Issuu on Google+

Мега Постер: Клео

Број 72 I Ноември 2010

4 0 x6 0 см

Најслаби репрезентации

Избор на најдобрите скаути

Победа

50 таленти

супер

што е тоа?

Крајот на

Кои се новите Меси, Чави Роналдо, Неста...

4-4-2

Најупотребуваната формација заминува во историја

е градат Аматерит третина со стадион а на Руни т а ната пл од годиш

и ц и н в о т н у Б фитери

72

vs.

Ноември 2010 100 ДЕНАРИ

9 771409 656006

про


44

Битка за Манчестер Бунтовници Vs. профитери

содржина

Ноември 2010

3

КОМЕНТАР

8

Фото на месецот

СТАРТ

Франк Рибери Дејвид Бекам Кержакови

10 топ 10

Холанѓани во Барселона

20 Избор на најдобрите скаути 50 супер таленти

30 Фудбалска психологија Победнички менталитет

44 Битка за Манчестер

Бунтовници Vs. профитери

48 ФИФА Златна топка

64

Капитулација

50 Најлоши репрезентации

НБА

Вечни фенерџии

54 Дивеењето зема замав

Парите железни врати отвораат

Жешки страсти и ладно оружје

56 Полски голмани

постер

Златни резерви

60 Фудбалска тактика

Крајот на 4-4-2

64 НБА

Парите железни врати отвораат

66 Inside

Декемврискиот ден „Д“

68 Face to face

Муту Vs. Касано

70 Формула 1

Драма до последниот круг

МЕГА ПОСТЕР

Клео Хавиер Пасторе

30

Фудбалска психологија Победнички менталитет


60

Фудбалска тактика Крајот на 4-4-2

20

Избор на најдобрите скаути 50 супер таленти

70

Формула 1 Драма до последниот круг

56

Полски голмани Златни резерви


Фото вест Getty Images/Red Bull Photofiles - Abu Dhabi,U.A.E.

Крилјата на Фетел Германецот Себастијан Фетел победи на последната трка од Формула 1 сезоната и ја обезбеди својата прва шампионска титула во ова првенство. Покрај тоа што ја круниса својата упорност и доби индиректна помош од другите возачи, Фетел заслужено собори уште еден рекорд во Формула 1 шампионатот. Со 23 години и 135 дена тој го надмина досегашниот рекорд на Луис Хамилтон со што стана најмлад победник, а претходно веќе беше и најмлад возач кој се појавил на една Ф1 трка и возач кој со освоената пол-позиција во Абу Даби се израмни со Алан Прост и Аиртон Сена, легендите на кои исто така им успеа да освојат 10 пол-позиции во една сезона. Во досегашниот дел од кариерата, Германецот има настапено на 156 трки, има 39 победи, 73 подиуми, 37 пол-позиции и 30 најбрзи кругови.

8 ESPORT НОЕМВРИ 2010


Лоренцо - прв пат

Шпанецот Хорхе Лоренцо ја заврши Мото ГП сезоната со освојување на првата шампионска титула во најсилната класа. Лоренцо како дел од тимот на ФИАТ Јамаха стигна до 9-та победа на последната трка во Валенсија и официјално ја прослави титулата пред своите навивачи.

Деби победа

Дебитантот Гебрегзиабер Гебремариам е победник на последниот маратон одржан во Њујорк. Етиопјанецот направи изненадување со својот триумф, откако го искористи откажувањето на Хајле Гебресиласие.

Проблематично стапало

Кинескиот центар Јао Минг има хроничен проблем со левото стапало, па лекарскиот тим на Хјустон има големи главоболки за да го подготви за секој натпревар. Стручниот штаб најави дека Минг ќе игра по едно полувреме и ќе одмара на некој од натпреварите за да се намали ризикот од нова пауза. НОЕМВРИ 2010 ESPORT 9


50 супер таленти

Хозе Рондон Возраст: 21 година • Вредност: 3.500.000 • Клуб: Малага • Земја: Венецуела • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 23 Малага ретко плаќа високи трансфер суми за своите засилувања, па 3,5 милиони евра кои беа платени за Рондон мораа да бидат оправдани со неговиот талент и потенцијал. Интернационалецот од Венецуела својата професионална кариера ја започна со само 16 години и по доаѓањето во Шпанија лесно се адаптираше постигнувајќи ги првите голови за сино-белите. Рондон го доби и заслуженото место во својата репрезентација за која веќе има постигнати и два гола.

