ 2008 ESPORT 63


ФУДБАЛ Сторија Фудбалот во иднината

64 ESPORT АПРИЛ 2008


Тестирања на нова топка Адидас со микрочип за сигнализација кога топката ја поминува гол линијата АПРИЛ 2008 ESPORT 65


ФУДБАЛ сторија Дали некогаш сте се запрашале како ќе изгледа фудбалот во иднината. Конкретно, да претпоставиме дека се наоѓаме во 2020 година: Тео Волкот би имал 31 година, а Лионел Меси полни 32 години. Додека се движите кон стадионот за да следите натпревар на вашиот омилен клуб, времето ви поминува гледајќи ја ексклузивната најава за натпреварот и хајлајти од минатите натпревари на вашиот мобилен телефон. Натпреварот започнува, а кога постигнатиот гол на вашиот клуб е поништен поради недозволена офсајд позиција, вие не можете да се побуните. Тоа е бидејќи веднаш ја следите забавената снимка на мониторите вградени во седиштата и се уверувате дека роботот кој ги заменува линиските судии едноставно не може да погреши! Ако натпреварот ви е досаден, слободно можете да нарачате ручек или вечера директно на вашето столче или да следите некој од останатите натпревари кои се играат во моментот на мониторот вграден на местото на кое седите.

„Портокаловиот“ извештај

Сето ова ви изгледа претерано и нереално? Тоа ќе биде нашата реалност во иднината, ако му се верува на Orange Future of Football Report 2008 (Портокаловиот извештај за иднината на фудбалот). Група на фудбалски експерти во соработка со научници од разни научни полиња го изработија својот поглед и предвидување за тоа како ќе се движи развојот на фудбалот во следната декада. Тие, врз основа на модерните фудбалски текови (од аспект на фановите и бизнис приликите во спортот) и развитокот на научни откритија, во овој извештај предвидуваат како ќе изгледа фудбалскиот свет во 2020 година. Што можеме да очекуваме? Замена на линиските судии со роботи кои со 100% сигурност ќе одредуваат дали се работи за офсајд-позиции и кога топката ја поминува гол или аут линијата. Така, повеќе нема да има никакви побуни од фудбалерите за одлуките на роботот, кој гарантирано не греши. Освен ова, со развојот на GPS (систем за глобално позиционирање) технологијата, ќе знаеме каде точно се наоѓа еден фудбалер на теренот без воопшто да погледнеме. Нема да има повеќе „крадење“ по неколку метри во изведувањето на слободните удари и уфрлувањата од аут, бидејќи со GPS чиповите вградени во опремата на фудбале66 ESPORT АПРИЛ 2008

Фудбалот во иднината рите ќе се знае точно каде дошло до контакт. Исто така, ќе се знае кога не дошло во контакт за судијата да може да ги казни оние фудбалери кои ќе симулираат.

Технологијата во сржта на фудбалот

До 2020 година, сите терени на стадионите би требало да бидат со вештачка трева. Тоа ќе овозможи дополнително поставување на најразлични сензори на сите страни на теренот, а воедно ќе обезбеди еднакви услови на сите стадиони. Освен тревата, се претпоставува дека до тогаш ќе има можност за создавање на микро-климатски услови во регионите во кои се наоѓаат стадионите, па така никогаш нема да има одложување на натпреварите поради лоши временски услови, а воедно ќе се создадат слични услови на сите стадиони. Кога сме кај вештачкото, во извештајот дури и се споменува вештачка публика! Токму така! Во време кога на многу од клубовите им е тешко да ги наполнат трибините за време на натпреварите се предвидува дека со олеснувањето на начинот на следење на натпреварите преку ТВ, уште помал број на луѓе ќе се решат да доаѓаат на стадионите. Благодарение на 3Д и холограмската технологија, ќе биде можно гледачите и преку телевизија и проектори да го добијат истото доживување на натпреварите како да се наоѓаат во првите редови на стадионите.

Фудбалерите како роботи?!

Со напредокот на технологиите за модификација на гените и нанотехнологијата, многу е веројатно дека во иднината главен збор во однос на развојот на фудбалерите нема да имаат тренинзите и тренерите, туку докторите. Со идните технологии, ќе се овозможи секој фудбалер да извлече максимум од физичкиот потенцијал на своето тело, а со нано-технологијата битно ќе се влијае и на подобрување на вештините на фудбалерот. Со ова, но и со подобриот развој на системите за следење на играта на секој фудбалер (Pro Zone, Opta), работата на тренерите ќе биде далеку поразлична од денеска. Дури и нема да биде потребно тие да ги гледаат натпреварите во живо за да знаат што се случува на теренот: сите информации ќе ги добиваат во електронска форма! Со еден збор, наместо да се трошат милиони на трансфери, клубовите ќе ги инвестираат во

ГОРЕ Новите роботски линиски судии ГОРЕ ЛЕВО Идните интерактивни седишта на стадионите ГОРЕ ДЕСНО Фудбалот во иднината како видео игра ЛЕВО 3Д технологија за следење натпревари

