Enter 57

Page 23

рецензија

PC

Shogun 2: Total War

Shogun 2 не само што е најисполираната игра од серијалот Total War, туку ја има усовршено еволуцијата на серијалот, која започна со Empire и сега оди далеку понапред од која било друга игра во серијалот. Јасно е дека Creative Assembly пробаа премногу работи со Empire, a Napoleon беше повеќе гест на помирување за да ги задоволат фановите. Но, Shogun 2 е игра со која франшизата се преобразува во нешто навистина големо. Исто како и Rome, Medieval и Empire пред неа, Shogun 2 колку што е игра, толку е и историска лекција за тој период. Ако се земе предвид неверојатно огромниот обем на историски истражувања за оваа игра, конкуренцијата слободно може да се засрами. За играта се употребени експерти за јапонска историја, па бидете сигурни дека случувањата, дизајнот на костимите и технологијата се соодветни за времето во коешто се одвива дејството на играта. Во 1603 година, Токугава Иеасу се здобил со титулата „шогун на Јапонија“, откако го повел својот клан кон победа во битката на Секигахара. Оваа битка била кулминација на периодот Сенгоку, време во кое клановите на Јапонија се бореле за превласт и моќта да владеат со целата нација. Shogun 2: Total War го пресоздава токму периодот Сенгоку, со тоа што ви овозможува да ја преземете контролата на еден од клановите и да се обидете да ја измените историјата преку соединување на сите јапонски територии и преземањето на власта над Јапонија. Формулата на Total War се состои од два дела: потезен и стратегија во реално време. Тактичкиот мод, базиран на потези, е сличен на оној во Civilization и се одвива на прекрасна стратегиска мапа. Таа, иако е лимитирана на Јапонија (без островот Хокаидо), е исто онолку епска колку што беа и континенталните мапи од претходните продолженија на Total War. Почетните услови во кои ја започнувате играта варираат во зависност од кланот што ќе го изберете. На величенствената мапа, која се состои од 60 провинции, ќе ги правите сите ваши стратешки одлуки, ќе ја менаџирате вашата династија, ќе градите по-

68

// ЕНТЕР GAMING EDITION

добрувања, како патишта и фарми, ќе истражувате нови технологии и ќе ги управувате вашите армии. Секој од десетте кланови со кои ќе може да играте имаат свои слабости, но и силни страни, кои ќе мора да ги усовршите, ако сакате да го заземете Кјото. Секој од клановите е поврзан со множество бо-

нуси и ниво на тежина. На пример, Чосокабе имаат супериорна стрелачка пешадија, Мори се специјализирани за морепловство, додека Хоџо добиваат бонуси за градење. Некои кланови се позиционирани покрај море, со лесен пристап до пристаништа и трговски рути, но и помалку области со кои

Играта е еден вид историска лекција за јапонската култура.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.