Дедрик Бојата Возраст: 19 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Манчестер Сити • Земја: Белгија • Позиција: стопер • Број на дрес: 38 За разлика од најголемиот број ѕвезди кои настапуваат во Манчестер Сити, Бојата се избори за место во првиот тим преку настапите за младинската екипа. Белгискиот дефанзивец на само 16 години го напушти Брисел и стана член на светло-сините од „Сити Граунд“, а од оваа година е дел и од сениорската репрезентација на Белгија.

Диего Ренан Возраст: 20 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Крузеиро • Земја: Бразил • Позиција: десен бек • Број на дрес: 6 Ренан одамна е стандарден на десната бековска позиција во својот матичен клуб Крузеиро и сега ја очекува вистинската понуда од европските клубови. Иако веќе има настап и за бразилскиот национален тим, Диего Ренан ќе мора да биде трпелив со оглед на фактот што на неговата позиција настапуваат одличните Дани Алвеш и Даглас Маикон.

Џонатан Уретавискаја Возраст: 20 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: (Депортиво)Бенфика • Земја: Уругвај • Позиција: крилен играч • Број на дрес: 17 Бенфика во своите редови го има најталентираниот уругвајски фудбалер од средниот ред, но засега тренерите на лисабонскиот тим не наоѓаат место за него во првиот тим. По заемите во неговата родна земја, Уретавискаја кој е попознат како Урета сезонава е дел од шпанска Ла Коруња каде досега само три пати доби шанса од тренерот Лотина. Откако веќе настапи за сите категории на уругвајската репрезентација, се очекува наскоро да добие шанса и во А-селекцијата. 28 ESPORT Ноември 2010

Вацлав Кадлец Возраст: 18 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Спарта Прага • Земја: Чешка • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 14 Кадлец поседува несекојдневен талент, а тоа го потврдува и фактот што со само 18 години веќе доби шанса во А-селекцијата на Чешка и стана најмлад стрелец во нејзината историја. Кадлец се уште е дел од екипата на Спарта, но за него понуди веќе испраќаат големите клубови предводени од Челзи. Во неговата земја веќе го прогласија за најперспективен играч уште од појавувањето на Томаш Росицки и се надеваат дека Кадлец ќе има уште поуспешна клупска кариера.

Анте Вукушиќ

Јеле Фосен

Возраст: 19 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Хајдук • Земја: Хрватска • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 13

Возраст: 21 година • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Генк • Земја: Белгија • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 9

Вукушиќ потекнува од младинската академија на Хајдук, а резултатите од укажаната шанса ги даде уште на почетокот на сезоната во Хрватска каде се уште е на делба на првото место на листата на стрелци со 10 постигнати гола по 14 одиграни натпревари. Вукушиќ ги освои симпатиите и на неутралните фанови откако со гол во последните моменти му донесе многу важна победа на Хајдук во дуелот против Андерлехт од Лига Европа.

Најдобриот поединец во тимот на Генк сезонава веќе е зрел за некоја посилна европска лига. Фосен кој има пет настапи и еден гол за сениорската репрезентација на Белгија е наследник на Весли Сонк кој исто така се промовираше во Европа како најдобар стрелец на оваа екипа. Неговите голови се витални за пласманот во домашното првенство, но Фосен е ефикасен и во Лига Европа каде постигна четири гола на четири натпревари, со што ги загреа холандските гиганти ПСВ и Ајакс.


Македонска гордост

Ријад Будебуз

Александар Трајковски

Возраст: 20 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Сошо • Земја: Алжир • Позиција: офанзивен играч за врска • Број на дрес: 10 Будебуз покажа дека е храбар фудбалер уште на 20-годишна возраст, откако реши наместо за Франција да настапува за Алжир, инаку земјата од каде потекнува. Иако најголемата млада ѕвезда на Сошо веќе има настап за јуниорската селекција на сините, сениорската кариера ја продолжи во африканскиот национален тим за кого веќе забележа и 5 настапи. Во неговата клупска кариера тој се уште не се одлучил за трансфер, откако во тимот на Сошо е уште од 14-годишна возраст.