Промените во 2020 година

Како ќе изгледа фудбалот во иднината? • Роботи наместо линиски судии и сензори на телата на фудбалерите ќе спречуваат грешки во судиските одлуки • Напредокот во генетиката ќе ги направи фудбалерите од иднината супериорни во однос на денешните во делот на физичките перформанси • Опремата ќе биде изработена со нанотехнологија со што ќе го храни телото на фудбалерот во текот на натпреварот со корисни материи и ќе спречува полесни повреди • Имињата на спонзорите на дресовите ќе се менуваат во текот на натпреварите • Натпреварите никогаш нема да бидат одложувани бидејќи на сите стадиони ќе биде поставена вештачка трева и во исто време ќе постои технологија која ќе може да создаде идеална клима на стадионот и во околината за одигрување натпревар • ТВ преносите ќе бидат во три димензии и гледачите ќе имаат поглед од 360 степени на теренот • Топките ќе имаат систем со кој ќе пренесуваат податоци директно до судијата на натпреварот

Во иднина, веќе нема се да зависи од очите на судијата


Фудбалот во иднината Сеп Блатер

„Фудбалот не е подготвен за новата технологија“ Изминатиот месец, ФИФА реши да ги прекине сите тестови на технологијата која ќе сигнализира кога топката ја поминува гол-линијата. Најпогодени од оваа одлука беа челниците на Премиер лигата кои инвестираа стотици илјади фунти за развивање на технологијата. Блатер појасни: „Мислиме дека фудбалот не е подготвен за ваков вид на технологија. Најпрво, имплементирањето би бил многу скап процес, а досегашните тестови секако покажаа дека системот работи коректно само во 95% од случаите. Кога би ме прашале мене, јас попрво би назначил дополнителни судии на еден натпревар кои би стоеле зад головите и би следеле што се случува на гол-линијата“. Освен ова, беше прекината и поддршката за развој на технологијата „Соколово око“ - нешто кое се користи во тенисот. Овој систем дигитално ја снима траекторијата на топката и идеата зад системот беше да се подобри прецизноста на линиските судии при досудувањето аут, корнер или гол.

унапредување на технологиите за подобрување на перформансите на оние фудбалери кои веќе ги имаат.

Која е реалноста?

Прашањето кое сигурно си го поставивте е дали навистина ќе дојде до овие промени. Сигурно е само дека технологијата доволно ќе напредне за да ги овозможи ваквите технологии, но прашање е колку фудбалот и општо спортот се подготвени да ги имплементираат. Фудбалот е многу конзервативен спорт. Многу се ретки промените на суштината на играта, сé уште е речиси невозможно да се размислува за

ФУДБАЛ сторија

имплементирање на висока технологија како помагало, без разлика дали станува збор за помош на судиите, тренерите или фудбалерите. Ако направиме паралела од почетокот на 90тите години до денес, единствениот технолошки напредок во играта е системот за комуникација помеѓу судиите т.е. радио-врската помеѓу главниот судија и помошниците. Долго време се зборува за имплементирање на технологија која ќе сигнализира кога топката ќе ја помине гол-линијата, но од ФИФА сé уште не се подготвени за воведување на еден ваков чекор. Останува само времето да покаже што не чека во иднина. E

АПРИЛ 2008 ESPORT 67


ФУДБАЛ Водич Како на патување во Европа

68 ESPORT АПРИЛ 2008


Низ овој водич ќе се обидеме да ви го доближиме и објасниме начинот на кој фудбалските фанови од Македонија би можеле да се најдат на трибините на Ноу Камп, Олд Трафорд или Сан Сиро, навивајќи за тимот кој го поддржуваат Нашите фудбалски фанови најчесто имаат навика да патуват во Софија, а уште повеќе во Белград, каде што за еден пристоен аранжман од 50 до 80 евра досега имале можност да ги гледаат во живо големите европски клубови како Реал Мадрид, Милан, Рома, Порто. Сте се запрашале ли некогаш како е да се почуствува атмосферата на еден голем дерби натпревар и да се отпатува во подалечните земји како што се Италија, Шпанија, Англија, Германија?

Цените за на запад - астрономски!

Повеќе од сигурно е дека кејфот за такво нешто е огромен кај сите љубители на фудбалот, но причините поради кои ретко се патува на такви мечеви се многу. Реалноста уште на почеток ќе ви ја прет-

ставиме во бројки. Доколку сакате да отпатувате во Лондон и да го проследите големото англиско дерби Челзи - Манчестер Јунајтед, само за билет на натпреварот треба да издвоите 600 евра или 3 македонски просечни плати. Кога на крај ќе пресметате колку пари ви се потребни за да стигнете до Англија и да преспиете во некој хотел, сигурно дека нема да ви се допадне крајниот цех за едно такво огромно задоволство. Процедурата за вадење виза е исто така еден од проблемите со кој се соочуваме веќе подолго време. Турканиците пред амбасадите, нељубезноста на вработените и на крај уште и неизвесност дали ќе ја добиете потребната виза навистина предизвикуваат гнев кај луѓето. Но, затоа Еспорт ви нуди водич за тоа како на најлесен и најевтин начин да заминете во

европските метрополи и да уживате во мајсториите на големите фудбалски имиња.