Гвидо Марилунго

Возраст: 18 години • Вредност: 500.000 • Клуб: Интер Запрешиќ • Земја: Македонија • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 21 Преку блескавите игри во Цементарница, Трајковски стигна до трансфер во Хрватска и екипата на Интер Запрешиќ. Со полни 18 години, македонскиот напаѓач прикажува игри со кои ветува дека ќе биде иден голгетер. Тоа го знаат и одговорните во Челзи кои летово го повикаа да настапи за јунирскиот тим на силен турнир во Амстердам. Токму со голот на Трајковски, Челзи го победи Ботафого и избори пласман во полуфиналето.

Возраст: 21 година • Вредност: 4.000.000 • Клуб: Сампдорија • Земја: Италија • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 89 Италијанскиот фудбал очајно ја очекува новата генерација на фудбалери кои повторно ќе ја вратат Серија А, но и италијанската репрезентација на препознатливата позиција. Гвидо Марилунго е еден од фудбалерите од кои се очекува да се наметне како идеално решение во извршувањето офанзивни задачи, а својот квалитет го потврди и во Серија Б каде минатата сезона како позајмен играч постигна 13 гола на 35 натпревари. Засега тој е член на Сампдорија, но шпекулациите велат дека многу лесно може да го засили Јувентус каде тренер е неговиот поранешен ментор, Луиџи Делнери.

Мехди Карсела-Гонзалес Возраст: 21 година • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Стандард • Земја: Белгија • Позиција: играч за врска • Број на дрес: 11 Белгиецот со шпанско и мароканско потекло долго време размислуваше за која репрезентација да настапува, но на крајот се одлучи за земјата во која израсна, Белгија. За разлика од настапите во националниот тим, КарселаГонзалес на клупски план се уште не прифатил некоја од многуте понуди од европските клубови.

Тоби Алдервајрелд

Георги Шеников Возраст: 19 години • Вредност: 3.500.000 • Клуб: ЦСКА Москва • Земја: Русија • Позиција: лев бек • Број на дрес: 42 Возраста не му пречи на Шеников да ја победи конкуренцијата и да биде стандарден првотимец во редовите на силната ЦСКА Москва. Иако нема постигнато ниту еден гол, од 2008 година наваму, Шеников забележа 48 настапи за својот клуб, а притоа е и еден од најважните фудбалери во младинската селекција на Русија. Неговиот татко Михаил е освојувач на сребрен олимписки медал на Олимпијадата во Атланта во дисциплината брзо одење.

Возраст: 21 година • Вредност: 3.500.000 • Клуб: Ајакс • Земја: Белгија • Позиција: стопер • Број на дрес: 3 Преку младинската академија на Жерминал Бершот, Алдервајрелд заврши во редовите на Ајакс кој вообичаено ги „собира“ талентите од соседните земји. Иако најчесто настапува на стоперските позиции, Алдервајрелд може да настапува и на позицијата десен бек, предност која досега ја искористи за да стигне до првиот тим на гигантот од Амстердам. По крајот на минатата сезона го доби признанието „Талент на годината“ во редовите на Ајакс, а истото веројатно за кратко време ќе му донесе и трансфер во некој од побогатите клубови.

Рики Ван Волфсфинкел

Тиаго Алкантара

Мануел Ланцини

Возраст: 21 година • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Утрехт • Земја: Холандија • Позиција: напаѓач • Број на дрес: 9

Возраст: 19 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Барселона Земја: Шпанија • Позиција: играч за врска • Број на дрес: 4

Возраст: 17 години • Вредност: 3.000.000 • Клуб: Ривер Плата • Земја: Аргентина • Позиција: офанзивен играч за врска • Број на дрес: 20

Со настапите во последните две сезони, Ван Волфсфинкел ги расчисти дилемите дали за него е вредно да се потрошат повеќе милиони евра. Фудбалерот кој сезонава постигна 15 голови на првите 15 натпревари неодамна постигна хет-трик и за младинската репрезентација на Холандија, а во меѓувреме дебитираше и за првиот тим на чело со Берт ван Марвијк. Тотенхем и Челзи се најзагреани за Ван Волфсфинкел чиј клуб наскоро ќе мора да ја прифати разделбата со овој играч како реалност.

Тиаго се уште е стандарден член на Б-тимот на Барселона, но веќе има дебитирано, па дури и постигнато гол за првиот тим на Каталонците. Алкантара е еден од ретките примери на италијански фудбалер кој настапува за Шпанија, а инаку е син на бразилскиот легендарен фудбалер, Мазињо. Го освои Европското првенство за играчи до 17 години во 2008 година и беше дел од У-19 селекцијата која годинава загуби во финалето од домаќинот Франција.

Најновото плејмејкерско откритие на аргентинските тренери веќе е дел од првиот тим на Ривер. Идол во детството на Ланцини му бил Ариел Ортега, а според фудбалските карактеристики тој и самиот потсетува на ветеранот кој сепак не успеа да направи позначајна кариера во Европа. Аргентинските медиуми тврдат дека ако „бисерот“ на Ривер продолжи да напредува во ист стил, ќе биде најголема аргентинска ѕвезда за неколку години. Ноември 2010 ESPORT 29


Ф

удбалот не се игра на теренот, туку меѓу ушите. Ова своевремено го изјави поранешниот тренер на Барселона, Тери Венејблс додека неговиот колега Бил Шенкли на еден свој фудбалер му порачал: „Проблемот со тебе е што целиот мозок ти е во главата“. Иако е малку неискрено, менаџерот на Ливерпул подобро од кого било знаеше да ги мотивира своите фудбалери и да го исфрли противникот од ритам. Причината што Милан своевремено ја презема црвено-црната комбинација на своите дресови е да потсетува на ѓаволот и да ги плаши ривалите. Паметот и телото на секој фудбалер мора да бидат во хармонија. Познатиот психолог Пит Линдзи кој работи на Универзитетот Шефилд Халам вели: „Ако фудбалерот размислува за навивачите и го анализира секој потег, се помалку внимава на тоа што му е задача на теренот. Се јавуваат негативни мисли, тешки нозе и чести промени во дишењето.“ Дури и напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба признава дека се дефокусира на теренот ако подолго време нема контакт со топката. „ Мора да се вратите во игра брзо или ќе се најдете на погрешно место или ќе промашите чиста шанса. – нагласува Дрогба. Самодовербата е клуч за успехот, па затоа најголемите ѕвезди се толку

потфрлање растеше се додека веќе не преземаше никакви ризици.“ Откако се врати во Шведска, Нилсон ја врати самодовербата и полека потсети на неговата стара форма. Во 1982 година, го освои Купот на УЕФА со екипата на Гетеборг. Случајот со Нилсон е потврда дека тренерите не смеат да ја потценуваат моќта на„ главата“. Наместо тоа, факт е дека Лигата на шампионите е освоена од аматери-психолози како што се Еленио Ерера, Брајан Клаф и Жозе Мурињо. Американскиот спорт одамна го сфати значењето на улогата на „главата“, а фудбалот полека го достигнува ова ниво.

Врвни психолози

Пет тренери кои ја искористија својата дарба за да освојат европска титула

Тренерот мора да знае како функционира мозокот на фудбалерот, пред да дозволи да говорат неговите нозе

Еленио Ерера • Експлозивниот француско-аргентински тренер ги маѓепса „Ноу Камп“ и „Сан Сиро“ со своето психолошко влијание. Ерера го водеше Интер до две победи во Купот на европските шампиони во серија (1964 и 1965), мотивирајќи ги нераѕурите закачувајќи во соблекувалната постери на кои биле напишани пораки од типот „Класа+подготовка, подготовка+интелигенција=титул а“. Тој ги прегрнувал фудбалерите пред натпреварите, кажувајќи му