Шпанија - прескапа

Една од најатрактивните дестинации е се разбира Барселона каде што имате прилика да го проследите и истоимениот клуб полн со „звезди“ од калибарот на Меси, Роналдињо, Ето, Анри и други. Но за тоа задоволство потребно е да имате „подлабок“ џеп. Билет за големото дерби Барселона-Реал Мадрид чини и до неверојатни 500 евра. Доколку се решите да нарачате билет на веб сајтот www.barcelona-footballtickets.com со кредитна картичка, тој ќе ви стигне во хотелот во кој сте сместени. Со билетот ви следува и мапа за разгледување на градот и сувенир. Едно од поевтините хотелски сместувања во

АПРИЛ 2008 ESPORT 69


ФУДБАЛ Водич

Како на патување во Европа

Последна шанса

Каде би можеле до крајот на годинава? Ако еден ваков текст делуваше доволно провокативно за вас, редно е да ви посочиме кои се некои од поинтересните натпревари кои ќе се одиграат низ Европа до крајот на тековната сезона. ЕКСКЛУЗИВНИ НАТПРЕВАРИ 7.05

Real Madrid - Barcelona

13.04 Manchester Utd - Arsenal 26.04 Chelsea - Manchester Utd 12.04 Werder - Schalke 04 13.04 Milan-Juventus 4.05

Inter-Milan

ИНТЕРЕСНИ НАТПРЕВАРИ 20.04 Barcelona - Espanyol 4.05

Barcelona - Valencia

3.05

Newcastle Utd - Chelsea

11.05 Tottenham - Liverpool 17.05 Bayer Leverkusen - Werder Конечна дестинација: стадион, трибина, контакт со Роналдињо?

Интер-Милан 4 мај 2008 20:30

Италија - идеално

Минимум 560 евра! Конкретно, колку би ве чинел патот, сместувањето и билетот за деербито Интер-Милан кое ќе се одигра на 4 мај на Џузепе Меаца? Неопходните трошоци се следните: • Билет за натпреварот 150 евра • Повратен авионски билет околу 300 евра • Хотелско сместување за 2 ноќевања 70 евра • Виза 35 евра • Превоз од аеродром до хотелот 5 евра Ако на ова се додаде фактот што ќе морате нешто да јадете „за да преживеете“ и ќе сакате да купите некој сувенир или да прошетате да го разгледате Милано, сумата би била поголема од 560 евра.

Барселона чини 90 евра по особа за две ноќевања. Повратен авионски билет ќе ве чини од 250 до 350 евра, а за виза потребно е да извоите 35 евра. Во Барселона дозволена е и секојдневна посета на стадионот „Камп Ноу“ и на големиот музеј во кој влегуваат 1 милион луѓе годишно. Во музејот може да се видат најразлични реквизити и пехари 70 ESPORT АПРИЛ 2008

за прес-конференции.

кои ги освоил каталонскиот клуб, мегу кој и пехарот од 1992 година, кога Барселона за прв пат ја освои Лигата на шампионите. За позаинтересираните екипата на Барселона организира и разгледување на внатрешниот дел од стадионот, почнувајќи од соблекувалните, ВИП зоните кои се резевирани за раководството на клубот и салата

Како поевтина варијанта Еспорт ви ја предлага прекрасната земја Италија или поточно градот на модата Милано. Секако еден од најпривлечните натпревари е и миланското дерби помеѓу екипите на Интер и Милан. Италијанците не разбираат многу добро англиски јазик, но доволно е само да им кажете „Стадио Сан Сиро“ и веднаш ќе ве разберат и ќе ви објаснат како да стигнете до стадионот. Најевтиниот билет достапен на интернет за овој дерби натпревар е 150 евра и како што може да забележите далеку поевтино е да следите дерби меч во италијанската Серија А, отколку во шпанската прва лига. Повратен авионски билет ќе ве чини од 250 до 400 евра во зависност од тоа кога ќе го купите. Од туристичките агенции ни рекоа дека колку порано се резервира авионскиот билет, цената е пониска. Веб-сајтот www.sportsemotions.com е одличен за резервирање билети со кредитна картичка и функционира веќе 15

13.04 Fiorentina-Inter 27.04 Lazio-Juventus

години. Може да се купат билети за натпревари од најсилните европски лиги, па дури и за Лигата на шампиноите и Купот на Уефа. За сместување во Милано може да најдете хотел за 70 евра за две ноќевања. www.booking.com е сајт на кој можете да резевирате хотел во многу европски градови низ Европа. И за крај се поставува прашањето „Вреди ли да се почуствува барем еднаш еден голем дерби натпревар на кои ќе слушнете како навиваат фудбалските фанови, како ги пејат навивачките песни, како ги веат знамињата и го прославуваат голот на својот омилен клуб“. Иако можеби ве заболи главата од сите овие бројки, мислам дека секој голем љубител на фудбалот вреди и заслужува да го почуствува врисокот на 80.000 навивачи. E


АПРИЛ 2008 ESPORT 71


КОШАРКА најава НБА плејоф

Додека го читате овој текст, регуларниот дел од 62. НБА сезона дојде до својот крај и 16. екипи кои се пласираа во плејофот се подготвуваат за најважниот дел од сезоната - борбата за „Лери О’Браен“ трофејот и тронот на Сан Антонио. Сигурно е дека нè очекува едно од најнеизвесните разигрувања, посебно на силниот Запад, а ова се фаворитите и оние кои можат да изненадат според еСпорт 82 ESPORT АПРИЛ 2008