Во пресрет на европското финале против Хамбургер во Мадрид, Клаф решил да направи пауза од неколку дена со тренинзи и ги одвел своите фудбалери во Мајорка каде тие се релаксирале играјќи пинг-понг. Неговата тактичка препорака била едноставна: „Славете ја топката и кога ќе дојде во вашите нозе само додајте му ја на Робо“ самоуверени, понекогаш и арогантни. Свен Горан Ериксон вели дека 80 проценти од најдобрите фудбалери ги мачи фактот дека не одиграле како што треба. Кога работите одат на лошо, стануваат незадоволни, лути на себе, соиграчите и судиите и најчесто ја губат самодовербата. Ериксон го наведува и примерот со напаѓачот Торбјерн Нилсон. Како еден од најдобрите млади напаѓачи во Шведска, Нилсон на 22-годишна возраст го засилил тимот на ПСВ Ајндховен, а Ериксон се сеќава: „Работите започнаа лошо, а кога еднаш започнаа, стануваше се полошо. Тој играше со половина од своите можности и многу често ја губеше топката кога имаше противнички играч зад себе. Неговиот страв од 30 ESPORT Ноември 2010

на секого дека е најдобар на својата позиција. Интер играл толку фокусирано и убедливо што Ерера во една пригода изјави дека неговата екипа ги добивала натпреварите без и да се симне од својот автобус. Во Барселона од 1958 до 1960 година освои две шпански титули и два пати победи во Купот на саемските градови. „Ставив големи Каталонци во одбрана и им реков – Каталонци, бранете ја својата нација . На странците им говорев за пари, разговорите не секогаш се однесуваа само на фудбал. Имате 25 фудбалери и не можете со сите да говорите на исти теми“ – потенцираше Ерера. Неговиот труд не успеваше секогаш. Ерера не успеа да излезе на крај со легендарниот плејмејкер Ладислао Кубала, но им помогна на

Ерера го водеше Интер до две победи во Купот на европските шампиони во серија (1964 и 1965), мотивирајќи ги нераѕурите закачувајќи во соблекувалната постери на кои биле напишани пораки од типот „Класа+подготовка, подготовка+интелигенциј а=титула“.

мент


Фудбалска психологија

Победнички талитет

Ноември 2010 ESPORT 31


КЛЕО Клеверсон Габриел Кордова FK Partizan


Хавиер Пасторе U.S. Città di Palermo


С

опствениците на сезонски билети на англискиот вицешампион Манчестер јунајтед сега можат да бидат „спокојни“. Ако досега претпоставуваа, сега можат да бидат сигурни дека голем дел од парите кои тие ги плаќаат за резервирано место на „Олд Трафорд“ ќе бидат потрошени за платите на најголемата клупска ѕвезда, Вејн Руни. Напаѓачот веројатно заслужи рекорден клупски договор, но многумина му забележуваат за начинот на кој истиот го доби. Употребувајќи ги медиумите за подигнување на својата цена и шпекулациите за трансфер во градскиот ривал Манчестер Сити за создавање вештачка криза, Руни ја оствари својата цел, но истовремено заработи и многу негативни поени кај поголемиот

За оваа екипа која е домаќин на стадионот на Бјури навиваат долгогодишни фанови на тимот на Алекс Фергусон кои не поминаа преку спорната клупска продажба и се среќни што бодрат екипа која има душа и чии фудбалери настапуваат со срце без да размислуваат за своето банкарско конто дел од фановите на Манчестер. Речиси истовремено, локалниот нисколигаш Јунајтед оф Манчестер го започна проектот за изградба на нов стадион во областа Тен Акрес Лејн и обезбеди историски пласман во второто коло на англискиот ФА-куп. Клубот е формиран во 2005 година од незадоволните навивачи на Манчестер јунајтед кои решија да се „отцепат“ од 18-кратниот англиски шампион поради продажбата на американскиот милионер Малколм Глејзер. Главната максима по која се водат основачите и навивачите на клубот со петгодишна историја е „Создава��е пријатели, а не милионери“, нешто што конечно се Јунајтед оф Манчестер 2005 400-500.000