До затворањето на овој број на Еспорт комплетната плејоф слика во двете конференции не беше целосно јасна, но во најголема мерка беа познати тимовите кои ќе бидат дел од разигрувањето. Само остануваше, а тоа е посебно случај во Западната конференција, тимовите да се изборат за што е можно повисок пласман, или кога зборуваме за последните две плејоф места на нив да заседнат два од трите конкуренти, Далас, Денвер и Голден Стејт, Иако овие детали не беа познати, неколку работи се кристално јасни, а тоа е дека само два тима од Истокот имаат реални шанси да се борат за титулата, како и тоа дека разигрувањето на Западот оваа сезона ќе биде едно од најинтересните, најнеизвесните и најтешките за прогнозирање на сите времиња. Оваа сезона, како ретко кога до сега ја покажа разликата во квалитет помеѓу двете конференции, што некои аналитичари ги наведе и на идејата дека е потребна промена на плејоф форматот со која најдобрите 16 тима во лигата, а не најдобрите осум во двете конференции, би биле дел од плејофот. Нормално, НБА е лига со повеќе од 60-годишна традиција, па таквите предлози беа веднаш отрфлени од страна на комесарот Дејвид Стерн. Факт е дека два од последните четири шампиони дојдоа токму од Истокот, но исто така е факт дека фаворитите кои играа на Истокот се соочуваат со многу послаба конкуренција во првата, па некогаш и во втората рунда, отколку со она со што екипите на Западот мораат да се справат уште во првата средба од плејофот. Ова може да се покаже како многу важен фактор, зато�� што додека меѓусебно се истребуваат фаворитите на Западот, двата тима кои се над својата конкуренција на Истокот, а тоа се Бостон и Детроит, би можеле без премногу замарање да се изборат за конференциското финале каде сепак ќе мораат да дадат с$ од себе за да се сретнат со тимот кој ќе ја добие војната на Западот. Голем број од неутралните НБА фанови посакува, а квалитетот на двата тима тоа го оправдува, враќање на вистинското Големо финале од 80-те кога на врвот на Лигата беа двата убедливо најтрофејни клуба - Бостон и Лејкерси. E

АПРИЛ 2008 ESPORT 83


КОШАРКА најава

исток

НБА плејоф

Бостон Селтикс Атланта Хоукс

Детроит Пистонс Филаделфија Сиксерс

Убавите времиња се вратија во Бостон

Успех или крај за Сандерс?

Крај на деветгодишниот пост за Атланта!

Сиксерси од своја страна бркаат продолжување на својот голем успех

Фаворитот на Истокот и тим кој сезоната сигурно ќе ја заврши со најдобриот скор во Лигата. Ефектот кој врз Бостон го имаа Кевин Гарнет и Реј Ален. Тие двајца, заедно со староседелецот Пол Пирс од Селтикси, кои лани беа вториот најслаб тим во Лигата, направија тим кој доминираше оваа сезона и со кој никој не сака да се сретне во разигрувањето. Во случај да ги избегнат повредите на клучните играчи, во Бостон со право се надеваат на камбек во големото финале по пауза од цела 21 година. Хоукси до затворањето на овој број го немаа и дефинитивно обезбедено местото во разигрувањето, но тие со една нога беа во плејофот како осми во својата конференција. За нив, ова ќе биде прв пласман во плеј-офот по цели девет сезони, со што ставија крај на најдолгиот пост во НБА. Со оглед на својата младост и потенцијал ги удрија темелите на силен тим за идните неколку сезони, а тоа што без проблем ќе бидат елиминирани од силните Селтикси уште на стартот, не треба да ги загрижува.

Пистонси се една од најконстантните појави во НБА и оваа сезона, нивна петта во низа со најмалку 50 остварени победи. Според многумина, тие успеваат да остварат таков скор само поради фактот дека играат на далеку послабиот Исток. Сепак, нивните дуели со најдобрите екипи од Западот го покажуваат спротивното. Тие само треба да избегнат да не им случи ментален колапс како тој против Леброн Џејмс и Кавси во последното разигрување. Доколку вакво нешто се повтори, за очекување е отказ за тренерот Сандерс, а можен е и мал ремонт на тимот. Најпријатното изненадување на Истокот, Сиксерси, се тимот кој во ниту една прогноза пред стартот на сезоната не беше дел од осумтте тима кои требаше да се најдат во разигрувањето во својата конференција. Сите им предвидуваа уште една слаба сезона. Но, брзото созревање на Андре Игудала и зрелоста која им ја донесе Андре Милер влијаеја позитивно на соиграчите. Пласманот во плејофот е доволно голем успех за Филаделфија, така да и не треба да се очекува ново изненадување и нивно поминување на првата рунда. Вредност на клубот: 353 мил. долари (10. во лига) • Сезони: 61 • Плејоф пласмани: 46 • Пласмани во финалето: 19 • Титули: 16 (последна 1986 год.) • Најдобра сезона: 1972-73 со скор 68-14 • Плејоф 06-07: Не се пласираа • Стрелец: П. Пирс 19.9 • Скокач: К. Гарнет 9.4 • Асистент: Р. Рондо 5.1 Прва петорка: Рејџон Рондо, Реј Ален, Пол Пирс, Кевин Гарнет, Кендрик Перкинс • Тренер: Глен “Док” Риверс Еспорт типува: ШАМПИОНИ 84 ESPORT АПРИЛ 2008

Вредност на клубот: 286 мил. долари (26. во лига) • Сезони: 58 • Плејоф пласмани: 36 • Пласмани во финалето: 3 • Титули: Една - 1958 год. • Најдобра сезона: 1986-87 и 1993-94 со скор 57-25 Плејоф 06-07: Не се пласираа Стрелец: Џ.Џонсон 21.7 • Скокач: А. Хорфорд 9.7 • Асистент: Џ.Џонсон 5.8 Прва петорка: Мајк Биби, Џо Џонсон, Џош Смит, Марвин Вилијамс, Ал Хорфорд • Тренер: Мајк Вудсон Еспорт типува: Прва рунда од плејофот

Вредност на клубот: 402 мил. долари (6. во лига) • Сезони: 50 • Плејоф пласмани: 30 • Пласмани во финалето: 5 • Титули: Три (последна 2004 год.) Најдобра сезона: 2005-06 со скор 64-18 Плејоф 06-07: Поразени во Финалето на Истокот од Кливленд • Стрелец: Р. Хамилтон 17.7 • Скокач: А. Мекдајс 8.8 Асистент: Ч. Билапс 7.1 • Прва петорка: Чонси Билапс, Ричард Хамилтон, Тејшон Принс, Антонио Мекдајс, Рашид Волас • Тренер:Флип Сандерс Еспорт типува: Финале на Истокот

Вредност на клубот: 380 мил. долари (13. во лига) • Сезони: 58 • Плејоф пласмани: 43 • Пласмани во финалето: 9 • Титули: Три (последна 1983 год.) Најдобра сезона: 1966-67 со скор 68-13 Плејоф 06-07: Не се пласираа Стрелец: А. Игудала 19.8 • Скокач: С. Далембер 10.3 • Асистент: А. Милер 7.0 • Прва петорка: Андре Милер, Вили Грин, Андре Игудала, Реџи Еванс, Семјуел Далембер • Тренер: Морис Чикс • Еспорт типува: Прва рунда од плејофот


исток

КОШАРКА најава

НБА плејоф

Орландо Меџик Вашингтон Визардс

Кливленд Кавалирс Торонто Репторс

Орландо е повторно фактор на Истокот

Ќe moжe ЛИ ЛЕБРОН ПАk СÈ Сam?

А, многу работи кај Визардси зависат од Аринас...

А, втората рунда е максимумот за Торонто...

Растот и развојот на Двајт Хауард како играч оваа сезона се поклопи со напредокот на Орландо како тим кој се најде веднаш зад двата фаворити на Истокот. Заслуги за тоа, покрај младиот центар и тренерот, има и Хидо Туркоглу, кој ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, како и засилувањето од минатото лето Рашард Луис. Неискуството, како и немањето на навистина квалитетен плеј и клупа се најголемиот противник на Орландо, кој е тим - миленик на публиката. Визардси, пак, и покрај сите проблеми со кои се соочија, успеаја да ја продолжат низата на плејоф настапи. Тоа секако дека е успех и до некаде не баш очекуван резултат од нив со оглед на тоа дека уште на стартот на сезоната поради повреда ја загубија првата ѕвезда Гилберт Аринас. Во плејофот Визардси во тимот речиси сигурно ќе го имаат опоравениот Аринас, што секако дека е голем поттик за остатокот од тимот, но прашање е колку тој навистина може да му помогне на Вашингтон. Втората рунда не е неостварлива.

Кај Кливленд, оваа година на површина избија сите дупки кои лани одлично ги прикри фантастичниот Леброн, од слабата клупа, до немањето на вистински помошници за суперстарот. Токму поради тоа беше направен трејдот во кој Кавси се засилија со Вест, Шчербијак и Волас. Но, тоа многу не ја смени формата на тимот. Би било лудо да се отпише екипата на Џејмс, но сосема е јасно дека доколку ништо посебно не се смени во Кливленд, сонот за камбек во големото финале ќе остане само тоа - сон. Нивни најверојатен противник во првата рунда е Торонто - една од екипите кои се најголема енигма на Истокот. Повеќето аналитичиари веруваат дека Торонто нема изградено сопствен идентитет како тим, а Крис Бош како лидер и Андреа Барњани не се развива како што од него се очекуваше. Нема сомнеж дека можат да бидат незгоден противник за секого, но недостигот на искуство и карактер веројатно ќе биде кобен за нив. Вредност на клубот: 322 мил. долари (19. во лига) • Сезони: 19 • Плејоф пласмани: 9 • Пласмани во финалето: 1 • Титули: / • Најдобра сезона: 1995-96 со скор 60-22 • Плејоф 06-07: Елиминирани во 1. рунда од Детроит Стрелец: Д.Хауард 21.2 • Скокач: Д.Хауард 14.5 • Асистент: Х. Туркоглу 4.9 • Прва петорка: Џамир Нелсон, Кит Боганс, Хидо Туркоглу, Рашард Луис, Двајт Хауард • Тренер: Стен Ван Ганди Еспорт типува: Втора рунда од плејофот

Вредност на клубот: 348 мил. долари (15. во лига) • Сезони: 47 • Плејоф пласмани: 25 • Пласмани во финалето: 4 • Титули: Една - 1978 год. • Најдобра сезона: 1974-75 со скор 60-22 • Плејоф 06-07: Елиминирани во 1. рунда • Стрелец: Е.Џејмисон 21.5 • Скокач: Е.Џејмисон 10.2 • Асистент: А. Дениелс 4.9 • Прва петорка: Гилберт Аринас, Дешон Стивенсон, Карон Батлер, Ентоан Џејмисон, Брендан Хејвуд Тренер: Еди Џордан • Еспорт типува: Прва рунда од плејофот

Вредност на клубот: 455 мил. долари (7. во лига) • Сезони: 37 • Плејоф пласмани: 15 • Пласмани во финалето: 1 • Титули: / • Најдобра сезона: 1991-92 со скор 57-25 • Плејоф 06-07: Поразени со 4-0 во Големото финале од Сан Антонио • Стрелец: Л.Џејмс 30.3 • Скокач: Ж. Илгаускас 9.5 Асистент: Л.Џејмс 7.3 • Прва петорка: Делонте Вест, Саша Павловиќ, Леброн Џејмс, Бен Волас, Жидрунас Илгаускас Тренер: Мајк Браун • Еспорт типува: Втора рунда од плејофот