потврди изминатиот месец. Додека Глејзерови и Алекс Фергусон ја прифатија уцената на Руни за мир в куќа, нисколигашот го започна проектот за изградба на својот прв официјален фудбалски дом со капацитет од 5.000 гледачи. Почнувајќи од најнискиот ранг на натпреварување, фудбалерите на Јунајтед оф Манчестер експресно стигнаа до седмата лига по квалитет, но веќе втора сезона се обидуваат да се пласираат ранг повисоко. Иако оваа екипа собира околу 3-4.000 гледачи на средбите одиграни на домашен терен, раководството нема проблем да ги исплати играчите затоа што со 15 купени влезни билети се обезбедува неделната плата на најдобриот напаѓач, Мајкл Нортон (заработува 120 фунти неделно). За оваа екипа која е домаќин на стадионот на Бјури навиваат долгогодишни фанови на тимот на Алекс Фергусон кои не поминаа преку спорната клупска продажба и се среќни што бодрат екипа која има душа и чии фудбалери настапуваат со срце без да размислуваат за своето банкарско конто. „Гледајќи ја сагата со Руни, сега сум уште посреќен што не сум таму и не помагам да се соберат пари за платата на Руни и каматите на Глејзер“ – вели еден од фановите на ФЦ Јунајтед или „црвените бунтовници“ како што се познати во јавноста. Поттик за фудбалерите и фановите на англискиот седмолигаш е и проектот за изградба на нов стадион кој делумно ќе се гради со парите на заинтересираните акционери. Основачите на Јунајтед оф Манчестер неодамна ги објавија условите под кои секој заинтересиран Британец може да купи свои акции од новиот стадион, а вложената сума може да се движи меѓу 200 и 20.000 фунти, а предвидената финансиска конструкција треба да биде затворена со 3,5 милиони фунти. Тоа е минорна сума за еден фудбалски дом,

Споредба Основан Годишен обрт

150 (неколку играчи)

Најголема неделна плата

100.000

Годишни трошоци за плата

Без платен трансфер Без заеми

Рекорден трансфер Годишни трошоци за камати

Манчестер јунајтед 187 8 286.400.000 Руни – 200.000 100.200.000 40.000.000 (Бербатов) 40.000.000

Од 90 фунти

Сезонски билет

513-931 фунти

2-8 фунти

Цена на билет

27-49 фунти

Стадион

Олд Трафорд

Гиг Лејн 2.379 • Сумите се изразени во фунти

44 ESPORT Ноември 2010

Просечен број гледачи

75.198

Sharp и Betfred на страната на бунтовниците Моќната електронска компанија Sharp потпиша спонзорски договор со клубот формиран од фановите на Манчестер јунајтед кои не поминаа преку неговата продажба на Малколм Глејзер. Гигантот чие име се наоѓаше на дресовите на Манчестер во периодот меѓу 1982 и 2000 година сега ќе го спонзорира Јунајтед оф Манчестер со што стана вториот „пребеган“ спонзор од великанот во нисколигашот по букмејкерската куќа Betfred.

Додека славниот Манчестер ги исполнуваше „скромните“ услови на Руни, „бунтовниците“ од Јунајтед оф Манчестер почнаа да собираат пари за нов стадион


битка за манчестер

vs.

Бунтовници профитери

Ноември 2010 ESPORT 45


Пет фудбалски репрезентации никако да се одлепат од дното на фудбалскиот ранкинг на ФИФА

Вечни фенерџии 50 ESPORT Ноември 2010


и

Најслаби репрезентации

Ангилја

ФИФА ранкинг: 203 Континент: Северна Америка Во карипската земја функционираат 15 клубови што и не така малку ако се знае Ангилја има само 10.000 жители. Сепак, истовремено тоа е и недоволно за поголеми фудбалски успеси на интернационално ниво што е потврдено и со постигнатите резултати. Редовната жртва на противниците во КОНКАКАФ зоната во моментов нема ниту еден бод на ФИФА ранкингот, а во обидот да се стигне до победа не помага ниту фактот што селекторот Колин Џонсон смета на услугите и на членови на полу-професионални клубови од лондонскиот реон.

Факти:

Жители: 10.000 Површина: 102 км2 Највисок пораз: 0:14 (Vs.Гвајана) Победи: 2 ВИП личност: Омари Бенкс е најквалитетниот крикет играч кој има потекло од Ангилја, а настапува за репрезентацијата на Вест Индис островите. Синот на познат музичар е идол на сите Ангилјани кои се занимаваат со најпопуларниот спорт на малиот карипски остров.