Вредност на клубот: 373 мил. долари (14. во лига) • Сезони: 12 • Плејоф пласмани: 4 • Пласмани во финалето: / Титули: / • Најдобра сезона: 2000-01 и 2006-07 со скор 47-35 • Плејоф 06-07: Поразени во 1. коло од Њу Џерси Стрелец: К.Бош 22.5 • Скокач: Џ. Мун 6.3 • Асистент: Х. Калдерон 8.3 Прва петорка: Ти-Џеј Форд, Ентони Паркер, Џамарио Мун, Крис Бош, Рашо Нестеровиќ • Тренер: Сем Мичел Еспорт типува: Прва рунда од плејофот АПРИЛ 2008 ESPORT 85


КОШАРКА најава

запад

НБА плејоф

Сан Антонио Спарс

ЛА Лејкерс

Њу Орлеанс Хорнетс

Хјустон Рокетс

Годините го стигнаа шампионот

„Шоутајмот“ се врати во Холивуд

Покрај Спарси, никој не сака да игра против Хорнетси

На Хјустон ќе им биде тешко без Јао Минг

По сите приказни кои се најдоа во фокусот на медиумите оваа сезона, речиси сите како да заборавија во чии витрини се наоѓа „Лери О’Браен“ трофејот. Актуелниот шампион според многумина има престар состав за да може да се носи со силните ривали на Западот. Сепак, секој тим кој размислува за освојување на тронот знае дека патот до титулата води преку Аламо, а на Спарси не може да им се оспори искуство кое го имаат во тимот. Најпријатното изненадување оваа сезона, Њу Орлеанс, во плејоф��т може да влезе како прворангиран на Западот, што ќе значи добра шанса за продолжување на изненадувањето и во текот на разигрувањето. Фантастичниот Крис Пол оваа сезона се промовираше во вистинска НБА ѕвезда и лидер на младиот тим на Бајрон Скот. Единствена слабост на Њу Орлеанс во плејофот може да биде неискуството.

За прв пат по заминувањето на Шекил О’Нил, Лејкерси повторно се легитимни кандидати за враќање на НБА тронот. За тоа, покрај трансформацијата во играта на Коби Брајант, кој почна повеќе да мисли на соиграчите, придонесе и развојот на младиот центар Ендрју Бајнам, како и ангажманот на Пау Гасол. Евентуалниот дуел со Шек и со Феникс секако дека ќе биде блокбастер настан, а нешто што го посакува секој неутрален НБА фан, а сигурно и челниците на Лигата, е Големо финале против вечниот ривал Бостон. Повредата на Јао Минг, која стави крај на неговите настапи оваа сезона во целост ги намали амбициите во Хјустон. Сепак, истите тие амбиции повторно пораснаа откако Рокетси го направија неочекуваното и остварија 22 победи во низа, доволно за клупски рекорд и втора најдобра серија во историјата на НБА. Серијата победи и добрите игри секако дека ги разбудија фановите на Хјустон, но неиграњето на Јао и тоа како ќе се почувствува во плејофот. Тоа посебно е така на Западот каде сите екипи се силни во рекетот каде Рокетси сега имаат огромна празнина која нема кој да ја пополни. Вредност на клубот: 405 мил. долари (10. во лига) • Сезони: 29 • Плејоф пласмани: 25 • Пласмани во финалето: 4 • Титули: 4 (последна - 2007 год.) Најдобра сезона: 2005-06 со скор 63-19 Плејоф 06-07: Шампиони по победата од 4-0 над Кливленд • Стрелец: М. Џинобили 20.1 • Скокач: Т.Данкан 11.5 • Асистент: М. Џинобили 4.5 • Прва петорка: Тони Паркер, Мајкл Финли, Брус Боувен, Тим Данкан, Фабрисио Оберто Тренер: Грег Попович • Еспорт типува: Втора рунда од плејофот 86 ESPORT АПРИЛ 2008

Вредност на клубот: 272 мил. долари (27. во лига) • Сезони: 19 • Плејоф пласмани: 9 • Пласмани во финалето: / Титули: / • Најдобра сезона: 1996-97 со скор 54-28 • Плејоф 06-07: Не се пласираа • Стрелец: К. Пол 21.4 Скокач: Т.Чендлер 12.0 • Асистент: К. Пол 11.4 • Прва петорка: Крис Пол, Морис Питерсон, Пеџа Стојаковиќ, Дејвид Вест, Тајсон Чендлер • Тренер: Бајрон Скот • Еспорт типува: Втора рунда од плејофот

Вредност на клубот: 560 мил. долари (2. во лига) • Сезони: 59 • Плејоф пласмани: 43 • Пласмани во финалето: 28 • Титули: 14 (последна 2002 год.) Најдобра сезона: 1971-72 со скор 69-13 Плејоф 06-07: Елиминирани во 1. коло од Феникс • Стрелец: К.Брајант 28.7 Скокач: Л. Одом 10.6 • Асистент: К.Брајант 5.4 • Прва петорка: Дерек Фишер, Коби Брајант, Ламар Одом, Пау Гасол, Ендрју Бајнам • Тренер: Фил Џексон Еспорт типува: НБА Финале