С

амо неколку фудбалски репрезентации ја имаат привилегијата да се искачат на највисокото место на единствениот и официјален фудбалски ранкинг во светски рамки. Триумфот на светските првенства најчесто е отскочна штица за освојување на врвот, но дури и мундијалската победа не е гаранција за долг престој доколку не постои резултатски континуитет. Актуелниот светски првак Шпанија е репрезентација за која се откриени речиси сите детали, а тоа важи и за фудбалските велесили како Холандија, Бразил, Германија, Аргентина, Италија...Но, што се случува со оние национални тимови кои никако не можат да ги освојат првите бодови, вечно се залепени на дното на ФИФА ранкингот и за кои македонската репрезентација е гигант. Денот кога Сан Марино или Папуа Нова Гвинеја ќе остварат победа на меѓународен натпревар сигурно ќе биде национален празник, а дотогаш спортските фанови ќе мора да се задоволат со успешни настапи во некој од другите спортови. Пет селекции засега се без бодови и го делат последното место на рејтинг листата на Светската фудбалска федерација.

Монтсерат

ФИФА ранкинг: 203 Континент: Северна Америка Земјата со долга крикет традиција се уште е далеку од достигнувањето на истото ниво во фудбалот. Карипскиот остров својот прв официјален натпревар го одигра во 1991 година, а досега има само две победи и тоа над

„Денот кога Сан Марино или Папуа Нова Гвинеја ќе остварат победа на меѓународен натпревар сигурно ќе биде национален празник“

за нијанса послабиот соседен остров, Ангилја. Единствено, исчекорот до 196 позиција пред неколку години ги охрабри љубителите на овој спорт во Монтсерат, но набргу оваа репрезентација се најде закована на дното без некоја посебна шанса да оствари нова победа. Интересно е тоа што Монтсерат нема свој фудбалски шампионат и ниту еден клуб, а ги игра своите натпревари на стадионот во главниот град Плимут чии жители често се жртви на активирањето на вулканот на најблиската планина. Медиумите велат дека ова е и главната причина што Монтсерат ретко игра меѓународни натпревари, а сите оние жители кои има некаков фудбалски талент морале да емигрираат во Англија.

Факти: Жители: 10.000 • Површина: 102 км2 • Највисок пораз: 0:13 (Vs. Бермуда) •Победи: 2 ВИП личност: Локалните жители го сметаат 59-годишниот Џим Ален за најголемо спортско име кое потекнува од Монсерат. Крикет играчот ги освои симпатиите на своите сонародници со одличните настапи за време на својата кариера, а државата најави дека ќе му се оддолжи

Другото финале Документарниот филм реализиран од Холанѓанецот Јохан Крамер во 2003 година ги соочи тогаш најслабо рангираните репрезентации Бутан и Монсерат. Во „Другото финале“ беа забележани најинтересните моменти од дуелот во кој Бутан победи со 4:0, а Монсерат и официјално

се закити со признанието најслаба светска репрезентација. Интересен е фактот што режисерот ја добил идејата откако неговата Холандија не обезбеди пласман на Светското првенство во 2002 година и решил да сними филм за послабите селекции од лалињата. Натпреварот бил одигран во предвечерието на мундијалското финале меѓу Бразил и Германија, а подоцна овој филм го доби признанието за најдобар документарец на фестивалот во Авињон.

Ноември 2010 ESPORT 51


Д

еновите кога светските првенства ги претставуваа тактичките иновации завршија пред повеќе од две декади, но финалните натпревари се уште се можност да ја проследиме актуелната „фудбалска состојба“. Лекциите од Јужна Африка изгледаат отприлика вака: 4-4-2 е минато како напаѓачка формација, а 4-2-3-1 (ја користеа 18 учесници на мундијалот) станува универзална формација. Шпанија стана светски шампион во моментите кога останатите репрезентации се адаптираа кон формацијата која беше за прв пат употребена пред 20 години токму во оваа земја. Експанзијата на шпанското првенство на почетокот на новиот милениум со доминацијата на клубовите во европските купови беше вовед во потврдата на ефикасноста на 4-2-3-1 формацијата која дојде со последното финале во Лигата на шампионите меѓу Интер и Баерн Минхен. Фудбалот е толку напреднат и развиен што е нереално да се очекува дека ќе има нови тактички иновации. Никогаш повеќе Бразил нема да го изненади светот поради играта со четворица фудбалери во дефанзива, ниту пак навивачите ќе бидат шокирани поради форсирањето на играта преку крилните позиции на Англија. Развојот овие денови е толку мал, а еволуцијата од 4-4-2 до 4-2-3-1 е минорен. Многу клубови играа со оваа формација без некоја посебна помпа со тоа што го повлекуваа вториот напаѓач кон центарот, а крилните играчи беа поофанзивни. Во финалето на

Фудбалот е толку напреднат и развиен што е нереално да се очекува дека ќе има нови тактички иновации. Никогаш повеќе Бразил нема да го изненади светот поради играта со четворица фудбалери во дефанзива Купот на победниците на куповите во 1991 година, Манчестер јунајтед играше против Барселона со Пол Инс и Брајан Робсон во средниот ред, Ли Шарп и Мајк Филан на страничните позиции, додека Брајан МекКлер играше веднаш зад осамениот напаѓач, Марк Хјуз. Употребувањето на еден систем е едно, но неговото дефинирање како посебен е сосема друго. Откако формацијата ќе го добие своето име, на при60 ESPORT Ноември 2010

Крај

мер 4-2-3-1, тренерите можат да ја унапредуваат. Во 1986 година (кога Светското првенство се уште беше тактички предводник), Аргентина ја покажа својата ефикасност користејќи го својот плејмејкер како втор напаѓач, давајќи му можност на Диего Марадона да управува со 3-52 формација во која имаше тројца офанзивни играчи од средниот ред. Кога тоа успеа, еволуцијата на 4-2-31 беше неизбежна. Во Јужна Африка, Бразил најчесто играше дијагонална 4-2-3-1 која еволуираше од класичната бразилска 4-2-2-2 формација со еден напаѓач кој се повлекуваше на лево (најчесто Робињо или Нилмар) и еден играч од средниот ред кој дејствуваше по десната стана (Елано или Рамиреш) и се враќаше назад да им помогне на двајцата дефанзивци во средниот ред. Ова значеше дека Робињо или Нилмар беа пред стоперите на противникот, поназад од единствениот напаѓач и десно од подефанзивните играчи што тешко противникот можеше да го протолкува како 4-2-3-1 формација. Ова им овозможуваше на Елано или Рамиреш да притиснат во напад, но и да му помогнат на Маикон во дефанзивните задачи.

Пионерот

Хуанма Лилјо, сега тренер на Алмерија, беше првиот кој ја користеше оваа формација во сезоната 1991/92 додека го водеше тимот Културал Леонеса. „Мојата интенција беше да вршиме притисок и да ја одземеме топката што подалеку од нашиот гол. Тоа беше најсиметричното решение кое можев да го најдам во ситуација кога сакам да играм со четири офанзивци. Една од најголемите предности да имате толку офанзивни играчи во полето на противникот е што тоа ви дозволува и вашиот среден ред и одбрана да бидат

Хуанма Лилјо, сега тренер на Алмерија, беше првиот кој ја користеше оваа формација во сезоната 1991/92 додека го водеше тимот Културал Леонеса


Фудбалска тактика

рајот на 4-4-2 Најпопуларната формација изминатава деценија полека заминува во историјата

Осамен напаѓач

Во последната сезона, Интер ја освои Лигата на шампионите играјќи со еден осамен напаѓач (Диего Милито). Аргентинецот добиваше поддршка од Самуел Ето и Горан Пандев (лево и десно) и Весли Снајдер (одзади). Оваа 4-2-3-1 формација е вообичаена во денешниот фудбал. Воведена за прв пат во Шпанија пред една деценија и искористена од победникот на Европското првенство во 2000 година (Франција), беше користена и од вицешампионот Баерн Минхен и Бразил на Светското првенство во Јужна Африка.

Ноември 2010 ESPORT 61


најава

број о следниот в г о л и р п н Специјале

ч и д о в Ски

сезона 1 2010/1

К аде на скијање? Споредба на најпознатите зимски центри во Европа

Оберстдорф • Гармиш • Шамони • Алта Бадиа • Шладминг • Спиндлерув Млин...

Патеки • време • услуга • ресторани • безбедност



Esport 72