Вредност на клубот: 462 мил. долари (5. во лига) • Сезони: 36 • Плејоф пласмани: 24 • Пласмани во финалето: 4 • Титули: Две (последната 1995 год.) Најдобра сезона: 1993-94 со скор 58-24 Плејоф 06-07: Елиминирани во 1. рунда од Јута • Стрелец: Ј. Минг 22.0 Скокач: Ј. Минг 10.8 • Асистент: Р.Алстон 5.4 • Прва петорка: Рејфер Алстон, Трејси Мекгрејди, Шејн Батие , Луис Скола, Дикембе Мутомбо Тренер: Рик Аделман • Еспорт типува: Прва рунда од плејофот


запад

НБА плејоф

КОШАРКА најава

Феникс Санс Јута Џез

Шек дојде, амбициите останаа исти Клучот, пак, за успехот на Јута с е наоѓа кај Кирилиенко Полека. но сигурно часовникот отчукува за Феникс, кој изминативе четири години не успеваше никако да стигне до Големото финале. Целта останува иста и оваа сезона, а амбициите дополнително ги „нахрани“ ангажманот на Шекил О’Нил, Заедно со двократниот МВП, Стив Неш, тандемот во рекетот на Санси Шек – Амари им дава легитимни шанси за конечно остварување на амбициите. Сепак, тенката клупа, како и немањето на алтернативи за Шек и Амари под кошот, како и за Неш на плеј на крајот може да се покаже како кобен. Патот до конференциското финале оваа година ќе биде доста потежок за Јута, која барем според квалитетот, со право може да се надева на повторување на ланскиот успех. Карлос Бузер и Дерон Вилијамс се промовираа во вистински модерни наследници на легендарниот тандем Карл Мелоун - Џон Стоктон, но тие двајца нема да бидат клучни за успехот на Јута. За „џезерите“ да стигнат до истото ниво или пак и подалеку од минатата сезона, потребни ќе бидат поконстантни партии од Мехмет Окур и пред сé од непостојаниот Андреј Кириленко.

Маверикс, Нагетс, Вориорс

Три тима во трка за две места! Штета е што еден од Мавси, Нагетси и Вориорси ќе мора да се задоволи само со 9-то место на Западот

Најголемата неправда, но и показател за тоа каква кошарка се игра на Западот, е фактот дека може да се случи оваа сезона во разигрувањето да не успее да влезе и една екипа која на крајот ќе има 50 победи на своето конто. Во моментот на завршувањето на овој текст, во игра за последните три плејоф места беа Далас, Денвер и Голден Стејт, а мала предност имаа првите два тима, кои со победи токму над Вориорси го прескокнаа својот директен ривал на табелата на Западот. Во зависност од тоа кои две од овие три екипи ќе успеат да стигнат до разигрувањето, различни се прогнозите за нивниот краен дострел, иако тешко е да се замисли дека некој од нив, посебно без предноста на домашен терен, може да направи некое големо изненадување. Веројатно најквалитетни се Мавси, кои покрај сé уште актуелниот МВП го имаат и Џејсон Кид, со кого уште ја бараат вистинската игра. Не смеат да се занемарат ниту Нагетси, кои со Ален Ајверсон и Кармело Ентони се ноќна мора за сечија одбрана. Некако најслаби од ова трио се Вориорси, но секое нивно потценување може да значи повторување на ланската елиминација на првиот Далас од осмиот Голден Стејт.

Вредност на клубот: 449 мил. долари (8. во лига) • Сезони: 39 • Плејоф пласмани: 27 • Пласмани во финалето: 2 • Титули: / • Најдобра сезона: 199293 и 2004-05 со скор 62-20 • Плејоф 06-07: Елиминирани во 2. рунда од Сан Антонио • Стрелец: А.Стадемаер 25.1 Скокач: А.Стадемаер 9.3 • Асистент: С. Неш 11.2 • Прва петорка: Стив Неш, Раџа Бел, Грент Хил, Амари Стадемаер, Шекил О’Нил • Тренер: Мајк Д’Антони Еспорт типува: Финале на Западот

Вредност на клубот: 342 мил. долари (16. во лига) • Сезони: 33 • Плејоф пласмани: 21 • Пласмани во финалето: 2 • Титули: / • Најдобра сезона: 1996-67 со скор 64-18 • Плејоф 06-07: Поразени во финалето на Западот од Сан Антонио • Стрелец: К.Бузер 21.6 Скокач: К.Бузер 10.7 • Асистент: Д.Вилијамс 10.5 • Прва петорка: Дерон Вилијамс, Рони Бруер, Андреј Кириленко, Карлос Бузер, Мехмет Окур Тренер: Џери Слоун • Еспорт типува: Втора рунда од плејофот

* Податоците во табелите поврзани со историјата на клубовите се заклучно со минатата сезона, со оглед на тоа дека до затварањето на овој број на Епорт, сé уште не беше завршен регуларниот дел од актуелната НБА сезона. Статистичките податоци за најдобрите играчи се од оваа сезона.

АПРИЛ 2008 ESPORT 87


квиз

квиз / Најава

3 4 5 6

Кој дебитант одиграл најмногу минути во неговата деби-сезона во НБА? O Мајкл Џордан O Тим Данкан O Вилт Чембрлен O Елвин Хејс

1 2

Кој е првиот НБА играч со 1.500 одиграни натпревари? O Роберт Периш O Вилт Чембрлен O Карим А. Џабар O Елвин Хејс

7 8 9 Х

Кој играч го држи рекордот за најмногу постигнати тројки во една сезона? O Реџи Милер O Денис Скот O Дејл Елис O Вернон Максвел ssss

ss

Кој е првиот во историјата со три последователни титули за најдобар стрелец во НБА? O Вилт Чембрлен O Боб Петит O Џорџ Мајкан O Нил Џонстон sss

s

Кој играч го држи рекордот во најмногу одиграни натпревари во една сезона? O Волт Белами O А.Ц. Грин O Том Хендерсон O Вилт Чембрлен sss

Кој е последниот дебитант кој успеал да постигне просек од 30 поени во сезона? O Волт Белами O Оскар Робертсон O Мајкл Џордан O Вилт Чембрлен

sss

Кој играч го држи рекордот за најмногу постигнати поени во една четвртина? O Мајкл Џордан O Џорџ Гервин O Дејвид Томпсон O Ерик Флојд

s

Кој играч го држи рекордот за најмногу уфрлени слободни фрлања за едно полувреме? O Вилт Чембрлен O Мајкл Џордан O Карл Мелоун O Џери Вест

ss

Кој играч има најмногу асистенции во една четвртина во историјата на НБА? O Џон Стоктон O Џон Лукас O Меџик Џонсон O Морис Чикс s

Кој е единствениот играч во историјата на НБА што имал 14 загубени топки во еден натпревар? O Артис Гилмор O Скоти Пипен O Крис Малин O Џон Дру sss

1.Карим Абдул Џабар имал 1560 натпревари во својата кариера. 2. Волт Белами одиграл 88 натпревари во 1968/69 во тимовите на Пистонс и Никс. 3. Елвин Хејс одиграл 3695 минути. 4. Џорџ Мајкан од 1949 до 1951 година. 5. Волт Белами со 31,6 поени во својата руки-сезона за Чикаго во 1961/62. 6. Џорџ Гервин со 33 поени на натпреварот Спарс-Џез. 7. Денис Скот погоди дури 267 тројки за Орландо во сезоната 1995/96. 8. Мајкл Џордан со 20 слободни фрлања за едно полувреме против Мајами. 9. Џон Лукас имал 14 асистенции за Спарс против Денвер во 1984. 10. Џон Дру имал 14 загубени топки на натпреварот Атланта – Њу Џерси во 1978.

[ ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ ]

МАЈ 2008

Единствени МЕГА ПОСТЕРИ !!!

96 ESPORT АПРИЛ 2008

• Френк Лампард • Кристијано Роналдо

БОДОВИ

17-20 експерт 13-16 спортски професор 9-12 добро информиран

6-9 просечен

0-5 незнајко


INSIDE

Стадиони

Сте се запрашале ли некогаш колкав е рекордот по празни седишта на еден официјален фудбалски натпревар т.е. кои тимови продале најмалку билети во однос на големината на капацитетот на стадионот на кој настапувале? Во денешно време сите ф��дбалски клубови се опседнати со посетеноста на нивните стадиони. За разлика од порано, денеска посетеноста значи многу голем профит, не само поради енормно зголемените цени на влезниците во споредба со цените од минатото, туку поради еден куп пари кои фановите ги трошат на самиот стадион.

Во модерните стадиони постојат огромни трговски центри од кои целиот профит заминува во буџетот на клубовите, па така интересот за привлекување што помногубројна публика е поголем од кога било. Сепак, и во оваа фудбалска „категорија“ постојат неславни рекорди. Ги издвојуваме Топ 10 наслабо по-

сетени фудбалски натпревари т.е. натпревари на кои имало најмногу празни седишта на стадионите. Во оваа листа ќе најдете клубови и стадиони, од помалку познатите во Азија, па се до фудбалските гиганти од Европа. Најинтересни примери се Јувентус и Херта Берлин. На Куп натпреварот против Сампдорија во сезоната 2001/02, Јуве на Деле

москва

амстердам берлин лондон дортмунд торино барселона

Алпи го следеа само 237 гледачи, што значи дека имало дури 68.763 празни седишта. Херта може да се „пофали“ и со повеќе празни седишта на Олимпискиот Стадион во Берлин каде еден нивни натпревар од Втората Бундеслига го следеа само 1.800 гледачи т.е. 73.000 празни седишта. E

истанбул

јокохама

мексико сити

Место

Град

Клуб

Година

Капацитет

Посетеност

Празни седишта

10

Јокохама

Јокохама Маринос

1998

72.372

19.165

51.207

9

Амстердам

Амстердам

1977

66.000

1.500

64.500

8

Торино

Јувентус

2002

69.000

237

68.763

7

Берлин

Херта

1986

74.800

1.800

73.000

6

Дортмунд

Борусија Аматери

2003

80.708

1.680

79.028

5

Москва

Торпедо

2002

84.000

4.000

80.000

4

Истанбул

Истанбул ББС

2007

81.283

250

81.083

3

Барселона*

Лидс Јунајтед

1992

98.000

7.400

90.600

2

Мексико Сити

Нексака

1995

120.000

2.000

118.000

1

Лондон

Тамс Јунајтед

1930

120.000

469

119.531

* Натпреварот Лидс Јунајтед - Штутгарт се играше на неутрален терен на Ноу Камп во Барселона

98 ESPORT АПРИЛ 2008


100 ESPORT АПРИЛ 2008


eSport Magazine No 39